Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Iceland-1-c7e2

(ВИДЕО) Обезбедувањето ги одзеде палестинските знамиња на исландскиот бенд „Хатари“

Организаторите на Евровизија може да го казнат исландскиот бенд „Хатари“ откако нивните членови раширија палестински знамиња за време на финалната вечер, со што ги прекршиja правилата на манифестацијата.Бендот „Хатари“ ги развеа палестинските знамиња за време на бодирањето, поради што интервенираше обезбедувањето. Член на бендот тајно го снимаше обезбедувањето и видеото го објави на социјалните мрежи.https://www.instagram.com/p/Bxnxm0fg80r/?utm_source=ig_embed 

Магазин | пред 6 години

avganistan-parlament-696x398

(ВИДЕО) Тепачка меѓу пратениците во авганистанскиот Парламент

Во авганистанскиот Парламент денеска дојде до тепачка меѓу пратениците за време на изборот на нов парламентарен претседател.При гласањето, кандидатот на претседател на Парламентот, бизнисменот Мир Рахман Рахмани доби еден глас помалку од неопходните 124 за да биде избран, но неговите приврзаници инсистираа дека тој сепак е избран на функцијата, на што се спротивставија неговите противници.По ова дојде до расправија меѓу двата табора, која прерасна во тепачка, откако противниците на Рахмани го блокираа местото на претседателот на Парламентот и бараа ново гласање.

Свет | пред 6 години

marija-serifovic

Гоца Тржан и Шерифовиќ разочарани што Македонија не и даде поени на Србија

Музичката сцена во Србија разочарана од македонското жири што не додели ниту поен за српската претставничка на Евровизија.„Благодариме на браќата од Македонија на нулата, јас гордо гласав за Тамара“, напиша на својот „Твитер“ профил пејачката Гоца Тржан.Исто така реагираше и Марија Шерифовиќ, победничката на Евровизија според која мора да се најде македонското жири и јавно да се објави кој не дал глас на нивната земја.

Магазин | пред 6 години

galetanovski

Директорот на Зоолошка до дијаспората: Рмбаjте под туѓо сонце и никад да не се вратите

Директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, на својот профил на „Фејсбук“ се осврна на синоќешното гласање на Евровизија, упатувајќи навреда кон иселениците кои не ја поддржале со гласови македонската претставничка Тамара Тодевска.„Што да очекуваш од луѓе што продале се и избегале од родна земја? Каква срамота…ццц. Фиром не им сметало, за северна не гласале за Тамара. А бе одземи им и пасоши и право на глас. Гнаси. Рмбаjте под туѓо сонце и плукајте по се што вреди. Никад да не се вратите“, напиша Галетановски на „Фејсбук“.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кандидати за полициски службеници ќе сe oбучуваат да регулираат сообраќај

Кандидати за полициски службеници по претходно изготвен план, а како дел од курсот за основна обука за полициски службеник што во моментов се одвива во Центарот за обука во Идризово, од утре ќе бидат на практична обука за физичка регулација на сообраќајот на неколку централни крстосници во Скопје.Како што соопшти МВР, во периодот од 09.00 – 15.00 часот утре, на 21, 22, 27, 28 и 29 мај годинава на крстосниците кај Сајмиште, Железничка станица, Црвен Крст и Стара Рампа, кандидатите за полициски службеници заедно со четворица полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализираат практична обука за физичка регулација – физичко регулирање на сообраќајот, каде што секој кандидат треба да регулира сообраќај заедно со полициски службеник околу пет до 10 минути.За таа цел од МВР ги замолуваат граѓаните да имаат разбирање и трпение кон кандидатите за полициски службеници при изведување на практичната обука.

Скопје | пред 6 години

policija-4

55 год жена починала во куќа на пријатели

На 18.05.2019 година во 10.15 часот во Полициската станица Ресен, од Јавната здравствена установа Ресен било пријавено дека во куќата на П.Х. од с.Јанковец била пронајдена почината В.К.(55) од с.Јанковец.Полициски службеници излегле на местото и извршиле разговор со сопственикот на куќата и нејзиониот сопруг К.К.. Според нивните изјави, на 17.05.2019 година во вечерните часови сите заедно отишле во куќата на П.Х. и околу 22.30 и е слошило, по што легнала и најверојатно во текот на ноќта починала.Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Ресен. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Македонија | пред 6 години

missing

Очув пријавил дека 14-годишно девојче заминало од домот

На 18.05.2019 година во 21.00 часот во Полициската станица Чаир, Н.С.(48) од Скопје пријавил дека на 16.05.2019 година околу 19.00 часот, 14-годишно девојче, на кое тој и е очув, заминало од домот во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 6 години

krazba

Тешка кражба во куќа во Драчево

На 18.05.2019 година во Полициската станица Драчево, Т.Ѓ.(75) од Скопје пријавил дека на 17.05.2019 година во периодот од 18.30 до 23.50 часот непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа. Сторителот со употреба на сила влегол во куќата и одзел пиштол „ЦЗ-99“ калибар 9мм, пиштол „ТТ М-57“ калибар 7,62мм со една рамка и златен накит. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

pretepan

Тепачки во Скопје, една во ноќен клуб друга на улица

На 18.05.2019 година во 13.50 часот во Полициската станица Центар, И.С.(18) од Скопје пријавил дека на 17.05.2019 година околу 03.00 часот во ноќен клуб на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ во Скопје бил физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 18.05.2019 година во 03.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.А.(41) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека на 17.05.019 година околу 17.00 часот на бул.„Трета Македонска Бригада“ неговиот малолетен син и тројца негови другари биле физички нападнати од две непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

pretepal-do-smrt

19 годишно момче нападнато пред дискотека

На 18.05.2019 година околу 04.50 часот во СВР Скопје, П.С.(19) од Крива Паланка пријавил дека пред дискотека во градскиот парк бил физички нападнат од И.Ц.(30) од с.Тромеѓа, кумановско- обезбедување во дискотеката. Според пријавеното, во моментот кога П.С. и неговите другари излегле од дискотеката, непознато лице фрлило шише кон патничко возило „Ауди“, до кое тие застанале.Исто така, според пријавеното, тогаш им се доближиле И.Ц., Б.И.(23) од Скопје и Ф.М.(25) од Скопје, обезбедување во дискотеката, и побарале од нив да ја платат штетата бидејќи сметале дека тие го фрлиле шишето. Според пријавеното, во еден момент И.Ц. физички го нападнал П.С. и од паричникот му одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

taksi

Нападнат таксист - наместо да му платат го натепале

На 18.05.2019 година во 04.50 часот во Полициското одделение Петровец, А.Ј.(31) од Скопје пријавил дека во населба Илинден бил физички нападнат од непознато лице. Според пријавеното, А.Ј. со такси возило возел две лица до населба Илинден и кога им рекол дека треба да платат тие излегле од возилото и почнале да бегаат, по што едно од лицата се вратило и физички го нападнало. По преземени мерки било пронајдено и приведено лицето А.С.(17) од с.Текија. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 и член 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и по член 9 став 1 од Закон за лични карти. 

Скопје | пред 6 години

kej

15-годишно момче нападнато на кеј од поголема група

На 19.05.2019 година во 00.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 23.30 на 18.05.2019 до 00.10 часот на 19.05.2019 година 15-годишно момче од Скопје било физички нападнато од поголема група непознати лица. Според пријавеното, додека тој и двајца негови другари шетале по кеј на реката Вардар, бил пресретнат и нападнат од лицата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

maja-slaveva

Славева: Почина предвреме родено бебе, причина крајно лошите услови на Клиниката, несоодветно стерилизирани инструменти

Министерот, Венко Филипче е целосно неспособен за водење на секторот на здравство. Резултатот на неговата неспособност се човечки жртви! Последната вест е починато предвреме родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство. Причина се условите, поточно крајно лошите услови на Клиниката, несоодветно стерилизирани инструменти и сали, истакна Маја Славева од ВМРО ДПМНЕ.Министре, како е можно деца да умираат поради несоодветни услови на Клиника?За жал ова за вас е само еден во низата смртни случаи поради лоши услови на клиниките и здравствените установи. Ова е скандал!Министерот не знае да се снајде со епидемијата на морбили и има 4 смртни случаи. Доцни со мерките затоа последиците се такви!Затоа Филипче е фокусиран на пари и профит, а негова специјалност стана распродавање на здравството! Од министерувањето резултат се само некакви физибилити студии, сомнителни тендери и човечки жртви! Грижата за здравјето на граѓаните за Филипче не постои!Цената на лошото министерување е преголема. Токму затоа министерот Филипче мора да ја напушти функцијата и тоа веднаш, истакна Маја Славева од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

motori

Зајакната акциска контрола по прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 18.05.2019 година во периодот од 14.00 до 19.00 часот спроведе зајакната акциска контрола по прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли. При контролата, полициските службеници откриле 12 прекршоци што ги сториле возачи на мотоцикли и тоа: еден управување мотоцикл без возачка дозвола, два - измината важност на сообраќајна дозвола, три - управување со несоодветна категорија и шест - управување без заштитен шлем (кацига). Во однос на овие прекршоци издадени се 12 прекршочни платни налози.Дополнително се откриени уште 97 останати прекршоци и за 62 од нив издадени се мандатни платни налози и за 35 прекршочни платни налози. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 08.12.2018 година во периодот од 06,00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. 58 возачи ја пречекориле брзината во населено место, додека ниту еден надвор од населено место. Издадени се 45 мандатни платни налози, а 13 возачи се писмено опоменати. Откриени се и 79 останати прекршоци за кои се издадени 43 мандатни платни налози и 36 прекршочни платни налози.

Скопје | пред 6 години

zeljko

Јоксимовиќ: Да се преиспита начинот на гласање на „Евровизија“, за мене победи Тамара

Време е да се преиспита начинот на гласање на „Евровизија, за мене вечерва победи Тамара, напиша  Жељко Јоксимовиќ на Твитер,.Јоксимовиќ има големо евровизиско искуство. Тој многупати ја претставуваше својата земја и како пејач и како композитор.

Магазин | пред 6 години

Untitled-696x504

Би-би-си: Благодарение на настапот на Тамара, многу луѓе знаат дека името е Северна Македонија

Британскиот медиумски сервис Би-би-си се осврна на евровизискиот настап на Тамара во написот насловен „Пет лекции научени од Евровизија 2019“.– Под условите на новиот договор постигнат со Грција минатата година, на државата претходно позната како Поранешната Југословенска Република Македонија, и беше дозволено да си даде ново име. Благодарение на импресивниот настап на Тамара Тодевска, многу повеќе луѓе низ светот знаат дека името е Северна Македонија – се наведува во анализата на Би-би-си.Уметничката вредност на „Евровизија“ секогаш е дискутабилна, но таа без сомнение служи за зголемување на светското знаење по географија. Имајќи го тоа в предвид, повеќето луѓе уште не знаат да го пронајдат Сан Марино на географска карта, заклучува британскиот медиумски сервис. :

Македонија | пред 6 години

policiska-lenta-policija-srbija-960x639

Престрелка во Северна Митровица, рането 22-годишно момче

Момче од српска националност, на 22-годишна возраст, е рането од огнено оружје во престрелка на шеталиштето што се случила синоќа околу полноќ во Северна Митровица.Лицето со иницијали Р. М. е оперирано на клиниката за хирургија во митровичката болница и е во стабилна состојба.Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Бесим Хоти изјави дека полициска екипа извршила увид на местото на настанот, меѓутоа за сега нема информации за сторителите и мотивите кои довеле до инцидентот.

Свет | пред 6 години

Maja-Moracanin-DOM-10-bg111

ДОМ: Екологијата треба да стане државен приоритет онака како што е зацртано во предизборните програми

Граѓаните бараат брза и ефикасна испорака на ветеното, па сите политички фактори треба да се вложат целосно, за да ја извлечат државата од зона на чекање, во зона на надеж! Ова беше генералниот заклучок од вчерашната седница на Централниот одбор на Демократската обнова на Македонија (ДОМ), по дискусиите за политичката состојба во земјава и за неопходните чекори што мора да ги направат институциите на кус и на среден рок.„Една од критичните точки, на која има огромен број граѓански поплаки, е и екологијата во најшироката смисла. ДОМ, како зелена партија, го споделува незадоволството од третманот на екологијата во вкупните политики, каде на неа се гледа како на непотребен потрошувач, а не како реална потреба и инвестиција во здравјето и квалитетниот живот на граѓаните. Екологијата сеуште им пречи на поединци и групи, на кои бизнисот им е пред здравјето“.Затоа, ДОМ бара екологијата да стане државен приоритет во вистинската смисла,  онака, како што е зацртано и договорено во предизборните програми.„Тоа значи почитување на основните начела за заштита на животната средина, почитување на експертските мислења во оваа сфера, доследна примена на законите кои на солиден начин ја регулираат, како и носење на законски и подзаконски акти секаде каде што фалат.Не може да се прифати нарушување на животната средина во градовите и населените места со штетни урбанистички решенија, во интерес на грст поединци од градежниот бизнис. Неодржливи се опасни зафаќања во заштитените подрачја, било да се работи за рудници, хидроцентрали или вулгарно бетонирање на скапоцен простор како што е Охридскиот регион“, се вели во соопштението на ДОМ.

Македонија | пред 6 години

222-1

Попов: Павле, отвори си пекара и хемиско чистење ако толку си по „бело”

Помина цела една недела, а Павле Богоевски не си дава оставка. Се редат само образложенија што е тоа „пола” што Павле си го нарачува да му го спремат „убаво”, изјави Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.“Лажат бе Павле што зборат по градов дека тоа „пола” била бела прашкаста материја што остава траги на носот. Да шмркал Павле кокаин немаше да прифати да биде наркотестиран.Затоа УМС во обидот да помогне на државата да не троши ресурси за да го гони таксистот за да утврди што нарачувал Павле нуди уште една информација од свиркач. Павле подолг период е навлечен на „бело” и тоа тип 500.Затоа му оставаме цело кило квалитетно брашно за да не се резили во иднина пред таксисти да нарачува по пола грам.Павле, брашново се купува во продавница исто како и маслото од канабис што се купува во аптека. Заеви ја садат марихуаната. Прашај ги. Немој да се резилиш со вакви образложенија.Ако си по друг бел прашак, следниот пат ќе ти оставиме и за перење.Павле, отвори си пекара и хемиско чистење ако толку си по „бело”. Не вака, штом ќе кренеш рака и прозбориш во Собранието да мислиме дека ти фали „пола” и тоа те вознемирува“, вели Попов

Македонија | пред 6 години

kosovska-mitrovica

(ВИДЕО) Престрелка во Косово, рането 22годишно момче од српска националност

Машко лице од српска националност, на 22-годишна возраст, е рането од огнено оружје во престрелка што се случила синоќа околу полноќ во Северна Митровица. Лицето со иницијали Р. М. е оперирано на клиниката за хирургија во митровичката болница и е во стабилна состојба.Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Бесим Хоти во изјава за медиумите го потврди инцидентот и информира дека полициска екипа извршила увид на местото на настанот, меѓутоа за сега нема информации за сторителите и мотивите кои довеле до инцидентот.Видео: blic.rs 

Свет | пред 6 години

IMG_6357

Прентовиќ: Со мерката „зелена нафта“ 200 милиони денари се враќаат кај 55.000 земјоделци

Се реализира уште една значајна мерка во областа на земјоделството а, тоа е „зеленатанафта“. Тоа е значајна мерка за субвенционирање на трошоците за набавка на нафта за земјоделците. Со мерката „зелена нафта“ опфатени се 55.000 земјоделци што имаат полјоделски и градинарски култури, овошни и лозови насади. Со оваа мерка значително се олеснува производството на земјоделците и им ги намалува трошоците за производство и механизација и ја зголемува нивната продуктивност и конкурентност, истакна Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ.За прв пат со оваа мерка ќе овозможиме намалување во висина од 30 отсто од трошоците за набавка на гориво со можност понатаму овој процент да порасне и до 50 отсто од трошоците.Оваа влада, предводена од СДСМ овозможува 200 милиони денари или над 3 милиони евра да се враќаат директно кај граѓаните. Она што е особено важно е што за зелената нафта можат да аплицираат сите земјоделци, независно дали се мали или големи производители. Тоа значи дека и оние кои имаат 0,2 хектари или 2 декари земјоделска површина нема да останат без зелена нафта.По завршувањето на набавката на гориво за земјоделска механизација, земјоделците ќе можат да користат поевтино гориво при крајот на годинешната жетва и почетокот на есенската сеидба.Зелената нафта значително ќе ги намали производствените трошoци, повеќе пари ќе останат кај земјоделците, но и позитивно ќе влијае на поголема конкурентост на нашите земјоделски производи.Како одговорна партија продолжуваме со вистиснка грижа за земјоделците преку спроведување мерки кои го унапредуваат и развиваат земјоделството, истакна Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

pendarovski-2-696x529

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Шефот на државата, Стево Пендаровски го честиташе успехот на Тамара Тодевска на Евросонг и вети дека ќе се видат за да ги сподели впечатоците од настапот.Тој порача дека тие се нашите победници и дека докажале дека секој вреди да се бори за своите соништа.„Честитки #TeamTamara, покажавте и докажавте дека секој вреди да се бори за своите соништа, вие сте наши победници!Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена! Се гледаме наскоро, да ги споделите од прва рака впечатоците од импресивниот настап“, напиша Пендаровски.

Магазин | пред 6 години

trgovija-so-organi

Косовската полиција уапси четири лица поради трговија со органи

Полицијата на Косово соопшти дека уапсила четири лица осомничени за незаконска трансплантација и трговија со органи и соучество во извршување казнено дело, јави ФЕНА.При контрола на една приватна клиника во регионот на Приштина уапсени се четири лица, две жени и двајца мажи. Акцијата е спроведена во соработка со други институции, се наведува во соопштението.По налог на обвинител, на три лица им е одреден полициски притвор од 48 часа, а едно лице е ослободено во редовна процедура.

Свет | пред 6 години

mickovski

(ФОТО) Мицковски: Честитки за Тамара - Македонија вечна!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи на Фејсбук и честиташе на Тамара Тодевска за пласманот на Евровизискиот натпревар кој се одржа синоќа. Мицковски на социјалната мрежа фејсбук напиша:Честитки за Тамара. Македонија вечна!

Македонија | пред 6 години

robot-reporter

Новинари - роботи, ги усовршија и насловите

Сложениот процес на пишување наслови за новинаркски статии, за вештачката интелигенција од американската компанија „Прајмер“ претставува сè помал проблем. Американската компанија веќе долго време развива вештачка интелигенција која пишаниот формат може да го обликува како вистински новинар. Овој сложен процес од неодамна вклучува и смислување на прикладни наслови напишани според содржината на самата статија и како што стојат работите - насловите се се подобри.Потсетуваме, вештачката интелигенција до денес ја совладала задачата за собирање на податоци и пишување на кратки извештаи, но никогаш не ја достигнала креативноста која ја имаат новинарите. Како и да е, сите наслови кои компјутерите ги напишале биле погрешни или не биле доволно привлечни за читателите да ги прочитаат. Новиот алат на "Primer" може сам да смислува наслови кои изгледаат како да ги напишал човек. Не станува збор за совршени наслови, но звучат многу подобро отколку досега, велат од компанијата. 

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања