Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

skopska-charshija-640x427

Нова мобилна апликација за промоција на Скопската чаршија

Посетителите на стариот дел од Скопје – Чаршијата преку новата мобилната апликација „Скопските скапоцени камења“ (Skopje Gems),  ќе имаат можност ова место да го доживеат на нов начин.Апликацијата е бесплатна за посетителите, достапна на 10 јазици, а нејзината главна цел е да се промовира културниот туризам и нематеријалното културно наследство на скопскиот стар град, односно чаршијата.Таа нуди седум туристички рути низ Чаршијата и водич до врата на сопствениците на продавниците со стари занаети, вкусна храна, како и до музеите, религиските обележја и историските места во стариот град. 

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Предвремени избори во Австрија се неизбежни - Курц ја распушти Владата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, лидер на австриската народна партија (ОВП), ја распушти владата и најави предвремени избори во најкус можен рок. Ваквата негова одлука е последица на скандалот во кој е вмешан коалициониот партнер, Слободарска партија на Австрија (ФПО).„Можев лесно да се одржам на власт со промена на луѓе во владата и да се правам дека ништо не било. Или да извршам летечка промена со внесување на Социјалдемократската партија (СПО) и повторно да добиеме ист застој во функционирање на владата, нешто што го критикувам со години и што не ` треба на нашата земја. За мене лично тоа не е прав пат бидејќи влегов во политиката да направам нешто за земјата и граѓаните, а не само да заземам некоја функција“, истакнал Себастијан Курц  откако ја соопштил својата одлука за предвремени избори.Претседателот на Австрија Александер ван дер Белен синоќа изјави дека со однесувањето на поедини членови на австриската влада е загубена довербата во институциите и извалкан е угледот на Австрија, поради што предвремени избори се неизбежни.Инаку скандалот кој ја тресе владата го предизвика досегашниот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе кој веќе поднесе оставка на функцијата по објавата на тајна видео снимка направена на Ибица во 2017 година што покажува како на наводна ќерка на руски милијардер и нуди државни бенефиции во замена за финансиска помош на неговата партија. 

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Тамара на Твитер: Ден кој никогаш нема да го заборавам

Тамара Тодевска го освои осмото место на Евровизијата во Тел Авив, Израел.Иако жирито и даде најмногу бодови, сепак публиката одлучи бидејќи ѝ даде само 58 бода.„Ден кој никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам“, кратко напиша Тамара на својот Твитер.

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Детали за вчерашната сообраќајка на патот Струмица-НовоСело

На 18.05.2019 година околу 10.40 часот на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „НовоСело“, помеѓу с.Дабиле и с.Босилово,  патничко возило „Фиат Браво“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Г.(61) од  с.Босилово, излетало од патот и удрило во дрво.Од здобиените повреди, возачот И.Г. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.

Македонија | пред 6 години

policija-123

Додека работел на нива метална шипка го удрила по глава, по што починал

На 18.05.2019 година околу 14.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Зубово, струмичко, додека Б.К.(66) од с.Зубово работел во нива со трактор под пластеници, една метална шипка од пластеникот се откачила и го удрила во задниот дел на главата, по што починал.Лекар од Итна медицинска помош констатирал, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka1-1

7-годишно дете се бори за живот откако било удрено од автомобил

На 18.05.2019 година во 20.35 часот кај мостот во с.Љубош кон с.Батинци, скопско, патничко возило „Нисан Навара“ со италијански национални ознаки, управувано од Т.С.(32) од с.Црни Врв, скопско, удрило во седумгодишно момче од с.Цветово, скопско.Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош и било задржано на понатамошно лекување и се наоѓа во животна опасност.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

vecer-so-tijana-tamara-todevska-01

Тијана до Тамара: Ова што го направи е најголем успех до сега

Нашата претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, синоќа го освои осмото место на европскиот фестивал за најдобра песна.Нејзината сестра, Тијана Дапчевиќ, по објавување на резултатите порача дека ова е најголем успех до сега.„Љубави моја, ти си моја прва светлост, ти си мојот херој! Ова што ти го направи е најголем успех ever! Многу те сакам!!! Гордан сум до небото и назад!“, напиша Тијана.

Магазин | пред 6 години

tamara-todevska-2-220088

(ФОТО) Еве како гласаше публиката за Тамара

Иако „Proud“ беше еден од фаворитите, сепак Тамара Тодевска ја изгуби водечката позиција по распоредување на гласовите од телевотингот. Таа доби 58 поени преку гласањето на публиката од другите држави.Од листата се гледа дека од телевотингот има поени од 11 земји, од кои само од Србија и Словенија по 12 поени, од Хрватска 7 и од Албанија и Црна Гора 6 поени. 

Магазин | пред 6 години

Avionska-dezinsekcija-prva-faza-9

Реализирана првата фаза од авионско прскање против комарци

Во раните утрински часови беше извршена првата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Град Скопје.Ве потсетуваме дека терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне денеска (19.05) и ќе заврши најдоцна до 23.05.2019 (четврток), а ќе се реализира во период од 23 до 04 часот.

Скопје | пред 6 години

glasanje

Вонредни избори во Косовска Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ

Во општините Косовска Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ на северот на Косово денеска се одржуваат вонредни избори за претседатели на општините. Избирачките места се отворени во 7 часот, а право на глас имаат речиси 60.000 граѓаниКандидати за челни луѓе на четирите општини имаат Српската листа, Демократската партија на Косово и Самоопределување, јавуваат српски и косовски медиуми.Градоначалниците на овие општини поднесоа оставка во ноември, во знак на протест поради одлуката на владата на Косово во Приштина да воведе 100 отсто увозни давачки за српските производи.

Свет | пред 6 години

zemjotres

Земјотрес во близина на Нова Каледонија

Силен земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска погоди област во Јужниот Пацифик во близина на Нова Каледонија, соопшти американскиот Геолошки завод.За сега нема податоци за евентуална штета или повредени луѓе.Не е издадено ниту предупредување за цунами.Епицентарот на потресот бил на длабочина од 14 километри.

Свет | пред 6 години

2-8

Заев: Од Скопје до Белград ќе се патува за три и пол до четири часа

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на покана на Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26 км кое поминува низ Грделичка клисура од Коридорот 10.Премиерот Заев имаше свое обраќање кое ви го пренесуваме во целост.„На почетокот дозволете ми да ја изразам мојата голема благодарност за поканата да бидам дел од овој значаен настан на Република Србија, а со тоа и на нашата земја и на регионот.Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи. Сега, кога гледаме колку изгледа величенствено ова модерно автопатско решение, кое во еден дел поминува и низ една од најтешките делници заради Грделичката клисура,  честитките за успешниот зафат добиваат уште поголемо значење.Така е кога се работи вредно и посветено. Резултатите се евидентни.Сега, нашите граѓани, граѓаните на двете земји, како и европските граѓани, имаат автопатско решение од северната до јужната порта на Европската Унија.Сега од Скопје до Белград ќе се патува за три и пол до четири часа.Со пропишаната брзина на автопатот.Намалувањето на физичката, временската дистанца, меѓу главните градови на Македонија и на Србија е соодветна на пријателството и блискоста меѓу нашите народи што ја носат во своите срца.Почитувани,Коридорот 10 сега навистина го личи. Вистинска eвропска вредност на поврзување и комуникација.На територијата на Република Македонија тој е комплетиран минатата година кога ја пуштивме во употреба делницата Демир Капија – Смоквица, во должина од  28 километри. Проектот го реализиравме заедно со нашите стратешки партнери – Европската Унија, под слоганот ПОДОБРО ПОВРЗАНИ.Дополнителна додадена вредност на автопатот му даде уште еден заеднички проект на Република Србија и на Република Македонија. Заедно со Претседателот Александар Вучиќ, на граничниот премин Табановце - Прешево го промовиравме проектот за заедничко гранично управување One Stop Shop. Кој верувам дека з многу брз период и официјално ќе биде пуштен во употреба.Ги воведуваме Шенген механизмите на границата меѓу нашите две земји и ја носиме Европа овде на Балканот. Тој заеднички проект претставува само уште еден пример на големото пријателство помеѓу нашите земји и народи, кое секогаш било на највисоко ниво.Ја сум уверен дека дека соработката во областа на инфраструктурното поврзување ќе продолжи и со темпото диктирано од Берлинскиот процес, како и преку заедничкото учество во иницијативите во процесот Кина + 17.Денеска имаме прилика уште еднаш да го потврдиме тоа големо пријателство за коешто знам дека ќе расте во периодот што доаѓа.Уште еднаш големи честитки за исклучително значајниот потфат и нека е за многу, многу години на услуга на српскиот народ, на македонскиот народ и на сите народи кои живеат во регионот и Европа.Граѓаните на Северна Македонија ве сакаат почитувани граѓани од Република Србија. Нека расте нашето пријателство, да бидеме блиски и заедно да соработуваме!“

Македонија | пред 6 години

prv-do-vrv

„Прв до врв” денес на Водно

Седмото издание на најголемиот планински спортски настан во регионот „Прв до врв” ќе се одржи денеска на Водно.– Омилениот настан на скопјани и оваа година во програмата ги има трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, тим-билдинг трка за компании, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот, по завршувањето на трките на кој е пред-видена музичка програма и церемонија на прогласување на победниците, соопшти Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв”.Од Здружението наведоа дека оваа година се очекува на учествуваат над две илјади натпреварувачи со најголем број на учесници од странство до сега.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Претпладне сончевo, попладне пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.Попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и град.Дневните температури ќе се движат од 21 до 29 Целзиусови степени.Во Скопје, сончево со умерена облачност, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и температура од 26 степени.Утре и во вторник во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а стабилно ќе биде во среда.

Македонија | пред 6 години

tim-tamara-evrovizija

Заев до Тамара: Ни донесовте единство преку музиката

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за нас во историјата на ова натпреварувње.По тој повод, на својот фејсбук-профил честитка упати и премиерот Зоран Заев кој напиша дека одамна не сме биле толку горди.„Честитки Тамара, честитки #TeamTamara. Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле олку горди! #Proud“, напиша премиерот во кратката објава.

Магазин | пред 6 години

zemjodelci

Со мерката „зелена нафта“ околу 200 милиони денари се враќаат кај земјоделците, велат од СДСМ

Со отворање на јавниот повик за  набавка на гориво за земјоделска механизација започна реазлицијата на мерката за субвенционирање на трошоците за набавка на нафта за земјоделска механизација пополарно наречена „зелена нафта“, велат од СДСМ.„Со мерката ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци што имаат полјоделски и градинарски култури, овошни и лозови насади кои ќе имаат можност да набавуваат 30 отсто поевтина нафта за својата механизација.На овој начин кај земјоделците се враќаат околу 200 милиони денари или над 3 милони евра, средства што Министерството за земјоделство шумарство и водостпанство ги обезбеди преку Програмата за директни плаќања за 2019 година.Со „зелената нафта“ ќе се намалат трошоците на земјоделците и ќе се зголеми конкуретноста на земјоделското производство, а субвенционирана нафта ќе можат да набавуваат и најмалите земјоделци.Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за земјоделците и останува посветена на мерките што обезбедуваат повеќе пари и повисок стандард за земјоделците, зголемено и поквалитетно производство и развој и унапредување на земјоделството“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Вучиќ до Тамара: Дали си свесна каков стандард постави?

Претставникот на „Евровизија 2005“, денес директор на Националниот aнсамбл за народни игри и песни на Македонија, „Танец“, Мартин Вучиќ јавно ја поддржа Тамара Тодевска.„Тамара, дали си свесна каков стандард постави??? Жално е што немаме барем уште една две од твој ранг (да не бидам погрешно сфатен имаме пејачки надежни, како на пример оние исто така одлични вокали кои не се гледаа а допринесона за добра боја кои допрва ќе се докажуваат) па да се надеваме дека на некој друг ќе му се посреќи ова што за малку на тебе ти избега…Направи таков резултат(по мене во догледно време недостижен) што од следната година пак ќе бидеме среќни ако влегуваме барем во финале… Б Р А В О за цел тим, сите сме #PROUD“, стои во објавата.

Магазин | пред 6 години

Slika-Pavle-25-02

Вицеканцеларот на Австрија си даде оставка, а на Богоевски око не му трепнува, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Австрија и која било членка на ЕУ се светлосни години пред нас. Политичката одговорност е особина на секој политичар во Европа, ама не и во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Вицеканцеларот на Австрија си даде оставка, а на Богоевски око не му трепнува.Заев беше фатен како бара мито по шемата - евро за Вицето, евро за црквата, целата јавноста ја гледаше снимката, а тој не ни помисли на оставка.Венко Филипче е посочуван од страна на медиумите за непотизам при делење на тендери во здравството, а оставка нема.Мила Царовска е фатена во малверзации со парите на пензионерите, а одговрност за никого нема, уште помалку оставки.Убиства се случуваат на секој чекор, безбедноста е нарушена, а Оливер Спасовски не си поднесува оставка.Економијата тоне, германските инвеститори ја оценија со нула, а Кочо Анѓушев наместо да си даде оставка си дава тендери.Нивото на капитални инвестиции за првите три месеци од годината е само 6%, а нема оставка од Сугарески.Тевдовски се крие и не си дава оставка, а државата ка задолжија за над половина милијарда евра за две години.Љупчо Николовски наместо да си даде оставка, бидејќи земјоделието е во хаос, а откуп нема за ништо, тој се шета со старлети низ светските метрополи.Државата е во хаос, а Заев кој е најодговорен за таквата ситуација се крие за да ја доограби државата. Потребни се оставки и тоа веднаш. СДСМ треба да си замине“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Island-palestina

(ФОТО) Палестина доби поддршка среде Израел

За време на гласањето на Евросонг се случи голем политички скандал. Претставниците на Исланд истакнаа транспарент со натпис Палестина.Со тоа исланѓаните среде Израел сакаа да го изразат своето незадоволство од состојбата со Палестина и крешењето на човековите права на палестинците. 

Магазин | пред 6 години

564725_tamara-todevska-evrovizija-4_ff

Холандија победи на Евровизија, Тамара на осмо место

Македонија го освои осмото место, а победник на годинашниот Евросонг што се одржа во Тел Авив, е Данкан Лоренс од Холандија со песната Arcade.Нашата претставничка Тамара Тодевска со песната Proud досега го освои најдобриот пласман. Додека течеше гласањето, Тамара долго време беше во водство, но сепак гласовите од публиката не симнаа подолу на листата.Во финалето на 64. Евровизија се натпреваруваа 26 земји. За победникот одлучуваа гласовите на стручното жири и од телевоутингот од сите 41 земја учесничка, а се доделуваа по принципот 50-50. Од жирито најмногу гласови доби Шведска – 239, втора беше Македонија – 237, а трета беше Холандија со 231 глас.Од Грција, Македонија доби само еден поен, а 12-ки ни дадоа повеќе земји како Албанија, Србија, Италија, Австрија, Велика Британија, Молдавија и Швајцарија.

Магазин | пред 6 години

564725_tamara-todevska-evrovizija-4_ff

Се одобруваат 150 000 за Евровизија, а нема 30 000 за лекување на двајца млади дечки

Граѓаните на социјалните мрежи реагираат во врска со парите кои се одвоени за Евровизија, а фондот за здравство не одобрил 30 000 евра за лекување на две лица.„Одобрени 150 000 евра за Тамара за Евровизија, па сите горди, во финале сме биле. Океј, така си е...Ќе се гордееме, ќе слушне светот за Македонија. Ќе кажат браво.И оооп, гром од ведро небо, утредента странците ќе слушнат дека во последниов месец починаа двајца млади дечки, за вкупна сума од 30 000 евра што фондот за здравство не можеше да ги одобри затоа што Немале пари... ете чисто онака, немале.Не знам, дали ќе се радуваат или ќе плачат...Ама убаво си кажа Зоки, немаме за леб, чоколадо јадеме“, се вели во објавата.

Македонија | пред 7 години

60689787_2385600305001894_3413678549897314304_n

Груевски ќе почека, оти Павле Богоевски одлучи така

Пратеникот Павле Богоевски иако најпрво изјави дека в понеделник ќе се одржи состанокот за разрешување на пратеникот Никола Груевски, тој побарал состанокот да се одложи на неколку дена.Богоевски изјавил дека ќе ја закаже откако ќе заврши седницата на комисијата за одбрана на која треба да се усвојат амандмани за законите за новата агенција за национална безбедност и за разузнавачката заедница.Во средата, Џафери испрати допис до Мандатно-имунитетната комисија со кој ја извести дека пратеникот Груевски неоправдано бил отсутен од собраниски седници повеќе од 6 месеци. Според членот 59, по добивањето на известувањето, Комисијата во рок од 15 дена треба да заседава и потоа по нејзин предлог на првата наредна седница Собранието треба да го стави на дневен ред. 

Македонија | пред 7 години

h_54816678

(ВИДЕО) Непознат човек го нападна Шварценегер додека потпишуваше автограми

Познатиот бодибилдер, актер и политичар Арнолд Шварценегер беше нападнат во Јужна Африка. 71-годишниот Американец пристигна во Сандтон за да суди на локален спортски настан.Додека тој потпишува автограми, непознат човек се стрча зад него и во скок со нозете го удри грбот. Причините за ова однесување се непознати.Шварценегер стана познат по своите улоги во култните филмови како „Терминатор“; „Командос“; „Се сеќавам на сите“ и неколку други. Од 2003 до 2011 година, тој беше гувернер на Калифорнија.Познатиот бодибилдер, актер и политичар Арнолд Шварценегер го коментираше инцидентот што му се случи во Јужна Африка.– Ви благодарам за вашата загриженост, но нема ништо за што да се грижите. Мислев дека толпата ме турка – често се случува. Сфатив дека сум удрен само кога го гледав видеото. Драго ми е што овој идиот не го прекина емитувањето на „Снапчат“ пишува Шварценегер на Твитер.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Курц: Австрија оди на предвремени избори што е можно поскоро

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предложи распишување на предвремени избори во земјата откако вицеканцеларот и негов коалициски партнер, Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе оставка по она што тој го нарече политички атентат”.„Денеска на претседателот му предложив да одржи вонредни избори во Австрија што е можно поскоро“, рече австрискиот канцелар.Курц ова го рече во вонредно обраќање до јавноста, откако беше обелоденета видео-снимка од 2017 година, на која се гледа како на наводна внука на руски милијардер, Штрахе и нуди државни работи за финансиска помош на неговата партија.Пред седиштето на австриската влада, каде Курц се наоѓа од утринава, за предвремени избори протестираат илјадници луѓе, пренесоа австриските медиуми.

Свет | пред 7 години

evrovizija

Израелската полиција формираше кордон околу објектот во кој се одржува Евровизија поради можен напад

Додека пејачите се подготвуваат за вечерашниот настап на Евровизија во Тел Авив, израелската полиција формира кордон со висок безбедносен степен околу објектот во кој се одржува фестивалот за да спречи напади или протести на луѓето што ја бојкотираат манифестацијата и ги повикуваат фановите да го игнорираат настанот.Овогодишниот меѓународен музички натпревар на кој учествуваа 41 земја беше во фокусот на пропалестинските апели за бојкот во знак на протест против израелската политика на Западниот Брег и во Газа, потсетуваат светските агенции.Никој од финалистите или медиумските покровители не се повлече, но организаторите имаат обезбедување и во халата ако активисти се обидат да го прекинат преносот во живо на финалето или некој од изведувачите да одржи протест на бината.Како специјален гостин на финалната вечер на 64-та Евровизија ќе настапи 60-годишната поп ѕвезда Мадона.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања