Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

„Нашиот син не почина од сипаници“ - родители ги демантираат здравствените власти

Родителите на детето кое почина ги демантираат тврдењата на здравствените власти кои велат дека детето починало од сипаници. Орхан Шабани вели дека неговиот син Мираџ, веќе починат, 6 месеци боледувал од белите дробови. Тој ги обвинува лекарите и вели дека тие не го лекувале неговиот син како што треба. И лекарските извештаи потврдуваат дека на детето му била дијагностицирана бронхопневмонија, објави tv21.tv.-Мојот син не почина од сипаници, тоа е три дена и ги помина, како кај секого. Мојот син претходно имаше бронхитис и проблеми со пневмонија. Беше 11 дена во “Козле“ на Водно, потоа на Клиниката за Инфектологија два дена и не се погрижија како што треба, му дадоа само инфузија, слаба терапија му дадоа и не го испитаа подетално-вели Орхан Шабани за tv21.tv.И мајката на Мираџ, Суреја, вели дека нејзиниот син не бил лекуван правилно. Таа вели дека со месеци одела по болниците, а дека нејзиниот син сипаници добил во болницата Козле. Според неа, Мираџ починал 2 недели откако му поминале сипаниците.Текстот во целост на: tv21.tv

Македонија | пред 7 години

Papa_Franjo

Бесплатни билети за литургијата на Папата може да се подигнат и утре, недела, од 12 до 17.30 часот

Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск на Република Северна Македонија, информира дека се преостанати мал број бесплатни билети за учество на централниот настан од посетата на Папата, литургијата на Плоштадот Македонија во Скопје на 7 мај.Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да присуствуваат на овој историски јавен настан можат да подигнат бесплатни билети и во текот на утрешниот ден, недела, 5 мај, во перидот од 12 до 17.30 часот, на промотивниот штанд пред Спомен куќата на Мајка Тереза на улица Македонија во Скопје.

Скопје | пред 7 години

litija-struga-5

Струга се подготвува за традиционалната ѓурѓовденска литија

Традиционално и годинава во Струга, еден ден по празникот Ѓурѓовден, на 7 мај ќе се одржи десеттата по ред струшка литија.  Овогодинешната литија се очекува да биде најмасовна досега. На литијата ќе се прикажат моштите на светиот великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона. Во тек се последните подготовки за литијата која има огромно национално значење и е дел од културното наследство на нашата земја.Во храмот на великомаченикот во Струга, со почеток во 16 часот, ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, по што ќе следува црковната поворка. Се очекува овој пат литијата да биде најмасовна досега, со повеќе од 10 илјади граѓани што ќе присуствуваат на настанот.Од Бигорскиот манастир велат дека годинава литијата ќе биде збогатена со чудотворната икона Крнинска, од манастирот „Пречиста Кичевска“.– Годинешната струшка литија (Еордија) со чесните мошти на светиот великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона ќе биде збогатена со благословот на сепречистата Богородица, преку нејзината чудотворна икона Крнинска, од манастирот „Пречиста Кичевска“, носена од четворица кичевчани. Од оваа година моштите на светиот победоносец Георгиј ќе бидат носени од двајца видни струшки граѓани. Моштите ќе бидат придружувани и чувани и од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во традиционална мијачка носија – посочуваат од Бигорскиот манастир.Зборот литија значи свечена црковна процесија и е составен дел од богослужбата во црквата. Вакви процесии, според традицијата, се практикуваат во сите православни земји и секогаш се збогатени со светињи – мошти и чудотворни икони. 

Македонија | пред 7 години

delcevo-1

Делчево одбележува 116 години од смртта на великанот Гоце Делчев

Делчево се поклони пред великанот и патронот на градот Гоце Делчев. Со пригодна свеченост организирана од Општина Делчево и КУД „Гоце Делчев“ од Делчево по повод 116-годишнината од смртта на Делчев, се одбележа датумот на убиството на патронот на градот кој на денешен ден во 1903 беше убиен од турската војска во селото Баница.По тој повод, пред споменикот на револуционерот во центарот на градот се поклонија и свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, делегација од Советот на Општина Делчево, предводена од претседателот на Советот, Драган Маневски, како и претставници на политички партии, институции и здруженија на граѓаните. Во рамките на одбележувањето членовите на КУД „Гоце Делчев“ прочитаа реферат за животот и делото на Делчев. Градоначалникот Горан Трајковки истакна дека Делчево со гордост го носи името на македонскиот револуционер.– Градот Делчево го носи името на великанот Делчев од 50-тите години на минатиот век, а како следбеници на неговиот лик и дело ги промовираме неговите заложби и работиме да го изградиме нашиот град како достоен носител на неговото име, рече Трајковски.По повод одбележувањето на 116 -годишнината од смртта на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев, вечерва во Македонската филхармонија во Скопје со почеток од 19 часот, ќе се одржи концерт на гудачкиот оркестар од Скопје и Софија „Гоце 116“ под покровителство на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, а во организација на Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“.Концертот е во режија на Илија Каров, а ќе настапат Гонца Богоромова-Краповски, Десислава Тодорова, Марин Бабиќ, Христо Христов, квартет труби и гудачкиот оркестар од Софија и Скопје.Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на Организацијата. По убиството, неговите посмртни останки до 1917 година се чувале во Баница, по што биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчегот со коските се чувал во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје. 

Македонија | пред 7 години

Wiz-Air-Skopski-maraton-2019-trka-4

Чачале Асмама Тируне од Етиопија победник на 15- от Виз ер Скопски Маратон

Денеска на скопските улици неколку илјади маратонци трчаа на 15-то издание на  најмасовната спортска манифестација Виз Ер Скопски маратон 2019.Победник на Виз Ер Скопскиот маратон 2019 е Чалаче Асмама Тируне (Chalachew Asmamaw Tiruneh) од Етиопија кој прв пристигна на целта и 42 километарската траса ја истрча со време од 2:15.37 часа, оставајќи ги зад себе Вилфред Кипчирчир Корир од Кенија (Wilfred Kipchirchir Korir) и третиот Гетаје Фисеха Гело од Етиопија (Getaye Fisseha Gelaw).Во женска конкуренција доминација на натпреварувачките од Кенија, каде победи Енис Ниара Мичири (Eunice Nyawira Muchiri) која заврши со време од 2 часа, 33 минута и 27 секунди, што претставува најдобар резултат постигнат во женска конкуренција. Второто место го освои Еулитер Тануи (Euliter Jepchirchir Tanui), додека третото Наоми Какоко Ламамуреи (Naomi Kakoko Limamurei).Во полумаратонот, прв ја помина целта домашниот тркач Дарио Ивановски, кој патеката долга 21 километар ја истрча за време од 01:12.31 часа, пред Кристијан Стошиќ (Србија), додека третото место го освои домашниот тркач Милош Ранчиќ.Кај дамите првите три места ги освоија Зита Качер (Унгарија) со резултат од 1:28.55 часа, а зад неа завршија домашната атлетичарка Миљана Ристиќ и Емилија Тодоровска Елијас (Шведска).На трката на 5км, којашто беше најмасовна, кај жените најуспешни беа Марија Стојановска, втора беше Ања Еклер, а третото место го освои Ирма Хајдари, додека кај машките натпреварувачи најуспешни беа Леонид Вандевски, пред Павле Јовановски и Пепи Aнакиев.Организатори на годинешното издание на Виз Ер Скопски Маратон 2019 се: Град Скопје и Сојуз на спортови на Скопје, Агенцијата за млади и спорт, како и Атлетската федерација на Република Македонија, Европската Унија во Македонија и атлетските клубови. Оваа година на маратонот што се трчаше низ улиците на Скопје имаше рекордна пријавеност од над 12.500 пријавени од 58 земји од светот.Град Скопје од Буџетот и годинава за оваа намена издвои 1.500.000 денари, и ги стави на располагање и сите јавни претпријатија под негова ингеренција, кои беспрекорно си ја вршеа својата работа за маратонот да се одржи во најдобар ред.Во маратонот учество зедоа 60-тина вработени од администрацијата на Град Скопје.Наградниот фонд на Виз Ер Скопски маратон 2019 изнесува 18.000 евра, додека највисоката поединечна награда може да достигне 5.000 евра.

Скопје | пред 7 години

pretepal-do-smrt

Го нападнале со метален предмет пред теретана

На 03.05.2019 година во 14,30 часот во Полициската станица Аеродром Б.Д.(20) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13,50 часот на булеварот “Кузман Јосифовски Питу“ пред теретана бил физички нападнат од З.Н.(30) од Скопје со метален предмет.По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Нови пријави на каснати од кучиња скитници

На 03.05.2019 година во 15,00 часот во Полициската станица Аеродром Ф.Б.(37) од Скопје пријавил дека на улицата “Ѓорѓе Андреевиќ Кун“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака.На 03.05.2019 година во 17,50 часот во Полициската станица Аеродром В.П.(69) од Скопје пријавила дека на булеварот “Јане Сандански“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Скопје | пред 7 години

brza-pomos

Го нашле како лежи на улица - итно пренесен на скопски Клиники

На 03.05.2019 година во 08,25 часот било пријавено дека во Штип на улицата “Широк Дол“ бил пронајден повреден Ј.К.(62) од с.Кучица-општина Карбинци. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип. Известен е јавен обвинител и се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

policija-123

Полицаец случајно застрелал колега додека го чистел оружјето

На 03.05. 2019 околу 15,00 часот пријавено е дека во касарна Илинден полицискиот службеник З. М. (26) при подготовка на оружјето за чистење го погодил во пределот на левата надколеница. полицискиот службеник Ц. А. (27) кој бил во истата просторија Ц.А. е пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Известен е Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

soobr1

Сообраќајна несреќа во Куманово, повредени повеќемина

На 03.05.2019 година во 11,10 часот било пријавено дека на крстосницата од булеварот “Трета Македонска ударна бригада“ и улицата “Б.Б.Гуцман“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило “Там“ со кумановски регистерски таблици, управувано од М.Р.(60) и патничко моторно возило “Фолксваген Пасат“ со кумановски регистерски таблици, управувано од И.Ѓ.(28), двајцата од Куманово. Во незгодата со повреди се здобиле возачот И.Ѓ. и двајца сопатници од двете возила С.С и С.Р. констатирани од страна на лекар од Општата болница во Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Куманово.

Македонија | пред 7 години

svr-ohrid

Во Охрид пријавени расфрлани изборни летоци

На 04.05.2019 година во времето од 01,20 до 04,00 часот во Охрид на повеќе локации на ул.„Г.Делчев“, ул.„Бистрица“ и ул.„Н.П.Русински“, биле пријавени расфрлани летоци во врска со претседателските избори.На 03.05.2019 година околу 10,00 часот во Охрид на ул.„Радоичик“, на ѕидот до избирачкото место бр.1286, биле испишани графити во врска со претседателскитеизбори. 

Македонија | пред 7 години

vlcsnap-2019-05-04-10h54m39s179

(ВИДЕО) Папата Франциск: Сигурен сум дека вашата земја е добра, најубавите мозаици се тие што имаат многу бои

Драги браќа и сестри од Северна Македонија,Преку оваа кратка порака, сакам да ги искажам радоста и пријателството што ги чувствувам кон вашиот народ и кон црквата што постои во вашата земја.Откако вашата земја стана независна, Светиот Престол сакаше со вас да воспостави пријателски и дипломатски односи. Денес, повеќе од кога било, има потреба и во Европа, и во целиот свет, да се развива култура на излегување во пресрет, култура на братство, и јас ќе дојдам меѓу вас, да го посеам ова семе.Сигурен сум дека вашата земја е добра, дека ќе го прими ова семе и ќе добие плодови.Всушност, посебната убавина на вашата земја, се должи на различните култури, етникуми и религии што живеат во неа. Секако дека соживотот не е секогаш лесен, го знаеме тоа, но вреди да се вложи тој напор, бидејќи најубавите мозаици се тие што имаат многу бои.Мојата посета ја посветувам и на една голема светица, ќерка на вашата земја, Мајка Тереза, родена и израсната во Скопје, која преку благодатта Божја, стана храбра мисионерка на Христовата милост во светот, давајќи утеха и достоинство на најсиромашните меѓу сиромашните.Драги пријатели, да ја подготвиме нашата средба со молитва дека ќе биде исполнета со мир и секое добро за целиот ваш народ.Бидете од Бога благословени!

Македонија | пред 7 години

missing

Пронајдена малолетна девојка која избегала од дома

На 03.05.2019 во 23,30 часот е пронајдена и вратена во домот С.Џ.(15), за која на 02.05.2019 во 23.50 часот во Полициска станица Чаир, нејзиниот старател Д.Т.(54) од Скопје пријави дека се оддалечила од домот.

Македонија | пред 7 години

soobrakajna-nesreka

Мерцедес со германски таблици излетало надвор од патот и удрило во бетонски ѕид

На 03.05.2019 година во 01,30 часот било пријавено дека на локалниот пат Струмица- с.Просениково патничко моторно возило “Мерцедес Ц-220“ со германски национални ознаки управувано од Д.Ѓ.(37) од с.Сарај, а сопатници биле Р.К.(31) од с. Сарај и В.Ѓ.(26) од с.Баница излетало надвор од патот и удрило во бетонски ѕид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Р.К., а останатите лица се здобиле со телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР- Струмица.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Девојка се породила дома, но бебето починало

На 04.05.2019 година во 01,30 часот во Полициската станица Крушево од Итната медицинска помош Крушево било пријавено дека во куќата на Н.П.(29) биле повикани за укажување лекарска помош, откако таа во домашни услови се породила и по нејзино кажување, бебето се родило живо, но по кратко време починало. Извршен бил увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото е дадено за обукција. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Civil

ЦИВИЛ бара максимално почитување на правото на глас, законите и демократските стандарди

Во пресрет на вториот изборен круг од претседателските избори и изборниот молк кој започнува на полноќ меѓу 3 и 4 мај,ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите учесници во изборниот процес максимално да ги почитуваат демократските стандарди и законските регулативи и да придонесат кон слободни, фер и демократски избори.Правото на глас е неприкосновено човеково права и мора максимално да се почитува!Бараме од политичките партии да го почитуваат Изборниот законик, Уставот и законите на Република Северна Македонија, да го почитуваат изборниот молк и да ги сопрат евентуалните планови, ако такви постојат, за изборен поткуп, притисоци и манипулација на гласачите.Бараме од партиите, но и од родителите и од наставниот кадар да ги почитуваат паравата на децата и да ги остават надвор од политиката! Децата не смее да се злоупотребуваат за политички цели и не смее да се вклучуваат во кампањите на политичките партии! За секоја злоупотреба на децата, бараме соодветна законска реакција од институциите и ја повикуваме јавноста остро да ја осуди и отфрли злоупотребата на децата.Секој обид да се наруши изборниот молк и кршењето на законите и стандардите поврзани со изборниот процес, мора веднаш да бидат сопрени и санкционирани. Не смее да има толеранција за каков и да е притисок, закана или корупција (купување гласови).Бараме од Државната изборна комисија и ја охрабруваме да ги искористи сите свои законски ингеренции до максимум и да спроведе законит, слободен,фер и демократски изборен процес. Ингеренциите на ДИК се високи и таа се наоѓа на врвот на изборниот процес. ДИК не мора да чека приговори и жалби, туку може да дејствува, по допрен глас и според сопствени наоди и мислење. Очекуваме на овие избори тоа и да го стори.Бараме од членовите на избирачките одбори строго да се придржуваат до процедурите и Изборниот законик, да бидат љубезни, професионални и достоинствени во спроведувањето на своите задачи на изборниот ден. Ги охрабруваме да не подлегнуваат на евентуалните притисоци и коруптивно делување на одредени партиски структури. За секоја информација која им е потребна, треба да се јават на Општинската изборна комисија или на Државната изборна комисија. Секој обид за притисок врз нив да го пријават во полиција, но и ЦИВИЛ стои на располагање за пријавување на таквите случаи. Воедно, бараме од сите членови на избирачките одбори да ги почитуваат интегритетот и работата на набљудувачите и на новинарските екипи и под никакви услови да не ги попречуваат во нивната работа.Ги повикуваме граѓанките и граѓаните да гласаат слободно, според сопственото убедување. Никому не должат ништо. Сè што им ветуваат партиите и кандидатите на било кои избори, всушност, им припаѓа ним, според Уставот и законите на Република Северна Македонија.Ги повикуваме сите граѓанки и граѓани кои нема да се најдат на Избирачкиот список, тоа да ни го пријават. Доволно е да ни достават име, презиме и адреса на живеење. За жал, ДИК и другите институции не најдоа време и начин да го решат овој проблем, но важно е да ги имаме тие информации за да се реши проблемот во најскоро време, еднаш засекогаш, по изборите.Ги повикуваме медиумите да бидат непристрасни и професионални. Новинарките и новинарите во овој период имаат голема општествена одговорност. Ги охрабруваме да бидат на висина на својата задача и да манифестираат максимална професионална и морална одговорност. За секој проблем со кој се соочуваат, ние им стоиме на располагање.Ги повикуваме ситеграѓанки и граѓани да пријавуваат изборни нерегуларности од секаков вид. Притисоци, закани, уцени, корупција, поткуп, злоупотреба на јавните ресурси или службената положба, кршење на изборниот молк, незаконито работење на изборната администрација, агитација и пропаганда, говор на омраза, лажни вести, проблеми со Избирачкиот список, односно сѐ што граѓанките и граѓаните сметаат дека не е во согласност со нивното сфаќање за слободни, фер и демократски избори, можат да го пријават во ЦИВИЛ.Пријавите може да поднесуваат деноноќно, на веб страницата Слободни избори, по електронска пошта (civil@civil.org.mk), во порака на Фејсбук или на телефоните 02 / 5209 176, 070 734 044.!

пред 7 години

DSC_1583

116 годишнина од смртта на Гоце Делчев - Владина делегација положи цвеќе

Владина делегација предводена од заменик на претседателот на Владата Кочо Анѓушев, заедно со министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и со заменик министер за култура Владимир Лазовски, присуствуваа на панихидата посветена на 116 годишнина од смртта на Гоце Делчев.Делегацијата положија свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје и  оддаде почит на големиот македонски револуционер.Владината делегација вечерва ќе присуствува и на концертот „Гоце 116“ на камерниот оркестар на Националната установа Филхармонија на РепубликаСеверна Македонија и музичари од Филхармонија на Благоевград - Р. Бугарија, под диригентската палка на Христо Христов, кој ќе се одржи вечерва во Националната установа Филхармонија на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 7 години

avion-reka

(ВИДЕО) Авион на Боинг 737 паднал во река поради големо невреме на Флорида

Авион „боинг 737-800“ кој летал од Гвантанамо, Куба, до Мајами на Флорида, принудно слетал во река близу воената база во Џексонвил. Во инцидентот нема жртви, а повредено е 21 лице.Авионот не е потопен. Сите повредени се пренесени во болница и се во добра состојба. Американскиот претседател Доналд Трамп понудил помош, пишувал градоначалникот на Џексон Лени Кури на Твитер.Тој додаде дека нема пријавени смртни случаи. https://twitter.com/JSOPIO/status/1124506148256743424?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1124506148256743424%7Ctwgr%5E363937393b70726f64756374696f6e&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25be%25d0%25bd-%25d1%2581%25d0%25be-143-%25d0%25bf%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2586%25d0%25b8-%25d1%2581%25d0%25bb%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b2%2F 

Свет | пред 7 години

ramazan

Започнуваат Рамазанските пости - честитка од претседателот на Собранието Џафери

Започнуваат Рамазанските пости - честитка од претседателот на Собранието Талат Џафери. Во леститката се вели:Почитувани граѓани, припадници на исламската вероисповед,Дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да упатам честитка до сите за кои од денес започнува светиот месец Рамазан, месецот во кој се практикува постот, молитвата, споделувањето на храната и убавиот збор, месецот во кој се обединуваат семејствата, соседите, пријателите, се среќаваат и запознаваат познати и непознати, се споделуваат со нив желби за добро здравје, мир и спокој во умот и душата, среќа и благосостојба во домот и за сите луѓе. Нека духот на овој месец со сета негова солидарност биде драг гостин во секој дом, нека ги облагороди срцата со убави мисли на почит и љубов кон блиските и кон сите луѓе, знајни и незнајни. Бидејќи, не смееме да заборавиме дека сме сите пред сѐ луѓе, потребни сме си едни на други, за со заеднички  сили да градиме среќно, напредно и успешно демократско општество во кое секој ќе има достоинствен живот, ќе биде почитуван и вреден дел од мозаикот.Уште еднаш, Ви посакувам на сите добро здравје, благосостојба и духовен мир а бидејќи Рамазан е и месец на физичкото и менталното искушение, нека биде со лесно и со убаво за сите кои ќе постат а сите останати, да имаат разбирање кон сограѓаните.Честит почеток на Рамазанските пости, се вели во честитката од претседателот на собранието Талат Џафери.

Македонија | пред 7 години

izjava-zaev.Still101

Полицијата демантира пукање, граѓаните слушале истрели, се прикирва ли случајот ? !

И покрај тоа што ноќеска во Полиција е пријавено дека е пукано на улицата Гоце Делчев во Охрид, а Полицијата од како примила повеќе телефонски повици од растревожени граѓани излезе на лице место и вршеше истрага притоа блокирајќи ја улицата за сообраќај, денес СВР Охрид преку портпаролот Стефан Димоски излезе со официјално соопштение со кое сака официјално да демантира дека имало пукање.Во соопштението стои:„До овој момент, во СВР Охрид нема официјална пријава за пукање од огнено оружје пред изборен штаб на политичка партија во Охрид. Ги демантираме написите за таков настан во Охрид и Ве информираме дека на 03-05-2019 година во 22 часот и 45 минути, М.К.(32) од Охрид пријави оштетување на неговото возило „Опел Зафира“ со охридски регистарски ознаки случено на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид. Според пријавителот, управувајќи го автомобилот, тој слушнал удар врз автомобилот и откако застанал, на кровот забележал оштетување. По наредба на Јавен обвинител, на поширокото посочено подрачје извршен е преглед, но не се пронајдени чаури или други траги поврзани со испукување од огнено оружје. СВР Охрид презема дополнителни мерки за расветлување на овој случај.“ 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Малолетно девојче каснато од куче скитник

На 03.05.2019 година во 21,00 часот во Полициската станица Драчево В.М.(33) од Скопје пријавила дека на 02.05.2019 година околу 16,00 часот на улицата “Румена Хаџипанзова“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник во пределот на десната рака.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

Автомобил излетал од патот, удрил во знак па во дрво

На 03.05.2019 година во 11,20 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Александар Македонски“ патничко моторно возило „Сеат Ибица“ со скопски регистерски таблици, управувано од А.А.(25) од с.Арачиново-скопско, излетало од коловозот и удрило во сообраќаен знак, а потоа и во дрво. Во незгодата А.А. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кумановец сакајќи да ја „излаже“ полицијата фрлил пакување со марихуана

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.В.(37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.03.2019 година во Куманово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што тој фрлил пакување со марихуана.

Македонија | пред 7 години

hasis

Кај гостиварец пронајден хашиш

На 03.05.2019 година во 12,00 часот во Гостивар на улицата “Гоце Делчев“ од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар, лишен од слобода бил Л.Ф.(32) од Гостивар поради тоа што при преглед кај него пронајдена била кеса во која имало хашиш. По документирање на случајот, против Л.Ф. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

maraton-skopje-2

Се трча „Скопскиот маратон“ по 15-ти пат, годинава рекордни 12.500 учесници

Рекордна бројка од над 12.500 учесници од 58 земји ќе настапи на денешниот 15-ти „Скопски маратон“ во неколку категории: маратон, полумаратон, мешан штафетен маратон (мажи и жени) и на ревијалната трка на пет километри. Наградниот фонд ќе изнесува 18.000 евра, а најдобрите, заедно со бонусите за евентуалните рекордни времиња, ќе добијат и до 5.000 евра.За разлика од минатите години, наместо од плоштадот и во правец кон Камени мост, стартот и целта на трката ќе бидат пред Собранието на Македонија. Потоа се трча кон Владата, лево по булеварот Илинден кон Ѓорче Петров, оттаму по булеварот Теодисиј Гологанов, кон Центар, населбата Јане Сандански и назад до Собранието.Елитни натпреварувачи од Етиопија и Кенија и денес ќе трчаат, а се очекуваат и нови рекорди .Рекордерите се од Кенија, кај мажите Кируи Кипротич (2:12,36 часа) од 2016-та, а кај жените Стела Барсосио (2:33,42) од 2017 година.Маратонската трка ќе се смета и како државен шампионат на Македонија и на неа ќе настапат најдобрите во моментов. Кај жените фаворитка е актуелната рекордерка Адријана Поп Арсова (2:59,46 часа), која лани беше трета.Кај мажите, титулата првак на Македонија од лани ќе ја брани Александар Кираџиев (време од 2:42,48 часа), а конкуренти ќе му бидат Кокан Ајановски, Марјан Бонев, Игор Јакимовски… Рекордот уште го држи Трпе Мартиноски (54) од 2000 година во Нови Сад (2:25,06), кој во повеќегодишната кариера има истрчано над 100 маратони.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања