Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

and-dukov-za-skopje-1

(ФОТО) Гори охридскиот брег кај Андон Дуков

Голем пожар кај Андон Дуков. Во моментов со огнената стихија се борат пожарникарите од противпожарната служба од Охрид. На терен се со две возила. Тие се обидуваат да го локализираат пожарот и да го спречат да ги зафати објектите.Гори нискостеблеста вегетација, но и големите дрвја кои ги има многу во овој дел на Охрид.В.д градоначалникот Константин Георгиски во моментов е лице место кај пожарот Андон Дуков.Локалните служби се екипираат за да им се олесни рабоатата на противпожарната служба. Цистерната од ЈП Охридски комуналец врши дотур на вода во против пожарните возила, за да не се губи време во полнење со вода на истата.Со огнената стихија се борат пожарникарите од противпожарната служба од Охрид. Тие се обидуваат да го локализираат пожарот и да го спречат да ги зафати објектите. Но, покрај нискостеблеста вегетација, и големите дрвј изгореа и бараки.Очевидци раскажуваат дека жива изгорела и живина во кокошарници.   

Македонија | пред 7 години

20181216_192321-1

КК „Ангели“ убедливо го победи „ТНТ - Ѓорче Петров“

Кошаркарите на КК „Ангели“ од Кисела Вода на домашен терен ја надиграа екипата на „ТНТ - Ѓорче Петров“, со резултат 90:71.Со оваа убедлива победа „Ангели“ се задржаа на првото место на табелата во втората сениорска лига. Најефикасен играч за клубот од Кисела Вода беше Христијан Ристов со постигнати 28 поени.Екипата на „Ангели“ следниот натпревар го игра против КК „Спорт тим - Неготино“. 

Спорт | пред 7 години

F4F_Young-Ambassadors_Nine-Values-Cup-Ceremony41019

Бразилската фудбалска репрезентација е петтиот добитник на „Купот на девет вредности“

Како дел од Интернационалната детска општествено одговорна програма „Фудбал за пријателство“ на „Гаспром“, на стадионот Драгао во градот Порто, на бразилскиот национален фудбалски тим му беше доделен „Купот на девет вредности“. Уникатниот трофеј ги симболизира деветте вредности на проектот „Фудбал за пријателство“ – пријателство, еднаквост, праведност, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест. Церемонијата на доделување на трофејот се одржа како дел од пријателскиот натпревар помеѓу Панама и Бразил.Неколку учесници од претходните сезони на „Фудбал за пријателство“ пристигнаа на церемонијата за доделување на купот: Сван Драме (13 години, Франција), Катарина Барата (13 години, Португалија), Мигел Борхес (19 години, Португалија), Денис Аладев (13 години, Русија). Младите амбасадори го презентираа значењето на уникатниот трофеј и неговата историја на генералниот секретар на Бразилската фудбалска конфедерација, г. Волтер Фелдман  и менаџерот за технички развој и општествена одговорност на бразилскиот национален фудбалски тим, г. Диого Нето.Бразилскиот национален фудбалски тим беше прогласен за доследен за „Купот на девет вредности“ како резултат на отворено гласање, каде учествува млади учесници од 211 држави и региони во светот. Учесниците во проектот „Фудбал за пријателство“ му оддадоа признание на бразилскиот национален фудбалски тим како најопштествено одговорен од 32. национални фудбалски тимови, кои учествуваа на ФИФА Светското првенство 2018 во Русија.Бразилската фудбалска репрезентација е петтиот добитник на „Купот на девет вредности“. Започнувајќи од 2015 година, трофејот беше доделен на фудбалските екипи на Барселона (Шпанија), Баерн Минхен (Германија), Ал Вахда (Сирија) и Реал Мадрид (Шпанија).„’Купот на девет вредности’ е сосема нов, навистина невообичаен трофеј кој се доделува за почитување и примена на вредностите на програмата, како праведност, посветеност и традиција. Овие вредности се од суштинска важност за сите – и децата и возрасните. Оваа година трофејот за првпат беше доделен на тим од Латинска Америка – уште еден доказ дека не постојат бариери кога станува збор за фудбалот и пријателството!“ – изјави г. Волтер Фелдмен.„Навистина сум среќна што програмата ‘Фудбал за пријателство’ ми даде можност да се сретнам со членовите на репрезентацијата, па дури и лично да им го предадам ‘Купот на деветте вредности’. За да може еден човек да прерасне во успешна личност, од голема важност е да ги следи универзалните човечки вредности. Колку повеќе луѓе во светот зборуваат, дискутираат и го привлекуваат вниманието кон овие вредности, толку нашиот живот ќе стане подобар. За децата ширум светот ‘Купот на девет вредности’ претставува симбол на пријателство, единство и одговорен однос кон општеството во кое живееме” – вели Катарина Барата, млада учесничка во проектот „Фудбалот за пријателство“.Интернационалната детска општествено одговорна програма „Фудбал за пријателство“ за првпат е имплементирана во 2013 година, од страна на компанијата „Гаспром“. Главните вредности кои ги промовираат учесниците во програмата се пријателство, еднаквост, правичност, здравје, мир, посветеност, победа, традиции и чест. Учесниците во програмата се млади фудбалери (момчиња и девојчиња, вклучувајќи ги и оние со пречки во развојот и посебни потреби) и млади новинари кои известуваат за настаните – дел од проектот „Фудбал за пријателство“ во рамките на Меѓународниот детски прес-центар. Финалните настани од овогодишната сезона на програмата „Фудбал за пријателство” ќе се одржат во Мадрид, во период од 28 мај до 2 јуни, 2019 година.

Спорт | пред 7 години

3256

Бошњачки демократски сојуз ќе ги решава проблемите на Горанците

„Бошњачки демократски сојуз искажа разбирање за проблемите со кои се соочуваат Горанците во Република Северна Македонија и кои на состанокот беа презентирани од страна на раководството на Здружението на Горанците.Бошњачки демократски сојуз е подготвен да даде поддршка на сите активности кои ќе бидат насочени кон подобрување на положбата на Горанците во Република Северна Македонија.Здружение на Горанците – Скопје и Бошњачки демократски сојуз сметаат дека заеднички треба да работат на взаемна подршка во сите полиња затоа што тоа е единствениот начин кој ќе ја подобри положбата и статусот на Горанците и Бошњаците во Република Северна Македонија.Здружението на Горанците искажа подготвеност со свои претставници да даде поддршка на Бошњачкиот демократски сојуз преку ангажирање на своите членови во сите места каде што заедно живеат.Здружението на Горанците – Скопје ја подржува партијата Бошњачки демократски сојуз во нејзиното делување.Овој документ е составен во два еднообразни примероци кои се доставени на Здружение на Горанците – Скопје и Бошњачки демократски сојуз“, се вели во соопштението на Бошњачки демократски сојуз.

Македонија | пред 7 години

kockarnica

Косовската Влада ги забрани сите игри на среќа

Владата на Косово ги усвоија измените и дополнувањата на законите за игри за среќа, во кои е предложена забрана за коцкање и затворање на сите коцкарници во наредните 10 години, откако се случија две убиства во две коцкарници минатата недела.Ние го спроведуваме барањето на Собранието. Барањето беше Владата да забрани коцкање на период од десет години и сите игри на среќа се забранети“ рекол Харадинај.Тој потсетил дека Собранието го упатило барањето до Владата на предлог на највлијателниот Демократски сојуз на Косово.Харадинај најави дека Владата на Парламентот во наредните 30 дена ќе му го достави изменетиот закон со кој забраната ќе биде озаконета, пишува Koha. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Заев по дебатата: Без СЈО ќе бидеме закочени и без датум за преговори со ЕУ

По вчерашната телевизиска дебата, премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“ порача дека не треба да се унишува СЈО.„СЈО е веќе создаден институционален капацитет и нема потреба да го уништуваме. Напротив, како него треба да се водат сите други. Затоа со новиот закон, СЈО, ќе биде оддел во јавното обвинителство со јасни ингеренции. Проблемот за опозицијата е што очигледно сака да го штити криминалот, па не го поддржува овој реформски закон. Одговорете на едноставно прашање: дали сакате Северна Македонија да напредува или сакате да ја видите закочена и повторно да не добие датум за преговори, кој го чекаме од 2005 година?“[embed]https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/333576767274105/[/embed]

Македонија | пред 7 години

marihuana

Полицијата претресува домови, пронајдени марихуана и кокаин - две лица во притвор

На 26.03.2019 во периодот од 12.00 до 13.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш и Полициска станица Радовиш извршиле претрес во дом и други простории сопственост на С.К.(35) од Радовиш. При претресот била пронајдена марихуана, по што С.К. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Г.(27) од село Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  ’’неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 04.08.2018 во Тетово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Вчера три каснувања од кучиња во Ѓорче Петров, плоштадот во Скопје и Радовиш

Во Полициска станица Радовиш, В.А (77) од село Покрајчево, радовишко, пријавила дека истиот ден во 13.30 часот во Радовиш била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.На 26.03.2019 во 21.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.Д.(21) од Скопје  пријавила дека истиот ден околу 19.30 часот на улица „Веле Марков“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.На 26.03.2019 во 12.40 часот во Полициската станица Центар, А.Б.(32) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12.00 часот на плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник за десната потколеница.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Со „застава“ излегал од патот, две деца од 2 и 3 години се повредени

На 26.03.2019 во 11.24 часот на патот Вашарејца-Бучин, пред село Трновци, битолско, А.А.(28) од Прилеп, управувајќи патничко возило „Застава-128“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.Притоа, со повреди се здобиле две деца на возраст од две и три години. Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. 

Македонија | пред 7 години

kokain-romanija

(ВИДЕО) Во Романија запленет повеќе од еден тон кокаин, приведени двајца Срби

Романските власти уапсија повеќе од еден тон кокаин. Пленот е пронајден во брод кој се превртел во делтата на Дунав. Според полицијата, вредноста на задржаниот кокаин изнесува 300 милиони евра.Главниот обвинител во романската Управа за борба против организираниот криминал и тероризмот, Феликс Банила изјави дека полицајците го нашле кокаинот на 22 март крај превртен брод во местото Свети Ѓорѓи, во источна Романија. Тој додаде дека властите во врска со случајот привеле двајца Срби. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Зоран Заев се срами од Република Македонија

Зоран Заев се срами од Република Македонија. Исплашен и во нервоза цело интервју не смееше да го изговори името Македонија, па стотина пати го повтори новото име кое го донесе против волјата на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Стравот на Заев беше очигледен и кога не смееше да зборува за Македонците во Грција, ниту за нивното постоење, ниту за тоа на кој јазик зборуваат.Зоран Заев покажа вчера зошто не смее да биде премиер на Република Македонија, затоа што се срами од сопствената држава и народ.Власта повеќе од две години ја урнисува економијата и ги осиромашува граѓаните. Нема пари за граѓаните, но затоа бизнисите на Заеви цветаат.Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија, а возниот парк на Заеви е исполнет со возила од марките Бентли и Мерцедес Мајбах.Граѓаните едвај врзуваат крај со крај поради неспособноста на власта, а Заев ставил розеви очила и ги лаже граѓаните дека црното е бело.Зоран Заев мора да си замине. Република Македонија не може понатаму со Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

55529778_10158696172159466_2159142980970086400_o-1

Заев и Мицко се расправаат како две старлети за муштерија, пишуваат на Твитер

Бура од реакции и коментари по вчераното гостување на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Канал 5 ТВ.https://twitter.com/mynameissteffff/status/1110646164024627208https://twitter.com/bojankuk/status/1110673281726726144https://twitter.com/toreador_34/status/1110594149806456833https://twitter.com/trpetrpeski1/status/1110575261093900289https://twitter.com/BototNaMickoBe/status/1110611985123676162https://twitter.com/vlademih/status/1110612320747749377https://twitter.com/DeStepco/status/1110621008011149312https://twitter.com/cakpaliiski/status/1110617853466759168https://twitter.com/Lady_VBug/status/1110626435885088769https://twitter.com/vlademih/status/1110628981160722432https://twitter.com/Banankata/status/1110639010001620993https://twitter.com/podzemnavoda/status/1110629555268739077https://twitter.com/i999y/status/1110607336173985792?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1110607336173985792&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-zaev-i-mickoski-kakva-deceni-a-takov-duel-na-deceni-ata%2Fhttps://twitter.com/neskafeNA/status/1110601864058454017?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1110601864058454017&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-zaev-i-mickoski-kakva-deceni-a-takov-duel-na-deceni-ata%2Fhttps://twitter.com/IVelichkovski/status/1110637630155304961?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1110637630155304961&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-zaev-i-mickoski-kakva-deceni-a-takov-duel-na-deceni-ata%2Fhttps://twitter.com/jovanatozija/status/1110651671703633920?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1110651671703633920&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-zaev-i-mickoski-kakva-deceni-a-takov-duel-na-deceni-ata%2Fhttps://twitter.com/thebankar/status/1110610969175175168 

Македонија | пред 7 години

e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

СДСМ: Паушалните сметки за исклучените граѓани од парно греење заминуваат во историјата

Со одлуката на Регулатроната комисија за енергетика, веќе од први април граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење во Скопје повеќе нема да плаќаат фиксен надоместок за парно како што беше досега, велат од СДСМ.„Паушалните сметки за исклучените граѓани од парно греење заминуваат во историјата.Граѓаните кои не користат топлинска енергија кончено ќе бидат ослободени од плаќањето на паушалот кој им беше наметнат како редовна месечна сметка уште од 2011 година.Со ова се решава долгогодишниот проблем на илјадници граѓани кои со години  беа изложени на трошок за услуга која не ја користеа, се исправа долгогодишна неправда кон илјадници семејства во Скопје.Според проценките 12.000 семејства во Скопје исклучени од централното греење со години плаќаа месечен надоместок без разлика што не ја користеа услугатаСе остварува уште едно ветување од Програмата, се реализизира една заложба на Владата предводена од СДСМ за намалување на трошоците и обезбедување повеќе пари кај граѓаните.СДСМ останува посветена на мерките што обезбедуваат економски раст, намалени трошоци и повеќе пари во секоје семејство, кај секој граѓанин“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Седум сообраќајки во текот на вчерашниот ден, четири лица се повредени

Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во четири од вкупно седум сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во три била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 40 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, седум возачи поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување,  двајца возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, 11 возачи за не носење заштитен шлем, осум возачи за не  користење сигурносен појас и 44 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, 22 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници, како и пет технички неисправни и 18 нерегистрирани возила.Затекнати биле 104 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 88 возила.

Скопје | пред 7 години

saso-tasevski

Тасевски за преработката на „Некст тајм“: Да те питам бабо, колку ти платија за да смениш исказ?

И покрај тоа што реакции за преработката на Нешто ќе те питам бабо на браќата Мартин и Стефан од Некст тајм главно се позитивни, барем оние најгласните, актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил со малку поинаква реакција:„А бе бабо, нели прво Гоце Делчев рече дека ти дошол на вечера и масажа. Од каде сега Тодор Александров. Кажи мори бабо колку ти платија Некст Тајм да смениш исказ и да кажеш дека со Тодор Александров си била таа ноќ? Немој така бе бабо, не е убаво. Утре некој друг ќе направи песна у која на гости ќе ти дојде Цар Борис лично.Да те питам мори бабо, зошто на млади луѓе, талентирани музичари, толку им е важно да препеат песна за некоја сподоба, која со сила сакаат да ја прикажат како херој на кого му ја должиме државноста. Дечки од Некст Тајм кој ви дава пари да се идеологизирате и да си го валкате музичкиот опус со ликови кои ниту нивното време ги оправдало, ниту историјата, а за нашето пак, се тотално неважни. Нели рокери бевте? Ганс анд роузис, ово оно… Кога отидовте у блгарски врховисти?За кого го направивте препевот? За новите генерации што растат со фортнајт и мајнкрафт и чии процесори работат во тера бајти? Што ќе научат од тој препев? Чуму? За кого бе? Па уште промоцијата на новиот спот за Тодор Александров во Драмски театар. Онака, лабаво, пред избори. Јебо вас Тодор Александров, да вас јебо. Сите до еден“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

55529778_10158696172159466_2159142980970086400_o

Мицкоски: На Заев му беше срам да изусти дека Македонците во Егејскиот дел зборуваат македонски јазик

По ТВ дуелот со премиерот Зоран Заев, на Фејсбук се огласи Христијан Мицкоски.- На Заев му беше срам, се плашеше, се препелкаше, не сакаше да изусти дека Македонците во Северна Грција, во Егејскиот дел на Македонија зборуваат македонски јазик, затоа што со договорот ги избриша. А неговиот министер прати дипломатска нота во која што појаснуваше дека не е тој народ македонски, туку дека станува збор за етницитет“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Зекири: ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да дојде на власт додека Мицкоски е претседател

За време на вчерашниот ТВ дуел помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, на својот Фејсбук профил се огласи пратеникот Мухамед Зекири кој на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача дека оваа партија никогаш нема да дојде на власт додека тој е претседател.„Mицко ќе го поништел договорот со Грција кога ќе дошол на власт...цццКажете му дека нема да дојде никогаш на власт ВМРО додека он е претседател на оваа партија!!!“, напиша Зекири на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: На ВМРО-ДПМНЕ саатот им доцни најмалку 4 часа

Министерката за правда, Рената Дескоска, вели дека ВМРО-ДПМНЕ живее во паралелна реалност, алудирајќи на тврдењето на лидерот, Христијан Мицкоски, кој во вечерашната дебата на Канал 5 рече дека партијата поднела 65 амандмани за Законот за јавно обвинителство.Министерката на својот фејсбук профил напиша дека на ВМРО-ДПМНЕ им доцни саатот најмалку 4 часа.„На вистинско место – на театар, додека надвор се случувала вистинска драмолетка околу амандманите. Денеска ВМРО-ДПМНЕ два пати покажа дека живеат во паралелна реалност: прво тврдеа дека сме прифатиле нешто што никогаш не сме им прифатиле. Вечерва тврдеа дека доставиле во пишана форма амандмани во Министерството, па потоа рекоа дека пратиле на мејл. Ама дознавме и дека не живеат само во паралелна реалност, туку и саатот им доцни – најмалку 4 часа. Но, според постапките изгледаат изгубени и во времето. Само не ми е јасно зошто им требаше целата оваа драмолетка?!“, пишува Дескоска.

Македонија | пред 7 години

avtopat-tetovo-skopje

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Променливо облачно со силен ветер

Денеска времето ќе биде променливо облачно, попладне со слаб локален дожд, а на планините слаб снег. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер (до 70 км/час) што ќе услови намалување на дневната температура, особено во северните делови. Температурата ќе се движи од 11 до 17 степени.Во Скопје променливо облачно време со температура од 3 до 13 степени.Во четврток ќе се задржи променливо облачно време, со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Македонија | пред 7 години

gjorgji-trendafilov

ГДУ: За трската, гуската и по некое ауди

И Севернава Република за среќа и инает на „неверниот Тома” здраво се држи во своите одамна стекнати библиски рамки. Како поинаку да ја окарактеризираме сагата за Матка и дивоградбите освен како „инспиративна парабола”. Здравата другарска и конструктивна писмена комуникација меѓу разните надлежни и ненадлежни комисии, инспекции,самоуправи и агенции, министерства и министри, се развлекува и извлекува до конечната констатација – Ниеден земски и човечки закон не третира нешто слично,оваа појава е рамна на чудо, дивоградба пред носот на Владата на Северната Република. Алелуја, истакна Ѓорѓи Трендафилов, претседавач со Националниот комитет на ГДУ.Ние обичните смртници заробени во суеверие и незнаење, не сме во состојба да разбереме како еден вицепремиер и еден генсек, јавно воопшто не се разбираат меѓусебе,дури по потреба и само јавно молчат, па сепак одлично соработуваат во духот на меѓусебното разбирање, толеранција и бездруго љубов. Тоа е толку силно,што се чини дека ќе скокнат до Калишта и со голи раце ќе ги изгаснат огновите кои ја горат трската, огнови кои се палат таинствено и мистериозно. И да, само на некои крапови им пречат засега. Алелуја!„Ако продолжиме со овој тренд“, нагласи премиерот Заев, „освен политички пример, Република Северна Македонија ќе биде и економски пример“. Куманово, 25.03.2019. И уште еднаш,Алелуја!Секој суеверен незнајко веднаш помислува на Мира Дизел, сегашен или поранешен Сер(ко) на чие располагање е и веков и светов, причина и цел по себе, распослана низ разни „профитабилни” јавни компании, агенции, дипломатии, регулаторни и нерегулирани тела и органи. И општеството ни било поделено? Младите заминувале? Дајте уште една тура „инклузивност, агрегатори, генератори, вмрежување, или – доаѓа мониторингот на ЕУ, доаѓаат институции кои ќе стават ред.Младите да не бараат работа во јавната администрација, така може да ја загубат креативноста“, изјавува премиерот а суеверните се чудат и прашуваат:– А што со овие, досегашниве институции, можеме ли да му ги вратиме на производителот? Но, изненадувањето не завршува тука, професионалниот и независен, објективен и непристрасен медуимски простор (или дел од него) со евровизиска еуфорија вечерва ни приредува нешто кое е е безмалку чудо – дебата меѓу Синот на Таткото и Таткото на…но,за тоа другпат, да бидеме фокусирани на дебатата, на добрата вест, на прецизната фактографија кој е 83, а кој 84% корумпиран, помилуван, аболиран,амнестиран, привилегиран… се во интерес на нашите граѓани и евроатлантски аспирации, присуството на родител или старател не е одамна задолжително.И додека времето ентузијастички не носи кон сензуалната средба со надпартиските, широко поддржани претседателски кандидати после чиј избор и уште неколку рунди политички пазарења ќе потечат мед и млеко, можеби неслучајно клучевите на Рајот овде,во Севернава Република ги има Крсто. Навистина си чудесна, каква и да си Македонијо, истакна Ѓорѓи Трендафилов, претседавач со Националниот комитет на ГДУ.

Македонија | пред 7 години

IMG_0134

Ќе се формира Ресурсен Центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, на денешната седница е усвоена Информацијата со Предлог за воспоставување на Ресурсен Центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање (Center of Exellence on Gender Responsive Budgeting).Ресурсниот Центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање ќе обезбедува експертска поддршка, добри практики, истражувања и обуки за градење на капацитетите на државните службеници во областа на родовото одговорно буџетирање за вклучување на родовата компонента во јавните финансии, управувањето и креирањето политики.

Македонија | пред 7 години

IMG_0133

Ќе се формира Ресурсен Центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање

Владата на РСМ на денешната седница даде позитивно мислење на иницијативата на група пратеници за автентично толкување на член 115 од Законот за данок на личен доход.Според предлагачите на барањето за автентично толкување, одредбите од овој член предизвикуваат различни толкувања и примена и ги става во различна положба здруженијата на граѓаните и фондациите како даночни обврзници пред Управата за јавни приходи, а кои произлегуваат од Законот за здруженија на граѓани и фондации и од Законот за персонален закон на доход.Со ова ќе се оневозможи различните толкувања да ги ставаат институциите во функција на политички притисоци врз граѓанскиот сектор, нешто што беше пракса за време на претходната влада.Воедно, ова автентично толкување ќе овозможи непречено практицирање на слободата на здружување и на дејствувањето на граѓанските организации и ќе обезбеди исправање на неправдата нанесена врз граѓанските организации кои беа предмет на интензивни даночни инспекции во периодот на претходната Влада.

Македонија | пред 7 години

IMG_0135

„Младинска картичка“ за повеќе поволности

На оваа своја седница министрите во Владата ја разгледаа и усвоија и Информацијата за реализација на Проектот „Младинска картичка“, кој има за цел да го олесни и подобри секојдневието на младите со поволности кои ќе опфатат повеќе категории како попусти во угостителството, трговијата, пристапот до едукативни центри и културни и спортски настани, како и за патувања во земјата и во странство.Со информацијата Владата на РСМ донесе и заклучок одредени министерства да се вклучат во проектот за поволности за младите од 15 до 29 години, како и препорака за единиците на локалната самоуправа исто така да станат дел од реализацијата на овој проект.Втората фаза од „Младинската картичка“ е вклучување на националната картичка кон системот „Европска младинска картичка“ кога младите од нашата земја ќе можат овие бенефиции да ги уживаат и во земјите членки на ЕУ. На денешната седница Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со отпочнување активности за спроведување на Стратегија за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија 2019 - 2023, со Акциски план, и ги задолжи сите органи на државната управа, за кои има предвидено активности во Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија 2019 - 2023, средствата потребни за реализација на активностите да ги планираат во своите годишни буџети за тековните години согласно временската рамка.

Македонија | пред 7 години

IMG_0130

Се подготвува ИКТ стратегија за правосудството

Владата на Република Северна Македонија на денешната 127 седница ја разгледа и усвои Информацијата за подготовка на Стратегијата за информатичко - комуникациска технологија во правосудството 2019 - 2024, со Акциски план.Стратегијата за ИКТ во правосудството е во согласност со европските и меѓународните стандарди, со цел да се зголеми пристапноста, навременоста и лесното користење на правосудните услуги за сите корисници, да се подобри квалитетот на податоците, заштитата и безбедноста, како и соработката со други правосудни системи, институциите на Европската Унија, нејзините земји- членки и меѓународните организации.Стратегијата за информатичко-комуникациска технологија во правосудството на Република Северна Македонија е во функција на модернизирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудството како една од најбитните реформи во РСМ, заклучи владата на денешната седница.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања