Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

kucinja-skitnici

Нови напади од кучиња скитници во Центар

На 15.04.2019 година во 10.00 часот во Полициската станица Центар, С.В.(67) од Скопје пријавил дека на улица „Лазар Личеновски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.На 15.04.2019 година во 13.50 часот во Полициската станица Центар, М.К.(60) од Скопје пријавила дека на 14.04.2019 година околу 21.20 часот на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Скопје | пред 7 години

Megunaroden-Aerodrom-Skopje-01

Уапсено едно лице на ГП „Аеродром Скопје“

На 15.04.2019 година во 12.00 часот на Граничен премин „Аеродром Скопје“, при пасошка контрола и проверка било констатирано дека лицето Д.Н.(31) од Свети Николе се наоѓа на Стоп листа со мерка „А“(апси) по барање од СМПС-Одделение за потраги Свети Николе. Тој бил лишен од слобода и во 14.30 часот бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за спровод до Казнено-поправната установа Штип.

пред 7 години

policija-3

Државјанка на Косово нелегално работела во угостителски објект во Јажинце

Во периодот од 23.00 часот на 15.04 до 00.05 часот на 16.04.2019 година полициски службеници извршиле акциска контрола во угостителски објект покрај регионалниот пат Тетово-Јажинце, во с.Теарце.При контролата била затекната една државјанка на Косово која нелегално работела во објектот. Таа била приведена во СВР Тетово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

soobrakajna-nesreka

Сообраќајни несреќи - повредени пешаци

На 15.04.2019 година во 20.40 часот во с.Обрашани, прилепско, патничко возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(51) од с.Пашино Рувци, прилепско, удрило во пешакот П.Ш.(53) од с.Обрашани. Со тешки телесни повреди се здобил П.Ш. и му била укажана помош во болницата во Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.На 15.04.2019 година околу 23.00 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, патничко возило „Цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(49) од Гостивар, удрило во пешакот З.А.(66) од с.Трново, гостиварско. З.А. се здобила со тешки телесни повреди и и била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 7 години

han

Хан за Независен: Иванов да не се меша во судските постапки, порачувајќи му индиректно да заборави на амнестијата

Повторно има барања до претседателот Иванов да им се даде амнестија на обвинетите за 27 април и веројатно за други случаи поврзани со корупцијата. Што ќе биде вашата порака околу оваа идеја?Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан даде интервју за “Независен“ во кое го повика претседателот Ѓорѓе Иванов да не се меша во судските постапки, порачувајќи му индиректно да заборави на амнестијата. Хан исто така се надева дека Преспанскиот договор нема да биде жртвуван заради партиско-политички причини имајќи во предвид дека е дел од кампањата за претседателските избори. Според него, ќе биде неодговорно ако ЕУ не ги исполни ветувањата што ги даде , вклучувајќи го и тоа за нашата држава, истакна Хн во интервју за nezavisen.mk.

пред 7 години

kFM-3

(ФОТО) Антиќ и Темелковски ги отворија картите на ФБ - препукување за претседател на МКФ

Само неколку часа од промоцијата на кандидатурите и уште многу далеку од евентуалното изборно собрание, претендентите за претседателската функција во МКФ Перо Антиќ и Владимир Темелковски се пресметаа на Фејсбук.Перо Антиќ не одолеа на објавата за кандидатура на Владимир Темелковски на неговиот личен профил на социјалната мрежа. Коментираше дека актуелниот директор на МКФ ја добил позицијата благодарение на политичките конекции, особено на неговиот татко. Коментарите отидоа до таму што се употребуваа зборовите „татин син“ од едната страна, а од другата „добро познавање на хемијата и супстанците“.Во продолжение преписката на социјалната мрежа фејсбук.

Македонија | пред 7 години

Grabez-pistol

Обид за грабеж во спортска обложувалница во Охрид

30 тина минути по полноќ се случил обид за грабеж во спортска кладилница во населбата Воска во Охрид.Неофицијално пред затворање во објектот влегло маскирано лице вооружено со пиштол, кое од вработената побарало да му ги предаде парите.Лицето се испаничило откако вработените му кажале дек ќе се вклучи алармот и во напуштило објектот.Од СВР велат дека детали за настанот ќе има во текот на денов.

Македонија | пред 7 години

prasanja-zaev-angusev

(ВИДЕО) Заев откри кои биле другите кандидати на СДСМ за претседател

Не биле само Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Никола Димитров кандидати за претседател од СДСМ, рече премиерот Заев во вечерашното гостување во „Клик Плус“на „21 ТВ“.Премиерот Зоран Заев рече дека имало повеќе можни кандидати, велејќи дека меѓу нив имало и Албанци.Меѓу имињата кои ги спомна како кандидати за претседател на Македонија беа: Имер Селмани, Алберт Муслиу и Теута Арифи како жена.

Македонија | пред 7 години

MFA_8353

Димитров: Колку е тажно да ја гледате катедралата Нотр Дам во пламен

Колку е тажно да ја гледате катедралата Нотр Дам во пламен!, напиша на Твитер македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, изразувајќи солидарност поради пожарот што попладнево ја голта славната париска катедрала.„Сета наша солидарност кон францускиот народ и сите католици. Храброст за пожарникарите што се борат да го спасат ова светско наследство“, напиша Димитров на француски јазик на Твитер.

Македонија | пред 7 години

goran-stefanovski-sekoja-generacija-se-srekjava-so-nekoi-novi-opasnosti-218212

Семејството на Горан Стефановски: На 27 април во Дебар Маало да го прославиме неговиот живот

На 27 април, на 67 роденден на драматургот Горан Стефановски, ќе се слави животот на великанот на македонското драмско творештво.„Само да ви кажам дека се планира една мала прослава на животот на Горан Стефановски на 27ми април (неговиот 67ми роденден), сабота, во Дебармаало (кај кругчето карши Наџак). Прво ќе се сади дрво во малото паркче (ќе има и клупа на која ќе седи негова скулптура, ама тоа подоцна), а потоа ќе има некои кратки читања, проекции на слики и видеа, музика итн. Идејата е да го прославиме неговиот живот и работите што тој ги сакаше, а се разбира и да се видиме и да пијнеме по нешто..Ќе дадам повеќе информации кога ќе ги имам, на пример околу времето на настанот, ама за сега само сакав да ве замолам да го резервирате денот. Знам дека е Велигден и дека можеби веќе имате планови, така што без притисок, нема љутиш. Настанот ќе биде јавен, но сепак интимен (бар така го замислуваме за сега:))Исто така, ве молам препратете ја оваа порака на луѓе кои мислите дека би биле заинтересирани да дојдат.Фала, и се надевам ќе се видиме наскоро!“, објави на Фејсбук неговиот син Игор.

Македонија | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту со закани и притисоци власта не успеа да ги натера граѓаните да присуствуваат на митингот на Пендаровски

Македонија се спротивставија на Заев и Пендаровски и нивните антидржавни и криминални политики. Народот покажа дека има достоинство и одби да даде поддршка на СДСМ и Пендаровски, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Дебаклот  со слабата посетеност на централниот митинг во Скопје  е доказ дека граѓаните се против уништувањето и уназадувањето на државата од страна на криминалниот картел на власт.Ниту со закани, уцени и притисоци власта не успеа да ги натера граѓаните да се качат во автобусите за да присуствуваат на митингот на Пендаровски, човекот кој ги навредуваше нарекувајќи ги „стока“.Граѓаните порачаа дека се против економија која стагнира, непотизам, против узурпирано здравство, уназадено образование, заробени институции, и против неспособноста на власта да донесе просперитетна иднина.Граѓаните порачаа и дека се против продавање на државните интереси, погазување на правото, Уставот и законите.Зоран Заев и Стево Пендаровски се лице и опачина на иста паричка. Тие се олицетворение на криминалот, корупцијата и неспособноста кои станаа симбол на владеењето на СДСМ.СДСМ и Пендаровски ја носат државата кон дното, граѓаните живеат во беда и сиромаштија, а Заев со картелот  и нивните семејства постојано се богатат.Државата повеќе не смее да тоне и уназадува. Македонските граѓани заслужуваат правда,  квалитетен живот и сигурна иднина за нив и нивните деца.Со рекордниот број на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје граѓаните испратија порака дека на Република Македонија потребни и се промени веднаш.Граѓаните порачаа дека следен претседател ќе биде професорката Гордана Сиљановска Давкова, а на државата и се неопходни предвремени парламентарни избори за оваа ненародна власт конечно да си замине. Граѓаните се за правда за Македонија. Татковината повикува“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 7 години

56-1

СДСМ: Силјановска призна дека не си ја познава државата и сопствениот народ

Кандидатката на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска призна дека не си го познава сопствениот народ, велат од СДСМ.„Сиљановска призна дека првпат се запознава со селата и градовите во нашата држава и дека досега не знаела какви се граѓаните што живеат во нив.Претходно Сиљановска призна дека не верува ниту во сопствениот слоган за кампањата, призна дека други и го одбрале а таа само го прифатила.Граѓаните нема да дозволат кандидат кој не ги познава селата и градовите, кој не го познава сопствениот народ да застане на чело на државата.Граѓаните, на овие избори ќе одберат вистински претседател, ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател кој обединува и води напред кон прогрес и интергација во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

10550693655cb568c6c44e7324245103_v4_big

Пендаровски: Изразувам длабоко жалење до Францускиот народ за загубата

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на својот фејсбук профил изрази жалење до францускиот народ за загубата која ја имаат по пожарот во црквата Нотр Дам.- Во Париз гори едно од најголемите цивилизациски обележја на Француската држава, црквата Нотр Дам, на која и се заканува целосно уништување. Изразувам длабоко жалење до Францускиот народ за загубата, бидејќи она што го оставила историјата, го уништила сегашноста, иднината никогаш не ќе може да го надомести, напиша Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

284531-0.Basic-Goga5

Силјановска до Тимоние: Македонија стои покрај вас

Кандидатот за претседател на Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова на својот фејсбук профил упати порака до францускиот амбасадор во нашата земја, Кристијан Тимоние изразувајќи жалење за пожарот кој ја зафати црквата Нотр Дам.„Изразувам најдлабоко сочуство со францускиот народ во оваа трагична ноќ. Богородичната црква е светол пример на брилијантноста на човековата умешност и способност. Се надевам дека што поскоро повторно ќе ја здогледаме во сиот нејзин сјај. Амбасадоре, Christian Thimonier Македонија стои покрај вас!“, напиша Силјановска на својот фејсбук профил.

Македонија | пред 7 години

1-2-2

Пендаровски: Мојот рејтинг е поголем од рејтингот на СДСМ и коалицијата

Кандидатот за претседател од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека тој е задоволен од последните анкети.-Јас сум задовоелн од бројките на анкетите. Јас имам солидна бројка на гласачи Македонци и Албанци. Мојот рејтинг во мометов е поголем од партискиот рејтинг на СДСМ и е поголем од рејтингот на самата коалиција. Што значи дека имам поддршка и од неопределни. Јас сум навистина задоволен што имам поддршка надвор од етничките линии. Оваа коалиција беше направена за да не се пазариме меѓу двата круга. Никој нема да биде овластен од мене да преговара за гласовите на Река, рече Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

1-8

Изречени 108 казни за непрописно паркирање

На подрачјето на Град Скопје изминатото деноноќие се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои во една полесно е повредено едно лице, а во осум е причинета материјална штета.Сообраќајната полиција сакнционирала 17 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај исклучила 23 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и двајца возачи почетници. Од сообраќај се исклучени и 16 нерегистрирани возила.СВР Скопје информира дека издадени се и 108 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 69 возила.Санкционирани се и 17 возачи за непрописно престројување, 10 возачи кои поминале на црвено светло, 23 возачи за користење на мобилен телефон додека возеле, осум возачи за неносење на сигурносен појас, како и тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Тачи: Оние што го поддржаа Река за кандидат шират лажен патриотизам

Демократската партија на Албанците во тетовската населба Горна Чаршија одржа средба со граѓани на која партискиот лидер Мендух Тачи и потпретседателот Бардиљ Даути ги повикаа присутните да дадат поддршка на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.Двајцата посочија дека со тоа се оддава поддршка и на меѓународната заедница која помогнала да се остварат досегашните политички резултати.-Важен е моментот и насоката на давање поддршка на претседателскиот кандидат, а во овој случај тоа значи определбa на Албанците за ЕУ и НАТО интеграциите. Овие што го поддржаа Блерим Река за кандидат шират лажен патриотизам, ние имавме кандидат Илјаз Халими во 2014 година, но не го гласаа. Ние застанавме зад консензуалниот начин на носење одлуки како за сега за претседателските избори, така и за во иднина според нашите определби, консензуално да се одлучува во Собранието и за рамноправна распределба на буџетот, рече Тачи.

Македонија | пред 7 години

reka

Река: Важно е да обезбедиме цензус

Граѓаните се слободни, суверени, гласањето е тајно и важно е да има цензус, рече пред битолчани претседателскиот кандидат Блерим Река и повика на 21 април масовно да се гласа и избира.Оптимист сум, рече Река, кај мене владее позитивна енергија, а тоа значи дека на претстојните избори ќе обезбедиме цензус, без разлика на тоа кој ќе победи.– Важно е да победи државата за да добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Важно е масовно излегување на граѓаните на гласање, без разлика за кого ќе гласаат. Мојот концепт е една Република за сите со Законот над сите. Ние можеме да експериментираме со секакви формули на владеење, но ако навистина не успееме да воспоставиме владеење на правото, тогаш се ќе биде погубно за државата. Ние немаме време да изгубиме уште 10, 20 години, бидејќи гледам во сите градови и села низ државата, сите се жалаат на иселувањето, на големиот егзодус на младите, но и на цели фамилииж. Мислам дека со политички, државни реформи може да се направи за младите и Македонија да ја биде, истакна Река.

Македонија | пред 7 години

pendarovski5

Пендаровски очекува поддршка од Димитров, но нема да го моли

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во вечерашното гостување на телевизија Телма на прашањето каде е министерот за надворешни Никола Димитров во неговата кампања, тој рече дека најверојатно има обврски надвор од државата.-Логично е Димитров да се појави на некој собир, да даде поддршка. Јас тоа нема да го барам, принципите не ми дозволуваат да барам од некој аман заман кажи нешто за мене. Ние 20 години сепак сме работеле заедно, рече Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Дневните температури ќе се движат од еден до девет, а дневната од девет до 19 Целзиусови степени.Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд. Дневната температура во Скопје ќе биде 16 степени, Крива Паланка и Маврово 14, Бер.ово и Охрод 15, Битола и Каварадци 15, Дојран 19 степени.Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на град. Утринските температури ќе бидат во опаѓање. За време на викендот ќе настапи стабилизирање на времето.

Македонија | пред 7 години

10550693655cb568c6c44e7324245103_v4_big

(ВИДЕО) Снимки од внатрешноста на Нотр Дам

Во три часот по полноќ, по 8 часа борба со огнената стихија, француските пожарникари успеаа да го локализираат огромниот пожар во Богородичната црква во Париз(Нотр Дам). Францускиот претседател, Емануел Макрон, беа цела ноќ покрај неа, а потоа со сопругата први влегоа да видат дали е спасено вековното богатство.Во три часот по полноќ, по 8 часа борба со огнената стихија, француските пожарникари успеаа да го локализираат огромниот пожар во Богородичната црква во Париз(Нотр Дам). Францускиот претседател, Емануел Макрон, пробдеа цела ноќ покрај неа, а потоа со сопругата први влегоа да видат дали е спасено вековното богатство.Во пожарот целосно се уништени куполата и препознатливиот висок столб кој се издигаше над катедралата, а големата камбана е спасена.

Свет | пред 7 години

katedrala-nova

(ВИДЕО) Портпаролот на Нотр Дам: „Сè гори, ништо нема да остане од црквата”

Париското Обвинителство почна истрага за пожарот кој вечерва избувна во средновековната катедрала Нотр Дам во Париз.Портпаролот на Нотр Дам, Андре Фино, за француските медиуми изјави: „Сè гори, ништо нема да остане од црквата”Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот, кој според полицијата започнал одеднаш и бил предизвикан од извршувањето градежни работи на една од најпознатите катедрали во светот.Пламените јазици избија од покривот на катедралата, едно од најпознатите светски знаменитости брзо ја зафатија црковната кула која се урна.Службите за итни случаи се обидуваат да ги спасат уметничките дела и останатите предмети од непроценлива вредност кои што се складирани таму, изјави заменик-градоначалникот на Париз, Емануел Грегоар.Полицијата затвори неколку метро станици и ги затвори патиштата околу катедралата.Толпа народ гледајќи го пожарот се прегрнуваат плачат и се молат пеејќи ја „Марселезата“.Претседателот Емануел Макрон го откажа планираниот говор пред нацијата и според француските медиуми и тој е пред Богородичната Црква.Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, на Твитер напиша дека „пожарникарите сè уште се обидуваат да го изгаснат пожарот и ги повика жителите да се држат настрана од безбедносниот периметар“.Во гаснењето на пожарот кој се прошири и на страничните делови на катедралата се вклучени 400 пожарникари.

Свет | пред 7 години

gorce-zgrada

ВЕЧЕР: Во паркот на Ѓорче ќе никне зграда - градоначалникот издал маркица

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров - Наумовски во својата предизборна кампања постојано потенцираше дека најважен дел од неговата програма е здравата животна средина. Наумовски пред да стане градоначалник на жителите на Ѓорче Петров им ветуваше планска изградба на згради, нови зелени површини, а како еден од поголемите проекти во неговата предизборна програма беше темелно реновирање на централниот парк во општината.Ѓорчепетровци наместо исполнување на ветувањето и решавање на урбаниот хаос и обновување и зголемување на зелените површини ќе добијат нова зграда во централниот парк, дознава ВЕЧЕР.МК.-Кметот Наумовски и советниците на СДСМ на денешната седница на советот по предлог од Друштвото ДЕА- КОМ ДОО експорт-импорт Гостивар, донесоа одлука за промена на деталниот урбанистички план во Ѓорче Петров. Ќе се гради на површина од 14,43 ха, пишува ВЕЧЕР.Целата вест прочитајте ја на ВЕЧЕР

Скопје | пред 7 години

zelka

(ВИДЕО) Умре најретката желка, во светот од овој вид останаа уште три

Во кинеска зоолошка градина умре уште една од најретките желки во светот, џиновската желка со мек оклоп Rafetus swinhoei (џинот од Јангце), јавува Би-би-си . Сега остануваат само три такви желки на нашата планета.Желката, која била стара повеќе од 90 години, пцовисала 24 часа откако експертите по петти пат се обиделе вештачки да ја оплодат.„Немаше компликации од операцијата и таа беше добро, но состојбата ѝ се влошила наредниот ден“, изјавиле од зоолошката градина во Суџоу.Природниот дом на џиновската Јангце желка се реката Јангце и езерото Таиху во Кина, но овој вид денес се смета за еден од најзагрозените на светот.

Магазин | пред 7 години

IMG_0796

Премиерот Заев се сретна со грчкиот заменик-министер за надворешни работи Куик

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми и заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, денеска се сретна со заменик-министерот за надворешни работи на Грција, задолжен за грчката дијаспора Теренс Николаос Куик, кој е во дводневна работна посета на нашата земја.На средбата, која помина во пријателска и срдечна атмосфера, беше изразено задоволство од позитивниот развој на односите меѓу двете соседни земји, по потпишувањето на Преспанскиот договор, со што како што беше нагласено од двете страни, се отвори перспективна иднина за граѓаните и идните генерации и во Грција и во Северна Македонија.„Со мојот пријател, грчкиот премиер Алексис Ципрас, покажавме дека пред нас, стојат отворени можности за соработка и дека заедничките интереси можеме да ги искористиме за позитивна соработка, да ги надоместиме изгубените години. Со нашата заедничка политичка волја покажуваме и веќе чувствуваме дека е возможна одлична економска и трговска соработка меѓу нашите пријателски земји, како и соработка во областа на туризмот, образованието, културата и спортот“, рече премиерот Заев, на средбата со грчката делегација.Исто така, на средбата беше потенцирана и важноста на Акцискиот план, кој беше потпишан од страна на премиерите Заев и Ципрас, при неодамнешната посета на делегацијата на грчката Влада на нашата земја, со кој се регулираат сите активности кои опфаќаат договори за унапредување на заедничката соработка во одбраната, енергетиката, транспортот, земјоделството, здравството, како и асистенција на Грција во процесот на нашето зачленување во Европската Унија.Беа разменети мислења и беше изразена безрезервна поддршка за засилување на економското партнерство со цел да се создадат услови за отворање нови работни места, особено за младата генерација. Беше изразена волја, плодовите од изразеното искрено пријателство од двете страни да биде искористено за зближување на двата народа, за заеднички раст и развој, како пример за соработка на две соседни земји во целиот регион.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања