Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

received_486342958829900-670x503

Рано утрово целосно изгаснат пожарот во Катланово

Против пожарната служба од Скопје, преку социјалните мрежи информираше дека пожарот во Катланово е целосно изгаснат во 5:50 часот на сите позиции.„Пожарот во Катланово целосно изгаснат во 05-50 на сите позиции . Благодарност до ПП екипата на ОКТА за помошта и логистиката “ - напишаа пожарникарите на социјалните мрежи.

Македонија | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Полицијата го уапси убиецот кој со нож уби жена во Гостивар - еве ги деталите

Уапсен гостиварецот кој вчера уби жена, а се обиде да убие и уште две лица поради паричен долг. СВР Тетово поднесе кривична пријава против 46-годишниот Ѓ.Д. кој се сомничи за кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“.Тој е лишен од слобода вчера во 5.40 часот по преземени мерки и активности од полициски службеници од Полицијата во Гостивар.Пријавениот на 01.09.2019 после 3 часот во стан во зграда на ул. Илинденска во Гостивар со употреба на нож ја усмртил С.Т. (78) и се обидел да ги усмрти и С.Р. (54) и Б.Р. (60), поради наводен паричен долг од Б.Р. кон Ѓ.Д..

Македонија | пред 6 години

katitsa-janeva

Продолжува постапката - Пратениците го чекаат извештајот за разрешување на Јанева

Во собраниска процедура од денеска се очекува да влезе извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.Новоизбраниот претседател на Советот, Ацо Колевски потврди дека уште во четвртокот до законодавниот дом бил испратен извештајот дека се исполнети условите за почнување постапка за разрешување на Јанева.Според собраниската процедура, претседателот на собраниската Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, треба да закаже седница на која ќе се одлучува за разрешувањето на Јанева.Тој во петокот изјави дека штом го добие извештајот ќе пристапи итно во насока на забрзување на постапката.Се уште не се знае дали за него комисијата ќе расправа зад затворени врати или на јавна седница. Можноста за разгледување зад затворени врати, како што посочуваат од законодавниот дом, е поради сензитивноста на судските истраги кои се уште се во тек.

Македонија | пред 6 години

received_486342958829900-670x503

ВИДЕО: И натаму гори кај Катланово, пожарот се шири кон автопатот и не е локализиран

Пожарот кај Катланово пламнува до автопатот Скопје-Велес. Густиот чад се шири до автопатот, со тоа, намалена е прегледноста на возачите. Командирот на Противпожарната бригада, Владимир Симоновски за „А1он“ вели дека пожарот кај Катланово не е локализиран, но дека интервенираат седум противпожарни возила, кои работат на тоа. Пожарот дополнително го шири слабиот ветер.Симоновски вели дека нема опасност за околните објекти и бензиската пумпа и очекува огнената стихија набргу да биде изгасната.Пожарот кај Катланово избувна пред еден час. По пријавата во Противпожарната бригада, на терен излегле две екипи, а потоа, по побарано засилување се приклучиле уште пет возила. 7 возила

Македонија | пред 6 години

4786597C-0F56-4CD7-83A0-AC08B3E39DE4

ВИДЕО: Голем пожар во близина на Велес, се шири кон куќите

Опожарени ниви на патниот правец Скопје-Битола, во близина на Велес ги вознемирија возачите. Пожарот зема замав поради ветерот, а на терен има само едно противпожарно возило.Информациите од терен говорат дека пожарот се шири кон населеното место, односно во близина на куќите, а тоа се забележува и од автопатот. 

Македонија | пред 6 години

policija-123

Пијани лица пуштале гласна музика, кршеле чаши и шишиња на улица

На 01.09.2019 околу 02,00 часот во Полициската станица Гази Баба Д.И.(36) од Скопје пријавил дека на улицата “520“ во населбата Керамидница неговите соседи го нарушиле јавниот ред и мир со пуштање гласна музика и кршење чаши и шишиња на улицата. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и приведени биле четири лица, кои биле под дејство на алкохол и продолжиле со нарушување на јавниот ред и мир. Против нив се поднесени соодветни пријави и околу 06,30 часот биле пуштени да си одат. Околу 12,00 часот во дворот на Д.И. дошле две лица (негови соседи) кои ја турнале В.И.(66) мајка на Д.И. и се обиделе да го нападнат Д.И., но не успеале во намерата. Се работи на расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

pozar-kola

Во опожарено „застава југо“ пронајден починат 49 годишен маж

На 31.08.2019 во 07.30 часот било пријавено дека во с.Полаки, кочанско, во опожарено патничко моторно возило „застава југо“ со штипски регистарски ознаки, бил пронајден починат Т.К.(49) од Кочани. Извршен е увид и  телото по наредба на јавен обвинител на починатиот било предадено на обдукција.

Македонија | пред 6 години

kursum-645x360

Скопјанец погоден во левата нога од залутано зрно

На 31.08.2019 во 20.40 часот А.И.(36) од Скопје пријавил дека на езерото „Треска“, во с.Сарај, скопско, бил погоден во  левата нога од залутано зрно. На А.И. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била констатирана телесна повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

tepa-zena

Валандовчанец нападнал вработена во угостителски објект во Охрид

На 31.08.2019 во 21.40 часот било пријавено дека во угостителски објект во Охрид, И.С.(39) од Валандово физички ја нападнал И.Д.(30) од Скопје вработена во објектот. И.С. бил приведен и сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл. 12 од ЗППЈРМ.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Со автомобил удрил во три лица на возраст од 18 години, со кои претходно се расправал

На 01.09.2019 во 03.35 часот во Тетово на ул.„Маршал Тито“, пред угостителски објект, С.Ј. (26) од Тетово со патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во три лица на возраст од 18 години, со кои претходно се расправал. Тројцата биле пренесени во Клиничката болница Тетово, каде им биле констатирани телесни повреди. Во 04.45 часот С.Ј. и сопатничката А.М.(23) од Тетово биле пронајдени од полициски службеници на ул.„Кузман Јосифовски Питу“ и приведени. При приведувањето А.М., која била под дејство на алкохол, нападнала полициски службеник. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

policija-3

Нарушени меѓусоседски односи, причина за две тепачки

На 31.08.2019 во 19.30 часот било пријавено дека на ул.„Волт Дизни“ по претходна вербална расправија околу нарушени меѓусоседски односи бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.Н.(33), Ѓ.Б.(43) од една страна, и  Р.Џ.(31), Р.Н.(36), од друга страна. Во 21.30 часот било пријавено дека на истата улица повторно бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка меѓу членови на истите семејства односно помеѓу Б.Н.(45), Ѓ.Б.(43) и Б.Е.(21), од една страна, и  Р.Џ.(31) и Р.Ф.(50), од друга. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

Скопје | пред 6 години

kursum-645x360

Над ветробранското стакло од неговиот автомобил забележал залутано зрно

На 31.08.2019 во 15.20 часот Ј.Д.(19) од Крива Паланка пријавил дека на ул.„Лондонска“, над ветробранското стакло од неговото возило „голф“, забележал залутано зрно. Извршен бил увид.

Скопје | пред 6 години

tepacka-222

Нападнати малолетник и маж, причина недоразбирање околу сообраќајот

На 01.09.2019 во 06.00 часот Д.К.(47) од Скопје пријавил дека околу 03.00 часот на ул.„Мајаковски“ бил физички нападнат од 17-годишен малолетник и А.Ѓ.(45) од Скопје. Според пријавеното, причина била претходна меѓусебна расправија во врска со недоразбирање околу сообраќајот. Сочинети се записници за констатирани прекршоци по чл.11 и чл.12 од ЗППЈРМ.

Македонија | пред 6 години

motorna-pila

Се повредил сечејќи дрва со моторна пила

На 31.08.2019 година околу 10.20 часот во Медицинскиот центар Гостивар бил донесен З.С.(42) од с.Падалиште, гостиварско. Имено, според пријавеното, околу 08.30 часот додека сечел дрва со моторна пила во атар на с.Ќафа, гостиварско, тој се здобил со повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар. 

Македонија | пред 6 години

0000traktor

Жена починала откако се превртеле со трактор со приколка

На 01.09.2019 во 10.40 часот било пријавено дека во атарот на с.Рапеш-Мариово додека Б.Т. и неговата сопруга Ш.Т.(49) се превезувале со трактор со приколка, приколката се превртела, при што Ш.Т. починала на местото на настанот. Известен е јавен обвинител. 

Македонија | пред 6 години

pozarna

Пожар во силос во фабрика

На 01.09.2019 во 03.30 часот било пријавено дека во Виница на бул.„Маршал Тито“ настанал пожар во силос во фабрика. Од екипи на Територијалните противпожарни единици Виница и Кочани се преземаат мерки за гаснење на пожарот. Повредени лица нема.

Македонија | пред 6 години

pozarna

Пожар на терасата на детска хематологија

На 31.08.2019 во 20.40 часот било пријавено дека на тераса на детска хематологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ настанал пожар. Околу 21.10 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот бил целосно изгаснат. Во пожарот нема повредени лица.

Скопје | пред 6 години

pistol_001

На свадбата од својата ќерка пукал од сигнален пиштол, пиштолот е одземен

На  01.09.2019 во ПС Битола е повикан Ж.А. (47), за  кој е пријавено дека  на 31.08.2019 околу 15.30 часот за време на свадбена свеченост на неговата ќерка пукал од пиштол. З.А. изјавил дека пукал од сигнален  пиштол, кој го поседувал без дозвола. Пиштолот е одземен  и во координација со ОЈО ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

BigMike

(ВИДЕО) Биг Мајк најави од 30 до 40 илјади работни места во Македонија, вели земјата има неверојатни капацитет за бизнис со канабис

Мајк Штрауметис познат како Биг Мајк, или Инстаграм кралот на марихуаната кој еден од најголемите производители на канабис во светот преку видео најави дека возможно е да се отворат од 30 до 40 ијлади работни места во земјава во следните две до три години.Тој вели дека премиерот Зоран Заев ја согледал можноста и сфатил дека од канабисот може да се подобри економијата.– Земјата има неверојатни капацитет за бизнис со канабис, и тоа како ниту една друга земја во Европа. Воодушевен сум и од луѓето кои ги запознав. Тие се навистина работлив народ и овој бизнис за нив е голема шанса – вели Мајк.Инаку Биг Мајк, пред два дена ја напушти земјава, но најави дека повторно ќе дојде за да се допрецизираат бизнис плановите за кои разговараше со владини претставници.Мајк е сопственик на компанијата „Адвенс нутриентс“ која годинава слави 20 години од своето постоење. Тој на 23 години влегува во бизнисот во САД, по што повеќе од една деценија, како што пишуваат медиумите, бил во бегство со седум различни идентитети. Од 1996 година влегува во Канада, каде што ја отвора својата компанија „Адвенс нутриентс“. Таа е број еден компанија во светот за продажба на хранливи продукти специјализирани за канабис, со 90 милиони американски долари годишно во продажба во повеќе од 93 земји. https://www.instagram.com/p/B1yDwjLBtqU/

Македонија | пред 6 години

pilesko-meso

Албанија забрани влез на 27 тони пилешко месо од Бразил

Албанската Агенција за контрола на храна забрани влез на 27 тони пилешко месо увезено од Бразил.-При контрола од страна на инспекторите за храна во пристаништето Драч, откако беше констатирано дека е небезбедно за консумирање блокирани се 27 тони пилешко месо со потекло од Бразил, а наменето за албанскиот пазар. Пратката имаше невалиден ветеринарен сертификат, како главен документ за безбедност на производот, соопшти Агенцијата, објави (МИА)Деновиве Агенција за контрола на храна забрани влез на вкупно 387,1 тони свинско и пилешко месо увезени од Бразил, од Канада и од Кипар и беа вратени назад во земјата на потекло. Од вкупното количество 53 тони беа со крајна дестинација Косово.Албанската агенција за храна врши ригорозна контрола на месото бидејќи честопати трговците увезуваат месо кое е проблематично за исхрана. Оваа институција, исто така врши и голема контрола во кланиците во Албанија. (МИА)

Свет | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Имаме информации за злоупотреби на европските фондови, но и на друг вид на злоупотреби од страна на високи функционери на СДСМ

Новинарско прашање: Освен не реализирањето на буџетот немањето на капитални инвестиции постојат информации дека во владата на СДСМ има злоупотреба на парите од европските фондови, имате ли вие вакви информации?Одговор на Христијан Мицкоски: Имаме информации за злоупотреби меѓу другото и на европските фондови но истовремено имаме информации и за друг вид на злоупотреби од страна на високи функционери на СДСМ и не само во владата, туку и во институциите надвор од владата. Се проверуваат луѓето кои што сведочат кои што ги доставуваат тие информации, се разбира одговорно ги препраќаме кон соодветните институции, во случајов тоа е државното Јавно обвинителство. Но доколку видиме дека долго време ќе нема реакција од државното јавно обвинителство, тогаш како одговорна политичка партија имајќи предвид на јавниот интерес сите овие информации ќе ги споделиме со јавноста.Новинарско прашање: Како ќе го прокоментирате изборот на новата Министерка за финансииОдговор на Христијан Мицкоски: Јас тоа го прокоментирав и кроз еден мој статус на социјалните мрежи. Навистина не можам да се изначудам на нејзината храброст да биде потписник на желбите на дуото Заев и Анѓушев, а се со цел да остане што подолго оваа политичка каста која што ја втурна Македонија онаму каде што денеска се наоѓа понижена, омаловажена, опустошена и осиромашена. Доколку го погледате портфолијото лично односно биографијата на новата министерка јас не можам ништо посериозно да истакнам, да потенцирам со што можам да кажам дека очекувам додадена вредност за работењето во министерството за финансии или пак додадена вредност во буџетот на Република Македонија, сосема спротивно очекувам доколку не и било јасно до сега ќе и стане набргу јасно, за каков апологет треба да биде за периодот што следува, кога ќе треба да стави потпис на оној проект кој што принцот на политичкиот криминал го подготвува, а тоа е оној проект за изградба на Клинички центар од половина милијарди евра, па потоа сето она останато што следи до издавање на еврообрвзница, имајќи предвид  дека некаде на почетокот на следната година 2020-та имаме 155 милиони евра кои што треба да ги треба да ги вратиме во јануари месец, кон крајот на годината имаме уште поголем, некаде 185 кон крајот на годината тоа се само долгови кои што ги имаме кон странство, финансирање на буџетскиот дефицит. Така што предизвиците на кои што јас сум убеден дека нема да имаме брилијантни решенија туку ќе имаме потпис на штетните желба политики и куфер политики на Зоран Заев и Кочо Анѓушев ќе бидат секојдневие во министерството за финансии.Новинарско прашање: Господине Мицкоски, премиерот вели дека оптимист кога станува збор за донесувањето на законот за јавното обвинителство, на брифинг со новинарите кажа дека ќе се откаже од оној План Б, доколку не, ќе се оди на некој пржински формат на разговори.  Во каква фаза се преговорите, воопшто преговарате ли со СДСМ за законот за јавно обвинителство и дали неговиот оптимизам можеби се базира на ваша подготвеност за отстапки од позициите кои што ги наместивте во преговорите?Одговор на Христијан Мицкоски: Толку невистини се слушнати на тие брифинзи, официјални и неофицијални, така што можеби човек и не треба да ги коментира, но во интерес на јавноста и во интерес на функцијата нели на Зоран Заев потребно е да дадеме одговор и на таков тип невистини како што беа голем број невистини на тој искажан на тој последен негов брифинг. Но што се однесува до законот за Јавно обвинителство вистина е дека се преговара дека работните тимови преговараат работат да оставиме простор да одговорите течат. Кога ќе имаме нешто поконкретно тоа ќе го соопштиме на македонската јавност. Истовремено и за сите оние закони за кои што ВМРО-ДПМНЕ имаше сосема спротивни мисле3ња во однос на мислењата кои што ги имаше СДСМ.Новинарско прашање: Како го коментирате вие Планот Б доколку не се постигне договор?Одговор на Христијан Мицкоски: Планот Б е правно погрешен и тоа е само во услуга на неправдата, односно се прави услуга на неправдата во Република Македонија. Јас навистина жалам што министерката за правда на моменти се претвора во министер за неправда и човек толку полн со омраза и гнев кон ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата јас не сум сретнал досега дури и да бил тоа висок претставник или активист од редовите на СДСМ, што во секој поглед гледа да ги минира преговорите конкретно за законот за јавно обвинителство и практично таа е основната пречка што можеби досега тие преговори не завршија. Бидејќи нашата позиција е јасна и се темели на право и обезбедување на правда и правдина безусловна за сите во Република Македонија без разлика на политичката припадност, без разлика дали се тоа од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ДУИ или други политички партии. Тој што се огрешил пред законите и се посрамотил пред граѓаните треба да сноси одговорност низ еден фер, транспарентен судски процес за да има можност да се докажува дали е виновен или невин. И на крајот од тој судски процес ќе има конечна одлука. Додека пак нејзината позиција е исклучиво политичка со една цел пресметка со ВМРО-ДПМНЕ. Во такви услови ние не можеме да ги доближиме ставовите. Кога ќе збориме за право, и кога ќе збориме за закони, кога ќе збориме за Устав, правдина без исклучок, тука сме и подготвени сме да се договориме. Но политички договор за правно прашање ќе ни се случат ситуации кои што ни се случија, куферчиња, рекетирања и слично. Ние мора да најдеме правно решение за правен проблем.Новинарско прашање: Дали сте оптимист дека ќе го најдете, извини не успеав да ве сватам и од двата одговори, има ли оптимизам кај Вас дека ќе се најде решение?Одговор на Христијан Мицкоски: Јас не би зборувал со речникот има или нема оптимизам. Јас бев прилично јасен и прецизен и реков, работните тимови преговараат. Нашата позиција е принципиелна, се темели на почитување на Уставот, законите во насока и во согласност со правото и правдина без исклучок за секого.Новинарско прашање: Рокот којшто нели до 15 септември функционира мандатот на обвинителите во СЈО истекува за скоро, за две недели. Токму затоа се прашањата дали има оптимизам, дали воопшто има и реална заложба да се донесе некакво законско решение со оглед на тоа што многу долго се  преговара, а сега остана уште многу малку време?Одговор на Христијан Мицкоски: Јас на прес-конференција токму овде, во оваа просторија ги презентирав во неколку наврати принципите на ВМРО-ДПМНЕ и до сега, ниту од експертската ниту од политичката јавност не бев демантиран дека нешто од тоа што го презентирав не е во согласност со законите, уставот и дека не е правда. Ниту во еден момент не бев демантиран од никого. Напротив голем дел луѓето од експертската фела го поздравија сето тоа и изразија поддршка, што јавно, што лично. Тоа само ме охрабрува дека нашата позиција е принципиелна и е во насока на почитување на Уставот и законите и обезбедување на неселективна правда. Доколку постои вистинска намера од другата страна бидејќи сега веќе не станува збор за конструктивна опозиција туку да видиме дали власта е конструктивна. Доколку од таа страна постои вистинска намера за договор, тој ќе беше најден многу одамна. Но за жал до овој момент ние имаме политиканство што се темели на реминисценција на некои минати времиња. Треба да заборават дека веќе Преторијанци во редовите на ВРМРО-ДПМНЕ нема и ние преговараме исклучиво на факти и аргументи.Новинарско прашање: Значи Вие нема да отsапите од вашите линии и она што го кажувавте?Одговор на Христијан Мицкоски: Компромис со правото, законите и Уставот нема.Новинарско прашање Премиерот Заев порача дека предвремени избори многу се мали шансите да има, затоа што ќе сме имале огромни резултати, датум за членство во ЕУ и членство во НАТО. Очекувате ли Вие предвремени избори?Одговор на Христијан Мицкоски: Да, ја слушнав таа изјава и таа изјава се темели на три столба. Првиот столб е преговори со ЕУ, влез во НАТО и силна економија и тогаш опозицијата немала никакви шанси. Во неговата изјава во два дена видов две различни тези. Првата е дека нема шанси за предвремени избори, а втората е дека кога и да има избори опозицијата нема шанси ако се исполнат овие три критериуми. Еве јас ја користам оваа прилика да го повикам да се охрабри, бидејќи има анкета ја презентирал ја бифирал пред новинарите на тој брифинг дека водат. Еве, да се охрабри и веднаш да го распуштиме парламентот и јас му ветувам дека ќе работиме заеднички, доколку не победат на тие избори, да Македонија ќе дадеме се од себе да добие датум, да влеземе во НАТО, да имаме подобра економија итн, ако после тие избори ВМРО-ДПМНЕ остане во опозиција. Еве, нека се охрабри и тој. Нема потреба од брифирање, нема потреба од лажно храбрење. Но, јас го разбирам. Јас го разбирам зошто тоа го прави. Зоран Заев е притиснат внатре, веќе никој внатре нема доверба во неговите политички чекори. Затоа што знаат дека ги води во бездна и СДСМ и веќе се создава сериозна раслоеност внатре во СДСМ и него му беше потребна еден ваков ПР чекор за да ја зајакне дисциплината внатре во СДСМ лиферувајќи една ваква “желба – анкета” би ја нарекол, која што е далеку од реалноста. Реалноста е дека во овој момент доколку се одржат парламентарни избори, еве држете ме за збор, разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ би била повеќе од 100 илјади разлика во корист на ВМРО-ДПМНЕ. И тоа тој го знае. Тоа го знаат сите разумни луѓе во раководството на СДСМ и токму тоа е причината, а не приватизирање на процесот и индиректно инволвирање на целокупната меѓународна заедница во насока на продолжување на политичката кариера на овие криминогени, измамнички структури, кои што се дел од политичката каста што владее денеска со Република Македонија. Ајде охрабрете се, да излеземе на избори уште веднаш, оној којшто ќе победи, ако е така, ако имаме 3% тоа значи дека се повеќе од 55 илјади разлика, ќе победат убедливо и така натаму, ајде да формираме техничка Влада, да одиме на избори и потоа тој што ќе биде поразен да му подаде рака на противникот. Но, реалноста е 100 илјади разлика во корист на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ. Тоа е основната причина. Каков датум, какво НАТО, какви економски политики. Еве ги гледаме економските политики кои се.Новинарско прашање: Постојат шпекулации дека постои сценарио за предвремени избори, односно техничка Влада кон крајот на декември годинава, а изборите да се одржат на март или април?Одговор на Христијан Мицкоски: Јас не би ги коментирал тие шпекулации. Јас бев доволно прецизен и јасен, избори веднаш се потребни за да Македонија и тргне. Затоа што потребна е најпрвин обнова на Македонија, а потоа и развој. Ова што е денеска секојдневие, нити има некаква врска со обновата, нити пак ќе има некаква основа да се развива нашата татковина Република Македонија. 

Македонија | пред 6 години

vucik

(ВИДЕО) Вучиќ: Додека сум жив, нема да има преодни влади, туку само влада на народот, овде нема да има никаков Боки 13

Српскиот Преседател и лидер на СНС, Александар Вучиќ,на  партиска седница предизвика вистинска еуфорија меѓу членството. Тој рече:,,Додека сум жив, нема да има преодни влади, туку само влада на народот, народот ќе одлучува кој ќе биде влада. Додека сум жив нема да одредуваат криминалци кој ќе биде на власт, овде нема да има никаков Боки 13“-рече Вучиќ .Овој дел  од говорот на Вучиќ е на 51 минута од неговото излагање.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

УЈП и натаму тресе три фирми на Боки 13

Управата за јавни приходи пред една недела соопшти дека ќе почне да ги чешла фирмите поврзани со случајот „Рекет“, односно, дека ќе го проверува работењето на фирмите „БМЈ медиа груп“, „Меѓународен сојуз“ и телевизијата „1 ТВ“.Во интервју за „Слободен печат“, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, открива детали во врска со контролите во фирмите поврзани со случајот „Рекет“, за апликацијата МојДДВ, повратот на ДДВ, сузбивањето на сивата економија.-Управата за јавни приходи одлично комуницира и се координира со сите сродни институции, вклучувајќи го и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. По однос на случајот популарно наречен „Рекет“ сакам да истакнам дека УЈП постапува согласно законот и колку некои и да сакаат да прикажат дека сме анемични во овој случај, тврдам дека не сме неми набљудувачи од страна. УЈП и претходно вршела контроли, а по информациите кои излегоа во јавност, самостојно влеговме во контрола на фирмите кои што се посочени во случајот популарно наречен „Рекет, вели Лукаревска.

Македонија | пред 6 години

ohrid-gubre-8

ВИДЕО: Туристите натрупаа 300% повеќе ѓубре од вообичаеното во Охрид и Струга

Големиот број на туристи со себе донесе и поголеми количини на смет кои јавните коминални претпријатија во Охрид и Струга ги собираа во текот на главната туристичка сезона. Комуналците работеле и во три смени за да двата туристички центри бидат чисти.„Можам да кажам дека поради сообраќајниот метеж кој настана поради гужвите, движењето на механизацијата на ЈП беше лимитирано, односно брзината на движење на возилата низ градот, па затоа можеби од време на време имаше слика на полни контејнери меѓутоа онака како што е предвидено значи во центарот да се празнат контејнерите во три смени, сето тоа успевавме да го сработиме“, рече Љупчо Грданоски-директор на ЈП Охридски комуналец.„Имаме две до три локации каде не можевме во текот на пладневните часови да дејствуваме со сопствената механизација и тоа го правевме во ноќните и утринските часови. За жал позади хотел Београд има еден тунел и таму навистина не можевме редовно да влегуваме двапати до трипати затоа што тој дел на градот е закочен со паркирани возила, а во делот на чаршијата поради обемот на луѓе кој се движеше“, рече Иван Клечкароски- директор на Комунално Струга.

Македонија | пред 6 години

Benzinski-pumpi-9

Од утре нови цени на горивата - покачување или намалување?

Регулаторната Комисија за Енергетика утре на пладне ќе ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.Минатата недела немавме промена на цените на бензините.Цената за еден литар еуросупер-95 остана 66.50 денари литар. Еден литар еуросупер-98 чини 68.50 денари.Мало зголемување имаше кај цената на дизелот – и тоа за половина денар. Соодветно на тоа еден литар еуродизел се продава по 61.00 денар.Дали не очекува зголемување или пад на цените на горивата утре ќе знаеме .

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања