Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

reis

Реисот на ИВЗ го честиташе Рамазан, а зад него имаше мапа на Голема Албанија

Поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи со мапа на Голема или етничка Албанија го честиташе големиот муслимански празник Рамазан кој започнува утре. Фотографијата е направена од прилог емитуван на Алсат ТВ.Зошто верски лидер би поставил мапа на етнички граници на една нација во која има и католици и православни засега нема објаснување од ИВЗ.ИЗВОР: expres.mk

Македонија | пред 7 години

190505094244-israel-airstrike-gaza-main-port-super-tease

ВИДЕО: Газа испука над 600 ракети кон Израел

Израелскиот премиер изјави дека масовните напади врз терористите во Газа ќе продолжат. Ова следува откако милитантите во крајбрежниот дел активирале 600 ракети кон Израел.„Хамос ќе ја сноси одговорноста не само за акциите и нападите кои тој ги организираше, туку и за дејствијата на исламскиот џихад плаќа многу голема цена за тоа“, рече премиерот на Израел.Израел досега реагираше со воздушни напади на 260 цели во Газа, според Израелските одбрабени сили.ВИДЕОТО ВИДЕТЕ ГО НА КАНАЛОТ НА CNN

Свет | пред 7 години

„“-skopjeinfo.mk-Google-Chrome

ВИДЕО: Шверцери го „запалија“ скопско Кале и развеаа огромен транспарент

Навивачите на прволигашот Шкупи од Чаир, популарните „Шверцери“ вчеравечер на Скопското Кале приредија пиротехничко шоу.Истото беше како најава за вчерашниот дерби дуел од Првата лига против Вардар кој се игра со почеток од 16:00 часот.[embed]https://www.facebook.com/tv21hd/videos/2274058932647139/[/embed]Воедно на овој дуел „Шверцери“ ќе прослават 30 години од своето постоење, а јубилеј има и подгрупата „Гамблерс“ која ќе го прслави својот 20-ти роденден.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Се полнат ли кутии во Чаир, Сарај, Липково и Студеничани?

Денес, на вториот круг од претседателските избори, симптоматичен е растот на излезноста во одредени општини, со мнозинство албанско население.Не е логично на овие изборни места денес да има повеќе гласачи од оние пред две недели, кога освен Силјановска Давкова и Пендаровски, кандидат беше и Блерим Река за кого гласаа голем дел од граѓаните од овие општини.Оправдано е да се постави прашањето: Дали се полнат кутиите во Чаир, Сарај, Липково и Студеничани?Во продолжение ги пренесуваме официјалните податоци од ДИК за излезноста во овие 4 општини, до 13 часот денес и до истиот период во првиот круг.Чаир денес до 13 часот:Чаир прв круг до 13 часот:Сарај денес до 13 часот:Сарај прв круг до 13 часот:Липково денес до 13 часот:Липково прв круг до 13 часот:Студеничани денес до 13 часот:Студеничани прв круг до 13 часот:Извор: Курир.мк

Македонија | пред 7 години

evrovizija

Џихадистите се заканија со напад врз Израел за време на Евровизија

Палестинското движење Исламски џихад од Појасот Газа денеска се закани дека ќе го спречи одржувањето на изборот за Песна на Евровизија, кој почнува за 10 дена во Израел, јави „Тајмс оф Израел“.Учесниците денеска почнаа да пристигнуваат за натпреварот, кој ќе се одржи од 14 до 18 мај. Се очекува манифестацијата да привлече илјадници туристи во Израел.„Ќе го спречиме непријателот да успее во одржување на каков било фестивал, чија цел е да му наштети на палестинскиот наратив“, се наведува во соопштението на Исламски џихад, објавено во моментот кога израелските воздухопловни сили започнаа напади врз десетици цели во Појасот Газа, како одговор на тоа што 400 ракети беа истрелани кон територијата на Израел.Во соопштението се наведува дека „отпорот мора да реагира на агресијата на непријателот и да го изненади“.Претходно денеска израелската армија го обвини Исламски џихад за поттикнување на моменталното насилство во Газа и во Израел.Портпаролката на јавниот радиодифузен сервис Кан – локалниот медиумски партнер во организацијата на Евровизија – се обиде да ги смири загрижените дека избувнувањето на насилствата во Газа ќе влијае на музилкиот фестивал, кој треба да се одржи од 14 до 18 мај.– Подготовките за евровизиските делегации продолжуваат според планираното. Делегациите пристигнаа во Израел и сите се зафатени со натпреварувањето – изјави Шарон Бен Давид.Таа рече дека организаторите биле во постојан контакт со регионалната команда на израелските одбранбени сили, која не дала никакви специјални наредби поради ескалацијата на насилството во јужниот дел на земјата – далеку од Тел Авив каде се одржува натпреварот.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Во Скопје најмногу се гласа во Центар, а најмалку во Сарај

Најголема излезност во Скопје до 13 часот, според податоците на ДИК, има во општина Центар каде гласале 27,27 отсто. На втората позиција по излезност е Аеродром со 26,16 проценти, а веднаш зад неа е и општина Кисела Вода каде гласале 25,92 отсто од избирачите.Над 20 проценти излезност има и во општините Ѓорче Петров со 24,5 отсто, потоа Гази Баба со 22,84 проценти и Бутел со 21,75 отсто.Помала е излезноста во Чучер Сандево со 16,59 отсто, по неа следи Шуто Оризари со 12,69 проценти и Чаир со 11,9 проценти, а на последното место е Сарај, која е единствената општина каде гласале помалку од 10 отсто од запишаните избирачи или само 9,07 проценти.

Скопје | пред 7 години

IZBORI-GLASANJE

Во Охрид излегле само 35,1% од гласачите до 15 часот

Во Охрид, каде се избира градоначалник, но и претседател на државата, излезноста до 15 часот изнесува 35.1 процент.Ова значи дека на гласање излегле 18.347 гласачи, соопшти Државната изборна комисија.Нема поднесени приговори до ДИК за гласањата во Охрид.

Македонија | пред 7 години

IZBORI-GLASANJE-3

До 15 часот излегле 30,34 проценти од гласачите, 1,45 проценти повеќе од првиот круг

До 15 часот гласале 527.068 илјади односно 30,34 проценти.Во првиот кург до 15 часот, излегоа 396.252 гласачи односно 28.89 процентиНајголема излезност има во Македонски брод, Крива Паланка, Демир Капија, Демир Хисар.Најниска излезнсот има во Желино, Боговиње, и Жупа.  

Македонија | пред 7 години

grcki-pretsedatel

Наместо во Хања поради силниот ветер грчкиот претседател слета во Ираклио

Лошите временски услови и силниот ветер беа причина, авионот во кој што беше грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, наместо во Хања да слета во Ираклио на островот Крит, објавија грчките медиуми.Според државната новинска агенција АНА-МПА, авионот, заради силниот ветер, полетал од Атина со задоцнување од еден час, а поради слични временски услови на Крит, наместо во Хања, како што беше планирано, слета во градот Ираклио на грчкиот остров, а оттаму со автомобил се упатил на предвидената дестинација, каде што денеска присуствува на свеченостите по повод годишнината од ослободувањето на регионот, јави МИА од Атина. 

Свет | пред 7 години

evrovizija

Исламски џихад се закани дека ќе го спречи одржувањето на изборот за Песна на Евровизија

Палестинското движење Исламски џихад од Појасот Газа денеска се закани дека ќе го спречи одржувањето на изборот за Песна на Евровизија, кој почнува за 10 дена во Израел, јави „Тајмс оф Израел“.Учесниците денеска почнаа да пристигнуваат за натпреварот, кој ќе се одржи од 14 до 18 мај. Се очекува манифестацијата да привлече илјадници туристи во Израел.Ние ќе го спречиме непријателот да успее да ја организира секоја манифестација со кој има цел да нанесе штета на палестинската кауза, се вели во соопштението на екстремистичката организација.Израелските власти за нападите ги обвинија токму Исламски џихад и радикалното движење Хамас.Претходно денеска израелската армија го обвини Исламски џихад за поттикнување на моменталното насилство во Газа и во Израел.

Магазин | пред 7 години

guguceska

ДИК: До 13 часот излезноста изнесува 20.73%

ДИК на прес-конференција ги соопшти резултатите на излезност до 13 часот на избирачките места низ земјава. „Излезноста е 20.73% на обработени 95.39 проценти информации. Однооно до 13 часот гласале 359.024 гласачи“, изјави портпаролот Љупка Гугуческа.Најнизок одзив има во Желино 4.22%, Врапчиште 6.12% и Боговиње 6.21%, соопшти портпаролката Љупка Гугуческа.Гласањето тече мирно. Наредната прес-конференија на ДИК ќе биде во 15 и 30 минути. 

пред 7 години

Capture-5

МВР: Гласањето се одвива мирно и без проблеми

МВР во текот на денешното гласање од вториот круг на претседателските избори, до 12 часот, нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир. Гласањето се одвива мирно и без проблеми, изјави на денешната прес конфренција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.МВР апелира граѓаните и во преостанатиот дел од денот, на мирен и достоинствен начин, да го искористат своето гласачко право.  Секој обид за нарушување на изборниот процес, ќе биде бескропомисно санкциониран, велат од Министерството.

пред 7 години

papa-bugarija

Папата стигна во Бугарија, Бугарската православна црква одби да одржи заедничка литургија со папата

Папата Франциск ги повика Бугарите да ги отворат своите срца и домови за мигрантите, тврдејќи дека една земја како Бугарија, која го губи населението кое емигрира, треба добро да ги разбере оние кои се принудени да ги напуштат своите татковини.  Папата  во Бугарија беше пречекан од бугарскиот премиер Бојко Борисов , а ќе се сретне и со претседателот Румен Радев.„Молитвите на папата Френциск за мир се исклучително важни за нашиот регион што се протега од Украина на исток кон Западен Балкан“, рече Борисов додека го пречекуваше папата на аеродромот во Софија.Светиот синод на Бугарската православна црква ја одби можноста да одржи заедничка литургија со папата.Папата денеска во Софија, ќе се сретне со членовите на малата католичка заедница во земјата и ќе го посети бегалскиот центар Враждебна.Папата по посетата на Бугарија, ќе ја посети и Македонија. 

Свет | пред 7 години

kuce

Нови пријави за напади од кучиња скитници

На 04.05.2019 година во 14.30 часот во Полициската станица Центар, С.К.(74) од с.Марино, скопско, пријавил дека на 03.05.2019 година околу 16.00 часот на улица „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака.На 04.05.2019 година во 12.00 часот во Полициската станица Аеродром, Г.Т.(66) од Скопје пријавила дека на 03.05.2019 година околу 21.20 часот на булевар „АСНОМ“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Во сообраќајна несреќа скопјенец удрил во 10 годишно девојче – пренесено во „Мајка Тереза“

На 04.05.2019 година во 13.30 часот на регионалниот пат Мелнички Мост- Центар Жупа, патничко возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(37) од Скопје, удрило во 10-годишно девојче, кое се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Дебар. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

soobr1

Сообраќајна несреќа во Скопје, има повредени

На 04.05.2019 година во 16.15 часот на улица „Крушевска Република“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(36) од Скопје и патничко возило „Шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.П.(54) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобила З.Ч.П., а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од истото возило К.Ч.(77) и им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Кинез се обидел илегално да премине граница кај Лојане

На 04.05.2019 година во 12.10 часот во реонот на с.Лојане, општина Липково, во близина на „Миратовачки пат“, при вршење на патрола, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот го забележале и спречиле лицето К.Д.(55) од Народна  Република Кина илегално да ја помине државната граница од Р.Србија кон Р.С.Македонија. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Зголемена излезност до 10 часот: Близу 19.000 гласачи повеќе од првиот круг

До 10 часот на гласање излегле 99.192 односно 6.31 процент. Најмногу излегле во Крива Паланка, а најмалку во Врапчиште.Во првиот круг од изборите, излезноста беше 80.568 гласачи односно 6.05 проценти.Во Охрид и Ново Село гласале 4.062 избирачи, односно 6,38 проценти. Во Охрид до 10 часот излезноста е 5,59 проценти.

пред 7 години

Нема фотографија

Изборите ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи

Вториот круг претседателски избори во земјава ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи, како и 289 преведувачи и 60 странски новинари акредитирани од ДИК. Со најголем број домашни набљудувачи ќе биде застапена граѓанската асоцијација МОСТ или нешто повеќе од 1.500 набљудувачи кои на терен будно ќе ги следат гласањето, можностите за какви било изборни нерегуларности.На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, ќе бидат распоредени исто толку набљудувачи со што ќе се покријат 33 насто од вкупниот број на гласачки места.Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 195, потоа Амбасадата на САД , Делегацијата на ЕУ , Делегација на ПС на СЕ. Набљудувачи имаат акредитирано и повеќе амбасади на странски земји, како амбасадите на Руската Федерација, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Италија, Албанија.

пред 7 години

Нема фотографија

МОСТ: До овој момент не се забележани неправилности во гласањето

Гласачките места во вториот круг од претседателските избори се отворени на време и не се забележани неправилности во досегашното спроведување на гласањето. Ова се информациите на набљудувачите и регионалните координатори на Граѓанската асоцијација МОСТ кои се распоредени на гласачките места.Евентуални нерегуларности во изборниот процес во текот на денот, граѓаните може да пријавуваат на бесплатната телефонска линија 080 080 080.

пред 7 години

amin

7-месечниот Амин 7 месеци јаде брашно и масло, а треба и да се оперира

Брашно и масло. Ова е секојдневниот оброк на 7-месечниот Амин, иако лекарите му забраниле таков вид храна, бидејќи е штетна за неговото здравје. Сами во една соба, мајката Севдие Селмани и малиот Амин од скопската населба Визбегово, живеат под кирија, објави tv21.tv.-Поголемиот дел од времето со Амин го поминуваме плачејќи, отколку смеејќи се. Тој постојано бара да јаде, но немам што да му дадам. Го дојам, но за да го доиш треба да јадеш. Во повеќето случаи загорувам брашно и масло и му давам. Лекарката ми вели дека тоа му го нарушува здравјето, но што да правам. Мора така. 7 месеци помина плачејќи-рече Севдие, за tv21.tv.Нејзиниот сопруг ги напуштил и заминал да живее надвор од земјата.-Јас пораснав како сираче. Без татко бев сама 14 години. Ист живот има и малиот. Ист случај. Многу ми е жал за него. Јас уште како дете сум живеела под кирија, а сега и тој под кирија. Сѐ е лошо-рече Севдие.Покрај сиромаштијата, Севдие и Амин се и болни. Мајката има висок притисок и вели дека честопати се случува да се онесвести, а пак малиот Амин треба да прави две операции.Текстот е превземен од: tv21.tv. Во целост на овој линк.СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ:SEVDIJE SELJMANIIBAN: MK07210501683163061BANK NAME: NLB BANKA AD SKOPJESWIFT: TUTNMK22

Македонија | пред 7 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски од Будимпешта: ,,Биле опседнати со мене? Има и зошто…поздрав од вашиот кошмар“

Биле опседнати со мене? Има и зошто... Со луѓето се сменија времињата и вредностите, напиша на својот Фејсбук профил поранешниот премиер Никола Груевски.Во продолжение статусот на Груевски во целост:Некогаш вест од политичарите беше кога некој проблем кој тиштеше многу народ ќе се решеше, реформа ќе се најавеше или спроведеше, инвеститор ќе отвореше фабрика, проект ќе се изградеше или ќе започнеше да се гради, апарати за болните ќе се набавеа, пензии или плати ќе се покачеа, илјадници ветени проекти ќе се исполнуваа, па кога доцнеа критика и така...Денес не доцнат, туку ги нема. Не постојат. Денес вестите од политичарите се празна реторика, само навреди, клевети, лаги и бескрајни реторички надмудрувања кои се помалку луѓето сакаат да ги слушаат и гледаат, фалења со апсења и прогон на политичките противници. Денес секој ден една иста вест цели 15 дена е ветување дека масовно ќе се менувале функционерите кои сами си ги донесоа и одбраа а само за да се спасат себе и да купат уште малку време за уште некоја ,,реколта,, на рекет и мито. Продавање лажна надеж и лажни илузии на народот кој чека спас од нив, гордеење до небо со национални предавства, фалење дека другите однадвор ептен ги фалат нив дека предавствата многу ги бендисале иако во нивните земји ни на крај памет не би им паднало такви работи да направат.Возења тротинет или задоволување лични фрустрации со возење скапи мотори, лечење комплекси по балови, гафови како мали деца скоро секој ден и бескрајно убедување дека народот е спасен од ,,режимот и заробената држава,, која нели не смееме да дозволиме да се врати. Убедување со дланката ставена на срце, дека само што не дошле рајските денови. Еве ги, кај и да е, само што не сме во рајот, тука сме некаде...Не умри магаре, до зелена трева, кажал нашиот народ...Се вратија времињата од деведесеттите кога наместо редовни набавки на медицинска опрема и апарати како што имаше до пред две години, еднаш годишно се радуваме на јапонска или незнам чија донација од 20 илјади евра како да сме земја во централна Африка.Да, имаат дебела причина да се опседнати со мене и да ме осудат не две, туку 200 години затвор. Ама тоа нема да им ги излечи комплексите, тие само ќе растат, нема да ја промени тажната реалност на масовно иселување, ни нивната неспособност а најмалку огромната разочараност на народот од оваа банда натрапнци...Поздрав од нивниот кошмар, пишува Груевски.Никола Груевски е во бегство од ноември минатата година и по него е распишана меѓународна потерница. 

Македонија | пред 7 години

izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

ЦИВИЛ: Нулта толеранција за изборните нерегуларности

Како и секогаш, ЦИВИЛ најавува дека го негува принципот на нулта толеранција за изборните нерегуларности.Секој и најмал облик на нерегуларност и непочитување на законите и процедурите, претставува повреда на правото на глас и го урива дигнитетот на изборниот процес. Затоа, сите учесници во изборниот процес се повикани максимално да ги почитуваат демократските стандарди и законските регулативи и да придонесат кон слободни, фер и демократски избори.ПРИЈАВУВАЊЕ НЕРЕГУЛАРНОСТИ ВО ЦИВИЛЦИВИЛ јавно ја изразува својата благодарност за големиот број пораки од граѓанките и граѓаните од целата земја, со што ја искажуваат својата доверба и поддршка на организацијата.Изборните нерегуларности како што се притисоци, поткуп, злоупотреби, проблеми со Избирачкиот список, кршење на изборниот молк, говор на омраза, односно сѐ што граѓанките и граѓаните сметаат дека не е во согласност со нивното сфаќање за слободни, фер и демократски избори, можат да го пријават во ЦИВИЛ.Пријавите може да поднесуваат на веб страницата Слободни избори, по електронска пошта (civil@civil.org.mk), во порака на Фејсбук или на телефоните 02 / 5209 176, 070 734 044.ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ДА ГО ПОЧИТУВААТ ИЗБОРНИОТ МОЛКЦИВИЛ бара од политичките партии и нивните функционери, членови и активисти да го почитуваат Изборниот законик, Уставот и законите на Република Северна Македонија, да го почитуваат изборниот молк и да ги сопрат евентуалните планови, ако такви постојат, за изборен поткуп, притисоци и манипулација на гласачите.Секој обид да се наруши изборниот молк и кршењето на законите и стандардите поврзани со изборниот процес, мора веднаш да бидат сопрени и санкционирани. Не смее да има толеранција за каков и да е притисок, закана или корупција (купување гласови).ИНСТИТУЦИИТЕ МОРА ДА ДЕЈСТВУВААТЦИВИЛ ги охрабрува релевантните државни институции да ги искористат сите свои законски ингеренции до максимум и да спроведат законит, слободен, фер и демократски изборен процес. Тие не мораат да чекаат пријави, приговори и жалби, туку можат да дејствуваат, по допрен глас и според сопствени наоди и мислење. Јавноста тоа го очекува од нив.ИЗБИРАЧКИТЕ ОДБОРИ МОРА ДА СЕ ПРИДРЖУВААТ КОН ЗАКОНИТЕ И ДЕМОКРАТСКИТЕ СТАНДАРДИСите членови на избирачките одбори мора да ги почитуваат интегритетот и работата на набљудувачите и на новинарските екипи и под никакви услови да не ги попречуваат во нивната работа.ЦИВИЛ бара од членовите на избирачките одбори строго да се придржуваат до процедурите и Изборниот законик, да бидат љубезни, професионални и достоинствени во спроведувањето на своите задачи на изборниот ден. Тие не смеат да не подлегнуваат на притисоци и коруптивно дејствување на одредени партиски структури. За секоја информација која им е потребна, треба да се јават на Општинската изборна комисија или на Државната изборна комисија. Секој обид за притисок врз нив треба да го пријават во полиција, но и ЦИВИЛ стои на располагање за пријавување на таквите случаи.СЛОБОДНО ГЛАСАЊЕЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да гласаат слободно, според сопственото убедување. Никому не должат ништо. Сè што им ветуваат партиите и кандидатите на било кои избори, всушност, им припаѓа ним, според Уставот и законите на Република Северна Македонија.ИЗБИРАЧКИ СПИСОКСите граѓанки и граѓани кои нема да се најдат на Избирачкиот список, можат тоа да го пријават во ЦИВИЛ. Доволно е да достават име, презиме и адреса на живеење.ЦИВИЛ констатира дека, за жал, ДИК и другите институции не најдоа време и начин да го решат овој проблем, но важно е да сите недостатоци да бидат пријавени, за да се реши проблемот во најскоро време, еднаш засекогаш, веднаш по изборите.НЕПРИСТРАСНИ И ПРОФЕСИОНАЛНИ МЕДИУМИМедиумите мораат да бидат непристрасни и професионални. Новинарките и новинарите во овој период имаат голема општествена одговорност. ЦИВИЛ ги охрабрува да бидат на висина на својата задача и да манифестираат максимална професионална и морална одговорност. За секој проблем со кој се соочуваат, ЦИВИЛ им стои на располагање.

пред 7 години

gubre-ohrid

(ФОТО) Гори отпад во близина на Охрид, жителите се гушат

Несовесни граѓани повторно запалиле ѓубре во близина на Охрид. Густ црн чад може да се забележи од повеќе локации на градот. Граѓаните се жалат.

Македонија | пред 7 години

tajland-kralica-1

Тајланд ненадејно доби нови кралица, а таа ползи пред сопругот

Во средата Тајланд ненадејно доби кралица, а сликите и снимките од венчавката го обиколија светот.Маха Ваџиралонгкорн (66) има богатство кое се проценува на 30 милијарди долари, а неодамна се ожени со кралицата Ситуда (40), поранешна стјуардеса и поранешна припадничка на кралската гарда.Снимките од венчавката го обиколија светот. Тие беа направени по тамошната традиција која го зачуди светот.Грст коментри предизвика сцената каде кралицата лежи покрај нозете на кралот. Ова од друга страна во Тајланд се смета за нормално бидејќи кралот се смета за полубожество.https://www.instagram.com/p/BxAhW0yH98E/?utm_source=ig_embedОд претходните три брака има седум деца, а кога на Тајланд во 2014 година имаше обид за преврат, објавени беа приватните снимки од него и неговата трета сопруга Срирасми.На таа снимка Срирасми облечена само во танга гаќички пее роденденска песна за нивната пудлица Фуфу.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања