Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

pijani

Пијани возачи, брзо возење, недавање пррвенство на минување - 24 часа СВР Скопје

На 03.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 34 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 12 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и седум возила, бидејќи биле  нерегистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, шест возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, еден возач поради неносење на сигурносен појас за време на управување на моторно возило и шест возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак поради поминување на коловоз вон пешачки премин.  Во текот на изминатиот ден издадени се 59 мандатни платни налози, а 53 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 6 години

stop-policija

Битолската полиција „лови“ возачи кои не почитуваат правила

Полициски службеници од СВР Битола на 03.09.2019 извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување на првенство на минување. Притоа, констатирано е  дека шест возачи  управувале возило без возачка дозвола, три возила биле нерегистрирани , а брзината ја надминале 26 возачи. При управување на возило на мобилен разговарале двајца возачи. За направените прекршоци издадени се соодветни поднесоци.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Албанец приведен на граничен премин

На 03.09.2019 во 16.30 часот на Граничниот премин Блато, на излез од РС Македонија, при извршен преглед кај М.Б.(22) од Р.Албанија била пронајдена и одземена марихуана. М.Б. бил приведен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведен 21 годишен жител на село Долно Палчиште, кај себе имал марихуана

На 04.09.2019 околу 00.10 часот, во тетовското село Долно Палчиште, полициски службеници го  лишиле од слобода Б.Љ.(21) од ова село, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

insulin

Обезбедени повеќе средства за набавка на лекови за ретки болести и инсулин

На вчерашната 152.седница, Владата на Република Северна Македонија го усвои ребалансот на буџетот, со што дополнително се обезбедени средства во висинаод 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, а истовремено во Фондот за здравствена заштита се алоцирани 660 милиони денари за непречено остварување на правата од здравствена заштита.Владата ја усвои Информацијата за прогресот на активностите за јавна набавка на медицинска опрема за потребите на Универзитетска клиника за кардиологија.Истотака, се усвои и информацијата со иницијатива за соединување–централизирање на дејноста онкологија и радиотерапија, во рамки на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје со основање подрачни одделенија во Градската општа болница „8-ми Септември“–Скопје, Клиничка болница Штип и Клиничка болница Битола, како и низ останатите градови во државата. 

Македонија | пред 6 години

mancevski

Северна Македонија и оваа година дел од Европската недела на кодирање

Од минатата година, Министерството за информатичко општество и администрација,Министерството за образование и наука и во соработка со Фондацијата Метаморфозис, активно ја поддржуваат Европската недела на кодирање (EU Code Week 2019), која се одржува секоја година во октомври на различни локации во повеќе од земји од Европа и пошироко.Северна Македонија и оваа година активно учествува во Европската недела на кодирање, којашто ќе се одржи од 5-ти до 20-ти октомври. Неделата на кодирање е иницијатива поддржана од Европската Комисија и истата е лансирана за прв пат во 2013-та година и има за цел зголемување на дигиталните вештини во Европа.Во рамките на Европската недела на кодирање во 2018 година беа одржани вкупно 25.089 настани во 52 земји ширум светот, а учество земаа над 1 милион учесници.Минатата година кон оваа идеја се приклучија над 130 македонски училишта, со повеќе од 5.000 ученици. На овој начин се зголеми интересот кај учениците и кај наставниот кадар за развој на дигиталните вештини.„И оваа година ја продолжуваме оваа успешна приказна. Ги повикувам сите наставници што работат на развивање на дигитални вештини да се приклучат на оваа европска иницијатива. Со регистрирање на настан во Вашето училиште, го давате својот придонес за подигнување на свеста кај најмладите за развивање на дигитални вештини, како важна стратешка цел за зачувување на младите овде и обезбедување на нивен достоинствен живот. Северна Македонија е веќе дел од  дигитална Европа. “, истакна министерот Манчевски.Како дел од Европската недела на кодирање, учество може да земе било кој наставник во основните и средните училиште на територијата на РМ, со пријава на 1 наставен час (надвор или во склоп на наставната програма) кој ќе се одржи во рамките на Европската недела на кодирање.Како да станете дел од Европската недела на кодирање?: http://events.codeweek.eu/guide/Пријавувањето час посветен на програмирање се врши преку регистрирање на наставник, образовна институција и терминот на официјалната веб-локација. При тоа потребно е креирање на профил со корисничко име и лозинка.Линк за пријавување: http://events.codeweek.eu/login/?next=/add/Сите пријавени кои ќе одржат наставен час во рамките на Европската недела на програмирање ќе добијат сертификат за учество.Дополнителна можност за поддршка на проекти на граѓански организации и училишта (до 8 септември)Како дел од Европската недела на кодирање, Фондацијата Метаморфозис има објавено повик за доделување грантови од 300 евра од програмата „Meet and Code“ за вкупно 40 настани/проекти за кои што може да се пријават партнерства од граѓански организации и училишта.Целта на Meet and Code е децата и младите на возраст помеѓу 8 и 24 години да се запознаат со светот на технологијата и програмирањето. Настаните се организираат за да им се покаже на младите колку интересно и забавно може да биде програмирањето и како тоа може да помогне за оживување на идеите. Тие треба да научат како функционира технологијата и како ИТ влијае на секојдневниот живот. Преку истражување на широк спектар дигитални теми и теми од технологија и креативно програмирање, тие ќе се поттикнат да ги развијат дигиталните вештини кои им се потребни за денешниот свет.Идеите за настанот може да се достават онлајн на страницата на https://meet-and-code.org/mk/mk/најкасно до 8-ми септември 2019. Организациите може да достават неколку различни идеи за настан. Секоја идеја за настан која ќе се квалификува како погодна ќе добие грант од 300 евра за организација на настанот. Можните настани вклучуваат хакатони, работилници за програмирање, предавања, филмски настани, натпревари, ноќи за програмирање, часови за роботика или други формати. При тоа, пријавените настани ќе имаат можност да се натпреваруваат и за награда на европско ниво на една од следните четири категории: Girls do IT! (Девојки во ИТ!), Diversity (Разновидност), Code for the planet (Кодирај за планетата) и Code for your community (Кодирај за твојата заедница).  Повеќе информации за наградите во рамките на „Meet and Code“ може да најдете на следниот линк: https://meet-and-code.org/mk/mk/award2019 

Македонија | пред 6 години

44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

Ременски пристигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција да сведочи за „Рекет“

По другарката на Боки 13, Лила Филиповска, бизнисмените Сиљан Мицевски и Ардијан Амзоски, денеска во Обвинителството за организиран криминал и корупција исказ треба да даде и пратеничка на СДСМ, Фросина Ременски во врска со случајот „Рекет“.Ременски е почесен претседател на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски-Боки 13, кој е во притвор под сомневање дека помогнат од специјалната обвинителка Катица Јанева, го рекетирал бизнисменот Орце Камчев.

Македонија | пред 6 години

saso-tasevski

Тасевски за Кежо: Го користеа како жртва и параден коњ додека дојдоа на власт

На новинарот Томислав Кежаровски нема да му се суди за случајот „Ликвидација“, поради застарување на кривичното дело за кое беше гонет (откривање на идентитет на заштитен сведок), соопшти на денешното судско рочиште обвинителката Марија Ѓорѓева. За Кежаровски оваа одлука е рамна на доживотна казна. Еве што за тоа мисли актерот Сашо Тасевски:Му застаре делото на Кежо. Нема ново судење. Не може да докаже дека бил жртва на полициско, партиско судски монтиран процес. Зошто? За да не се дојде до главните џелати во тој срамен процес. Џелати кои уште судат, обвинуваат и тренираат строгост. И имаат уште поблескави кариери, отколку во време на Груевски. А бе браво. Во превод, обвинетите со Кежо ќе си останат ни виновни ни невини до крај на животот. Ама виновни малку повеќе, зашто нема разврска. Или го користеа како жртва и параден коњ додека дојдоа на власт, а сега кој го ебе. Извини Кежо за ова последново, ама така е, напиша Тасевски на ФБ.

Македонија | пред 6 години

Silegov-520x292

Шилегов се пофали со казни за таксисти од по 500 евра, но ги објави сосе имиња и матичен број - смее ли?

Шилегов во обид да го среди сообраќајот пред Сити мол Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вечерва се пофали на својот Фејсбук профил дека ги казнил таксистите што стојат кај Сити мол со по 500 евра.-Изречени казни по 500 евра на несовесните таксисти. Такси станицата кај Сити мол мора да се почитува. Ред мора да има, напиша градскиот татко.-Казните се сепак, добар начин. За жал. Сити мол, како што е редот …, напиша 2 часа подоцна Шилегов.

Скопје | пред 6 години

zaev-pres-i-nina

СДСМ: Ребалансот на Буџетот обезбедува повеќе пари за граѓаните

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што ја стабилизираат економијата, поттикнуваат постојан раст на платите и обезбедуваат повеќе пари назад кај граѓаните.  Во таа насока е и ребалансот на Буџетот што беше усвоен од страна на Владата. Со ребалансот,  Буџетот продолжува да дистрибуира се повеќе пари за граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.Обезбедени се дополнителни 200 милиони денари за активните политики и мерки за поддршка на вработувањето, но и за новата мерка за младите вработени во производство, со цел производството да стане поатрактивно за младите. 400-тини милиони денари се обезбедени за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 100 евра.Со оваа мерка се сузбива сивата економија и давањето плати во кеш, но истовремено ќе расте и приливот на средства во пензискиот фонд. Дополнително, обезбедени се средства од 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, а истовремено во Фондот за здравствена заштита префрлени се се 660 милиони денари за непречено остварување на правата од здравствена заштита.За Колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро обезбедени се 183 милиони денари, како дел од мерките за заштита на Охридското езеро и зачувување на Охрид како град на УНЕСКО.Ова се само дел од мерките преку кои со ребалансот обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните, посилна поддршка кон компаниите и создаваме услови за забрзан економски раст.Покрај овие мерки, ќе продолжи и трендот на раст на платите. Веќе од септемвриската плата, вработените во јавната администрација, здравството, образованието, културата, детската и социјалната заштита, одбраната, полицијата и судството че добијат покачување на платите од 5 отсто. Како одговорна партија, продолжуваме со реализација на мерки и политики што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.Градиме силна и конкурентна економија што отвора шанси за сите, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Економијата тоне, а Заев и Ангеловска наместо развоен буџет, вчера стокмија популистички буџет

Економијата тоне, а Заев и Ангеловска наместо развоен буџет, вчера стокмија популистички буџет, кој е насочен на непродуктивни трошења и предизборна корупција.Само според Заев и Ангеловска блескаме. Реалноста е сосема поинаква. Бројот на СДИ, никогаш не бил понизок. СДИ бележат огромен пад, имено во период јануари - јуни оваа во однос на ланската година имаме пад од 84.2% и тоа кога во земјите од регионот имаме рекордни инвестициски циклуси, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Катастрофална е ситуацијата и во економијата. Бројот на работници во индустријата во јули оваа година во однос на јули лани е паднат за 2.5%, односно на секој 100.000 работници, сега имаме 2.500 помалку.Лоша е ситуацијата и во градежништвото. Како и во нивото на реализација на капитални инвестиции, чија бројка за првите 7 месеци е очајни 24.5%.Зоран Заев и Нина Ангеловска не нудат мерки за решавање на овие проблеми, туку ги продлабочуваат. Затоа и се потребни итни предвремени парламентарни избори,се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6026-pristigna-noviot-voz-vo-prilep-960x600-12

Од договорени 4 локомотиви, „Железници“ добиле една – Владата бара правна помош за постапување за нереализираната набавка

Владата ја разгледа Информацијата за состојбата со набавката на локомотивите за потребите на Железници на Република Северна Македонија – Транспорт АД Скопје, со правно и техничко образложение зошто е испорачана само една од договорените 4 локомотиви, во рамките на заемот од Европската банка за обнова и развој, како и за моменталната состојба со патничките гарнитури со наведени причини зошто не е направен технички прием. Владата ги задолжи Органите на управување на Железници на Република Северна Македонија -  Транспорт АД Скопје, да формира интерна Комисија која детално ќе ја разгледа и ќе ја прикаже состојбата од технички и правен аспект, со хронологија на настаните, и да ангажира правна помош од надворешно лице, со искуство во арбитражи, кое врз основа на целокупната документација ќе може да и даде насока на Владата за правните можности со цел да се изготви Акциски план и Стратегија за понатамошно постапување за нереализираната набавка. 

Македонија | пред 6 години

ohrid-12

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со препораки за обуки до сите државни институции со цел зајакнување на домашниот туризам

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот презентираше Информација до Владата на Република Северна Македонија со препораки за обуки до сите државни институции со цел зајакнување на домашниот туризам.  Во препораките се наведува дека обуките и сите други настани кои се организираат за различни профили на граѓани и вработени во административниот сектор, а кои потпаѓаат во рамките на буџетот, да се организираат на дестинации во нашата држава, со цел поддршка на локалните туристички бизниси и зголемување на домашниот претприемначки дух. Покрај ова, една од важните придобивки е фактот што средствата одвоени за реализирање на различен вид обуки и настани, ќе останат во рамките на домашниот буџет.

Македонија | пред 6 години

onkologija

Ќе се формираат подрачни одделенија за онкологија и радиотерапија низ државата

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за прогресот на активностите за јавна набавка на медицинска опрема за потребите на ЈЗУ - Универзитетска клиника за кардиологија.На Владината  седница беше разгледана и усвои Информацијата со Иницијатива за соединување – централизирање на дејноста Онкологија и Радиотерапија во рамките на ЈЗУ УК за Радиотерапија и Онкологија - Скопје со основање на подрачни Одделенија во ГОБ “8ми Септември” – Скопје, КБ Штип и КБ Битола, како и низ останатите градови во Републиката и се задолжи Министерството за здравство да достави Aкциски план за реализација на инцијативата со конкретни чекори, рокови, правни модалитети. 

Македонија | пред 6 години

sv-kiril-i-metodij

Министрите запознаени со проблемите и потребите на техничките факултети од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“

Министрите ја разгледаа информацијата за запознавање со проблемите и потребите на техничките факултети од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и донесоа одлука да се формира работна група во која ќе членуваат повеќе министерства којашто до 1-ви октомври треба да достави информација со конкретни предлог заклучоци кои ќе се однесуваат за сите државни универзитети како и за дефицитарните струки на пазарот на трудот.Оваа и информација и заклучоците произлезени од неа и прифатени се седницата дојдоа како резултат на средбата на , Заменик Претседателот на Владата на Република Северна Македонија д-р Кочо Анѓушев, Министерот за образование Арбер Адеми и Заменик министерот за финансии д-р Ширет Елези, одржаа состанок со претставници од сите технички факултети при Универзитетот “Св. Кирил со претставниците од Машински факултет, Архитектонски факултет, Градежен факултет, Технолошко-металуршки факултет, Факултет за електротехника и информациски технологии и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на кој без разгледувани можностите за надминување на недостаток од висок стручен кадар, за решенија за ниските плати на техничкиот кадар, за подобрување на условите за одржување на предметната настава со соодветна опременост на техничките лаборатории. 

Македонија | пред 6 години

poplavi

Усвоена Национална платформа за намалување на ризици од катастрофи

На седницата на Влада  беше усвоен ребалансот на Буџетот за 2019 со кој, меѓу другото, се алоцираат средства како поддршка на бизнисот за исплата на повисоки плати и како директни вложувања во потребите и потенцијалите на луѓето.Владата на Република Северна Македонија денеска ја усвои Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи. Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи е документ кој на системски начин ги поттикнува и обврзува субјектите на системот за управување со кризи, заштита и спасување, да дејствуваат на многу поорганизиран и ефективен начин за рано предупредување, превенција, намалување и санирање на  последиците од можни катастрофи. Со оваа Платформа Владата ги поставува и развива системите и стандардите за спречување и намалување на последиците од катастрофи, користејќи ги научните и стручните капацитети, посебно обврските кои произлегуваат од бројните резолуции на ООН, меѓународните рамки, директивите на ЕУ поврзани со цивилната заштита, НАТО стандардите и компаративните искуства од другите држави и меѓународни организации и асоцијации.

Македонија | пред 6 години

03092018_PVRSM_Zoran_Zaev_na_prviot_-sostanok_na_komitetot_za_pregovori_2

Одржан конститутивен состанок на Комитетот за преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ

Во рамките на подготовките и во очекување на датумот за преговори со Европската Унија, во Владата на Република Северна Македонија се одржа конститутивен состанок на Комитетот за преговори за пристапување на Република Северна  Македонија во Европската Унија, на кој се разгледуваа модели за вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на пристапни преговори, со цел поадекватно позиционирање на државата во клучните фази на процесот на пристапување  на земјата во Унијата.Комитетот за преговори со кој претседава Премиерот Зоран Заев е највисоко работно тело на Владата за координација на процесот на пристапни преговори ги разгледува и утврдува предлог-преговарачките позиции, расправа и зазема став по најважните прашања кои произлегуваат од преговорите.Комитетот ја утврдува динамиката на преговорите, роковите за хармонизација на законодавството и изворите на потребните финансиски средства за исполнување на преземените обврски во текот на преговорите.На денешниот прв состанок, беше поздравена иницијативата и беа дадени насоки за разработување на моделот на вклучување на граѓанските организации во процесот на пристапни преговори за членство на нашата земја во ЕУ.Премиерот Зоран Заев кој е на чело на ова тело ја истакна потребата од брза реакција на сите кои ќе бидат вклучени во процесот во една од најзначајните фази за нашата држава. 

Македонија | пред 6 години

svr

Приведени мајстори кои работеле на дивоградба во Охрид

Предмалку полицијата приведе мајстори и градежни работници кои работеле на објект, дивоградба на улица Марко Нестороски. Работниците биле пренесени со полициско комбе и во моментов се во Охридската полиција.Приведувањето доаѓа откако локалниот инпекторат се обидел да ја стопира градбата, но изведувачот си продолжувал со започнатото.За потсетување советот на општина Охрид неодамна ја усвои одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови, со што се воведува мораториум за градба во оваа општина. Воедно, советниците одлучија времено да се прекинат и постапките за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти во Охрид, а го усвоија и Извештајот и Акцискиот план на владата во кој се опфатени сите чекори, постапки и активности кои ќе бидат преземени во наредниот период за исполнување на препораките на УНЕСКО што произлегоа по завршувањето на 43 – тата сесија на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО.Општина Охрид постапи по заклучоците од 146 – тата седница на македонската влада и зазеде став дека ја почитува определбата за да се зачува статусот светско наследство на УНЕСКО на природното и културно наследство на Охридскиот регион. Донесената одлука на општинарите ќе се применува до донесување на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион или најдоцна до 1 февруари 2020 година. 

Македонија | пред 6 години

zaev-pres-i-nina

Владата го усвои ребалансот на буџетот за 2019 година

На заедничка прес конференција премиерот Зоран Заев и министерката за финансии Нина Ангеловска,  истакнаа дека на владина седница е изгласан ребаланс на буџетот. Според премиерот целта е „алоцирање на средства онаму каде што има најголема ефикасност и ќе се постигнат поголеми економски ефекти“.„Со ребалансот расределуваме повеќе пари кај граѓаните, силна финансиска поддршка за бизнисот, повисоки плати во бизнис-секторот. Со ребалансот, ја ревидиравме стапката на економски пораст од 3,2 проценти на 3,5 проценти. Приходите се планирани од 210,5 милијарди денари, расходите на 228,3 милијарди денари, а дефицитот е непроменет од 17,7 милијарди денари односно 2,5 проценти од домашниот бруто-производ (БДП)“, рече премиерот Зоран Заев.Дополнителни 200 милиони денари се предвидени за активни политики и мерки за самовработувања и млади вработени во производство, 400 милиони денари субвенции за придонеси за зголемување на платите во приватниот сектор до 6.000 денари, 183 милиони денари за колекторскиот систем на Охридскиот eзеро, поголем трансфер во Фондот за пензиско осигурување, пензиските друштва во вториот пензиски столб и друго.Во однос на капиталните инвестиции, тие се намалени за 50 милиони евра, намалени се средства кај кредитирање на железницата, нереализирани водснабдителни системи, Коридор 10, кај рурален развој, хидросистемот Злетовица, кај ТИРЗ, Министерство за образование и наука и друго.Министерката за финансии, Нина Ангеловска, информираше дека буџетот е во одлична кондиција.„Има одлична наплата на приходите од 133 милијарди денари што е зголемување за 7,2 проценти во однос на лани и е 61,8 проценти од планираното за годинава. Расходите се реализирани од 139,4 милијарди денари, односно 60,9 проценти од годишно планираното“, рече Ангеловска.Извор: МЕТА 

Македонија | пред 6 години

tomislav-kezaroski

Кежаровски: Сакам судот да ме ослободи, никогаш не го открив идентитетот на заштитениот сведок

Новинарот Томислав Кежаровски изрази незадоволство од денешната одлука на Кривичниот суд да не му се суди за случајот „Ликвидација”, откако Обвинителството побара од судот да констатира застарување на кривичното дело, објави 24info.mk.Обвинителката од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Марија Ѓорѓева, на денешното рочиште во предметот „Ликвидација“, рече дека настапила апсолутна застареност за кривичните дела за обвинетиот судија Валентин Зафиров, новинарот Томислав Кежаровски, адвокатот Сашко Лазаров и Јане Павловски.Кежаровски за време на рочиштето побара шанса да докаже дека е невин.-Сакам судот да ме ослободи, односно да добијам ослободителна пресуда, а не поради застарување или примена на поблага законска одредба, судењето тука да запре. Го замолувам судот, да ги погледне доказите и да види дека никогаш не го открив идентитетот на заштитениот сведок и не го открив неговиот телефонски број. Барам шанса да ја докажам вистината, рече Кежаровски во судница.Текстот во целост на: 24info.mk

Македонија | пред 6 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

Facebook подготвува промена - сака да го сокрие бројот на „лајкови“

Facebook наскоро би можел да ја почне фазата на анализирање и тестирање врз оснива на која ќе одлучи дали би требало да почне да го крие бројот на лајкови или не.  Истражувачката апликација Hane Manchen Wond пронашла код во Android апликацијата на Facebook кој е задолжен за сокривање на бројот на „лајкови“ од објавите од сите луѓе освен од тој што ја ставил објавата. Останатите корисници би можеле да видат само неколку емотикони како реакција и известување дека на таа објава ставил „лајк“ некој друг корисницик на Facebook.Instagram веќе започна да тестира сокривање на бројот на „лајкови“, а има знаци и дека тестирањето засега е успешно и се проширило на повеќе земји.Иако „лајкови“ се заштитен знак на Facebook корисниците реагирааат. Според нив бројот на „лајкови“ на некоја објава ги прави да се чувствуваат лошо, а некои се грижат дека на другите луѓе не им се допаѓаат нивните објави. Ова можеби е и главната причина поради која  Facebook  се одлучи да ги сокрие бројот на лајкови. 

Магазин | пред 6 години

katica-janeva

Адвокатот Стеван Павлески се откажа од Јанева

Адвокатот Стеван Павлески и го откажа полномошното на Катица Јанева и повеќе нема да биде нејзин адвокат. Павлески за НОВА рече дека три дена по приведувањето на Јанева, тој и најавил дека повеќе нема да може да ја застапува.Павлески дојде со Јанева на распитот во Обвинителството за организиран криминал, а потоа ја бранеше и кај судија на претходна постапка кога и се определуваше мерката притвор. Павлески истовремено е и адвокат на газдата на„ Пелистерка“Цветан Панделевски кој е осомничен во случајот „Империја“ и на Љупчо Георгиевски во „Траекторија“.Павлески за НОВА вели дека не треба да се губи енергијата во дебатите за конфликт на интереси:Мојот став е дека не постои конфликт на интереси, тоа е измислена теза, затоа што има конкретни одредби во законската регулатива – како што е Законот за Кривична постапка.Текстот во целост на: НОВА.мк

Македонија | пред 6 години

lovecka-puska

Кај село Делогожда пронајдена стара пушка

На 02.09.2019 околу 17.00 часот во Полициската станица Струга, било пријавено дека во близина на с.Делогожда, била пронајдена стара пушка. Полициски службеници излегле на местото и пушката била подигната за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

pozar

Пожар во фабрика за мебел, повредени двајца пожарникари

На 02.09.2019 околу 22.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во фабрика за мебел во гостиварска Долна Бањица. Со интервенција на противпожарните служби на 03.09.2019 околу 06.30 часот пожарот бил изгаснат. Притоа, двајца пожарникари се здобиле со повреди и им била укажана помош во болницата во Гостивар. Извршен е увид.

Македонија | пред 6 години

kamion-zapalen-pozar

Пожар во албански камион во близина на клучка „Мирковци“

На 03.09.2019 во 05.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата, во близина на клучка „Мирковци“, настанал пожар во товарно возило „сканија“ со приколка, со албански регистарски ознаки, управувано од А.Т.(45) од Република Албанија, додека возилото се движело. Пожарот бил целосно изгаснат во 06.20 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен е увид.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања