Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

aco-kolevski

Ацо Колевски е новиот претседател на Советот на јавните обвинители

Ацо Колевски, едногласно е избран новиот претседател на Советот на јавни обвинители. Колевски доби 10 гласа ЗА и со тоа го наследи на функцијата досегашниот претседател, Коле Штерјев, кој ја извршуваше функцијата од 31 август 2017 година.Мандатот на Колевски ќе трае 2 години.Ацо Колевски е член на Советот од февруари 2018 година кога беше избран од редот на јавните обвинители и дојде на местото на Љубомир Јовески кој ја презеде должноста државен јавен обвибител.Претседателот на Советот на јавни обвинители се избира од членовите со тајно гласање. Неговиот мандат трае две години, без право на повторен избор

Македонија | пред 6 години

skolo-struga

(ФОТО) Мерко во ново „Ауди А6“, а првачињата во мувлосани училници

Додека Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко ќе се вози во нова лимузина „Ауди А6“ вредна 67.000 евра, првачињата во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе влезат во мувлосани училници.Општинaта на крајот од ноември лани покрај за градоначалникот, се подновила и со три други автомобили за кои вкупно платила 114.000 евра. Но, за Мерко аудито од речиси 70.000 евра не е луксузен автомобил, бидејќи обични граѓани возеле автомобили од над 100.000 евра, објави Економски лидер.-Не се работи за луксузни возила, туку за возила кои се неминовна потреба на локалната самоуправа. не велите дека се луксузни кога обичните граѓани возат возила над 100 000 евра, изјави тогаш Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга.Училиштето се наоѓа во центарот на Струга, а на социјалните мрежи се појавија фотографии од урнисаното училиште кое за неколку дена треба да ги прими првачињата.Извор: Економски лидер 

Македонија | пред 6 години

gdu

ГДУ: На избори заедно со граѓаните, а на власт сами

„Живот за сите", „Преродба во 100 чекори",„Реформите ќе победат", „За твојата иднина", „Заедно напред"... и уште многу слогани кои само служеа за мобилизирање на гласачите, а не донесоа ништо подобро. На избори заедно со граѓаните, а на власт сами. И после се, не се изненадување бројките кои покажуваат негативен природен прираст за повеќе од 10 проценти во споредба со лани. Но се крајно разочарувачки и предупредувачки дека треба нешто да се преземе, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.Според бројките од Државниот завод за статистика, се помалку млади се решаваат да склучат брак и да формираат семејство. Бројката на умрени, е поголема од бројката на новородени. Граѓаните во оваа држава немаат никаква сигурност, ниту финансиска, ниту правна. Младите иднината не ја гледаат во својата земја, туку бараат начин да заминат и да се спасат. Овие факти и бројки во никој случај не смее да се игнорираат. Алармот е вклучен. Ова мора да се сопре. Наместо личното и партиското богатење, мора во преден план да се стават интересите на граѓаните, оние кои го даваат суверентитетот.Бројките се поразувачки, а мерките кои се преземаа изминативе години не дадоа никакви резултати. Се докажа дека и тие се само чист популизам и обид пред избори да се привлечат повеќе гласачи. Потребна е длабинска анализа, а не дневнополитичка. Неопходно е да се формира сектор за популациона политика, по примерите од европските земји. Итно се потребни нови мерки и активности за подобрување на демографската состојба.Во Владата потребен е експерт кој ќе работи на оваа проблематика. Но и секој министер треба да се посвети на ова прашање. Во Србија дури и претседателот на државата е претседател на формираното тело за популација. Но пред се, за да се сменат работите на граѓаните им е потребна сигурност и стабилност. Правна држава, економски стабилна, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Македонија | пред 6 години

3-3

Проштална средба на Џафери со амбасадорката на Република Хрватска Даниела Баришиќ

Денеска претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари проштална средба со амбасадорката на Република Хрватска, г-ѓа Даниела Баришиќ.На средбата беше изразена благодарност за досегашната соработка и поддршка од пријателската Хрватска. Исто така, двајцата соговорници разговараа за актуелните прашања на Република Северна Македонија. Посебен акцент беше ставен на темата за членството во НАТО, како и за претстојното претседателство на Република Хрватска на Советот на Европската Унија и нивната програма и приоритети.Претседателот Џафери на почитуваната амбасадорка ѝ посака успешна работа по завршувањето на мандатот во Република Северна Македонија и ѝ беше врачено признание за посветеноста во градењето и продлабочувањето на пријателството помеѓу двете земји.

Македонија | пред 6 години

krazba

Ги поканил во својот дом, а тие физички го нападнале и му одзеле пари и златен накит

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство го сториле кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 18 август  оштетениот, 72-годишен жител на с.Равен ја поканил осомничената во својот дом. По неа за кратко време пристигнале нејзиниот син и невенчаниот сопруг. Тројцата осомничени  физички го нападнале оштетениот  и му одзеле пари и златен накит.Заради обезбедување присуство на осомничените во текот на истражната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар  достави предлог за определување на мерката притвор. Предлогот беше прифатен, по што судот на тројцата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 6 години

tortevski

Тортевски за неделникот „Фокус“: Ми нудеа поткуп од 50.000 евра додека бев советник во СЈО!

Адвокатот Александар Тортевски во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“ открива шокантна информација, односно дека додека била ангажиран како советник во СЈО му бил понуден поткуп, кој тој го одбил.На прашањето на Фокус, дали поткупот му бил понуден за некој предмет во СЈО, Тортевски вели:-Да, и го пријавив тоа во СЈО. Сега ми е жал што ја немам потврдата, се трудам да ја добијам, но има проблем бидејќи сега нема кој да го одобри тоа, затоа што Катица е во притвор. Инаку, ми беа понудени огромни пари – педесет илјади евра, вели Тортевски.Тој појаснува дека пријавил кај специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но и целиот колегиум бил запознаен.Повеќе детали прочитајте во најновиот број на неделникот „Фокус“.

Македонија | пред 6 години

unistuvac-1-960x564

Познат уништувачот на зелениот покрив на ГТЦ, но каде е ?

Плусинфо неофицијално дознава дека МВР го знае идентитетот на човекот кој го демолираше зелениот покрив на ГТЦ, од кого видеа објави на својот Фејсбук, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.Наводно, човекот е газда на еден од објектите во трговскиот центар.Од Министерството за внатрешни работи ни беше кажано дека е пријавено кај нив и тие работат на расчистување на случајот, пишува Плусинфо .ФОТО: Фејсбук

Скопје | пред 6 години

Obrazovni-asisteni-2

16 Средношколци со образовни асистенти во новата учебна година

Градот Скопје во новата учебна година ангажира 16 образовни асистенти кои ќе работат со средношколците со посебни образовни потреби. Асистентите кои се ангажираат во рамки на проектот „Поддршка на инклузијата во образовниот процес – унапредување на правата и можностите за ранливите категории граѓани во Град Скопје“, а кој е во соработка со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и УНДП, ќе работат по четири часа дневно со учениците и ќе им помагаат во совладување на наставната материја и подобрување на успехот.Услугата од асистентите е бесплатна за родителите кои дадоа согласност да се вклучат во проектот. Дел од средствата се обезбедени преку програмата Општинско – корисна работа, а дел се од Буџетот на градот.Месечниот надоместок за асистентите изнесува нето 9.000 денари, а за нив Градот обезбедува и бесплатен јавен превоз кој ќе можат да го користат за време на ангажманот.Ангажирањето образовни асистенти во средните училишта е продолжување на праксата од минатата година кога Град Скопје за првпат ја реализираше оваа активност. Потребата од повторно ангажирање стручен кадар кој ќе помага на средношколците за време на наставата се должи на позитивното искуство од претходната година и постигнатиот успех на учениците кои ја користеа услугата.Во таа насока, минатата година Град Скопје за првпат додели награда за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузијата на ученичка од четврта година во гимназијата „Никола Карев“, која користеше услуга од образовен асистент и постигна одличен успех во последната година од образованието. 

Скопје | пред 6 години

DSC_3824

Денес во Кисела Вода ќе настапат Александар Митевски, Драган Спасов-Дац и Кристина Арнаудова

„Културното лето Општина Кисела Вода 2019“ продолжува со познати музички имиња и одлична забава.Денес во паркот „Македонија“ публиката ќе има можност да ужива во настапите на популарните македонски ѕвезди Александар Митевски, Драган Спасов-Дац и Кристина Арнаудова. Утре на свеченото затворање на културната манифестација, на месноста „Три круши“ концерти ќе одржат Мики Јовановски-Џафер,  Искра Трпева, Ѓоко Танески и КУД „Китка“. Концертите на двете локации ќе почнат во 20:00 часот.

Скопје | пред 6 години

arta

Алијанса за Албанците во одбрана на просветните работници: Платите да им се усогласат со регионот

Бројот на наставници во РСМ, само во основните училишта во учебната 2018/19 година беше 16.290 и имајќи го предвид бројот на наставници и во средните училишта, овој сектор е убедливо со најголем број на вработени. Луѓето кои се сметаат за 'рбет на општеството се донесени во ситуација кога секоја учебна година тие мора да го користат штрајкот како единствен механизам за допирање до свеста на оние на кои им недостасува таа свест преку цела година,  истакна на прес конференција Арта Точи, пратеник од Алијанса за Албанците.Одговорноста за ваквата позиција на наставниците е на партијата што со години го водеше ова министерство. Од 2002 година до денес имало само промена на министрите на ДУИ, но немало промена на позицијата на наставникот. Во оваа прилика, го потсетуваме сегашниот министер дека тој не може да ги замоли наставниците првиот ден на училиште да биде ден на радост за оние кои со своите плати ја немаат таа можност да уживаат со своите деца.Наставниците во РСМ имаат најниски плати во регионот и како илустрација ќе наведеме примери на неколку соседни земји. Просечната плата на наставниците во Албанија е 477 евра, во Косово 459 евра, додека во РСМ е 365 евра. Му предлагаме на министерот наместо да ја зголеми платата за 1000 ден. да ги усогласи платите на наставниците со оние на регионалните земји, бидејќи останавме последни.Алијансата за Албанците, како политичка партија го поддржува штрајкот на наставниците и нивните барања за подостоинствена позиција во општеството. Ние посветивме посебно внимание на ова прашање во програмата на Одделот за образование на политичката академија на АА преку која се залагаме дека со наше доаѓање на власт, наш приоритет ќе биде да го ставиме наставникот во заслужена достоинствена позиција, истакна на прес конференција Арта Точи, пратеник од Алијанса за Албанците.

Македонија | пред 6 години

Skolo

ООУ „Киро Глигоров’ ја стартува новата учебна година - Приемот на првите ученици е на 2 септември

Општина Центар информира дека новото општинско училиште во населбата Капиштец ООУ „Киро Глигоров“ на 2 септември ги отвора вратите за првите ученици, запишани во учебната 2019/2020 година. Приемот и свечената приредба за учениците започнува во 9.30 часот.Во ООУ „Киро Глигоров“ во оваа учебна година се запишаа 250 деца од кои се формирани вкупно 9 паралелки од прво до петто одделение, а во наредните години, бројот на паралелките ќе се зголемува пропорционално со запишувањето на новите ученици.И во останатите основни општински училишта наставата започнуваво понеделник, а во сите училишта на територија на Општина Центар ќе биде организиран свечен прием за првачињата и нивните родители.На сите ученици, Општина Центар им посакува среќна и успешна училишна година!

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Општина Аеродром апелира да не се расфрла отров, со кој се загрозува животот како на животните

Од вчера на социјалните мрежи се појавија информации дека на јавните површини во Општина Аеродром се расфрла отров, со кој се загрозува животот како на животните, така и на луѓето, што предизвика голема вознемиреност и бурни реакции кај жителите.Општина Аеродром, уште еднаш, како и во повеќе наврати досега, апелира до граѓаните да не поставуваат штетни материи на јавни површини. Уште еднаш потенцираме дека ваквите материи претставуваат опасност за домашните миленици, бездомните животни и децата што си играат во парковите.Доколку најдете супстанција за која сметате дека е опасна, пријавете директно во полициската станица „Аеродром“ на телефонскиот број 02/2432-362. Исклучително е важно да не допирате ништо и да не ја напуштате локацијата сѐ додека не дојде претставник од полициската станица.

Скопје | пред 6 години

sindikat-posta

Синдикатот на Македонска пошта бара зголемување на платите, подобри услови и пролонгирање на либерализација на поштенскиот пазар

Синдикатот на Македонска пошта во изминативе неколку месеци водеше интензивни разговори со Претседателот и членовите на Управниот Одбор за подобрување на условите за работа, како и за реализација на барањето за зголемување на платите.И покрај намалувањето на загубите во работењто , како и целосната конструктивност и посветеност на Претседателот и членовите на Управниот Одбор за изнаоѓање на решение за посочените проблеми и барања на вработените,   не успеавме да најдеме соодветно решение кое би било поволно за компанијата и за вработените.Имено, долгогодишното барање за зголемување на платите се темели на фактот, што повеќе од 30 години ниту за еден денар не се зголемија платите во Македонска Пошта, а дотолку повеќе е зголемено  незадоволството кај вработените со намалување на вредноста на бодот пред 12 години, со образложение во времетраење од шест месеци, но таа намалена вредност на бодот и ден денеска е на сила.Особено е  изразено незадоволството кај вработените во технолошкиот процес каде што просечната плата на ниво на компанија на тие вработени  изнесува 17,650 денари , што  значи дека тој износ е поблиску до минималната плата, отколку до висината на просечната плата во Македонија. Со ваквиот износ на платата, вработените се на работ на егзистенцијата и водат борба за пристоен живот.Барањето на работниците е враќање на вредноста на бодот и зголемување на платата за 10 %, што би довело до приближување на нивните плати до просечната плата и зголемување на нивниот стандард и подобрување на условите за пристоен живот.Покрај барањето за зголемување на платите , како проблем, вработените се соочуваат и со лоши услови за работа години наназад, како и со недостиг на основните средства за работа, односно потребата за набавка на работна облека, велосипеди, мопеди, компјутерска опрема ,санација на објектите и други материјали . Особено сакаме да нагласиме  за набавка на работна облека која  повеќе од 10 години не е набавена , за што од  Претседателот на Управниот одбор добивме ветување  дека годинава набавката на работна облека ќе биде приоритет, за што  и на почетокот од годинава  Управниот одбор донесе одлука за набавка на работни облеки,  но до ден денеска постапката не е започната, поради недобивање на согласност за набавка од страна на Надзорниот Одбор. Со оглед на долгиот период на чекање за реализација на набавката,  незадоволството кај вработение е се поголемо .На денешниот прес сакаме да истскнеме уште  едно  суштинско барање на Синдикатот на Македонска Пошта кое се  однесува на либеризацијата на поштенскиот пазар која треба да започне од 01.01.2020 година, а тоа е дека синдикатот не се согласува со отпочнување на либеризацијата на посочениот датум, од причина што цениме дека моменталната состојба, во која се наоѓа нашата компанија. Доколку влеземе во либеризација, дополнително би се зголемила неизвесноста и иднината на нашата компанија која би имала голема последица врз вработените. Поради тоа Синдиатот на Македонска пошта бара да се пролонгира либерализацијата на поштенскиот пазар до  влез на земјата со членство во Европската унија.Соочени со овие проблеми и нереализирање на барањата, вработените од синдикатот бараат да преземе порадикални синдикални мерки за реализација на нивните барања за зголемување на платите и подобрување на условите за работа. Поради тоа, бараме итна средба со Премиерот, со цел надминување на состојбите и реализирање на  барањата, велат од синдикатот на македонска пошта.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Скопскиот Аква Парк ќе работи до 8-ми Септември , годинава ја имаше најуспешната сезона досега

Аква паркот во склоп на СЦ „Борис Трајковски“, ова лето ја имаше најуспешната сезона досега со над 37 000 продадени влезници. Посетителите цело лето имаа можност да уживаат во сите атракции и места за одмор кои ги нуди паркот.  Аква Парк ќе работи и овој викенд до 1-ви септември, а последна шанса за релаксација и забава оваа сезона, посетителите ќе имаат наредниот викенд, односно на 7-ми и 8-ми септември, а деновите од понеделник до петок нема да биде отворен за посета.По затворањето на Аква Парк, рекреативно ќе може да пливате и во затворениот базен во СЦ „Борис Трајковски“ во одредени термини, а од понеделник во спортскиот центар  започнува и нова сезона на Аеробик вежбање со термин од 19:00, секојдневно од понеделник до петок. Во склоп на СЦ „Борис Трајковски“ работи и кугланата, реновирана и подготвена за родендени, прослави, тим билдинг и професионално и аматерско натпреварување во куглање. Другите содржини кои ги нуди центарот се  сауна, пинг понг, фитнес, а наскоро ќе започне и концертната сезона, како и спортските натпреварувања во арената и малата сала.

Скопје | пред 6 години

kss

КСС со подршка за штрајкот на СОНК

КСС во минатото постојано укажуваше на лошата состојба на вработените во јавниот сектор. Своето незадоволство гранските синдикати го искажаа низ низа протести особено во првата половина на оваа година. Барањата се исти, усогласување на платите согласно покачувањето на минималната плата за 25%, К-15 за вработените во јавниот сектор.. Предочивме и на лошиот социјален статус на нашите членови, но очигледно надлежните останаа глуви. Платите на министрите се усогласија согласно законите, но не и платите на вработените во јавниот сектор, иако законот го предвидува тоа. КСС и гранските синдикати најавуваа дека ќе го радикализираат своето делување, но Владата повторно остана глува. Затоа КСС одлучно стои позади барањата на СОНК и со сите свои ресурси и логистика го поддржува штрајкот. Просветните работници се понижени со своите лични примања најниски во регионот и во Европа. Просветните работници заслужуваат повеќе, заслужуваат почит и треба да бидеме свесни дека тие се ‘рбетот на едно општество, а тој во моментов е загрижувачки искривен.Без заслужената плата, без мотивиран професор не можеме да очекуваме резултати во иднина, не можеме да очекуваме здрави генерации кои треба да ја водат нашата држава. Затоа ги повикуваме и родителите да искажат силна солидарност спрема вторите родители на нивните деца и одлучно да ги поддржат наставниците да се изборат за статусот кој го заслучуваат.Членови на СОНК, КСС со сите грански синдикати е со Вас и Ве поддржуваме да издржите во овие тешки моменти за Вашата професија. Сите заедно, се разбира на чело со Вас, покажавме дека синдикалното движење сеуште постои и затоа со цела енергија и ресурси, со стремеж за подобар живот и почитуван наставник, Ве повикуваме на 2ри септември, сите заедно, ние, вие и родителите да го поддржиме штрајкот и покажеме единство и истрајност за почитувањена вашата професија.

Македонија | пред 6 години

skolo-4

Град Скопје ангажира 16 образовни асистенти за средношколците со посебни потреби

радот Скопје во новата учебна година ангажира 16 образовни асистенти кои ќе работат со средношколците со посебни образовни потреби. Асистентите кои се ангажираат во рамки на проектот „Поддршка на инклузијата во образовниот процес – унапредување на правата и можностите за ранливите категории граѓани во Град Скопје“, а кој е во соработка со Агенцијата за вработување и УНДП, ќе работат по четири часа дневно со учениците и ќе им помагаат во совладување на наставната материја и подобрување на успехот.Услугата од асистентите е бесплатна за родителите кои дадоа согласност да се вклучат во проектот. Дел од средствата се обезбедени преку програмата Општинско корисна работа, а дел се од буџетот на градот.Месечниот надоместок за асистентите изнесува нето 9.000 денари, а за нив Градот обезбедува и бесплатен јавен превоз што ќе можат да го користат за време на ангажманот.Ангажирањето образовни асистенти во средните училишта е продолжување на праксата од минатата година кога Град Скопје за првпат ја реализираше оваа активност. Потребата од повторно ангажирање стручен кадар кој ќе помага на средношколците за време на наставата се должи на позитивното искуство од претходната година и постигнатиот успех на учениците кои ја користеа услугата.Во таа насока, минатата година Град Скопје за првпат додели награда за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузијата на ученичка од четврта година во гимназијата „Никола Карев“, која користеше услуга од образовен асистент и постигна одличен успех во последната година од образованието.

Скопје | пред 6 години

katica-janeva-fatime-fetai

Јовевски не може да ја изземе Катица Јанева од случаите кои се пред судот

Државниот обвинител Љубомир Јовески нема надлежност да ја изземе специјалната обвинителка Катица Јанева од предметите на СЈО, е одговорот што судијата Огнен Ставрев го доби од ЈОРМ, на барањето од обвинетите во случајот „ТНТ“ за изземање на Јанева од предметот.-Републичкото јавно обвинителство не е надлежно да постапува по вашето барање. Според Законот за СЈО не е дел од јавнообвинителската хиерархија и има своја автономија, а одговара пред Собранието и Советот на јавните обвинители, стои во писмото кое судијата Ставрев го прочита на денешното рочиште за овој предмет, потпишано од обвинителката Анита Исајловска.Обвинителот кој го води предметот, Бурим Рустеми, пак неодамна за Фокус појасни дека обвинението за Амзоски било повлечено бидејќи тој е оштетен во случајот.-Кривичната пријава за Амзоски, за дивоградба, била поднесена во 2011 година, а се до 2017 не била активирана. Во време кога јавно е познато дека водиме истрага за „ТНТ“, односно за незаконско рушење на објектот „Космос“, редовното обвинителство, одлучува да ја активира пријавата и да поднесе обвинение против Амзоски. Овој потег е нелогичен, со очигледна позадина, бидејќи добро знаеја дека СЈО е надлежно за овој случај. Кога го добив предметот решив дека обвинението треба да се повлече, а со мене се согласи и шефицата Катица Јанева, бидејќи не може за ист случај бизнисменот да има својство и на обвинет и на оштетен. Нашите докази покажуваа дека е оштетен, појаснува обвинителот Рустеми, кој додава дека ако опстоело обвинението против Амзоски, немало да може да се отвори случајот „ТНТ“.

Македонија | пред 6 години

unistuvac-1-960x564

ВИДЕО: Хулиган го демолираше зелениот покрив на ГТЦ - дали го препознавате?

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар е демолиран од страна на едно лице кое е снимено од безбедносните камери.Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејбук профил објави видео од демолирањето.„Нема да застанеме заради вакви луѓе. Скопје ќе го биде сакал некој или не“, напиша Шилегов на Фејсбук.https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/2979591922265386Станува збор за инсталациите од неопходната инфраструктура за фонтаните и останатите елементи коишто се потребни за претворање на бетонскиот покрив во зелена градина.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Без струја делови на Аеродром, Карпош и Петровец

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека утре поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа во Град Скопје, без електрична енергија ќе останат:Во време од 8:30 до 10:00 часот, корисниците од: дел од с. Горно Лисиче на влез од селото од страна на населба Лисиче до школото, центарот за рециклажа во с. Горно Лисиче до ОХИС, железничката станица во Лисиче (опш. Аеродром)Во период од 9:00 до 11:00 часот, корисниците од бул. Јане Сандански бр.88, бр.100, бр.104, бр.106 (опш. Аеродром)Во време од 10:30 до 12:30 часот, корисниците од ул Тодор Чангов, делот кај малите броеви на подулици (опш. Аеродром)Во период од 9:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од објектите на ул. Никола Тесла околу ресторан „Лира“ и градинката (опш. Карпош)Во време од 8:30 до 14:00 часот, корисниците од бул.АСНОМ, угостителските објекти во паркот со авиончето (опш. Аеродром)Во време од 8:15 до 13:30 часот, корисниците од населба Петровец: Македонијапат кај Рампа Петровец, Полициска станица кај Рампа Петровец, нас. Чојлија (кај Рампа Петровец), наплатна рампа Петровец (опш. Петровец)

Скопје | пред 6 години

katica-janeva

Советот ќе испрати, Собранието низ комплицирана постапка треба да ја разреши Јанева

Советот на јавни обвинители едногласно одлучи дека се исполнети условите за почнување постапка за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Канева, која е во притвор како осомничена за случајот „Рекет“. Советот ќе изготви извештај што ќе биде доставен до Собранието, кое понатаму треба да ја продолжи постапката за разрешување на Јанева.– Советот, откако сите членови изнесоа анализа за состојбите по списите во истражниот предмет за организиран криминал кој се однесува на постапувањето на обвинителката Јанева во предметот „Империја“ на СЈО, едногласно одлучи дека се исполнети услови за да започне постапка за разрешување на јавната обвинителка Катица Јанева. За тоа да го направиме Советот треба да изготви извештај со утврдена фактичка состојба и да го достави до Собранието – изјави вчера по седницата претседателот на Советот на ЈО, Коле Штерјев. Додаде дека согласно своите надлежности, Собранието понатаму ќе ја продолжи постапката.Во текот на вчерашниот ден Димовски почнал консултации со претседателот на Собранието Талат Џафери и со дел од координаторите на пратеничките групи. Постапката, како што рече, е комплицирана, потребно е да се обезбеди согласност од политичките партии, Комисијата да го донесе заклучокот, практично Комисијата треба да предложи разрешување на специјалниот јавен обвинител и потоа да се закаже седница на Собранието за разрешување на Јанева од функцијата специјален јавен обвинител.

Македонија | пред 6 години

vlada

СДСМ нема да прифати уцени од ВМРО-ДПМНЕ за законот за ОЈО, а свесни се за разочарувањето на јавноста од „Рекет“

За предвремени избори во државата се размислува дури во октомври 2020 со цел првин да ѝ се даде шанса на економијата, да се изгласаат важни закони, како законот за Јавното обвинителство, и статусот на специјалното јавно обвинителство и да заврши самитот на НАТО во јануари 2020, брифираат високи извори во владејачката партија. Од таму велат дека се размислува за проверка во правосудниот систем по одлуката на Европскиот совет за датум за преговори со Македонија.Од партијата признаваат и се свесни дека јавноста е разочарана од случајот „Рекет“ и од специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од која се очекувало да ја донесе правдата, но дека премиерот Зоран Заев го пријавил случајот во Обвинителството и велат дека доколку целосно се процесира случајот, тој ќе придонесе за добивање датум за преговори со земјава.Извори од партијата велат дека постои напредок во преговорите за донесувањето на Законот за ОЈО, со кој би се регулирал статусот на СЈО и дека нема да прифатат никакви уцени со предвремени избори за опозицијата да гласа за донесување на законот. Од владејачката партија има оптимизам да дојде до договор, без да се поминат црвените линии.Дури и ако не се постигне договор за овој закон, велат од владејачката партија, тој ќе се гласа во Собранието на 10 септември. Во тој случај, доколку законот не биде изгласан, според партијата, Советот на јавните обвинители треба да назначи в.д. специјален јавен обвинител, а се очекува сегашното СЈО до септември 2020 година да сака да ги забрза сите предмети со цел да се завршат. Високи партиски извори ја исклучуваат секоја можност предметите и актуелните истраги на специјалното јавно обвинителство да пропаднат, но имаат и забелешка дека голем дел од предметите досега се движи со бавно темпо и со опструкции и тоа не смее повеќе да продолжи.

Македонија | пред 6 години

ulica-koli

Од вчера до денес, само во Скопје повредени седум лица во сообраќајки

На подрачјето на Град Скопје изминатото деноноќие се случиле осум сообраќајки од кои шест се со повредени лица, а во две е причинета материјална штета. Вкупно се повредени седум лица.СВР Скопје информира дека 63 возачи се санкционирани бидејќи возеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 13 лица кои возеле пред да се стекнат со возачка дозвола, тројца возачи почетници, како и 15 нерегистрирани возила.Санкционирани се и 20 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле и шест возачи на неносење сигурносен појас.Сообраќајната полиција презела мерки и против 13 пешаци кои поминале на црвено светло и седум пешаци кои не поминале на пешачки премин.Во текот на изминатото деноноќие издадени се и 48 казни за непрописно паркирање, а исто толку возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.

Скопје | пред 6 години

Mickoski-PRESS-1608-1

Русковска ги крие трагите, за политичарите да не одговараат за „Рекет“, тврди ВМРО-ДПМНЕ

„Четири месеци откако е пријавен случајот со милионскиот рекет, ЈО единствено што прави е обид да ја убеди јавноста дека Боки 13 бил толку моќен што сам ја вовлекол Катица Јанева и рекетирал бизнисмени. Четири месеци, Русковска ја влече јавноста за нос оставајќи можност да се избришат сите траги кон политичарите и главата на рекетарскиот октопод. Четири месеци ЈО нема мрднато од мртва точка во истрагата.Вилма Русковска четири месеци кова план како да го амнестира Зоран Заев, кој е спомнат од страна на жртвата во случајот како човек кој ги предупредил директните извршители Боки Тредичи и Зоки Кичеец.Што крие Русковска и дали со нејзиното неделување, отвора шанса лица кои се уште не се опфатени со случајот да влијаат врз сведоци и да уништуваат докази, но и да се впуштат во бегство!?Вилма Русковска и ЈО целосно ја компромитираа истрагата за Рекет. Со секој поминат ден неделување на граѓаните им станува јасно дека се прави излезна варијанта за Заев и власта.Ефикасна правна разрешница во случајот Рекет со Заев на власт не е можна. Потребни се брзи предвремени парламентарни избори час поскоро. Потребна е обнова на Македонија“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

banki-2

Нов ребаланс на буџетот, со цел да се покачат платите?

Следната недела на владина седница се очекува да помине ребалансот  на Буџетот, а во него ќе има вградено и мерки за да се стимулира севкупното покачување на платите во државата, брифираат извори од СДСМ.Според нив, една од мерките ќе биде државата да ги покрива придонесите за здравствено и пензиско осигурување, доколку работодавачот ја зголеми платата на работниците во нето износ од 25 отсто од просечната плата. Оваа мерка ќе почне да се применува од октомври годинава, а со неа, сметаат од СДСМ, ќе се оди кон исполнување на ветените таргети од 16 илјади минимална плата и 30 илјади просечна плата.Дел од мерките, како што брифираат од СДСМ, ќе бидат насочени и кон младите со цел тие да не ја напуштаат сопствената држава.Од СДСМ брифираат дека финансиската состојба и ликвидноста на државата е одлична, а позитивни се и досегашните резултати на проектот „Мој ДДВ“. Со одлично темпо се реализираат и капитаните инвестиции.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

СЈО денеска во судница со Јанакиевски, ќе докажува вина за рушењето на „Космосот“ од Фијат Цаноски

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот ТНТ на Специјалното јавно обвинителство.Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвиненито е Бурим Рустеми од СЈО.Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од одбраната.Во предметот „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања