Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров: Заради една личност не може нацијата да се откаже од владеење на правото

„Поради една личност не може целата нација да се откаже од владеењето на правото, од патот кон Европа“, ова е ставот на министерот за надворешни Никола Димитров, за вмешаноста на обвинителката Јанева во аферата Рекет.Министерот Димистров учествува на неформалниот состанок на министри од ЕУ кој се одржува во Хелсинки. Финските новинари посебен интрес покажаа за Аферата „Рекет“ и Катица Јанева која, според нив била симбол за револуцијата, слободата и борбата против корупцијата, а сега и самата е дел од една афера која предизвика разочараност во земјата.По ова прашање димитров одговори:„Сепак, има индикации дека е инволвирана што остава горко чувство, бидејќи жедта за правда е огромна, и во земјата и кај народот. Она што е важно е дека кога проблемот е откриен, клучно е системот да реагира. И сега системот мора да реагира. Една личност не може да биде причина целата нација да се откаже, ние мораме да продолжиме, а патот е владеењето на правото“, рече министерот Димитров.Тој пред почетокот на министерскиот состанок со ЕУ  порача дека е подобро да се зборува за комплетирање на ЕУ наместо за нејзино проширување.Западните членки на ЕУ се лицемерни за проширувањето, обвини денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сјарто.Сјарто смета дека одлагањето на одредување датум за преговори за Македонија и Албанија во јуни е спротивно на интересите на Унијата.,,Ние сме земја која го поддржува проширувањето, значи за брзо проширување на ЕУ, и забрзување на процедурата за пристапување и отворање преговори со Северна Македонија и Албанија, но искрено, моето искуство покажува дека некои од моите западни колеги само зборуваат за проширувањето, а кога ќе дојде време за носење одлуки обично се против. Тоа е лицемерие‘‘, изјави Сијарто.

Македонија | пред 6 години

pehcevo-696x451

Уништена урбана опрема кај локалитетот „Езерце“ во Пехчево

Паркот „Езерце” во Пехчево синоќа повторно бил мета на вандали. Рано утрово е пријавен случај на кршење на урбаната опрема. Уништени се неколку клупи на летниковците, искршен е дел од дрвената ограда, а откорнати се и држачите на околните маси.– Очигледно е дека лицата кои го направиле ова имаат ниска свест за зачувување на она што е направено за потребите на сите нас. Како грижлива општина, се трудиме настаната штета веднаш да ја поправиме, но состојбата, особено летово, се повторува и тоа ги чини граѓаните дополнителни средства, велат од општината.Полицијата го потврди синоќешниот вандалски чин и најави санкции за сторителите по нивното откривање.

Македонија | пред 6 години

avion-1

Најмалку две лица загинаа при принудно слетување на авион во сибирската област Јакута

Најмалку две лица загинаа, а петмина се повредени при принудно слетување на авион во сибирската област Јакута, во близина на езерото Силијан Куел, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.– Според последните информации две лица загинаа. На летот биле седум луѓе. Повредените со авион се пренесени во Јакутск, а биле посетени и од психолози, се наведува во соопштението.Претходно медиумите објавија дека авион Ан-26, сопственост на компанијата „Авиаспектр“, принудно се приземјил кај езерото Силијан Куел, околу 400 километри од местото каде требало да слета.

Свет | пред 6 години

zemjotres

Силен земјотрес во БИХ, почуствуван и во Србија и Хрватска

Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на територијата на Босна и Херцеговина. Епицентарот на земјотресот бил на шест километри северно од градот Мрамор и на 89 километри северно од главниот град на БиХ, Сараево на длабочина од 10 километри.Земјотресот се почуствувал во Бања Лука, Нови Сад, Брчко и останати делови на БИХ, Србија и ХрватскаЗа сега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета. 

Свет | пред 6 години

Grabez-pistol

Две лица ограбиле бензинска пумпа

На 30.08.2019 околу 05.20 часот било пријавено дека на бензинска пумпа на автопатот Скопје-Гевгелија, кај с.Башино село, две лица извршиле разбојништво и одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

пред 6 години

Нема фотографија

Момче од Арачиново повредено со остар предмет

На 30.08.2019 околу 00.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„12“ во с.Арачиново, скопско, А.А.(18) од с.Арачиново бил нападнат со остар предмет од Ј.Б., при што се здобил со повреда на десното рамо. Според пријавеното, причина за нападот е неодамнешна расправија. На А.А. му била укажана помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за  расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

POZARKUMANOVO

Опожарена сува трева и четири бандери

На 29.08.2019 околу 23.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во населба „Гоце Делчев“ во Скопје, при што била опожарена сува трева и четири бандери. Екипа од противпожарната единица од Скопје го изгаснала пожарот.

Скопје | пред 6 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Битолчанец измамил сограѓанин за над 60 илјади евра

СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.Б.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 31.07.2019 на улица „Цветан Димов“ во Битола пријавениот го довел во заблуда Ј.Н.(74) од Битола, кој му дал 4.000.000 денари и 500 американски долари, по што тој парите ги задржал за себе. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Момче повредено со остар предмет по куса расправија во виничко

На 30.08.2019 во 00.00 часот во Полициската станица Виница бил приведен Н.Т.(25) од с.Истибања, виничко, поради тоа што на 29.08.2019 во периодот од 22.00 до 23.00 часот, по куса расправија, со остар предмет му нанел повреда на Н.Т.(24) од с.Истибања. На Н.Т.(24) му била укажана помош во Итната медицинска помош Виница. По целосно документирање на случајот, против Н.Т.(25) ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 6 години

velosiped

Судар помеѓу велосипедист и трактор – едно лице со тешки телесни повреди

На 30.08.2019 во 02.00 часот било пријавено дека на 29.08.2019 околу 17.30 часот во с.Кривигаштани, прилепско, се случила сообраќајна незгода во која учесници биле велосипедистот М.Ц.(18) од с.Кривогаштани и трактор, сопственост на Ј.С.. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во болницата во Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Низа прекршувања на сообраќајните правила во Тетово

На 29.08.2019 во Тетово беа спроведени засилени сообраќајно-контролни активности за санкционирање на неправилно паркирање, брзина и управување возила без возачки дозволи. Притоа, откриени и подигнати се 10 непрописно паркирани возила, пет лица управувале возила без положен возачки испит, двајца возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, двајца кои управувале под дејство на алкохол и друго. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

На автопатот Куманово-Табановце во автомобил пронајдени осум мигранти

На 30.08.2019 во 02.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Табановце, кај клучка за с.Костурник, мобилна екипа на Царинска управа во патничко возило со скопски регистарски ознаки пронашла осум лица мигранти (две од Ирак и шест од Пакистан). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Кривична за три лица, одзеле пари и златен накит од 72 годишен дедо

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар при СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(28) од с.Челопек, тетовско, Ј.И.(45) од Гостивар и албанскиот државјанин Г.Б.(42), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 18.08.2019 во с.Равен, гостиварско, пријавените извршиле разбојништво над М.А.(72), при што му одзеле пари и златен накит.

Македонија | пред 6 години

marihuana

Кај двајца скопјани пронајдена марихуана

На 29.08.2019 во 17.55 часот полициски службеници од СВР Скопје на улица „Февруарски поход“ го привеле Е.Г.(20) од Скопје, бидејќи при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 29.08.2019 во 22.40 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Лихнида“ го привеле С.Т.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него пронашле марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

marihuana2

Кај скопјанец пронајдена марихуана

На 29.08.2019 во 13.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Босна и Херцеговина“ го привеле А.И.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

Ekstazi-01

Кај 26 годишен скопјанец полицијата пронајде прашкаста материја и екстази

На 29.08.2019 во 00.40 часот полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ го привеле К.Б.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени пакувања со прашкаста материја и екстази. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

5-2

Спасовски во Пустец се сретна со градоначалникот Пали Колевски и пратеникот Васил Штериоски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со заменик министерот на МВР, д-р Агим Нухиу и градоначалникот општина Ресен Живко Гошаревски денес во општина Пустец, соседна Албанија, се сретна со албанскиот министер за внатрешни работи Сандер Лешај, како и градоначалникот на Пустец, Пали Колевски и пратеникот во албанскиот парламент од овој крај Васил Штериовски.Заблагодарувајќи се на градоначалникот на Пустец за иницијативата за организирање на средбата, како и на неговиот албански колега за денешното гостопримство, министерот Спасовски потенцираше дека унапредувањето на безбедноста, како основа за развој на државите, е од заеднички и примарен интерес и за Република Северна Македонија и за Република Албанија.“Интерес на нашето МВР е унапредување и продлабочување на билатералната оперативна полициска соработка со МВР на Република Албанија на повеќе нивоа“, истакна министерот Спасовски потенцирајќи дека тоа е од приоритетно значење и по националната но и по регионалната безбедност. Истовремено, тој нагласи дека Владите на двете земји се должни заедно да работат на подобрување на севкупните услови за живот на луѓето а во тој контекст ја апострофираше иницијативата за интегриран пристап во менаџирањето на граничниот премин Ќафасан, а во насока на олеснување и динамизирање на протокот на луѓе и стоки преку овој граничен премин кој би функционирал по принципот "One stop shop".“За мене како заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија и како министер за внатрешни работи пораката што денес ја испраќаме токму од овде во Пустуц, општина која што е мост меѓу Македонија и Албанија, не е само порака за добрососедските односи туку и порака за заедничка поддршка за развој на оваа област, и со тоа сакаме да им порачаме на граѓаните што живеат во Пустец дека тие ќе можат да сметаат на нашата целосна поддршка во подобрување на животните услови“, истакна министерот Спасовски во својата изјава по работната средба со неговиот албански колега Лешај.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Голема журка со Пол ван Дајк во паркот „Авионче“

Светската икона на електронската сцена, диџеј Пол ван Дајк, утре, 31.8.2019 година (сабота) ќе настапи во паркот „Авионче“ покрај кејот на Вардар во Општина Аеродром.Неговиот настап се очекува да почне во 22:00 часот, а пред него за добрата атмосфера ќе се погрижат неколку познати македонски диџеи кои ќе стартуваат од 19:00 часот.Општина Аеродром е дел од светската турнеја насловена „Music Rescues Me“ на Пол ван Дајк, во чиишто рамки тој го промовира својот нов албум. Очекуваме околу 10.000 посетители од земјава и од регионот, кои ќе имаат можност да уживаат во неговите нови хитови, но и во безвременските дела со кои израснаа генерации.За потребите на овој голем настан ќе биде поставена бина по светски стандарди, надополнета со посебни ефекти, врвно озвучување и уникатно осветлување, кое е карактеристично за настапите на Пол ван Дајк.Специјалниот огномет при крајот на концертот ќе внесе дополнителна магија во целиот настан.Ги покануваме граѓаните да бидат дел од целовечерната забава која е од отворен карактер со бесплатен влез и ги потсетуваме дека препорачливиот дрес код е во сино-бела боја за уште поубав амбиент.Греми номинираниот Пол ван Дајк два пати е прогласен за број 1 диџеј во светот според реномираното списание „DJ Mag“, нешто што досега само неколку диџеи успеале да го постигнат во својата кариера.Инаку, тој е дел од големиот фестивал BACK 2 school WEEK што девет дена се одржува низ парковите во Општина Аеродром, каде настапуваат голем број музички имиња, бендови и диџеи. 

Скопје | пред 6 години

30082019_PVRSM-Zaev_sobraniska-sednica_2

Заев: Економските владини политики даваат резултати, приходот од придонеси не бил никогаш повисок, парите се враќаат кај граѓаните

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија во Собранието на РСМ, Зоран Заев на седницата на којаго образложи Предлогот за избор на двајца нови министри за финансии и за министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, во реплика на пратениците од опозициската партија истакна декапредлогот е во согласност со континуитетот на економските успеси.„Приходот од персонален данок е повисок за 15,6 проценти. Повисок епорастот на придонесите во државата. Комплетно растат сите параметри. Доаѓаме со Ребаланс на Буџетот веќе од следната недела, каде што буквално ќе имаме максимална реализација на Буџетот скоро во сите аспекти. И, дефинитивно сите економски политики потврдуваат намалување на невработеноста и тоа во огромен процент, раст на Бруто домашниот производ (БДП), историски раст на инвестиции...“, рече премиерот Заев додавајќи дека конечно сите економски параметри покажуваат дека опозицијата се плаши од економските резултати.Премиерот Заевпосочи дека сите ефективни мерки се на очиглед на јавноста и повтори дека 4,1 проценти е растот на БДП, пет проценти е намалена невработеноста и изнесува 17,8 проценти.„Индустријата расте над 8 проценти, приходите во Буџетот се зголемени за повеќе од 10 проценти од лани и сето ова е доказ дека економијата живее. Странските инвестиции се највисоки од било кога, од осамостојувањето на нашата држава, 625 милиони евра странски инвестиции имавме лани и годинава продолжува трендот“, истакна премиерот Заев пред пратениците.Тојповтори дека овој тренд на зголемување на инвестициите ќе продолжи, бидејќи економијата секогаш расте кога земјите се интегрирале во НАТО и во ЕУ и кога економските политики на Владата давале резултати исто како и кај нас.„Мој ДДВ минатиот месец донесе 15 милиони евра, и овој месец нови 15 милиони евра носи, економските мерки даваат резултати затоа што се суштински“, рече премиерот Заев додавајќи дека тие пари ќе се вратат кај граѓаните и ќе делуваат на нивниот повисок стандард. 

Македонија | пред 6 години

policija

Вооружена престрелка во Сарај, има и повредени

Вооружена престрелка во која има и повредени лица се случила попладнево околу 14 часот во селото Буковиќ во Општина Сарај, дознава Сител. Во престрелката учествувале неколку лица, при што најмалку едно лице со повреди од огнено оружје е префрлено во болницата „8 Септември“.Полицијата во моментов врши увид, повеќе детали подоцна.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Ѓорчев за демографската рецесија: Катастрофален втор квартал со 10,6% помалку бебиња и 7,3 % повеќе умрени

Со оваа власт, Зоран Заев и неговите 28 министри, Македонија буквално демографски и биолошки умира. Македонија исчезнува како никогаш до сега, а бројките стануваат се полоши. Вчера излегоа податоците од вториот квартал за 2019 година, второто тримесечие, април, мај, јуни за бројот на новородени деца во Македонија, и оваа бројка е најлоша во историјата на Македонија откако има статистика, бројки и завод за статистика на Македонија, истакна :  Владимир Ѓорчев, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Заводот за статистика вчера ни порача и ни соопшти дека во второто тримесечие, во вториот квартал падот на родени бебиња во Македонија е фрапантни 10,6%. Тоа е огромна демографска рецесија. Тоа е рецесија невидена во историјата на Македонија. Тоа значи дека Македонија се иселува, тоа значи дека градовите и селата ни се празнат. Тоа значи дека за жал Македонија станува земја без народ поради катастрофалните анти – семејни, анти – човечки политики на Зоран Заев и неговите 28 министри, истакна Владимир Ѓорчев, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.2018, минатата година, 2018-та беше најлоша демографска година во историјата на Македонија. Е од таа најлоша 2018 година како резултат на политиките на Зоран Заев кога се родија само 21.300 бебиња сега имаме ситуација од таа најлоша демографска година да имаме падови од 10,6%, рецесија од 10,6%.Во економијата кога ќе падне бројката 1,2,3 или 4 проценти во рецесија се вклучуваат сите аларми и кризни мерки.Сега со оваа влада, со овој егзодус нам ни се случува рецесија во еден квартал од 10,6%. Зоран Заев воопшто тоа не го допира.Истовремено имаме во второто тримесечие 2019-та година сега, имаме зголемување на бројот на умрените од 7,3%. И тоа изнесува 4.928 лица. Значи внимавајте за која дискрепанца зборуваме, гледајте за која напредна фаза за жал колку тоа болно и да звучи но мораме да го констатираме на демографско биолошко исчезнување, зборуваме денес во Македонија. Со Зоран Заев, Венко Филипче и Мила Царовска, пад на родените бебиња од 10,6 проценти и раст на умрените од 7,3 проценти.Ако тоа не е катастрофа тогаш не знам што е. Тоа е физички импириски доказ дека оваа Влада на Зоран Заев не донесе како што велеа „Живот во Македонија“, туку иселување, егзодус и заминување.Но и министерка за странски инвестиции која што пет минути дава интервју и на пет прашања, една инвестиција не знае да наброи која што ја донела во Македонија. Ниту таа, ниту било кој од министрите.Да, за жал се случува младите да си заминуваат. Си заминуваат затоа што такви аналфабети, толку неспособни луѓе станаа министри во Владата на Зоран Заев. Да сето тоа е причински последички. Имате министерка за странски инвестиции која што е три години министер, на која што името не и го знаеме, која што една инвестиција не донесе во Македонија, и да благодарение на тоа имаме рецесија во бројот на родени бебиња во Македонија од фрапантни и поразителни 10.6%.Стануваме уште еднаш ќе речам земја без народ. Ќе ги видите бројките утре, задутре, ден потоа. Ќе дојде првиот училишен ден, празни се училиштата, не може паралелки да се направат. Да, тоа е поврзано со вакви неспособни министри на кои што имињата не им ги знаеме. Кои што пет минути не можат да набројат една фабрика што донеле. И една работа што сработеле.Ете тоа е состојбата во која што живееме. Тоа се предизвиците со кои што се соочуваме.Ако сето ова мора да го сумирам во триесетина секунди или четириесетина секунди за еден краток ТВ прилог колку што објективно е времето за да се соопшти на македонската јавност е следно, а тоа е дека фактите се немилосрдни.Почитувана македонска јавност,Факт е дека со владата на Зоран Заев и неговите 28 министри кои што не можат да набројат една инвестиција која што ја донеле после три години нивна работа и народ што ги плаќа, имаме ситуација да имаме најлош квартал во историјата во Република Македонија. Пад во бројот на родени деца во фрапантни 10.6% и раст во бројот на умрените од 7.3%. Поради катастрофата во здравствениот систем која што ја гледаме на дневна основа.Ете таа ситуација е која што ја имаме. Мила Царовска ја укина мерката за трето дете и гледаме дека има се помалку и помалку третородени деца. Гледаме дека има се помалку бракови, се повеќе иселување, се повеќе заминувања и за сето ова што и го прави во Македонија. На страна другите прашања, има еден куп  други прашања за кои што и Заев, и Царовска и другите имаат и тоа како одговорност. Но за ова прашање поврзано со иселувањето, со демографијата, со наталитетот, со губењето на училиштата, Зоран Заев, Венко Филипче и Мила Царовска имаат историска одговорност, истакна Владимир Ѓорчев, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

Stoilkovski-30-08-2019-mediumi

Стоилковски: Апсењето на Димитар Димовски и Дејан Митески е акт на страв на СДСМ и ништо повеќе

Зоран Заев и картелот на власт тонат во криминал и колку повеќе го губат тлото под нозете, толку повеќе расне притисокот и злоупотребата врз институциите за да ја замолкнат опозицијата.Апсењето и притворањето на Димитар Димовски и Дејан Митески е акт на страв на СДСМ и ништо повеќе. Притворот за Димовски и Митески, но и на службеничката во Министерството за транспорт и врски, Анета Јорданова, е акт на политички прогон изживување и терор врз неистомисленици на кланот на власта, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Доколку имаше криминал, немаше да се чека дури три години за да се покрене случај. Доколку имаше криминал немаше само за нив да има притвор меѓу 11 осомничени. Притворот е политички определен за да се задоволи барањето за политички прогон, за политички хир и за обвинителство кое секојдневно покажува дека е тука за да замижува и да ги заштитува криминалите на Зоран Заев, задоволувајќи ги притоа неговите нарачки.Судот мора да ги земе предвид фактите дека по два месеци притвор, Јавен обвинител не најде за потребно да ги посети и да им земе исказ на овие тројца. Судиите мора да ги земат предвид фактите дека нема основа за продолжување на притворот, ниту може да го повторат делото, ниту да влијаат врз сведоци или докази, ниту пак за бегство. За пример, Димовски сам го предаде пасошот до судот и ниту пак побегнал, сведоци во случајот не се познати, а повторување на делото е невозможно бидејќи во министерството каде што работат ги немаат повеќе ингиренции.По два месеци притвор во вакви услови јавно прашуваме дали Димовски, Митески и Јорданова кои што работат во министерството за транспорт и врски, се жртви на тортура заради бизнисот на вицепремиерот Кочо Анѓушев и неговиот брат? Доколку и по трет пат се определи мерка притвор, под истите околности, веруваме дека станува збор за политички прогон.Судиите мора да изнајдат сила и да работат врз основа на правните аргументи и факти, а не врз основа на хирот и потребата на властодршците за прогон врз опозицијата. Заев, заевизмот, заевистите тонат и ќе одговараат за сите криминали, рекетарства и местени тендери, а со нив ќе одговараат и нивните соработници, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Tripunovski-30-08-2019-mediumi

Трипуновски : Мерките на Заев и Атанасов за превенција на Африканската свинска чума во земјата не даваат резултат

Мерките на Зоран Заев и Зоран Атанасов за превенција на Африканската свинска чума во земјата не даваат резултат. Нестручноста и непрофесионалноста го доведуваат под знак прашалник опстанокот на добиточниот свински фонд во Република Македонија.ВМРО-ДПМНЕ како сериозна и одговорна опозиција активно ја следи ситуацијата со Африканската свинска чума и неспособноста на властите и АХВ да се справи со проблемот, истакна Цветан Трипуновски - Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Свесни за големиот економски и социјален губиток доколку би се појавила болеста, а воедно и сведоци на несериозниот однос на државните институции кои што треба да работат на сузбивање на влез на ваква сериозно болест, искористувајќи ги нашите стручни капацитети, предлагаме сет на мерки кои што ќе значат заштита на ова многу битна сточарска гранка во Република Македонија.ВМРО-ДПМНЕ ги предлага следниве мерки:Засилен надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство и Ловниот инспекторат во спроведување на мерката засилен острел на популацијата дива свиња, каде во целост ќе се имплементираат основни биосигурносни мерки и хигиена на лов.Засилен надзорна свињарските фарми кои АХВ ги проценила како фарми со висок или среден биосигурносен ризик за влез на болести.Брза и ефективна ургентна мерка – Финансиска поддршка на сите регистрирани одгледувалишта во итна имплементација на високи мерки за биосигурност за одгледувачите на свиња.Засилени контроли на личниот багаж на граничните премини за контрола на внес на анимални производи со посебно означени места на граничните премини каде ќе се депонира ризичниот отпад.Задолжителни воспоставени дез-бариери на сите граничните премини на Република Македонија.ЗЕЛС и локалната самоуправа во соработка со соодветните инспекциски служби итно да спроведат мерки дислоцирање на слободно пуштените свињи на депониите, но и трајно истите да ги  оградат или пак да ги санираат постоечките огради. Да се одреди институција и лица кои што ќе ги прибираат сите релевантни податоци и ќе го надгледуваат нивото на реализација се со цел квалитетно спроведување на веќе постоечките мерки.Официјалните ветеринари заедно со ветеринарните друштва веднаш да излезат на терен и во радиус од 3 километри околу големите производни капацитети да формираат т.н. санитарни прстени кои ќе имаат за цел превенција од влез на Африканската свинска чума. Откако ќе ги детектираат критичните точки, а особено нерегистрираните одгледувалишта кои преставуваат особен биосигурносен ризик, веднаш во соработка со локалната самоуправа да ги спроведат и применат сите законски мерки. Регистрираните одгледувалишта во овие зони да ја покачат биосигурноста или пак доколку тоа не е можно да се пристапи кон нивна депопулација врз основа на претходно донесените мерки.Итно информирање на јавноста во однос на досегашните резултати од спроведените испитувања на мострите од заловените диви свињи, а особено во критичните погранични подрачја кон Република Бугарија и Република Србија. Обемот на испитаните мостри да е во согласност со спроведениот отстрел на дивите свињи особено во критичните подрачја.Засилена контрола на редовниот увоз на свинско месо и месни продукти, за присуство на Африканска свинска чума, како и пратките на добиточна храна и суровини за потребите на фабриките за добиточна храна и самите фармери.Зголемување на биосигурносни мерки во кланиците и фабриките за добиточна храна, а особено нивните транспортни средства кои што имаат контакт со свињарските фарми во текот на извршување на своите обврски.Покачување на јавната свест за опасноста од Африканска свинска чума низ предавања и обуки на сите чинители во под-секторот свињарство.Почитувани,Се надеваме дека власта ќе има сериозен пристап кон ова наше укажување, и без собирање на политички поени ќе се зафати за работа веднаш! Затоа што свињарството кој што е една од најпрофитабилните гранки, која што носи сериозен девизен прилив во Република Македонија, а воедно значи и егзистенција на многу семејства кои што егзистираат од оваа гранка.Доколку СДСМ не може да ги спроведе овие мерки, стоиме на располагање со нашите стручни капацитети да помогнеме за доброто на сточарството во Република Македонија.Свињарството е сточарска гранка, во која што во изминатите години се инвестирало премногу, за да се постигне нивото кое што го имаме денес. Токму затоа и не треба заради нестручност, некомпетентност и незаинтересираност да дозволиме да пропадне. Влегувањето на оваа болест во Република Македонија ќе значи и долгогодишни економски штети, истакна Цветан Трипуновски - Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Pres-30.08-2

Шилегов: За демолирањето на зелениот покрив на ГТЦ ќе бараме притвор за сторителот

По објавените снимки од страна на градоначалникот Шилегов на неговиот фејсбук профил од демолирањето на зелениот покрив на ГТЦ, Шилегов даде изјава за медиумите каде потенцираше дека по завршувањето на процената на штетата Градот Скопје ќе достави пријава до МВР и ќе се бара притвор за сторителот. Во текот на изминатата ноќ на покривот на Градскиот трговски центар, онаму каде што Градот Скопје инвестира за подигнување зелен покрив дојде до уништување на дел од опремата и на дел од инсталациите што Градот таму ги постави во соработка со УНДП. За наша среќа, безбедносните камери го снимија инцидентот, идентификуван е сторителот, Град Скопје и ГТЦ го пријавија случајот во МВР, извршен е увид и во тек е проценувањето на штетите. Оштетена е и инсталацијата, што претпоставува дека ќе стане збор за гонење за сторено кривично дело по службена должност. Доколку тоа се утврди, јас ќе побарам од јавното обвинителство да изрече мерка притвор за сторителот бидејќи не можеме како Град да дозволиме да биде уништувано јавното добро, да биде уништувано она што го правиме со парите на граѓаните, а и нека биде конечно предизвик за јавното обвинителство да почне да си ја работи работата онака како што треба. Моето мислење е дека досега не сме имале сериозен однос на оваа институција кон јавното добро. Нека заврши процената на вредноста на штетата, па во согласност со тоа ќе ја доставиме нашата пријава до МВР. Во координација сме со СВР Скопје и потоа ќе побараме од обвинителството да поднесе кривична пријава и да изрече мерка притвор бидејќи сторителот е познат и постои опасност да го повтори делото – рече денеска Шилегов. Зазеленувањето на покривот на ГТЦ е дел од проектот со кој Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе го поддржи Градот Скопје во спроведувањето на Стратегијата за климатски промени – Отпорно Скопје. На зелениот покрив со површина од 1.800 квадратни метри ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. Ќе бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафе-бар, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.

Скопје | пред 6 години

Vasko-Robovaliev

ВМРО ДПМНЕ: Богдановиќ ја укина целодневна настава до петто одделение во некои училишта, а таа е повеќе од потребна

Премина во навика децата и родителите во Општина Центар секој септември да се соочуваат со проблеми.Додека во соседните општини се воведува целодневна настава до петто одделение со цел да им излезат во пресрет на родителите, Саша Богдановиќ и одговорните одлучија истата да биде укината во некои од училиштата во Општина Центар, истакна Васко Робовалиев од ВМРО ДПМНЕ.Иако овој начин бил воведен и се практикувал повеќе од 30 години од причина позната само на Богдановиќ и останатите ваквиот начин се укинува за петтите одделенија. Иако според наши информации до општина Центар биле доставени барања со потписи од сите родители за продолжување на истиот начин на работа како и досега.Почитувани,Целодневната настава е реална потреба на родителите.Одговорните во Општина Центар треба да се свесни во какво општество живееме.Неблагодарно е да си го толкувате законот така како што вам ви одговара.Затоа OK на Центар ВМРО-ДПМНЕ апелира повторно да се преиспитаат одлуките и да се овозможи непречено одвивање на наставата во училиштата на територија на Општина Центар.Понудениот дневен престој е опција но не мора да биде решение.Нашите деца заслужуваат квалитетно образование и грижа но исто така заслужуваат да имаат основни услови за реализација на основното образование, истакна Робовалиев.  

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања