Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

pozar-krst

Нострадамус го предвидел пожарот во Нотр Дам и тоа со точен датум

Пожарот кој избувна во Париз во катедралата Нотр Дам ги преплави медиумите и социјалните мрежи. Интересно е што според некои толкуања, уште пред 500 години Нострадамус го предвидел пожарот во Нотр Дам и тоа на точен датум 15 април 2019 година.Според неговите стихови јасно е дека Франција и Италија ќе бидат најемотивно погодени, а овој настан според неговото толкување ќе биде враќање на злото кое доаѓа во второто столетие.Пророштвото оживува од различни астролошки траги што укажуваат дека на 15 април 2019 година. Еден од најчестите зборови во Нострадамус е “емоции”, и тоа се поклопува со она што претседателот Емануел Макрон го споменува преку Твитер кога пишува: “Нотр Дам е во оган. Католиците и сите Французи, како и сите граѓани,гори и дел од нас. ”Во пожарот изгоре главната кула, која потоа се урна, а набрзо и целиот покрив по неа.Инаку и по пожарот во вантрешноста на катедралата денеска, крстот стои исправен.Свештеник од катедралата Нотр Дам тврди дека сите скапоцени артефакти и уметнички дела се спасени од историската зграда.Николас Делесал на Твитер напиша:Добра вест: сите уметнички дела се спасени. Богатството на Катедралата е недопрено, Круната од трње, Светите реликвии“.https://twitter.com/KoliaDelesalle/status/1117865987670364160?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1117865987670364160&ref_url=https%3A%2F%2Fpressingtv.mk%2Fsvet%2Fsvshtenik-objavi-site-umetnichki-dela-se-spaseni-krunata-od-trnje-svetite-relikvii%2F

Свет | пред 7 години

nemanja

Млад пејач на позната белградска панк група пронајден мртов во бањата

Немања Јанковиќ беше пејач на популарниот панк бенд “Цигла ин Д Вугла” и член на Атлетскиот клуб “Сава” од Нов Белград.Покрај неговата голема љубов кон музиката, Немања беше одличен атлетичар – тркач, а како што наведуваат пријателите на неговиот Фејсбук профил, тој бил пронајден мртов во бањата.-Беше најбрзиот тркач во клубот, АК Сава – Нови Београд, 1.20h, полумаратон, а потоа беше повреден и не трчаше 19 месеци. Пред неколку дена се врати на атлетската патека и тоа беше многу емотивен момент за него, бидејќи многу сакаше да трча. Ја доби својаата црвена маичка која се добива со категоријата полуелита, но за жал тогаш се повреди, па никогаш немаше можност да ја носи на трка, напиша еден пријател на неговииот Фејсбук профил.„Почивај во мир, ми беше задоволство да ја делам со тебе стазата, беше голем тркач!” – напишал на својот Фејсбук еден негов колега и пријател.Членовите на групата Гоблини се простија од Немања.“Брате, почивај во мир”, пишува заедно со објавената фотографија на Немања.

Магазин | пред 7 години

IMG_5382

Трендафилов: „Немаме друга опција освен победата“

„Немаме друга опција освен победата“ - тоа им го порача на охриѓани кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија, Михаил Трендафилов- Нанче, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.На средбата со граѓаните која се одржа во ресторанот „Белведере“, Нанче беше дециден дека Охрид е прекрасно место во кое сите можат да живеат убаво, ако работат напорно и ако локалната самоуправа се грижи за своите граѓани. Нанче го нарече Охрид последниот бастион на Македонија, и истакна дека со неговата победа ќе им се покаже црвен картон на големите политички партии, кои и покрај тоа што имале 28 години да направат нешто за Охрид, не направиле ништо и на овие избори наместо визии и проекти, раскажуваат приказни за асфалтирани улици, реновирање на плоштади и други обврски, кои градоначалникот треба да ги извршува без поголема помпезност.Пред присутните граѓани се обрати и претседателот на ГДУ, Петар Колев, кој го насочи своето внимание кон тоа зошто Михаил Трендафилов- Нанче е кандидат за Охрид. Колев, исто така им порача на младите да не забораваат дека Охрид мора да остане нивното место и мора да донесат одговорен избор за тоа кој ќе биде следниот татко на градот. Во своето излагање, Колев, го претстави Нанче како човек кој започнал од ништото и успеал да изгради свој сопствен приватен бизнис. Спомна за неговата посветеност во работата , способност и чесност со кои успеал да изгради авторитет и добро име пред неговите сограѓани охриѓани. Колев отворено им кажа на охриѓани дека тие најдобро го познаваат Нанче и ја побара поддршката за единствениот човек кој може да ја донесе преродбата во најубавиот македонски бисер.Средбата во ресторанот „Белведере “помина во пријателска атмосфера во која сите присутни во отворен разговор можеа да ги претстават и да добијат одговор за своите проблеми. Кандидатот на ГДУ, не изневери на својот стил и со пријателски тон одговори на сите прашања, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Владата ги усвои препораките за епидемијата – деца кои не примиле МРП не смее да одат во градинка

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна, 130-та седница ја разгледа и усвои информацијата на Министерството за здравство, според која на предлог на Комисијата за заразни болести при министерството е донесена одлука за прогласување епидемија на мали сипаници на цела територија на Република Северна Македонија.Согласно постапката за вакви ситуации донесени се и соодветни препораки кои предвидуваат строго почитување на мерката за забрана на посета на градинки на не вакцинирани деца со МРП на територија на цела држава, како и почитување на протоколот за движење на пациентите со симптоми на мали сипаници со цел да се намали оптоварувањето на клиниките за инфективни болести и педијатрија и да се намали стапката на интра-хоспитално ширење на инфекцијата.Препораките предвидуваат сите невакцинирани здравствени работници кои се во директен контакт со пациенти (особено педијатри, инфектолози и гинеколози) задолжително да бидат вакцинирани со две дози на МРП.Како посебно важна препорака се нагласува потребата од интензивирање на мерките за вакцинирање на невакцинирани деца преку спроведување на кампањи за вакцинација и теренски активности за промоција на вакцинацијата спроведени од Центрите за јавно здравје и надлежните служби од Здравствените домови, и да се понуди дополнителна вакцинација со МРП за сите невакцинирани, некомплетно вакцинирани и лица без доказ за вакцинација кои се постари од 14 а помлади од 45 години.Во информацијата за епидемијата на мали сипаници се наведува дека овие активности особено треба да се засилат во градовите вон Скопје.

Македонија | пред 7 години

bolnica-123

Подготовка на национална стратегија за електронско здравство

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за подготовка на национална стратегија за електронско здравство, и го задолжи Министерството за здравство да подготви проект со проектна структура, кој ќе ја развие националната стратегија за електронско здравство со акциски план во соработка со Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија во рок од една година од денот на усвојување на Информацијата.Електронското здравство е систем за обезбедување вистински здравствени информации на вистинската личност на вистинското место и време во безбедна, електронска форма за да се оптимизира квалитетот и ефикасноста на здравствената заштита, истражувањето, образованието и знаењето.Донесување на Национална стратегија за електронско здравство ќе значи воспоставување на главните насоки, како и планирање на детални чекори кои се клучни за постигнување на долгорочни цели како што се универзален пристап до грижа, ефикасност во здравствениот сектор, реформи или друга пофундаментална трансформација.

Македонија | пред 7 години

vezba

Северна Македонија ќе биде домаќин на 2000 американски војници на најголема вежба досега

На предлог на Министерството за одбрана, на оваа седница Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и прифати Информацијата за изведување на вежбовната активност на Армијата на Република Северна Македонија и Командата на US EUCOM „Одлучен удар“ и учество на странски вооружени сили на територијата на нашата земја, и донесе Одлуката за одобрување за влегување и престојување на припадници на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради изведување на вежбовната активност „Одлучен удар“, која во неколку фази ќе се спроведе од 20 мај до 15 јули оваа година.Според информацијата усвоена на денешната седница станува збор за најголема воена вежба која било кога е организирана во нашата држава и во која на практичен и видлив начин ќе се манифестира сојузничката поддршка за членството на Република Северна Македонија во НАТО. На вежбовната активност е предвидено, освен учеството на 2000 припадници на Армијата на РСМ, и активно учество на 2000 припадници на вооружените сили на Соединетите Американски Држави и 400 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Албанија и 10 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Бугарија и 10 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Литванија и 100 припадници на Војската на Црна Гора и 20 различни видови моторни возила.Вежбовната активност е насочена кон постигнување на интероперабилноста на припадниците на вооружените сили на земјите учеснички со цел овозможување на зголемена контрибуција во тековните и идните операции предводени од НАТО алијансата.

Македонија | пред 7 години

bukvi

5 мај прогласен за ден на македонскиот јазик

На оваа своја денешна седница, Владата на РСМ донесе одлука 5 мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик како празник од работен карактер. Одлуката овој датум да се прославува како Ден на македонскиот јазик е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија која на 5 мај 1945 година ја усвои азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, а по два месеци Министерството за просвета го озакони, првиот правопис со што беше кодифициран македонскиот јазик.

Македонија | пред 7 години

katedrala-nova

Македонија ќе понуди помош за реставрација на опожарената црква Нотр Дам

На 130-та седница, Владата го задолжи Министерството за надворешни работи на нашата земја да стапи во контакт со МНР на Република Франција за координација во врска со помошта на меѓународната заедница за помошта за реставрација на опожарената црква Нотр Дам, со цел да се определи најсоодветна поддршка од Република Северна Македонија во знак на солидарност за обновата на овој грандиозен споменик од цивилизациско значење.

Македонија | пред 7 години

stop-policija

Утре посебен режим на сообраќај на повеќе сообраќајници, еве кои...

Утре (17.04.) на улицата “1732“ (зад Националната фудбалска арена во Градскиот парк) поради однапред најавено снимање  во организација на Агенција за маркетинг „Дивисион“ Дооел од Скопје, сообраќајот по оваа улица од потегот кај ресторанот “Опатија“ до фудбалскиот терен на АРМ ќе биде затворен во период од 06,00 до 19,00 часот, а сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници.Исто така утре во периодот од 11,00 до 13,00 часот, поради спортската манифестацијата - трка со ролери - во организација на ЈУ „Детски културен центар“ Карпош од Скопје, со траса на движење од булеварот „Илинден“ (пред фонтаната во Градскиот парк) до крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“ (кај седиштетот на ЈП Паркови и зеленило) во Скопје, оваа делница ќе биде затворена за сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

Скопје | пред 7 години

tutun20prilep-2

Започна исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2018, денеска исплатени над 27 милиони евра

Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати над 80 отсто од вкупно планираната сума за субвенции за тутунот од реколтата 2018-та. На сметките на 26.776 тутунопроизводители денеска се исплатија над 27 милиони евра. Во моментов уште една компанија откупувач на тутун нема доставено списоци до Платежната агенција, затоа исплатата за тие тутунопроизводители ќе се реализира во следните неколку дена.Исплатата на субвенциите за тутунот се реализира на еден месец пред почетокот на новата производствена реколта за 2019-та и овие пари тутунарите ќе можат да ги реинвестираат во новото производство на тутун.Започнувајќи од реколтата 2017-та Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство воведе нов начин на зголемено субвенционирање за тутунот во три нивоа. Согласно овие промени, субвенцијата за прва класа тутун изнесува 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.Во реколтата 2018-та се засеаја 14.802 хектари со тутун што е за 387 хектари повеќе од 2017та, а се склучија 34.104 договори или 4.700 договори повеќе од 2017-та година. Откупот на тутунот од реколтата 2018 заврши навреме, во рамки на законскиот рок. Се откупија над 25,2 милиони киограми тутун по просечна откупна цена од 214,24 денари за килограм.Минатиот месец во Собранието помина Новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, а измените предвидуваат укинување на евидентните листови или т.н „бели картони“, процес кој ќе започне да се применува од 2020 година. Со оваа законска одредба значајно ќе се намалат административните процедури за тутунарите. Новите законски одредби ќе овозможат транспарентност во врска со содржината на договорите и други поволности за тутунарите, компаниите откупувачи и генерално за целиот сектор. Новиот модел на зголемени субвенции, високата просечна откупна цена што се постигна во 2017 и 2018 година како и новото законско решение, се дел од развојните политики на Владата на РСМ и на МЗШВ, за развој на тутунопроизводството како стратешка извозна гранка која носи девизен прилив од колу 100 милиони евра.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Охриѓанец купил кокаин па го фрлил за да не го фатат

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги“.На 26/27.07.2018 година во Охрид полициски службеници извршиле преглед над Д.П. и Г.Д., двајцата од Охрид. Притоа, Д.П. фрлил кеса со кокаин, а по преземени мерки било утврдено дека тој претходно купил кокаин и марихуана од пријавениот, кој им овозможил да конзумираат кокаин и марихуана.

Македонија | пред 7 години

UaYct-

22 год Битолченец бегајќи од полиција фрлил пакување со марихуана

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.З.(22) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропнисупстанци и прекурзори“. На 19.10.2017 во Битола, полициски службеници се обиделе да извршат преглед над пријавениот, по што тој се дал во бегство, при што фрлил пакување со марихуана.

Македонија | пред 7 години

migranti_kola

Со „Волво“ се обидел да пренесе 11 мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против С.А.(22) од село Петралица, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. На 13.04.2019 година околу 22.00 часот на автопатот Неготино- Градско, кај археолошкиот локалитет „Стоби“, при преглед на патничко возило „Волво“, управувано од пријавениот, полициски службеници пронашле 11 мигранти, од кои шест биле од Авганистан, тројца од Сирија и по еден од Ирак и Пакистан.

Македонија | пред 7 години

viluskar

Повреден работник со вилушкар во фабрика во Виница

На 15.04.2019 година во 18.10 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во Општата болница Кочани со повреди бил донесен Ј.Х.(25) од Виница. Според пријавеното, Р.С.(45) од Виница, управувајќи вилушкар во фабрика во Виница, со палета го удрил Ј.Х. и му нанел повреди. Увид извршила екипа од Полициската станица Виница и трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

nance

(ВИДЕО) Нанче со генијална идеја за изградба на марина

Ја видовте марината изградена? Еве ја после 28 години! Поздрав до колегите од ДПМНЕ и СДСМ. Едните мамат, другите лажат, заедно крадат и на крајот се амнестираат, истакна Михаил Трендафилов Нанче, кандидат за градоначалник од ГДУ.https://www.facebook.com/MihailTrendafilovNanche/videos/791411401239685/?__xts__[0]=68.ARDO9nsbMpxNYmPdSiqfu-GFcmUAKc4D4rNvSRo-Q6g6pRp3jS1rS67s7ZtnGlvPfEvKlNEk9_R4XKnOXX4aqd-5ZhsEJqjNSXL1gO4FRj1o2hSdy2ADT-TPR4ck43BHdZkcZrqlRnHvcy5alaVT8RQq0y8ibR_w0ESi5XJOyn_-gBrv00hxZSnvVU8Ti8sdirDRZ6YWqmMH1k_IapcxJdDVGL8Sdn03fbdolrYxCJV0ReH4jtZtSi4N--CujA11a-OgLytYHcpEVv7w8orm56BpEiS1yM02T2yJ1ssEBMPaR0vsybWAMJLuJdD5GdtW5M1qOkHxBOJgQRdBrxdyIwZckSMYxkm3hAE&__tn__=-R

Македонија | пред 7 години

krazba-market

Жител од село Нераште, Тетовско извршил три разбојништва во продавници во Тетово

На 15.04.2019 година околу 16.25 часот во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Ш.(43) од село Нераште, тетовското, поради сомнение за сторени три разбојништва во текот на минатата недела во исто толку продавници во Тетово. Ш.Ш. бил задржан во Полициската станица Тетово и со соодветен поднесок денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Македонија | пред 7 години

stop-policija

Низа сообраќајни прекршоци во Тетово

На 15.04.2019 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола во која биле откриени 71 прекршоци (ТЕ- 51 и ГВ-20). Најголем број прекршоци на тетовското подрачје (17) се однесувале на непрописно паркирање, осум лица ги управувале возилата без возачка дозвола, пет возила имале истечена регистрација, три возила биле технички неисправни и друго.Од прекршоците во Гостивар осум се однесуваат на неприлагодена брзина според условите на патот, односно пребрзо возење, три возила биле непрописно паркирани итн.

Македонија | пред 7 години

marihuana2

Кај двајца браќа пронајдена марихуана

На 15.04.2019 година во периодот од 19.00 до 21.05 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Д.Ч.(20) на ул.„Кленоец“ во Скопје. При претресот, во неговата соба биле пронајдени и одземени повеќе различни пакувања со марихуана, семки од марихуана и еден куршум калибар 7,62мм. Во собата на неговиот брат И.Ч. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и воздушен пиштол калибар 14,5 мм, додека во кујната била пронајдена и одземена дигитална вага со остатоци од марихуана. Д.Ч. и И.Ч. биле приведени и задржани во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 7 години

kalista-4

Левица: Поднесено барање за да се утврди дали функционери на СДСМ градат нелегално на Охридско езро

Како што најавивме претходно, Левица денес поднесе Барање за инспекциски увид до Државниот градежен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина и Управата за заштита на културното наследство. Барањата се однесуваат на градежни активности (односно поставен бетон и ѕид од камења) на само пет метри од Охридското езеро, во заштитената крајбрежна зона каде не се дозволени објекти од тврда градба. Земјиштетото е во сопственост на функционер на владејачката партија СДСМ, кој изјави дека имотот е негова приватна сопственотт со која се стекнал пред неколку месеци.Владејачката коалиција која декларативно се залага за влез во ЕУ, додека крајбрежјето на Охридското езеро се пали, уништува, гради и узурпира, должна е да ѝ објасни на јавноста како ќе ги исполни строгите критериуми за заштита на природните и културните богатства, без кои влезот во ЕУ не е возможен. Приватната сопственост не е ултимативно право на владејачкиот естаблишмент, туку таа мора да е ограничена и потчинета на јавниот интерес и заштитата на јавните добра и природни богатства! Ваквите сомнителни зделки и градења кои интензивно се одвиваат изминатиот период и за кои градоначалникот на ДУИ, Рамиз Мерко, дрско се потруди да ги оправда под изговор за “приватен имот и приватна сопственост”, докажува дека и оваа Влада работи само за бизнис интересите на поединци блиски до нив, а на штета на сите граѓани.И покрај целиот притисок од јавноста, сѐ уште нема одговор, ниту сериозни преземени мерки од највисоките инстанци на власта, за неповратната девастација која се случува изминатиов период во регионот под УНЕСКО статус. Длабоко заглавени во корупција, скандали, самоволие на бизнис-интереси и екстремна неспособност, оваа Влада која секој ден се повикува на европскиот прогрес, мора да понесе одговорност за уништувањето на нашите природни и културни богатства заради финансиските интереси на нивните функционери.” – стои во соопштението на политичката партија Левица.https://www.facebook.com/PartijaLevica/posts/286870058906176

Македонија | пред 7 години

saso-zitosanski

Припадник на МВР поднесе отказ: Се заколнав ќе ја штитам Р Македонија, а не некаква си вештачка СЕВЕРНА творевина

Сашо Житошански, припадник на Министерството за внатрешни работи на 25 минатиот месец си поднесе отказ поради како што вика му смета новото име на нашата држава. Еве што напиша Сашо на својот Фејсбук профил.https://www.facebook.com/saso.zitosanski.5/posts/2253067738069959„Во 2015 година се заколнав дека ќе го штитам Суверенитетот и територијалниот интегритет на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, мојата Татковина и наследството од нашите предци и ќе ги штитам нејзините граѓани, доколку е потребно и со мојот живот. Но НЕ и некаква си вештачка СЕВЕРНА творевина, креирана од предавници и среброљубци, а одобрена од народот. Затоа на 25.03.2019 поднесов до Министерството за внатрешни работи на РСМ. , НЕОТПОВИКЛИВ ОТКАЗ и за тоа ќе платам 3800евра казна за годините кои несебично ги вложив во Министерството. Како првенец на генерација во Основно училиште, првенец на генерација во Средно училиште, помеѓу првите 3 студенти на Факултетот за Безбедност со просек 9.57, првенец на Класа 2015 (машки) во Центарот за обука на МВР, одликуван лично од тогашниот Министер за внатрешни работи и за скоро и Магистар по Криминалистика на Факултетот за безбедност, целокупниот мој живот и образование го насочував кон одржување и унапредување на безбедноста на ова свето парче земја и на овој народ. Но за жал денес јас не го препознавам овој народ, зошто кога најмногу и требавме на Македонија никој од дома не излезе, а сега се полнат автобуси за партиски митинзи... Партиите и личните интереси ви се побитни од Македонија. Жално... Не сакам ниту да споменувам за -0 Економија, за корумпираното и исполитизирано до максимум судство и полиција, за катастрофалното здравство итн. Од мал бев патриотски воспитуван да си ја сакам татковината и да ги почитувам сите кои го дале животот за неа, се наежував од самото интонирање на химната од која денес некои се срамат, од текстовите по историја за храбрите подвизи на нашите предци, но да го дадам животот за политички корумпирани игри и нивни лични интереси, не ни намислувам. Еднаш изјавив дека ќе извадам ако треба пасош од "Тунгузија", но не и од Северна и стојам на тоа, но каде и да сум јас во мене знам дека сум МАКЕДОНЕЦ и тоа никој не може да ми го одземе. На крај сакам да се заблагодарам на некои од моите досегашни колеги, чест ми е што некои ги познавам, сум учел од нив, сме делеле леб и на - 20степени надвор сме им служеле на граѓаните и на Македонија, за другите сеедно... Поздрав од Каизерслаутерн и се надевам дека ќе остани некој што ќе го изгасне светлото, но со ваков тек на настани, со ваков народ и со вакви политичари, жална судбина ја чека Македонија т.е. Македонија веќе не постои, Северна е.. Жалосно“, напиша на ФБ Житошански.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Вељаноски во обвинителството се бранел со молчење, сакал прво да направи увид во доказите

Околу четириесетина минути траел распитот во Обвинителството за организиран криминал на поранешниот спикер на Парламентот, Трајко Вељаноски. Осомничен е дека бил дел од организаторите на крвавото сценарио на 27 – ми април пред две години.Поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник Трајко Вељаноски, утринава беше повикан да даде исказ пред шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за упадот во Законодавниот дом од 27ми април.Вељаноски на денешниот распит се бранел со молчење и не го искористил правото да даде исказ, бидејќи сакал прво да направи увид во доказите.По распитот Вељаноски пред новинарите потврди дека не направил увид.

пред 7 години

gorcev

Ѓорчев: Списоците на СДСМ ја доведоа администрацијата до 150 илјади вработени, а најава за масовни отпуштања на професионалци

Ова е содржинскиот дел од прес конференцијата. Со жалење можеме да констатираме дека во своето вчерашно интервју Зоран Заев најави масовно, масовно бркање на луѓе кои што се професионалци и кои што со години и децении работат во јавниот сектор за да се отворат нови и нови места за партиски војници од СДСМ, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Мира Дизел вработувањата тотално го окупираа јавниот сектор во Македонија и како последица на тоа како последица на 20.000 нови вработувања во јавната администрација изминативе две години Македонија дојде до историски најголемите 150.000 вработени во јавна администрација соопштени од Дамјан Манчевски и Зоран Заев. Внимавајте со оваа влада на Зоран Заев со 28 министри со заменици директори во сите јавни претпријатија со закон изгласани со 20.000 партиски вработувања од Мира Дизел списоците дојдовме до тоа Македонија да има фрапантни 150.000 луѓе во јавната администрација и како врв на сето тоа Зоран Заев по изборите најавува масовни бркања на луѓе од јавниот сектор за да се отворат нови и нови места за нивните партиски војници.Погледнете ги само од последниве два месеци од февруари наваму огласите кои што се распишуваат, 160 вработувања во Царинската управа , 70 вработувања во УЈП, 700 вработувања во градските претпријатија во Град Скопје, 230 во ЈСП, 30 во комунална хигиена, 100-тина во Водовод директно во седиштето на градоначалникот и градската администрација локални и т.н Списокот не се дочитува. Ако навистина во јавниот сектор има превработеност како што вели Заев, зошто тогаш 20.000 нови вработувања. Ако има превработеност зошто не се случат преземања од институција до институција.Ако има превработеност зошто ја имаме оваа динамика на вработувања во јавниот сектор како никогаш досега во историјата изминативе 28 години.Никогаш досега.Навистина станува збор за катастрофа којашто и се случува на Македонија. Станува збор за економски политики коишто буквално ја јадат економијата, го јадат реалниот сектор. Современите даноци и сме затоа во ситуација каде што изминативе две години оваа влада има потрошено повеќе од 9 милијарди евра, а во Македонија ништо не е изградено. Оваа Влада на Зоран Заев со неговите 28 министри, со сите нивни стотици директори и заменици директори коишто ги направија задолжителни по закон, потроши повеќе од 9 милијарди евра на граѓаните на Република Македонија, а една шајка не е заковано и една бандера не е направена.Ете тоа е она коешто сакаме да го соопштиме на оваа прес конференција. Граѓаните го имаат последниот збор и граѓаните ја носат одлуката на сето ова. Ако сето ова е нелогично, ако сето ова е неправедно, а е и нелогично и неправедно, недомаќински ќе може на 21 април со гласот за Гордана Сиљановска Давкова, ќе можат да го кажат сето она што го мислат за сета оваа рашомонијада и катастрофа којашто и се случува на Македонија, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

arsovski-goriva

Арсовски: Кога СДСМ дојде на власт дизелот се продаваше по 46 денари за литар, додека сега по цена од 62,5 денари за литар

Граѓаните во Република Македонија се повеќе осиромашуваат откако СДСМ е на власт. Горивата достигнуваат највисоки цени, а власта не се откажува од зголемувањето на акцизата од 3.5 денари за дизел дериватите. Кога СДСМ дојде на власт дизелот се продаваше на бензиските пумпи по 46 денари за литар, додека пак сега истиот се продава по цена од 62,5 денари за литар, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ваквото покачување доаѓа во почетокот на пролетниот период, кога граѓаните имаат зголемена потрошувачкка на горива, како за земјоделските работи, така и за градежни активности, патување и ред други активности.Заев и Пендаровски не водат сметка за граѓаните, тие се водат по максимата на Мира Дизел, која зема по 20 илјади евра за патни трошоци и се исмејува со граѓаните дека сиромашните всушност и не возат.Не запира ни расипништвото на власта. Во ек на избор, на само пет дена пред денот на гласање, власта не задолжува сите нас за нови 39 милиони евра.Овие пари се потенцијална сума за поткуп на гласачи.Целото задолжување на СДСМ во изминативе две години кое изнесува над половина милијарда евра е нерационално и неоправдано, но и неосновано. Граѓаните не знаат каде се потрошени нивните пари. Половина милијарда евра, за пет, десет години од сега ќе треба да ги враќаат некој идни генерации соогромни камати, а притоа од потрошените пари не им е оставено ништо, ама баш ништо во наследство на тие идни генерации кои што ќе треба да ги раздолжуваат долговите кои што во моментов ги прави СДСМ.Заев и Пендаровски мора да одговараат за ова расипништво. Власта мора да каже каде се потрошени парите на граѓаните, што е направено со нив или пак да кажеле во чии џебови завршиле овие пари.Ја повикуваме Антикорупциската комисија да го испита случајот со задолжување на владата во ек на изборна кампања, како и внимателно да го следи процесот на располагање со парите од истото задолжување.ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека целиот процес го набљудуваме и ќе го набљудуваме со големо внимание и верувајте дека одговорност за секое незаконско делување ќе има.Додека пак граѓаните нема да го сменат мислењето дека СДСМ треба да си оди од власта и дека СДСМ, Зоран Заев и Стево Пендаровски на овие избори ќе изгубат, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

rankovce5

Николовски: Во мај ќе се објави тендерот за изведувач за изградба на хидросистемот во Славишко поле

Министерот за земјоделство ,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска заедно со градоначалникот на општина Ранковце, Ивица Тошевски, имааа средби со жителите и земјоделците од овој регион. На средбите се разговараше за актулените состојби во земјоделството, предлозите на земјоделците како и мерките кои што МЗШВ ги презема за развој на земјоделството.Општина Ранковце е една од локациите каде што ќе се спроведува проектот на Европската унија за изградба на „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“. Конкретно, во оваа општина се помош на финансиски средства од ИПА програмата на ЕУ, ќе се гради системот за наводнување на Славишко поле. Министерот Николовски ги информираше земјоделците дека на почетокот на следниот месец, Делегацијата на Европската унија ќе го објави тендерот за избор на компанија изведувач на градежни работи и тендерот за надзор за системот за наводнување на Славишко поле, што е од витално значење за земјоделците од Ранковце.„Ова е еден меѓу првите проектите од проектот на ЕУ, а реализиран преку МЗШВ и овој проект ќе се реализира на неколку локации.Досегашниот систем за наводнување во Ранковце покрива околу 40 хектари, а со овој проект општината ќе добие модерен систем за наводнување и ќе се наводнуваат над 300 хектари. Лани направивме повеќе средби со земјоделците и жителите, направивме анализи и токму овие анализи покажаа многу позитивни резултати и во делот на заинтересираноста и во делот на ефектите кои би се постигнале со овој систем во однос на зголемување на приносите и промени на соодтвени култури со кои се занимаваат земјоделците.Со реализацијата на овој систем се создава можност да се одгледуваат и долгогодишни култури во овој познат земјоделски регион“, изјави министерот Николовски.Минатата година се изработи физибилити студијата за хидросистемот во Славишко поле, а вредноста на инвестицијата е 1 милион евра, пари кои се обезбедени преку ИПА програмата на ЕУ. Рокот за изградба на системот за наводнување е 1 година. Со проектот на ЕУ „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“ е предвидена изработка на проектна документација за изградба на 8 мали системи за наводнување на неколку локации во државата.

Македонија | пред 7 години

asanz-apsenje

40 милиони сајбер напади врз Еквадор - одмазда на хакерите поради апсењето на Асанж

Бројот на обиди за хакерски упади врз институциите на еквадорските власти се зголеми двојно и достигна 40 милиони, откако земјата му го укина азилот на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.Според зборовите на заменик министерот за телекомуникации на Еквадор Патрисио Реал, од минатата недела кога Џулијан Асанж беше извлечен од еквадорската амбасада во Лондон, страниците на претседателството, Централната банка и министерството за надворешни работи на Еквадор, меѓу другите, се нашле на удар на хакерски упади.Реал не обвини ниедна конкретна група за хакерските напади бидејќи е исклучително тешко да се идентификуваат потенцијалните напаѓачи. Меѓутоа, тој истакна дека хактивистичкиот колектив Анонимус ја објави заканата.Лондонската полиција го уапси Асанж на 11 април, откако еквадорските власти му го укинаа азилот. Претседателот на Еквадор потоа го обвини австралискиот новинар дека амбасадата ја користел за шпионирање, а хакерската група Анонимус веднаш му се закани на Еквадор дека ќе го нападне.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања