Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

zatvor

Тетовец осуден на двегодишна затворска казна, спроведен во „Идризово“

На 02.09.2019 околу 16.00 часот на ул.„102“ во Тетово, врз основа на судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Л.М.(29) од Тетово, осуден на двегодишна затворска казна за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. Л.М. бил спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на затворската казна.

Македонија | пред 6 години

133474234-105843-207971

Целосно затворање за сообраќај на улицата Индира Ганди

Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради изведување градежни работи, од  утре (04.09.2019 година, среда) од 7 часот наутро целосно ќе биде затворена за сообраќај улицата Индира Ганди, на потегот од крстосницата со булеварот Словенија до крстосницата со улицата Бутелски венец.Овој потег на улицата ќе биде затворен до завршување на градежните работи.Привремениот сообраќаен режим се воведува поради изведување градежни работи во рамки на проектот за реконструкција на улицата Индира Ганди, поточно, поради финално асфалтирање на улицата.Град Скопје апелира граѓаните да го почитуваат привремено воведениот сообраќаен режим и при своето движење да ја користат околната патна мрежа.  

Скопје | пред 6 години

IMG-a7f3bc13932a65b16cde9cd36ffc943e-V-1

Баделки убедливо го победија Нирнберг

ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода, минатата седмица беше домаќин на женскиот кошаркарски клуб „POST SV Nürnberg “, од Германија. Во реновираната спортска сала „Независна Македонија“, во Кисела Вода девојките на „Бадел“ заедно со нивните врснички од Нирнберг тренираа и разменуваа искуства од спортските терени.Дружењето на кошаркарките продолжи со запознавање на македонската традиција, прошетки и разгледување на убавините на Скопје.На тренингот на врвот на планината Водно германките заиграа македонско оро. Посетата на екипата од Нирнберг заврши со одигрување на пријателски натпревар, на кој баделки убедливо победија, со резултат 76-34. Во рамки на долгогодишната соработка на збратимените градови, Нирнберг и Скопје, кошаркарките на двата клуба се сретнаа со градоначлникот на Скопје, Петре Шилегов.

Спорт | пред 6 години

kompjuter

МВР за приведувањето на Јосифовски

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Бирото за јавна безбедност при МВР на РСМ, на 02.09.2019, по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија и консултација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, го  лиши од слобода Љ. Ј. (46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Во координација со судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР извршија претрес во дом во Скопје. По обезбедување на материјални докази и комплетирање на постапката, против Љ. Ј. ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РСМ. 

Македонија | пред 6 години

POLSKA_VOJANA_0309201901-877x900

Отворена изложбата „ Борба и страдање - полските граѓани за време на втората светска војна“

Во организација на амбасадата на Република Полска во Република Северна Македонија, синоќа во Центарот за култура „ Григор Прличев“ беше отворена изложбата „Борба и страдање-Полските граѓани за време на Втората светска војна“. На отворањето на изложбата, на кое присуствуваше и полскиот заменик- амбасадор Пиотр Висоцки, се обрати заменик- градоначалникот Ристо Николески.– Со поставувањето на оваа изложба, кај сите нас навираат тажни мисли за милионските жртви и  уништените материјални добра, но оваа пригода треба да ја искористиме и да ја испратиме пораката- никогаш да не се повтори. Конфликтите да се решаваат на мирен начин и на луѓето да им се овозможи да живеат во мир и меѓусебно почитување.Во Втората светска војна учестувале 61 држава со околу две милијарди луѓе, околу 115 милиони луѓе биле мобилизирани, од кои, околу 60 милиони загинале. Треба да потсетиме дека ужасите на војната ги почувствува и нашата држава и во антифашистичката војна која даде  свој придонес за завршување на оваа најстрашна трагедија на дваесеттиот век.Морничавите фотографии треба да не потсетат да им ја оддадеме должната почит на сите кои ги дадоа животите за победата над фашизмот и младите генерации постојано да ги потсетуваме да го прават тоа. Треба да ги потсетуваме дека за слободата во која живееме се леела крв и дека таа е скапо платена со човечки животи- рече заменик-градоначалникот Ристо Николески.Изложбата, посветена на 80- годишнината од почетокот на Втората светска војна, ја подготвија Министерството за надворешни работи  на Република Полска и Музејот на Втората светска војна  од Гдањск, а посетителите ќе можат да ја видат до 10. септември.

Македонија | пред 6 години

tomislav-kezaroski

На Кежаровски нема да му се суди во случајот „Ликвидација“- делото е застарено

На новинарот Томислав Кежаровски нема да му се суди за случајот „Ликвидација“, поради застарување на кривичното дело за кое се гонеше, односно за откривање на идентитет на заштитен сведок.  На денешното судско рочиште, обвинителката Марија Ѓорѓева го прецизираше обвинителниот акт, при што соопшти дека поголемиот дел од кривичната дела за кои се гонеа обвинетите се застарени.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Поведена постапка за трговија со дрога за 24-годишен жител на Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице жител на село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 24-годишен жител на Гостивар, на 31 август набавил и држел 6,58 грама наркотична дрога марихуана. При извршен личен претрес од страна на овластени службени лица од Полициска станица Гостивар, наркотичната дрога била пронајдена и одземена.Ценејќи дека се исполнети законските основи за определување мерка притвор за осомниченото лице, надлежниот обвинител достави Предлог  до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар . Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 6 години

pendarovski-uciutelka

(ФОТО) Претседателот Пендаровски ја посети својата прва учителка

Претседателот Стево Пендаровски утрово во нејзиниот дом ја посети неговата прва учителка, дознава 24 инфо. Станува збор за учителката Борка Палифрова која сега има 83 години. Пендаровски заедно со градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски поминаа извесно време во дворот од домот на учителката и разговараа за детството на Пендаровски, за неговото учење, за дружењето со соучениците, Објави  24 инфо.Текстот во целост на 24 инфо.

Македонија | пред 6 години

44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

Фросина Ременски утре пред Русковска, ќе даде исказ за „Рекет“

Пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски утре во 9.30 часот ќе даде исказ во Одделот за организиран криминал и корупција во Скопје. И исказор на Ременски  е во врска со случајот “Рекет”.Пратеничката е почесен претседател на Меѓународниот сојуз на Боки 13.Во случајот „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Македонија | пред 6 години

ilija-dimovski

За разрешувањето на Јанева ќе се расправа во четврток, Димовски бара седницата да биде јавна

Претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, изјави дека извештајот за специјалната обвинителка Катица Јанева, кој е испратен од Советот на јавните обвинители до Собранието, треба да биде декласифициран и јавноста да присуствува на комисиската расправа за нејзино разрешување.„Мој личен став е дека Советот на јавните обвинители треба да го декласифицира извештајот за специјалната јавна обвинителка. Комисијата треба да се одржи со присуство на јавноста. На тој начин ќе се зголеми довербата на граѓаните во Собранието и правосудниот систем“, рече Димовски.Одлуката дали седницата ќе биде јавна или ќе се одржува зад затворени врати ја носи Комисијата.  

Македонија | пред 6 години

Vasev-03-09-2019-mediumi

ВМРО ДПМНЕ: Индустријата е рбетот на економијата и ако таа тоне, тогаш економијата е во општ колапс, Заев е виновен за лошите економски резултати

Државата и граѓаните осиромашуваат. Лошите економски политики, покачените даноци, криминалот и корупцијата во власта ја намалија продуктивноста во реалниот сектор, доприносот кој го има секој работник во реалниот БДП е во пад, истакна Светислав Васев од ВМРО ДПМНЕ.Според податоците на ДЗС бројот на вработениве во земјава во првиот квартал од 2019-тата година во однос на последниот квартал од 2018-тата година е во пораст, но наместо покачување во истиот период бележиме пад на реалниот БДП за 211 милиони евра. Ова е показател дека економијата тоне.Доколку ако земеме во предвид еден друг податок на ДЗС, според кој бројот на работниците во индустријата во јули оваа година, во однос на јули лани е намален за 2.5%, односно на 100.000 работници во јули лани, сега имаме 2.500 работници помалку. Од тука се поставува логичното прашање каде тогаш се новите вработувања? Дали нови вработувања имаме всушност во јавната администрација? Дали со тоа само дополнително се става товар на буџетот?Индустријата е рбетот на економијата и ако таа тоне, тогаш економијата е во општ колапс.Зоран Заев е виновен за лошите економски резултати. Првин ги покачи даноците, со што директно стимулираше одлив на инвестиции од државата во државите во соседството и даночна евазија. За потоа со криминалот и корупцијата да ги искасапи бизнисите и доведе до питачки стап.Епилогот е видлив. Работници со мали плати, непродуктивни и незадоволни, и бизнисмени без развојни можности. Со вакво темпо нема раст, туку стагнација.Потребни се предвремени парламентарни избори. Заев е директно виновен за лошите резултати во економијата. Заев мора да си замине, истакна Светислав Васев од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Stoilkovski-03-09-2019-mediumi

Стоилковски: Заев, главата на државната мафија, е спремен да го жртвува датумот за почеток на преговори со ЕУ, само за да го продолжи криминалниот век!

Зоран Заев, главата на октоподот, главата на државната мафија, е спремен да го жртвува датумот за почеток на преговори со ЕУ, само и само за да си го продолжи криминалниот век! Јасно е дека без исполнети услови нема датум за почеток на преговори со ЕУ, а Зоран Заев не дозволува ниту да се донесе квалитетен закон за ЈО, ниту да се расчисти со високата корупција во која што се вмрежени и администрацијата и правосудството, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Македонија ја тресат корупциски скандали од највисок степен со инволвирани имиња од власта, а нема решение, нема процес, нема ништо за ниту еден случај:Нема никаква разрешница за прислушувањето на јавните обвинители.Нема разрешница за Курто Дудуш и киднапирање и физичко малтретирање на граѓани.Нема разрешница за партизацијата со „Мрежа“, нема разрешница за злоупотреба на фондови.Нема разрешница за „Тополки“, нема разрешница за „Леонардо“, нема разрешница за „Рекет“.Едноставно, нема разрешница за ниту ниеден од скандалите за кои што пишуваат и меѓународни медиуми! Сега за „Рекет“, претходно за „Леонардо“, пред тоа за корупција и уценување во парламентот!Наместо справување со криминалот и корупцијата, Заев приведува новинари во полициски станици, обвинува и силува медиуми кои објавуваат за криминалот и корупцијата, без основа притвора опозициски функционери кои што говореа за криминалот и корупцијата на државната мафија!Зоран Заев судството го претвори во пазар, тргува со правото и правдата, и притоа турка Закон за амнестија на октоподот, за заштита на рекетарското здружение, закон за наградување заради политичкиот прогон.Ова не се европски вредности, ова не се условите за добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ, ова не се цели на Република Македонија. Ова се цели на Зоран Заев, фатен во криминал и кој што ќе стори се’ за да го продолжи векот на октоподот на државната мафија претворајќи ја Македонија во семеен нарко - картел.Почитувани,Граѓаните и Република Македонија не смеат да бидат жртви и не смеат да бидат казнети заради криминалниот клан на Зоран Заев.Зоране Заев доста е, го силуваше и жртвуваше минатото, не жртвувај ја и иднината на Македонија! Твоето заврши, излези на избори, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Foto-8

Претседателот Пендаровски ги посети првачињата во ООУ „Панајот Гиновски“

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, своето основно образование го започнал во 1971. година, во тогашното училиште „Доситеј Обрадовиќ“ а денеска „Панајот Гиновски“. Токму во ова училиште, претседателот Пендаровски на околу 70 првачиња им посака успешен почеток на учебната година, советувајќи ги да читаат колку што е можно повеќе книги, бидејќи како што рече тој, знаењето секому му помага. „Исто толку важно е да создадете што е можно поголем круг на другари и другарки, затоа што во животот човекот секогаш е поуспешен и посреќен ако има повеќе другарчиња и пријатели околу себе. Јас не се сомневам дека вие како и јас пред многу години, ќе стекнете пријатели за цел живот“, истакна претседателот Пендаровски.  Улогата на родителите, како што рече Претседателот, е да ги мотивираат своите деца да се доусовршуваат. Но, подеднакво е важно, додаде тој, родителите да ги стимулираат своите деца да играат надвор со своите врсници и да не поминуваат премногу време пред компјутер или со телефон.  Оддавајќи им почит на наставничките и наставниците за трудот и вниманието коишто ги посветуваат на децата, претседателот Пендаровски подвлече дека тие не треба да попуштаат кога е во прашање знаењето што треба да го добијат децата. „Петките мора да бидат заслужени. Вие тоа знаете најдобро да го правите. Но сакам да ве замолам да не бидете многу строги. Петките треба да бидат заслужени, но дечињата треба да имаат слободно време и додека се во училиште за да не го чувствуваат училиштето и Вас како нешто наметнато или страшно“, истакна претседателот Пендаровски. По кратката приредба за добредојде на првачињата, претседателот Пендаровски заедно со наставниците и со родителите разговараше со првачињата, кои му ги пренесоа своите впечатоци и доживувањето од првиот училишен ден. Претседателот ги советуваше да другаруваат и да се почитуваат во духот на мултиетничноста на училиштето „Панајот Гиновски“. Различноста, рече Претседателот е предност а  не хендикеп. „Тоа нека не ве попречува да правите другарства и преку етничка линија. Само така можете да бидете исполнети и среќни. И кога ќе ви затреба некогаш во животот, макар добар збор, ќе го добиете од тој што е најблиску до вас, сосема не е важно дали е Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав, Србин“, заклучи претседателот Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

ok-vmro-dpmne

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Ниту Ви се грижа учениците, ниту наставниците единствено важни Ви се личните интереси

Со СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески образованието во Охрид никогаш нема да достигне нивото кое го заслужува. Позитивната клима во која наставникот ќе биде мотивиран, а ученикот ќе научи повеќе изостана и оваа учебна година откако Локалната самоуправа е предводена од СДСМ.Кога беше градоначалникот Георгиески во Основното училиште „Ванчо Николески“ во Лескоец ако толку се грижеше за учениците тогаш ќе ги пречекаше во ветуваната спортска сала од која нема никаква трага. Со какво лице се појавивте пред учениците кои не го добија ветуваното реконструирано детско игралиште во училишниот двор?Што е реализирано од Програмата за образование во која популистички предизборно ветувавте дека имате издвоено повеќе од 52 милиони денари или околу 850.000 евра?И оваа учебна година за жал учениците ќе учат во училници во кои има провев, подовите се распаѓаат, прокиснуваат таваните и санитарните јазли се во лоша состојба.Каде имавте изградба на нови училишни згради и спортски сали, замена на кровни конструкции, нови фасади, реконструкција на подови и надворешна столарија?Ниту имавте инвестиции во инфраструктурата, ниту пак вложивте во подобрување на училишната опрема и  нагледните образовни средства.Ниту Ви се грижа учениците, ниту наставниците единствено важни Ви се личните интереси. Толку од „инвестицискиот бум“ на СДСМ и Георгиески во образованието, се вели соопштение  од ВМРО ДПМНЕ дo медиумите и јавноста кое се однесува на посетата на градоначалникот Константин Георгиески на ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.

Македонија | пред 6 години

josifoski

Поранешниот пратеник Јосифовски е приведен поради упад во системот на Централен регистар

Поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен и однесен на распит во полициската станица Беко, дознава Сител од извори во истрагата. Полицијата потврдува дека бил приведен но засега не се познати детали за случајот.Според неофицијални информации тој се поврзува со делото "неовластено навлегување во компјутерски систем".  Според извори од полицијата се истражува неовластено навлегување во комјутерскиот систем на Централниот регистар.Се очекуваат повеќе детали за случајот.

Македонија | пред 6 години

vaccino-antinfluenzale-il-piemonte-punta-ad-aumentare-la-cop-12018.660x368

Адеми: Теренска вакцинација во училиштата каде има потреба

Министерот за образование и наука Арбeр Адеми кажа дека заедно со Министерството за здравство ќе нудат теренска вакцинација во училиштата каде има потреба. До крајот на овој месец ќе се знае точно колку деца не се запишани во прво одделение.Одговарајќи на новинарско прашање дали невакцинираните деца ќе бидат исклучени од образовниот систем, Адеми рече дека за ова имало заклучок на Влада и оваа тема во повеќе наврати била разгледувана на владина седница.– Сме ги разгледале сите законски можности за надминување на оваа состојба и сега тоа што го нудиме заедно со Министерството за здравство, заедно со министерот Филипче е и теренска вакцинација. Досега сме задоволни од процентот на деца кои се вакцинирани. Министерството за здравство води евиденција и секојодневно бројот се менува, рече Адеми.

Македонија | пред 6 години

ribari-1

Од 6 ти до 8 ми - Мини Олимпијада во риболов „ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ“ 2019

Здружение на рекреативни риболовци Рибарски Приказни од Скопје за првпат во Република Македонија организира Мини Олимпијада во риболов ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ 2019. Мини олимпијадата се организра во чест  на страствениот риболовец и Доаејен на македонска глума Ванчо Петрушевски.Мини олимпијада во риболов  „ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ“ 2019  ќе се одржи од 6 до 8 септември 2019 година  на Акумулација Козјак на патека во месноста Здуње.На олимпијадата ќе бидат застапени пет спортски риболовни дисциплини: крап, пливка, мушица, спин и натпревар во подготвување на рибна чорба.  Овој настан е отворени за јавноста и секој може бесплатно да го посети.На олимпијадата ќе земат учество 150 натпреварувачи од Република Македонијашто е најмасовен настан од областа на риболовот воопшто организиран до сега.Здружението на рекреативни риболовци спортски клуб „РИБАРСКИ ПРИКАЗНИ“ Скопје  има за цел промовирање, унапредување и развој на  рекреативниот ,спортскиот риболов и лов.  Во рамките на овие заложби ја организира Мини олимпијада во риболов  „ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ“ 2019,Мини олимпијадата ќе биде традиционална и со нејзино организирање секоја година нема да дозволиме да се заборави ликот и делото на еден од најпознатите и талентирани македонски актери и страствен риболовец Ванчо Петрушевски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кирацоски за „Рекет“ предлага: Да се повика секој, кој има макар и една слика со било кој од обвинетите и да се расчисти дилемите во јавноста

Фејсбук статус на Александар Кирацовски за „Рекет“. Еве што напиша Кирацовски:Очигледно, истрагата околу случајот „Рекет“ се одвива длабински, сеопфатно и транспарентно.Овој процес ќе ја потврди вистината и ќе ја сузбие лагата и шпекулациите. Криминалците ќе бидат изведени пред лицето на правдата, одговарајќи за стореното.Но, кон овој случај, неопходно е Обвинителството да пристапи и низ општественото огледало кое претежно го креираат политичките напади и инсинуации, лажните вести и конструкциите.Не смее да остави дамка врз процесот оставајќи разно-разни шпекулации да кружат во јавноста, независно дали се политичка реторика или чаршиски муабети.Пример, тоа може да го стори единствено ако го повика секој, кој има макар и една слика со било кој од обвинетите, да го провери контекстот и да ги расчисти дилемите во јавноста.Можеби е илузорно и непотребно, но ќе го намали просторот за инсинуации и неосновани сомнежи.Тоа доаѓа како „стружење на кариес од заб“, бегла црна точка која доколку не се санира навреме, прави штета по време.Во секој случај, овој скандал е доказ дека правната држава функционира и е шанса преку истиот да се врати довербата во институциите и правосудниот систем, напиша Кирацовски ма ФБ.https://www.facebook.com/aleksandar.kiracovski/posts/1207068269491922

Македонија | пред 6 години

porno-ucitelka

„Порно“ учителка во Куманово - „Изгуглајте, Учителката од Куманово на сајт за возрасни“

Учителката е избркана од училиште во Куманово, заради објавување на експлицитни фотографии и видеа. Изгуглајте, Учителката од Куманово на сајт за возрасни. –Со ваква порака од анонимен испраќач биле алармирани родителите на децата од паралелката 4-6 од основното училиште „Лазо Ангеловски“ од скопската населба Аеродром, објави Алфа.Загрижените родители информираат дека таа веќе една година работела во училиштето како замена и дека оваа вест за нив е вистински шок пред почетокот на новата учебна година.Родителите вознемирени и во паника се обратиле до директорот на училиштето Перо Арсеновски, а како што опишуваат, тој со дрзок тон им се обратил дека нема време да се занимава со тоа бидејќи во моментот го очекувал да пристигне градоначалникот на општината Аеродром, Златко Марин. Откако не наишле на разбирање кај Арсеновски, родителите веднаш се упатиле во Општина Аеродром, каде барале средба со градоначалникот Златко Марин.Алфа се обратила и до основното училиште „Кочо Рацин“ во Куманово, а оттаму ја потврдиле аферата за наставничката која на својот фејсбук профил објавувала експлицитни фотографии, кои од 2015 година почнале да се шират во јавноста, пропратени со видео за возрасни. И тогаш родителите реагирале за нејзина промена, по што наставничката сама си дала оставка.Текстот во целост на : Алфа.мк 

Македонија | пред 6 години

ruskovska-skopje1

Бизнисменот Амзоски на распит кај Русковска за „Рекет“

Бизнисменот Ардијан Амзоски, сопственик на фирмата „Дрим Билдинг“, утринава пристигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција, за да даде исказ за случајот „Рекет“.Бизнисменот, како што претходно објавуваа медиумите,  наводно му платил 261.853 евра на Боки 13 за специјалната обвинителка Катица Јанева да му повлече обвинение.Од Компанијата „Дрим Билдинг“ ги отфлија ваквите натписи велејќи дека парите му се платени на Меѓународниот сојуз за стратешко партнерство и деловна соработка и дека откако здружението на Боки 13 и координаторот на проектот Јасна Мандиќ не ги исполниле своите обврски од договорот, „Дрим Билдинг“ поднел тужба во Основниот граѓански суд. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во четврток и петок ќе се прска против комарци

Градот Скопје информира дека на 05.09.2019 година (четврток) и 06.09.2019 (петок) во раните утрински часови ќе се изврши петтата фаза од авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на подрачјето на градот Скопје.Петтата фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје ќе почне на 10.09.2019 година и ќе заврши најдоцна до 14.09.2019 година (од вторник до сабота), во периодот од 23 до 04 часот, наредниот ден.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Скопје | пред 6 години

IMG_4625

Почна „Гола месечина“

Со детската претстава „Волшебната флејта“ во изведба на Театарот за деца и младинци од Скопје, вчера во спортскиот центар „Ново Лисиче“ свечено беше отворен шестиот меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој стана заштитен знак на летата во Аеродром.На свеченото отворање присуствуваа градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, директорот на „Театар комедија“, Сашо Ристовски, и претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска.„Ова е уникатна можност за љубителите на театарот да проследат квалитетни претстави од македонската и меѓународната сцена“, изјави Цветковска најавувајќи дека Општината и натаму ќе го поддржува фестивалот.Вечерва „Гола месечина“ продолжува со урнебесната комедија „Кнегињата од Фоли Бержера“ од славниот Жорж Фејдо во изведба на театарот Народно позориште од Ниш, кој со духовитата приказна полна со неверојатни пресврти и неочекувани заплети ја привлекува публиката.Претставите почнуваат секој ден од 20:00 часот, а влезот е бесплатен.

Скопје | пред 6 години

kuce

Дете каснато од куче снитник на Бит Пазар

На 02.09.2019 во 15.30 часот во Пoлициската станица Бит Пазар, Ќ.И.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„Павле Илиќ“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница. 

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Судар на мерцедес и мопед, тешко повреден малолетен моторциклист

На 02.09.2019 во 15.30 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(71) од Охрид и мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 17 - годишник од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид. 

Македонија | пред 6 години

nesreka

(ФОТО) Сообраќајна несреќа во Охрид, моторциклист со тешки повреди пренесен во „Св.Еразмо“

На 02.09.2019 во 11.50 часот на крстосница од улиците „Гоце Делчев“ и „Шар Планина“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген џета“, управувано од А.Н.(56) од Охрид, со живеалиште во САД и мопед „кимко“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од К.Д.(29) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.Д. кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања