Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

2

Пожарникари го спасуваа папата Франциско

Папата Франциско изјави дека 25 минути денеска бил заглавен во еден од ватиканските лифтови, поради што морале да интервенираат пожарникарите.Поради дефект на лифтот, Папата задоцнил на попладневното обраќање пред верниците на плоштадот Свети Петар, по што им се извини на собраните, пренесе „АП“.Папата побара од верниците да ракоплескаат за пожарникарите кои пристигнале за да го спасат од непријатната ситуација.

Свет | пред 6 години

DSC_0500

Османи: Мора да има компромис за формирањето на новото СЈО

Јас сум оптимист дека ќе се најде компромис за законот за јавно обвинителство и ќе се донесе со консензус помеѓу сите политички партии. Мислам дека разликите меѓу главните политички партии од македонскиот блок не се ненадминливи, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.Тој додава дека е потребна сериозна политичка волја и седнување на маса со цел да се надминат тие разлики.-Сè што е во рамки на црвените линии коишто и ЕУ ги поставува, меѓутоа и ние како Влада, а тоа е дека треба да има институција која се справува со криминал на високо ниво и дека сите случаи, дали од прислушувањата, дали надвор од прислушувањата, за коишто има индиции, треба да се расветлат во една судска процедура. Сè во рамки на овие граници мислам дека има простор за компромис и јас сум оптимист дека ќе се најде компромис за законот за јавно обвинителство и ќе се донесе со консензус помеѓу сите политички партии, вели Османи.

Македонија | пред 6 години

minister-za-obrazovanie-arbr-ademi_22

Адеми: Не може секој да се запишува и да завршува факултет

Нема да се прифаќаат документи за упис на факултет со положена училишна матура, туку само со државна матура, како што наложува Законот за високо образование, дециден е министерот за образование и наука Арбер Адеми откако група матуранти собираа потписи да се направи отстапка  оваа година зашто не биле информирани дека со законот државната матура е единствено прифатлива да продолжат во високо образование.– Законот кажува дека само со положена државна матура средношколците може да стекнат статус на студент.  Во вакви услови од нас се бара доследно да ги применуваме законските прописи и тие мора да се почитуваат. Постојано зборуваме дека бројот на студенти е огромен. Јавноста со право критикува што правиме и каде одиме. Целта е да предивидиме строги критериуми за запишување на факултет. Секој средношколец се запишува на факултет, секој завршува факултет. Се залагаме да ги зацврстиме условите за стекнување на статусот студент, но и за дипломирање во високото образование, додаде Адеми на прес-конференција која беше посветена на почетокот на новата учебна година.

Македонија | пред 6 години

mickoski

Дескоска ги минира преговорите за иднината на СЈО, тврди Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека гневот на министерката за правда, Рената Дескоска, е основната пречка што преговорите за Законот за јавно обвинителство не се завршени. Тој вели дека неговата партија се залага за правда, а Дескоска за политички договор.„Навистина жалам што министерката за правда на моменти се прерава во министерка за неправда. Толкав гнев кон ВМРО-ДПМНЕ јас не сум сретнал. Таа во секој поглед гледа да ги минира преговорите. Таа е основната пречка е што тие преговори не завршија. Нашата позиција е јасна а тоа е правда и правдина без разлика на политичката припадност. Тој што се огрешил пред законите, тој треба да сноси одговорнсот низ фер судски процес. Позицијата на Дескоска е политичка и има за цел пресметка со ВМРО-ДПМНЕ. Затоа не можеме да ги доближиме преговорите. Политички договор за правно прашње ќе донесе куферчиња, рекетирање и слично. Доколку постои намера за договор, тој ќе беше најден до овој момент. Ние преговараме со факти и аргументи“, вели Мицкоски.Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тие ќе остават простор за договор. Мицкоски потенцираше дека планот „Б“ кој го презентираше Десковска е потрешен и ќе донесе неправда.„Вистина е дека се преговара за законот за јавно обвинителство. Ќе оставиме простор за преговорите да течат. Истовремено се преговара и за законите за кои ВМРО-ДПМНЕ имаше поинакви мислења од СДСМ. Планот Б е правно погрешен и тој може да направи услуга на неправдата.

Македонија | пред 6 години

amerikanci

(ВИДЕО) Американци за прв пат јадат македонско јадење - еве ги нивните реакции

Невладината организација „Link Across Macedonia”, направи експеримент, на американци  им даде да пробаат македонски  главни јадења, десетри, но и пијалоци. На менито се најдоја: ајвар, бурек со месо, сарма, кукурек, шопска салата, слатко од смоква, тавче гравче, пастрмајлија, прилепски ширден, мусака, чкембе чорба, сутлијаш,Кумановска тава,... газоза, боза, еклери, индијанки...Љубопитните америкаци искрено одговараат. Од некои јадења побараа „Репете“, но нимаше и коментари од типот, ова никогаш не би им го дала на моите деца.Едно е сигурно, сите имаме различни вкусови, но сепак за нас Македонската кујна е НАЈВКУСНА.Погледнете ги реакциите на Американците: 

Магазин | пред 6 години

gdu

ГДУ во целост ги поддржува напорите на СОНК во нивната намера да организираат предупредувачки штрајк

Граѓанско Демократската Унија во целост ги поддржува напорите на СОНК во нивната намера да организираат предупредувачки штрајк со почетокот на школската учебна година, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.Како што духовито забележува еден твитерџија – Еден наставник треба да работи 300 години да ги земе парите од патните трошоци на Силвана Бонева – Ние би додале, а ако ги додаме и оние од Мира Дизел...Секоја „владина гарнитура” помпезно најавува некакви реформи во образованието кои најчесто се од бирократски карактер – наставниот кадар во моментов е во категоријата „даватели на услуги во јавен сектор” – што и да значи ова, само ја потврдува безидејноста и сувопарноста на „реформаторите” кои сѐ уште не можат да ги видат потребите ниту на учениците,ниту на наставниците.Оттука, ние во ГДУ не само што му сугерираме на ресорното министерство да види колку се платени просветните работници во регионов, туку му обрнуваме внимание и на неприфатливиот статус на истите во рамките на државните/јавните службеници.Министерството не стори никаков напор за соодветно хармонизирање на законодавстото туку и понатаму функционира како самодоволен организам кој е далеку од својата основна функција.Затоа, со чесни исклучоци, македонската јавност може да прочита дека се затвораат училишта во Хрватска, но за оние кои се затвораат во Македонија – како во Велес на пример, таквите вести не соодејствуваат со општиот блесок на напредок, веројатно.Почетокот на учебната година не e повод за организирање „шпалири", „фото сесии" за „првенците на локалните самоуправи" и слични соцреалистични „пригодни настани".Разочарувачки, но, „реформите” во образованието се сведуваат на оставката на заменик министерот и познатата фраза – учениците ќе ги добијат учебниците до крајов на годината. - Веруваме дека за многумина во земјава ова е нептифатливо, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.  

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

20 убоди со нож за долг од 1.500 евра? - жена убиена, а две лица сѐ уште во животна опасност

Лекарите сѐ уште се борат за животот на двајцата сопружници од Гостивар, хоспитализирани на скопските клиники, на чии тела има повеќе убодни рани од нож, дознава Алсат од роднини на повредените.Потсетуваме дека во нападот, што се случи доцна синоќа, 78 годишна жена им подлегна на повредите. Полицијата веќе имиа приведено еден осомничен, а како што неофицијално се дознава, мотив за убиството е нерасчистен финансиски долг помеѓу семејството на настраданите и напаѓачот.

Македонија | пред 6 години

69564448_398809110827976_4727826907683356672_n

Министерот Самка Ибраимоски споделил штрк за да му донесе среќа

Министерот Самка Ибраимоски на социјалните мрежи споделил штрк за да му донесел среќа.На социјалните мрежи граѓаните со потсмев, но и со гнев се прашуваат какви кадри ја владеат државата и на кого сме препуштени да ни ја крои иднината и секојдневието.На фотографијата која ја споделил за „среќа“ Ибраимоски пишува и дека треба да почека и да види шо ќе му се случело неделава.„Можеби ќе имаме среќа да дојде некој штрк во Влада и да го однесе“ - е еден од коментарите на ФБ.

Македонија | пред 6 години

skolo

СОНК: Утре ќе има предупредувачки штрајк во училиштата, доколку барањата не се исполнат од октомври ШТРАЈК

Наставниците утре нема да ги примат децата во училиштата. Од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) велат дека ќе си стојат на зборот и дека од утре го започнуваат предупредувачкиот штрајк бидејќи се незадоволни од покачувањето на платите за 5 отсто. Додаваат дека доколку до крајот на септември не се исполни нивното  барање, во октомври ќе излезат на штрајк.„Сите наши членови ќе дојдат на работа, ќе бидат во една просторија додека трае работниот ден, но нема да ги прифатат децата кои ќе дојдат на училиште. Ова ќе биде предупредувачки штрајк. Од вторник наставниците ќе одржуваат настава, но бараме преговори со Владата за исполнување на нашето барање за покачување на платите на просветните работници за 25 отсто“, истакна на денешната прес конференција Јаким Неделков, претседател на СОНК.Спротивбо на ова министерот за образование Арбер Адеми исто така на прес-конференција во Владата ги повика наставниците и вработените во училиштата утре да почнат со настава и да ги прифатат децата.„Не се сеќавам дека некогаш се организирал штрајк во земјава кога имало одлука за покачување на платите. Ние како Влада работиме на подобрување на материјалниот статус на просветните работници, како и на условите за работа и учење на децата. Изминатава година, платата на наставниците се зголеми за 10 отсто за разлика од лани“, истакна министерот Адеми.Министерот додаде дека како министерство и Влада се отворени за преговори со СОНК, а се разгледуваат можности за ново покачување на платите, но следната година.

Македонија | пред 6 години

viktor-dimovski-750x420

Ниту еден вработен во УБК нема да биде избркан, туку ќе бидат префрлани во други институции

Директорот на новата Агенција за национална безбедност, Виктор Димовски, денеска го означи почетокот на работа на агенцијата која ја замени УБК.Тој објасни дека била напревена селекција на вработени од УБК и оние кои ја поминале селекцијата ќе работат во новата Агенција. Сепак, оние за кои се утврдило дека не можат да поседуваат безбедносен сертификат, нема да останат без работа.-За оние кои не ја поминаа селкецијата за Агенцијата, остануваат вработени во Министерството за внатешни работи, освен оние за кои во безбедносна постапка ќе се покаже дека не можат да поседуваат безбедносни сертификати. Меѓутоа и за нив е предвидено вработување во останати државни институции, рече Димовски.

Македонија | пред 6 години

slika-1

Кои се најбогати градоначалници кои „тежат“ 30 милиони евра?

Десетте најбогати градоначалници во Република Северна Македонија тежат околу 30 милиони евра. Меѓу нив еден е на ВМРО-ДПМНЕ, но е прв на листата, додека шест гравитираат или се членови на СДСМ. Од вкупно три градоначалници на партијата Алијанса за Албанците, и тројцата се наоѓаат на листата на топ 10 најбогати градоначалници.На прво место се наоѓа градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, за потоа да следат Николчо Илиев – прв човек на Кочани, Исен Шабани на Врапчиште, Албон Џемаили на Боговиње, Петре Шилегов на Град Скопје, Арбен Таравари на Гостивар, Константин Георгиески на Охрид, Герасим Конзулов на Радовиш, Никола Андонов на Ново Село и Александар Наумоски на Ѓорче Петров, објави inbox7.mk.ЧЕТИРИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ПОБОГАТИ ПО ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИКај четири од актуелните градоначалници на кои што ова им е втор мандат е забележано зголемување на вредноста на нивниот имот, споредено со податоците кои СКУП ги објави во 2017 година, кога и беа одржани последните локални избори.ОпштинаГрадоначалникИмотна состојба од 2017 годинаИмотна состојба од 2019 годинаКичевоФатмир Дехари301.205 евра302.489 евраТеарцеИсен Асани134.756 евра194.331 евраЦентар ЖупаАријан Ибраими96.854 евра97.687 евраИлинденЖика Стојановски93.702 евра99.555 евра Додека пак, кај седум градоначалници има намалување на вредноста на имотот.ОпштинаГрадоначалникИмотна состојба од 2017 годинаИмотна состојба од 2019 годинаБрвеницаЕнвер Пајазити1.464.341 евра126.459 евраПласницаИсмаил Јахоски794.614 евра431.274 евраЧучер СандевоЈован Пејковски518.699 евра333.333 евраТетовоТеута Арифи270.237 евра245.725 евраЗрновциБлажо Станков213.496 евра168.065 евраПетровецБорче Митевски168.130 евра125.203 евраСопиштеСтевче Трпковски134.793 евра119.052 евра Текстот во целост на: inbox7.mk.  

Македонија | пред 6 години

Kat1

ФОТО: Цаневска ја даде ќерка си, па заигра танц со обвинителот Јовевски

Новинарката Катерина Цаневска во петокот со голема прослава го одбележа склучувањето на бракот на нејзината ќерка Маја. Таа на социјалните мрежи објави и фотографии од веселбата, на која присуствувале голем број луѓе од државниот врв.Меѓу присутните може да се забележи републичкиот обвинител, Љубомир Јовевски, кој игра танго со новинарката Цаневска. Меѓу останатите, присутен бил и претседателот Стево Пендаровски со сопругата, Андреј Жерновски, пратеникот Хари Локвенец, Цветанка Иванова и други познати личности.Цаневска сега е вработена во Кабинетот на претседателот Пендаровски, а претходно, работеше во Општина Центар и Собранието. Љубовта меѓу нејзината ќерка Маја и зетот Никса трае неколку години, по што решиле да ја крунисаат со брак.

Магазин | пред 6 години

voz-kiro

(ВИДЕО) Охрид имаше воз - (Ќирчо) на пареа или „Охрид експрес“, 7 часа се патуваше до Кичево

Двајца Французи во 1972 прават филм за возот „Ќирчо“, кој во тоа време сообраќал три пати дневно од Охрид, еднаш со товар (главно дрва и жито) до Пресека за повеќе од три часа часа, а со патници до Кичево за 7 часа. Пред неколку години кога тој беше oткриен од нашите медиуми, тие се концентрираа токму на вовчето. Но тука има многу повеќе од тоа, објави off.net.mk.Иако од француски автори, краткиот документарен филм „Охрид Експрес“ е на англиски јазик, дистрибуиран - како што е наведено на одјавната шпица - од компанија од Сан Франциско. Главниот лик е железничарот Петре Михајловски, кој и покрај големата желба да се занимава како и неговите предци со риболов, се нафаќа на државна работа по инсистирање на мајка му. „Јанка, цел живот селанка, сакала Петре, нејзиниот најстар син, да биде во администрација. И така и биднало.“Текстот во целост на: off.net.mk

Македонија | пред 6 години

Gola-mesecina-1

Утре почнува „Гола Месечина“

Со заложба на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, граѓаните годинава ќе имаат можност по шести пат да го проследат Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“. „Фестивалот „Гола Месечина“ игра важна улога во развојот на културниот живот во Општина Аеродром и наш заштитен знак. Токму затоа од буџетот издвоивме 1.200.000 денари и логистички му помогнавме на организаторот Театар Комедија успешно да го реализира овој сѐ попопуларен настан во нашата општина“, порача градоначалникот Марин.Директорот на Театар Комедија, Сашо Ристовски, најави дека и годинава ќе имаме квалитетни претстави, така што покрај дел од македонските театри, со свои комедии ќе настапат и театрите од Ниш, Србија и Загреб, Хрватска. (Репертоарот може да се види во прилог)Претставите, од 2 до 9 септември, ќе се играат во спортскиот центар „Ново Лисиче“ секој ден од 20:00 часот, а влезот е бесплатен.Инаку, „Гола месечина“ има натпреварувачки карактер и традиционално ќе бидат доделени награди избрани од тричлена меѓународна жири-комисија. Ги покануваме љубителите на комедијата од утре да бидат дел од оваа уникатна можност и од срце да се насмејат на претставите од македонската и меѓународната театарска сцена.

Скопје | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Жена во Гостивар убиена во нејзиниот дом

Жена на возраст од 78 години, со иницијали  С.Т, е убиена, а други две лица се ранети во Гостивар, дознава Алсат. Мотивот што води кон смртта на старицата сè уште не е познат.  Се претпоставува дека се работи за напад со нож.  Полицијата работи на расветлување на случајот.Алсат објави дека сторителот бил во нејзината куќа, кадешто имало уште две други лица и ги нападнал со нож. 

Македонија | пред 6 години

DSC_6169

Заврши „Културното лето Општина Кисела Вода 2019“

На затворањето на „Културното лето Општина Кисела Вода 2019“, синоќа на „Три круши“ посетителите имаа можност да ги слушнат познатите авторски песни на Мики Јовановски-Џафер, Искра Трпева и Ѓоко Танески.Покрај ова, концертната вечер ја збогатија играорците на КУД „Китка“, кои облечени во драчевска и мариовска носија пред публиката одлично се претставија со мариовското женско оро „Тресеница“ и со сплет на игри од повардарскиот регион.КУД „Китка“ од Драчево повеќе од 50 години ширум светот успешно ја промовира македонската музика и традиција.Љубителите на добрата музика, на културното лето имаа можност да ги видат и слушнат најквалитетните македонски групи и пејачи. Од средината на август на повеќе локации во Кисела Вода концерти одржаа: Ефто Пупиновски, Дани Димитровска, Бени и Нон Стоп, Анастасија Петреска, групата Биоритам, Миле Кузмановски, Силви Бенд, Сузана Спасовска, Александар Митевски, Драган Спасов – Дац и Кристина Арнаудова.„Културното лето Општина Кисела Вода 2019“ се одржа под покровителство на градоначалникот Филип Темелковски.

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

„Пасат“излетал од коловозот на магистралниот пат Охрид – Кичево, повредени две лица

На 31.08.2019 во 21.00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај Копачка, С.Р.(59) од Тетово управувајќи патничко моторно возило „пасат“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.А.(62), по што биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Судар помеѓу трактор и моторцикл – со тешки телесни повреди моторциклистот

На 31.08.2019 во 15.50 часот било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица - с.Тодоровци, кај местото викано „Ѓурѓина ливада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „фергусон“ со делчевски регистарски ознаки управуван од К.М.(22) и мотоцикл управуван од М.Ј.(64), и двајцата од с.Тодоровци, М.Каменица. Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клинички центар Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Делчево.

Македонија | пред 6 години

kiceec

Кичеец пренесен на Кардиологија

Зоран Милески или познат како Зоки Кичеец од вчера попладне е пациент на Кардиологија, дознава 24 инфо.Кичеец заедно со Боки 13 се двајцата првообвинети во аферата „Рекет“. Кичеец е сместен во еден од апартманите на Клиниката, а друштво му прават неколкумина припадници на МВР.-Полиција вечерва имаше и на влезот на Клиниката за кардиологијано и низ целиот Клинички центар „Мајка Тереза“. Неофицијално, на Кичеец вчера му се слошило, по што бил пренесен од истражниот затвор Шутка на Клиниката за кардиологија, пренеува телевизијата.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Во гостиварско „ауди А6“, полицијата пронајде и одзеде марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.С.(22) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 26.08.2019 во с.Здуње, гостиварско, при преглед на лица и патничко моторно возило „ауди А6“, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 6 години

metadon

Во домот на битолчанец пронајден метадон

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.Н.(40) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 04.03.2019, полициски службеници при претрес во домот на пријавениот на ул.„Христо Ботев“ во Битола, пронашле и одзеле метадон.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во автомобил на Кумановец пронајдени амфетамини и марихуана

СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.С.(39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.03.2019 околу 20.00 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, полициски службеници при преглед на патничко возило „форд мондео“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, пронашле и одзеле амфетамини и марихуана.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведени четири лица – полицијата кај нив пронашла марихуана

На 31.08.2019 во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„1596“, кај мостот кој води кон парк Сарај, ги привеле С.О.(21), М.Е.(20), И.А.(23) и Ш.С.(23) сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

homoseksualci

Научниците категорични - не постои хомосексуален ген

Големо научно истражување на биолошките упоришта на сексуалното однесување на луѓето покажа дека не постои посебен геј ген, но беше установено дека сложената комбинација од генетиката и опкружувањето влијае на тоа дали некој ќе има сексуална склоност кон личности од истиот пол.Во истражувањето биле анализирани податоци за ДНК и сексуалните искуства на половина милион луѓе. Се дошло до заклучок дека постојат илјадници варијации поврзани со истополовите сексуални партнери, но најголем дел од нив имаат мало влијание на тоа. Само пет генетски маркери се значајно поврзани со хомосексуалноста, но ни врз основа на нив не може да се предвиди нечија сексуална склоност, објави  inovativnost.mk.„Скениравме цели човечки гени и најдовме само пет локации кои се јасно поврзани со тоа дали некој ќе има истополови сексуални односи“ велат научниците. Тоа значи дека другите фактори како опкружувањето, воспитанието и личноста се многу позначајни за сексуалкната ориентација како и во случајот со други човечки особини. 

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Санкционирани над 150 возачи во Скопје

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 31.08.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 55 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 31.08./01.09.2019 во времето од 20,00 до 01,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 46 возачи, за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 26 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 12 прекршочни платни налози.   

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања