Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

Условна затворска казна за Медицинската сестра која издавала лекови со поминат рок

Медицинската сестра од Велес, Павлина Петровска доби условна затворска казна оти на пациентите во болницата кадешто работела им давала лекови со изминат рок, пренесува СДК.Петровска во Основен суд Велес ја признала вината за кривичното дело производство и пуштање во промет на штетни средства за лекување и доби казна од три месеци затвор, што ќе ги одлежи ако во период од една година стори ново кривично дело.

Македонија | пред 7 години

Sulejman-Rexhepi

МВР „ги засука ракавите“ ќе го истражува говорот на омраза кај реисот Сулејман Реџепи

Секторот за компјутерски криминал во МВР отвора предмет врз база на  документи за случајот со говор на омраза кај реисот Сулејман Реџепи. МВР ги превзема работите во свои раце, откако вчера Хелсиншки комитет поднесе кривична за ширење говор на омраза и излагање на подбив на македонскиот народ. Се анализира дали неговиот говор кога дава квалификации на „див“ и „непримерен народ без идентитет“.- „Министерството за внатрешни постапува по поднесената пријава од страна на Хелсиншкиот комитет , случајот се документира и во текот на денот ќе биде известено јавното обвинителство.“ - велат од МВР.

Македонија | пред 7 години

karpos-sver-1

Карпош ќе добие три нови сквера

Со  усвојување на одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје за изработка на проектна документација, реализација и одржување на јавни површини, локалната самоуправа ќе добие три нови сквера на нејзината територија. Како што нагласи и градоначалникот Стефан Богоев, станува збор за комплетно урбано, хортикултурно и  реквизитно уредување на новите скверови, со патеки и корпи за  отпадоци. Локациите дополнително ќе бидат утврдени.Во соработка со Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, три локации во Општина Карпош дополнително ќе се раззеленат и облагородат. Булеварот „8. Септември“, од двете страни на улицата, на аголот помеѓу ул. Љубљанска и ул. „Волгоградска“ во урбаната заедница Карпош 4, како и просторот околу Драмски театар, во Карпош 2, ќе бидат хортикултурно уредени.На денешната седница на Советот на Општина Карпош, советниците ја  изгласаа  Одлуката за утврдување на реонизација на основните училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа. Исто така се утврди реонизација на јавните установи - општински детски градинки во Карпош.Членовите на Советот дадоа согласност за  формирање на комисија за прием на деца над капацитетот и утврдување на критериумите за прием на деца во четирите детски градинки во Општина Карпош: „Пролет“, „Мајски Цвет“, „ Распеана Младост “,  и „Орце Николов“. 

Скопје | пред 7 години

krv-karpos-3

Бесплатна крвна анализа за социјално загрозени и изнемоштени лица

Општина Карпош се приклучи кон хуманитарната акција на Лајонс клубот – Карпош, за бесплатна крвна анализа – крвна слика за вкупно 100 социјално загрозени граѓани и повозрасни, изнемоштени лица. Во просториите на урбаната заедница во Карпош 1, утринава, крвна анализа направија десетици наши сограѓани, а истата ја спроведе специјализиран медицински тим од лабораторијата „Авицена“.На денешната акција присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој со гувернерката на „Лајонс“ Дистрикт 132 Македонија, Соња Бојаџиева размени повеќе предлози за идна соработка меѓу локалната самоуправа и „Лајонс“ клубот. Оваа хумана акција има за цел да обезбеди здравствена заштита и превенција на социјално ранливите категории на граѓани. 

Скопје | пред 7 години

antikorupciska-komisija

Антикорупциска комисија одби осум од деветте преговори на опозиската ВМРО ДПМНЕ

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ги разгледуваше првите приговори за злоупотреба на државни средства во изборната кампања, поднесени од најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ. Антикорупциска одби 8 од 9 приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за прекрушвања на изборниот законик. Две од нив се однесуваат на субвенциите на Град Скопје за велосипеди и клима уреди. Опозициската партија тврди дека јавните повици се објавени по распишување на изборите,а средствата се обезбедуваат од буџетот. Градоначалникот Шилегов пак вели дека субвенциите се дел од програмата на градот за почист воздух.И покарј одбиените претставки, ВМРО-ДПМНЕ денеска објавува нови примери за прекршување на изборниот законик, незаконски вработувања и користење државни ресурси за партиски цели. Сето ова според опозицијата, го покажува стравот на СДСМ од пораз на изборите.Барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се испита дали власта ги користи општинските канцеларии на Шуто Оризари за промоција на својот кандидат е единствената претставка прифатена од комисијата за спречување корупција.Одбиените приговори можат да бидат поднесени до управниот суд во рок од 24 часа, а судот треба да одговори за 48 часа.

Македонија | пред 7 години

DSC_01-1

Комеморација во ВМРО ДПМНЕ по повод трагичната смрт на Билјана Беличанец

Денеска, 10.04.2019 година, во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, беше одржана комеморација по повод трагичната смрт на Билјана Беличанец , актерка, политичар и поранешна градоначалничка на општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.На комеморацијата свои проштални говори имаа претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателката на УЖ Благица  Ласовска, како и поранешната претседателка Даниела Рангелова, но нејзиниот колега од театарските штици Роберт Велјановски. Присутни беа голем дел нејзини колеги, соработници, членови на нејзиното семејство.Во своето обраќање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски преку цитатат на Шекспир ја опоша Беличанец, тој рече:- Шескпир рекол „Не плашете се од големината: некои луѓе се раѓаат големи, некои стекнуваат големина, а на некои им доделена.“ Билјана беше дел од првата категорија на луѓе, тие кои се раѓаат големи. Таа беше предодредена да биде голема. И тоа не само во својата професија, туку и како човек, пријател, соработник. Професионалец. Поседуваше редок и раскошен талент, огромен човечки габарит. Во нејзе се судруваа контрастите на бесконечната насмевка, детската чистина, и огромната и нескротлива желба да ги направи луѓето околу себе среќни, задоволни, исполнети, дури и би рекол нештедејќи се себеси, жртвувајќи се за да измами насмевки, среќа, задоволство кај другите.Мицкоски посочи дека Беличанец лавовски се борела и во општината, додека била градоначалничка на Кисела Вода, општина која имала големи проблеми, при што успеала да направи многу.Драга моја Беличанец, во овие моменти ние ја продолжуваме битката за која ти говореше далеку пред времето. Потрагата по правдината, чесноста, мечтаењето, тагувањето и радувањето, кажа Мицкоски.Тој го заврши  своето обраќање со повик за еден огромен аплауз наместо молк, затоа што како што рече остануваме да го славиме нејзиното дело и име.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Велешанец заработи кривична пријава за компјутерска измама

Денеска (10.04.2019), по претходно обезбедени судски наредби за претрес поради сомнение за сторено кривично дело компјутерска измама, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР изврши претреси на објекти во кои престојува Т.А.(35) од Велес, и тоа на ул.„23 Октомври“ во Скопје и на ул.„ Орце Мартинов“ во Велес.При претересите пронајдени се предмети што потекнуваат и се поврзани со кривичното дело и тоа два GSM gateway уреди, еден уред за поврзување на опремата, еден simbox уред, 38 сим картички и еден мобилен телефон од кој е вршена активација на картичките.Против Т.А. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство поради основано сомнение за сторено кривично дело компјутерска измама по чл. 251-б од КЗ на РСМ. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема дополнителни активности со цел да се утврди дали пронајдената опрема и сим картички биле користени и за други нелегални активности.

Македонија | пред 7 години

crna-dupka

(ВИДЕО) Објавена првата фотографија од црна дупка

Тим научници ја објави првата фотографија од црна дупка, оддалечена 55 милиони светлосни години од Земјата.  Широка е 40 милијарди километри, три милиони пати поголема од големината на Земјата и научниците ја опишуваат како „чудовиште“.Црната Дупка е оддалечена 500 милиони билиони километри од земјата и била фотографирана од мрежа на осум телескопи низ светот. Детали за фотографијата беа објавени денеска во списанието „Astrophysical Journal Letters“.„Она што го гледаме е поголемо од нашиот Соларен Систем. Има маса која е 6,5 милијарди пати поголема од онаа на Сонцето. И е Црна Дупка која сметаме дека има најголема маса од сите кои постојат. Се работи за вистинско чудовиште, шампион во супер-тешка категорија на црните дупки во Универзумот“, вели за Би-Би-Си професорот Хејно Фалк, од Универзитетот Радбуд во Холандија, кој го предложил експериментот.Фотографијата се совпаѓа со тоа како црните дупки ги замислуваа теоретските физичари, но и холивудските режисери.Револуционерната фотографија ја направил телескопот Ивент хорајзон (EХT), мрежа од осум радиотелескопи што опфаќаат локации од Антарктикот до Шпанија и Чиле, а во потфатот учествувале повеќе од 200 научници.„Првпат го фотографиравме овој најтаинствен објект“, рече Зири Јунси, еден од научниците, кој предава Универзитетскиот колеџ во Лондон. „Ова буквално е порта што води надвор од универзумот во нешто сосема непознато“.

Магазин | пред 7 години

Pendarovski-Press

Пендаровски: Модернизација на армијата и европски услови за војниците се мој врвен приоритет

Денеска сакам да ги претставам моите заложби и проекти како иден врховен командант на македонската Армија. Армијата е гарант на суверенитетот, независноста и неповредливоста на територијата на државата. Македонските војници се нашата гордост, тие се најзаслужни за успесите во меѓународните мисии и за поканата која ја добивме за членство во НАТО. Затоа, во мојот мандат врвен приоритет ќе биде модернизација на Армијата како и обезбедување на европски услови за македонските војници, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.Како иден врховен командант, моја цел ќе биде континуирано зголемување на буџетот за Армијата и обезбедување НАТО стандарди за нашите војници. Ова ќе значи добри услови за нив за гордо и достоинствено да ја бранат нашата татковина. Процесите за модернизација се веќе започнати и јас во соработка со Министерството за Одбрана силно ќе ги поддржам и забрзам. Посебен фокус ќе ставам на проектите и реформите кои се однесуваат на покачување на платите, домувањето, но и мерките за поддршка на припадниците на армијата по нивното пензионирање од активна служба во армијата.Второ, како врховен командант особено внимание ќе посветам на именување на искусни и квалитетни кадри на позициите од суштинско значење за безбедноста на земјата. Ова е исклучително важно и на овие позиции ни требаат најдобрите професионалци со кои располагаме. При именувањето на Началникот на Генералштабот и Генералите во армијата секогаш ќе се водам од нивните професионални достигнувања. Само вака ќе обезбедиме професионална армија и почит од нашите сојузници.Во рамките на моите овластувања во агенцијата за разузнавање, активно ќе учествувам во реформата на безбедносниот систем на нашата држава, согласно со стандардите на најразвиените демократски земји. Обезбедување на ефикасни и независни системите за безбедност мора да бидат врвен приоритет на Владата и на Претседателот. Никогаш повеќе нема да дозволам делови од Агенцијата за разузнавање односно нејзини делови да бидат злоупотребени како што тоа беше случај во време на владеењето на ВМРО- ДПМНЕ.И трето, Советот за безбедност важно тело кое досега беше целосно занемарено до актуелниот претседател, ќе го свикувам редовно и во него ќе членуваат реномирани експерти од областа на безбедноста, но и претставници на власта и опозицијата.Националната безбедност не е и не смее да биде жртва на тесните партиски интереси и политичките интереси на поединци, истакна Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Поднесено обвинение за неовластено пуштање во промет на марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице од Драчево за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот се товари дека во својот дом неовластено заради продажба држел опојна дрога – марихуана со вкупна нето маса од 66,7 грама, спакувана во една полиетиленска ќеса. Дрогата била пронајдена и одземена при претрес во неговиот дом на 06.03.2019 година.Ценејќи дека и натаму постојат законските основи заради кои на сега обвинетиот претходно му беше определена мерка куќен притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на определената мерка. 

пред 7 години

DSC07360-2

Филипче: Соработката за детската кардиохирургија е одлична при спојот на експертизите од јавното и приватното здравство

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, директорот на „Клиничка болница Жан Митрев“, д-р Жан Митрев, директорите на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и Орхан Рамадани, и д-р Владимир Чадиковски, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која ги презентираа резултатите од успешното функционирање на новиот модел на соработка во областа на детската кардиохирургија.-Резултатите покажуваат дека соработката за детска кардиохирургија е одлична при спојот на експертизите од јавното и приватното здравство. Моделот се покажува како успешен и е воден од доктор Жан Митрев, кој воедно почна со детска кардиохирургија во земјава. Резултатите покажуваат дека од почетокот на годинава успешно се извршени 10 кардиохируршки интервенции. Сите деца кај кои се изведени интервенции се во добра здравствена состојба, истакна министерот Филипче.Д-р Жан Митрев потенцираше дека со оваа соработка здружени се квалитетот и стручноста за децата да добијат врвна медицинска нега.-Се создадоа услови да станеме интересни за многу пациенти од целиот регион и наши доктори да се вратат во државава. Од следниот месец тука ќе работи докторка анестезиолог, која сега работи во Кувајт. Во преговори сме и со наши доктори во Германија, кои сакаат да се вратат, изјави д-р Митрев.Оваа соработка во областа на детската кардиохирургија ги намали бариерите што постоеја меѓу државните и приватните болници. Едноставно пациентот има одлични услови и врвна медицинска грижа од доктори од јавниот и приватниот сектор кои работат заедно. Операциите што се изведуваат се на товар на Фондот за здравствено осигурување, што значи дека за пациентите интервенцијата е покриена од Фондот и за ист трошок како во јавното здравство имаме апсолутно подобри услови за пациентите, како и подобри услови за работа на нашите лекари.-Придобивките кои ги очекуваме од овој проект, на прво место се условите за работа. Со цел да обезбедиме подобри услови, односно интегриран сервис на здравствена услуга, ги спојуваме домашната експертиза која работи во приватниот и во државниот сектор, а ќе биде бенефит за нашите најмали и најранливи пациенти. Кардиохируршките операции, кои ќе се извршуваат во приватната болница, ќе продолжат да бидат на товар на Фондот како и досега. Буџетот или средствата што ги издвојува Фондот за здравствено осигурување за оваа намена планирано е да остане ист како и досега, изјави директорот Ден Дончев.Министерот Филипче, на заедничката прес-конференција потенцираше дека ова претставува модел каде имаме дополнителна финансиска стимулација за докторите и медицинските сестри, каде нема поголеми трошоци за Фондот за здравство, а услугата е неспоредливо подобра. Очекувањата се дека за краток временски период овој центар ќе стане регионален центар. Условите кои ги нудат се акредитирани според највисоките американски стандарди и се без конкуренција во регионот, ценовно подостапни за пациенти од странство.Проектот покажа дека соработката на јавниот и приватниот сектор може да ги подобри условите за лекување на пациентите и е еден од начините да се задржат докторите во земјава.-Критикувани бевме дека ќе затвораме болници, но уште еднаш потенцирам дека не станува збор за затворање на болници, туку за модел на нивно унапредување, каде за истите пари од фондот се добиваат подобри услови за работа и подобри услови за пациентите, појасни министерот Филипче.

Македонија | пред 7 години

04-10-

Заменик министерот Бајдевски се обрати на конференцијата „Какви избори- таква иднина“

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски имаше свое обраќање на конференцијата „Какви избори-таква иднина“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода. На конференцијата беа презентирани наоди, анализи и препораки за претстојните претседателски избори.Во своето обраќање, Бајдевски потенцираше дека Министерството за информатичко општество и администрација активно работи на деполитизација и професионализација на јавната администрација, со цел да биде сервис на сите граѓани и никогаш повеќе да не биде злоупотребувана за нечии партиски цели.„МИОА во моментов работи на хоризонталната функционална анализа, а се работи и на вертикалните функционални анализи во сите органи на државната управа. На овој начин ќе знаеме и кои институции имаат надлежности кои меѓусебно се преклопуваат, а и кои институции пред кого одговараат. Потоа ќе следи и реорганизација на јавната администрација, што е предуслов за зголемување на ефикасноста и ефективноста, да се намалат трошоците, но да се подобри квалитетот на услугите што институциите ги нудат до граѓаните и фирмите“, истакна Бајдевски.Заменик министерот ги посочи и активностите во однос на обезбедување на професионална раководна служба.„Знаеме дека притисоците на вработените најчесто доаѓаат од менаџментот, односно од раководните структури. Затоа изминатиот период работевме на Закон за висока раководна служба, презентиран за јавна расправа и веќе објавен на ЕНЕР. Законот предвидува сосема нови стандарди за избор на раководни лица во државата, нешто што досега не само што не се спроведувало во Северна Македонија, туку со овој Закон сме и први во регионот. Предвидуваме сериозни механизми и критериуми, а евалуацијата на кандидати за висока раководна служба, ќе го прават експерти во таа област. Ќе се избере комисија за висока раководна служба, a изборот на комисијата ќе се врши во Собранието, на слична постапка како што тоа се правеше со изборот на членови на ДКСК“, истакна Бајдевски, додавајќи дека комисијата ќе биде задолжена да врши евалуација, бодување и интервјуа на сите кандидати за менаџерски позиции и на тој начин граѓаните ќе бидат сигурни дека раководната служба ги исполнува критериумите потребни за извршување на таа функција.Како што истакна Бајдевски, процесот ќе биде јавен и транспарентен, со што конечно ќе се промени сликата за јавната администрација, а вработените ќе можат да бидат сигурни дека нивните претпоставени нема да ја злоупотребуваат нивната позиција за партиски и изборни цели.МИОА на својата веб страна објави и алатка, каде може да се пријави притисок на работно место за време на претстојната кампања за избор на претседател .

Македонија | пред 7 години

missing

Полицијата трага по 14 годишен штитеник од домот „Ранка Милановиќ“

На 08.04.2019 во 15.00 часот во СВР Скопје, социјална работничка од домот „Ранка Милановиќ“ пријавила дека од установата се оддалечил нивниот штитеник К.Д.(14). Тој повеќе пати самоволно се оддалечувал од домот и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 7 години

tepacka1

Нападнат малолетник во Скопје , тепачка во Куманово ...

На 09.04.2019 во 19.30 часот во Полициската станица Аеродром, Б.А.(40) од село Студеничани, скопско, пријавил дека истиот ден околу 15.10 часот на булевар „Трета Македонска Бригада“ неколку лица физички го нападнале неговиот 15-годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 09.04.2019 во СВР Куманово било пријавено дека во Медицински центар Куманово со повреди бил донесен П.В.(31) од с.Јурумлери, скопско, кој потоа бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. П.В. се здобил со повредите во населба Карпош во Куманово при физички напад од страна на Р.С.(22) од Куманово, со кого, неколку пати физички се пресметале, а претходно заедно со уште неколку лица конзумирале алкохол. Р.С. бил приведен во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, а од судија на претходна постапка му бил одреден притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Шумочувари добија кривична пријава за несовесно работење

Секторот за внатрешни работи Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Ф.З.(44) и А.Б.(42) поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Пријавените, како вработени во ЈП „Македонски Шуми“-ПШС Куманово, при извршување на работните задачи како шумочувари на реоните „Црн Врв“ и „Белановце“, на 06.02.2019 во село Белановце сопреле патничко возило „Опел Астра“, управувано од М.Р., кое било натоварено со бесправно исечено дрво. Наместо да го обезбедат и предадат за понатамошна постапка, тие постапиле спротивно на своите службени овластувања и на одредбите од Закон за шуми и под изговор дека е дефект го оставиле без надзор и незаклучено со клуч за стартување на брава од истото, од каде подоцна М.Р. непречено си го зел во свое владение.

Македонија | пред 7 години

tepacka-1

Тепачка во средно училиште

На 09.04.2019 во 20.00 часот во Полициската станица Карпош, М.В.(18) пријавил дека истиот ден околу 17.50 часот во средното училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје бил физички нападнат од неговите соученици П.К., К.П. и Ф.И. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

134301833

Нова измама за огревни дрва

На 09.04.2019 во 19.20 часот во Полициската станица Штип, М.С.(62) од Штип пријавил дека бил измамен од непознато лице. Според пријавеното, истиот ден околу 11.30 часот во неговиот двор дошло лицето и му понудило да купи огревни дрва по цена од 2.400 денари по кубен метар.М.С. му дал 14.500 денари за дрвата, по што лицето отишло по камионот со дрвата, кој наводно бил во населбата „Баби“ во Штип. Откако лицето не ги донело дрвата по одреден период, М.С. заклучил дека бил измамен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

heroin-111

Кај охриѓани пронајдени хероин и маринуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.В.(24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.03.2018 во Охрид полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и дигитална вага со остатоци од хероин.СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Б.(39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.12.2018 година во Охрид, при претрес во домот на пријавениот, била пронајдена и одземена марихуана.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кај 47 годишен маж од гостиварско, полицијата пронашла кокаин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.М.(47) од село Балиндол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено произвоство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.10.2018 во Гостивар полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.

Македонија | пред 7 години

zgrada

Дете во Србија скокнало од 7 спрат, неофицијално не му дозволувале да игра видео игри

Дванаесетгодишно момче било пронајдено како неподвижно лежи на тревникот пред зградата во кое живеело во Србија. Детето  паднало пред влезот на зградата, каде го пронашле соседите, после што е пренесено во болница. За жал докторите не успеале да го спасат. Починало околу 5 часот.Според неофицијалните податоци, има сомнеж дека детето се самоубило, бидејќи тоа на работната маса оставило писмо, каде навело дека се решило на самоубиство, бидејќи мајка му не му дозволила да игра видео игри.Телото е однесено на обдукција. 

Свет | пред 7 години

han

Хан за МИА: Добив осигурувања од лидерот на опозицијата дека тие ќе играат активна и конструктивна улога во изборите

Еврокомесарот Јоханес Хан даде интервју за МИА во кое ги појаснува дилемите околу почетокотн за преговорите на ЕУ со Северна Македонија во јуни, нагласувајќи дека добил уверувања од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека ќе нема бојкот на престојните претседателски избори.Во овој дел, добив осигурувања од лидерот на опозицијата дека тие ќе играат активна и конструктивна улога во претседателските избори и немам причина да се сомневам во тоа, вели Хан во интервју за МИА.Европската перспектива на Северна Македонија треба да се гледа како национална, стратешка цел на сите политички сили која бара активна и конструктивна заложба од сите политички партии и граѓанското општество, изјави еврокомесарот Јоханес Хан.Еврокомесарот не го коментира ставот на опозицијата дека земјата не е подготвена за преговори.-Не коментирам индивидуални изјави. Нашите извештаи се објективна проценка и се засноваат на фактите. Како што реков, Северна Македонија оствари значаен и видлив напредок во многу области. Преспанскиот договор е историски исчекор. Ако се задржи реформската динамика, како што очекувам, извештајот за земјата ќе биде јасен.Хан вели дека врз основа на значајниот остварен напредок, силно е уверен дека Европската комисија ќе приложи позитивен извештај и јасна препорака за пристапни преговори со Скопје. 

Македонија | пред 7 години

IMG_7336

Николовски: Создаваме услови за развој на преработувачката индустрија и сигурен пласман за земјоделските производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска на градскиот пазар во Валандово имаше средба со земјоделците од овој регион. На средбата се разговараше за актуелните состојби во земјоделството, предлозите на земјоделците од валандовскиот регион и мерките кои ги презема Министерството за земјоделството,шумарство и водостопанство. Министерот Николовски на земјоделците им порача, дека обезбедувањето на сигурен пласман и решавање на проблемот со вишоците на земјоделски производи, е еден од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија, за што МЗШВ презема низа активности преку мерките од ИПАРД 2 програмата, Програмата за рурален развој и проектите со меѓународните партнери од областа на земјоделството.„Пред само два дена започнавме со склучување на првите договори за реализација на инвестции во преработувачката индустрија односно за нови производствени капацитети, за модернизација на постојните или за набавка на нова опрема, со забрзана процедура на склучување на договорите.Сето тоа е за поддршка на преработката на земјоделските производи, а се со цел да го решаваме проблемот со вишокот производи, да обезбедиме сигурен пласман, да има повисоки откупни цени преку продажба на готови производи со поголема додадена вредност. Преку Програмата за рурален развој воведовме низа мерки за поддршка на преработувачката индустрија а со тоа и за обезбедување на сигурен пласман. Одвоивме 4 милиони евра преку мерката  „Инвестиции за маркетинг на земјоделски производи“, со која се овозможува предфинансирање на инвестициски проекти во висина од 100% од износот на предлог-проектите, кои се однесуваат исто на преработувачката индустрија а со тоа и на поддршка на пласманот“, изјави министерот Николовски. Во рамки на посетата на Валандово, министерот Николовски имаше работна средба со менаџментот на компанијата за преработка на зеленчук и овошје „ Дин- комерец“, која што е извозно ориентирана и своите производи ги пласира на пазарите во Европа, Америка и Канада.Инаку, минатиот месец во Вланадово министерот Николовски го потпиша договорот со компанијата изведувач на градежните работи „Штрабаг“, за реализација на втората фаза од Проектот за наводнување на Јужната долина на реката Вардар. Инвестицијата е во вредност од 24,3 милиони евра, а со реализацијата на овој проект, земјоделците ќе имаат модерен систем за наводнување кој ќе обезбеди навремено и квалитетно наводнување на над 2.000 хектари земјоделска површина.Николовски посочи дека преку мерките од Програмата за рурален развој наменети за општините, МЗШВ им овозможува на општините да аплицираат за проекти за капитални инвестиции во инфраструктура, изградба на локални патишта, домови, зелени пазари, урбана опрема и друго, што ќе придонесе за подобрување на кавлитетот на живот во руралните средини. Неодамна Владата преку Програмата за рурален развој обезбеди 38 милиони евра за поддршка на 206 проекти на општините кои конкурираа на повикот што се објави минатата година. На огласот конкурираше и општината Валандово и и се одобрени 2 проекти.„На повикот што се објави минатата година конкурираше општина Валандово, еден од прифатените проекти се однесува на изградба на пат и канал за поврзување на регионалниот пат со населеното место Горна Маала.Тоа е еден проектите за кои Валандово ќе добие решение за спроведување и ќе треба да ја спроведат јавната набавка. Би сакал да потенцирам дека на секој начин преку нашите програми и преку новите мерки жителите од руралните средини ќе добијат силна поддршка од МЗШВ“, изјави министерот Николовски.

Македонија | пред 7 години

Janusev

Јанушев: Заев и Пендаровски знаат дека дојде времето да ја платат цената за криминалот и распродажбата на државните и национални интереси

Зоран Заев и неговиот послушник Стево Пендаровски се соочени со пораз од граѓаните. Заев и Пендаровски знаат дека дојде времето да ја платат цената за криминалот, корупцијата и распродажбата на државните и национални интереси во овие две години. Затоа Заев и Пендаровски се во паника и почнаа со закани, насилство и злоупотреби уште во првата половина од кампањата, истакна на пресс конференција Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.10 дена изборна кампања, 10 дена изборни прекршување, корупција, незаконски вработувања и користење државни ресурси за партиски цели. Власта наместо да го почитува законот ги злоупотребува институциите и државните ресурси.Ветуваа дека нема да ги злоупотребуваат институциите, а го прават сосема спротивното. Возилата на АВРМ се користат за партиски цели. Видовме од медиумите дека директорката на АВРМ заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, со возило на Агенцијата за вработување беа на партиска трибина во Делчево. Исто така возило на Агенцијата е сликано во Радовиш полно со пропаганден материјал за Пендаровски.Ова почитувани е класичен пример за злоупотреба на државни средства за партиски цели. СДСМ ја избриша границата помеѓу државата и партијата.Зоран Заев и Стево Пендаровски знаат дека губат, затоа вршат и злоупотреби. Заев и Пендаровски знаат дека губат и токму затоа во ек на избори, спротивно на Изборниот закон ја полнат јавната администрација. Сведоци сме на над 600 вработувања во јавните претпријатија во Град Скопје, овие вработувања ќе го чинат градот над 350.000 евра месечно или над 4 милиони евра годишно. Вработувања имаме исто така и во царина и Јавно Претпријатие „Македонија пат“.Паниката се гледа и во насилното однесување на активистите на власта.Имено сите видовме видео материјал кој се прошири на социјалните мрежи, а од кој се гледа како едно лице уништува пропаганден материјал и му се заканува на активист на ВМРО-ДПМНЕ затоа што овој му вели да не ги кине плакатите на професорката Гордана Сиљановска Давкова.Исто така сведоци бевме и на видео кое се појави на социјалните мрежи пред неколку дена каде повеќе лица го запреа претседателот на УМС на ОК на Кисела Вода и од неговото возило насилно му го одзедоа пропагандниот материјал.СДСМ е свесна за изборниот пораз кој им следи, граѓаните не ги поддржуваат нивните деструктивни политики. Граѓаните не ги поддржуваат лошите резултати во економијата, распродажбата на државните и национални интереси, криминалот, корупцијата, непотизмот. СДСМ ја зацрни државата во изминативе две години.Република Македонија не смее да продолжи по истиот пат како до сега. Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. На Република Македонија и треба претседател кој ќе се грижи за нејзините интереси и ќе ги почитува Уставот и законите, таков човек е токму професорката Гордана Сиљановска Давкова. Затоа на 21 април и на 5 мај да ја дадеме поддршката за жената која ќе донесе нов пристап во државната политика, истакна на пресс конференција Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 7 години

praga

Средношколец од Корчагин се повредил во Прага - паднал по пожарникарски скали

Средношколец од скопската гимназија Раде Јовчевски Корчагин утрово паднал по пожарникарски скали во хотел во Прага, објави 24 инфо. Ученикот се здобил со повреди, однесен е на преглед во една од болниците во градот.Директорот на училиштето Драган Арсовски ја потврдил информацијата. За среќа ученикот е без посериозни последици. 

Скопје | пред 7 години

sulejman-redzepi

Зекири на ФБ: Резил улема Сулејман Реџепи позицијата поглавар на ИВЗ ја има узурпирано со калашникови

Мухамед Зекири, пратеник на СДСМ реагира на Фејсбук во врска со навредите што ги искажа поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи нарекувајќи го македонскиот народ диво племе.Зекири на фејсбук напиша:Го читав утринава Сашо Орданоски за Резилот на Реисот и го разбирам што бил крајно внимателен при изборот на зборови што ги користел во неговата колумна. Но, драг Сашо, за ваков „човек” каков што е Резил улема Сулејман Реџепи не е потребно да сте толку внимателен оти тој не заслужува никакво внимание, ниту почит од никого во нашава земја, вклучително и муслиманските верници кои за жал тој криминалец и нечовек и натаму ги претставува.Мене ми е драго што веќе нема потреба толку многу да се вложувам и докажувам кој и каков е во суштина Резил улема Сулејман Реџепи. Сега веќе на цела македонска јавност и е јасно за каков „човек” станува збор.И како новинар и како пратеник секогаш сум посочувал на криминалите и нехуманото однесување на овој „човек” и ќе продолжам тоа да го правам затоа што тој е СРАМ прво за сите припадници на исламската заедница во Република Северна Македонија, а потоа и за цела држава.Резил улема Сулејман Реџепи позицијата поглавар на ИВЗ ја има узурпирано со калашникови, со закани и сеење страв, нешто што безброј пати до сега сум го посочил. Повеќе од 10 години трае неговото самоволие во таа институција. Иако е најповикан да постапува во склад со тоа на што нè учи ИСЛАМОТ, имено да биде праведен и да ги почитува различностите, тој го прави токму спротивното.Тоа што тој го прави со години, мене искрено не ме зачудува. Прво им се чудам на имамите и членовите на највисоките тела на ИВЗ кои продолжуваат да замижуваат на сето она што овој „човек” го прави, и натаму молчат како кукавици и се се плашат од овој „човек”.Почитувани имами, охрабрете се, не молчете, СРАМОТА е тоа да го правите и со вашиот молк да ги одобрувате постапките на Резил улема Сулејман Реџепи.СРАМОТА е пред верниците, а пред сè пред Алах (Бога) да го одобрувате тоа што не го одобрува верата на која припаѓате и која ја проповедате пред верниците.Во светата книга Куран во сурата „Ел Маиде” се вели:„O, верници бидете праведни кога судите, бидете истрајни во тоа и заради Алах сведочете праведно! И омразата кон еден народ нека не ве натера да бидете неправедни. Праведноста е поблиску до богобојазливоста. Плашете се и од Алах. Алах, навистина, е Известен за она што го работите!”На крај уште еднаш јавно ќе повикам надлежните институции да продолжат со она што го започнаа, со силната контрола на работата на ИВЗ и останатите верски заедници. Никој не смее да е над законот. Сите сме исти пред законите!!!П.С. Резил улема Сулејман Реџепи мора да одговара и за ширење говор на омраза. На потег сега е Јавното обвинителство, пишува Зекири.https://www.facebook.com/muhamed.zekiri/posts/10158739693539466 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања