Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Алсат М: Извештајот за разрешување на Јанева, Комисијата ќе го разгледува зад затворени врати?

Аласат М дознава дека Извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева, најверојатно ќе биде разгледуван на некоја од собраниските комисии зад затворени врати.Опцијата – јавноста да биде исклучена, најверојатно ќе биде во игра, поради чувствителноста во судските истраги, но и имињата спомнати во него.Ваквата можност ја дозволувал членот 18 од Законот за СЈО. Претседателот на Комисијата за избори и именувања, за Алсат посочи дека Извештајот од Советот на јавните обвинители сѐ уште го нема добиено, а од кабинетот на претседателот на собрнието велат дека Извештајот го добиле вчера, доцна попладне. Спикерот треба да го разгледа и во понеделник ќе го пушти до соодветна комисија.Извор:Аласат М

Македонија | пред 6 години

gori-brod-velesko-1

Ќе се санираат и пошумуваат опжарените подрачја во велешко, штетата кој настана е над еден милион евра

Еден милион евра е штетата од големиот пожар кај велешкото езеро „Младост“. Но, штетата од изгорената шума е ненадоместлива,затоа што е потребно многу време да се обнови дрвниот фонд. Од Национални шуми денеска излегоа со план за пошумување на уништената шума крај езерото, на површина од 200 хектари.Од акционен план за расчистување на теренот и пошумување, формирање на координативно тело во кое ќе учествуваат Општина Велес, територијалната противпожарна единица, подружницата на Шумско стопанство “Бабуна“, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈКП „Дервен“ како  организирање на масовна акција за пошумување, отворање на донаторска сметка, отворање на 24 часовен кампинг и надзор на локалитетот Езеро Младост како и поставување на хидранти, на повеќе локации на локалитетот, се состојат активностите кој се дел од мерките што Советот на Општина Велес ги усвои за ревитализирање на опожарениот брег на велешко „Езеро Младост“ .Овие мерки се дел од иницијативата што вчера, на 29 август, доцна попладнето, ја усвоија членовите на Советот на 39 седница откако претходно го разгледаа извештајот за целокупната состојба настаната со пожарот што го зафати велешко езеро.Инаку годинава Македонија ја зафатија многу пожари. Дел од нив се сеуште активни. Од Национални шуми велат дека освен околината на велешкотото езеро, наскоро ќе почне и пошумувањето на пониква, каде што пред неполн месец имаше пожар, кој опустоши поголема шумска површина.

Македонија | пред 6 години

DSC_5310

Александар Митевски, Драган Спасов-Дац и Кристина Арнаудова ја забавуваа публиката во Кисела Вода

Во рамки на „Културното лето Општина Кисела Вода 2019“, синоќа во паркот „Македонија“ повеќе од еден час публиката ја забавуваа популарните македонски ѕвезди Александар Митевски, Драган Спасов-Дац и Кристина Арнаудова. Посетителите, од сцената во паркот имаа можност да слушнат многу авторски песни и евергрини. Градоначалникот Филип Темелковски заедно со семејството уживаше во музиката на изведувачите.Покрај ова, во организација на Општина Кисела Вода и КК „Ангели“, вчеравечер на спортскиот терен во училишниот двор на ООУ „Рајко Жинзифов“, во населбата Драчево стартуваа натпреварувањата во Баскет 3х3.На крајот од натпреварувањето во OLD SCHOOL BASKETBALL, градоначалникот Филип Темелковски на екипите: Кантина, Биоплант, Шутерс и Братство им додели дипломи. Натпреварувањата продолжуваат вечер од 17:00 часот,  во дворот на СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“, каде ќе се игра Fiba endorsed. На 1 септември, со почеток во 22:00 часот, во дворот на истото училиште ќе се одигра финалниот натпревар.Вечерва, на месноста Три круши, на затворањето на „Културното лето Општина Кисела Вода 2019“ посетителите ќе ги забавуваат Мики Јовановски-Џафер,  Искра Трпева, КУД „Китка“ и Ѓоко Танески. Концертите ќе започнат во 20:00 часот.

Скопје | пред 6 години

pistol-vperen

Обидувајќи се да ги смири го раниле пукаjќи во него со пиштол

На 30.08.2019 година околу 14.25 часот било пријавено дека во с.Арнакија, скопско, на влезот пред угостителски објект, Е.Ј.(21) од с.Буковиќ, скопско, пукал со пиштол во Н.З.(35) од с.Бојане, скопско. Според пријавата, до пукањето дошло по претходна расправија помеѓу 16-годишен малолетник и Џ.Ј. (21), и Е.Ј., двајцата од с.Буковиќ. Н.З. се здобил со повреда при обид да ги смири. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

dzek-ma

Милијардерот Џек Ма: “Луѓето треба да работат три дена во неделата, по четири часа дневно”

Кинескиот милијардер Џек Ма, кој долго време беше еден од главните поборници за екстремната кинеска работна култура, сега вели дека луѓето треба да работат само 12 часа неделно благодарение на придобивките од вештачката интелигенција.– Луѓето би можеле да работат само три дена во неделата, четири часа дневно со помош на напредокот на технологијата и реформа на образовниот систем – рече Ма.Џек Ма, претходно јавно ја поддржа кинеската работна практика позната како „996“, односно работење од 9 до 21 часот 6 дена во неделата, кое во последно време стана вообичаено кај големите кинески технолошки компании и стартапите.– Ако работиме работа што ја сакаме, 996 не е проблем. Ако не ви се допаѓа (тоа што го работите), секој минута е мачење – вели Ма.

Свет | пред 6 години

drbin

Србин се самоубил на меден месец во Турција

35-годишениот Самир Тузинац (35)  од Нови Пазар се самоубил во познатото летувалиште, пишува индексонлајн.рсСпоред неофицијални информации, 35-годишниот С.Т. извршил самоубиство скокајќи од 6. спрат од хотелот во кој престојувал туристички, на меден месец.„Денес нашата улица е тивка. Нема ни смеа, ни џагор. Не се слуша ни детски глас. Сите сме тажни и неутешни“, велат жителите на Нови Пазар за српските медиуми.Како што наведува Телеграф.рс, тој пред само неколку дена се оженил. Во Нови Пазар живеел само со својата мајка, познат бил како добро момче, голем верник и скромен човек.Неговото семејство веднаш се упатило кон Турција.

Свет | пред 6 години

zatvor-10

Затворските полицајци излегоа на протест: „Бараме под итно да се реши нашиот проблем“

Откако Коле Ганзовски ја раскажа својата приказна за Сител, на протести излегоа и триесетина други затворски полицајци, кои исто како и него, иако исполнуваат услови за пензионирање, веќе три месеци се без пензија. Причината е што во последните измени на Законот за извршување на санкции од мај годинава за нив не е определен коефициент за пресметка на пензија. Според тоа, во Пензискиот фонд нема начин како да го пресметаат износот на нивната пензија. Своето незадоволство од неодговорноста на институциите го искажаа на протест пред Министерството за правда. Бараат од надлежните во најкус можен рок да ги решат нивните предмети, бидејќи во меѓувреме, откако добиле решение за престанок на работен однос по основ на пензионирање, тие немаат ниту пензија, ниту здравствено осигурување.“Бараме под итно да се реши нашиот проблем. Во спротивно, спремни сме да излеземе на помасовен протест со нашите фамилии“, изјави Зоран Велковски од Независниот синдикат на полицијата.Од Владата велат дека работната група за изменување и дополнување на Законот веќе го разгледува проблемот.“За да се надмине настанатиот проблем, којшто произлезе со имплементација на новиот Закон за извршување на санкциите, по истиот ќе биде постапено согласно сите одредби кои не се усогласени согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со цел надминување на проблемите”, пишува во соопштението од Владата.

Македонија | пред 6 години

xhevat-ademi

Лекар кој бил гостин на свадбата тврди дека Џеват Адеми е тој што пукал и си го погодил синот

Јавното обвинителство ја интензивира истрагата за инцидентот во тетовска Мала Речица каде пред еден месец од пукотници со огнено оружје на свадба беа ранети две млади лица. Ова го тврдат од Обвинителството, но не сакаат да ја коментираат вчерашната изјава на Јусуф Биљали, татко на еден од ранетите. Како што дознава Алсат, Обвинителството побарало од МВР да се забрза постапката за вештачење на запленетите оружја од местото на настанот.Неофицијално се дознава дека еден пиштол, но и ловечка пушка која му припаѓала на синот на пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, се земени на вештачење заедно со пиштолот на друг гостин во свадбата. Органите на прогонот се во потрага по чаурите кои не биле пронајдени на местото на настанот. Во меѓувреме, пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, денеска не одговори на барањата на Алсат да ја коментира вчерашната изјава на Биљали, кој токму него го обвини со име и презиме дека е сторител на трагичниот настан.„…пратеникот удри со пиштолот на маса. Видов дека го погоди својот син и како лекар станав од масата за да му помогнам на неговиот син. Кога стигнав, бидејќи бев на три чекори далечина, кога стигнав до синот на Џеват Адеми, мојот син ми рече, тато ме отепаа…“, рече Јусуф Биљали – Родител на вториот ранет од пукањето со оружје на свадба.Пред изјавата на Биљали, Џеват Адеми ги отфрли сите обвинувања кон него, негирајќи дека пукал.извор: fokus.mk

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Маж каснат од куче скитник

На 30.08.2019 во 20.10 часот во Полициската станица Аеродром, Л.С.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Васко Карангелевски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. 

Скопје | пред 6 години

marihuana2

Приведен Гостиварец, полицијата кај него пронашла марихуана

На 31.08.2019 во 01.50 часот во Гостивар, на ул.„Никола Тесла“, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле А.М. (24) од с.Долна Бањица, бидејќи при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Се судрија „југо“ и „мерцедес“, двајца тешко повредени

На 30.08.2019 во 19.55 часот на местото викано „Прибилечки кривини“, атар на с.Прибилци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „југо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(53) од с.Сладуево и патничко моторно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(41) од с.Вирово - Демир Хисар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле М.Ј. и неговиот сопатник М.С.(27), по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Демир Хисар.

Македонија | пред 6 години

heroin-111

Кај две лица полицијата пронашла прашкаста материја

На 31. 08.2019 во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Матка ги привеле Ф.Х.(33) и З.Х.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај Ф.Х. била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

marihuana2

Кривична за гевгеличанец, полицијата кај него пронашла и одзела марихуана

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.Н.(43) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 19.04.2019 на место викано „Вардарски Рид“ во Гевгелија, полициски службеници, при преглед кај пријавениот, пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 6 години

UaYct-

Татко и син од Тетово приведени под сомнение за трговија со наркотици

На 30.08.2019 околу 14.00 часот во Тетово, на земјениот пат од с.Фалише кон с.Сараќино, во паркирано патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Г.М.(27) од Тетово, биле пронајдени околу 12 кг марихуана. Во 17.10 часот бил пронајден и сопственикот на возилото Г.М.(27) и заедно со неговиот татко Н.М.(53) биле приведени во СВР Тетово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаниции и прекурсори“. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците го поздрави назначувањето на Палмер

Алијансата за Албанците го поздравува назначувањето на заменик-помошник секретар Метју Палмер за специјален претставник за Западен Балкан на државниот секретар Мајк Помпео.Американската дипломатија, особено преку г-дин Палмер, даде значаен придонес кон стабилизирање на земјата за време на транзицијата од режимот ВМРО-ДУИ и материјализацијата на членството во НАТО.Во време кога земјата се соочува со невидени и координирани напади врз темелите на владеењето на правото, зголемениот ангажман на САД е многу позитивен сигнал за демократизација на Северна Македонија и европската перспектива на регионот, се вели во соопштението од Алијансата за Албанците.

Македонија | пред 6 години

mis-ston

Еве што кажала мис Стон пред истражните органи на Османлиската Империја?

„Една ноќ на комитите им кажав дека имам претчувство оти сме во Бугарија: Не, рекоа, не сте во Бугарија, во Македонија сте!“, изјавила мис Елен Стоун пред истражните органи на Османлиската Империја. Според документите што ги објави Државниот архив на Македонија, може да се заклучи дека оваа шестмесечна афера била всушност првата „заложничка криза“ со која се соочиле САД. Станува збор за настан што го свртел вниманието на јавноста во глобални рамки, а мемоарите на мис Стон, кои потоа во продолженија излегувале во американските и англиските весници, придонеле со аферата детално да се запознае јавноста во САД и Европа, иако вистинските извршители на акцијата останале непознати за османлиските власти, novamakedonija.com.mk.Имено, Јане Сандански, кој бил главен организатор и реализатор на акцијата, во турските документи се спомнува само двапати, како можен учесник во киднапирањето, и тоа само во телеграми од март 1902 година, кога аферата веќе била завршена. Претходно, според документите, османлиската војска спроведувала сеопфатна потрага по киднаперите, барајќи ја мис Стон таму каде што ја немало, што секако ја истакнува силната конспирација на организацијата, искуството и вештината во водењето на акцијата, но и цврстата дисциплина во организирањето на целиот потфат, како и посветеноста на населението без чија помош целата акција не би била можна.„Специјално за нас набавија две чинии!“Во првичната изјава дадена пред истражните органи веднаш по ослободувањето, односно на 23 февруари 1902 година, на прашањето на истражителот да објасни каде ги заробиле и под какви околности, каде ги носеле и колку грабнувачи го направиле грабнувањето, Елени Стоун, или мис Стон, меѓу другото изјавила: „Почитуван господине, минатиот август, во вторник, на дваесет и први, околу шест часот попладне тргнавме од селото Банско заедно со Катерина, Марија Танева, протестантска учителка од Струмица, учителката од Прилеп Донка Илева, учителката од Битола Атина Димова, калуѓерката од Банско Фимка, ќерка на Стево, сопругот на Катерина, Глигор Марков од Битола, деветнаесетгодишниот Јован Радулов од Банско, ученик во протестантското училиште, Апостол Дамјанов од селото Добриште, Резлошка каза, на возраст од дваесет и пет години, кираџијата Георги Мацуров од Банско и четири негови коњи, кираџијата Димитри Поп Стефанов со неговиот коњ и уште еден кираџија, значи вкупно тринаесетмина. По околу четири часа пат, приближно во десет и пол часот вечерта, во планински предел, меѓу некакви карпи и река, пред нас излезе поголема група вооружени лица држејќи пушки во рацете. Нѐ опколија, сите нѐ симнаа од коњите и заедно со коњите нѐ однесоа во внатрешноста на планината. Нѐ одведоа на место во планината оддалечено околу десет минути од патот и сите нѐ седнаа таму. Потоа до мене дојде еден комита и ми рече: ’Стани!’, а по мене, на околу петнаесет чекори повнатре во планината, ја доведе и Катерина од Банско. Околу десет минути седевме на место, потоа двете нѐ одведоа до работ на една нива, нѐ качија, нѐ врзаа за самарите на нашите коњи и нѐ носеа така врзани на коњите до утрото. Пред самото утро, во шумата, од гранки од дрвјата, направија колиба. Таму нѐ симнаа и до вечерта нѐ оставија да лежиме. По вечерата, значи ноќта околу дванаесет и пол часот, повторно ги доведоа нашите коњи, нѐ качија, нѐ врзаа и до утрото повторно нѐ носеа негде низ планината. Пред да осамне, нѐ симнаа во една за нас непозната шума. Така нѐ разнесуваа со денови. Еден ден нѐ однесоа на една планина со многу снег. Ноќта го расчистија снегот и направија пат. Во таа со снег покриена планина ни направија колиба, а покрај нашата направија и една колиба за нив. Колку дена останавме, не знам. Времето беше многу студено. Додека бевме таму велеа дека до селата и касабите на која било страна има по осум часа пат. По извесно време нѐ скорнаа оттаму и нѐ доведоа на планина каде што немаше снег. Два и пол месеци нѐ разнесуваа на коњите од кираџиите. Пред тоа, речиси седум седмици пред тоа, нѐ однесоа во една колиба каде што имаше две скршени каци. Во таа колиба се породи Катерина со своето првенче. На свет донесе женско дете, на кое му го дадовме името Еленка. Два дена подоцна, Катерина, која беше леунка, ја легнаа во некакво корито, како сандак, ја товарија на коњот и нѐ одведоа на друга планина. По три дена повторно нѐ разнесуваа од планина на планина, од колиба во колиба. Понекогаш ни даваа чаршиски леб, само ладен, а понекогаш селски. Додека престојувавме во визби, по куќи, ни даваа свежо топло јадење, а по планините приготвуваа самите јадење од млеко, печени кокошки и месо од овци и кози. Специјално за нас набавија две чинии и само нам ни дозволуваа да ги користиме. Во текот на тие десетина последни денови, постојано нѐ разнесуваа од колиба во колиба, од планина на планина. Потоа нѐ донесоа овде, нѐ оставија под една круша во околината на Градошорци. ’Седете овде’, рекоа. ’Пред вас има село’, рекоа. ’Светлата што се гледаат се од едно гратче’, рекоа. Седевме околу два-три часа. Осамна. Дојде еден човек и нѐ одведе во селото. Оттаму нѐ зедоа и нѐ доведоа ваму.“„Од вас бараме дваесет и пет илјади лири!“Во продолжение на истрагата ја прашуваат за тоа какви пушки имале луѓето што ги разнесувале по планините, на кој јазик зборувале и кои биле нивните имиња, а мис Стон меѓу другото одговара: „пушките им беа мешани, на себе имаа набрани панталони од бел шајак и парталави капи во боја на камила, а имаше и неколкумина со бели фесови“, додавајќи дека „едни со други меѓу себе не се обраќаа со вистинските имиња. На еден му се обраќаа со ’чауш’, на друг со ’карчо’, на трет со ’мечо’ а на четвртиот со ’боримечка’. Понекогаш зборуваа на турски, но не го знаеја сите убаво турскиот јазик. Еден ден ни рекоа напишете писмо на кого сакате во Банско, да испрати дваесет и пет илјади лири. Ако не испрати, двете ќе ве задолжиме со по еден куршум, рекоа. Пративме писмо во Банско, но писмото го фатиле и го доставиле до кајмакамот во Разлог. Потоа му пишав директно на Хаскел, протестантски доктор во Самоков. Го замолив да оди во нашата амбасада во Истанбул, да земе дваесет и пет илјади лири, и да нѐ спаси од грабнувачите. Бидејќи парите не стигнуваа, комитите се налутија и побараа четириесет илјади и петстотини лири…“Текстот во целост на: novamakedonija.com.mk  

Македонија | пред 6 години

PrtScr-capture_4

Заев најави економски мерки за супституирање раст на нето платите, со што ќе се избегне плаќањето во кеш и ќе се постигне екстра приход во Буџетот за фондовите за пензиско и здравствено осигурување

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во Собранието на РСМ, на седницата на која се расправа за избор на двајца нови министри и тројца заменици министри,најави нови економски мерки чија реализација се овозможува со ребалансот на Буџетот, кој треба да помине наредната недела на Владина седница.„На почетокот на работата на Собранието во септември ќе влеземе во парламентарна процедура, и заедно со новата министерка за финансии, ќе предложиме решенија кои добиваат можност да се имплементираат благодарение на  перформансот на Буџетот. Тие решенија, сакавме да ги имплементиравме и 2017 и 2018 година, но Буџетот не беше во состојба. Сега Буџетот е ликвиден, финансиски е стабилен и може да си дозволи алокација на 40 милиони евра или 2 милијарди и 400 илјади денари за супституирање на придонесите за да се овозможи пораст на платите. Зошто? Затоа што наместо да даваат пари во кеш како дополнување на платата на работниците, за да ги мотивираат, да ги задржат, работодавачите не ја даваат целата бруто плата, зашто вкупно придонесите на бруто плата изнесуваат 47 отсто заедно со персоналниот данок. Односно, на 20.000 денари, нето плата, во државата, се плаќа 9 илјади и 470  денари севкупни давачки, персонален данок, пензиско, здравствено и социјално осигурување. Целта е навистина да ги демотивираме на ваквото давање на пари во кеш. Со новата мерка што ќе ја предложиме, тие ќе платат само 11 проценти персонален данок, а другиот дел,  пензиско, здравствено и социјално осигурување, државата ќе го покрие. Вработените ќе добијат повисоки нето плати и ќе бидат мотивирани да останат на работа. Тоа е мерка која ќе придонесе кон мотивацијата и младите луѓе, и сите други, да останат во државата зашто платите ќе растат. Имаме таков капацитет“, образложи премиерот Заев.Тој додаде дека дополнителен ефект од оваа мерка е што, во суштина, ќе се помагаат двата фонда, и здравствениот и пензискиот од тие пари, со што ќе се отвори можност за раст на платите и во здравството.„Ако две третини од супституираните придонеси од страна на Владата сооваа мерка одат во Пензискиот фонд и една третина во Здравствениот фонд, ќе имаме дополнителна резерва за покачување на платите на здравствените работници зашто ќе се слеат екстра пари во стабилниот Буџет“, посочи премиерот Заев.

Македонија | пред 6 години

dzek-tviter

Хакиран профилот на извршниот директор на Твитер

„Твитер“ профилот на извршниот директор на компанијата, Џек Дорси беше хакиран и од него биле испратени расистички и вулгарни пораки кон неговите следбеници. Тој има околу 4,2 следбеници.Меѓу пораките што Твитер по 30 минути ги отстрани беше напишано и „Хитлер е невин“.Твитер соопшти дека е покрена истрага.

Свет | пред 6 години

mapa

(ВИДЕО) Трамп прогласи вонредна состојба во Флорида поради ураганот Дориан

Трамп предупреди дека Дориан може да биде „апсолутно чудовиште“. Американскиот претседател им нареди на федералните власти да им помогнат на локалните власти во Флорида во одбрана од ураганот. Според метеоролозите бурата се очекува да ја достигне четвртата категорија и ќе го погоди брегот на Флорида доцна в понеделник или наутро во вторник.Националниот центар за урагани во Мајами предупреди дека Дориан е „исклучително опасен“ и дека претставува значителна закана за Флорида и северозападниот дел на Бахами.Трамп го откажа патувањето во Полска закажано за викендов за да остане во Вашингтон и да ја следи ситуацијата со ураганот. Трамп прогласи вонредна состојба.https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1167527540518522883?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1167527540518522883&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.cnn.com%2F2019%2F08%2F30%2Fus%2Fdorian-forecast-friday-wxc%2Findex.htmlhttps://www.facebook.com/brooke.koontz.5/posts/2517225341632565 

Свет | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Улогата на Заев во криминалот станува јасна за целата јавност, освен за Вилма Русковска

Второ сведочење во кое што Зоран Заев е директно споменат како глава на политичко-обвинителско-медиумскиот октопод.  Втор пат јасно се гледа поврзаноста на Зоран Заев со Боки 13 и нивната координираност во собирањето рекет.  Втор пат по ред се потврдува дека Зоран Заев бил во тек со се, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Улогата на Заев во криминалот станува јасна за целата јавност, освен за Вилма Русковска која се очекува пак да негира дека бил споменат и да ги прикрива теагите што водат кон него.Зоран Заев од ден во ден се повеќе тоне. Во Република Македонија единствено блескаат криминалот, рекетот и изневерените очекувања. Власта наместо да се бори против криминалот, го штити. 4 месеци се развлекува истрагата за случајот Рекет. ЈО ги затвори само директните извршители, а за главата на октоподот се уште нема ни истрага. Додека криминалот царува. Граѓаните гладуваат.Земјоделците плачат и немаат каде да го продадат произведеното. Нема ниту откуп, ниту субвенции.Бизнисмените се рекетирани. Работниците се измачувани.Нема развој. Имаме само стагнација. За 7 месеци од годината немаме ниту 1/4 од годишно планираните капитални инвестиции реализирано. Нема нови проекти. Нема напредок. Буквално целата држава е по јаремот на власта. Времето на оваа власт проаѓа. Одговорност за недомаќинското работење и стагнацијата ќе има. Предвремени избори веднаш, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Навивач вербално го нападна Ѓоковиќ, тој му врати

Новак Ѓоковиќ во три сета избори пласман во четвртото коло на Ју-Ес опен. Српскиот тенисер со 6/3, 6/4, 6/2 го победи Американецот Денис Кудла во последниот меч одигран на стадионот „Артур Еш“. Првиот носител се подготвуваше за сервис кога навивачот му дофрли нешто, по што Ѓоковиќ го прекина загревањето и се упати кон обезбедувањето. На негова реакција лицето кое му дофрли беше отстрането од подтрибинскиот простор, но Ѓоковиќ очигледно беше изнервиран.„Ќе те најдам. Верувај ми, ќе те најдам“ – му порача Новак на навивачот кој успеа да го „извади од кожа“.Овој инцидент не остави никаква трага врз играта на Србинот, кој покажа одличен тенис и заслужено се пласираше во осминафиналето.https://twitter.com/sridinats/status/1167588362020098048?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1167588362020098048&ref_url=https%3A%2F%2Fekipa.mk%2Fgokovik-vo-vojna-so-navivach-ke-te-najdam%2F

Магазин | пред 6 години

vreme-31

Предпладне претежно сончево и топло, а попладне ќе има зголемување на облачноста

Времето денеска предпладне претежно сончево и топло, а попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=7.За утре метеоролозите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. УВ=7

Македонија | пред 6 години

stip-6

Мицкоски: Стани горда Македонијо, вашите срца кои треперат исто како и моето ќе ја донесат промената која сакате да ја видите

Добра Вечер до сите штипјани коишто одлучија вечерта да ја поминат со нас одбележувајќи 29 години од формирањето на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во победнички Штип, победнички Штип во минатото, но и победнички Штип и во иднината.Штип  е градот на непокорот и Македонската пркост, ова кораво место кое на ВМРО-ДПМНЕ  му даде великани кои ги паметиме и денес и има заслужно место во историјата, во растот и во сите историски важни делови од животот на организацијата која секогаш му припаѓаше и се уште му припаѓа единствено  на народот на Македонија. И така и ќе остане.И нашето ВМРО, ВМРО-ДПМНЕ не е дрво без корен, и затоа не пропуштам во секоја прилика да се навратам на споменот и делото на оние кои се вградија во историјата на нашата земја. И овие 29 години кои денес ги бележиме, од формирањето на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не ќе значат ништо без таа децениска и вековна борба на организацијата која ги анимираше, храбреше и чуваше нашите идеали. И така ќе остане и денес кога Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ овде во Штип е еден од чуварите на тие идеи и идеали.Александров ќе напише „Македонија во минатото даде великани, имиња кои ги изговараме со смирена благонаклоност и со стравопочит. Македонија и сега создава големи по душа и неповторливи маченици и херои, подготвени за самопожртвување, пред споменот или ликот на кои им симнуваме капа. Како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ова место ми помогна да работам во моментот со капитал, создаден од сите творци на македонската епопеја и да го претставувам идеализмот, моралната сила и цврстина на борбена Македонија. Драгоцените квалитети и дарби на Македонија се залог за сигурноста и брзо извојување на Независноста на Македонија”.Браќа и сестри, независноста не падна од небото туку таа дојде како резултат на макотрпна борба. Како редослед  на многу неуспеси, обиди и саможртва, но и славни победи. Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Штип растеше и се развиваше, тој е еден од најзначајните столбови на партијата кој остана непоместен, цврст бедем во сите невремиња и бури за нашата земја и за нашата партија. Ви благодарам. Ќе зборувам отворено за денешната  политичка реалност но, и тоа каква иднина да очекуваме. Ќе зборувам отворено дека овие 20 месеци зад нас и за ВМРО-ДПМНЕ беа едни од најтешките од создавањето до денес. Но ние не наведнавме глава, не свиткавме кичма и заедно опстанавме. Еден до друг, еден покрај друг се имавме во сите удари кои ги преживеавме, во сите напади, внатрешни и надворешни. Ние опстанавме, и ќе опстанеме  свесни за сите наши пропусти во минатото, доекипираи, со визија тргнавме напред.  И денес кога ја гледам оваа преполна сала, на луѓе чии срца и мисли се исполнети со жарот за Македонија, кога го гледам и ангажманот на претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПНЕ, Иван Јорданов но и кога го гледам ангажманот на сите членови на општинскиот комитет, на останатите структури на ВМРО-ДПМНЕ овдека во Штип можам да кажам и да заклучам Штип е победнички! Штип ќе биде прв во браната која ќе го запре ова лудило кое и се случува на нашата земја, ова зло кое надвиснало над Македонија и кое ја одзема иднината ќе биде поразено. Штип ќе е браната пред која ќе распука оваа криминална власт на Заев и неговата каста, и го чекаме денот во месеците кои следат и повикот одовде од гордиот Штип кога громогласно ќе се слушне веста, Штип победил, а власта загубила.Почитувани присутни,Кога секој од вас ќе ги слушне оние фалби на власта вообичаено дадени од удобните климатизирани кабинети во владата или министерствата, ќе чуе дека ова било економска година, дека сме биле лидери во напредокот, иако не кажуваат во што, дека платите ќе растеле, пензиите оделе нагоре, земјоделците биле среќни, инвестиции имало скоро секој ден, најмалку по една а некогаш и по две дневно, секој од вас знае, дека сето ова го има само во розевите очила Зоран Заев и неколкумина обожаватели околу него на ликот и делото на Зоран Заев, а во реалноста од ова нема ни трага ни глас. Во изминативе неколку дена поминав илјада километри низ нашата земја, се видов со стотици наши сограѓани, и ќе ви кажам еден личен впечаток. Состојбата е алармантна, а народот гладен и истоштен. Разочаран. Разочарувањата доаѓаат затоа што  сепак нашиот народ имаше надеж, која сега е изневерена. Не сретнав среќно лице, задоволен човек. Нема ниту едно задоволно лице, а тоа е така зошто реалноста е сурова. Затоа што сиромаштијата е голема.Вчера во Долни Подлог се сретнав со измамените оризопроизводители. Им ветувале субвенции ги лажеле, им ветувале сигурна откупна цена и за тоа ги излажале. Производството отишло кај локалните шерифи блиски на власта за да им ја злоупотребат маката и се богатат на нивниот грб. Еден шеесет годишен човек  со растреперен глас вели: Ние сме последните кои се занимаваат со земјоделие во Македонија, немаме ни за леб, а камо ли да заработиме за нешто. Ни ја земаат храната од уста. А ако кренеме глава ќе не прогласат или за криминалци или за поддржувачи на опозицијата. Тоа е таа демократска власт на несудениот нобеловец Зоран Заев, кој додека ги угнетува земјоделците не ги остава ниту да се побунат, ниту да го кренат својот глас против неправдите.И веќе онаа слика на наивен човек кој со раката на срце вели дека е чесен, и дека жицата македонска дека таа  му била најважна, тоа веќе не поминува. А не поминува затоа што оставија позади себе чемер и јад.Навистина веќе никој не верува дека било што добро може да се  направи оваа власт. Исто како што народот не им верува кога Зоран Заев ќе каже дека тешко му паѓало кога ќе видел лажна вест. Замислете, ова доаѓа од човек кој принцот на лагите, кој е главен извор на лажни вести во Македонија. Ако одевме по сите лажни вести кои се кажани од овој човек денес се уште требаше да веруваме дека Македонија веќе една година преговара со ЕУ, затоа што  според Заев уште минатата есен славеше по плоштадите ширум татковината. Луѓето веќе ги полнеа паричниците со минимум 500 евра плата, а редици се чекаат за вработувањата коишто ги нудат Гугл и Фејсбук. И уште многу, многу други лаги коишто сега навистина не би сакал ниту вашето време да го губам бидејќи овој ден за сите нас е посебен. Сепак славиме 29 години и ова треба да биде навистина убав ден.Ако на премиерот Зоран Заев  му паѓа вистински тешко од лажните вести, тогаш сигурен сум дека на родителите на децата убиени кај Смилковското езеро уште потешко им паѓаат лагите кои Заев им ги кажуваше, им ветуваше, седеше до нив ги гледаше во очи, им ветуваше дека тој е тој којшто знаел кој биле вистинските убијци  и дека вистинските убијци не се тие коишто веднаш откако се зграшчи до власта ги ослободи затоа што се пазареше за нивната слобода. А тажните лица и погледот на родителите од Смилковско останаа. Надежта не умира, а таа надеж ние имаме долг да ја вратиме.Жална, но вистинита вест е дека во Македонија сите цени растат, се е поскапо, само животот станува најевтин. И затоа ќе ни се случува дете да убие дете, убијци се уште да се на слобода и да се тргува со нивната слобода и да има недоприливи за правдата. А има недопирливи за правдата затоа што криминалниот откопод кој управува со земјата останува нечепнат.Се случи аферата Рекет, и погледнете само како  требаше да биде она којшто оние го нарекуваа битка против криминалот стана битка за заштита всушност  на криминалот. Како сите се откажаа од Катица и Бојан  Јовановски кои само се извршители во оваа кратка крими серија. Како министри од владата на Заев ја тресат и најситната прашина која може да укаже дека заедно го делеле колачот од оној трофеј сместен во куферот полн со пари, зошто знаат дека власта губи, и дека ќе дојде време да се порамнат сметките и ќе биде побарана одговорност.И да не очекуваме правда од ова Рускоска обвинителство која се реши да ја апси Катица после неколку недели, па со лаконска трпеливост ни објаснуваат дека иако Катица ја завршила работата која ја процениле за 8 милиони евра, она само добила троседот 5 илјади евра. Никој не верува во овие алибија на власта, исто како што никој не верува во зборовите на главата на откоподот дека правда ќе има зошто тој е носителот на неправда во оваа земја. И тука нема да му помогнат ниту оние шминерски рокади кои ги прави во Владата, ниту пак криењето на Кики и Фрики, ниту пак криењето на Шеки и останатите. Нивната улога допрва ќе се оценува и проценува.И тука не го вадат ниту изјавите дека прв пријавил во обвинителството за тоа дека имало Рекет, ама ова откако ги фатија со рацете во медот, зошто допрва треба да се проверат наводите што некои медиуми објавија дека токму Заев ги предупредил осомничените дека се фатени во криминални дејанија.И некако оваа Осмица, како да стана судбински број поврзан со Зоран Заев. Така го аболираа за сторен криминал од 8 ипол милиони евра во Глобал, а богами се гледам дека истата бројка осмица е популарна во аферата Рекет. Толку многу често, толку многу пати Заев е погрешно разбран, што веќе станува апсурдно. Кога го фатија за Глобал, велеше дека е жртва, кога го фатија како бара евро за него евро за Вицето, евро за Црквата, велеше дека бил дарежлив, кога нудеше 100 илјади евра поткуп за Вартоломеј, велеше дека е филантроп кој што сакал да помогне, сега за куферот полн пари од рекет вели пу пу неважи, Бојан Јовановски сам му текнало да бара пари. Работите се премногу очигледни, толку мириса на криминал што Вардар нема да го пере, и тоа оној надојдениот наскоро од овој ден денеска.Оваа влада е најголемиот непријател на правдата. Затоа толку грчевито се бори за да ги задржи привилегиите и инсталациите во обвинителството. Така еднаш Заев ќе се пофали дека имал две третини за законот за обвинителство, па кога ќе види дека нема, тогаш министерката ќе каже еве ќе го менуваме Советот на јавни обвинители, зошто таму не требаат две третини. Па сами си ги кажуваат задните намери кои имаат две цели. Првата е политичка да се пресметаат  преку инсталациите во обвинителството со политичките неистомисленици и втората е да го заштитат криминалот кој што ќе го остават позади себе, а обвинителскиот систем да им биде слуга. Е тоа така не може. Тоа нема да помине. И ако се надеваат на некакво ново Пржино, некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабено ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува се и сешто, надополнето со по некој Преторијанец во преговарачкиот тим, треба да знаат дека тој филм нема да го гледаат. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ и јас како негов претседател  вам и на сите низ Македонија им ветувам правда, а за правдата не планирам никаков компромис. Нека слушнат и сите оние курири кои што ми ги праќаат овие од криминалниот октопод да преговараат за милост после поразот на изборите. Секој оној кој што се огрешил пред законите и се посрамотил пред граѓаните,нема милост, ќе одговара.Немојте попусто да се пенавите, да ја виткате кичмата и да молите  за милост.  Тоа што сте си дробеле, тоа и ќе сркате. Ќе бидете први соседи на таа што сега ја сместивте таму, Катица, Бојан Јовановски и Зоран Милески.Каква е реалноста, нема ниту еден универзитет, а Штип е универзитетски град, во 1000 те најдобри во светот според Шангај, а ветуваа дека ќе има место за нас таму.  Имаме капитални инвестиции од мизерни 24.5%, а трошењето од буџетот не е да се обезбеди развој, туку да се купи социјален мир, за да нема тензии и да се покријат погрешните политики на владата. Затоа ќе слушнете најави за поголеми плати, повеќе пари, тоа се плаќа браќа и сестри од вашите даноци, од денарот кој што вие го уплаќате во касата за да може Зоран Заев најпрвин да ја празни и пљачка, а потоа откакао ќе види дека води погрешни политики да ги искористи тие пари и да ги покрие тие погрешни политики.Денеска видовме мизерни, нецели 8 милиони евра странски директни инвестиции за  вториот квартал од 2019 година, за цели 10 пати помалку од минатата година кога компаниите што ВМРО-ДПМНЕ ги донесе и ја реинвестираа добивката и на тој начин ја покачија  основата за директни странски инвестиции. Кога земјите во регионот бележат стотици и стотици милиони евра квартални инвестиции, ние денеска, Народна банка на Република Македонија извади податок за мизерни 8 нецели милиони евра.  Бројот на вработените во индустријата, се сеќавате блескаме и ни одело во економијата и затоа немало да има предвремени парламентарни избори, сега требало да се даде шанса на економијата, во вториот квартал, да бидам попрецизен во јули месец, на почетокот од третиот квартал е намален за 2,5% споредено со јули месец 2018 година. Долгот од почетокот на годината е зголемен за 100 милиони, а најтешкото допрва доаѓа. Тоа е блескањето на Зоран Заев, ама изгледа блескаат само фирмите со канабис и блиските на Зоран Заев.Тука сакам исто така да кажам и да ја изразам мојата силна и недвосмислена поддршка на просветните работници кои се борат за своите права.  Јас сум пред се универзитетски професор, мојата сопруга е во просветната дејност и добро, многу добро знам какви предизвици и со какви тешкотии се соочува македонското образование. Овде борбата е за основните работи, а за развој не сакам ни да зборуваме. Затоа ги поддржувам во нивните барања и нивната борба.Ако по нешто блеска оваа земја тоа е по три работи. Првата е неспособноста на власта, втората е криминалот, третата е разочарувањето приредено од владата. Имаме министри во владата кои трета година ги уживаат придобивките а нивните имиња не ги ни знаеме, ќе ги сретнеме по улица, ќе се судриме со нив, ќе не знаеме кому извини му викаме.Се фалат со проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ, мака немаат, ама ако, барем нешто нека работат, па макар да го довршат еве после третата година во владата на Република Македонија она што ние го започнавме. А тоа што народот нема пари не ги интересира, слушнав една шега, мислам дека беше во Крива Паланка, вели и мигрантите не заобиколуваат.Револуцијата на Заев се претвори во изветоперена диктатура на власта, каде новинарите се тужат зошто ја критикуваат власта, тендерите завршуваат во приватни џебови, а премиерот е отсутен од реалноста.Главната работа на Владата и на по некое градоначалниче кое сака да се истакне пред деспотот нели, станува гребењето на шеснаесеткракото сонце, како да тоа е злосторство за кое што следува казна, а не историски симбол на нашиот народ. Се истакнуваат кој повеќе сонца ќе избрише наместо кој повеќе проблеми ќе реши.Нивната битка браќа и сестри во периодот кој што следи и нивниот обид да ги завршат привилегиите ќе биде на два фронта. Првиот е фронтот кој што ние овие 20 месеци ни беше главна задача да го одбраниме, а тоа беше да го направиме ВМРО-ДПМНЕ повторно силно исправено, ВМРО-ДПМНЕ гордо и ВМРО-ДПМНЕ коешто е победничко и ВМРО-ДПМНЕ  коешто е најголемата политичка сила во Република Македонија.Но, тука нема да застанеме и не смееме да застанеме затоа што нашата задача продолжува. Првиот фронт ги поразивме, сега треба да ги поразиме на  вториот фронт. Нашата задача ќе биде да излеземе на улиците, да поразговараме со нашите соседи, пријатели,колеги, роднини и да ги поканиме да ги поканиме да ни се придружат во нашата борба за зачувување на Република Македонија. Затоашто на месеци од сега не чека денот кога ќе се соочиме со граѓаните и кога ВМРО-ДПМНЕ треба да ги обедини сите граѓани во Република Македонија под знамето на Република Македонија и со бајракот на ВМРО-ДПМНЕ на гради, а тоа ќе биде големата победа на предвремените парламентарни избори.Наша задача ќе биде да појдеме не полињата  со земјоделците, со сточарите да поразговараме. Наша задача ќе биде да појдеме и по здравствените установи да поразговараме со лекарите, со медицинскиот персонал. Да појдеме во училиштата, во универзитетите да поразговараме со студентите, со наставниците, со професорите и со персоналот таму. Наша задача ќе биде да поразговараме со бизнис заедницата, да го поминеме секој еден производен погон. Наша задача во периодот што следи е да поразговараме со младите, со пензионерите. Да поразговараме со секој еден граѓанин во Република Македонија, да ги послушаме, да не се срамиме да научиме нешто од нив., да видиме и да ги слушнеме нивните реални проблеми, не она блескаме на Зоран ЗаевИ врз основа на тие проблеми можеби ќе слушнеме некој укор, некоја критика за нашите грешки од минатото, не треба да се лутиме треба да сме достоинствени. Ако аргументите на соговорникот навистина имаат простор треба да ги прифатиме и да се извиниме онаму каде што сме погрешиле. Од сето тоа треба да подготвиме програма и решенија за тие проблеми на нашите сограѓани. Решавање на реалните проблеми на секој еден граѓанин. Таму каде што можеме да понудиме решение, тоа решение треба да го понудиме. Таму каде што не можеме, ќе кажеме ова јас не можам да го направам поради тие причини. Таму каде што можеме делумно, треба искрено да кажеме, оваа година не можеме, но догодина сигурно ќе го направиме.Мораме искрено честито да разговараме со нашите сограѓани, да ја растераме онаа перцепција за нас политичарите дека овие дојдоа да лажат и да крадат после тоа. Да покажеме дека оваа генерација е поразлична. Дека ние си го сакаме нашето место во историјата и дека после нас генерациите што доаѓаат ќе кажат, во оваа генерација Македонија повторно се обнови, се разви и Македонија денеска е горда, достоинствена, европска, современа модерна држава.Ова ни е потребно затоа што за месеци од сега кога ќе дојде денот, кога нашите сограѓани ќе треба да судат и да пресудуваат кој и што направил, кој што кажал да пресудат и да судат, за да победи ВМРО-ДПМЕ, да победи со резултат кој што нема да дозволи постизборен инженеринг. Победата е сигурна, но нас ни е важно натпреварот со постизборниот инженеринг. Само така можеме да бидеме сигурни дека нашата програма нашите принципи и она со кое што ќе излеземе пред граѓаните нашата честитост и збор ќе ги исполниме. Затоа ни се потребни сите, буквално сите. Затоа како што кажа Иван, да ги отвориме вратите на нашите месни комитети, да ги отвориме вратите во општинскиот комитет. Секој еден кој во минатото вложил и најмал атом од својата енергија и потрошил по некоја минута од своето време работејќи за ВМРО-ДПМНЕ, а така работел за Република Македонија да го поканиме, да не остане ниту еден кој што нема да биде непоканет.Потоа е до нив, и до нивната свест, дали ќе застанат под знамето на Република Македонија и бајракот на гради на ВМРО-ДПМНЕ или пак ќе го продолжат политичкиот век на оваа политичка каста која што денеска пустоши и ќе продолжи да пустоши ширум нашата татковина. Тоа е до нив, а наше е да ја дадеме таа шанса.Третата работа која што сакам да ја кажам и за која што сама да зборувам се оние новоразбудени удбашки инсталации кои што ширум Македонија во периодот кој што следува ќе се обидат да направат продор во десницата, ќе се обидат да го демотивираат и деморализираат патриотското десно гласачко тело. Сите тие удбаши се разоткриени и знаеме точно од чии рекетирани пари се платени. Точно знаеме кој е мотиваторот и инспираторот. И нека знаат дека ова ќе помине, а за неколку месеци од сега, ќе треба најрпвин да му се извинат на чесниот родољуб патриот Македонец, затоа што лажеле, а потоа ќе одговораат, од прв до последен.Драги мои штипјани имаме само една земја, а таа земја не има само нас. Јас сум тука за да успееме во нашата мисија, да ја кренеме Македонија од пепелта и да ја обновиме. Ќе го поминам секој град и село, ќе ја поддадам раката кон секого без било каква  наметлива ароганција. Ќе учи ВМРО-ДПМНЕ од секој од вас и потоа како што кажав заедно ќе понудиме решенија за проблемите кои го мачат овој народ. Имаме план, имаме сила, имаме мотивација за обновата којашто следи. Не чека многу работа, крвава работа .За да се случи ова мора да има парламентарни избори. Да ја поразиме оваа власт која е на колена, а јас стојам овде и ви ветувам дека ќе ја поразиме.Ви велам овде, ова лето господово во Штип пред вас дека оваа власт предводена од оваа криминална, измамничка, корумпирана политичка каста ќе биде жестоко поразена и испратена на маргините на политичката историја на Македонија.Стани горда Македонијо, вашите срца кои треперат исто како и моето ќе ја донесат промената која сакате да ја видите. Ова е битката на мојата, ова е битката на вашата нова генерација која ќе се избори за победа, и ниту една битка во мојот живот не била лесна. Но, јас затоа влегов  во оваа битка затоа што влогот е Македонија, а Македонија е моето и вашето се. И битката за Македонија е најтешката битка.

Македонија | пред 6 години

kometa8-1

ПРОМО: „Комета“ е новата песна на Александра Јанева

Александра Јанева го објави видео спотот за третата соработка со Иван Јованов Iwayo. Новиот сингл носи наслов „Комета“ и е секојдневна женска приказна со летен ритам. Зад текстот повторно се потпишува Александра Јанева, а музиката, аранжманот, миксот и мастерот се на Иван Јованов Iwayo.Видеото за песната е снимено од Pinestel продукција на Пеце Здравковски и Ѓорги Вацев. За изгледот на пејачката и овој пат се погрижи познатата стилистка Милена Танаскоска.„Комета“ е четвртиот сингл на Јанева за оваа година, но останува да видиме дали тука е крајот на музичките новитети во 2019-та.

Магазин | пред 6 години

kup-zlato

Во ѕид од стара куќа во Струга новите газди пронашле ќуп со злато?

Полн Ќуп со златни монети наводно бил пронајден во стара струшка куќа при нејзино рушење.Очевидци тврдат дека при одвивање на работни задачи дошло до прекин на работата и турканица помеѓу една особа која собирала железо и багеристот кој ја рушел куќата.Според очевидци газдата на куќата која се рушела е нов сопственик на истата кој неодамна ја купил за 20тина илјади евра.Ќупот не бил којзнае колку голем а тежината сосе монетите заедно била околу 11.5кг, објави struga48.wordpress.com.Доколку вкупната тежина на евентуално пронајдените монети била 8кг , значи дека сопственикот се офајдил со околу 396 150 долари а пресметано во евра тоа би било 358 960 евра. Текстот во целост на: struga48.wordpress.com

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања