Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

ohrid-dzamija-minare

Охриѓани во понеделник на протест против минарето на Алипашината џамија

Здружението на граѓани „Совест“ в понеделник во 16 часот ќе одржи протест на улицата Димитар Влахов во Охрид, пpoтив диватa градба на 32 метри високото минape во центарот на Охрид.„Ве известуваме дека на ден Понеделник, 20 мај во 16.00 часот пред зградата на Општина Охрид на улица Димитар Влахов ќе се организира мирен протест по повод незаконско градење на Алипашина џамија. Очекуваме ваша силна подршка и обавезно присуство.За Охрид до крај!!!“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

New-York-Times-building

Репортажа на Њујорк тајмс: Бидете меѓу првите кои ќе ја посетат Северна Македонија

Светот има новоименувана земја, Северна Македонија, што е добра вест за регионалните односи и за туристите кои во голем број доаѓаат да го посетат југоисточниот дел на Европа, се наведува во репортажата на Њујорк тајмс со наслов „Бидете меѓу првите кои ќе ја посетат Северна Македонија“.Во февруари годинава поранешната југословенска Република Македонија официјално стана Република Северна Македонија, откако беше решен долгогодишниот спор за името со Грција.  За патниците, пишува весникот,  крајот на спорот значи дека ќе добијат печати во нивните пасоши со новото име и нова причина да ја откријат оваа млада земја со древни корени, која се граничи со Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија.  Земјата, којашто е исполнета со култури од древниот свет, традиционална кујна, недостапни села и со езера кои се едни од најстарите и најдлабоките во Европа, ги спојува традициите на древните империи, грчката, македонската, римската, византиската, отоманската, каде Западот и Ориентот се среќаваат.– Сметам дека договорот ќе урне нашите филозофски граници. Го отстранува зборот „поранешна“ од нашето име, со што ние веќе не сме дефинирани со нешто од минатото. Сега сме ослободени да бидеме присутни со многу појасна и позитивна визија за нашата иднина, изјави за весникот Александар Донев, поранешен директор на Агенцијата за промоција на туризам.Нашите културни искуства низ вековите, меѓу кои, храната, виното и традициите,  посочува Донев, никогаш не биле оспорувани.Њујорк тајмс, меѓу останатото,  ја пренесува оценката на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој вели дека земјава веќе почнува полека да добива добар публицитет и оти тоа придонесува да се зголеми економскиот потенцијал на земјата.– Несомнено, позитивниот нагорен тренд доаѓа во вистинско време за нацијата, токму пред туристичката сезона, која почнува во доцна пролет и трае до есен. Тајмингот е исто така поволен и за патниците кои сакаат да го откријат Балканот, кој се смета за една од највозбудливите дестинаци на континентот која нуди и култура, но и авантура, пишува Њујрок тајмс.

Магазин | пред 7 години

ivanov-vodno-696x383

Изби подземна вода во зградата каде Иванов купи два стана

Изби подземна вода во зградата каде Иванов и неговиот шура купија по два стана, пренесува ТВ 24.Според информациите, деновиве се појавила вода на тлото, па мајстори сега мора одново да го кршат бетонот и да поставуваат цевки за одвод. Иванови за двата стана платија над 250 илјади евра.Соседите очекуваат дека со вселувањето на Иванови конечно ќе добијат и подобар пат, кој сега е целосно уништен од камионите што граделе на Водно.

Македонија | пред 7 години

kucinja-kuce

Нови пријави за напади од кучиња скитници

На 17.05.2019 година во 21.30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.А.(20) од Скопје пријавил дека истиот ден во 18.30 часот на ул.„Зендел Џемаил“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака.На 17.05.2019 година во 11.00 часот во Полициската станица Радовиш, М.Д.Т.(48) од с.Ињево, радовишко, пријавила дека во кругот на ЈЗУ Здравствен дом - Радовиш била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

Македонија | пред 7 години

policija-5

Во семејна куќа во двор пронајден починат 78 год маж

На 17.05.2019 година околу 10.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во дворното место од семејната куќа на Д.А. и Н.А. на ул.„Караорман“ во Гевгелија бил пронајден починат И.Т.(78) од с.Русиново, татко на Н.А., без траги на насилство.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: За цел свет сме срамна приказна како еден премиер ја продаде Македонија за своето криминално богатење

„Европската Унија и марионетскиот премиер Зоран Заев на голема врата убедуваа дека штом се постигне Договорот со Грција се отвора патот за членство на Македонија во ЕУ, но, сега е повеќе од јасно дека Македонија нема да добие датум за преговори за членство во Унијата.Излезе на виделина дека за цел свет сме срамна приказна како Зоран Заев купен и контролиран од странски центар ја продаде Македонија и Македонците во замена за своето криминално богатење.Се потврдува она за што подолго време информира Единствена Македонија дека марионетата Заев избриша се што е македонско да ги задоволи барањата на непријателите на македонското дело во НАТО и ЕУ а кои за возврат му го гарантираат на Заев украденото од позиција на власт бидејќи ЕУ и НАТО не ги интересира грабежот туку сакаат само марионети кој верно ќе им служат во геноцидниот проект за уништување на македонскиот народ.Да потсетиме, 2019 ќе биде година кога странскиот измеќар Зоран Заев станува главен дилер на дрога во Македонија што ќе му донесе 100 милиони евра профит заедно со другите бизниси.2019 година развој и поеќе пари за марионетата Заев. А народот, народот останува со прст во уста со романтичарските изјави на Заев дека Македонија отвори светла страница и економски напредок, се доближува до НАТО и ЕУ од каде ќе се истурат милијарди евра во Македонија и сите ќе бидат среќни и весели и слични романтичарски изјави на Заев оти Заев знае дека на народот одвреме-наврем му треба и по малку романтика“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Македонија | пред 7 години

pretepal-do-smrt

Физички нападнати Скопјанец и штитеник од дом

На 17.05.2018 година во 17.55 часот во Полициската станица Центар, Д.Л.(36) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16.00 часот во работилница на ул. „Мирче Мацан“ бил физички нападнат од лицето З.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 17.05.2019 година во 13.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Џ.Џ.(18) од Скопје, штитеник на домот „Ранка Милановиќ“, пријавил дека истиот ден околу 12.15 часот во дворот на домот бил физички нападнат од лицето В.А.(20), исто така, штитеник на домот. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 7 години

Cveten-festival-2019-otvoranje-7

(ФОТО) Отворен Скопскиот цветен фестивал

Љубителите на цвеќето денеска и утре ќе имаат можност да купат цвеќиња и цветни аранжмани, да добијат корисни совети, да се забавуваат и да се дружат на отворено во рамките на шестиот Скопски цветен фестивал што се одржува во вториот дел на Градскиот парк. Фестивалот почна со цветно дефиле со деца од предучилишните установи и од основните училишта што тргна од паркингот пред бараките на Град Скопје и се движеше по патеките во паркот.- Чест ми е и задоволство да Ве поздравам на овој шести по ред Фестивал на цвеќето кои се одржува под мотото „Скопје цвета“. Имаме ретка можност да присуствуваме на експонатите и изложувањата на повеќе од 30 цвеќари и фирми кои што се бават со хортикултура и цвеќе. Наша крајна цел е можеме преку зеленилото да внесеме естетика и во изгледот на Градот, меѓутоа и во изгледот на Вашите домови. Новина ни е годинава што за првпат ќе можете да добиете корисни совети за своите домашни миленичиња, како и да вдомат милениче - рече градоначалникот Шилегов, на отворањето на фестивалот.Шилегов додаде дека зазеленувањето останува на врвот на приоритетите на Град Скопје и дека влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која најдиректно влијае врз здравјето на сите сегашни и идни генерации. На дечињата кои учествуваа во цветното дефиле им посочи дека уште сега треба да градат здрави животни навики, бидејќи сите заедно треба да се грижиме за животната средина и дека од сите нас зависи колку овој град ќе биде убав и чист.Во текот на двата фестивалски дена пред граѓаните ќе се промовира одгледувањето цвеќе, а најмладите ќе имаат можност да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќињата и за заштитата на животната средина.Посетителите ќе уживаат во настапите на повеќе музички и танцови изведувачи, ќе имаат можност да вежбаат јога и зумба на отворено и да учествуваат во најразновидни цветни перформанси и декорации.Фестивалот на цвеќето се одржува под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило“.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

МВР се огласија за пожарот утрово

Денеска(18.05.2019) во 10.00 часот во кругот на МВР - делот кај бензинската пумпа, од засега непознати причини, настанал пожар на полициско возило „Пинц Гауер“. Од полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

Скопје | пред 7 години

zemjotres

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска индонезиската провинција Западна Јава.Како што соопшти индонезискиот Национален центар за метеорологија, клима и геофизика (БМКГ) земјотресот бил на длабочина од 33 километри под морското дно, со епицентар на 212 километри јужно од местото Пангандаран.Според неофицијални информации во земјотресот нема загинати или повредени лица.

Свет | пред 7 години

pretepan

Нападнати малолетници

На 17.05.2019 година околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Венјамин Манџуковски“ двајца 15-годишници од село Арачиново и село Сингелиќ биле физички нападнати од неколку лица на возраст од околу 18 години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 17.05.2019 година во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ двајца малолетници на возраст од 12 и 13 години биле физички нападнати од неколку непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

pendarovski-2-696x529

Пендаровски и сопругата преку видео повик и посакаа успех на Тамара

Новиот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, заедно со својата сопруга упатија охрабрувачка честитка до нашата претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, која вечерва ќе настапи во финалето.„Со Бети и посакавме успех на Тамара Тодевска и нејзиниот тим во финалната вечер на Песна на Евровизија. Само напред девојко, земјата се гордее со твојот успех“, истакна Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

napadnata

45 годишна жена нападната на влез од супермаркет

На 17.05.2019 година во 19.20 часот во Полициската станица Македонски Брод, Ж.С.(45) од Македонски Брод пријавил дека истиот ден во 18.40 часот на влез од супермаркет на ул.,,Маршал Тито’’ бил физички нападнат од лицето И.Т. од Македонски Брод. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

pozar-avtomobil

Во Дебар изгоре Струшки автомобил

На 18.05.2019 година во 01.20 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека во с.Брештани, дебарско, настанал пожар во патничко возило „Мерцедес“, сопственост на Ѓ.И од Струга. Во пожарот бил опожарен предниот дел од возилото. Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа од Полициската станица Дебар.

Македонија | пред 7 години

car-fire

Опожарени две возила во Скопје

На 18.05.2019 година во 02.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „Мерцедес“, сопственост на И.В.(42) од Скопје. Притоа, целосно бил опожарен предниот дел на возилото, а опожарена била и задната страна на патничко возило „Волво“, сопственост на Г.Н. од Скопје.Пожарот бил изгаснат во 04.00 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Кривична за охриѓанец кој ширел расистички и ксенофобичен материјал на ФБ

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.Д.(45) од Охрид.Тој, на 04.04.2019 година во 10 часот и 31 минута, на социјалната мрежа ,,Facebook” преку неговиот профил, ширел расистички и ксенофобичен пишан материјал со што, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство, према одредена група претставници на политичка партија.

Македонија | пред 7 години

Ohrid-Open-2019-Juni

Таеквондо турнир „Ohrid OPEN 2019“ на 1 јуни

Охрид во сабота, на 1-ви јуни ќе биде домаќин на првиот Национален Таеквондо турнир Ohrid OPEN 2019, кој ќе се одржи според турнирскиот систем на Македонската Таеквондо федерација.Организаторите очекуваат учество на спортисти кои ќе се натреваруваат во неколку категории: машка, женска, кадети, јуниори и сениори. Најавуваат фер плеј, максимална транспарентност и одлична атмосфера за натпреварувачите.Се очекува да земат учество над 150 Таеквондисти од цела Европа. Според најавите, најмногу спортиси ќе пристигнат во Охрид од соседните земји и од поширокиот регион на Балканот.Натпреварот ќе се одвива според официјалните правила на Светската Таеквондо Федерација (The official WT Competition Rules)Учесници:- Кадети (А класа и Б класа): родени во 2005, 2006 или 2007 година (без оглед на месецот и денот во кој се родени)- Јуниори (А класа и Б класа): родени во 2002, 2003 или 2004 година (без оглед на месецот и денот во кој се родени)- Сениори (А класа и Б класа): родени во 2002 и порано (без оглед на месецот и денот во кој се родени)Натпреварот ќе се одржи во Спортската сала „Билјанини извори“, во сабота на 1-ви јуни со почеток во 09:00 часот кога ќе зaпочнат борбите,а турнирот официјално отворање ќе има во 12:00 часот со официјално претставување на натпреварувачите и клубовите учесници. Според најавите,  ќе го отвори градоначалникот на град Охрид, г-дин Константин Георгиески, а ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за млади и спорт г-дин Дарко Каевски и началникот на СВР Охрид, г-дин Сашо Смилески, кои се гости на натпреварот. Се очекува и присуството на д-р Васил Тупуркоски, претседател на Македонскиот Олимписки Комитет.За да може да се следи натпреварот ширум светот, ќе биде обезбеден и директен пренос и Live Streaming на интернет.Организатор на Таеквондо турнирот Ohrid OPEN 2019 е Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид, кој е член на Федерацијата од 2007 година и активно учествува во работењето на истата со членови во самата организација, како и во натпреварувачкиот систем. Прв човек на клубот е Ацо Јосифоски, V дан, Светски семиконтакт и европски Таеквондо шампион и повеќекратен освојувач на медаљи од европски и светски првенства.

Спорт | пред 7 години

avstriski-kancelar

(ВИДЕО) „Бомба“ и во Австрија: Вицеканцеларот Штрахе поднесе оставка, скандалозното видео од Ибица

Австрискиот вицеканцелар и лидер на Слободарската партија Хајнс Штрахе денеска поднесе оставка поради скандалозно видео кое се појави во јавноста , во кое тој нуди државна работа за да добие финансика поддршка.По објавувањето на видео снимката на која се гледа како австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе за бизнис услуга бара финансиски надомест од девојка која се претставува како внука на руски олигарх, канцеларот на Австрија, Себастијан Курц одбива секаква понатамошна соработка со неговиот заменик, соопштија денеска владини извори во Виена.„Ја поднесов мојата оставка како заменик-канцелар на Австрија на канцеларот Себастијан Курц и тој ја прифати оваа одлука”, рече Штрахе и додаде дека не ги крши законите и признава дека тоа е исклучително засрамувачка, пијана афера.Штрахе ќе го замени министерот за транспорт, Норберт Хофер. Скандалот доведе до шпекулации за иднината на владејачката коалиција меѓу партијата на Штрахе и партијата на канцеларот Себастијан Курц.Инаку германскиот магазин „Шпигел“ синоќа објави снимка, направена на 24 јули 2017 година на шпанскиот остров Ибица, на која се појавуваат Штрахе, кој е лидер на екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) и неговиот партискиот потпретседател Јохан Гуденус, во разговор со наводната внука на рускиот олигарх, која тврди дека сака да купи удел во виенскиот весник „Кронен Цајтунг“. Видеото насловено „Дали може да се купи австрискиот вицеканцелар“, го снимиле новинари на „Шпигел“, кои во соработка со колеги од „Зидојче Цајтунг“, му го наместиле целиот случај на Штрахе. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Дечиња не можат во училиште и градинка оти не примиле вакцина, а тие пијани и издрогирани држава водат

Гласот на народот преку социјалните мрежи е ненарачана и добра анкета за тоа што мислат граѓаните за актуелните политички и други настани.Еве два статуса од многубројни слични на социјалните мрежи, во врска со актуелните случувања во врска со пратеникот и учесник во Шарената револуција, Павле Богоевски:– Дечињата не можат во училиште и градинка оти не примиле вакцина, а тие пијани и издрогирани држава водат. Не е до нив, до нас е, гласи краткиот коментар на граѓанин на Фејсбук.И на Твитер слични коментари:– Една афера и целото ѓубре исплива на површина. Одеднаш „па шо има везе, сите се дрогираат“ и „ај не ми глумете поштени“ стануваат главни аргументи. Замислете да се работеше за пратеник на ВМРО? Мислев дека избориве ве научија нешто. Од ароганција и двојни стандарди ќе си паднете, гласи пораката на Твитер и коментарот за релативизирањето на настанот со „кокаинскиот случај“ од страна на приврзаниците на власта и шарената револуција.

Македонија | пред 7 години

ivan-stip

Јорданов: „Фајненшл Тајмс“ во 2014 година Штип го прогласи за најперспективен микро град во Европа денес е град кој стагнира

Ако во 2014 година „Фајненшл Тајмс“ го прогласи Штип за најперспективен микро град во Европа, денес ние може да го прогласиме за град кој стагнира. Ако од 2013 до 2017 година Штип беше претворен во големо градилиште, денес во општината градат само семејните фирми на градоначалникот. Општина Штип доживуваше експанзија на секое поле и растеше во секој поглед. Откако СДСМ дојде на власт градот потона во самодеструкција. Штип веќе ни оддалеку не наликува на студентски и индустриски град во развој во кој младите ќе ја гледаат својата иднина, истакна Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Инвестицискиот рај за странските компании во кои работат работници од соседни градови е во фаза на исчезнување, па затоа веќе трета година нема ниту една странска или домашна инвестиција со која би се забрзал економскиот раст и развој во општината.Во ТИРЗ зоната има нула странски инвестиции после 2017 година. Компаниите се жалат на лошата клима за инвестирање во Штип, па затоа веќе  не ја гледаат својата иднина во нашиот град. Клиничката болница која требаше да биде завршена уште во 2018 година остана карабина која гласно зборува за неспособноста на оваа власт, а автопатот Штип - Миладиновци веќе неколку години само што не е пуштен во употреба.Градоначалникот во предизборието ветуваше младинска гаранција за вработување на секој студент после завршување на образованието, меѓутоа за тоа веќе нема ни најава дека ќе се случи. Младите масовно се иселуваат од нивниот роден град затоа што овде не ја гледаат својата иднина. Како резултат на лошото менаџирање на општината од индустриски и административен центар, Штип стана најнеразвиениот град во источна Македонија.СДСМ не знае како да практикува власт. Нивното неработење и негрижа за народот од национално се мултиплицира на локално ниво. Безидејноста за нови проекти и неспособноста да ги завршат веќе почнатите е на сметка на граѓаните. Тие се жртва на оваа хунта која нема ни принципи ни критериуми за работа, туку само деградира воспоставени пракси, осиромашува население и го отежнува на секој граѓанин во нашиот град, истакна Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

IMG_2892

Николовски: Ја воведовме мерката за субвенционирана нафта за земјоделската механизација

Во тек е јавниот оглас за набавка на гориво за земјоделска механизација што воедно претставува и последниот чекор од процедурата за воведување на оваа нова мерка. Мерката која за прв пат ја воведува оваа Влада има единствена цел да им го олесни производството на земјоделците и да им ги намали трошоците за механизацијата.„Тендерот е отворен 70 дена и на него имаат право да учествуваат сите странски, домашни и правни или физички лица или група на такви лица кои што се регистрирани за вршење на дејност поврзана со предметот на договорот или на банката. Рангирањето на понудите ќе се врши според висината на понудените цени“, изјави Николовски.Во годинешната Програма за директни плаќања, за оваа мерка МЗШВ издвои  200 милиони денари. Со мерката ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци што имаат полјоделски и градинарски култури, овошни и лозови насади.Воведувањето на оваа мерка бараше прецизни анализи за што тимови на МЗШВ и Факултетот за земјоделски науки и храна, изработија методологијата за пресметка на процентот и трошоците. При креирање на мерката се водеше сметка за пријавените производни капацитети односно хектари за овошни и лозови насади, градинарски и полјоделски култури, при што анализите покажаа дека најмногу гориво или 150 литри по хектар се троши за овошните насади, потоа околу 120 литри за лозовите насади и градинарските култури, а 60 литри по хектар се троши за полјоделските култури.„Бидејќи се работи за сосема нова мерка, за оваа година како прва во воведувањето на оваа нова мерка финансирањето ќе биде 30 отсто од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација, со можност која што веќе е ставена и во законот понатаму овој процент да се зголемува и до 50 %.Согласно изработената методологија, висината на поддршката по корисник е утврдена во зависност од големината на површините и типот на земјоделски култури кои што се одгледуваат“ додаде Николовски.Компанијата која ќе го добие тендерот има обврска да ги испечати платежните картици и потоа да ги достави до Платежната агенција којашто преку Подрачните единици ќе ги доделува на земјоделците.Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој Николче Бабовски, појасни дека платежните картички имаат определена висина на средства која зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои конкурирале земјоделците за субвенции во 2018 година.„И најмалите земјоделци односно и оние кои имаат 0,2 хектари земја нема да останат без субвенционирана нафта. Најнискиот износ е 500 денари кој што ќе биде на една картичка, а додека највисокиот износ е исто така лимитиран и ќе биде до 100.000 денари. Се со цел да на овој начин да се поттикнат сите оние кои што сакаат да го окрупнат своето производство“, изјави Бабовски.Земјоделците ќе можат да купуваат исклучиво „Еуродизел“ гориво за земјоделска механизација единствено само на бензиските пумпи кои што се кај избраниот оператор, а картичката ќе можат да ја користат повеќекратно се до исцрпување на нејзината вредност.Преку оваа мерка МЗШВ ќе придонесе за значително намалување на производствените трошоци, што за земјоделците ќе значи поекономично производство и поголеми приходи.  На овој начин враќаме 200 милиони денари назад кај земјоделците.Се очекува дека при крај на годинешната жетва и почетокот на есенската сеидба, земјоделците ќе можат да ја користат мерката за поевтино гориво за механизацијата.

Македонија | пред 7 години

1853457lena-ilicff

Почина 16-годишно девојче како последица на железничката несреќа кај Ниш

Лена Илиќ (16) е осмата жртва од страшната автобуска несреќа која се случи на 21 декември минатата година кога воз удри дирекно во автобус на „Ниш Експрес“ кај селото Долно Меџурово.Лена синоќа починала на Интензивна нега во Клиниката во Ниш, по голема борба лекарите да ја одржат во живот. Таа имала повреди на главата од несреќата.Како што пренесуваат српските медиуми, кај девојката дошло до мозочно крварење од здобиените тешки повреди. Неколку месеци таа комуницирала само со очите и само на тој начин реагирала на околината.

Свет | пред 7 години

nikovski-696x307

Никовски: Кога конкурирав за работа, година дена траеше испитувањето, тоа треба да се спроведува и во Македонија

Поранешниот амбасадор, Ристо Никовски во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5, говореше за случајот на пратеникот Павле Богоевски. Како што истакна, тој во своите почетоци, бил долго време испитуван.„Не може човек да биде избран на ниту една висока функција во ниту една развиена земја, без да се провери неговото минато. Тоа е пракса која се прави во една нормално организирана држава. Кога јас кога конкурирав во Сојузното министерство за надворешни работи на поранешна Југославија, година дена траеше испитувањето. На секој кандидат им се вршеа такви испитувања, каква му е позадината, фамилијата и поширокото семејство. Тоа е нешто нормално и треба да се спроведува и во Македонија“, истакна Никовски.

Македонија | пред 7 години

369514-vo-sreda-kje-se-prska-protiv-komarci-129781

Викендов во Скопје ќе се прска против комарци

Првата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне викендов.-Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива денеска и утре, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне утре (19 мај  и ќе заврши најдоцна до 23 мај 2019 (од недела до четврток), во период од 23 до 4 часот, наредниот ден, соопштуваат од Град Скопје.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.Воедно, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Полициско возило „Пинц Гауер“ се запали во кругот на МВР

Полициско возило „пинц гауер“ денеска се запали на бензинската пумпа во кругот на Министерството за внатрешни работи.„Денеска во 10,00 ч. во кругот на Министерството за внатрешни работи во делот кај бензинската пумпа од засега непознати причини дошло до опожарување на полициско возило „Пинц Гауер“ . Од страна на УПС и БППЗ пожарот е изгаснат“, велат од МВР.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања