Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

gasi

Владејачката Алтернатива предводена од Африм Гаши го поддржа штрајкот на наставниците

Владејачката партија Алтернатива предводена од Африм Гаши го поддржа денешниот еднодневен предупредувачки штрајк на наставниците и научните работници во дел од школите, како и нивните барања за дополнително зголемување на платите.„По повод почетокот на учебната година, АЛТЕРНАТИВА на сите ученици им ја честита новата учебна година, со желба таа да биде успешна и плодна година. Особено им посакуваме успех на првачињата, кои за прв пат се среќаваат со училишните простории. Сепак, како и секоја учебна година, и овој пат не можеме а да не ја изразиме нашата огорченост што уште има училишта во кои наставата не се реализира на мајчиниот јазик на учениците и во кои недостасуваат основните и современите услови за квалитетно образование, а – за жал – и состојбата на наставниците е далеку од посакуваното“, велат од партијата на Африм Гаши.„Притоа, АЛТЕРНАТИВА изјавува дека го подржува штрајкот на наставниците и научните работници, како и нивните барања и, независно од нашата политичка позиција, сметаме дека едно општество и една држава која не се грижи за наставниците, со тоа потврдува дека нема чувство за својата иднина. Секако треба да се поздрави одлуката на Владата на Република Северна Македонија за покачување на нивните плати за 5%, но тоа е симболичко унапредување во споредба со нашите должности кон наставниците.Образовните и научните работници ја заслужуваат највисоката почит во општество и треба да бидат рамноправни со нивните европски колеги и на таа тема не треба да има никаков компромис. Не може да има реформи во образование со наставници кои живеат во прагот на сиромаштијата.Поаѓајќи од ова, а останувајќи на страната на образовните и научните работници, ние го подржуваме нивниот штрајк и воедно изјавуваме дека ќе бидеме адвокати на нивните легитимни барања пред Владата на С. Македонија“, се додава во соопштението.Инаку, министерот за образование Арбер Адеми порача дека штрајкот на просветните работници е непотребен и најави ново покачување на платите на наставниците следната година.

Македонија | пред 6 години

POUM_2708201902

Втора работилница од проектот за одржлива урбана мобилност

Во Охрид се одржа втората работилница од Проектот за одржлива урбана мобилност, што Општина Охрид го спроведува во соработка со ЗЕЛС и Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ).Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески оцени дека носењето еден ваков план ќе придонесе за современо, урбано живеење и уредување на сообраќајот во градот. Тој укажа на фактот што Охрид како и многу други градови се соочува со предизвиците што ги наметнува современиот начин на живеење, карактеризиран со висок интензитет на сообраќај особено во периодите на туристичката сезона кога во Охрид има енормно зголем број луѓе и возила.– Во туристичката сезона во Охрид во одредени денови има повеќе од сто илјади луѓе, а во текот на годината има 30 до 40 илјади луѓе, така што, тоа е предизвик и проблем што треба да го решаваме, а носењето план за урбана мобилност на Охрид ќе придонесе за негово решавање. Во Охрид се јавува и недостаток на паркинг-места, но и повеќе зелени површини. Сето тоа влијае како на безбедноста, но и врз економскиот развој на градот и здравствениот аспект на граѓаните. Со изработка на Планот за урбана мобилност се добива основа за унапредување на постојната состојба во сообраќајот и подобри услови за живот во самиот град. Ние како Општина ја препознавме урбаната мобилност како еден од битните елементи за натамошнот развој на градот и оттаму со реализација на овој план се надевам дека ќе ги постигнеме зацртаните цели а тоа е развој по мерка на граѓаните, тој развој да биде одржлив, ефикасен, безбеден и достапен сообраќај за сите, намалување на незгодите и намалување на негативното влијание на сообраќајот врз животната средина, рече градоначалникот Георгиески.Во насока на вклучување на граѓаните во планирањето, Општина Охрид спроведе и анкета како појдовна точка за запознавање со процесот. Притоа детектирани се одредени критични точки, посочени се најголемите проблеми, а добиени се и сугестии по одредени прашања.Јасмина Буневска, професор на Техничкиот факултет во Битола која е дел од проектот појасни дека се работи за премин од традиционално планирање што во фокусот ги има само автомобилите, кон пристап на т.н. „паметно“ планирање што ќе ги има предвид сите субјекти вклучени во сообраќајот. Според неа, планот претставува и алатка на локалната самоуправа за пристап кон европските фондови, а истовремено ќе значи и хармонизација со европските конвенции и правила.

Македонија | пред 6 години

kosta-ucilista

Започна школската година - градоначалникот Георгиески, денеска во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец

Во основните и средните училишта на територијата на општина Охрид, денес, започна новата учебна година. Успешен почеток на сите ученици им посака градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој денес го осети ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.– Навистина секој почеток на учебната година буди чувства, емоции, особено кај првачињата и нивните родители. Се надевам дека овој ден е возбудлив за сите првачиња кои за првпат ќе седнат во училишните клупи и ќе навлезат во светот на образованието, науката и забавата. Велат: „Времето брзо одминува, а убавите спомени остануваат“. Ве уверувам дека е така, бидејќи јас сеуште ги паметам убавите периоди од моето основно образование. Советите од наставниците, кои и од денешна гледна точка биле секогаш исправни. Затоа Ви порачувам драги ученици, максимално да ги уживате овие денови, бидејќи тие нема да се вратат. Од ова место би сакал да испратам порака и до родителите, да бидат стрпливи и истрајни, да се присетат на нивните денови кога биле деца, да се трудат децата да научат да ги користат своите “крила“ , а не да им ги сечат, зошто така и само така децата ќе бидат двигатели на овој свет со нивните прогресивни идеи. – истакна градоначалникот Георгиески.Во сите образовни институции е извршено реновирање и реконструкција и се подготвени за претстојната учебна година.– Нашата цел, како возрасни, но и како одговорна Локална самоуправа, мораме да овозможиме добри услови за работа во образовните институции, како образовниот процес би се одвивал без проблем. Тука мора да нагласам, дека за пофалба е менаџментот на ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, кој што со помош на општина Охрид, успеа да обезбеди средства од програмата на УСАИД во висина од 1.200.000 денари, за обнова на санитарните јазли, ѕидовите, ходниците и холот на училиштето. Би апелирал и менаџментите од другите образовни институции да го следат овој чекор и заеднички да работиме на подобрувањето на условите. Во изминатиов период, речиси и да нема училиште во кое не се изврши работен зафат. Во некои од нив се вршеше реконструкција, замена на дограмата како и изградба на објекти. Во нашиот фокус и понатака ќе остане подобрувањето на условите во образовните институции, бидејќи квалитетното образование значи и квалитетна иднина. – додаде Георгиески.Во основните училишта наставата ќе ја следат 4610 ученици од кои 483 првачиња, додека во средните 1942 ученици.

Македонија | пред 6 години

Benzinski-pumpi-9

Регулаторна ги објави цените на горивата - следува ново поскапување

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ имаме мало зголемување на цените на горивата.Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ цените на горивата се намалуваат во просек за 0.17%.Сепак, бидејќи се работи за просек – намалувањето всушност значи дека цените на бензините се зголемуваат за по половина денар, додека цената на дизелот останува иста.Така, од вечерва на полноќ литар ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе чинат 67.00, односно 69.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува и еден литар дизел гориво и понатаму ќе чини 61.00 денари. Цените ќе се сменат вечерва на полноќ и ќе важат една седмица.

Македонија | пред 6 години

IMG-bab9a7414fb9c8cd6f47aa962bd06127-V

Училишното ѕвонче го означи почетокот на училишната година за над 5000 основци во Кисела Вода

Денеска во Кисела Вода во осумте општински основни училишта, училишното ѕвонче го означи почетокот на училишната година за над 5000 основци. Во училиштата се одржаа приредби преку кои на вкупно 620 првачиња од страна на наставниците им беше посакно добредојде.Општина Кисела Вода изминатиов период во дел од училиштата изврши обнова на училници, тоалети и останати простории, со што видно  ги подобри условите за децата и вработените.Проектите на градоначалникот Филип Темелковски за обновување на училиштата во надлежност на Општината ќе продолжат да се реализираат и во текот на оваа учебна година.Градоначалникот Филип Темелковски во негово име и во име на Општина Кисела Вода на сите ученици им посакува успешни и среќни училишни денови.

Скопје | пред 6 години

misajlovski-02-09-2019-mediumi

Мисајловски за законот за ЈО: Бараме принципи да има во овие преговори во она што ќе се донесе како нов Закон

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на новинарско прашање за Законот за јавно обвинителство истакна: „Ние сме сериозна партија не сме како Заев и Владата на Заев постојано да кажуваме алтернативи или некои свои патчиња како да стигне до неправдата, односно да се заштитат самите себеси. Ние бараме принципи да има во овие преговори во она што ќе се донесе како нов Закон. Јас можам да кажам дека работните групи постојано се гледаат и уште се гледаат, иако процедурите поминуваат веќе во Собрание. Има доста амандмани кои се таму доставени и кои треба сите да се разгледуваат, ако сакаме да имаме добар Закон и ако сакаме да работиме за реформи во Република Македонија не ни требаат хибридни закони. Според мене, мое лично мислење да кажам е дека нас ни требаат цели институции. Ние законите треба да ги носиме како да ги унапредиме институциите, а не да гледаме како да градиме политички, некои задни намери како што го прави тоа СДСМ кој ни кажуваат дека ако не поминеме на овој или на оној начин, они имале план Б. Значи веднаш може да видиме дека они имаат своја интрига тука. Затоа уште еднаш ги охрабрувам сите чинители во политиката, сите политички партии да работиме на подобри демократски закони, европски принципи, на европски вредности. А, не како што го гледаме ова специјално јавни обвинители да се гонат за рекет. А, не да гледаме тимовите на тие специјални јавни обвинители дека се замешани во една од најголемите афери во Република Македонија. Нас ни требаат солидни институции, нас ни треба владеење на правдата, и правдата навистина да биде за секој еден. Мора правда да има, мора и затоа бараме да има не само добри преговори туку и да има европски вредности. И тоа што ќе договориме за законите утре да се почитува, а да не биде само да се донесе закон за да утре повторно да има прогон врз опозицијата, повторно да си имаат свое обвинителство СДСМ каде што ќе може да прават нови притвори, да осомничуваат нови луѓе и истраги само за да ВМРО-ДПМНЕ и гледаме и цела јавност гледа како најголемиот скандал во Република Македонија, а тоа е „Рекет“ како поминува. Да оставиме времето да покаже што ќе се случува во наредниот период доколку се има чиста мисла и стварно сите сакаат да има добар закон, односно да имаме стварно добри закони тогаш навистина треба да ги прифатат забелешките на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Arsovski-02-09-2019-mediumi

Арсовски: Петтиот месец тече од аферата „Рекет“, а сеуште Вилма Русковска ги штити инволвираните политичари од власта

Еве веќе почнува и 5-тиот месец од истрагата за случајот „Рекет“, а дури сега почнаа да се викаат споредните соработници на Боки 13, а не нарачателите.  Петтиот месец тече, а сеуште Вилма Русковска ги штити инволвираните политичари од власта и не ги повикува на распит да дадат исказ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Кога и дали планира Вилма Русковска да ги повика на распит Зоран Заев, Кики и Фрики, Шеки и сите останати од меѓународниот сојуз? Каде е торбата со пари која што беше земена од страна на Боки 13?Вилма Русковска нема намера да го расчисти случајот „Рекет“.Вилма Русковска и Љубомир Јовевски се ставаат во заштита на криминалот и корупцијата која ја прави власта изминативе 2 години.Нема човек кој не е свесен дека Бојан 13 и Катица Јанева не можеле и немале можност самите да рекетираат и да уценуваат бизнисмени и политичари.Нема човек кој не е свесен дека целиот државен врв е вмешан во случајот „Рекет“, а Вилма Русковска, обвинителството на Љубомир Јовевски сакаат да ги заштитат и да го забошотат целиот случај на милионско рекетирање за кое што сме сведоци во моментот.Катица Јанева и Зоран Заев се едно исто во случајот „Рекет“, а Боки 13 е избран како извршител на рекетирањето, човек во кој никој не би требало да се посомнева дека ја зема торбата со пари и ја носи на одредено место.Го повикуваме обвинителството, да не ја кочи истрагата, туку веднаш да ги повика сите на распит и да додели притвори за да нема влијание врз сведоците и бришење на доказите, како што беше случај изминативе 4 месеци.Секој поминат ден е само поголем доказ и поголема потврда дека сакаат да ги скријат и да ги заштитат криминалците од власта на СДСМ и од СЈО.Почитувани господа од власта,Ви дојде крајот.Од овој скандал нема назад.Потребни се предвремени парламентарни избори на кои Зоран Заев и рекетарско - криминалната банда ќе отидат во историјата, а веднаш потоа ќе отпочне обнова на Македонија,  истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.    

Македонија | пред 6 години

misajlovski-02-09-2019-mediumi

Мисајловски: Предвремени избори треба и мора да има. Колку побргу, толку подобро и за граѓаните и за државата!

Предвремени избори треба и мора да има. Колку побргу, толку подобро и за граѓаните и за државата! Само тоа е спасот од оваа неспособна, расипничка и корумпирана власт. Три години по ред Македонија ги трпи последиците од најнеспособната влада од осамостојувањето. Оваа власт за 7 месеци реализираше едвај 24.5% од годишно планираните капитални инвестиции, во време кога реализираниот дефицит и социјални трансфери се над 50%. Тоа е показател дека државата е ставена на апарати за дишење, не се гради ништо, не се прави ништо, изјави на прес конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски кој додаде:„Неработата се гледа и во бројките и официјални статистички податоци кои ги објавува ДЗС, имено во јуни месец 2019 година имаме за 1.5% помалку издадени одобренија за градење отколку во јуни месец 2018 година, а вредноста на објектите за коишто се издадени овие одобренија за градење е за 23% помала отколку за истиот тој месец во 2018 година. Резултатите се поразителни и ако го погледнеме бројот на работници во индустријата, каде во месец јули оваа година, во однос на јули лани имаме пад за 2.5%. Кога во една држава, градежништвото и индустријата тонат, тогаш пропаѓа се.“Според Мисајловски државата буквално стагнира, а показател за тоа е и сумата на странски директни инвестиции во вториот квартал од 2019 година, која изнесува очајни 7.6 милиони евра, во исто време кога во Србија имаме 1.7 милијарди евра инвестиции, во Словенија 561 милион евра, во Хрватска 273 милиони евра, во Бугарија 286 милиони евра.-Доколку ова го сведеме по глава на жител доаѓаме до катастрофални бројки, особено кога ќе ги компарираме со нашите соседи. Имено инвестициите во соседна Србија по жител изнесуваат околу 543 евра, понатаму 280 евра во Словенија, во соседна Бугарија нешто повеќе од 40 евра, а во Македонија изнесуваат 24 евра по глава на жител, потенцираше Мисајловски и подвлече:„Лошата состојба се гледа и во слабата наплата на даноци. Власта која предвидуваше дека ќе има зголемување на наплатата на даноци за 9.02%, собра 8.57% помалку даноци од она што сами планираа. Односно од планираните 51.1 милијарда денари за период јануари – јули, власта собрала 46.7 милијарди денари. Ова укажува дека и стопанството тоне и тоа во континуитет. Ова се само дел од податоците кои укажуваат на самата неработа и неспособноста на СДСМ. Македонија не може да напредува со оваа власт, затоа се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро.“

Македонија | пред 6 години

soobr1

Девојче од Кавадарци удрено со автомобил, пренесено во болница

На 01.09.2019 во 18.30 часот на ул.„9 Бригада“ во Кавадарци, патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.М.(19)од Кавадарци, удрило во девојче од Кавадарци, кое се здобило со повреди и било пренесено во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. 

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 01.09.2019 во 07.35 часот на ул.„Македонија“ во с.Злетово, пробиштипско,  патничко возило „фолксваген голф“ со кратовски регистарки ознаки, управувано од В.Т.(37) од с.Кнежево, кратовско, удрило во пешакот С.С.(73) од с.Злетово. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му била укажана помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Пробиштип.

Македонија | пред 6 години

Cover1

Околу 10.000 луѓе уживаа во настапот на Пол ван Дајк во Аеродром

Околу 10.000 луѓе го проследија настапот на Пол ван Дајк, еден од предводниците на електронската сцена, кој синоќа создаде неверојатна атмосфера во паркот „Авионче“ во Општина Аеродром. Посетителите со воодушевување ја слушнаа новата музика од неговиот најнов албум „Music Rescues Me“, но имаа можност да се потсетат и на хитовите што се негов заштитен знак повеќе од две децении. Пол ван Дајк со неговата непосредност и отвореност кон публиката донесе неверојатна енергија меѓу љубителите на електронската музика. Паркот „Авионче“ синоќа беше место каде се забавуваа сите генерации.За овој урбан настан беше поставена бина по светски стандарди со врвно озвучување, уникатно осветлување и огромни екрани кои се заштитен знак за настапите на светската икона на електронската музика.Посебните ефекти, милионите конфети и големиот огномет внесоа уште поголема магија и му дадоа посебен печат на овој голем настан. Греми номинираниот Пол ван Дајк два пати е прогласен за број 1 диџеј во светот според реномираното списание „DJ Mag“, нешто што досега само неколку диџеи успеале да го постигнат во својата кариера.Особено сме горди што Пол ван Дајк долета директно од Ибица и настапи во срцето на Општина Аеродром.Тој изјави дека македонската публика е една од неговите омилени и дека секогаш e тукa пречекан во одличен амбиент со многу позитивна енергија од љубителите на електронската музика. Пол ван Дајк беше пријатно изненаден и од професионалноста на организаторот на настанот и на Општина Аеродром по чија покана дојде. Голема благодарност до медиумскиот покровител Антена 5 радио, како и до сите големи поддржувачи и пријатели на настанот кои помогнаа настанот да блесне со сиот сјај.

Скопје | пред 6 години

IMG_20190902_093558

Петровска: Правото на штрајк е регулирано со закон, меѓутоа сепак треба да водиме сметка дека станува збор за прво работен ден

На новинарско прашање дали во битолските училишта се штрајкува или пак наставата се одвива нормално, градоначалничката Петровска го даде следниот одговор:„Би сакала да нагласам дека токму оваа влада ги сослуша и послуша наставниците во барањето за исклучувањето на екстерното тестирање, токму оваа влада минатата година во септември им даде 5% зголемување на нивните плати, исто така иоваа школска година започнува со 5% зголемени плати на настаниците, нешто што што не се случувало со години наназад. Правото на штрајк е регулирано со закон, меѓутоа сепак како педагошки работници треба да водиме сметка дека станува збор за прво работен ден, исклучително значаен особено за првоодделенчињата и и тој момент секој педагошки работник треба да го има во предвид. Во ОУ „Стив Наумов“ првоодделенчињата се примени онака како што доликува, а за другите училишта во  општината ќе добијам дополнителни комплетни информации, иако досега, од она што го имам како увид, учениците се примени во училиштата и се згрижени. Морам да нагласам и тоа дека независно од тоа кои се правата за кои што се борат просветните работници, секое дете мора да биде згрижено. Постои форма како треба и мора да биде згрижено“, рече Петровска.

Македонија | пред 6 години

IMG_20190902_093130

Над 760 првачиња денес ја започнаа учебната година во битолските основни училишта

Над 760 првачиња денес ја започнаа учебната година во битолските основни училишта. Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, заедно со генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, беа дел од првиот училишен ден на првачињата во ОУ „Стив Наумов“ во Битола. Симболично, со нагледни средства за работа, градоначалничката им посака успех во патот на школувањето на најмладите, кои возбудено ја дочекаа средбата со своите наставници.„Првиот училишен ден е еден од најзначајните за децата и токму во оваа прилика сакам на сите првоодделенчиња во Општина Битола да им го честитам почетокот на нивното школување, да им посакам добро здравје, успех, да станат вредни и квалитетни граѓани, кои што ќе се вклопат во општествената заедница и ќе придонесат за развој на нашата земја. Им посакувам успешен почеток и на сите други ученици, на денот кога го започнуваат овогодинешното школување“, рече градоначалничката Петровска.Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, истакна дека ова акционерско друштво заедно со подружниците РЕК битола и РЕК Осломеј активно се вклучува во почетокот на учебната година со акцент на првоодделенците.[caption id="attachment_63540" align="alignnone" width="1240"] dav[/caption]„Симболично на најмладите им подаривме мали подароци, со пораки како да ја чуваме природата, како да ја чуваме нашата животна средина и како да се грижиме за иднината, со акцент на обновливите извори на енергија. Моето задоволство е уште поголемо, затоа што и јас бев ученик токму во ОУ „Стив Наумов“. Им посакувам среќа и успех на сите првоодделенци, на сите ученици и наставници“, посочи Ковачевски.„Во нашето училиште денес 102 деца добија статус на првачиња. Бројот на ученици од година во година се зголемува во училиштето, ги примивме првачињата, се помина во најдобар ред и задоволни сме од соработката со заедницата“, истакна директорката на училиштето „Стив Наумов“, Дијана Христовска.Во чест на првачињата, во дворот на училиштето се одржа приредба од нивните една година повозрасни соученици, второодделенците во ОУ „Стив Наумов“. 

Македонија | пред 6 години

stop-policija

На 03, 04 и 05.09.2019 изменет сообраќаен режим, еве зошто

На03, 04 и 05.09.2019 (вторник, среда и четврок) од 09.00 до 11.30 часот, во организација наСкијачката федерација на РСМ, Клубот за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик Скии“ од Скопје, град Скопје и општина Карпош, ќе се одржи меѓународна спортска манифестација „ФИС ролер ски куп“, со траса на движење од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ до крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Љубљанска“ (десна коловозна лента гледано во насока од исток кон запад) во Скопје.Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот побулеварот „Илинден“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.  

Скопје | пред 6 години

a28

ООУ „Киро Глигоров“ ги отвори вратите за првите ученици

По повод почетокот со работа на новото основно општинско училиште ООУ „Киро Глигоров“, Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и Раководителот на секторот за уредување на градежното земјиште и животната средина во општината и Проект менаџер на новото училиште, Кире Секуловски одржаа брифинг со новинари на кој ги споделија информациитеза изградбата, карактеристиките на училиштето и условите за престој и имплементација на образовниот процес.„Станува збор за прво ново - изградено училиште на територија на Општина Центар по цели 5 децении. Училиштето во населбата „Капиштец“ започна да се гради во 2016 година, а целокупната изведба на проектот е во вредност од 5.5 милиони евра. Името на училиштето беше избор на граѓаните. На анкетата која ја спроведовме на нашата веб-страница во јули годинава, Киро Глигоров е името кое освои најмногу гласови.  Училиштето „Киро Глигоров“ е со модерен дизајн и архитектура, изградено според највисоки стандарди за објекти во кои престојуваат и се образуваат деца. Особено сум горд на фактот што ООУ „Киро Глигоров“ е инклузивно училиште, во чиј состав ќе функционира и посебен Дневен центар за деца со церебрална парализа.  За таа намена, изградивме и комплетно уредивме простор според нивните потреби, но и целиот училиштен објект го адаптиравме на потребите на овие деца.Училиштето го завршивме 3 месеци пред предвидениот рок. Вложивме максимум напори за да овозможиме децата да ја започнат учебната година во ова училиште и да ги поштедиме родителите од префрлување во текот на годината. Практично, спасивме едно цело тромесечје. Oва училиште го решава повеќе деценискиот проблем на жителите од Капиштец кои повеќе нема да треба да ги носат своите деца во училишта во другите населби, затоа што од денеска имаат училиште во својата населба. “ - изјави Саша Богдановиќ, Градоначалникот на Општина Центар.Раководителот на секторот за уредување на градежното земјиште и животната средина во општината и Проект менаџер на новото училиште ООУ „Киро Глигоров“, Кире Секуловски истакна дека иако се работеше за капитален проект од секој аспект, по само 3 години училиштето ширум ги отвора вратите за своите први ученици.„Училишната зграда се протега на површина од 12.100 м2 и дворна површина од 4.100 м2. Влезот за ученици е од споредната, и помалку прометна улица „Адам Мицкиевиќ“, а влез за возила од улицата „Васил Ѓоргов“. При изведбата на проектот водевме грижа за зачувување на постоечките дрвја и зеленило, па така и целиот објект го поместивме од предвидената градежна маркица. Ниту едно дрво постаро од 40 години не е исечено, а на местото на оние кои моравме да ги отстраниме, засадуваме нови“Во однос на карактеристиките на објектот и вградените материјали, Секуловски истакна дека сите материјали вградени во училиштето се од сертифицирани компании од САД, ЕУ и домашните компании.Фасадата на училиштето е структурална, стаклена и самовентилирачка, а со тоа и енергетски ефикасна што значително ќе ја намали потрошувачката на топлинска енергија во зимскиот период и ќе придонесе кон намалување на загадувањето на воздухот. Училиштето се состои од приземје, 2 ката и подземен паркинг со капацитет од 104 возила. Во дворот на училиштето се наоѓаат спортски терени за фудбал и одбојка, урбана опрема – клупи и високо-стоечки лампи за ноќно читање, 26 паркинг-места и простор за партерно и хортикултурно уредување, а целата дворна површина, вклучувајќи ги и игралиштата се осветлени со лед-енергетско ефикасно осветлување.Внатрешноста на училиштето е со модерно уредување и стандардизиран ентериер на училници и простории во согласност со возраста на учениците. Освен тоа, водено е грижа за квалитетот на воздухот во училиштето за што се поставени рекуператори за прочистување на воздухот, но и за начинот на греење и осветлување, одржување на хигиената, безбедноста и достапноста до новите технологии. Училиштето е поврзано на централното градско затоплување со греење на целиот објект без радијатори, вградени се антибактериски и антиалергени подови,лед-енергетско ефикасно осветлување,посебни тоалети во секоја училница во ниските одделенија, посебни тоалетии посебен лифт за децата со церебрална парализа, противпожарен аларм во секоја просторија, мрежа за безжичен интернет од сите оператори итн.Во состав на училиштето има 21 училница со акустика на простор,7 специјализирани кабинети за предметна настава,спортска сала и гимнастичка сала, ботаничка градина, трпезарија со кујна, наставнички кабинет и канцеларии за персонал, како и инклузивна просторија – Дневен центар за деца со церебрална парализа.[caption id="attachment_63533" align="alignnone" width="800"]  [/caption]Сите училници и кабинети се опремени со стандардни школски табли, прожектори и смарт-табли со повеќе функционалности на допир, во кои е вграден софтвер кој овозможува интерактивно искуство во учењето, а на наставниците им нуди широк спектар на алатки за поддршка во секојдневната настава.Смарт-таблите се производ на глобалниот провајдер за технологија за образование, „Прометеан“, кој, за својата креативност и иновативност, во конкуренција на компании во секторот за технологија за образование е прогласен за „Компанија на годината“ за 2018 година.Секој од специјализираните кабинети располага со соодветна опрема за предметот, кој во неа се изучува. Бироата во сите училници и кабинети имаат довод за мрежен интернет, а во кабинетите за  хемија и физика покрај доводот за мрежен интернет до секое ученичко биро има и довод за вода и струја кои се неопходни за изведување училишни експерименти.Сите училници и кабинети се со противпожарен алармен (Сплинкер) систем и противпожарни влезни врати со отпорност на пожар до 30 минути.Спортската сала е по ФИБА стандарди, трпезаријата е по ХАСАП стандарди, а посебниот Дневен центар за деца со церебрална парализа е според стандардите и потребите на корисниците.Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и Проект менаџерот на училиштето, Кире Секуловски упатија посебна благодарност до компанијата „Вардар Градба“ изведувачи на проектот, надзорниот орган „Завод за испитување на материјали“ (ЗИМ)- Скопје, тимот проектанти на основниот проект од „Инком Инженеринг“ и архитектот на идејниот проект Бесиан Мехмети, како и до сите подизведувачи и колеги од општината кои беа вклучени во реализација на проектот.

Скопје | пред 6 години

IMG_3704-02-09-19-12-54

ВМРО ДПМНЕ: Наместо ветуваната 2019 година како година на образованието во Охрид, истата година ќе биде година на срамот во образованието

Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески се насочуваат кон уништување на образованието. За жал наместо ветуваната 2019 година како година на образованието во Охрид, истата година ќе биде година на срамот во образованието поради дозволувањето милионски суми да бидат извршени од доверители за враќање стари обврски, истакна Перчо Божиновски, порпарол на ОК Охрид.СДСМ и Георгиески за целиот летен распуст не успеаа ниту да ги реновираат училиштата, ниту да овозможат нормални услови за образование на младите. И овој септември сликата е распаднати ѕидови, санитарни јазли во очајна состојба, а просторните услови само се влошуваат.Дали Локалната самоуправа предводена од Георгиески ги овозможи сите услови на учениците, наставниците, родителите за сигурен и безбеден почеток на учебната година?До каде Ви се ветените спортски сали во основните училишта „Кочо Рацин“, „Ванчо Николески“, „Братство Единство“ во Лескајца и средното училиште „Ванчо Питошески“?Зошто нема промена на кровните конструкции во основните училишта „Христо Узунов“, „Братство Единство“ – Лескајца, „Свети Наум Охридски“ во Пештани и Елшани и санација на таванот и кровот на училиштето во Коњско?До кога ќе се чека реконструкција на подовите во основните училишта „Григор Прличев“ и „Кочо Рацин“ во Лакочереј, во гимназијата „Свети Климент Охридски“ и во ЕМУЦ, како и за санација на покривот во Гимназијата?Што се случи со замената на надворешната столарија во ОУ „Христо Узунов“ и во музичкото учлиште „Методи Патче“?Корумпираната власт на СДСМ ги остави учениците без инфраструктурни проекти, учебници, а на првиот училишен час и без наставници.Потсетуваме, ветувавте награди и стимулации, а креиравте навреда на честа и достоинството на професијата наставник. СДСМ и Георгиески се само лош пример за генерации ученици, истакна Перчо Божиновски, порпарол на ОК Охрид.

Македонија | пред 6 години

ZM9_-3

Започна новата сезона на МКЦ - Програмата на сцена „растури“, публиката разиграна и насмеана

Започна новата сезона на МКЦ. По квалитетно одработениот летен распуст, тимот се враќа на ревносна реализација на програмските активности. Сезоната ја отворивме со деветтото издание на фестивалот на нова музика - ЗДРАВО МЛАДИ. Фантастичната атмосфера во новопромовираниот  МКЦ-парк, изминатата саботна вечер беше простор за уживање на повеќе од 2000 млади луѓе.Програмата на сцена „растури“, публиката разиграна и насмеана, МКЦ преплавено со млади луѓе и позитивна енергија.Фестивалот „отвори“ ден порано(на 30 август) со детската работилница за гитара на легендарниот музичар Scott McCloud (Girls Against Boys), во рамки на на Јуниор програмата на ЗДРАВО МЛАДИ 9. Тој беше пријатно изненаден од талентот на децата кои ја посетија работилницата па по часот започна плодна дискусија поттикната од инспирираните деца.Ирецот DJ Fitz го отвори фестивалот со сервирање на својата музика кај „chill“ зоната до која се наоѓаше првата самстојна изложба на Зденко Петровски насловена „МКЦ документ“. На главниот стејџ аргентинците Mueran Humanos ја импресионираа публиката со страстна, пропулзивна музика на шпански јазик. Веднаш по нив следуваше најновата сензација на домашната сцена - ZeeBomb & Matej Foltz па бразилката Dillon која ги маѓепса сите. Паралелно почна и програмата на вториот стејџ со акустичен соло настап на Scott McCloud по кој следуваа dj сетови на Emily и Loshko. Operators го промовираа новиот албум - „Radiant Dawn“ и носталгично се поврзаа со публиката која во еден момент ја запеа „Градот убав пак ќе никне“. Следни на сцена беа фантастичното трио Rib и нивните другари - Fujiya & Miyagi. Премиерната изведба на „Rotator“ од Rib заедно со David Best беше над сите очекувања. Разиграната публика возбудено ги пречека Svemirko и нивните "tajne svemira" по кои Nipplepeople го „украдоа шоуто“ предизвикувајќи особен интерес кај посетителите поради нивната мистериозност.ЗДРАВО МЛАДИ 9 заврши со програмата „Berlin via Skopje“ со Alex Acid, Vivian Koch, Conforce и Stojche(имено нејзиниот куратор) која траеше до раните утрински часови исполнувајќи го просторот со нови звуци кои беа зачинети со визуелизации на добро познатиот Горан Костовски - Индог.Покрај музичката програма, посетителите уживаа во кулинарските магии на Веган365Kitchen, Цаци (Fat Kitchen) и Тoto Daily Bistro, gaming зона, photo booth, VR искуство, chill зона и еден куп други активности! ЗДРАВО МЛАДИ пулсираше некаде меѓу нова и алтернативна музика.Значајно за подигање на нивото на фестивалот беше и воведувањето на МКЦ припејд картичките кое го овозможи новиот соработник - Sparkasse Bank. Најверојатно за прв пат на домашните фестивали и културни настани, а по урнек на големите фестивали на кои сте биле - МКЦ воспостави безготовинско припејд купување со современи инструменти/МКЦ припејд картички. Кредитот на картичката може да се користи за купување пијалаци и храна на сите настани кои следуваат во МКЦ до крајот на 2019 година, како и плочи, маички, албуми, книги во продавницата Ап(о)тека.Ретко се случува да не постои јаз меѓу она што е планирано за голем настан и она што навистина ќе се случи, но оваа деветта по ред „епизода“ ги надмина сите очекувања во поглед на посетеноста, повеќе од 2.000 посетители, реакции од публиката и целокупната организиција. Новата локација му дозволи на фестивалот слободно да „дише“ - што беше и лајт-мотивот на овогодинешното издание на ЗДРАВО МЛАДИ.Се гледаме следната година, на 10-ката од фестивалот.

Скопје | пред 6 години

marihuana

Притвор за татко и син – дилери на дрога

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица  за кои постои основано сомнение дека го извршиле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 53-годишен жител на Тетово и неговиот 27-годишен син  како соизвршители заради продажба држеле 9450,00  грама наркотична дрога марихуана. На 30 август, позади бензинска пумпа во Тетово, осомничените го паркирале нивното патничко моторно возило марка „БМВ“ со цел да вршат продажба на дрогата. Полициски службеници од СВР Тетово, го забележале  возилото и дрогата во него, па веднаш го заплениле.Јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека има потреба од обезбедување на присуство на осомничените за непречено водење на истражната постапка, па од тие причини до судијата на претходна постапка во Основниот суд Тетово достави предлог за определување на мерката притвор. Судот на двајцата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 6 години

Jauleski-02-09-2019-mediumi

Јаулески: Над 4.000 студенти нема кај да се сместат, власта доцни со сместувањето и за тоа некој треба да сноси одговорност

Денеска официјално требаше да почне вселувањето на студентите во студентските домови на територија на Град Скопје. Како што гледате не само што вселувањето не е почнато, туку МОН и Студентскиот центар се уште ги немаат објавени списоците за примени студенти.  МОН и Студентски центар, иако со конкурс сами се обврзаа дека списокот на примени студенти ќе биде објавен на 30 август, тоа го немаат направено. И три дена потоа ни трага, ни глас, истакна  Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Очигледно Дарио Николовски беше презафатен со вработувањето на брат му во МВР, за што побрза да објави и слики на социјалните мрежи, а студентите ги стави во втор план.Драги студентиБрат му на Дарио важно е вработен во МВР и ќе зема плата од  македонските даночни обврзници, од вас и од вашите родители, а за тоа што вие нема кај да спиете во екот на септемвриската испитна сесија за власта очигледно и не е толку важно.Над 4.000 студенти нема кај да се сместат и останаа на улица. Власта доцни со сместувањето и за тоа некој треба да сноси одговорност. Особено што ваквиот случај со СДСМ стана пракса. Со списоците се доцнеше и лани.Власта е неспособна да изврши најобично сместување на студентите.Дали со ова се потврдуваат сомнежите на студентите дека со доцнењето на списоците всушност се чекаат партиските списоци за тоа кој треба да биде примен, а кој не?МОН и Студентски центар мора најитно да одговорат. Кога ќе им биде обезбедено легло на студентите за да не мора во текот на септемвриската сесија да патуваат секојдневно од своите краишта!?Време е да преземете одговорност за вашата неспособност! Одговорност мора да има, истакна  Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

pedalinki

Гостиварци за малку ќе се удавеле во педалинка

На 31.08.2019 во 14.15 часот во СВР Охрид, А.С.(21) од Гостивар пријавил дека околу 13.10 часот, педалинката која заедно со Х.Д.(21) и А.Б.(20) од Гостивар, ја изнајмиле на плажа, и со која се возеле по езерото на оддалеченост на околу 30 метри од брегот, почнала да се полни со вода и да тоне. Х.Д. и А.БХ.Д. и А.Б. испливале на брегот, а пријавителот со помош на лица од соседна педалинка излегол на брегот. На местото на настанот извршен е увид, а по добиените насоки од јавен обвинител педалинката е одземена и со записник предадена на полициски службеници. 

Македонија | пред 6 години

prvacinja1

Започна училишната година во основните училишта во општина Ѓорче Петров

Училиштата повторно ги отворија вратите за учениците. За прв пат во училишните клупи седнуваат 390 првачиња во општина Ѓорче Петров. Денеска се одржаа свечени приредби за првачињата во пет основни училишта. Градоначалникот Александар Наумоски присуствуваше на првиот училишен час во ООУ ,,Тихомир Милошевски” во с.Ново Село кој им посака топло добредојде и многу успех на првачињата.-Овој ден е посебен за првачињата. Иако сте возбудени, овој ден ќе го паметите цел живот. Тука ќе ви се случуваат најубавите работи.Тука ќе учите, ќе стекнувате знаење, тука ќе градите пријателства кои ќе би траат низ целиот живот,  а ние заедно со родителите и наставниците ќе се погрижиме да имате безгрижно детство.Морам да признаам дека јас а се надевам дека и сите родители  секојдневно се изненадуваме од нашите деца, од нивните знаења, порака до  наставниците е да ги откријат и сите нас да не направат горди.Апелирам и до сите вработени да ги прифатат сите деца, без разлики и секое да се чувствува безбедно и прифатено во новата средина, истакна Наумоски честитајќи им го првиот училишен ден на првачињата.Училштата продолжуваат со работа, а утре прием на првачиња ќе се изврши и во ООУ ,,Мирче Ацев” .

Скопје | пред 6 години

MAD_3144-Copy

Отстранети 120 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (26.08 - 01.09.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 120 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 49 се отстранети од зонските паркиралишта, а останатите 71 возило се по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, на велосипедска патека, на пешачки премин, на тротоар, на зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице. Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 305 возила, поради нерегулирано паркирање, поточно, за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 49 возила се отстранети со пајак-службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Скопје | пред 6 години

Bul-Krste-Misirkov-rekonstruiran-5

Заврши реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков

Со ноќно бележење на сообраќајна сигнализација заврши реконструкцијата и на другата страна на булеварот Крсте Мисирков кај Бит-Пазар во општина Чаир. Екипите на Град Скопје работеа со засилено темпо на реконструкција на булеварот и со градежни активности во текот на вечерните часови со цел избегнување на сообраќаен метеж, а целосната реконструкција заврши во најбрз можен рок.Булеварот Крсте Мисирков за 15 дена е целосно и темелно реконструиран во должина од 1.350 метри во двете насоки, на потегот од крстосница кај Судска Палата до клучката Бит-пазар.Град Скопје продолжува со интензивните градежни активности за реконструкција на градските улици и булевари во рекордно кратки рокови, а граѓаните добиваат квалитетни и безбедни сообраќајници. Во наредните денови се очекува завршување на реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин. 

Скопје | пред 6 години

soob-1

Во Скопје за три дена се случиле 23 сообраќајки, повредени се 14 лица

Во изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје се случиле 23 сообраќајни несреќи, во кои со телесни повреди се здобиле 14 лица.Според денешните информации од СВР Скопје 110 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај се исклучени 80 возачи и тоа 29 кои управувале возило под дејство на алкохол, 44 пред да се стекнат со право на управување, а седум возачи почетници. Полицијата исклучила од сообреаќај и 51 возило, од кои 39 биле не регистрирани, а 12 технички неисправни.Пајакот подигнал 80 возила кои биле не прописнхо паркирани.За не користење заштитен шлем односно кацига, полицијата казнила 30 возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл.

Скопје | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Заев има време за рекет, за прием на трговци со марихуана, за наместени тендери, но не и за решавање на проблемите во образованието

Наместо почетокот на учебната година да биде свечен ден, ден кој ќе го паметат сите првачиња и нивните родители, почетокот на школската година заради неспособната и расипничка власт на Зоран Заев е обележан со неизвесност, штрајкови, притисоци, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Пораката што ја добиваат сите ученици во основните и средните училишта, нивните родители, роднини, но и студенти кои својата иднина ја гледаат во образовниот процес е дека Македонија е загубена држава со корумпирана власт која не може да обезбеди ниту минимални услови за пристоен живот.Пораката која Заев ја испраќа до нив е дека тој има време за рекет, за прием на трговци со марихуана, за наместени тендери но не и за решавање на проблемите во образованието.Заев испраќа порака дека ако треба ќе продава и име и идентитет за да остане на власт но нема намера да обезбеди пристојни плати за наставниците, ниту пристојни училишта и училници за учениците.Власта ветуваше нови училишта и инвестиции во образованието. Но ништо од тоа нема. Две години училиштето во Башино Село, велешко стои руинирано, нефункционално, иста е ситуацијата и со училиштето „Страшо Пинџур“ во Карбинци, во субстандардни услови учат и учениците во училиштето „Димитар Македонски“ во Лисиче, за сите овие училишта власта ветуваше дека ќе ги реновира, но три години веќе со прст нема мрднато.Ситиацијата во образованието никогаш не била полоша. СДСМ нанесува само штета. СДСМ мора да си замине за работите во образованието да тргнат на подобро, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања