Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

stamenkovski-zaev

Советник на Заев се заканувал на вработена во Kpивичниoт cyд

Вработена во Kpивичниoт cyд во Скопје денес до cyдcкaтa пoлициja пријавила дека од страна на шeфoт на одделението за човечки ресурси била вербално нaпaднaтa во моментот кога пристигнала на нејзиното работно место, пренесува Инфомакс.Горан Стаменковски, шeфoт на одделението за човечки ресурси, кој и досега беше пpиjaвyвaн во пoлициja за нaпaд врз службеници во Kpивичниoт cyд, утринава повторно нaпднaл вработена во судот.Како што стои во поднесокот кој го напишала нападнатата вработена, Стаменковски влегол во нејзината канцеларија и на виcoк тoн и се зaкaнyвaл „ќе видиш што ќе ти направам“ и „зaбopaви на твоето работно место“.До ваква реакција од Стаменковски дошло откако, според поднесокот на нaпaднaтaтa, нe била отворена една од вратите во судот, која според интepните правила треба да биде зaклyчeнa и да се отвора само по потреба и со претходна најава.Во текот на вчерашниот ден пак, дека била нaпaднaтa се пoжaлилa и една од xигиeничapкитe во cyдoт Б.А.Горан Стаменковски е и еден од совентиците на премиерот Зоран Заев.Шeфoт на одделот за човечки ресурси во Kpивичниoт cyд е советник на премиерот Зоран Заев. Горан Стаменковски е дел од 56 советници, зaдoлжeн да го подучува претседателот на владата за coиjaлни прашања. Стаменковски е на висока позиција во скопска единица или раководител на администрацијата во судот.Тој во владата е ангажиран како надворешен соработник, но според владата, нeмa cyдир на интереси.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

При ископ на улица откриена артилериска граната

На 10.04.2019 во СВР Битола, Ј.Ѓ.(28) од Битола пријавил дека при ископ на земја на улица „Бимбил Камен“ во Битола била откопана стара артилериска граната калибар 75 мм од Првата светска војна. Гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Македонија | пред 7 години

aerodrom-skopje

Струмичанка омаловажувала полицискиот службеник на „Аеродром Скопје“

 На 10.04.2019 околу 12.00 часот на Граничен премин „Аеродром Скопје“, при пасошка контрола, М.Ј.(48) од Струмица го омаловажувала полицискиот службеник и агресивно се однесувала. М.Ј. е приведена, а по целосно расчитување на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 7 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Го продала станот, за да изградат заедничка куќа, но сега „не ја познаваат“

На 10.04.2019 година во 19.20 часот во СВР Штип, С.К.(59) од Штип пријавила дека била измамена од лицата В.К.(43) и С.К.(42) од Штип.Според пријавеното, во јуни 2018 лицата ја довеле во заблуда С.К. под изговор дека ќе изградат заедничка куќа на ул „Христијан Карпош“ во Штип, доколку го продаде нејзиниот стан на ул„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип. Како што пријавила С.К., во јули 2018 го продала станот и парите ги дала на В.К. и С.К.. Според пријавеното, тие ја оставиле да живее во импровизирана куќа, по што таа во повеќе наврати се обидувала да разговара со нив, но тие не и одговарале. По одреден период С.К. заклучила дека е измамена. Лицата В.К. и С.К. биле повикани во Полициската станица Штип и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

markova-reka

5 годишно девојче се удави, додека родителите биле на свадба

На 10.04.2019 во 15.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на стариот пат за с.Батинци, скопско, петгодишно девојче, додека играло со други деца, а нејзините родители присуствувале на свадба, паднало во Маркова река. Лекар од ИМП констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.

Скопје | пред 7 години

hrana-zatvor

Во храна донесена за осуденото лице, надзорник пронашол марихуана

На 10.04.2019 во Полициска станица Струмица било пријавено дека истиот ден во 18.15 часот надзорник во Затвор Струмица, при рутинска контрола на храна која била донесена за осуденото лице Т.Н., пронашол марихуана. Марихуаната била одземена и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Марихуана, семки од марихуана и катран пронајдени во домот на 55 годишен жител од Стојаково

На 10.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Г.А.(55) од село Стојаково, општина Богданци. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, семки од марихуана и катран. Лицето било лишено од слобода и приведено во Полициската канцеларија Богданци, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

IMG_0045

Полуматуранти од ООУ „Кузман Шапкарев“ од Драчево се запознаа со работењето на графичката компанија БАТО & ДИВАЈН

Проектот на Општина Кисела Вода кој има за цел на деветоодделенците од општинските основни училишта да им помогне при изборот на идната професија продолжува да се одвива со посета на фирми кои егзистираат на територијата на општината.Денеска полуматурантите од ООУ „Кузман Шапкарев“ од Драчево ја посетија графичката компанија, специјализирана за индустриско производство, за високо технолошко печатење „БАТО & ДИВАЈН“.Вработените во компанијата ги запознаа ученциите со нејзиното функционирање, професиите кој им се потребни за успешно работење на истата, а заедно со нив ги разгледаа и производствените капацитети, машините на кои се врши печатењето.Додека, во одделот за дизајн и подготовка кој е составен дел од севкупниот процес до изработка на финален производ учениците се информираа и за потребните вештини кои треба да ги поседуваат за таа работа. Учениците имаа можност да видат и дел од готовите производи.Посетите на индустриските капацитети/фирми кои гравитираат на територијата на општината ќе продолжат да се одвиваат до крајот на мај. 

Скопје | пред 7 години

Izbori

(ВИДЕО) Предизборна песна без „Влакна на јазик“

Предизборна песна се шири на социјалните мрежи, каде Драгиша Трајановиќ рецитира, а во позадина се слушаат звуци од песната Судбо моја....Во дел од песната Трајановиќ вели:„Слушајте ме политичари, маќедонци и шиптари ..И ВМРО овци и комунањи, националисти и комунисти, сви сте исти. Слушајте ме ВМРО и СДСМ до кд, ќе не јавате , ма идите у п.м ... ма у ..... п .м да идете сви Што да сам културан кад сте олуш сви.Много је тешко и голема је мука, кад неможеш преко вибер да го разбереш унука. Нека је јасно и нек се чује гласно , некад стране силе, Македонију су го делиле, ама наши кретени на власт су го иселиле ....Во продолжение слушнете ја целата предизборна песна на Драгиша Трајановиќ.https://www.facebook.com/trajanovic/videos/10216135220668151/

Македонија | пред 7 години

krazba-market

Поднесено обвинение за кражба во маркет

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 23.03.2019 година од маркет во населбата Хиподром на дрзок начин одзел парични средства во вкупен износ од 18.000 денари со намера противправно да ги присвои. Тој најпрвин влегол во маркетот, од фрижидерот зел шише сок и се упатил кон касата за наводно да плати. Притоа видел дека касата е подотворена, го искористил моментот на невнимание на сопственичката на маркетот и од касата ги одзел парите. Кога оштетената го забележала, тој ја оттурнал и веднаш го напуштил местото.Ценејќи дека и натаму постојат законските основи заради кои на лицето првично му беше определена мерка притвор, а кои се однесуваат пред се на опасноста тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на притворот.

Скопје | пред 7 години

pretepan

Отворена постапка против тројца малолетници и едно полнолетно лице за извршено насилство

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против едно 19-годишно лице, како и против тројца малолетници на возраст од 17 години, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 11.02.2019 година, по завршување на ракометен натпревар во спортската сала „Антон Димитров“,  пријавените во група извршиле грубо насилство врз четворица играчи на еден ракометен клуб, родени 2001 година. Тие ги следеле ракометарите до автобуската станица кај Трговскиот центар Бутел. Притоа, без причина се нафрлиле најпрво врз еден, а потоа и врз останатите оштетени, удирајќи ги по главата и телото со метални шипки, тупаници и клоци и нанесувајќи им повреди по главата и телото.На 02.04.2019 година, полнолетниот пријавен со уште двајца од малолетните пријавени, во близина на СМУГС „Панче Караѓозов“ извршил уште едно кривично дело  – Насилство. Имено, пријавените почнале грубо да малтретираат и физички нападнале две лица, на возраст од 17 и 18 години, удирајќи ги со тупаници и клоци, како и со тврди предмети. На овој начин на оштетените им нанеле повреди во пределот на главата и телото, а кај останатите присутни предизвикале чувство на страв и несигурност.Во кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи е наведено дека постојат индиции дека осомничените го сториле кривичното дело од омраза, што ќе биде предмет на утврдување во текот на кривичната постапка.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерки на претпазливост против полнолетниот осомничен, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска да се јавува повремено кај надлежен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетените во двата настани.Постапката за пријавените малолетници е издвоена и за нив до Судот ќе биде поднесено Барање за поведување на подготвителна постапка. 

пред 7 години

Naum-stoilkovski

Стоилковски: Заев спротивно на законите во тек на избори распиша огласи за стотици вработувања

Државната комисија за спречување на корупцијата не го гледа тоа што целата јавност јасно го гледа. Антикорупциската комисија не гледа дека Зоран Заев спротивно на законите, во тек на избори распиша огласи за стотици вработувања кои ќе ги плаќаат граѓаните. ДКСК не гледа дека заради антидржавните и криминогените политики и заради неспособниот кандидат Стево Пендаровски, Зоран Заев се обидува со државни ресурси да придобие поддршка, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Државната комисија замижува пред фактот што десетици функционери на СДСМ одбиваат да достават одговор во врска со сомнежите за непотизам и за згрижување на своите блиски на добро платени места, во државните институции на трошок на граѓаните.ДКСК до ВМРО-ДПМНЕ достави заклучок по барањето согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во врска со вработувањето на мајки, сопружници, синови и ќерки на актуелни функционери.Образложението на ДКСК е скандалозно само по себе.Владата и СДСМ тонат во криминогеност. Транспарентноста од нивните усти е само празна флоскула, празни зборови, уште едно министерско место и можност за вработување партиски кадри. За СДСМ не постои закон, не постои институција, не постои држава, постојат само криминогеност, корупција, непотизам и лага.Над 50 избрани и именувани функционери не пријавуваат промена кај своите роднини, кој каде бил вработен, именуван, унапреден. Тоа инаку е законска обврска, во рок од 10 дена од промената на работниот статус на роднините ДКСК да биде известена од функционерите.ДКСК за случување на корупцијата во одговор до ВМРО-ДПМНЕ потврди дека над 50 избрани и именувани функционери спротивно на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси не ја информираат Комисијата за именување или вработување, унапредување на член на неговото семејство во државен орган, орган на локалната самоуправа, јавно претпријатие или друго правно лице што располага со државен капитал, Меѓу овие над 50-те функционери, звучни презимиња и имиња од власта кои не поднеле пријава за промени до ДКСК, кои не го почитуваат законот, не се грижат за корупцијата, непотизмот, неказнивоста се и:1.Костадин Костадинов, пратеник, чија што тетка е вработена во ЈЗУ Општа болница Струмица.2.Фросина Ременски, пратеник, за назначување како член на надзорен одбор во ТЕЦ Неготино на првиот братучед.3.Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово за вработување на сестрата во учолиште во Куманово.4.Душан Вукадиновиќ, директор на рудници РЕК од Битола за вработување на сопругата во термоелектрана РЕК.5.Оливер Илиевски, Директор на Водостопанство, за вработување на сопругата во МВР - од 08.10.2018 година значи половина година.И низа други да не ги терам сега сите 50 примери, ги има од сите општини, во секое место, секаде каде што може да биде вдомен, да биде вработен некој близок, некој роднина.Внимавајте избрани и именувани функционери на власта на Заев не ја исполнуваат законската обврска, не ја регистрираат институцијата, што е многу индикативно! Ова непријавување е индикативно. Прво непријавувањерто е спротивно на транспарентноста во која што е мода да се колнат. Второ, непријавувањето значи и криење. Па што ли се крие, што ли би се открило ако овие и другите функционери ги пријават вработувањата на своите блиски во ДКСК? Дали ќе се открие вработување под притисок, дали ќе се открие не само непотизмот, туку и злоупотреба на положбата, трговијата со влијание, закани, местени вработувања и местени конкурси?Почитувани, долго време немаше антикорупциска комисија, ја открива ли ова однесување причината за тоа? Власта почитувани, покажува непочитување на комисијата и на законите!ДКСК мора да поведе постапка и мора да почне да се спроведува законот, со прекршочни казни за овие лица. Поминати се не 10 дена туку и половина година од некои случаи. ДКСК мора да се ослободи од притисокот на Зоран Заев и власта и мора да почне да го контролира незаконското работење. Се спротивно од ДКСК е поддршка и поттик кон нетранспарентноста на оваа власт, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

mickoski-izjava

Мицкоски: Енергијата е огромна, победата е извесна на 21-ви април а потоа потврда на истата на 5-ти мај

Отвораме уште еден штаб за идниот претседател на Република Македонија професорката Гордана Силјановска Давкова, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Премногу сме задоволни од досегашниот тек на кампањата, од она што граѓаните практично го реагираат на сите оние политики кои што ние ги нудиме, сите оние концепти кои што ги презентираме пред граѓаните, сето она кое што професорката Силјановска го презентира пред граѓаните на граѓанските собири, на оние митинзи кои што ги имаме ширум Македонија.Енергијата е огромна, победата е извесна на 21-ви април а потоа потврда на истата на 5-ти мај. Ќе биде една огромна победа за Македонија и прв чекор кон практично демонтирање на целокупниот оној Заевизам кој што изминатиот период се инсталираше и се монтираше во Република Македонија.Гледаме сосема поинаква реалност во Република Македонија, од она блескаме во светот на господинот Заев. Вчера стигна и една потврда од страна на Светската Банка, гледаме дека се наоѓаме убедливо на дното во регионот и во Европа, на 88-то место 21 место пад од рангирањето во 2017 година.Катастрофални се резултатите, одиме назад наместо да одиме напред. Сите оние розови политики и розови очила кои што ги има Зоран Заев многу скоро ќе бидат демонтирани и конечно Република Македонија ќе добие претседател најпрвин, а потоа и влада која што ќе ја води Република Македонија и граѓаните во Република Македонија кон една вистинска европска иднина, кон една просперитетна иднина, онаква каква што тие заслужуваат, а не ваква лажна, криминална која што денеска СДСМ и Зоран Заев ја нудат, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

asanz-apsenje

Сноуден: Предавањето на Асанж на британската полиција е „мрачен момент за слободата на медиумите”

Едвард Сноуден, американски разузнавачки агент кој доби азил во Русија, го осуди апсењето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Според него сликите од властите на Еквадор додека ѝ го предаваат Асанж на британската полиција се мрачен момент за слободата на медиумите, пренесува РТ..Сноуден во порака на „Твитер“ рече дека фотографиите од изнесувањето на Асанж, чија веб-страница е наградувана за новинарство, од Амбасадата на Еквадор ќе завршат во учебниците по историја.Критичарите на Асанж може да навиваат, но ова е мрачен момент за слободата на печатот“, напиша Сноуден на Твитер.Тој исто така објави скриншот од изјавата на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права на ОН од 21 декември 2018 година, во која се бара Обединетото Кралство да ги почитува своите меѓународни обврски и веднаш да му дозволи на Асанж слободно да си замине од Амбасадата на Еквадор во Лондон. https://twitter.com/Snowden/status/1116288726601277440?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1116288726601277440&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.brif.mk%2Fsnouden-go-osudi-apseneto-na-asanzh-ova-e-mrachen-den-za-slobodata-na-mediumite%2F

Свет | пред 7 години

staklena-jagula

Кинези помогнати од цариник шверцувале стаклена јагула, крајна дестинација требало да биде Куала Лумпур

СВР Куманово, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Л.Х.(44) од Народна Република Кина, со живеалиште Кралство Шпанија, В.В.М.(54) од Република Бугарија, Ј.П.(38) од Народна Република Кина, со живеалиште во Софија, Р.Бугарија, против С.П.(41) од село Режановце, кумановско и против И.А.(44) од Крива Паланка, вработен во Царинската управа на Р.С. Македонија, граничен премин „Деве Баир“ поради постоење основи на сомнение дека Л.Х. сторил кривично дело „криумчарење“ по член 278 став 2 во врска со кривичното дело „злосторничко здружување“ по член 394 став 1, дека В.В.М., Ј.П. и С.П. ги сториле кривичните дела „криумчарење“ по член 278 став 2 во врска со кривично дело „злосторничко здружување“ по член 394 став 2 и дека И.А. го сторил кривичното дело „криумчарење“ по член 278 став 5 во врска со кривично дело „злосторничко здружување“ по член 394 став 2 од Кривичниот законик.Л.Х. формирал криминална група за криумчарење на недозволени стоки и противправно набавил поголема количина стаклена јагула, која е редок подмладок на јагулите и претставува загрозен вид во Европа. Tранспортот на стаклената јагула требало да се изврши на релација Софија - Меѓународен аеродром Скопје до Куала Лумпур, Малезија, каде што како купувач се појавува лице по име С.Н. од Малезија.Л.Х. набавил 60 килограми на подмладок од стаклена јагула во вредност од 90.000 до 120.000 евра спакувана во 42 најлонски кеси со компресирен кислород кои ги сместиле во седум големи патни торби. J.П. набавил парични средства во кеш во износ од 10.000 евра во противредност на бугарски левови, по што на 03.04.2019 година Л.Х., В.В.М. и Ј.П. ги натовариле патните торби со стаклена јагула во комбе „Мерцедес“ со бугарска национална ознака. Откако обезбедиле авионска карта за патување за В.В.М. на релација Скопје-Истанбул-Куала Лумпур, заминале за Скопје. На граничниот премин „Деве Баир“ ги чекал С.П., кој имал задача да обезбеди непречин премин при царинска контрола на македонска страна. По пристигнување на царинска контрола кај И.А., тој без задржување ги пуштил да го напуштат граничниот премин без царинска контрола на багажот.Подоцна, на магистралниот пат Деве Баир-Крива Паланка-Куманово нивното возило било запрено од полициската патрола. При прегледот на возилото биле пронајдени седумте куфери со стаклена јагула, по што лицата биле приведени во СВР Куманово.

Македонија | пред 7 години

dijana3

Дипломира три дена по последна хемотерапија и порача: Не го трошете времето со токсични пријатели

Дијана Бачани од Мали Буковец во Хрватска помина низ вистински пекол и од таму се врати како победничка. Без компромиси. Не дозволи болеста да ја спречи да го оствари она што го зацртала во животот, па така додека ја примаше хемотерапијата успеа и да дипломира, објави glamur.mk.Таа своето искуство и борба го објави во статус на Фејсбук. Иако, како што вели, не сакала својот живот да го изнесува јавно, доживеала неизмерна среќа и тоа морала конечно да го сподели со другите. Имено, Дијана и покрај борбата со тешката болест и примање на хемотерапија успеа да дипломира на Универзитетот во Задар и стана дипломиран психолог.„Ова никогаш го немам направено ниту, пак, некогаш сакав да го објавувам мојот живот во јавност, но денес, поради огромната среќа, чувствувам дека сакам да ја раскажам мојата приказна. И тоа на сите оние кои мислат дека ним ништо грдо и лошо не може да им се случи, и сите оние на кои животот им ја сервира лоша торта, сите оние кои водат борба и не наоѓаат утеха. Точно е дека под мојата состојба се наоѓа една просечна 28-годишна девојка која само сака да ја поврати силата на својот срушен живот.Добив животен (не) пријателНа 27-та години добив дијагноза дека сум болна од рак на дебелото црево, и за момент не помислив дека мојот живот застана. Тој понеделник, 24 април 2018 година. Го сакав тоа или не, мојот животот се сврте наопаку. Неорганизиран живот, факултетските обврски, незавршени, и плус добив доживотен (не) пријател. Но, мојот живот се уште изгледаше исто, излегував со моите пријатели, пиев пиво, па дури и ќе запалев по некое цигаре, се смеев гласно, не покажувајќи ја болката и беспомошноста што се криеше зад неа. Тоа ме промени, одеднаш животот го гледаш поинаку, го гледаш сонцето поинаку рано наутро, ги гледаш луѓето поинаку.Оние кои те сожалуваат и оние кои никогаш не ти дозволиле ниту една лоша работа да ти помине низ главата.Не трошете го времето со токсични пријатели и колегиДијана потоа вели дека не треба да го трошите времето на пријателите кои се токсични и негативни. Вели дека не треба постојано да бараме изговори да ги задржиме овие луѓе во нашите животи. Таа потоа ќе се осврне на постојаното одење на хемотерапија и ќе им се заблагодари на сите доктори и сестри кои и помогнале да се избори со својот најголем (не) пријател. А три дена по завршувањето на хемотерапијата, таа стои со својата менторка и комисијата од факултетот и зборуваат за еутаназија. И тоа со дипломата во рацете.Борбата на Дијана се уште не е готоваТаа пред неа има се уште разни прегледи кај докторите, но она што е најважно е тоа дека не треба да се откажувате кога животот нема да ви ги подели картите што сте ги замислиле. Животот едноставно е планина, по која секојдневно се искачувате… И тука нема предавање!Текстот во целост на: glamur.mk

Магазин | пред 7 години

asanz

ВИДЕО: Уапсен основачот на Викиликс, Џулијан Асанж

Британската полиција денеска соопшти дека го уапсила основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Како што јави ДПА, Асанж бил уапсен откако ја напуштил зградата на Еквадорската амбасада во Лондон, каде престојуваше изминативе седум години.[embed][/embed]Скотланд јард соопшти дека полицајците само го спровеле налогот за апсење на 47-годишниот Асанж.Четириесет и седумгодишниот Асанж е баран и во САД, каде што Министерството за правда има покренато обвиненија против него за објавување тајни документи.Претседателот на Еквадор Ленин Морено изјави дека го има повлечено азилот на Асанж поради постојано прекршување на меѓународни конвенции.Асанж некои го доживуваат како херој, бидејќи како што сметаат, ги разоткрил владите по повод злоупотребата на овластувањата и го сметаат за борец за слободата на говор. За други тој е бунтовник кој ја загрозил безбедноста на САД.

Свет | пред 7 години

DSC_6024

Снежана Калеска –Ванчева: Иванов не смее ниту да помисли да амнестира осудени за настаните од 27 април

Јавноста веќе знае дека до Ѓорге Иванов се поднесени 27 барања за амнестија поврзани со настаните од 27 април. Но она што целата јавност треба да го знае и за коешто искрено се надеваме дека ќе го разбере и претседателот во заминување е дека во никој случај не треба да помисли на таков чекор, истакна Снежана Калеска -Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.Oва го говориме затоа што независно од неговата уставна можност она што членот 84 од Уставот му го дава, а тоа е да одлучува и за барања за помилувања во конкретниот случај зборуваме за барања за амнестија поднесени од осудени лица за настани којшто државата ја однесоа и можеа да ја доведат до работ на граѓанска војна.Се прашуваме дали во овие последни мигови на неговата функција како претседател на државата треба повторно да се втурне во една таква авантура.Дали треба да се држи строго на она што Уставот му го дава и она што го пропишува членот 11 од Законот за помилување или треба да се издигне конечно над она што значи политиканство, кое што го спроведува последните 10 години.Навистина се надеваме дека конечно разумот ќе завладее и дека до крајот на неговиот мандат, а тоа е до 5 мај кога ќе биде избран новиот претседател, овој претседател ќе каже НЕ на понатамошна амнестија.Граѓаните заслужуваат секој оној коишто направил криминал да одговара за криминалот особено кога зборуваме за криминал од такви размери.На 5 мај граѓаните ќе го добијат новиот претседател, господинот Стево Пендаровски коишто знаеме дека цврсто ќе застане на браникот на владеењето на правото и ќе ја поведе оваа држава напред кон евроатланските интеграции, кон ЕУ и што е уште поважно конечно во оваа држава граѓаните ќе имаат надеж дека владее правото, истакна Снежана Калеска -Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Македонија | пред 7 години

pres1

Георгиески : Современи улици - Безбеден сообраќај

Динамиката и текот на современото живеење ја наметнуваатпотребата од нови и функционални облици на мобилност за граѓаните и туристите во Охрид, особеново делот на сообраќајот. Во фаза сме на реализација на многу идеи и проектиза обезбедување насообраќајни решенија кои се важни за сите граѓани. Нашата цел е Охрид да добие инфраструктура која ќе овозможи негов одржлив развој како туристички и културен центар, истакна Константин Георгиески,кандидат за градоначалник на денешната пресс конференција на која што се презентираше дел од предизборната програма.Со поддршка на Министерството за транспорт започна реконструкцијата на главната сообраќајница во градот булеварот „Туристичка“. Минатата година ја реконструиравме улицата „Македонија“ во центарот на Охрид, а беа асфалтирани повеќе улици, тротоари и патеки во урбaните и руралните подрачја. Во тек е изработка на нова Сообраќајна студијаза Охрид, а имаме подготвено и значајни инфраструктурни проекти за реконструкција на неколку градски сообраќајници.Во план е реконструкција на улицата „МакедонскиПросветители”. За оваа улица веќе е  изработен основен проект и со негова реализација централното градско подрачје ќе добие  сосема нов и современ лик.По долги години, конечно го решаваме проблемот со улицата „Абас Емин”. Изработен е  проект за реконструкција,кој е предвиден во Развојната програма за уредување на  градежно земјипте и истиот ќе се реализира веднаш по реализацијата на проектите за реконструкција на водоводната линија, канализационатамрежа и атмосферската канализација на улицата. За овие три проекти е добиено одобрение за градба и истите се испратени до Министерство за транспорт и врски и се чека објавуавање на Тендер за реализација.Со поставување на атмосферската канализација, ваќе се започнати активности зареконструкција на улицата „Егејска” во целата нејзина должина од улицата „7-ми Ноември” до крстосницата со улица „Железничка”.  Во Развојната програма за уредување на градежно земјиште предвидена е и реконструкција на дел од улица „7-ми Ноември” од пресекот со улица „Егејска” до пресекот со улица „Железничка”, а во тек е подготовка на основен проект за реконструкција на улицата„1-ва Македонска Ударна Бригада”од крстосницата со „ПитуГули” до „Стобекс” - Делница 1.Во фаза на подготовка еи основен проект за рехабилитација на улицата „ЈанеСандански” од Кружен тек кај Гимназија до Кружен тек кај Болнички комплекс, а планирана е и реконструкција на улицата„АСНОМ” од пресек со Булевар „Туристичка” до пресек со улица „Карпош Војвода”.Со реконструкција на овиеулици, Охрид ќе добие сообраќајна мрежа во согласност со сите современи текови и ќесеовозможатусловизабезбеден и динамичен сообраќај, што е од исклучителна важност и за жителите  на Охрид и за туристите кои секојдневно го посетуваат градот.Работиме посветено, одговорно и домаќински, со цел да ги реализираме приоритетните проекти за Охрид и да обезбедиме подобра иднина за нас, нашите деца и за нашите поколенија. Само заедно можеме да имаме вистински и мерливи резултати!На 21-ви април да го заокружиме бројот 7 и да се одлучиме за уште една голем победа! Заедно Напред, За  Охрид, истакна Константин Георгиески,кандидат за градоначалник на денешната пресс конференција на која што се презентираше дел од предизборната програма.   

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Шилегов назначен за претседател на НАЛАС

Градоначалникот Петре Шилегов денеска беше назначен за претседател на Мрежата на здруженија на локалните власти од Југоисточна Европа (НАЛАС), на Генералното собрание на оваа значајна организација што се одржа во Скопје.Четиринаесеттото генерално собрание на НАЛАС што денеска се одржува во Скопје и во Велес обедини повеќе од 70 градоначалници, експерти од областа на локалната самоуправа и претставници од здруженијата на локалните власти од 12 земји кои ќе дискутираат на повеќе теми од областа на локалната самоуправа под мотото „Градовите како двигатели на економскиот раст – Визија 2030“.- Во согласност со однапред утврдената методологија на ротирачко претседателство, ја имам честа како претседател на ЗЕЛС во Република Северна Македонија, од денеска да го преземам претседателствувањето со НАЛАС. Во наредниот период очекувам дека голем број процеси што се важни за националните асоцијации членки на НАЛАС да ги придвижиме напред, особено процесите на децентрализација и фискална децентрализација. Очекувам дека ќе направиме обединување на асоцијациите на локална самоуправа во Албанија и дека по мајските избори во Грција ќе обезбедиме членство и на асоцијацијата на единици на локална самоуправа на Грција. Ни претстои динамичен период, работата во НАЛАС и во ЗЕЛС е за постигнување стандарди кои ќе ја олеснат работата на градоначалниците – рече градоначалникот Шилегов.На генералното собрание присутните ќе ја разгледаат работата на НАЛАС во 2018 година и работниот план за 2019 година, со акцент на напорите на мрежата за постигнување одржлив економски развој и справување со елементарни непогоди.Во текот на денот ќе се разгледува улогата на градовите и локалните власти во економскиот развој, како таа улога може да биде засилена за доброто на граѓаните  од Југоисточна Европа и кои се најдобрите примери од кои градовите може да научат.Настанот е организиран од НАЛАС и Светската банка – Програма за урбано партнерство на Австрија и претставува ретка можност избраните претставници да разговараат за децентрализацијата и да разменат позитивни искуства за да ги подобрат јавните услуги.Средбата има за цел да придонесе локалните власти да се наметнат како партнери на Европската комисија и Советот за регионален развој во спроведување на регионалната агенда за економски развој кој е резултат на Берлинскиот процес.НАЛАС ја сочинуваат 14 здруженија што претставуваат околу 9.000 локални самоуправи, директно избрани од над 80 милиони граѓани во Југоисточна Европа.Организацијата го промовира процесот на децентрализација, придонесува во процесот за помирување и стабилизација во регионот и во тој контекст придонесува за процесот за европска интеграција на целиот регион.НАЛАС има ротирачко претседателство. Градоначалникот Шилегов од денеска ќе претседава со оваа организација за регионална соработка во текот на наредната една година.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

МЗШВ: Се укинува забраната за движење во шуми и шумски подрачја

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на Јавното претпријатие “Национални Шуми” ја укинува забраната за движење во шуми донесена на 29.03.2019 година.Имено, Одлуката за делумна забрана за движење во шума беше донесена поради појавата на голем број шумски пожари, а се укинува поради тоа што во моментов согласно добиените информации од терен, нема активни пожари и нема опасност од појава на нови шумски пожари.Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство инфомрира дека екипите од Државниот инспекторат за земјоделство, Шумската полиција и Државниот инспекторат за шумарство и ловство и во следниот период ќе ја следат состојбата на терен.Воедно, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постетува дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, сочласно член 23 од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/09, 82/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15, 147/15, 193/15 и 83/18) и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.За непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Потпишан Договор за заштита на животната средина со Бугарија

Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за животна средина и води на Република Бугарија денеска во Софија потпишаа Договор за соработка во областа на животната средина и заштитата на водите. Договорот го потпишаа  Министерот за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и води на Република Бугарија  Садула Дураки и Нено Димов.Двајцата министри ја потенцираа подготвеноста да ги зајакнат добрососедските и пријателски односи и да ја продлабочат соработка во правец на зачувување и заштита на природните ресурси, но и во олеснување интегративните процеси на Република Северна Македонија кон Европската Унија.

Македонија | пред 7 години

makedosnki-vojnik

Спречен обид за насилен влез во касарната „Гоце Делчев“, едно лице рането

Војникот што бил на стража, постапувајќи според пропишаните процедури и постапки, рано изутрината во 2:53 часот спречил обид за насилен влез во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, информира Министерството за одбрана.Војникот повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрела во воздух.-Лицето и понатаму се оглушувало на предупредувањата при што со еден од истрелите бил погоден во петицата на десната нога. Согласно процедурите му била пружена прва помош и бил транспортиран во болница. Веднаш се известени надлежните истражни органи, соопшти Министерството за одбрана.Воена полиција, МВР и јавен обвинител излегле на местото на настанот. Сите релевантни информации и докази за настанот се предадени на надлежните органи кои работат на расчистување на случајот. 

Македонија | пред 7 години

sv-kiril-i-metodij

Скопје и Софија се согласија за чествувањето на Свети Кирил и Методиј

Денеска во Софија продолжија разговорите на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија. Бугарската Бгнес, повикувајќи се на изјава на копретседателот на Комисијата од бугарска страна Ангел Димитров, објави дека двете страни постигнале согласност за чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј.Директорот на Институтот за национална инсторија Драги Ѓорѓиев, кој го предводи македонскиот тим историчари, оценил дека е постигнат сериозен напредок само за неколку месеци, посебно околу историските несогласувања меѓу двете земји во периодот на 60-70 години од минатиот век.Копретседателот на Комисијата од бугарска страна Ангел Димитров  констатира дека успехот во Комисијата ќе биде постигнат тогаш кога „на воздржан начин ќе се каже историската вистина“. Тој нагласи дека несогласувањата се однесуваат на учебниците за основните училишта во Северна Македонија.Се очекува денеска на крајот од дводневната средба во Софија, Димитров и Ѓорѓиев да имаат заедничка средба со новинарите на која ќе информираат за резултатите од разговорите. 

Македонија | пред 7 години

tirana-grabez

По филмскиот грабеж - Албанската војска ќе го обезбедува меѓународен аеродром во Тирана

Албанската војска ќе го обезбедува единствениот меѓународен аеродром во земјата, откако вооружени мажи украдоа огромна количина на пари од авионот на Австралијан ерлајнс.После филмската кражба на аеродромот во Тирана се уапсени четири лица, едно е убиено додека околу 40 се сослушани. Албанските власти не објавија за колкава сума на пари се работи, а медиумите пренесоа дека износот е 10 милиони евра.Инаку  во пукањето е убиен водачот на бандата Адмир Муратај, кој и бил добро познат на полицијата и со дебело криминално досие. Неговите соучесници, изрешетаниот Муратај го фрлиле покрај патот и го продолжиле бегството. Меѓутоа албанската полиција набрзо ги уапсила и останатите четворица разбојници.Инаку Адмир беше актуелен по  спектакуларното бегство од грчкиот затвор во 2013 година. Од тогаш беше во бегство а во меѓувреме направил низа кривични дела.Да потсетиме, маскирани и вооружени ограбувачи влегле на влезот кој го употребуваат пожарникари, дошле до авионот во кој веќе се качиле патниците, и уфрлениот багаж меѓу кој била и пратката со пари.Сведоци во авионот на линија за Виена, кој бил мета на разбојниците, рекле дека моторите на леталото инаку биле вклучени кога во средината на авионот влегле тројца напаѓачи.Напаѓачите на персоналот му се заканиле со оружје им им наредиле да легнат на земја, ги земале парите и се пуштиле во бегство. 

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања