Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

pistoli

Наредена истрага против скопјанец кој во домот чувал два пиштоли и муниција

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.При претрес во домот во кој престојувало лицето, на улица „Лазар Трпков“ во Скопје, било пронајдено огнено оружје – два пиштоли со калибар од 7,62мм, како и една рамка со девет куршуми со ист калибар.До судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје надлежниот јавен обвинител достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои што очигледно укажуваат на опасноста лицето да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.

пред 7 години

pravosmukalka

ЈП Билјанини Извори се поднови - купиле нова правосмукалка

„Инвестиции“ во Охрид !Во официјално соопштение испратено до медиумите денес ЈП Билјанини Извори ја информира јавноста дека купиле нова правосмукалка, која плус може и да полира паркет и ламинат.Во соопштението не е наведена вредноста на оваа инвестија која е наречена со „Продолжува со планот за техничко осовремување“.Во соопштението стои:„Продолжува со планот за техничко осовремување и поддршка на техничкиот персонал при претпријатието кој е задолжен за одржување на постоечката спортска инфраструктура во Спортскиот центар “Билјанини Извори”, а се со цел подобрување на условите за нашите спортски корисници, спортските клубови и рекреативците.Деновиве ЈП Билјанини Извори се поднови со современа машина за чистење и одржување на паркет од фирмата Клинфикс со одлични перфоманси за чистење, полирање и одржување на паркети и ламинатни подлоги.Ова е уште една скромна но многу значајна, од отварањето на салата прва од ваков тип, техничка инвестиција која во многу ќе го подобри и олесни досегашното одржување и чистење на паркетот при спортската сала.ЈП Билјанини Извори и во иднина планира да инвестира во подобрувањето и осовременувањето на техничката опрема при С.Р.Ц. “Билјанини Извори” веруваме на задоволство пред се на сите наши корисници но секако и на нашите вработени задолжени за одржување на спортската инфраструктура при центарот.“ВО БИТОЛА КУПИЈА ЦРЕВО

Македонија | пред 7 години

rover

Отворена истрага против српски државјанин кој се обидел да украде вреден автомобил во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, државјанин на Република Србија, кое е осомничено дека се обидело да изврши кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 10.04.2019 година, на улицата „Орце Николов“ во Скопје, заедно со уште едно засега непознато лице, со провалување се обиделе да одземат туѓ подвижен предмет – автомобил.Осомниченото лице со употреба на подесен предмет (штрафцигер) го скршил задното десно стакло на паркирано патничко моторно возило Ренџ Ровер, сопственост на правно лице. Потоа влегол во возилото и со електронски уред за декодирање и клуч за стартување се обидел да го стави возилото во погон. Во тој момент, од блискиот угостителски објект излегол сопственикот и го затекнал осомничениот во возилото, со што го спречил во намерата противправно да го присвои автомобилот вреден 6.241.800 денари.Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Јавниот обвинител ценеше дека притворот е единствена соодветна мерка за да се обезбеди присуство на осомничениот во текот на истражната постапка, особено со оглед на тоа што се работи за српски државјанин за кого постои информација дека е предмет на национална потерница на српските државни органи.

пред 7 години

bebinja-37aztxcizx5mcibr5rdclc

ОЈО: Нема место за јавнообвинителска интервенција во врска со наводната трговија со здрави новороденчиња

По спроведување сеопфатно проучување на добиената документација и известувањата од надлежните органи во врска со наводна трговија со здрави новороденчиња, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажува дека нема место за јавнообвинителска интервенција.Имено, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во декември 2018 година, следејќи ги информациите во медиумите, отвори предмет по допрен глас. Во медиумите беа изнесени сознанијата на Народниот правобранител дека постои сомнение за организирана криминална група која подолг временски период се занимава со трговија со здрави новороденчиња. Наводно, на биолошките родители веднаш или по краток временски период по раѓањето им се соопштувало дека новороденото е починато, а всушност тоа било здраво и заради понатамошно посвојување станувало жртва на трговија.По дејствијата преземени од страна на надлежен обвинител и врз основа на прибраната документација и побараните известувања од Народниот правобранител, Министерството за труд и социјална политика и Првата детска амбасада „Меѓаши“, произлезе дека во конкретниот случај нема докази, ниту индиции за постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело за кое се гони по службена должност.

пред 7 години

DSC_7600

„Прљаво казалиште“ и „Нокаут“ го запалија Аеродром

И покрај дождот, вчеравечер стотици граѓани се собраа во паркот „Авион“ за да го прослават 14-тиот роденден на Општина Аеродром, со концерт на групите „Нокаут“ и „Прљаво казалиште“. Тие со своите незаборавни хитови направија прекрасна атмосфера под отворено небо.Ова е втора година по ред откако Општината почна да го слави роденденот на отворено со голема журка и целодневна забава за сите генерации. Така, попладнето илјадници граѓани уживаа во настапите на дечињата од градинките и училиштата од Општина Аеродром, како и на клубот „Аква денс“ и „Златните славејчиња“.Во исто време, дел од учениците од основните училишта во Аеродром со своите училишни спортски клубови одржаа ревијални натпревари во кошарка, мал фудбал, бадмингтон и одбојка. Исто така, своите вештини ги покажаа и скејтерите од Општина Аеродром.Целата забава имаше хуманитарен предзнак, а граѓаните уште еднаш како и многупати досега ја покажаа својата човечност. Општина Аеродром им се заблагодарува на сите компании што ја помогнаа организацијата на овој настан и што донираа за социјално ранливите категории граѓани, покажувајќи голема општествена одговорност.

Скопје | пред 7 години

DSC08057-2

Обуката за унапредување на здравствените услуги преку јакнење на капацитетите на патронажните сестри во Здравствениот дом Велес

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во регионалниот едукативен центар во Здравствениот дом Велес ја отвори обуката за унапредување на здравствените услуги преку јакнење на капацитетите на патронажни сестри, во организација на Министерството за здравство, Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки и во соработка со Симулацискиот медицински центар на Република Северна Македонија.„Со оваа обука, здравствените услуги ги доближуваме поблиску до граѓаните, преку добивање на здравствена заштита и услуга во домот. Патронажните сестри се клучни, затоа што тие работат во заедницата, со семејствата, со поединецот“, изјави министерот Филипче.Врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија и на Министерството за здравство е остварување на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации, како и значењето на декларацијата од Астана, со посебен фокус на примарната здравствена заштита.Обуките за унапредување на здравствените услуги преку јакнење на капацитетите на патронажни сестри ќе се спроведуваат во сите јавно здравствени установи низ државата. Во подготовка се стандардните оперативни постапки во патронажа, како и општите и специфични интервенции и подготовка на правилникот за патронажа.Кочани е првата општина во која почна да се реализира мобилен сервис за грижа во домашни услови, во септември 2018 година. Интегрираните услуги за нега на Министерството за здравство добија позитивна оценка од Светската здравствена организација и опишани се дека го поттикнуваат унапредувањето на здравјето.

Македонија | пред 7 години

image-0-02-04-f4ca9fabfb593cf707712acd064d271378543984921182b97c493f66286889db-V-2

Финишираше пролетната дератизација во Кисела Вода

Пролетната дератизација која изминативе 2 седмици Општина Кисела Вода ја  проведуваше во соработка со Центарот за јавно здравје финишираше.Со истата во сите месни и урбани заедници на територијата на општината беа опфатени 1960 шахти.Локалната самоуправа два пати годишно, на пролет и на есен спроведува акции за уништување на штетните глодачи.

Скопје | пред 7 години

IMG_2004-15-04-19-11-44

Донев: СДСМ и Георгиески сакаат да ја затскријат својата неспособност за реализирање поголеми проекти

СДСМ и Константин Георгиески сакаат да ја затскријат својата неспособност за реализирање поголеми проекти. Реализираат мали градежни зафати мислејќи дека во 21 век асфалтирањето улици или поставувањето водовод и канализација е големо достигнување и причина граѓаните да гласаат, истакна Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.СДСМ се свесни за својот слаб рејтинг и убедливиот пораз на локалните избори па под превезот на малите инфраструктурни зафати сакаат да ги затскријат нереализираните ветени проекти. Охриѓани очекуваа многу. СДСМ и Георгиески ветија, СДСМ и Георгиески излажаа. Нема суштински проекти што ќе значат нови вработувања, подобар животен стандард, поубав Охрид.Нема изградба на катни гаражи, изградба на експресен пат Охрид - Свети Наум и обиколница Мауцхер- Косел. Ништо од агро центарот и фабриката за отпад, нема нови училишта, болници, театар, останаа само празни ветувања за младите, пензионерите и сите охриѓани.Дали Локалната самоуправа има издадено одобрение за моменталното градење на сообраќајницата кај касарната?Како Георгиески дозволува големата сала во општина Охрид да се употребува за политички цели?ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Антикорупциската комисија да ги истражи сите овие наводи и да утврди дали има прекршување на законите Уште колку владини функционери ќе дојдат во изборната кампања за да му помогнат на Георгиески?Математиките на СДСМ не им одат во прилог, па се служат со злоупотреби од позиција на власт да извршат притисок врз гласачите притоа користејќи службени автомобили и обезбедување платени со парите од народот.После две години централна власт и една и пол година локална власт никој не најде време на охриѓани да им објасни зошто ништо од тоа што ветија не остварија.Замислете, за сега во изборна кампања одеднаш сите се во Охрид.Неспособноста, неработењето и нефункционалноста се главните одлики на локалната власт на СДСМ. СДСМ и Георгиески ја потценуваат интелигенцијата на охриѓани, но охриѓани се мудар народ и тоа ќе го казнат на 21 април гласајќи за Д-р Митре Милошевски за градоначалник на Охрид, истакна истакна Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Македонија | пред 7 години

FullSizeRender-15-04-19-11-15

Милошевски претстави нови проекти за „Убав Охрид“ со кои ќе се зајакне локалната економија

Охрид како туристичка дестинација мора да ги отвори вратите за туристите како богатото културно и природно наследство на УНЕСКО. Со сериозна стратегија и пристап кон една од најважните економски гранки за охриѓани-туризмот, директно ќе придонесеме во локалната економија која после падот и стагнацијата во последната година ќе даде оптимистички показатели, истакна Д-р Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.Нови проекти за убав град:- Формирање на Локален економски совет за интезивирање на соработката помеѓу општината и приватниот сектор- Изработка на студија за мапирање на стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид за правилно насочување на ресурсите во градење на модерна индустрија која е неопходна за остварување на одржлив економски развој- Oтворање Туристичко биро во рамките на ТЛЕР кое ќе функционира во туристичко-информативниот центар преку кое ќе оди промоција на туристичката понуда и производ на градот, давање услуги во посредување при сместување, информација за настани и туристички производи, дистрибуција на промотивен материјал и сл.- Воведување бесплатен бежичен интернет на најпосетувани локации во градот кој ќе биде достапен и за граѓаните и туристи.- Традиционално одржување на туристичката „Промотивна Тура“ со цел широка медиумска промоција на Охрид како и креирање на нови пакет аранжмани- Фестивал „OHRID CALLING“ како бренд кој во голема мера ќе го промовира Охрид насекаде низ светот- Воведување видеонадзор на јавни површини и објекти од јавен карактер и интерес за да се зголеми безбедноста- Набавка на мултифункционална бина со озвучување и осветлување за зголемување на квалитетот на манифестациите и збогатување на туристичката понуда на Охрид- Поддршка на туризмот преку конгреси, семинари за развој на конгресниот, здравствениот, културниот, верскиот, спортскиот и сите видови туризам - Перманентна промоција на туристичкиот потенцијал на Охрид преку директни промоции во повеќе градови преку таргетирана промоција на која пред поканети туристички работници (туроператори, агенции, хотелиери и сл), и локални и национални медиуми, амбасади и претставници на властите, ќе бидат промовирани туристичкиот потенцијал и производ на градот, сместувачките капацитети и целокупната понуда.- Континуирана туристичка промоција на Охрид за јакнење на меѓународната соработка и зголемување на довербата со збратимените градови и со градовите со кои заедно аплицира, како и таргетираните дестинации во кои се врши промоција на градот Охрид- Интензивирање на меѓународната соработка со соседните држави во насока на искористување на европските програми за финансирање на проекти на Локалната самоуправаРазвојот на туризмот е нашиот врвен приоритет затоа што значи истовремено и директно и индиректно зголемување на бројот на вработени во градот. Овие и многу други мерки ќе придонесат Охрид да стане препознатлив и често посетуван.Избори на кои единствената опција е бројот 5.5 за секогаш убав град.5 за нов градоначалник,5 затоа што Охрид повикува, истакна Д-р Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.

Македонија | пред 7 години

Grabez-pistol

Вооружен грабеж во филијалата на Тутунска банка во Бутел

Подружницата на “Тутунска банка” во Бутел денеска беше плен на вооружен грабеж. На местото на настанот веќе има бројни полициски сили кои работат на расветлување на случајот. Неофицијално украдени околу 100.000 евра.На 15.04.2019 г. во 10.36 ч. пријавено е разбојништво од страна на неколку лица со оружје во банка на ул. Ферид Бајрам кои одзеле пари. Од страна на сторителите бил физички нападнат Е. Е. (26), кој е вработен како обезбедување во банката. Повредени лица од оружје нема. Веднаш по добивањето на пријавата презмени се мерки и активности од полициски службеници, се наведува во првичната инфотмација од МВР.Од страна на полицијата до сега пронајдени е полнач за пиштол кој е пронајден во просториите на експузитурата на НЛБ Банка во Бутел 2 која утрово беше ограбена од страна на засега непознати вооружени лица, пишува Коха. Припадниците на Министерството за внатрешни работи го пронашле автомобилот со кој се превезувале крадците но тој е целосно изгорен. Автомобилот бил пронајден после два саати откако крадците го нападнале обезбедувањето на банката, но сеуште не е познато дали четворицата маскирани и вооружени лица успеале да ги земат парите.Весникот Коха од официјални полициски извори успева да дознае дека во близина на реката Серава кај гробиштата во Бутел пронајден е изгорен автомобил “Голф 5” со сива боја, додека во експозитурата на банката во Бутел 2 се продолжува со истрагата, а се трага по 4 лица.Кражбата, се случила околу 9 часот, додека пак крадците палејќи го Голф-от, успеале да си заминат со друг Голф 5 во непозната насока досега. Во текот на денот, Министерството за внатрешни работи информираше дека ќе излезат повеќе детали за настанот.

Скопје | пред 7 години

man_original

МАН: Управниот суд да не служи за клиентелизам на СДСМ

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ја повикува владеачката партија СДСМ, како најодговорна воизборниот процес, бидејќи на истиот настапуваат двојно - едновремено и како партиски функционери ивладини министри, да се извинат на ТВ Алфа за квалификациите и навредите кои партијата ги изрече насметка на уредниците и медиумот на 5-ти април, и со тоа барем малку да покажат одговорност предјавноста за своите зборови.-“Етикетирањето на медиуми придонесува за ширење на омраза кон медиумите. Секој новинар имаправо да постави прашање до секој политичар, а обврска на политичарите е да даваат одговори. Ваквитејавни дисквалификации на политичари во однос на медиумите се неприфатливи и претставуваат директназакана кон работата и уредничката независност на медиумите,” соопштуваат од МАН.Од друга страна, надвор од законот, со видно јавно влијание на партијата СДСМ врз Управниот суд, се кршатпрописите и на телевизијата 1ТВ која СДСМ ја смета за блиска на нивната политика, среде изборидополнително, надвор од Изборен закон им се овозможува емитување партиски маркетинг, иако не гиисполнуваат условите за таа цел. Тоа е клиентелизам на партија врз медиум.- “Го повикуваме судот да не подлегнува на политички притисоци и да не и наложува на Државнатаизборна комисија со одлуки кои се надвор од роковите во Изборниот законик. Ги повикуваме политичкитепартии да се придржуваат до законските одредби од Изборниот законик. На Република Северна Македонијаи се потребни кристално чисти претседателски избори за добивање на препораката од ЕК. Ваквите одлуки наСудот само ја потврдуваат сликата дека судството нема намера да се реформира, а медиумите секонтролирани од власта”, соопштуваат од МАН.Ја повикуваме Агенцијата за АВМУ да ги преземе сите мерки од Изборниот и другите закони за спречувањена ваквите појави..Истовремено, МАН смета дека ЗНМ треба да престане да биде адвокат за политички потреби на власта.- “МАН е следбеник и поддржувач на меѓународните стандарди за новинарството кои воМакедонија ги застапува токму Македонската асоцијација на новинари во соработка со меѓународнатаорганизација IAB, и ги упатува партијата СДСМ и Здружението на новинарите ЗНМ истите да ги прочитаат ипочитуваат со што би им било појасно каков треба да биде односот на медиум во јавноста, а особено како нетреба политичка партија да врши притисок врз едни мeдиуми кои не се пожелни за нивната партискаполитика, а да крши закон за да помага финансирање преку партиски огласи во време на изборна кампањана друг медиум, иако тој за тоа не ги исполнил условите” – соопштува МАН.

Македонија | пред 7 години

OCcK_v38_400x400

Цветанова до Пендаровски: Не би било на одмет да демонстрирате добри манири на однесување

По телевизиската дебата помеѓу претседателските кандидати, поранешната министерка за култура Ганка Цветанова го повика Стево Пендаровски да покаже повеќе манири и го прекори за непочитување на Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.-Почитуван Пендаровски, никој не смета дека на ТВ дебатите треба да ги штедите Вашите противкандидати, но кога спроти Вас седи една дама прoфесорка, Гордана Сиљановска Давкова и професор интелектуалец, Блерим Река, не би било на одмет да демонстрирате повеќе почит и добри манири на однесување, пишува Цветанова во објавата до Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

policija-123

Албанец баран од Интерпол уапсен на ГП „Ќафасан“

На 14.04.2019 година во 13.15 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, при контрола на лицето З. Ц.(46) од Република Албанија, било утврдено дека се наоѓа на стоп листата по барање од СМПС - Интерпол Скопје.Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

policija-traka

„Пежо“ удри во 6-годишно дете

На 14.05.2019 година во 15.45 часот на улица „Војводинска“ во Прилеп, патничко возило „Пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(50) од Прилеп, удрило во шестгодишно дете од Прилеп.Детето се здобило со тешки телесни повреди и му била  укажана помош во Градската болница Прилеп.Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Возачи од денес точите горива по овие цени

Напладне Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на бензините, стандардно, две недели по последната одлука.Со последната промена пред две недели цените на горивата се зголемија, па така малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 2,5 денари и изнесува 68,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапе за три денари и чини 70,5 денари за литар.Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за половина денар и изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 0,677 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 33,375 денари.Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочија за 3,53 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,03 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.Останува да видиме дали и понатаму ќе продолжи трендот на зголемување на цените на горивата.

Македонија | пред 7 години

ahmeti

Ахмети: Ќе има последици ако Иванов ги помилува осудените за 27 април

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека ќе претседателот, Ѓорге Иванов, ќе направи непромислен чекор доколку ги аболицира осудените за 27 април. Вели дека ако Иванов одлучи да ги аболицира, ќе има последици во државата, пишува Фокус.-Тоа би било непромислен и неразмислен чекор, од страна на претседателот во заминување. Не знам колкав легитимитет би имал за да преземе таков чекор кој би предизвикал многу реакции – рече Ахмети.

Македонија | пред 7 години

60A5DC4D-94C9-49CF-B79D-F7F6F2B7E738

Силјановска: Дали Македонија е слободна ако иредентизам е да ја пеете химната?

На 21 април ќе отвориме пат за предвремени парламентарни избори, ама новата влада нема да бара од нас да ги заборавиме зборовите на химната или во себе да ги кажуваме и да тагуваме. Со нас ќе ја пее химната, со нас ќе го вее знамето и ќе го изговара светото име Македонија зашто тоа е нашиот идентитет, а Северна нека пишуваат тие. Тоа не е нашето име, рече претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова на вечерашниот митинг во Велес.Силјановска го почна обраќањето со забелешката дека пред ракометниот натпревар, македонската химна била интонирана без зборови.– Замислете на денешната утакмица химната била интонирана без зборови. Неморално, неетички и мазохистички е тоа што се случува. Нели идентитетот ни е сочуван и загарантиран? Па што е химната ако не дел од македонскиот идентитет? Дали Македонија е слободна ако иредентизам е да ја пеете химната? Дали е ова слободна земја и дали навистина не треба повторно да се бориме за право и правдини оти во Уставот ги пишува трите најважни симболи на државата, меѓу кои, покрај грбот и знамето, е и химната. Сите се под Уставот и законите во слободна земја ама ја се плашам дали оваа земја е се уште слобода. Химната е нашата историска слика, нашиот историски национален наратив. Кој им дава право да ги тргнат зборовите од химната? Таа не е само музика, туку е битката за право и правдини, рече Силјановска.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

24 сообраќајки изминатиот викенд во Скопје

Возач и сопатник се тешко повредени, а девет лица се здобиле со лесни телесни повреди  во 11 од вкупно 24 сообраќајки регистрирани  изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје.Од сообраќај се исклучени 77 возачи, од кои петмина почетници, а 71 пред да се стекнат со право на управување моторно возило. Исклучени се од сообраќај и 52 возила, 50 нерегистрирани и две со претовар.Издадени се 201 мерка за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 145 возила.Полицијата санкционирала и 13 возачи за поминување крстосница на црвено светло, петмина за недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, тројца за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување.Изречени се мерки за 37 возачи за користење мобилен телефон, 16 за неносење сигурносен појас

Скопје | пред 7 години

silegov-1

Шилегов: На вашиот митинг, драги Курирци, имаше бајаги повеќе ѓубре

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ги демантира објавите дека вработени во градското јавно претпријатие Комунална хигиена, биле принудувани да присуствуваат на митингот на СДСМ, што се одржа вчера во Скопје. Порталите каде беа објавени овие написи Шилегов ги нарекува „курирци“ поради блискоста со опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.„После “невидениот скандал” што го откри Курир, дека сум ги приморувал вработените од КХС да присуствуваат на митингот на Стево Пендаровси, должам мало вербално и фото појаснување:Комунална хигиена со луѓе и опрема беше “присутна” на двата митинга. Додуше, на Вашиот митинг, драги Курирци, исто како и лани, имаше бајаги повеќе ѓубре.Хигиената на улиците лесно се воспоставува.Хигиената во главите на Курирци ?Признавам, тешка работа. Голема е таа депонија …“, напиша Шилегов.

Скопје | пред 7 години

57306017_169770174015340_83715105941880832_n

(ФОТО) Снежна идила на Попова Шапка

Поради спуштањето на постудена воздушна маса од север на планинските места е формирана снежна покривка. Вака во моментов изгледа Попова Шапка.

Македонија | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните вчера испратија јасна порака дека не ја поддржуваат оваа Влада

Граѓаните држат до сопствените чест и углед, па затоа одбија да се качат во автобусите и да дојдат на митингот на човекот кој ги навредуваше нарекувајќи ги „стока“.„Автобусите организирани од страна на Пендаровски и Заев останаа полупразни бидејќи народот е за враќање на правдата во Македонија.Расипничкото, криминално владеење на Заев и Пендаровски доведе до најслаба посетеност на нивниот централен митинг вчера во Скопје. Иако главниот град на Република Македонија беше блокиран од автобуси кои СДСМ ги донесе од цела држава, митингот беше дебакл.Граѓаните испратија јасна порака дека не ја поддржуваат оваа Влада. Луѓето ниту со сила, ниту со закани, уцени и притисоци не прифатија да бидат искористени за верифицирање на антидржавните политики на Заев и Пендаровски.Народот не сака повеќе да биде манипулиран, лажен и краден. Криминалот, непотизмот, хаосот во земјоделието, фамилијарните бизниси на сметка на државата, катастрофите во земјоделските политики на маката на земјоделецот се олицетворение на СДСМ за овие две години власт.Стево Пендаровски и Зоран Заев ќе изгубат на овие претседателски избори. Народот ја даде  поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и на Гордана Сиљановска Давкова кога се појави во рекорден број на централниот митинг во Скопје пред Владата на Република Македонија.Јасна е пораката која народот ја испрати до СДСМ и Пендаровски кои треба да почнат да се подготвуваат за голем пораз. Народот ќе избере жена Претседател. На Македонија и треба правда. Татковината повикува“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

133474234-105843-207971

Промена на режимот на сообраќај на патот Куманово - ГП Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Виадукт трејд известува дека од 15.04.2019 до 17.04.2019 ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А1, делница Куманово - ГП Табановце (Клучка Бумеранг) за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (Отешево - Трпејца, преку национален парк Галичица) од 15.11.2018 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да соообраќаат само до месноста “Kорита”.Се очекува да биде отворен на 01.05.2019 год.На 04.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат Кавадарци - с.Мрежичко воведена е забрана за ТМВ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на;-наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 (делница Демир Капија – Гевгелија)-наплатна станица Демир Капија во период од 11.04.2019 до 18.09.2019 (делница Неготино - Гевгелија)

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Денес и утре облачно со дожд, од среда сонце

Времето денеска во целата земја ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. На места, особено во јужните и источните делови врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот ќе престануваат.Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 15 Целзиусови степени, Крива Паланка 10, Берово 9, Маврово 4, Кавадарци 15, Охрид и Битола 11, Дојран 16 степени.Прогнозата за утре е променливо облачно, попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје 17 степени, Крива Паланка 14, Берово 13, Кавадарци 17, Маврово 9, Охрид 13, Битола 14, Дојран 18.Од среда се очекува сончево и потопло време.

Македонија | пред 7 години

sela-2

Села: Ние никогаш нема да поддржиме некој кој не е како нас и не е Албанец

Претседателскиот кандидат Блерим Река вечерва, од митингот во тетовско Желино, порача дека на 21 април ќе се случи голема промена со политичкото минато.Укажа дека со неговиот нов концепт ќе ги корегира досегашните политики на власта.-За да биде држава, треба да има владеење на правото. Немаме друга опција, освен ЕУ и НАТО, а корупцијата и невработеноста мора да запрат. Треба да се знае и дека ние не сме статистички народ, туку ние сме Албанци, рече Река.Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села упати критики до СДСМ и ДУИ зашто, според него, Албанците во оваа коалиција не се добро претставени.-Имаме должност да ја тргнеме вашата маска и тоа што 18 години манипулирате со Албанците. Ние никогаш нема да поддржиме некој кој не е како нас и не е Албанец, нагласи Села.

Македонија | пред 7 години

zaev

Заев: Ви ветувам 2020 година ќе има просечна плата над 500 евра

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на денешниот централен митинг во Скопје зборуваше за економските резулатите на неговата Влада и вети дека во 2020 година просечната плата ќе надмине 500 евра.-Не беше лесно, но се обединивме против режимот. Воведовме реформи и воспоставивме правна држава. Ние сме веќе дел од НАТО. Одиме кон ЕУ, очекуваме Унијата да ги вреднува реформските резултати и летоска да добиеме датум за почеток на преговорите. Имаме рекорден износ на странски инвестиции од 624 милиони евра. Невработеноста падна на 19,4 отсто. Просечната плата за една година за зголемивме за осум проценти. Ви ветувам 2020 година ќе има просечна плата над 500 евра, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања