Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

DIK

Во тек на изборната кампања не работи сајтот на ДИК

На единаесетиот ден од изборната кампања за изборите за претседател, не работи сајтот на Државната изборна комисија.Веќе четврти ден среде екот на кампањата нема пристап до сајтот, а од ДИК велат се прават напори да се оспособи серверот, пренесе МКД.МК.Официјалната информација од ДИК е дека се случил краток спој во електричната инсталација, а како последица на тоа се оштетил УПС во систем-салата и серверот на кој беше веб сајтот на ДИК.Претседателските избори се на 21. Април.

Македонија | пред 7 години

zaev

(ВИДЕО) Заев запеа на бина, погодите која песна?

Нов гаф на премиерот! Ви го претставуваме Зоран Заев и “Стрејнџрс ин д најт”https://twitter.com/svetlin_a/status/1116073821663059968?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1116073821663059968&ref_url=https%3A%2F%2Fmarkukule.mk%2F%25d0%25b7%25d0%25b0%25d0%25b5%25d0%25b2-%25d0%25b7%25d0%25b0%25d0%25bf%25d0%25b5%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b1%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2583%25d1%2588%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25b0-%25d0%25b3%25d0%25be-%25d0%25bd%25d0%25b5%25d0%25bc%25d0%25b0%25d0%25b2%25d1%2582%25d0%25b5%2F

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Хортикултурно ќе уредуваат делови од Општина Центар - „Рептил Маркети“ е првата компанија – донатор

Општествено одговорни компании хортикултурно ќе уредуваат делови од Општина Центар - „Рептил Маркети“ е првата компанија – донатор. На последната седница на Советот на Општина Центар беше усвоено барањето на компанијата „Рептил Маркети“ за донација во хортикултурно уредување на јавна површина на територијата на Општина Центар.Станува збор за фрекфентна локација во централното градско подрачје која се наоѓа пред кулата на главниот влез на Зелен пазар. Активностите за уредување на просторот започнуваат оваа сабота и истите ќе опфатат ревитализација на постоечко и засадување ново зеленило,245 м2 комплетно нова тревна површина и 100 м2 нова пристапна патека, со што хортикултурно целосно ќе се уреди овој простор.Компанијата „Рептил Маркети“ е првата компанија-донатор која на сопствена иницијатива ја обезбеди донацијата. Со оглед на успешната соработка помеѓу „Рептил Маркети“ и Општина Центар, општината започнува проект во кој, со донација за уредување на паркови и други јавни површини, можат да се вклучат и други општествено одговорни компании.За таа цел, во наредниот период општината ќе достави барања до компаниите кои опстојуваат на територијата на Општина Центар за уредување на просторот, пред сé, околу нивните објекти, но и до други компании кои сакаат да дадат свој придонес во уредување и разубавување на центарот на градот.

Скопје | пред 7 години

paten-nalog-kazna

Казна од 100 евра за избледена таблица

На ѕидот на сообраќајниот срам објавена е фотографија од прекршочен платен налог, на кој се гледа дека Лице треба да плати глоба од 100 евра поради избледена таблица.Лавина од коментари за само половина час, под објавата. Поголемиот дел од нив се однесуваат на тоа кој е крив за избледената таблица, сопственикот на автомобилот или пак производителот на таблицата.Во продолжение линкот од објавата:https://www.facebook.com/groups/437002943097808/permalink/1553758941422197/

Македонија | пред 7 години

jabolci

Кривична за поранешниот секретар на општина Сопиште - потпишал дозвола за експлоатација на локалитетот „Јаболци“

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Б.Д.(69) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, како службено лице, секретар на општина Сопиште, во текот на 2012 година, иако знаел дека согласно член 392 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата општината не е надлежен орган за утврдување на режимот на сообраќај и за издавање на „Согласност за приклучување кон регионален пат“, во име на општина Сопиште изготвил и со свој потпис и печат на општината заверил и издал „Сообраќајна согласност“ на правно лице од село Батинци, како концесионер на концесионото поле-варовник на локалитетот „Јаболци“.Така изготвената и издадената документација за добивање на Дозвола за експлоатација согласно член 55 од Законот за минерални суровини, од сопственикот на правното лице била употребена и приложена во прилог на поднесеното Барање до Министерството за економија. Од извршениот увид и преглед на податоци на извршена експлоатација било утврдено дека правното лице прибавило противправна имотна корист во износ од 35.641.056,оо денари.

Македонија | пред 7 години

lisici

Албански државјани илегално преминувале граница

На 10.04.2019 во 12.50 часот, кај место викано „Кривска крстосница“, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор „Блато“, поради обид за илегално преминување на државната граница од Р.С.Македонија кон Р.Албанија, ги привеле албанските државјани Е.М.(20) и Ш.М.(56). Тие биле предадени на инспектор при Регионалниот центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев и Пендаровски се лице и опачина на една иста паричка

Заев и Пендаровски се олицетворение на коруптивни политики и на класичен грабеж на парите на граѓаните. Откако СДСМ и Заев дојдоа на власт, државата осиромашува, граѓаните живеат во беда, а Заев и картелот околу него се богатат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Економијата е на дното поради катастрофалните политики кои ги води владата на СДСМ.Во услови кога цела Европа забележува високи стапки на раст на БДП, македонската економија стагнира.Во недостиг на сопствени инвестиции кои што би обезбедиле нови работни места и обезбедување на подобар живот, Зоран Заев се фали и слика со странски инвестиции кои што ги донесе ВМРО-ДПМНЕ.Чагатај Кабло, ВИК од Германија, Кеслер, Диатек, се инвестиции донесени од владата на ВМРО-ДПМНЕ додека инвестициите Теламон, Мурат Тичер, инвестицијата Дура се инвестиции со кои ВМРО-ДПМНЕ имаше преговори за нивно инвестирање во Македонија.СДСМ и Заев докажаа дека немаат капацитет за носење на странски инвестиции, ниту пак за подобрување на условите за инвестирање на домашните фирми.Граѓаните се уште немаат видено никаков бенефит од криминалниот картел предводен од Заев, а СДСМ единствено што успеаја досега да направат е да ги зголемат бизнисите на своите функционери, на сметка на граѓаните кои се повеќе осиромашуваат.Ова е одраз на неспособноста, некадарноста и неработењето на Владата на СДСМ, Заев, Тевдовски и Анѓушев.Заев ниту знае а ниту умее да ја води македонската економија затоа граѓаните на 21 април на Пендаровски и на СДСМ ќе му кажат едно големо НЕ,а тоа ќе го потврдат и на 5 мај.Граѓаните заслужуваат претседател кои ќе води грижа и кои конечно ќе ја донесе правдината во Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

1-8

За непрописно паркирање изречени 139 казни во изминатото деноноќие

Седум лица се полесно повредени во четири од вкупно девет сообраќајки  регистрирани ви изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје.За брзо возење се санкционирани 19 возачи,  а исто толку биле исклучени од сообраќај, 16 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца почетници. Исклучени се од сообраќај и 13 нерегистрирани возила.Мерки за непрописно паркирање се изречени за 139 возила, а „пајакот“ подигна 79. Санкционирани биле седум возачи кои поминуваат на крстосница на црвено светло и тројца за недевањае превнство на минување.За користење мобилен при возење се казнети 23 возачи, а  десет за неносење сигурносен појас.

Скопје | пред 7 години

ujp

УЈП објави листа на должници – еве кој колку и’ должи на државата

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.04/2019 за долгови доспеани до 31.12.2018 и неплатени до 31.03.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; иповисок од 300.000 денари за правните лица.Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.На Листата на должници бр.04/2019 објавени се 1859 должници – правни лица (пoмалку за 130 од претходната листа) и 2226 физички лица (помалку за 80 од претходната листа).Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2019 изнесува 9.517.248.764 денари, помалку за 396.868.347 денари од претходната листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 9.376.977.666 денари (помалку за 395.900.195 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 140.271.098 денари (помалку за 968.152 денари од претходната листа), информираат од Управата за Јавни Приходи.

Македонија | пред 7 години

tevdoski-1

Тевдовски: Очекуваме растот на странските директни инвестиции да се удвои на 5% од БДП

Се очекува растот на странските директни инвестиции да се искачи на над 5% од БДП, одржливо ниво, во периодот по пристапување во НАТО. Ова е двојно повеќе од просечната стапка на раст на странски директни инвестиции во Република Северна Македонија во изминатите пет години. За нашата земја ова ќе значи поголема вработеност, подобро платени работни места и повисок стандард за живеење. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски во своето обраќање на реномираниот „Bush School of Government and Public Service” А&M Универзитетот во Тексас, зборувајќи за напредокот на земјата и ефектите од истиот.-Членството во НАТО имаше огромно влијание на другите земји од регионот. Ако го споредувате периодот пред и по пристапувањето кон НАТО, странските директни инвестиции како процент од БДП кај некои од земјите се удвоија, додека кај други дури се триплираа. Не гледам зошто Северна Македонија би била исклучок од ова. Ако изминатите 5 години просечната стапка на раст на странски директни инвестиции како процент од БДП беше релативно ниска и изнесуваше околу 2,5%, очекувањата се дека во следниот период тие ќе се искачат на одржливо ниво од над 5% како процент на БДП– рече Тевдовски.Тој истакна дека како министер имал бројни контакти со странски инвеститори, корпоративни и финансиски и дека секогаш предмет на интерес на тие средби било и прашањето за политичка стабилизација, за решение за спорот со името и за прогресот во интеграциите кон ЕУ и НАТО.-На економски план Северна Македонија е стабилна, западно ориентирана земја. Со политичката стабилизација, договорот со Грција и прогресот во евроатланските интеграции ги елиминира политичките пречки и дава основа за повисоки инвестиции и економски раст во периодот кој доаѓа. Членството во НАТО е гаранција за стабилност и долгорочна одржливост. Затоа верувам дека економските бенефити ќе бидат брзо видливи – повисоките странски, како и домашни инвестиции ќе резултираат со повисок извоз, повисока вработеност и плати и повисок животен стандард за граѓаните-рече Тевдовски.Министерот за финансии посочи дека земјата  успешно ја задржала макроекономската и финансиската стабилност, како и дека очекува тоа да се задржи и во иднина. Тој рече дека денарот е стабилен, инфлацијата ниска и стабилна, дефицитот на тековната сметка низок, банкарскиот и финансискиот систем стабилен, додека државниот долг е меѓу најниските во регионот и Европа. Исто така истакна дека економијата на земјата е блиску поврзана со ЕУ, така што 80% од извозот е во земјите во ЕУ, околу 80% од странските инвестиции доаѓаат од Унијата, а исто така и три четвртини од банките се со странски капитал, повторно од ЕУ.Инаку, Bush School  of Government and Public Service” е една од најдобро рангираните школи во САД за јавна администрација, меѓународни односи и надворешна политика. На „Bush School of Government” обраќања и предавања држеле гувернери, конгресмени, сенатори, амбасадори и познати универзитетски професори. Затоа ова е одлична можност за промовирање на нашата земја, како и реформите и напорите кои ги прави во насока на евроатланските интеграции и економски развој.

Македонија | пред 7 години

zoran-zaev-4-696x405

(ВИДЕО) Заев со нов гаф, овој пат се изгуби во преводот

Ова може да е еден од ретките моменти на искреност на Зоран Заев откако тој е активен на македонската политичка сцена. Имено Заев обидувајќи се да се додвори на гласачите Албанци во Тетово, прозборе на албански јазик, но наместо како ,,Стрејнџрс ин д најт”, ,,Сe изгуби во преводот” па си призна. Од Тетово тој кажа ,,Së bashku për para” што преведено на Гугл транслејт значи ,,Заедно за парите”, пишува Инфомакс.https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/310220149668025/

Македонија | пред 7 години

10.4.kradec-696x411

Си купи остров од 8 милиони долари, а потоа го фатија како краде во супермаркет

Ендрју Липи е обвинет за кражба во вртедност од 300 долари од супермаркет, соопшти полицијата на Ки Вест. Пред неколку дена тој беше споменат во локалните медиуми, како нов сопственик на островот Томсон, вреден 8 милиони долари.Милионерот ги отфрла обвиненијата и вели дека му направиле трговски трик. Но , кога полицијата видела дека украдените предмети се добро осмислени, го пријавила во обвинителството.Тој во кошницата ставил машина за кафе од 55 долари, а во кутијата имало апарат што чинел 150 долари.Во кутијата на скапиот апарат Липи спакувал баскет. Липи бил пуштен од полиција, откако бил испрашан и треба да се појави на суд на 18 Април.

Свет | пред 7 години

Screenshot_43-1

Пендаровски ќе ги спаси Турците од Каурите: По заминувањето на Османлиите, останавме сами во оваа каурска држава

Инфомакс објави видеоснимка на која претсдателот на Демократската партија на Турците во Македонија, Бејџан Илјас упатува низа на навреди кон македонската држава и народ. Демократската партија на Турците го поддржа Стево Пендаровски на овие претседателски избори.На собирите на кои агитира за Пендаровски, Илјас погрдно вели вели дека Турците во Македонија живеат во каурска држава.100 години бopбата ни продолжува. По заминувањето на Османлиите, Турците и сите муслиманите останавме сами. Останавме сами скоро 100 години во оваа каурска држава со каурите.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Без струја дел од Карпош и Центар

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, во периодот од 10.30 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Христо Смирненски бр. 38 во општина Центар и во периодот од 11.30 до 14 часот корисниците од зградата бр. 17А на улицата Московска и околните објекти во општина Карпош.

Скопје | пред 7 години

reka

Река: Дојде време за претседател Албанец

Кандидатот за претседател Блерим Река денеска ја продолжи неговата кампања во Брвеница каде беше во придружба со лидерот на Алијанса на Албанците, Зиадин Села како и со лидерот на движење Беса, Билал Касами.-Дојде време за претседател Албанец, затоа што и Албанците се граѓани на оваа земја. За да може да го живееме концептот за една Република за сите, треба да постои реална еднаквост, а не само формална за сите граѓани на оваа земја. Македонија како мултиетничко општество не може да функционира како моноетничка земја. Затоа на 21 април вашиот глас е глас за промена, глас против корупцијата и против неправдата, рече Река.

Македонија | пред 7 години

Korica

Коле Ангеловски напиша книга за работниот век во Драмски театар

Деновиве од печат излезе книгата „Педесет години во Драмски...и клоцата во...“ на Коле Ангеловски, македонски театарски и филмски актер, театарски и филмски режисер, сценарист, писател, раскажувач и амбасадор на македонската култура.Книгата, всушност, е своевиден автобиографски запис за работниот век од педесетина години што легендата на македонскиот театар Коле Ангеловски ги помина во Драмскиот театар во Скопје како актер и како режисер, но и искрена приказна за самиот театар, за луѓето во него и со кои работел, за претставите кои ги режирал, за успесите и наградите, но и за разочарувањата што ги доживеал. Впрочем, самиот автор за книгата вели:„Мојот живот во Драмски, пред се, беше огромната љубов кон Театарот и луѓето во него. Ова е многу субјективна и носталгична приказна за работите мене ми се случувале и, ако во овие мои писанија некој се почувствува навреден или обесправен, да знае дека не е со зла мисла, а може да е со намера.Ова е приказна за луѓето во Драмски, директорите, актерите, техничките директори, сценските работници, инспициентите, електричарите, тонските мајстори, шивачите, шминкерите, реквизитерите, администрацијата, чистачките, портирите.... за ходниците, тајните места во театарот, чигите, рефлекторите, прашината, провевот... за бифето, разговорите, песните, кавгите и тепачките...Ова е приказна за претставите, пробите, животот во Театарот, за патувањата, турнеите, гостувањата, фестивалите...Сето ова јас го доживеав, но кој знае, можеби и не било баш така?!“„Педесет години во Драмски... и клоцата во...“ ја красат и педесетина фотографии од најзначајните претстави што Коле Ангеловски ги режираше на сцената на Драмскиот театар, а содржи и индекс на театарски текстови што тој ги напишал и на театарски текстови што тој ги превел.Рецензенти на книгата се Сашо Тасевски, актер во Драмскиот театар, и Свето Стаменов, новинар и публицист, кој е и уредник на изданието.

Магазин | пред 7 години

milenko-nedelkovski

Миленко: Со концертот на Бени Шаќири и Ориѓански, СДСМ ќе го крши молкот

Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил објави дека сите општински комитети на СДСМ имаат наредба да купат билети за концертот на Бени Шакири и Златко Оригански во Филхармонија вечерта пред прв круг избори.“Сите општински комитети на СДС (не заслужуваат М) имаат добиено наредба да купат билети за концертот на Бени Шакири и Златко Оригански во Филхармонија вечерта пред прв круг избори.Јасна е намерата на Заев и Пендаровски на овој начин, со помош на своите партиски дупеувлекувачи, да го изманипулираат законот во врска со 2-та дена изборен молк. Не зна, до Обвинителство, допре ли гласот?”, стои во објавата.

Коментари | пред 7 години

avtopat-tetovo-skopje

Важни информации за сите кои тргнуваат на пат

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.Од 10.04. екипите на ЈП Македонијапат работат на расчистување на снежните наноси и целосно оспособување за сообраќај на патниот правец Маврово - Галичник. Работите ќе траат во наредните два до три дена до целосно расчистување.Г.П Илинден-Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи изградба натпатник за тирз зоната Струга на,регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека поради изведување на градежни работи за изградба на електронски системи за наплата на наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 на магистрален пат А1, делница Демир Капија – Гевгелијаи обратно, сообраќајот ке се одвива согласно oдобрението за времен режим.Од 08.04.2019 до 11.04.2019 се изведуваат градежни активности за поставување на индуктивни јамки на Автопатот А1, делница Миладиновци - Куманово(стара наплатна станица Романовце) за што има промена на режимот на сообраќај.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид(Отешево - Трпејца, преку национален парк Галичица) од 15.11.2018 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да соообраќаат само до месноста “Kорита”.Се очекува да биде отворен на 01.05.2019 год.На 04.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат Кавадарци - с.Мрежичко воведена е забрана за ТМВ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

oliver-spasovski

Министерот Спасовски со критики дека судството не е реформирано

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека намалувањето на затворската казна на возачот кој ја прегази студентката Фросина Цековска од Крива Паланка покажува дека судството не е реформирано, пренесе порталот СДК.„Одлуки на суд не коментирам. Но ова што се случи со студентката од Крива Паланка, покажува колку треба да се реформира судството. Судски одлуки не се коментираат, но судски одлуки кои се лоши за државата и поединецот, заслужува да се реагира. Минавме тежок период од 11 години кога правилата станаа исклучоци а исклучоците правила, во кој се промени менталитетот на граѓаните, одговори министерот Спасовски на прашање од граѓанин на трибина во Велес, за безбедноста во сообраќајот.

Македонија | пред 7 години

1-2-2

Пендаровски: Десет години државата ја водеше човек кој го делеше народот

Со ваша поддршка за избор на претседател давате ветер во грб на оваа владина структура која за само две години направи многу важни работи за државата како што се договорите со Бугарија, Грција и законот за јазици со што е затворен Охридскиот рамковен договор. Со сето тоа Северна Македонија ја делат само два месеци од приклучокот кон Европската Унија, каде освен географски се обидуваме и културолошки и политички да бидеме составен дел, порача претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски од митингот во Тетово.-Десет години државата ја водеше човек кој го делеше народот и се интересираше само за неговите од партијата и етничката заедница. Но ние не велиме така. И пред пет години и сега рековме дека на Македонија и треба заеднички претседател. Наместо пари за споменици и слични глупости време е парите да одат кај народот. Од 2006 до 2016 се иселија повеќе луѓе отколку во првата деценија од самостојноста, рече Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Силјановска: Правам грешки, но барем не навредувам

Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Македонија со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, синоќа во „Отворено студио“ на телевизија Алфа рече дека прави грешки на митинзите, мислејќи на имињата на градовите, но вели дека тоа е подобро отколку да се користи со навреди.-Кога одам на повеќе дестинации сакам да знам за сите проблеми на населението, се концентрирам на тоа и понекогаш се прават технички грешки, некогаш надвор кандидатите прават намерно такви грешки и се извинуваат, изјави Силјановска, која потенцираше дека од неа ниту некој чул, ниту ќе чуе понижување, навреда како што може да се слушне од еден од кандидатите во кампањата, рече Силјановска.За новото уставно име рече дека навлегува во правото на самоопределување, но дека не планира да го „пречкртува“.- Ми пречи „решението“. Ниту сум сопственик ниту креатор на ваквата кованица. Отуѓен и нетранспарентен беше процесот. Спротивно на уставот и меѓународното право. Не можам да пречкртувам, но прво ќе се обидам да укажам на заканите по меѓународното и домашното плата. Повикувајќи се на правото и правдата најпрво и укажам а потоа и ќе се обидам да го ревидирам, вели Силјановска.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Облачно со врнежи од дожд, викендов пад на температурите

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови.Утринската температура ќе се движи од два до 10 степени, а дневната температура од девет до 23 степени.Во Скопје ќе биде ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 19 Целзиусови степени.Максималните дневни температури ќе бидат во Маврово 10 степени, Пхрид 15, Битола 17, Кавадарци 21, Крива Паланка 16, Берово 15, Дојран 23 степени.Продолжува периодот на променливо и нестабилно време со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат од петок попладне, во текот на ноќта и во сабота, кога ќе има пад на дневната температура.

Македонија | пред 7 години

56816041_10218242931607796_396725416166948864_n

(ФОТО) Ќосето од ќелија: И во зандани пише аго „Слобода или смрт“

Осудениот за настаните од 27 април, Горанче Ангеловски Ќосето на својот фејсбук профил постави фотографија со натписот „Слобода или смрт“.Тој беше осуден на 12 години затворска казна, поради инцидентите во Собранието во 2017 година.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10218242931567795&set=a.10203558928996908&type=3&theater

Македонија | пред 7 години

siljanovska-1

Силјановска до Пендаровски: Да се биде залутан патник во политиката е предност

Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова преку Фејсбук порача дека не е „Залутан патник во политиката“, препознавајќи се во рекламните спотови на кандидатот од власта.„Во некои од рекламните спотови на кандидатот од власта, се зборува за „Залутан патник во политиката.“ Да потсетам на некои работи кои, очигледно, на кандидатот од власта не му се познати. Имено, живееме во време кога дискусиите во Европа се во правец на што поголемо владеење на правото во земјите членки, но и на оние кои сакаат да бидат дел од неа, како и казнување на оние земји што не го почитуваат владеењето на правото.Овој тренд бара нови лица. Многу „залутани“ личности се врвни европски и светски политичари. Еве и Словачка ја избра првата жена претседателка. Истакнатата адвокатка се појави на политичката сцена директно од судницата. Или треба да ве потсетам на Макрон и на неговото деби во политиката? Да се биде аутсајдер во политиката или залутан патник, како што мојот противкандидат милува да каже, е предност и тренд во Европа.На граѓаните во Македонија им е преку глава од лажни ветувања на вообичаеното лице на политиката. Граѓаните сакаат голема промена со лице кое нема багаж.Јас, докажана во академската работа, докажана како експерт, со целиот интегритет и непроменливост на ставови, бидејќи се основаат врз право и наука, ќе го прекинам трендот на лажни политичари, ќе ја воспоставам правдата и ќе ја вратам довербата на граѓаните во државата.Можеби имам различен стил од сите досега, но затоа сум сигурна дека сум вистинската промена! Јас сум страстен поборник за право и правда, за почитување и заштита на човековите права по сите основи и за еднакви можности за сите“, се вели во објавата.

Коментари | пред 7 години

46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

Мицкоски: Пендаровски е избран на мафијашки начин во скап и луксузен хотел

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на митинг во Сопиште се обрати пред граѓани, истакнувајќи дека Пендаровски е избран на мафијашки начин во скап и луксузен хотел, додека Силјановска Давкова е избрана на демократски начин на Конвенција во Струга со огромно мнозинство од страна на делегатите на ВМРО-ДПМНЕ.-Зошто он вели дека е 102, 5 проценти е ист како Зоран Заев, затоа што на деспотски начин во мафијашки стил во еден скап и луксузен скопски хотел беше назначен од страна на Зоран Заев. За разлика од него ВМРО-ДПМНЕ имаше внатрепартиска дебата деветмина кандидати се пријавија, делегатите на Конвенцијата во Струга во огромно мнозинство својот глас го дадоа за идниот претседател а тоа е Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и тоа претставува пример на една внатрепартиска демократска дебата, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања