Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

pozar-kuka-1

(ФОТО) Изгаснат пожарот во Тафталиџе, но изгоре кровната конструкција и поткровјето на куќата

Комплетно е изгаснат пожарот што утринава изби во куќа на улицата „Будимпештанска бр.31“ во скопско Тафталиџе. Пожарот бил пријавен утринава во 8 часот.По брзата интервенција на пожарникарите, пожарот е изгаснат, но тој ја проголта  кровната конструкција и поткровјето на куќата.За среќа, нема повредени.  

Скопје | пред 6 години

natprevar

(ФОТО) Злато и три бронзени медали на Светската олимпијада по геонауки за македонските средношколци

Од XIII Светска олимпијада по геонауки IESO-2019, тимот од Македонија се враќа со бронзен медал во севкупна категорија, едно злато во категорија практични истражувања и две бронзи во категорија презентација на геонаучна тематика, објави на својот фејсбук профил професорот Ивица Милевски кој е ментор на тимот.Тимот беше составен од учениците Кристина Спасовска, Јована Маниќ, Оливер Куновски и Сара Стојчевска.https://www.facebook.com/ivicaprof/posts/10217485011231106

Македонија | пред 6 години

darko-cirevski

Собрани се средства за лекување на 20-годишниот Дарко Циревски од Ресен

20 годишниот Дарко Циревски од Ресен благодарение на хуманите граѓани успеа да ги собере потребните 26 илјади евра за третман на неговите раце кои делумно се одземени и нозе кои се целосно одземени при повреда на ’рбетниот мозок.  Дарко за помош се обрати преку социјлните мрежи и за релативно краток период успеа да ги собери потребните пари.Тој пред две години доживеал повреда при скок во вода и дијагностицирана му била quadriplegia(одземеноста на раце и нозе). За да се подобри неговата состојба, потребен е тримесечен третман во Хрватска, кој чини околу 26 илјади евра, пари кои тој со неговото семејство не можат да ги обезбедат.Дарко преку својот Фејсбук профил јавно се заблагодари на сите хумани луѓе.

Македонија | пред 6 години

hanover-evakuacija

Евакуирани над 15 илјади луѓе во Хановер поради бомба

Во Хановер, Германија евекуирани над 15 илјади луѓе поради бомба, останата од Втората светска војна, објави Хановерс алгемајне цајтунг. Според германските медиуми бомбата била тешка 500 килограми, и била пронајдена вчера попладне на едно градилиште.Поради бомбата и евакуацијата откажан е и концертот на британскиот музичар Роџер Хоџсон.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Силно невреме ги зафати Словенија и Хрватска

Силно невреме го погоди северозападниот дел на Босна и Херцеговина. На регионалниот пад Чаѓавица – Бања Лика обилниот дожд, громовите и градот предизвикаа намалена видливост и го отежнаа сообраќајот. Откако бурата предизвика материјална штета во Словенија, каде силниот ветер носел покриви, невремето зафати и делови од Хрватска. Најкриточно било на Истра каде имало и врнежи од град.https://www.facebook.com/istramet/videos/916096312092606/?v=916096312092606

Свет | пред 6 години

ivica-dacic

Гром удри во авионот со кој летал Ивица Дачиќ

Гром удрил во авионот со кој шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, летал за Словенија. Според српските медиуми, молњата удрила додека авионот бил над Љубљана.Благодарение на присебноста на пилотот авионот безбедно е приземјен на љубљанскиот аеродром, а Дачиќ го продолжил патот кон Блед, каде ќе учествува на стратешки форум.Инаку Словенија и Хрватска ги погоди силно невреме каде само за два часа забележани се повеќе од 20 илјади молњи.

Свет | пред 6 години

pozarna

Гори куќа во Тафталиџе

Пожар утринава избувнал во куќа на улицата „Будимпештанска бр.31″ во скопската населба Тафталиџе, јавува МИА.Од Противпожарната бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека интервенираат со пет возила и 10 пожарникари. Пожарот кај нив е пријавен во осум часот.Засега не се знае причината за пожарот.

Скопје | пред 6 години

120190420_222432

ВМРО ДПМНЕ: Македонија три години тоне

Македонија три години тоне. Кога ќе се тргнат розевите очила на Зоран Заев и ќе се погледне реалноста, секојдневието кое го живеат граѓаните ќе видиме:Понижени просветни работници.Земјоделци кои немаат ни за леб.Работници кои земаат минимална плата, ама враќаат дел од парите кои ги земаат на рака на работодавачите.Лекари кои земаат плата со која не се покрива ниту месечната потрошувачка кошничка.Бизниси кои се рекетирани.Пензионери кои добиваат покачување со кое не можат да си купат ниту литро зејтин.Студенти кои во ек на испитна сесија се уште не можат да се сместат во студентски дом.Судии и обвинители кои не работат по закон, туку по диктат на власта.Криминалци на улиците, а чесни граѓани и патриоти во затворите.Професори на кои не можат мирно да штрајкуваат затоа што власта им се заканува.Листата на понижувања и пропусти е бесконечна. Македонија не може вака. Со СДСМ на власт немаме функционална држава. Целиот систем е ставен во рацете на мафијата, а граѓаните се во заден план.На хаосот мора да му се стави крај. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

nevesta

(ВИДЕО) Битолска невеста, -во една рака бидермаер со друга пука со пиштол

На социјалните мрежи се појави видео од свадба во Битола на кое се гледа како невестата додека излегува од својот дом пука со пиштол пред гостите. Во едната рака држи бидермаер во другата пиштол…Кога МВР е во коалиција со криминалот, една просечна свадба отприлика изгледа вака…Ова не е видео од Бејрут, ова се случува во Битола…, напиша Орце Ѓорѓиевски кој го сподели видеото на Фејсбук.Извор: република.мк - Видеото може да го погледнате тука 

Македонија | пред 6 години

zaev-za-JO

(ВИДЕО) Премиерот потврди - Државата ќе го плаќа осигурувањето, доколку платите се покачат за 100 евра

Министерство за труд и социјална политика подготвува предлог-закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата.„Со предлог-законот се уредува висината, условите и начинот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата. Целта е да се стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор преку финансиска поддршка за работодавачите кои ќе извршат зголемување на платата на вработените поради што се наметна потребата од законско регулирање на мерка за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување како финансиска поддршка од Буџетот на РСМ“, се вели во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар на прописи(ЕНЕР).И Премиерот Зоран Заев потврди дека се подготвува план како работодавците кои ќе им ја зголемат нето-платата на работниците за 100 евра. Тој образложи дека оние кои ќе го направат тоа ќе бидат ослободени од давачките за нивните придонеси, односно дека државниот буџет ќе го финансира пензиското и здравственото осигурување.„Со ребалансот на Буџетот, предвидуваме 40 милиони евра за нова економска мерка за поттикнување на растот на платите. Работодавците кои ќе ги зголемат платите на вработените до 100 евра, ќе бидат целосно ослободени од придонесите за пензиско и здравстено осигурување, државата ќе ги покрие тие трошоци за сумата за која е покачена платата. Со ова се сузбива сивата економија и давањето плати во кеш. Ова е мерка за забрзан раст на платите, но и за мотивирање на сите, особено младите луѓе, да останат во државата“, објави Заев на својот профил на Фејсбук.https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/2429469060433717/

Македонија | пред 6 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Блумберг: Илјада милијарди долари странски капитал избегал од Британија поради Брегзитот

Најмалку илјада милијарди долари, односно околу 10 насто од вкупниот имот на британскиот банкарски сектор, 220 банки и финансиски фирми се преселиле од Британија во Европската унија од изгласувањето на Брегзитот во 2016 година.Американската агенција Блумберг објави дека само минатиот месец водечките светски осигурителни друштва со седиште во Сити ( банкарскиот дел на Лондон) во Даблин, Луксембург, Франкфурт и Париз префрлиле бизнис вреден 75 милијарди долари.

Свет | пред 6 години

prognoza

Претпладне облачно, попладне облачноста ќе се зголеми и појава на краткотраен дожд

Времето денеска - претпладне на истокот сончево, а кон запад со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а на крајниот запад ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Попладне на север краткотрајно ќе засилува северен ветер. УВ=7За утре метеоролозите најавуваат сончево со умерена облачност, а долж Повардарието со повремено засилен северен ветер. УВ=7

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still224-1

(ВИДЕО) Џип заглави во езеро на една охридска плажа

Пред два дена автомобил буквално падна во езерото на „Кеј Македонија“, пред тоа такси возило пропадна во земја, а сега иаме џип кој неможе да го извлечат од езерото на една охридска плажа.

Слајдер | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Героски: Имам впечаток дека некој овде опасно лаже, станува збор за 750.000 евра, за кои се уште не се знае кај се

Мицевски вели дека парите не ги платил како авторски хонорар, туку на сметката на Меѓународен сојуз. Хмммм…, пишува новинарот Бранко Героски на својот Фејсбук.-Бабата на чија сметка биле уплатени парите сведочеше дека ги подигнала и дека потоа некоја жена и ги зела. Арафат Муареми од Финансиската полиција јавно изјави дека порано ја испитувале трансакцијата на сметката на бабата, но дека не нашле ништо сомнително. Имам впечаток дека некој овде опасно лаже, а можеби и фејкува документација. Се надевам дека обвинителката Русковска е внимателна. Зашто, станува збор за 750.000 евра, за кои се уште не се знае кај се, додава Героски.https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/2370340179754330

Македонија | пред 6 години

Skolo

(ФОТО) Над 60 000 ученици помалку во основните училишта во земјава за 18 год

За само 18 години, во основните  училишта во Македонија има над 60.000 ученици помалку.Според Заводот за статистика во учебната 2000/201 година вкупниот број на основци бил 249.375 ученици, а во оваа учебна година вкупниот број на ученици во основните училишта изнесува 188.102 ученика.Еве графички како изгледа паѓањето на бројот на ученици од година во година.

Македонија | пред 6 години

zagina

(ВИДЕО) Загина пред очите на фановите - Огномет уби пејачка среде настап на бина

30 – годишната пејачка Хоана Сенз Гарсија настапувала со групата Super Hollywood Orchestra во близина на Мадрид , кога во нејзина непосредна близина експлодирала пиротехничка направа.  Пејачката паднала на бината, но иако веднаш била однесена во болница, докторите само ја констатирале смртта.Инцидентот се случил пред околу илјада гледачи во местото Лас Берланас.

Свет | пред 6 години

lila-boki

Збунета, нервозна, иронична - другарката на Боки 13, Лила Филиповска не одговори ништо

Лила Филиповска се обиде да глуми ладнокрвност пред новинарите по завршувањето на распитот, но тоа не и одеше од рака. Таа нервозно и иронично им одговараше на новинарите, наместо да каже дали со нејзиниот пријател Боки 13 ги пуштиле парите во оптек.Филиповска трепереше, додека новинарите неочекувано и поставуваа прашања што е очигледно од видео матријалите на медиумите.  Таа воопшто не беше сигурна во себе, а доказ за нејзината збунетост е и тоа што не можеше да се ориентира каде и е паркиран автомобилот. Низ новинарските кругови се коментира дека вознемиреноста на Филиповска е поради нејзината голема вмешаност во аферата „Рекет“.Водителката се трудеше да ја задржи смиреноста и по теркот на Катица Јанева со насмевка да замине од обвинителството кај Русковска.Инаку новинарите прашуваа дали го посетила Боки 13 и која е нејзината поврзаност со аферата „Рекет“, како и за позамиците кои ги давала, но одговор не добија.

Македонија | пред 6 години

brod

Се запали луксузен брод во близина на Лос Анџелес - најмалку 34 мртви

Се стравува дека 34 лица загинаа откако во близина на калифорнискиот остров Санта Круз се запали брод. Спасени се неколкумина. Брод пловел во близина на брегот на американската сојузна држава Калифорнија, пренесува телевизискиот канал KTLA повикувајќи се на противпожарната служба на округот Вентура.Несреќата се случила денес рано наутро по локално време, јавува Фокс.Крајбрежната стража спроведува голема спасувачка акција. Спасувањето се врши и со помош на бродови, и од воздух.https://twitter.com/VCFD_PIO/status/1168515477997416448?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1168515477997416448&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fse-zapali-brod-kraj-bregot-na-kalifornija-se-stravuva-deka-ima-desetici-mrtvi-foto

Свет | пред 6 години

jana

Jана 4 години се бори со ракот, но битката ја отежнува Фондот, кој одби да издвои средства за лекување

Една од раните на ракот, е тагата-зборовите тешко излегуваат од грло, но лесно се преточуваат на хартија во долгите ноќи кога болката е неиздржлива,кога  33 годишната охриѓанка Јана Арсовска која 4 години боледува од редок и многу агресивен вид на рак се бори со себе си.Јана помина низ две трансплантации на матични клетки,многу хемотерапии, зрачења, но болеста сеуште не поминува. Деновиве се навршува една година од втората трансплантација, а Јана лежи веќе 8 месеци не може да стане, бидејќи има силни болни во ногата на која има изгореници од зрачењето.Лекарите од германската клиниката во Флензбург каде се лекуваше предлагаат да прима имунитерапија со антитела кои ги уништуваат малигните клетки,но тоа чини многу пари,првично околу 80.000 евра. Затоа Јана, благодарна на сите хумани луѓе и на државата што и помогна да се лекува во странство, уште еднаш се обрати до Фондот за здравство да и одобри сретства за да го продолжи лекувањето, но беше одбиена.Сторијата во целост на: АЛФА 

Македонија | пред 6 години

policija

Полицајци и инспектори: Подготвени сме да ги уништиме наркобандите во Арачиново и Грчец, но имаме пречки од МВР

Полицајци и инспектори од Скопје, од албанска националност, велат дека се подготвени да влезат во Арачиново и Грчец за да ги разбијат наркобандите, но како што велат пречки им биле блиските врски на локалните дилери со инспектори во МВР, објавува „Лајм“.Според овие полицајци, македонските инспектори и високи функционери во МВР, не само што ги штитат наркобандите туку и им служат како логистика.Високи личности на Министерството за внатрешни работи, директори и инспектори на РАКОВОДНИ функции, се редовни гости на свадби и забави на дилерите на дрога, објавува „Лајм“.Текстот во целост на: Република.мк

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) На брод во Атлантскиот океан запленети 800 килограми кокаин

Во полициска акција во близина на Азорските острови во Атлантскиот океан, запленети се 800 килограми кокаин и разоткриена е криминална група, која е сочинета главно од државјани на Србија. По собраните информации дека оваа криминална група се занимава со дистрибуција на наркотици, како и информацијата за времето на транспорт на кокаин од јужна Америка, членовите на српската криминалистичка полиција овие информации ги пренеле на колегите од Шпанија.При запленувањето, уапсени биле тројца осомничени членови од криминална група која се товари дека подолг временски период се занимава со криумчарење на големи количини кокаин од Латинска Америка во Европа.

Свет | пред 6 години

siljan

Мицевски по вториот исказ за „Рекет“: Пари сум дал на Меѓународниот сојуз и нормално дека ќе си ги барам назад

Битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски по вторпат даваше исказ во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за случајот “Рекет”, но овој пат по негова иницијатива. Мицевски денеска ги негираше објавите дека на сметката на пензионерката Лилјана Тодорвска префрлил авторски хонорар од 720.000 евра. Денеска тој вели дека пари дал само на Mеѓународниот сојуз на Бојан Јовановски и додава дека префрлените пари ќе си ги бара назад.- Не сум дал пари на пензионерка. Пари сум дал на Меѓународниот сојуз и нормално дека ќе си ги барам назад, рече бизнисменот Силјан Мицевски.

Македонија | пред 6 години

sanja-l

Келнерка не сакала да и даде фискална сметка на директорката на УЈП - Лукаревска

Дуректорката на УЈП, Сања Лукаревска, во интервју за Слободен Печат вели дека келнерка на услужен објект одбила да и издаде фискална сметка, а тоа го направиладури откако првиот човек во управата за собирање даноци инсистирала на тоа. Ова првиот човек на Управата за јавни приходи го потврдува одговарајќи на прашањето дали имала лично такво искуство да не и се даде сметка кога требало да ја плати услугата, објави Слободен печат .– Да, имам искуство со тоа. Во еден угостителски објект кога побарав сметка да платам, доаѓа личноста што не служеше и ми вели 480 денари. Потенцирав дека сакам да ми биде донесена сметката, дури одговорот на вработената беше „Ту ту да не ме тепаш!“. И одговорив дека не станува збор за тоа, туку Законот важи така, дека треба да се донесе фискална сметка. На тоа вработената ми одговори – „Де де ете ќе ја искуцам и ќе ти ја донесам“. Малку ме изиритира таа реакција и повторно реагирав и на крајот ја добив фискалната сметка, вели Лукаревска во својот одговор.Таа додава дека во неодамнешната акција на УЈП на фамозната Пластичарска улица, каде што јавна тајна е дека во дел функционира како „слободна зона“ кога станува збор за плаќањето даноци, објектите заклучувале кога виделе дека инспекторите упаѓаат во другите продавници.Текстот е превземен од: Слободен печат

Македонија | пред 6 години

2

Џафери се сретна со заменик-шефот на делегацијата на ЕУ и експертскиот тим на ЕУ-проектот за „Поддршка на Собранието во имплементацијата на реформите“

Денес претседателот Џафери имаше протоколарна средба со заменик шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, г. Јулиан Васало, меѓутоа оваа средба воедно означуваше и завршување на двогодишниот проект финансиран од Европската Унија „Поддршка на Собранието во имплементација на реформите“. На средбата покрај претседателот Џафери, присуствуваше и Генералниот секретар Иванова и двајцата експерти кои го спроведуваа проектот, г. Едмонд Милетиќ и г. Тибор Драшковиќ.Претседателот Џафери му посака добредојде и успешна работа на новиот заменик шеф на Делегацијата и даде краток вовед за минатиот период на соработка со Делегацијата на ЕУ, истакнувајќи при тоа задоволство и благодарност за придонесот во постигнувањето на резултатите и реформите во Собранието. Го спомна Стратешкиот план кој што е амбициозен документ кој што е основата врз која се планира понатамошното подобрување на функционалноста на Собранието, меѓутоа не го изостави и Дијалогот Жан Моне и плодовите од тој нов начин на отворен и искрен дијалог меѓу политичките претставници во законодавниот дом. Притоа, се заблагодари на тимот од двајца квалификувани експерти кои во текот на двете години интензивна имплементација на проектот, во соработка со Собранието изготвија неколку документи со цел поддршка на тековниот реформски процес.   Експертскиот тим помогна во изготвувањето на Етичкиот кодекс и амандманите на Деловникот во рамките на тековниот Жан Моне Дијалог поддржан од Европскиот Парламент. Во рамките на проектот беа овозможени обуки за собраниската служба, за советниците на собраниските тела и на пратеничките групи. Дополнително, беа изготвени документи и препораки за зајакнување на финансиската и административната независност на Собранието, за координацијата помеѓу Собранието и Владата, и за надзорната функција на Собранието.Г. Васало се заблагодари на приемот и нотираше дека Собранието, и покрај збиената агенда, овие две години направи многу во насока на отчетноста, транспарентноста и функционалноста  за што е потврда и Извештајот за напредокот на земјата и затоа се согласи со претседателот Џафери дека сосема е заслужено да очекуваме одлуката на Советот во октомври да биде позитивна.Двајцата експерти се заблагодарија на соработката и професионалниот однос на собраниската служба и потврдија дека Собранието има одлична основа за постигнување на поставените цели, односно финансиска независност, независна служба и обезбедување.Генералната Иванова исто така се согласи со претходните соговорници во однос на отворената и искрена соработка со двајцата експерти, при што и таа потврди дека Собранието останува отворено за понатамошна соработка со канцеларијата на Европската унија во Северна Македонија.  

Македонија | пред 6 години

policija-123

Со ретровизорот удрил малолетничка што се движела по улицата и избегал

На 02.09.2019 во СВР Скопје бил приведен Р.И.(28) од Скопје поради тоа што на 01.09.2019  околу 22.30 часот во с.Студеничани со патничко возило „голф 2“, со ретровизорот удрил малолетничка што се движела по улицата и го напуштил местото. Настанот го пријавил С.И.(47) од Скопје, татко на малолетничката. По целосно документирање на случајот против Р.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања