Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

kucinja-Ohrid

Кучиња нападнаа четиригодишно дете на плоштадот во Охрид

Денес околу 12 часот и 30 минути на централниот плоштад во Охрид глутница кучиња скитници нападнаа дете и мајка.Детето кое е на четири годишна возраст го спасиле таксистите кои ги мавале кучињата со клоци, по што со такси детето е превезено до Брза Помош во Охрид.Извршен е преглед врз детето при што констатирани се повреди на грбот и половината.Информацијата за Скопје1 ја потврдија од Брза Помош во Охрид од каде не информриаа дека детето е редовно вакцинирано и има примено вакцина против тетанус, па од тие причини не е упатено на натамошен третман.

Македонија | пред 7 години

policija-123

Сведоците на крвавиот инцидент во Марино: Добиваме заканувачки пораки и притисоци од осомничените сторители

Сведоците на крвавиот инцидент во скопско Марино велат по дадените изјави за настанот добивале заканувачки пораки и притисоци од осомничените сторители, браќата Јордан и Александар Цветковски синови на ексградоначалникот на општина Петровец и советник во Единицата за планирање стандарди и контрола на квалитетот при МВР, Звонко Цветковски, но и од нивен близок пријател чие име не сакаа јавно да го соопштат, објави ТВ24 .Семејството на повредениот полициски службеник Филип Филиповски, пак, подготвува тужба за напаѓачите на нивниот син. Денеска во телефонски разговор таткото, Гоце Филиповски за ТВ 24 вели дека тие немаат намера да седат со скрстени раце и дека се уште бара одговори на прашањата: зошто браќата кои се познати насилници, после брутален напад со нож се пуштени на слобода, и дали силните врски на нивниот татко ќе овозможат крвавиот инцидент да помине неказнето.Сепак ТВ24 од извори од истрагата дознава дека ножот со кој бил изврешен нападот врз полицискиот службеник се уште не е пронајден, а токму такво тврдење имаше вчера и таткото на Филип.Текстот во целост на ТВ 24

Скопје | пред 7 години

ovci-vo-sneg

МЗШВ: Нема да дозволиме сточарите да трпат загуби

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по претседателски избори ќе излезе со предлог решение за да им помогне на одгледувачите на овци и нема да дозволи сточарите да трпат загуби од сопственото производство. Ова беше договорено на вчерашната средба што се одржа во МЗШВ со здруженијата на одгледувачите на овци.По завршувањето на откупот на јагне ќе се анлизираат податоците од терен. На средбата претставниците од здруженијата и од МЗШВ се договорија секое здружение до МЗШВ да испрати пополнет прашалник за сите трошоци што ја формираат производната цена. Оваа цена ќе се спореди со анализите на МЗШВ, со цел да се дојде до реална производна цена, за да може да се подготви соодветно решение за одгледувачите на овци. Решението ќе биде презентирано, по вториот круг на претседателските избори, кога и престануваат законските ограничувања кои важат за време на предизборниот период.Освен со одгледувачите на овци, деновиве во МЗШВ се одржа и средба со откупувачите, претставниците од кланиците и извозниците на јагниња, на која што од страна на откупувачите беше посочено дека не очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето во целост ќе биде откупено.И претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци позитивно ја иницијативата на МЗШВ што во моментов се спроведува преку Агенцијата за храна и ветеринарство за попис на бројот на овци и кози и земањето на крв од овците. Се согласија дека за понатамошното креирање на ефикасни политики за развој на овчарството и за правилна распределба на субвенциите, важно е да се знае точната бројка на овци.Во меѓувреме, МЗШВ постојано ја следи состојбата и откупот на јагнето и апелира до сите одгледувачи на овци да не потпаѓаат под партиски влијанија и манипулации.

Македонија | пред 7 години

2-13

Заев по дуелот со Мицкоски - Нормален ми е притисокот

Премиерот Зоран Заев се пофали дека притисокот му е 120 со 80 попладнево на Фејсбук, по вчерашниот ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Заев денеска во Штип со министерот за здравство Венко Филипче ги посетија штандовите на кои студентите ги презентираа програмите за новата студиска година. На еден таков штанд, на премиерот и му беше измерен притисокот.Инаку Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше и се обрати на свечената академија по повод 12 години од основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“, што се одржа во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.Пред свето обраќање кон присутните студенти, академици, ректори, проректори, декани, професори од другите приватни и државни универзитети, претставници на државни институции и граѓанскиот сектор, премиерот Заев ги разгледа штандовите на факултетите на УГД Штип, поставени пред Центарот за култура, заедно со ректорот, проф. Д-р Блажо Боев и градоначалникот на Општина Штип, г. Благој Бочварски.Во своето обраќање, премиерот Заев ги истакна определбата и заложбите на Владата не Република Северна Македонија за јакнење на квалитетот и подобрување на материјалната поддршка на високото образование и науката.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Нервозните реакции на ВМРО-ДПМНЕ по дебаклот на Мицкоски

Се поочигледна е нервозата и паниката во ВМРО-ДПМНЕ од тоа што секојдневно им се разоткриваат измислиците и лажните вести. Денешниот обид, да се попречи прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека кулминира нервозата во белиот дворец, се вели во соопштението од СДСМ.ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не научија дсека ништо не може да ја попречи вистината да излезе на виделина.СДСМ ги разбира нервозните реакции по дебаклот на ТВ дуелот и паниката на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски од извесниот изборен пораз.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, симболите на лажни вести остануваат закотвени во матрицата на Никола Груевски и затоа граѓаните ќе ги казнат за нивното деструктивно и антинародно однесување, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

mvr

Кривична пријава против поранешен вработен во Министерство за економија

Надворешната канцеларија за криминалистички Кичево поднесе кривична пријава против И.Т.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 15.11.2012 пријавениот, како помошник раководител во Биро за метрологија при Министерството за економија-Скопје, на И.С.(59) од Кичево му издал потврда за статус на повратник од странство, со што му овозможил да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила при увоз и регистрација на товарно возило, и покрај тоа што И.С. наведеното возило не го поседувал најмалку шест месеци пред доаѓањето во РС Македонија.

Македонија | пред 7 години

memor2q

Нотарската комора потпиша важен Меморандум

Денес - 27 март 2019 година, на иницијатива на Управата за финансиско разунавање во просториите на Нотарската комора на Република Македонија е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Управата за финансиско разузнавање и Нотарска комора на Република Северна Македонија, со цел уредување на соработката помеѓу Нотарската Комора и Управата во полето на спречување на перење пари и финансирање на тероризам, врз основа на надлежностите и овластувањата кои што произлегуваат од законската регулатива која што ја регулира материјата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, законската регулатива која што го регулира работењето на нотарите, Националната стратегија за борба против перењето пари и финансирање на тероризмот и меѓународните стандарди.На свеченото потпишување присуствуваше делегација на Управата за финансиско разузнавање предводена од директорот, г. Блажо Трендафилов и делегација на Нотарската комора предводена од претседателот, г. Васил Кузманоски.Со потпишувањето на Меморандумот, не само во пракса туку и на хартија се запишаи потврди досегашната успешна институционална соработка помеѓу Комората и Управата.Овој Меморандум, покрај законските обврски што нотарите како субјекти ги имаат согласно Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам,уредува и доста позитивни аспекти кои одат во прилог на продлабочување на досегашната соработка со цел за доследно почитување и примена на законската регулатива на материјата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.Почнувајќи од 2004 година, кога нотарите ја добија улогата на субјектиактивно вклучени во борбата за спречување на перење пари па се до денес, успешно ја остваруваат својата задача и даваат значаен придонес за унапредување на функционалноста на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и зголемување на неговата ефикасност. Сето ова е резултат на успешното долгогодишно залагање и соработка меѓу Управата и Комората, кои преку своите надлежни органи заеднички ги решаваат сите спорни прашања кои се појавуваат во нотарското работење.Исто така, улогата на нотарите во борбата за спречување на перење пари, моментално е најактуелна тема и на глобално ниво, па на сите случувања организирани од страна на органите на Меѓународната унија на латинските нотаријати, главниот акцент се дава токму на оваа тематика, поради што нотарите како едни од најзначајнте субјекти мора активно да бидат вклучени и со поддршка на Управата, како деловни партнери да придонесат за делотворно спроведување на политиката, целите, мерките и дејствијата против перењето на пари, се со цел за остварување на залагањата на Република Македонија во борбата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, што ќе ја приближи и изедначи со сите европски земји водечки на овој план.Успешната соработка на Комората со Управата, беше поздравена и од страна на директорот на Управата, г. Блажо Трендафилов со оддавање почит за една од најорганизирана и професионална фелја во системот на спречување перење пари и финансирање на тероризам.По свеченото потпишување на Меморандумот, се разменија пригодни подароци помеѓу Управата и Комората.Денешниот повод беше искористен за разгледување и размена на мислења за одредени актуелни прашања, што непосредно се однесуваат на улогата, овластувањата и обврските на нотарите во борбата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Македонија | пред 7 години

buprenorfin

Кривична пријава за Прилепчанка кај која бил пронајден и одземен бупренорфин

Надворешната канцеларија за криминалистички Прилеп поднесе кривична пријава против А.В.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.09.2018 во Прилеп полициски службеници извршиле преглед над А.С. пронашле и одзеле бупренорфин, кој претходно го набавила од пријавениот.

Македонија | пред 7 години

simona

Доживотен затвор за Македонката Симона која ја уби мајка си додека спиела

22 годишната Македонка, Симона Зафировска, е осудена на доживотен затвор за сурово убиство на нејзината мајка Радица Зафировска, која ја уби со повеќе удари во главата ѝ го скршила черепот и предизвикала крварење во мозокот.Убиството се случило во 2016 година. При првото сослушување, Симона успеала да ја залаже полицијата изјвувајќи дека ноќта ги нападнале крадци. Но, полицијата ја открила вистината.Симона е посвоена од страна на Радица пред дваесетина години во Македонија, а потоа ја однела заедно со неа во Австралија, каде живееле заедно сѐ до убиството.

Свет | пред 7 години

policija-123

Скопјанец агресивно се однесувал и навредувал полициските службеници

На 26.03.2019 во 11.50 часот на улица „Индира Ганди“ во Скопје, А.М.(26) од Скопје агресивно се однесувал и ги навредувал полициските службеници кои преземале службени дејствија. А.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 7 години

tepacka1

Го удриле со комбе, па го нападнале

На 26.03.2019 во 14.15 часот во Полициската станица Чаир, Е.Б.(27) од Скопје пријавил истиот ден околу 11.00 часот, додека се движел по улицата „Гвадалахара“, бил удрен од комбе кое го управувал Е.Г., по што тој и лицата И.Г. К.Г. физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

pozar-drvja

Пожари во Кичевско и Битолско

На 26.03.2019 во 06.50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во месноста „Аловско мало“, атар на кичевското село Зајас, настанал пожар на ниви во површина од околу 5000 метри квадратни со сува трева, смрека и борова шума. Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Кичево.На 26.03.2019 бил локализиран и изгаснат пожарот што на 25.03.2019 избувна во атарот на битолските села Нижеполе и Цапари. Од извршениот увид било констатирано дека освен шума во пожарот изгорела и викендица сопственост на С.А.(60) од Битола. Исто така, на 26.03.2019 бил изгаснат пожарот што на 25.03.2019 избувна во реонот на место викано „Прошовска куќа“ и кој се ширел во правец кон „Маздрачка Капнажа“.

Македонија | пред 7 години

mvr

Изнајмил патничко возило за фирма, но не го вратил

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затоа што на 06.01.2019 во Скопје, со приватна фирма склучил договор за изнајмување на патничко возило „Опел корса“. До денот на пријавување тој не го вратил наведеното возило. Со ова пријавениот, се стекнал со противправна имотна корист од 660.000 денари.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Кривична пријава за „бесправно градење“ во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К.(45) од село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на февруари 2019 во Охрид пријавениот, како инвеститор и градител, изградил деловен објект од метална конструкција, без одобрение за градба.

Македонија | пред 7 години

tepacka1

42 годишен Скопјенец нападнат на „Битпазарска“

На 26.03.2019 во 17.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, И.Е.(42) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11.30 часот на улица „Битпазарска“ бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

metamenfin

Кај Прилепчанец пронајден метамфетамин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Д.(26) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.07.2018 во Прилеп полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле метамфетамин.

Македонија | пред 7 години

stop-policija

Сообраќајна контрола во Битола, сеуште има прекршувачи на правилата

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 26 март извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас... Притоа, контролирани се вкупно 356 возила и возачи и било констатирано дека 18 возачи ја надминале дозволената брзина, шест возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле две возила, на мобилен телефон разговарале тројца возачи. сигурносен појас не користеле дваjца возачи. Исто така издадени се вкупно 11 мандатни платни налози за неправилно паркирање.

Македонија | пред 7 години

marihuana2

Кај две лица од Тетово полицијата пронашла марихуна

На 26.03.2019 околу 18.15 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово ги лишиле од слобода Б.Ф.(23) и 17-годишник од скопското село Радуша. При преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие се задржани во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

IMG_4984

Ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ имаа едукативна средба со градоначалникот Филип Темелковски

Денес во просториите на Општина Кисела Вода ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ од село Драчево остварија едукативна средба со градоначалникот Филип Темелковски.Градоначалникот Филип Темелковски заедно со секретарот, Александар Алексовски и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ ги запознаа учениците со функционирањето на локалната самоуправа. Децата имаа можност од градоначалникот да добијат одговори на нивните прашања, како и да ги посочат и недостатоците во нивното училиште. Градоначалникот Темелковски вети изнаоѓање на решенија за посочените проблеми.На крајот Темелковски ги покани учениците на повторна средба во Општината и кажа дека во периодот што следува ќе го посети нивното училиште.

Скопје | пред 7 години

crkva

Жител на Јурумлери осомничен за кражба на 150.000 денари од црква

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против едно 36-годишно лице осомничено дека сторило кривично дело – Тешка кражба, предвидено и казниво согласно член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, ноќта меѓу 22 и 23 март годинава, насилно ја отворил влезната врата на црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров и влегол внатре. Потоа со погоден предмет делувал на дрвената каса, ја отворил и од неа одзел 120.000 денари. По ова, тој се упатил кон внатрешната продавница во склоп на црквата, исто така насилно ја отворил и од фиоката одзел уште 30.000 денари. Веднаш по кражбата, осомниченото лице го напуштило местото на настанот.Особено имајќи го предвид фактот дека се работи за сторител кој досега е осудуван за истородни и други кривични дела, надлежниот јавен обвинител ценеше дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до судот достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Скопје | пред 7 години

glavna-slika-za-Igor-Nikolov

Николов: Сведоци сме дека наместо подобрување на начинот на функционирање на здравството се врши распродажба

Премиерот Заев мисли дека здравствениот систем е фирма, па доколку таа не прави профит, ќе ја затвори или ќе ја продаде некому. Деновиве сме сведоци дека наместо подобрување на начинот на функционирање на здравството и подобра грижа за здравјето на граѓаните, тие добиваат распродажба на јавниот здравствен систем, истакна Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Министерот за здравство Филипче, веројатно под притисок на комерцијалистот Заев, наместо да седне и да работи и да спроведе вистинска реорганизација и оптимизирање на јавните здравствените институции и здравствените услуги, се фаќа за најлесниот начин, а тоа е приватизацијата на здравствениот систем. Во здравството изминатиов период единствено се случува дисфункционалност на и онака кревкиот систем и богатењето на поединци.Детската кардиохирургија е приватизирана, префрлена во приватна болница, иако оттогаш никој не даде отчет во јавноста како се спроведува и како тече овој проект.По првиот, неуспешен обид за приватизација на биохемиските лаборатории во целата земја, следи втор обид, но овој пат тој е прекинат поради претстојните претседателски избори.Идејата за приватизирање на службата на Брза помош и службата за Домашна посета, иако никаде не ја среќаваме на друго место во светот, продолжува да се спроведува врз основа на некаква физибилити студија.И на крај деновиве ја гледаме и последната идеја на министерот Филипче да се приватизира по модел јавно приватно партнерство процесот на стерилизацијата којшто всушност е срж на здравството. Приватна компанија ќе треба да се грижи за стерилизацијата на хируршките инструменти во државата, но во документацијата на министерството за здравство не се знае или не сака да прецизира по кои стандарди ќе се изведува валидирањето на овој процесот.Станува збор за област за којашто во иднина приватна фирма би требало да набавува хируршки инструменти, облека за лицата кои влегуваат во операциона сала, дезинфекција на салите, до грижа за медицинскиот отпад.Приватник ќе се грижи за стерилизацијата, се поставува и прашањето дали приватната компанија или некој друг ќе биде одговорен, доколку се појави инфекција?!Министре, граѓаните очекуваат остварување на ветувањата со кои што СДСМ дојде на власт. Очекуваат оптимизација на јавното здравство и навремена, соодветна медицинска услуга за парите коишто ги одвојуваат секој месец за оваа намена.Почитувани, Заев и Филипче покажаа дека освен за богатење на нивни блиски компании на сметка на народот, не знаат ниту пак ги интересира нешто друго.Време е да се стави крај на ваквото однесување и ваквото владеење истакна Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

papa-francisk

(ВИДЕО) Папата Францискo ги налути верниците, не дозволи да го бакнат неговиот прстен

Папата Францискo е снимен како ја трга раката кога верниците се наведнуваа да го бакнат неговиот прстен. Снимката е направена за време на еднодневна посета на базиликата Лорето во близина на Анкона, на источниот брег на централна Италија.По оваа снимка која се шири на социјалните мрежи поглаварот на Римокатоличката црква наиде на критика од конзервативните верници, кои веруваат дека папата сака да ја искорени оваа традиција во иднина.Додека некои медиуми известуваат дека папата тој ден ги одбил сите верници кои се обиделе да го бакнат неговиот прстен, Би-би-си пишува дека сè се одиграло малку поинаку.На снимката се гледа дека откако однесувањето на папата се променува, се променува и движењето на луѓето во редот се забрзува.Ватикан не открива зошто Папата толку не сакаше некој да го бакне прстенот, но негов помошник, под услов за анонимност, рече: ,,Понекогаш му се допаѓа, понекогаш не. Тоа е навистина толку едноставно “.Папскиот прстен, познат и како Рибарски прстен, е вграден во католичката традиција и е предмет на некој необичен протокол.Кога еден папа умира, прстенот веднаш се уништува за да се осигура дека при изборот на новиот Папа никој нема да се обиде да фалсификува официјални документи.

Свет | пред 7 години

DSC_002-1

Средба Мицкоски - Жбогар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски, денеска 27.03.2019 година остварија средба со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, г. Самуел Жбогар, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Мицкоски со Жбогар говореше за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, реформите кои се поврзани со обвинителството и потребата за фер услови за демократски избори. Беше искажана загриженост за политизираноста на правосудниот систем, кој како што беше нотирано служи за политички прогон на неистомислениците на власта.Мицкоски го запозна г. Жбогар со принципите кои ВМРО-ДПМНЕ ги вклучи во амандманите на Предлог Законот за јавно обвинителство, а кои се базираат на меѓународните стандарди, кои ги гарантираат основните човекови права, кои се морална обврска за државата во патот кон ЕУ.Беше укажано и на крајната политизација на општеството и поделбата која ја прави власта.  Воедно беа нотирани и однесувања на власта со кои се нарушува демократскиот амбиент за фер избори, дека е присутна нервоза во власта и дека тоа нема да ги поколеба граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Јавните претпријатија на Град Скопје со позитивни резултати во работењето во 2018 година

На денешната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледуваат предлог одлуките за давање согласност на годишните сметки на јавните претпријатија во надлежност на Градот. Општиот заклучок е дека јавните претпријатија бележат позитивни резултати во управувањето со финансиските средства.Јавното претпријатие „Градски паркинг Скопје“ бележи позитивни резултати во финансиското работење во 2018 година. Билансот на успех во годишниот извештај на ова претпријатие покажува дека приходите од јавни паркиралишта во 2018 година пораснале за 8,63% во однос на претходната година. Со други зборови ЈП Градски паркинг во 2018 по основ приходи од јавни паркиралишта заработило 147.115.268 денари, што е за 11.686.703 денари повеќе во однос на 2017 година.Најголем пораст во овие приходи претпријатието имало во делот на зонското паркирање, додека приходите од затворени паркиралишта и катни гаражи останале речиси непроменети во споредба со претходната година.ЈП „Градски паркинг“ остварило пораст на приходите и во секторот пајак, односно во 2018 година секторот пајак имал приходи од 25.213.459 денари, што е за 11,61% повеќе во однос на претходната година.Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ со вкупни приходи од 1.161.911.073 денари бележи незначителен пад од 1,04% во однос на минатата 2017 година. Согласно со извештајот на ова претпријатие приходите од продажба на вода и услуги бележат благ пад во однос на минатата година, додека 2,67 пати се зголемени приходите од довод на вода за РЖ Услуги, 3,88 пати се зголемени приходите од услуги во странство и 2,16 пати се зголемени приходите од наемнини.„ЈСП Скопје“ согласно со годишната сметка бележи пораст во вкупните оперативни приходи кои на крајот на 2018 изнесувале 1.858.687.165 денари, што е за 10,42 % повеќе во однос на минатата 2017 година. Постои незначителен пад на приходите од продажба на услуги и од донации и субвенции, но затоа приближно 6 пати се зголемени преостанатите приходи.„ЈСП Скопје“ на крајот на годината остварил добивка од вкупно 109.074.320 денари, што е речиси двојно повеќе во однос на минатата година. ЈП „Паркови и зеленило“ на крајот на 2018 година остварил вкупни приходи во работењето во износ од 455.650.916 денари што е за 9,08% повеќе во однос на минатата 2017 година. Вкупните расходи во 2018 година се незначително зголемени во однос на минатата година и изнесуваат 455.289.348 денари.Остварената добивка пред оданочување изнесува 379.927 денари, додека нето загубата по оданочување изнесува 5.026.716 денари. Согласно со годишната сметка за 2018 година ЈП „Комунална хигиена“ има остварено вкупни приходи во износ од 1.196.348.618 денари што е за 0,85% помалку во однос на минатата година. Вкупните расходи на претпријатието за 2018 година изнесуваат 1.171.153.857 денари, а нето добивката по оданочување изнесува 22.224.537 денари.ЈП „Улици и патишта“ во 2018 година бележи вкупни приходи од 306.228.144 денари што е за 75.226.747 денари помалку во однос на 2017 година, додека за 25.793.720 денари повеќе во однос на 2016 година, додека за 64.602.793 денари повеќе во однос на 2015 година. Вкупните расходи на претпријатието за 2018 година изнесуваат 268.816.728 денари, а нето добивката по оданочување изнесува 33.574.833 денари.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Арсовски: Бизнисите на кланот Заеви не само што цветаат во државава туку цветаат и во странство

Бизнисите на кланот Заеви не само што цветаат во државава откако Зоран Заев е на власт, туку цветаат и во странство. Во случајов во соседна Република Бугарија.На вчерашниот дуел бевме сведоци како Зоран Заев најпрвин јавно кажа дека воопшто не знаел за фирмите во странство нанеговт семејство, во случај за фирми во Бугарија на неговиот братучед Трајче Заев и зет Славиша Бојовиќ, за веднаш потоа да признае дека неговото семејство поседува фирми во странство, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Имено, се работи за 3 фирми, фирмите Гомасидра, Ориент Груп и Радиша Трејд.Фирми кои што се основани од неговите роднини, Трајче Заев и Славиша Бојовиќ Заев.Во фирмата Гомасидра, која инаку е регистрирана во општина Благоевград, град Петрич, како градежна фирма, најпрвин уште во јуни 2017- тата година сопственик бил Сашко Брндевски, истиот оној кој продаде градежно земјиште на Вице Заев за стан од 40 квадрати, за во август 2018-тата година фирмата да ја преземе братучед му на Зоран Заев, Трајче Заев.Втората фирма е Ориент Груп, каде што сопственик е Трајче Заев, фирма регистрирана во јуни 2018 од страна на Вице Заев, браотот на Зоран Заев и Славица Заева, а преземена од братучед му Трајче Заев во декември 2018 година. Фирмата е основана со влог од околу 5000 евра односно 10.000 лева и е на истата адреса како и претходната фирма во градот Петрич. Оваа фирмата е за транспорт и логистика.Третата фирма е фимата Радиша Трејд, фирма на Радиша Бојович Заев, иначе зетот на Зоран Заев. Фирмата е регистрирана на истата адреса во Петрич како претходните две и исто така се бави со транспорт и логистика, а е основана и регистрирана во август 2016 година.А отвори уста Зоран Заев, а излаже. Тоа е Зоран Заев.Зоран Заев безобразно излажа пред 2 милиони граѓани на ТВ дуел. Зоран Заев без срам најпрвин кажа дека нема неговото семејство фирми во Бугарија, за потоа веднаш да потврди дека има фирми во странство.Од што е лоша бизнис климата во Република Македонија, Заеви своите бизниси ги вадат надвор во странство и од таму профитираат.Ни Заев не си верува дека бизнис климата во Република Македонија е добра како што тоа проба да го наметне во јавноста подолг период.Веднаш да се одговори дали овие роднини на Заев имаат фирми во странство и за која цел истите се оформени?За да се стави крај на сите овие лаги на Зоран Заев, сите масовно да излеземе на изборите и да го поразиме СДСМ. Да ставиме крај на непринципиелното владеење за личен интерес на кланот Заев, на картелот на власт и на СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања