Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

papata-francisko

(ФОТО) Папата доби и поштенска марка

В понеделник, ден пред доаѓањето на папата Франциск во Скопје, ќе биде промовирана нова поштенска марка. Ова денеска го најавија од собраниската прес служба, од каде информираат дека промоцијата на поштенска марка „Прва посета на Папа на Република Северна Македонија “ е во соработка со АД „Македонска пошта“.По најавите за  неговото доаѓање во земјава, беше изработена  и нова веб страница www.papa.mk, каде се објавуваат деталите во врска со посетата.Литургијата на папата Франциск  на Плоштадот Македонија ќе почне во 11.30 часот. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Не излегувајте на избори затоа што нема македонски кандидати

Единствена Македонија го повикува македонскиот народ и сите лојални граѓани на државата да не излегуваат на изборите во недела оти нема македонски кандидати.„Во изборната кампања видовме дека претседателските кандидати немаат намера да го поништат антимакедонскиот договор со Грција со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ .Со неизлегување на изборите и немањето на цензус, изборите ќе бидат неуспешни со што се отвора патот за распишување парламентарни избори на кои може да го осигураме стратешкиот интерес на Татковината. Единствената надеж за Македонија е доколку по следните парламентарни избори дојде народна власт, прво, со определба да го поништи Договорот за промена на името, и второ, да дојде народна власт за која светот е поширок и не завршува во Брисел. Затоа, на следните парламентарни избори, македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија немаат повеќе право на грешка.Ние во Единствена Македонија сме целосно спремни да бидеме предводници на процесот за враќање на Македонија на изворните принципи на Илинден и АСНОМ!“, велат од партијата.

Македонија | пред 7 години

79DF573A-1DD2-4A2A-8A22-4A0473DF7610

Мицковски: Заев се закани дека ќе бркал од работата но, да знаете само слаб човек се заканува

Беше септември 91-та година, кај секој од вас радост затоа што конечно ние Македонците се изборивме за своите правдини, за своја држава, име, своја армија, знаме. Институции кои сами можеме да ги развиваме, за чест која од нас зависи. Радост дека сите ние можеме да бидеме свои на своето, генерации ќе се образуваат во наши институции, ќе имаме свое здравство кое ќе биде квалитетно, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски.Нотите и текстот на Меморија се слушаа на скопскиот плоштад „Таму кај што вечно сонце сјае таму е Македонија народ и земја што ги сакам јас" Стихови на голема надеж и желба да се биде свој на своето.28 години потоа, остана многу малку од тој ентузијазам, многу малку од луѓето денес се среќни и задоволни од она што го имаме.  Поминав преку 13 илјади километри од почетокот на кампањата. Се сретнав со многу наши сограѓани, разговаравме за нивните проблеми, за она што ги мачи, тишти.Слушав и за критиките кон оваа власт, но и за работата на претходните, и јас како човек не се срамам да се извинам за грешките од минатото, за кои сум сигурен дека ги имало, но и да понудиме решенија заедно со граѓаните за иднината на нашата татковина. Ние се бориме за поразлична слика за македонскиот политичар.Сакам да се обратам на разочараните, потиштените и обесхрабрените.  Тоа е чувство кое е оправдано по изневерените очекувања, жицата која ја скинаа, името, идентитетот, уништениот стандард, измамата дека ќе ја донеселе Европа а ние сме блескале секаде низ Светот, 500 евра плата, 500 км автопатишта, чистиот воздух, животот кој стана пекол, тендерите, непотизмот,  прогонот и неправдата која стана секојдневие. Патриотите кои ги направија терористи. Но, и родителите од Смилковско кои ги разочараа, децата кои гинат на градскиот асфалт. Сиромаштијата која стега. Неправда. Црна неправда. Но, и бранителите што ги заборавија.  Чувството за разочараност е оправдано, но седејќи така на страна да не ги оправдаме тие кои ова ни го донесоа. Вашиот глас е решението. Излезете и гласајте. Иако ситуацијата е сложена, изборот е едноставен. Или сте задоволни со вашето секојдневие, одобрувате и се согласувате како работи оваа власт, или ќе ја казните, ќе бидете на страна на правдата и новата надеж која доаѓа за Македонија. Добро знаете дека како што ништо не бива од животот кој го ветуваа, нема ништо да биде ниту од метлата која сега ја најавуваат.Ќе се обратам и до оние кои се заговорници на бојкотот. Знаете дека Македонија е во прашање. Ова не е само моја, или битка само на ВМРО-ДПМНЕ, ова е битка на секој еден човек, за неговото достоинство и чест. И можеби со нас имате многу причини да имаме различни погледи и ставови, но нас не обединува борбата за Македонија, борбата за татковината. Затоа не му помагајте на Заев со бојкотот, не ги продолжувајте месеците на клинички живот на оваа власт. Ајде да ги собориме. Излезете и гласајте за нашата земја.Знам дека има притисоци и кон државната администрација. Заев се закани дека ќе бркал од работата. Но, секој од вас, секој од вас знае дека само слаб човек се заканува. Немојте да бидете вознемирени и не потклекнувајте на заканите. Работите брзо ќе се сменат, а секоја неправда врз вас, секое неоправдано уназадување или бркање од работа ќе биде исправено. А ќе има и одговорност на оние кои нанесуваат неправда. Тоа ви го ветувам. Излезете и гласајте.Почитувани сограѓани,Да чекориме сигурно, европски, еден со друг. Гордана Сиљановска Давкова е изборот. Гласот за нејзе е глас за честит човек, жена со кредибилитет. Имаме шанса претседателка да биде, чувар на интересите на Република Македонија и секој нејзин човек. Вашиот глас во политиката. Таа е шансата за пораз на неправдите и победа на правдата. А јас ви ветувам, ви ветувам дека ќе го дадам и последниот атом од енергијата, беспоштедна работа да ја смениме сликата за разочарана, потиштена Македонија. Да се избориме за сигурност, развој, и честитост. За стаменита и вистински интегрирана држава. За правда за Македонија. Правда за секој човек. Вие одлучувате, вашиот глас може да донесе подобри времиња.Да сте живи и здравиИ Бог да ни ја благослови Македонија, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски. 

пред 7 години

Damjan_Manchevski_Minister

Манчевски до Ѓорчев: Договорете се дали сте победиле, дали сте изгубиле во 2016, кој е на власт?

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во синоќешната дебата со Влатко Ѓорчев на ТВ 24, застана во одбрана на владејачката гарнитура, затоа што како што според него, Македонија се движи во правилна насока.„И вие договорете се. Дали сте победиле, дали сте изгубилево 2016, кој е на власт?. Во недела треба да го избереме Стево, кој знаеме што ни нуди. Стабилност, сигурност, продолжување на патот кон ЕУ и НАТО. Од друга страна ја имаме Гордана Силјановска-Давкова, која не знаеме што нуди“, истакна Манчевски.

Македонија | пред 7 години

1839975_5_ls

Заедно патуваа на работа, заедно заминаа во смрт: Имавме 12 минути да ги извлечеме, беше невозможно!

Во општина Куршумлија вчера беше прогласен „Ден на жалост„ поради трагичната смрт на 5 граѓани од оваа општина. Трагедијата се случи пред три дена кога автобус од компанијата „Ниш Експрес„ премина во спротивната коловозна лента и дирекно се судри со камион со приколка.Синиша Мијаиловиќ, Добрила Радовановиќ, Зихнија Кошута и Јелица Радовиќ ги изгубија своите животи во стравичната сообраќајна несреќа, која се случи пред три дена околу 6:45 минути, на патот Куршумлија – Прокупје.Сведоци на сообраќајката беа полицајците Марко Милинчиќ и Владимир Савиќ, кои во моментот на несреќата се наоѓале во автобусот. Тие им помогнале на повредените. Покрај нив Саша Вучковиќ исто така полицаец и Иван Вековиќ, војно лице, се наоѓале во автомобил кога се случила сообраќајката.„Од јачината на ударот, неколку патници паднаа од седиштата. Со колегата Савиќ го скршивме стаклото, за да можеме да влеземе во автобусот. Го зедов противпожарниот апарат од едно комбе и почнав да го гаснам пожарот кој изби во камионот. Прво се појави на предниот дел од камионот а подоцна никој не можеше да влезе внатре.Неговиот колега Савиќ, додава дека слушнал многу јак удар и веднаш почнал да помага на повредените.„Откако го скршивме стаклото, почнавме да им се доближуваме на патниците. Ги извлеков и ги сместив на безбедно. Во тој момент пожарот се прошири и на автобусот. Пожарникарите го гаснеа, а ние повредените ги стававме во возила на Итна помош, додава тој.„Се боревме да го изгаснеме пожарот. Не можевме да допреме до акумулаторот и моторот, каде што беше пожарот, затоа што тој дел од камионот беше потполно уништен, се сеќавам дека полицајците успееја да го скршат стаклото на задното седиште на автобусот и од тука ги вадеа повредените„Едни се обидуваа да го изгаснат пламенот, а други ги вадеа повредените. Имавме само 12 минути да ги извлечеме. Трчав до најблискиот двор да најдам буре со вода. Додека се вратив, пламенот буквално го изеде автобусот и не беше можно да се доближи човек да им помогне на патниците. Тешко ми што не успеавме да ги спасиме сите луѓе, рече тој.Автобусот кој потполно изгоре го користеле и деца и вработени. На среќа тој ден не патувале деца, поради распустот од училиште. Во Куршумлија вчера беше ден на жалост.

Свет | пред 7 години

BUJAR-OSMANI

Османи за повикот на Река: Сите даваат поддршка за нас

Вицепремиерот, Бујар Османи, ја прокоментира пораката која вчера ја испрати професорот Блерим Река, кој не успеа да влезе во вториот круг од претседателските избори. Река вчера ги повика своите гласачи да излезат масовно и да гласаат за да го спасат евро-атланскиот процес.-Сите веќе доаѓаат на нашиот концепт. Република Северна Македонија има потенцијал да се движи напред и да избере претседател кој оваа позитивна енергија која ја создадовме ќе и даде повеќе сила и ќе ја материјализира. Тоа што го заговаравме во првиот изборен круг сега гледаме дека и други ни се придружуваат, што значи дека идејата била добра – рече Османи

Македонија | пред 7 години

zaev-1-702x459

(ВИДЕО) Заев: Можевме да ја освоиме Грција, ама срамота е во 21 век

На еден од своите говори, премиерот Зоран Заев вели дека Македонија може да ја освои Грција-Договор со кој конечно разграничивме – ние сме северниот дел од историскиот дел од Македонија. Опцијата беше или ќе ја нападнеме Грција, да ја освоиме, што е срамота во 21 век, рече Заев.[embed]https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/738907893170965/[/embed]

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Скопјанец обвинет за недозволено држење оружје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.На 11.04.2019 година, при претрес во домот во кој престојувало лицето на улица „Лазар Трпков“ во Скопје, било пронајдено огнено оружје – два пиштоли со калибар од 7,62 X 25 мм, како и една рамка со девет куршуми со ист калибар.До Основниот суд Скопје 1 Скопје надлежниот јавен обвинител достави и Предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи се уште постојат околности кои што очигледно укажуваат на опасноста лицето да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. 

пред 7 години

aaaaa

Левица на Апасиев повикува да гласате за Силјановска, за да Џафери не биде в.д. претседател

Президиумот на Левица, на синоќешната вонредна седница (2 мај 2019), одлучи да ја поддржи професорката Гордана Силјановска Давкова како кандидат за претседател на Република Македонија.Силјановска ја сметаме за атипичен претседателски кандидат. И покрај нашите несогласувања по одредени прашања, знаеме дека таа е изградена личност со неспорен кредибилитет, која што ефикасно ќе се спротивстави на политиката на коалиционата двојка СДСМ-ДУИ, личност која ќе се води по принципите на правото, правдата и етиката и нема да дозволи компромитација на својот интегритет.Нашата поддршка за Силјановска да стане првата жена претседател на Републиката е строго персонална, а никако про-вмровска! Дотолку повеќе што повмровски кандидат во случајов е токму Стево Пендаровски кој беше портпарол во првата вмровска влада на Љубчо Георгиевски, а потоа и советник во кабинетот на Борис Трајковски.Нашата соработка со професорката датира уште од времето на Професорскиот пленум, па оттука оваа наша поддршка ја сметаме за принципиелна и критична. Секој гласач на проф. Силјановска мора да ја држи за збор, будно да го следи секој нејзин чекор и да ѝ помогне да не потпадне под влијанието на големите партии СДСМ - ДУИ - ДПМНЕ. Нам сега ни треба реализирана и принципиелна личност за претседател, која нема да биде обична марионета, туку мудро ќе ги користи своите уставни овластувања со цел да не дозволи тотална власт на само една партија.Во очи на вториот решавачки круг од Претседателските избори, разбираме дека е тешко да се партиципира во политичките збиднувања инструментализирани од власта, но токму сега мораме да ги смириме страстите и да размислуваме со ладна глава. Колку и да се чини оправдан гневот против корумпирани елити, сепак на овие избори - каде бираме личност, а не партија - бојкотирањето ќе биде само во корист на властодршците и ќе овозможи актуелниот собраниски спикер да биде ВД претседател.Груевизмот, како стадиум на изедначување на партијата со државата, е на раб да се повтори во заевизам – како автократски модел на владеење. Наша задача, како автентична левичарска партија, е да застанеме на патот на оваа забегана влада во нејзините намери да го доуништат и онака климавиот суверенитет на Републиката и да ја престорат во слуга на империјалните интереси.

Македонија | пред 7 години

maraton-skopje

Посебен сообраќаен режи од денес до утре до 18:00 за „Виз Ер Скопски Маратон 2019“

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје почнувајќи од денес (03.05.) во 19 часот, до утре (04.05.) до 18 часот, поради утрешното одржување на традиционалната спортска манифестација – „Виз Ер Скопски Маратон 2019“ со почеток во 08,30 часот, ќе воведе посебен сообраќаен режим долж трите тркачки патеки во рамки на манифестацијата.Така, за трката од 5.000 метри за сообраќај времено ќе бидат затворени следните сообраќајници: од стартната точка на ул.„Димитрие Чуповски“ право по ул.„11-ти Октомври“ во правец кон Градска Болница, право кон “Црвен Крст“, кај Тутунски комбинат лево по бул.„Крушевска Република“, па десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, право по бул.„3-та Македонска Бригада“ до крстосница со ул.„Црвена Вода 7“ каде што се врти полукружно па право по бул.„3-та Македонска Бригада“, десно по ул.„Фрањо Клуз“, лево по спротивната насока на движење на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, лево по бул.„Кочо Рацин“ десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта - Собрание на Р. Северна Македонија;Втората траса за трката на 21 километар, полумаратон: стартот е преку Порта Македонија, Плоштад Македонија, преку Камени мост, лево на ул.„Иљо Војвода“, лево по мост Гоце Делчев, право по бул.„Илинден“ лево по ул.„Љубљанска“, право по ул.„Московска“, десно по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, десно по бул.„Јане Сандански“ до крајот пред семафорот со бул.„Србија“ се врти назад по бул.„Јане Сандански“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право до пред Собрание на Р. Северна Македонија каде што е и целта;И третата траса за маратонот на 42 километра/штафетен маратон: тој ќе се трча по истите улици како и полумаратонот, но по првиот круг кога натпреварувачите ќе дојдат пред Собрание на Р. Северна Македонија продолжуваат уште еден круг право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по бул.„Св. Климент Охридски“, лево по бул.„Илинден“ и се трча истата рута како од првиот круг.За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев и Пендаровски ја посрамотија и понижија Република Македонија

Заев и Пендаровски ја посрамотија и понижија Република Македонија. Државата и покрај сменето име остана без почеток на преговори на јуни, тоа е така затоа што нема реформи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Доколку во изминативе десетина година главна пречка за не отпочнување  на преговори беше ветото од Грција, сега главен проблем се недостатокот на реформи.Заев и Пендаровски добија насока за спроведување на сет на реформи меѓу кои: Правосудни реформи, борба против организиран криминал и корупција вклучително и на високо ниво и реформи во разузнавањето и безбедносните структури, како и реформа на јавната администрација. Ништо од ова не е исполнето.Заев и Пендаровски потрошија две години од животот на граѓаните, и наместо да направат нешто, тие ја вратија државата назад.Со Заев и Пендаровски во Република Македонија цвета само криминалот. Државата тоне, а луѓето се заглавени во безнадежност.Време е да се промени лошата пракса и државата да почне да ниже успеси. Гласот за Гордана Сиљановска е глас за реформи, за просперитет, за право и правдина, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

пред 7 години

papata

Како и каде да се движите за време на посетата на папата во Скопје?

Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП „Градски паркинг“ и АДСПС во Скопје ќе бидат бесплатни на 6 мај по 17 часот, како и на 7 мај во текот на целиот ден.За време на посетата на папата Франциск, на 6 и 7 мај, во Скопје ќе има посебни правила за движење на автомобили и пешаци. Низ централното градско подрачје ќе може да поминете само со лична карта или пасош, некои улици и булевари ќе бидат затворени, а центарци нема да може да ги користат своите возила во зоната „Голем ринг“, објави fakulteti.mk...Како што информираа од координативното тело за организирање на посетата на папата, на територијата на Град Скопје и правецот од Меѓународниот аеродром - Скопје до центарот на градот ќе важат посебни сообраќајни правила за движење на автомобили, како и посебни правила за движење на пешаците низ центарот на Скопје.Рестриктивна зона ...Во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот „Голем ринг“, во вторник, 7 мај, од 6 до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот. Сите возила ќе бидат пренасочени на сообраќајниците околу центарот во Скопје за да може непречено да се движат.Во овој временски период ќе се формира „рестриктивна зона“ на движење. За автомобили целосно ќе бидат затворени следните улици: 11 Октомври од крстосницата со булеварот Кочо Рацин до крстосницата со улиците Димитрие Чуповски, Даме Груев, Македонија, Васил Главинов, Филип 2 Македонски, Св. Климент Охридски (адвокатска) и Иљо Војвода.Жителите на Центар да ги остават автомобилите дома Каде и да одите, тргнете порано... Како ќе се движат пешаците?  Текстот во целост на: www.fakulteti.mk  

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Плаќање на заостанати сметки за вода и смет без камата до 28 јуни

Заостанатите сметки за вода и за собирање и транспортирање комунален отпад граѓаните на Скопје ќе можат без камата да ги платат во периодот од 13 мај до 28 јуни 2019 година.Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека корисниците што имаат заостанат долг за потрошена вода и за собирање и транспортирање комунален отпад (тужен и редовен) ќе имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнетоплаќање.Можноста корисниците да го платат долгот без пресметана камата е со определено времетраење во предвидениот рок, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Фејсбук трајно укина профили на влијателни ултрадесничари

„Фејсбук“ го забрани профилот на Алекс Џонес основач на сајтот „ИнфоВорс“ (Infowars),  и некои други контроверзни лица од крајната американска десница, поради кршење на правилата на оваа социјална мрежа за опасни поединци и организации.Меѓу луѓето што се забранети на Фејсбук и Инстаграм покрај  Џонес, се и лидерот на организацијата „Нација на исламот“ Луис Фарахан, познат по неговите антисемитски и хомофобични ставови, и ултрадесничарскиот коментатор Мајло Јанопулос. Џонс и ИнфоВорс беа забранети на Фејсбук во август, но до сега останаа на Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук.Во пишана изјава до ДПА Фејсбук информира дека поединците и групите се забранети во рамките на политиката на компанијата против „опасни поединци и организации“. – Отсекогаш сме забранувале поединци или организации кои промовираат или поттикнуваат насилство и омраза, без оглед на нивната идеологија, се додава во изјавата.

Свет | пред 7 години

Cistenje-divi-deponii-Kisela-Voda-02.05-3

Исчистени диви депонии во Аеродром и Кисела Вода

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“, по налог на Град Скопје, денеска спроведоа акција за расчистување диви депонии во населбата Горно Лисиче, на границата меѓу општините Аеродром и Кисела Вода.Во оваа акција беа подигнати и транспортирани речиси 150 кубни метри комунален, градежен и кабаст отпад, а активностите за расчистување на теренот ќе продолжат и во текот на утрешниот ден.Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат животната средина и јавните површини од загадување, а отпадот од домаќинствата да го одлагаат исклучиво во контејнерите наменети за комунален смет.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Скопје: Фатени 9 возачи без возачка дозвола, а казнети се осум поради поминување на црвено светло

Во текот на изминатиот ден (02.05.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека еден возач управувал возило со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и три возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради неправилно престројување, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и тројца возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатиот ден издадени се 10 мандатни платни налози и осум возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а девет лица поминале со телесни повреди. 

Скопје | пред 7 години

oblozuvalnica-1

Испечатила тикети од 100 илјади во обложувалницата кај што работи, но не ги платила

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.С.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.На 13.12.2018 година во спортската обложувалница во Тетово, пријавената, додека била на работно место, испечатила тикети за игра во износ од 119.280 денари, без да уплати парични средства за истите.

Македонија | пред 7 години

IMG-edd981a1e12cc4216065a25e0009914a-V

Фатен дилер на дрога, откако негови клиенти го издале дека е купена од него

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Х.(39) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 28.08.2017 година во Тетово, на ул.„Браќа Миладинови“, во напуштена куќа полициски службеници ги затекнале У.Ф. и Б.А.,  двајцата од Тетово, како конзумираат хероин, кој претходно го набавиле од пријавениот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Маж и жена каснати од кучиња на левата рака и десната потколеница

На 02.05.2019 година во 12.20 часот во Полициската станица Центар, С.С.(48) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11.15 часот на Плоштад „Македонија“ била касната од  куче скитник во пределот на десната потколеница.На 02.05.2019 година во 21.00 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ш.Л.(42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 08.00 часот на булевар „АВНОЈ“ била касната од куче скитник во пределот на левата рака.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

На граница уапсено лице кое било на „стоп листа“

На 02.05.2019 година на Граничниот премин „Долно Блаце“ бил приведен С.М.(27) од с.Орланци, скопско, затоа што при проверка било утврдено дека се наоѓа на Стоп листата со мерка „Апси“ по барање од СВР Скопје.Во 17.10 часот лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

59157508_10215260048469220_7872377528298504192_n

Девојчето кое беше прегазено во Влае е со тешки повреди, велат од МВР

На 02.05.2019 година во 15.30 часот на крстосницата од улиците „Војвода Васил Чакаларов“  и  „Ангел Динев“ во Скопје, патничко возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(32) од Скопје, удрило во 11-годишно девојче.Со тешки телесни повреди се здобило девојчето, кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

pretepa

Син на полицаец со нож прободел момче, вели Филиповски

Повторно е прободено момче со нож, а сторител повторно е син на полициски функционер. Пак како во случајот со син ми Филип Филиповски ќе го спасат од притвор, напиша на Фејсбук, Гоце Филиповски, син на Филип кој беше прободен пред ноќен клуб.[embed]https://www.facebook.com/goce.filipovski.3/posts/3208444392514926[/embed]„За жал судииве судат по тоа колку пари ќе им се плати, многумина ми кажуваат да не очекувам синовите на Ѕвонко Цвековски дека ќе ја добијат заслужената казна и дека „има доволно пари“ да си плати судија што ќе донесе ослободителна пресуда оти тоа бил законот по кој суделе некои судии. Колку пари ќе им платиш, најмногу влијаело на донесувањето на пресуда“, пишува Филиповски.

Македонија | пред 7 години

3e95f65e6f9d90d9f8b834f96656714f_w790

Поради Виз Ер Маратонот: Утре изменет режим на сообраќај на автобусите

Утре, поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2019“ дел од автобуските линии што сообраќаат на трасатата на која ќе се одржува маратонот ќе имаат изменет режим на сообраќање, а некои воопшто нема да бидат во функција.Како што соопшти ЈСП „Скопје“, туристичката линија „City tour“ нема да сообраќа цел ден. Линиите 25 и 59А нема да сообраќаат во периодот од 8 до 10 часот.Од 8 до 10 часот, по вообичаената траса ќе сообраќаат 2, 2А, 12 и 19 и сите приградски линии.Од 7 до 14 часот по вообичаената траса ќе сообраќаат: 2, 2А, 12, 19, 20, 25А, 25Б, 42, 45 и 65В, како и приградските линии 11, 11А, 18, 18А, 32, 47, 47А, 52, 53, 55, 56, 56А, 60, 61, 62, 63, 63А, 63Б, 65, 66, 66А, 68, 69, 71, 81, 118.По изменети траси, користејќи ги околните сообраќајници, ќе сообраќаат линиите: 3, 3Б, 4, 5, 7, 8, 9, 15, 15А, 16, 17, 20, 21, 21А, 22, 22А, 23, 24, 27, 28, 50, 45, 52, 53, 55, 62, 63, 63А, 65, 65В, 66, 66А, 68, 69, 18А, 47, 47А, 61, 71, 81, 11, 11А, 18, 32, 56, 56А, 60, 118, 57, 59, 31, 41, 51, 67, 70, 74, 58, 73.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Џафери: Изборот е јасен, на 5 мај изборот е за Западот

Претседателот на Собранието Талат Џафери потенцираше дека првпат се огласува за време на претседателската кампања поради неговата функција.– Граѓаните на Северна Македонија одлучија да бидат ориентирани кон ЕУ, никој не сака да се враќа назад. Нашиот избор треба да биде јасен. Колку и да сакам да бидам неутрален, како граѓанин се определувам за Западот. Да излеземе на 5 мај и да го поддржиме кандидатот што е ориентиран кон ЕУ и НАТО, рече Џафери.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, истакна дека на 5 мај треба да се гласа за консензуален кандидат, посочувајќи дека тој нема да гласа за себе, туку за младите.Наведе дека доколку нема цензус тоа не значи дека претседателот на Собранието Талат Џафери ќе биде претседател на државата, туку дека за 75 дена повторно ќе се распишат избори.Изет Меџити, шеф на изборниот штаб на ДУИ, истакна дека силно го поддржуваат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.– Мора да поддржиме проевропски кандидат. Не смееме да поддржиме кандидат кој не познава двојазичност. Да се излезе на 5 мај и да се гласа. Апстиненцијата и помага на ВМРО-ДПМНЕ, ги ризикува НАТО и Европската Унија. Како ДУИ и како Албанци немаме дилеми, порача Меџити.Градоначалничката на Тетово Теута Арифи нагласи дека идејата на Европа е идеја на консензуланост.– Не го правиме ова за послушност на некој, ова го правиме за нашата земја, за себеси. За рамноправноста на сите граѓани, истакна Арифи, посочувајќи дека Албанците уште еднаш треба да докажат дека се фактор без кој земјата нема да биде во НАТО и во ЕУ.  

Македонија | пред 7 години

krsto-mukoski-960x528

И без Мукоски да ја отвореше вратата на 27 април, тие ќе влезеа, вели Пендаровски

Амнестијата на дел од обвинетите за случувањата од 27 април во Собранието, е направена поради перспективите, од политичка смисла, за државата што се отвараат во насока на реализација на стратешките цели, истакна денеска кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со инцијативата „На мегдан“.– Промената на Уставот што требаше да произлезе од Преспанскиот договор за новото име да важи и во внатрешниот правен поредок бараше две третини, во тој момент ние се соочивме со барањето на две добра. Чиста правда и отворање на евроатлантските врати. Кога ја видов содржината на законот за амнестија, ми олесна. Мислам дека кога ќе го ставите на страна фактот дали да му дадеме 15 години робија на Крсто Мукоски кој отварал врата во Собранието, а демонстрантите секако ќе влезеа и да не беше тоа отворање на врата. Од друга страна имате потреба да направите две третини за да го промените Уставот, со што дефинитивно на сите нас и сегашни и идни генерации ни се отвараат вратите на развиениот свет, за мене беше јасно како човек кој беше еден од нападнатите дека е подобро тоа да го направиме отколку да одиме со неселективно казнување и на луѓе кои не употребиле насилство ниту имале намера да организираат употреба на насилство, истакна Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања