Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

31038605_1244779412319246_5542685794050768896_n

Поради манифестацијата „Прв до врв 2019″, утре прекин на автобусите до Средно Водно

Поради одржување на манифестацијата „Прв до врв 2019″  утре од  девет до 10:30 часот нема да сообраќаат линиите кон и од Средно Водно.Времен прекин ќе има на линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно), соопшти Јавното претпријатие Скопје.

Скопје | пред 7 години

Jane-Sandanski5

Општина Аеродром ја одбележува годишнината од раѓањето на Јане Сандански

Општина Аеродром денеска ја одбележува 147-годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски револуционер Јане Сандански. По тој повод, делегација на Општина Аеродром положи цвеќе пред споменикот „Јане Сандански“.На одбележувањето присуствуваа и претставници од Советот на Општината, од основните училишта и градинките, како и пензионери од здружението „Солидарност – Аеродром“.Идеалите и заложбите на големиот македонски визионер се заедничка обврска за единство и сплотеност на сите наши граѓани.

Скопје | пред 7 години

Stoilkovski

Стоилковски: Богоевски да престане да се крие зад такси возачи и итно да се повлече од Парламентот

Аферата Половина грам Кокаин каде главен лик  е Павле Богоевски е многу сериозна а власта си игра играчки!Полицијата и обвинителството мора да започнат сериозни истраги: со кои се трговци и криминални структури Павле Богоевски бил во контакт и со кои пак тие биле вмрежени?, изјави Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.„Потоа, во кои се и во какви се класифицирани документи Павле Богоевски имал увид и сознанија како пратеник кој што поседува безбедносен сертификат?Што се' можело и може да заврши во раце на криминалните мрежи?Полицијата и Оливер Спасовски како министер мора да престанат со небулози и со бркање на таксисти додека можеби се тргува со класифицирани документи или сознанија од нив! Ова не смее да се сведе на политичка игра и да заврши како низа други афери со кои се поврзува МВР!Јавното обвинителство на невидливиот Љубомир Јовески мора да излезе од политикантството и да започне сериозна истрага! Ако молчи за прислушувањето во ОЈО,  за оваа сериозна афера мора да се реагира!Павле Богоевски го загуби кредибилитетот, и мора да престане да се крие зад такси возачи или било кои други кои ќе му се најдат на патот надвор од Собранието! Одлуките кои се носат во Собранието мора да бидат доносени со чиста свест и целосна одговорност. Богоевски не е ништо повеќе од било кој друг граѓанин кој што бил фатен дека тргува на црниот пазар.Богоевски го наруши угледот на Собранието и функцијата пратеник, и го повреди Етичкиот кодекс за однесување донесен во процесот наречен Жан Моне, заедно со европратеници.Богоевски, итно, сам, повлечи се од Парламентот! Со тоа што тргуваш на нарко пазарот, ги прекршуваш сите етички, морални човечки норми. Исто така, веднаш повлечи се од комисиите каде си со тоа што поседуваш безбедносен сертификат, а понатаму на свој трошок побарај испитување во МАНУ извршено преку влакно од коса и тоа веднаш! Резултатот од тестирањето сепак не те амнестира од соработка со нарко подземјето, а со тоа и од неподобноста, недостојноста за пратеничката функција“, изјави Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka1-1

Сообраќајка на патот Струмица - Ново Село, еден загинат

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Струмица – Ново Село, пред влезот во селото Босилово.Според информациите, загинал возач на автомобил што учествувал во несерќата.Сообраќајната несреќа ја потврди МВР, а екипа на струмичката полиција сѐ уште врши увид на местото на несреќата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ГДУ: Наместо Манчевски да даде предлози како вработените да си ја заработат платата, тој ги мотивира да не работат

Каква деструктивност. Наместо министерот Дамјан Манчевски да излезе со конкретни предлози како да се мотивираат вработените да си ја заработат платата, а граѓаните да добијат подобри услуги, тој излезе со„генијално“ решение, велат од Граѓанско Демократска Унија.„Замислете на кој не му се одело на работа да си седи дома и да си зема социјална помош, која впрочем е приближно колку минималната плата. Министерот ги мотивира административците да не работат. Е уште ова не се видело!Министре, со оглед на тоа што вие и вашиот колега Хазби Лика, не успеавте да го решите проблемот со околу 1000 административци по Рамковен, кои со години земаат пари од македонскиот буџет, а седат дома како да се социјалци,  не сме премногу зачудени од вашиот предлог. Но веруваме дека барем пред да заигра метлата и во моменти кога Брисел не оценува, барем малку ќе се потрудите да најдете начин за подобрување на работите.Се понадевавме дека ви стана јасно оти со роднини во администрација – нема реформи, па помисливме дека ќе почнете од оние кои  дозволиле такви вработувања. Да ги мотивирате раководителите да се борат против непотизмот и партизацијата. Очекувавме да кажете што донесоа вашите Стратегии и акциски планови кои ги промовиравте, кои се промените aкo се направени. Како ги измеривте?Или пак министре Манчевски се откажавте од вашите грандиозни стратегии, па решивте да ја средите администрацијата со „генијални“ решенија?“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

af31a13596a81c1cfa16

(ВИДЕО) На денешен ден пред 26 години се убиени сараевските Ромео и Јулија

Пред 26 години на сараевскиот мост Врбас, биле убиени Бошко Бркич и Адмира Исмич. Бошко бил Србин а таа босанка. Се запознале во годината на сараевската Олимпијада и заедно биле девет години.Сепак кога почнала војната во 1992 година, родителите на Бошко го напуштиле Сараево, а тој не пошол со нив бидејќи не сакал да ја остави Адмира и верувале дека војната брзо ќе заврши.За жал, не го дочекале крајот.Во надеж дека ќе избегаат од Сараево, во мај 1993 година, убиени се со снајпер. Снајперистот прво го погодил Бошко кој веднаш починал, а потоа и Адмира која смртно ранета смогнала сили да се дојде до Бошко, го прегрнала и починала.Двајцата останале да лежат осум дена на земјата, бидејќи никој не се осмелувал да ги помести од таму.Адмира и Бошко беа погребани на гробиштата во Лукавец а по војната во 1996 година, по желба на нивните родители телата биле пренесени во Сараево и закопани на гробиштата Лав во заеднички гроб.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Двајца скопјани каснати од куче скитник

На 17.05.2019 година во 06.40 часот во Полициската станица Драчево, Б.Ѓ.(75) од Скопје пријавил дека истиот ден на ул. „Румена Хаџипанзова“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.На 17.05.2019 година во 18.10 часот во Полициската станица Гази Баба, Ќ.Т.(83) од Скопје пријавил дека на 16.05.2019 година околу 20.00 часот на ул. „Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Скопје | пред 7 години

bomba-1

Пронајдена неексплодирана бомба од Прва светска војна во битолско

На 17.05.2019 година во 16.50 часот било пријавено дека во непосредна близина на гробиштата кај с.Кременица, битолско, полициски службеници пронашле една неексплодирана  рачна бомба од Првата светска војна.Увид бил извршен, а бомбата безбедно била подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.

Македонија | пред 7 години

uploads_thumbs_resize_800x420_360322

Го скршил стаклото од автомобилот и украл лап топ, компјутер и торба со лични работи

СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Д.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик.На 08.04.2019 година на паркинг простор пред ВИП Арена „Борис Трајковски“ пријавениот со употреба на сила и тврд предмет скршил стакло од  моторно возило „Шкода Суперб“, по што го отворил возилото и одзел лап топ компјутер и торба со лични работи.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Уапсен Косовар на ГП „Јажинце“

На 17.05.2019 година во 09.00 часот на Граничен премин „Јажинце“, при гранична контрола било констатирано дека дека лицето Х.Џ.(50) од Косово се наоѓа на листата со  мерка ,,Апси“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка.Тој бил лишен од слобода и во 13.10 часот бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово  за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 7 години

soobrakajka-2

МВР со детали за камионот кој удри во старата патарина кај Градско

На 17.05.2019 година во 22.15 часот на Неготино-Велес, на стара наплатна станица „Градско“ која веќе не е во функција, влекач „Сканија“ со велешки регистарски ознаки  и полуприколка „Гоша“,  управуван од Б.Ј.(59) од Богданци, удрило во бетонски ѕид од наплатната станица и се превртел на коловозот.Во незгодата со повреди се здобил возачот и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес каде му била укажана лекарска помош.Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Пожар во Министерство за внатрешни работи

Во зградата на Министерството за внатрешни работи има пожар. Гори еден од објектите во комплексот на министерството, објави Пресинг тв. Во моментов, околу зградата има големо присуство на полиција, која забранува пристап и не дозволува сликање или снимање на министерството.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

Изгубил контрола на возилото и удрил во ограда, па се здобил со тешки повреди

На 18.05.2019 година околу 01.05 часот на автопатот Скопје –Гевгелија, во близина на наплатната рампа кај „Топлите води“, патничко возило „Фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(45) од Гевгелија, изгубило контрола и удрило во оградата.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Гевгелија каде му била укажана лекарска помош.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Судар помеѓу „Рено меган“ и мотоцикл, возачот и сопатникот завршија во болница

На 17.05.2019 година во 16.25 часот на крстосница од ул.„Илија Николовски Луј“ и ул.„Глигор Прличев“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено меган “ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(60) од Битола и мотоцикл „Роад БајкБД 125-5“ без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Битола.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник на мотоциклот.Двајцата биле пренесени во Клиничката болница во Битола каде има била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 7 години

rezim-soobrakaj

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје, еве зошто

Утре со почеток во 09.45 часот, во организација на Здружение за спорт и рекреација, ќе се одржи спортско рекреативна трка „Прв до врв“.Трасата на движење на велосипедската трка ќе биде со почеток од пред Музеј на град Скопје – бул.„Св.Кирил и Методиј“, лево по бул.„Св.Климент Охридски“, во продолжение по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“ и во продолжение по локален пат за Средно Водно до Врв на Водно („Милениумски Крст“).Трасата на движење на планинарите е со почеток од пред основното училиште „Кочо Рацин“ по козји патеки или по ул.„Тодор Александров“ кон Средно Водно, од Средно Водно кон Врв на Водно („Милениумски Крст“).Од  тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на наведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 7 години

angelka-696x361

Лауренчиќ за случајот со Богоевски: Тој скандал е многу врева за ништо

Поранешниот пратеник на ЛДП, Ангелка Пеева-Лауренчиќ, во синоќешното гостување на „Само вистина“, застана во одбрана на пратеникот Павле Богоевски по целиот случај со снимениот негов разговор.„Тој скандал е многу врева за ништо. Не гледам ништо скандалозно во приказната, некаков разговор којшто не е ни докажан и една бура на реакции после тоа. Да не е смешно би било трагично. Приказната е неподобна за толку големо внимание“, истакна Лауренчиќ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Скандал до скандал - одговорност нема, СДСМ мора да си замине

Министерката за труд и социјала призна милионски скандал со фондот за Пиом, одговорност немаше од никого. Десетици млади и стари починаа во епидемиите на грип и сипаници, додека министерот си делеше крвави тендери, одговорност немаше. Гореа документи во министерството за правда, се напаѓаа притворени лица, одговорност немаше, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Криминално се делеа субвенции преку Фондот за иновации тешки милиони евра, одговорност немаше.  Се вработуваа синови, ќерки, љубовници, мајки, браќа и сестри по огласи кои беа распишани само за нив, одговорност немаше. Пратеници кои одлучуваат за суштински прашања нарачуваат наркотици по телефон, одговорност нема.Долгот расне, граѓаните се повеќе осиромашуваат, одговорност нема од министерот за финансии. Македонија тоне на листата за корупција, а Заев и Анѓушев си делат тендери и нормално одговорност нема. Сето ова неодговорно и криминално владеење го гледаат меѓународните претставници и сосема очекувано, како што нема одговорност ќе нема ниту датум за преговори во јуни.Датум за почеток на преговори ќе нема затоа што на власт и е поважен криминалот, отколку проектите. Две години граѓаните не видоа ништо од најавените 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта. Администрацијата се партизира, а судството политизира. Реформи нема. Без реформи, без проекти и инвестиции државата не може да тргне напред. СДСМ мора да си замине, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 7 години

flora

СКАНДАЛ: Со лажни фотографии, косовска пратеничка обвини дека српски војници силувале Албанка и дете

Фљора Бровина, пратеничка во косовското Собрание од владеачката ДПК, денеска признала дека фотографиите кои ги прикажа во законодавниот дом, а за кои тврдеше дека се доказ како српски војници силуваат Албанка, се лажни.Во медиумите имаше информации дека Бровина покажала и фотографии кои покажуваат како српски војници силуваат седумгодишно девојче. Денеска се покажа дека сето тоа било лага.Пратеничката  пак по испитувањето во полиција им се извини на граѓаните на Косово, посебно на жените кои биле жртви на сексуално насилство и на нивните семејства. Бровина за време на пленарна седница во косовскиот Парламент објави фотографија за тврдеше дека е доказ за сексуалното насилство за време на војната во Косово. Таа изјави дека можеби се работи за фалсификуван документ кој е злоупотребен околу 2003 година кога и бил предаден додека ја извршувала функцијата, претседател на Комисијата за исчезнати личности.„Еден активист ми го предаде документот во плико и рече дека можам да го употребам и дека личноста е жива“, рече Бровина.Фотографиите стигнаа во специјалното косовско обвинителство кое ќе го истражува случајот.  Од таму соопштуваат дека ќе покренат  истрага за фотографијата. Во меѓувреме, косовски медиуми јавија дека фотографијата била преземена од интернет страница со порнографски содржини.Од обвинителството соопштија дека Бровина била повикана на разговор за нејзините тврдења дека наводната жртва на сексуално насилство на фотографијата ја познава и е жива, како и да ја предаде фотографијата и доказите за кои вели дека ги поседува.Невладини организации соопштија дека Бровина и нанела голема штета на косовската заедница и на досегашната работа со жртвите на сексуалното насилство за време на војната во Косово.

Свет | пред 7 години

damask

Нови напади во Дамаск: Сирија собори дел од проектилите кои доаѓаат од правец на Израел

Силни експлозии синоќа одекнаа во Дамаск, а сириските државни медиуми јавија дека непријателски проектили доаѓаат од правец на Израел.Сириската воздушна одбрана лоцираше објекти кои долетуваат од окупирани територии и собори дел од нив, јави сириската државна телевизија цитирајќи воени извори, пренесе „Ројтерс“.Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека израелската армија извршила ракетни напади врз цел во околината на Дамаск.Израел досега ниту ги потврди, ниту ги демантираше ваквите наводи.

Свет | пред 7 години

20190517194532

Северна Кореја погодена од најлошата суша во последните 100 години, милиони луѓе гладуваат

Милиони луѓе во Северна Кореја гладуваат.Северна Кореја е погодена од најлошата суша во последните 100 години.Ова им се случува откако од јануари до средината на мај наврнале само 56,3 милиметри врнежи, што е најниското ниво од 1917 година.Сушата веќе има „прилично силно влијание врз одгледувањето на пченицата, хмељот, пченката, компирот и гравот“. Се прогнозира дека до крајот на месецот ќе заврне само уште два пати, што е недоволно за свртување на настанатиот тренд.Производството на храна во Северна Кореја паднало на најниско ниво во девет години, оставајќи десет милиони луѓе во опасност од глад.Во извештајот е објавено дека во некои рурални делови 43 отсто од луѓето се потхранети, а едно од пет деца има забавен раст бидејќи нема доволно храна.Јужна Кореја одговори дека е подготвена повторно хуманитарно да им помага на отуѓените северни соседи.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

ЕУ ја предупреди Северна, дадоа многу забелешки и шест препораки за стабилизирање на економијата

Од делегацијата на унијата во земјава со шест препораки до Владата, кои очекуваат да бидат исполнети во рок од една година. Според нив од примарно значење се намалувањето на јавниот долг и дефицитот, велат дека се. Побара да се воведат правилата - јавниот долг да не надмине 60 проценти од БДП, а дефицитот 3 проценти. Забележа и за ниската реализација на капиталните инвестиции и порачаа пак да нема оправдувања, туку тие да се реализираат според планот.-Првиот предизвик е стабилизирањето на јавниот долг. Тој во земјава е 43%, но ако на него се додаде и долгот на јавните компании кој е 10% и за кој одговорна е државата, тогаш тој се искачува на 53%. Во ЕУ јавниот долг на државите и не смее да биде повисок од 60%, доколку тој процент е повисок од таа бројка, треба да има план за тој да се намали истакна Фреек Јанмаат - Раководител на сектор за економски прашања во делегацијата на ЕУ .Од канцеларијата на ЕУ, како дополнителни предизвици ги наведоа сивата економија и невработеноста на младите, која кај нас е 45 проценти, а просекот во ЕУ е 15.  Како голем проблем ја нагласија и транспарентноста во трошењето на јавните пари, но и проверката на приватните компании. Во земјава според нив има и преголем број на инспекторати чии надлежности се преклопуваат, што може лошо да влијае на бизнис климата. Забелешки има и за образованието.Инаку дел од забелешките и препораките се повторуваат секоја година, но овие земјава треба да ги спроведе за една година.

Македонија | пред 7 години

nikovskiristoooniko_original

Никовски: Богоевски призна дека извршил такво дело, реакција од надлежните органи мора да има

Не може да биде некој избран на висока функција, а тој да не подлежи на проверка, рече аналитичарот Ристо Никовски коментирајќи го случајот со пратеникот Павле Богоевски поврзан со телефонскиот разговор кој беше објавен на социјалните мрежи, а во кој се слуша како тој нарачува нароктик чија набавка во државава е нелегална.Никовски посочи дека проверките се потребни и поради фактот што имало повеќе случаи во државава, наведувајќи го примерот на поранешниот градоначалник на Ново село кој беше вклучен во шверц и за што доби казна затвор од 18 месеци.-Законот во Македонија се применува селективно. Тоа е најголемиот проблем во државава. Тоа е и главната забелешка што ја добива државава дека не се спроведува владеењето на правото на сите случаи подеднакво. Сега има конкретен случај и надлежните мора да реагираат. Станува збор за лице кое врши јавна функција, рече Никовски.Според Никовски, без разлика за која јавна функција станува збор, избранато лице не смее да врши никакви нелегални дејства.-Случајот е јасен, пратеникот и сам призна дека извршил такво дело, а тоа е нелегално. Оттука реакција од надлежните органи мора да има, посочи Никовски.

Македонија | пред 7 години

h_54384372-220098

Запленети повеќе од 5000 килограми хашиш во вредност од 50 милиони евра

Во близина на островот Маретимо, западно од Сицилија, италијанската полиција заплени 5.474 килограми хашиш, чија вредност е проценета на 50 милиони евра.Дрогата била откриена на 12-метарска едрилица, што пловела под турско знаме.Акцијата е спроведена по дојава од француската полиција, која ги информирала италијанските колеги дека едрилицата испловила од алжирското пристаниште Оран.Ова е шест брод кој превезува дрога, што италијанската полиција од минатото лето го запленува во Средоземното Море во реонот на Сицилија.

Свет | пред 7 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Собранието ги изгласа законите за правосудство и прекинување на бременоста кои ги кочеше Иванов, велат од СДСМ

Собранието на Република Македонија повторно ги изгласа законите што се во интерес на државата и граѓаните, а кои беа намерно блокирани од Ѓорге Иванов, кочничарот на реформскиот процес, велат од СДСМ.„Станува збор за исклучително важни закони, чие донесување граѓаните го бараа и го очекуваа и кои се важен чекор и услов за нашите евроинтеграциски процеси.Со Законот за прекинување на бременоста, се исправа долгодишна неправда кон жените и овозможува жената сама да одлучува за своето репродуктивно здравје. Со него не само што се враќа правото на жената на самостојна одлука туку и се обезбедува безбеден абортус, што не беше случај во минатото.Усвоените закони за Судски совет, за управните спорови и за судови се дел од реформите во судството кои се нужни, откако ВМРО-ДПМНЕ буквално го сруши судскиот систем.Освен зајакнување на правосудниот систем со овие закони се постигнува напредок во реформскиот процес, важен за евроинтегративниот процес на државата.Овие закони се само дел од реформите што ќе следуваат во наредниот период.Како одговорна партија оснатуваме посвестени на процесот на градење стабилна, просперитетна и економски развиена европска држава“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

tamara-todevska-2-220088

Тамара вечерва во финалето на Евровизија - ќе настапува под овој реден број

Тамара Тодевска со „Proud“ вечерва ќе настапи во финалната вечер на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел.Тамара Тодевска четврти пат учествува на Евровизија, но првпат како солист. Таа ќе настапи под реден број 8, а придружни вокали ќе ѝ бидат Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев. Автори на песната се Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Спотот е во режија на Чедо Поповски.Во финалето ќе настапат 26 земји, а ќе можат да гласаат сите учесници, односно 41 земја.Пласман во финалето од втората полуфинална вечер обезбедија и Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта, а од првата полуфинална вечер – Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија. Директен пласман во финалето покрај домаќинот Израел имаат Франција, Италија, Германија, Шпанија и Велика Британија.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања