Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

tepacka-dzamnija

(ВИДЕО) Крвава тепачка во џамија во кичевско

Kpвaва тeпaчкa се случила во џамија во селото Лисичани во општина Пласница, кичевско, на почетокот на овој месец откако дошло до pacпpaвија помеѓу две групи кои биле свикани на џамиски одбор на кој требало да се одлучува за реизбор, јавува Инфомакс.Она што го прави случајот дотолку поинтересен е тоа што од 09.08 годинава до денес, освен пpиjaвaтa во пoлициja нема никаква соодветна активност пpoтив нaпaѓaчитe. Ниту пак ОЈО има започнато иcтpaга пpoтив нaпaѓaчитеe од кои патем кажано, едниот е cyдиja во Aпeлaцискиот cyд во Скопје.Во просториите на селската џамија „Абди Бајрактар” во село Лисичани, општина Пласница, завчера, во попладневните часови, бил нapyшeн jaвниoт peд и миp, информираат од СВР – Охрид.Според пријавата, Е.Д. (45) најнапред бил физичkи нaпaднaт од Р.М. (47), а веднаш потоа и од Ќ.М. (56), С.Д. (29), А.Х (53) и С.А. (50), сите од село Лисичани.Од СВР – Охрид информираат дека по целосно документирање на настанот, против учесниците за нapyшувaњe на јавниот peд и миp ќе се поднесе соодветна пpиjaва. – стои во информацијата на МВР објавена во полицискиот билтен.Според информациите на „Инфомакс“, помеѓу нaпaѓaчите бил и Ќеназија Мехмед, cyдиja на Aпeлациckиот cyд во Скопје. Пpoтив него, но и против другите нaпaѓачи освен пpиjaва за нapyшувaње на jaвниoт peд и миp, oбвинитeлcтвoтo се уште нeмa започнато постапка.Кадија те суди, кадија те нокаутира – коментираат жителите на Лисичани.https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/450668628870985/

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Пратениците ќе ја разрешуваат Јанева, медиумите не можат да следат

Извештајот за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева уште се наоѓа кај собранискиот спикер Талап Џафери. Засега е непознато кога документот кој содржи докази за за случајот „Рекет“ ќе се најде пред комисијата за избори и именувања.„Извештајот ќе биде достапен на јавноста преку комисиите во Собранието на Република Македонија, освен доколку некоја од комисиите не го одложи или спречи објавувањето на дел и на целиот извештај, доколку најде за потребно да се заштитат правата на секое лице наведено во извештајот, или да спречи недозволено влијание во кое било кривично гонење.“ - Закон за СЈО чл.18.Од Кабинетот на Џафери велат дека во понеделник извештајот ќе го испратат до Комисијата за избори и именувања.Претседателот на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски веќе изјави дека веднаш штом го добие извештајот ќе свика седница на комисијата.Постапката за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева започна откако советот на јавни обвинители едногласно одлучи дека има закоски основи Јанева да биде разрешена од функцијата.

Македонија | пред 6 години

zaev-katica-mickoski

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се уште одат на „љубовни“ состаноци, ама законот за ЈО не можат да го склопат

Работните групи за законот за јавно обвинителство и денес не успеаа да најдат заеднички речник. Според Антонио Милошовски остануваат истите поголеми недоразбирања за некои делови. Тој не е категоричен дека не може да се донесе одлуката за законот но вели дека се уште има потреби од  средби.Од друга страна Дамјан Манчеввски вели дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ако не гласаат за законот за јавно обвинителство, уште еднаш ќе потврдат дека  единствена цел им е да ги заштитат тајкуните и криминалците на режимот.Синоќа од Штип  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати по повод 29 години од општинскиот комитет, ја обвини власта дека е најголем непријател на правдата.И ВМРО-ДПМНЕ  реагираше по изјавата на Манчевски. Од таму велат дека СДСМ се заглавени и се подолу тонат со обидите да ги амнестираат криминалот и високата корупција. Тоа е единственото на кое се посветени и за тоа ја жртвуваат иднината на државата. Ниту правда ниту интеграции ќе има со селективноста на правдата која што ја водат преку “пупка судството” и прислушуваното ЈО на Зоран Заев.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Новиот заменик-министер за образование ќе биде професор по физика

Елизабета Наумовска е нов заменик-министер за образование, која доаѓа на местото на Петар Атанасов. Наумовска е родена на 4 декември 1967 година и живее во Битола. Студирала на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде се стекнала со звање дипломиран професор по физика. Таа е и магистер по менаџмент со човечки ресурси, академско звање што го стекнала на Факултетот за менаџмент со човечки ресурси при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.Има 24 години работен стаж во образованието. Од декември 2017 година е директор на Средното општинско училиште „Таки Даскало“ – Битола. Учестувувала на повеќе семинари и работилници од областа на управување со училиштата, самостојно организирала и реализирала внатрешни и надворешни семинари и работилници за наставници и ученици од областа на стратегиите и техниките за настава, била дел од обуката за примена на компјутери во наставата по физика. Остварила неколку студиски посети на училишта во Турција, Финска и Португалија од проектите „Ерзамус +“. Во рамки на напредните обуки за директори на училишта, била во студиска посета на Институтот Хајделберг. Учествувала на повеќе форуми за обрзование во нашата држава и активно била вклучена во проектите на МОН…Наумовска е меѓу авторите на Учебникот по физика за средно стручно образование, во издание на „Просветно дело“, Скопје, 2005 година, а автор е на повеќе статии и трудови.Во моментов е член на Здружението на физичари и на претседателството на Астрономското друштво – Битола. Претходно била член на работни групи во Бирото за развој на образованието за изработка на наставни планови за наставниот предмет физика за неколку образовни профили во рамки на BET1, член на работните групи во БРО за подготовка на наставни планови во физика за средно обрзаование, членувала во неколку невладини организации… Зборува англиски, бугарски, хрватски и српски јазик.

Македонија | пред 6 години

1942279_boki_ls

Сосед на Боки 13: По апсењето неговите родители се среќаваа со пола Влада, судии, обвинители

Cвeштeникот Виктор Стојчев кој бpyтaлнo беше нaпaднaт од страна на таткото на Бојан Јовановски, нaпaд при кој му беа нaнeceни тeшkи тeлecни пoвpeди, имаше свое вклучување во живо во емисијата ,,Стадион” на Радио Канал 77. Стојчев кој е сосед на на фамилијата Јовановски на прашањето дали е вистина дека по aпceњeтo на Боки 13, неговиот дом го посетиле низа дипломати и владини претставници тој одговори:-Па видете вака јас сум често, 60 до 70 проценти надвор од Македонија и кога сум дома настојувам со семејството да поминам квалитетно време. домаќинката е дома постојано и таа се гpижи за семејството, информациите се од нејзе во кои што вели: Проврвеа eдна цела Влада, тие службените возила се познаваат кои се владини возила. Во првите 20-тина дена буквално, а и самиот видов додуше, проврве пола Влада, јавни обвинитeли, cyдии кои што сум ги видел на телевизија. Се прашувам што бараат тие луѓе таму, кога таткото е kpивично гонeeт за мојот нaaпад, а синот е веќе во притвop. Се прашувам како е возможно јавнио обвинитeeли, cyдии, министри во Владата, министерка, женска личност во Владата да доаѓа кај луѓе кои што се обвинeeти за еден таков голем кpyпен случај. Меѓудругото лично јас видов две дипломатски коли, застанати пред нивниот влез и знаете зачудува фактот што бараат дипломати кај луѓе што се kpивично гонeeти во Македонија. Знаете тие имаат јасно препознатлива лепенка CD ,,Car diplomatic”, не знам кои се ни што се, меѓутоа имаа таква лепенка на возилата, вели свештеникот.Cвeдoштвото на свештеникот започнува на 37:46: 

Македонија | пред 6 години

30082019_PVRSM-Zaev_sobraniska-sednica_2

Опозицијата нема шанси да победи на избори, рече Заев

Со датум за преговори за ЕУ, како земја членка на НАТО, и со добри економски параметри, шансите на опозицијата на избори се никакви, рече денеска на собраниската седница премиерот Зоран Заев.– Ние постоиме за државата, за неа работиме. Ќе го исполниме целиот мандат и до крајот на 2020 година ќе и дадеме на економијата да оди напред, испланирано и бројките ќе бидат уште подобри. Опозицијата тоа го знае. Со датум за преговори за ЕУ, како земја членка на НАТО, и со добри економски параметри, вашите шанси се никакви за изборите. Нашите шанси се подобри зашто носевме одлуки без разлика на нашите политички кариери, додека некој се криеше и немаше храброст, во име на НАТО и ЕУ интеграциите да направи еден чекор за државата. Само заради сопствените политички калкулации – рече Заев.

Македонија | пред 6 години

vlada-zaev-5

Докторирал со „Историја на Македонија“ а ќе биде заменик-министер за политички систем

Неџад Мехмедовиќ  ќе ја врши функцијата заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедниците.Мехмедовиќ е роден на 9 јуни 1985 година во Скопје. Дипломирал во 2008 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Во 2013 година магистрирал на тој факултет, а во 2017 година магистрирал на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Софија. Во 2018 година станува доктора на студиската програма Историја на Македонија при Институтот за национална историја-Скопје.Од 2010 до 2015 година бил проектен координатор во Центарот за истражување и креирање плитики – Скопје, од 2016 до 2017 година бил проектен асистент во Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, а во 2018 година бил асистент истражувач во Институтот за национална историја-Скопје.

Македонија | пред 6 години

Nina-Angelovska-Grouper.the-hundert.com_

Која е новата министерка за финансии: Високо образование, успешна бизнисменка и без искуство во ресорот финансии

Најчесто коментирана информација за новата министерка за финансии, Нина Ангеловска, е дека таа е на листата на 100 најуспешни жени основачи на старт-апи во Европа. Во 2016 година еминентниот германски магазин The Hundert ја вбројува Ангеловска во листата на 100 најуспешни жени основачи на старт-апи во Европа (100 Female Founders Europe), а во 2018 година магазинот Forbes ја наградува со престижното признание “30 под 30” (30 Under 30) за Европа во категоријата Малопродажба и Е-трговија.Но, тоа не е крај на меѓународните признанија за Нина. Кон крајот на месец септември во Нујорк, таа ќе биде закитена со титулата жена амбасадорка за дигитилна трговија (eTrade for Women Advocate).Според објавената биографија на новата министерка за финансии, Нина Ангеловска, се гледа дека има навистина импресивно образование.Средното образование го стекнува во гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин. Во 2010 година дипломира на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Економски факултет на департманот Е-Бизнис како најдобар студент на генерацијата и со постигнат успех од 9,94. Воедно ја добива Манинговата награда за најдобар студент на полето на економски науки.Повеќе прочитајте на ЦивилМедиа

Македонија | пред 6 години

nina-angelovska-1

Ангеловска нов министер за финансии, 18 пратеници се „против“ нејзиниот избор

Новиот министер за финансии, Нина Ангеловска доаѓа од бизнис секторот. Зад себе има успешен онлајн бизнис и импресивна биографија. Гласањето помина со 64 гласа „за“ и 18 „против“ за Ангеовска и  61 наспроти 21 за Џемаили. Прв им честита премиерот Зоран Заев.Но во текот на денепната дебата 31 годипната Ангеловска беше почесто споменувана во собраниската дебата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека нема искуство за да биде на чело на ресорот финансии и го прашуваа премиерот дали другите кандидати не прифатиле па Ангеловска му останала единствен избор но и зошто не слушнале ништо од неа за тоа како планира да се справи со предизвиците. Премеиерот ги повика да и дадат шанса за да покаже резултати.

Македонија | пред 6 години

missing

Малолетна девојка побегнала од дома

На 30.08.2019 во 17.20 часот во СВР Скопје Џ.А.(50) од Скопје пријавил дека од домот заминала неговата  ќерка Џ.В.(15), која претходно повеќе пати се оддалечувала и била враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

Скопје | пред 6 години

kursum

Скопјанка во двор пронашла залутано зрно од оружје

На 30.08.2019 во 14.50 часот В.В.(39) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот во с.Долно Лисиче, скопско, во двор забележала залутано зрно од оружје. Извршен бил увид на местото. 

Скопје | пред 6 години

tepacka-222

Малолетник нападнат од неколку малолетници

На 31.08.2019 во 02.00 часот Н.А.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Јани Лукровски“ неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

trska-1-1

Пожар кај наплатната рампа „Сопот“, пожарникар се здоби со изгореници

На 30.08.2019 околу 14.50 часот било пријавено дека во близина на автопатот Скопје - Велес, пред наплатната рампа „Сопот“ настанал пожар при што горела сува трева, трње и дрва. При интервенцијата од Територијалната противпожарна единица Велес пожарникарот Н.Б.(21) од с.Г.Оризари се здобил со изгореница на десната потколеница и му била укажана лекарска помош. Пожарот е локализиран околу 19.50 часот.

Македонија | пред 6 години

policija-123

Нападнат полициски службеник, приведени повеќе лица

На 30.08.2019 во 09.30 часот полициски службеници од СВР Штип при интервенција по нарушен јавен ред и мир на ул.„Кежовица“ во Штип, помеѓу Ј.П.(61) и Г.Ш.(48) од една страна и З.К.(51) и Т.К.(67), од друга, биле спречени во извршувањето на службените дејствија, при што полициски службеник бил физички нападнат. Лицата биле приведени, а по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

pretepan

Нападнат вработен во обезбедување на експозитура на банка

На 30.08.2019 во 16.20 часот С.А.(65) од Скопје во ПС Аеродром пријавил дека околу 15.30 часот во експозитура на банка во општина Аеродром бил физички нападнат од З.М.(38) вработен во обезбедување на експозитурата, по расправија, откако на шалтер побарал објаснување околу неговата сметка. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Тепачка во КПУ „Идризово“, еден затвореник прободен со остар предмет

На 30.08.2019 во 23.45 часот било пријавено дека околу 22.10 часот во затвореното одделение на КПУ „Идризово“ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Ш.И.(28) од Скопје и П.С.(28) од Струга, при што П.С. со остар предмет го повредил Ш.И., во пределот на десната надколеница и десното рамо. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“,  каде му биле констатирани телесни повреди, а потоа бил вратен во КПУ Идризово. Се работи на расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

pozar-pak

(ФОТО) Нов пожар во близина на Велес- потребни се доброволци за помош

Пожар со голема брзина се шири во близина на село Војница во околината на Велес, објави градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски на Фејсбук.„Нов страотен пожар во близина на село Војница. Пламените јазици се шират со голема брзина“, вели Стојановски во објавата.Тој упатува апел до граѓани доброволно да помогнат, бидејќи „сртанува алармантно.“https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3207317612628731&set=pcb.3207318935961932&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

rade_ivanovski-5

Во Штип отворен прв приватен хангар за спортски авиони и пилотска обука

Педесет и осумгодишниот капетан на Боинг 373, Раде Ивановски од Штип денеска свечено го отвори хангарот за авионите и го најави отворањето на приватната школа за професионални пилоти. Објектот и авионите се наоѓаат на спортскиот аеродром Сушево.– Во Штип веќе имаме школа за спортски пилоти, но овде ќе имаме надградба, вели Ивановски.Тој има 12.000 часа поминати во облаците, летовите не ги ни брои, бидејќи животот како пилот го поминал во повеќе странски компании, а кариерата ја почнал во МАТ.Пилотот Ивановски и неговите синови,на штипјани по над 20 години им приредија аеромитинг на спортскиот аеродром.

Македонија | пред 6 години

sredba-1

Мицковски се сретна со претседателите на партиите од Коалицијата „За подобра Македонија“ - разговараа за моменталната ситуација во државава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар на партијата Игор Јанушев и потпретседателот Владо Мисајловски денес оствари средба со претседателите на партиите од Коалицијата за подобра Македонија.На средбата беше разгледана моменталната општествено - политичка ситуација во државата, зголемениот криминал и корупција, како и загубената надеж на граѓаните во правната држава.Последните случувања со случајот Рекет и милионското изнудување на пари од бизнисмени, беа оценети како поразителни за правниот систем. Таквата криминална операција која траела со месеци е оценето дека не е можно без знаење на највисоките претставници на власта.Недејствувањето на ЈО и другите институции, што се огледува преку развлекување на истрагата, ја загрозува нашата европска иднина, и истото е поразително за државата. Недозволиво е поради криминогеноста на власта да страдаат граѓаните и државата.Мицкоски истакна дека Македонија се соочува со целосна стагнација на сите полиња. Особено во економска сфера. Граѓаните се сѐ посиромашни. Земјоделците понижени, лекарите незадоволни, образовните работници немотивирани.Заклучено е дека се потребни што е можно побрзи предвремени парламентарни избори, за да се стави крај на агонијата во која е западната државата. За веднаш по изборите да се пристапи кон систематско решавање на проблемите на граѓаните во насока на обнова на Македонија.

Македонија | пред 6 години

trka-avtomobili

Викендов во Крушево Ридско – брзинска автомобилска трка

Викендов Крушево е домаќин на втората Ридско-брзинска автомобилска трка, во организација на Авто клуб од Скопје. Ќе учествуваат 20-ина возачи од земјава и од соедството.Денеска има два тренинга, а официјалните трки се во недела. Свеченото отворање ќе биде во недела, на игралиштето до хотелот „Монтана Палас“ во 10 часот, а по 13 часот во центарот на градот е церемонијата на прогласувањето. Организаторите очекуваат возбудлива борба за најдобро време.

Македонија | пред 6 години

32308868_363326000853869_4210125723215593472_n

Колев: За жал, Тодор Александров и денеска не успеа да ја обедини штипската политичка елита, претставниците на власта не се тука

Изјава на претседателот на ГДУ, Петар Колев по повод 95 годишнината од смртта на Тодор Александров: „За жал, Тодор Александров и денеска не успеа да ја обедини штипската политичка елита, бидејќи и како што можете и сами да видите, претставниците на власта од СДСМ не се тука. Се надевам дека СДСМ ќе ги надминат комплексите од комунизмот и ќе почнат да ја гледаат историјата и минатото на овој славен град и славното Ново Село со реални очи и ќе ја прифатат големината и величината на Организацијата од периодот после Првата светска војна.Со колегите од ГДУ, кои што во следниот состав и следниот мандат на Советот на Општина Штип ќе имаат можност да учествуваат во локалната самоуправа, разговаравме за тоа дека Тодор Александров заслужува да има улица која ќе го носи неговото име. Се надевм дека колегите од ВМРО-ДПМНЕ нема да бидат против, бидејќи ако сакале имаа три-четири мандати за да го направат тоа“, изјави претседателот на ГДУ, Петар Колев. 

Македонија | пред 6 години

zaev-govornica

(ВИДЕО) Заев: Правната држава е потврдена, рекордните инвестиции и растечката економија го докажуваат тоа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на продолжението на собраниската седница за избор на новите министри и заменици министри истакна дека сите извештаи за нашата земја во последните три години велат за владеењето на правото дека е подобрено.„Треба сите заедно во парламентот да дадеме придонес даго заокружиме процесот на реформи на правосудниот систем.Но, голема е разликата во однос на транспарентноста на процесите, јавноста зборува, таа е коректив. Се отвораат постапки, постапките отвораат процеси, процесите се водат транспаретно, новинарите се во судница и ги следат бидејќи тоа е важно за граѓаните.Денеска нема распоредување на предмети според нечија желба и тоа ќе се елиминира со комлетирање на реформата на правосудството со новиот Закон за ЈО“, нагласи премиерот Заев.Тој додаде дека правната сигурност овозможи рекордни странски и домашни директни инвестиции кои го зголемија приходот во Буџетот и ја зајакнаа неговата кондиција со што се отвораат и нови можности.„Финансиската ликвидност одлична, финансиската солвентност исто така, затоа што, сега дефинитивно, не се трошат пари на непродуктивни работи како порано. Сите даноци се реализираат над предвиденото, односно се со над 15,6% повеќе од лани. Очекуваме и кај данокот на добивка да ги оствариме истите резултати откако ќе се реши прашањето на уплатата на данокот на Џонсон Мети и стечајната постапка на Те-То, по што се очекува приливот по овој основ во Буџетот“, прецизираше премиерот Заев и додаде дека правната држава, меѓу другото, овозможи раст на економијата која ќе продолжи да расте, а така ќе растат дополнително и приходите во државата.    

Македонија | пред 6 години

soros-i-zoran-zaev

Синот на Џорџ Сорос, Александар се пофали на Твитер: „Поминав одлично време со Заев“

Синот на Џорџ Сорос, Александар на Твитер објави фотографија од средбата со македонскиот премиер Зоран Заев.„Одлично потрошено време со премиерот @Zoran_Zaev, разговаравме за неискористениот економски потенцијал на Северна  Македонија и за зајакнување на регионалната соработка во корист на сите северномакедонски граѓани“, напиша Александар Сорос на Твитер.https://twitter.com/AlexanderSoros/status/1167475745054187520?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1167475745054187520&ref_url=https%3A%2F%2Fdenesen.mk%2Fmaliot-soros-se-pofali-pominav-odlicno-vreme-so-zaev%2F

Македонија | пред 6 години

pat-svecenost

Патот кој води до Русино незавршен, но свечено пуштен во употреба

Останаа неасфалтирани уште 3 километри од патот кој води до депонија Русино. Освен камионите, обичните  автомобили тешко можат да стигнат до депонијата. Но иако не е завршен, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, заедно со градоначалниците на Тетово и Гостивар, Арифи и Таравари, отидоа свечено да го пуштат во употреба патот, објави tv21.tvТеута Арифи вели дека овој проект се реализира со заеднички договор меѓу општините и локалната самоуправа.Градоначалникот на Гостивар Таравари вели дека овој проект требало да почне и да заврши одамна поради постојаните барања на жителите од овој регион.Текстот во целост на: tv21.tv

Македонија | пред 6 години

gjorcev

Ѓорчев: Заев, Царовска и Филипче имаат историска одговорност за ова одумирање на Македонија кое ни се случува пред очи

Оваа прес конференција е посветена на демографските податоци преку емпириски бројки за жал поразително биолошкото изумирање на Македонија затоа што Македонија буквално се иселува празни и исчезнува како никогаш досега.  Почитувани на почетокот би сакал да ви кажам неколку тажни бројки, а после тоа ќе одиме на тоа што се нарекува коментар прашања и прозивања на Зоран Заев и неговата влада со 28 министри, истакна Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Почитувани присутни Македонија исчезнува и се иселува како никогаш досега. Ако ги погледнеме сумарните податоци на првите 6 месеци согласно заводот за статистика на Република Македонија ќе дојдеме до поразителен заклучок дека никогаш во првата половина на годината 70 години наназад во Македонија не се родиле помалку бебиња. Ако ги видиме првиот и вториот квартал доаѓаме до бројката од 9.248 родени деца оваа 2019 година. Минатата година беа родени 10.415 деца.Оваа 2019 година владата на Заев со неговите 28 министри со нивните катастрофални демографски, социјални, економски, инвестициони и секакви други политики доведе да имаме 9,248 родени деца. Тоа е фрапантен пад, рецесија од 12 проценти, 1.200 помалце родени бебиња само во една година. Тоа е катастрофа за која треба да има одговорност.Да Зоран Заев, Мила Царовска и Венко Филипче имаат историска одговорност за ова одумирање на Македонија кое ни се случува пред очи, никогаш не било полошо. Емпириски одкако има статистика и бројки во Македонија.1,200 бебиња помалку, рецесија од 12 проценти. Ако тоа го поделите на паралелки во кои има дваесетина ученици а за жал имаме паралелки кај што имаме 3,4,5,7,8 или 10 ученици ако тоа го поделите 1.200 на 20 ученици доаѓаме до 60 паралелки помалку. Тоа е болно. Тоа е тажно. 60 паралелки помалце само во 6 месеци. Затоа Зоран Заев, Венко Филипче, Мила Царовска имаат историска одговорност, го укинаа надоместокот за трето дете, ги укина еден куп бенефиции кои што ги имаа многудетните семејства. Секој ден работат со своето бркање на инвеститори за ова држава да има помалку луѓе.Си заминуваат сите. Си заминуваат и Македонците и Албанците и Турците и Србите, Бошњаците и Власите. Се иселува источна Македонија, се иселува и западна Македонија. Се иселува Скопје, се иселува Пелагонија, секој си заминува од овој Заевистан во кој што нема никакви нови фабтики, нема никакви нови инвестиции, туку има само рекет и арамилак.Би сакал да направам и една паралела  со 2015 година, последната година кога пред да имаме пржински влади и сдсмовски министри, пред да го имаме овој Армагедон кој што ни се случува, во таа 2015 година во првите два квартали од јануари од јули имавме родени 11.444 бебиња, а оваа Македонија падна од 11.444 бебиња на 9.248 оваа 2019 година.  За смао 4 години 20% рецесија, за само 4 години 2.200 помалце родени деца. Тоа е 110 паралелки, кои да треба да ги поминувате една по една, ако секоја од тие  е 10 метри, тоа е 1 километар и 100 метри, треба да оди човек, десетина минути да се пешачи за да се поминат тие празни училници кои што ги изгубивме овие 4 години со катастрофалните политики на Заев, Венко Филипче и Мила Царовска.Најлош резултат откако има статистика во Македонија. Оваа година за прв пат како што одат првите два квартали, Македонија ќе падне под 20.000 родени деца.Доаѓа почетокот на учебната година и гледате дека речиси и да нема училиште во кое што нема недостаток на деца. Се затвораат паралелки, се затвораат училишта, се прават распореди за тоа да се ублажи или анулира.Но поразителниот факт е јасен, а тоа е дека Република Македонија со овие мерки на Зоран Заев и неговите 28 министри буквално снемува луѓе. Речиси и да нема семејство каде што не се дискутира за иселување, емпириски докажано почитувани присутни.Македонија буквално исчезнува, со демографските, економските и сите останати политики на Зоран Заев, Мила Царовска и Венко Филипче, падот во првите 6 месеци е од фрапантни 1200 помалку бебиња, помалку дури од најлошата година 2018.Бројките се навистина катастрофални и преку овие бројки се докажува емпириски дека Зоран Заев, Мила Царовска и Венко Филипче имаат историска одгвоорност во упостушовањето на Македонија. Со овие нивни политики Македонија станува празна земја, со овие нивни политики имаме училита без ученици, општини без граѓани, села и градови без народ.Молчи Заев, молчат министрите затоа што нема што да кажат.И онаа потрошена парола за живот во Македонија, се претвори во парола за живот во Германија, за живот во Шведска, за живот во Канада. Нема човек што не сака да бега и да се спаси од овој таканаречен живот на Зоран Заев и неговите 28 министри,  истакна Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.   

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања