Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

stop-policija

Санкционирани битолчани кои не ги почитуваат сообраќајните правила

На 25.03.2019 полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас и светло.Притоа, исконтролирани се вкупно 371 возилаи возачи и било констатирано дека 25 возачи ја надминале дозволената брзина, четири возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле две возила, на мобилен телефон разговарале пет возачи, а сигурносен појас не користел еден возач.

Македонија | пред 7 години

policija-123

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Пехчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување “.Во текот на 2016 пријавениот, како градоначалник на Општина Пехчево, спротивно на Законот за јавни набавки, во 13 наврати донел решенија за исплата на парични средства на здружението за културни дејности „Млади во движење“-Пехчево, со што се стекнало со противправна имотна корист од 1.091.650 денари на штета на Буџетот на општина Пехчево.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Бугарин и македонци извршиле тешка кражба

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Б.(26) од Пловдив, Република Бугарија, Д.Р.(24) од Скопје, Н.С.(21) од Скопје и К.Е.(34) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.На 02.03.2019 во сервис на ул.„Бутелска“ во Скопје пријавените со употреба на сила и погоден алат влегле внатре и одзеле предмети во вредност од 309.000 денари.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Притвор за прилепчанец кој со закана од вработената одзел пари од дневниот промет

На 25.03.2019 во 07 часот полициски службеници по преземени мерки и извршени претреси на ул. Максим Горки во Прилеп го лишија од слобода С.С.(38) од Прилеп под сомнение за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот законик и на С.С. од страна на надлежниот суд му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена. С.С. е осомничен за разбојништво извршено на 24.3.2019 во продавница на улица „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп каде со закана од вработената одзел пари од дневниот промет.

пред 7 години

vojnik-arm

Дискиплинска комисија ќе одлучува дали професионалниот војник ќе добие отказ

Против професионалниот војник Татјана Лазаровска ќе биде поведена дисциплинска постапка и ќе биде предложена најстрога казна, односно најверојатно ќе и се прекине ангажманот во Армијата на Република Македонија, откако таа преку статус на Фејсбук шири говор на омраза со повикот да му се даде Нобелова награда на напаѓачот од Нов Зеланд, каде беа убиени 50 лица.Дисциплинската комисија од Генералштабот ќе одлучува дали на припадничката од минофрлачката единица во Кичево ќе и врачи отказ, а додека се води постапката таа не смее да користи оружје.„Генералштабот на АРМ до Дисциплинската комисија има дадено насоки во рамките на законските регулативи и надлежности да се изрече најригорозна казна бидејќи со непримерното однесување од страна на вработениот припадник е нарушен угледот на Армијата. Дополнително, изречена е забрана до формациско оружје како претпазлива мерка.“ – стои во соопштението на Генералштабот на АРМ.

Македонија | пред 7 години

tatko-i-bebe1

И татковците ќе одат на породилно отсуство

Освен деветмесечното породилно отсуство за мајките – и татковците ќе добијат зелено светло да не доаѓаат на работа веднаш штом добијат принова во семејството.Правото на породилно отсуство од девет месеци за жените да остане исто, а мажите да добијат право на еден задолжителен месец породилно кој ќе следува веднаш по раѓањето на детето како и дополнителни три месеци, е предлог модел на „Реактор – Истражување во акција“ за Споделено родителско отсуство.Во Македонија и порано имало обиди да се изменат законите и нормите и да им се дозволи и на татковците да можат да се грижат за децата уште од нивното раѓање. Но, тоа никогаш не се остварило. За да има кој да се грижи за детето, мајката е приморана да не оди на работа.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Министерството за правда призна дека ги прескокнало сите меѓународни документи кои водат до современо Јавно обвинителство

Министерството за правда вчера по неколку денови соопшти дека ги прифаќа трите принципи од ВМРО-ДПМНЕ кои што беа поставени како основа врз која што ќе се разговара во креирањето на текстот на законот за јавно обвинителство, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Добро е што министерството вчера призна дека ги прескокнало сите меѓународни документи кои водат до современо, непартиско, отчетно и храбро Јавно обвинителство кое би работело во заштита на граѓаните врз база на почитување на човековите права, и дека укажувањата од ВМРО-ДПМНЕ е токму во таа насока.Со прифаќањето на трите принципи поставени од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Рената Тренеска Дескоска признаа дека не се работи за злоупотреби од страна на опозицијата, туку напротив, за нивна злоупотреба од позиција на моќ кон носење на закон кој што не доликува на европска држава и закон врз кој што би се градело обвинителство во служба на извршната власт.Овој закон мора да биде донесен со консензус со опозицијата и за него е невозможна трговија ниту пак откажување од било кој од трите наведени принципи.Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од имплементирање на 11 меѓународни акти од ОН, од препораки од Европскиот Совет на министри, од препораки од Венецијанската комисија. Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од одговори за непочитување на обвинителството, ниту од непостапување на обвинителството, ниту од формирање на тело на посебно одделение за следење на европската регулатива и прецедентното право на Европскиот суд за човекови права. Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од барањата за политичка независност на обвинителството, ниту од избор на Јавниот обвинител по предлог на опозицијата, барање да потсетам кое што до вчера и СДСМ го поставуваше како опозиција, како решение кое ќе ја ефектуира независноста и неутралноста на Јавното Обвинителство од извршната власт.Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат и игнорираат аргументирани предлози кои ќе овозможат борба со коруптивните и криминогените дејствија на власта, не бегаат од фактот дека треба да има одговорност и почитување на човековите права, а не јавните обвинители да штитат министри и премиери и да спроведуваат чистки со политичка нарачка на власта. Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од Анкетна комисија која што ќе ги испита сите афери во рамките на СЈО и начинот на кој што актуелниот состав истроши десетици милиони евра, ниту пак од формирање на тело- на посебно одделение за следење на европската регулатива и прецедентното право на Европскиот суд за човекови права.И секако, добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од истраги со кои ќе се решат прашањата кои што и ден денес ја мачат Република Македонија, безбројните афери за криминалните приватизации, за оставањето на улица на над 300.000 работници, за сите бонбона бизниси и испитување на стекнувањето богатства на низа транзициски политичари денес повторнозбиени во власта.Министерството за правда преку соопштение ја призна грешката, останува во следните денови власта и во разговорите да ја ефектуира декларативната заложба за вистинско долготрајно законско решение за Јавното обвинителство во Република Македонија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

20190326_112740

Се водат преговори македонско јагнешко месо да се продава на турскиот пазар

Денеска претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, одржаа работен состанок со здруженијата на одгледувачи на овци и Институтот за сточарство. На средбата се разговараше за актуелната состојба со откупот на јагне и просечната откупна цена.Претставниците од здруженијата на одгледувачи на овци ги изнесоа своите барања. Поради ниската откупна цена, побараа државата да интервенира со дополнителна мерка која што ќе ја покрие разликата помеѓу производната и пазарната цена. Второто барање на одгледувачите на овци беше, за оние сточари кои што се влезени во системот на контрола за исплата на субвенции, да се забрза постапката за исплата на субвенциите.Од страна на МЗШВ се посочи дека по завршувањето на откупот на јагне ќе се анализираат податоците од терен и по завршувањето на вториот круг на претстојните претседателски избори МЗШВ ќе излезе со соодветно предлог решение, со цел сточарите да не трпат загуби од сопственото производство. Во однос на исплатата на субвенциите, МЗШВ ги информираше одгледувачите на овци дека ќе ја извести Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој.Во меѓувреме, секое здружение до МЗШВ ќе испрати пополнет прашалник за сите трошоци што ја формираат производната цена, истата ќе се спореди со анализите на МЗШВ со цел да се дојде до реална производна цена, за да може да се подготви соодветно решение за одгледувачите на овци.И претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци позитивно ја иницијативата на МЗШВ што во моментов се спроведува преку Агенцијата за храна и ветеринарство за попис на бројот на овци и кози и земањето на крв од овците. Се согласија дека за понатамошното креирање на ефикасни политики за развој на овчарството и за правилна распределба на субвенциите, важно е да се знае точната бројка на овци.Во текот на вчерашниот во МЗШВ се одржа работен состанок со откупувачите, претставниците од кланиците и извозниците на јагниња, на кој што исто така се разговараше за состојба со откупот на јагне и за извозот. Од страна на откупувачите беше посочено дека не очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето во целост ќе биде откупено.МЗШВ и Владата ја следат состојбата со откупот на јагнето и нема да се дозволи сточарите одгледувачи на овци од нивниот производ да не прават загуба. Паралелно, МЗШВ континуирано работи на воспоставување на контакти  со нови пазари за извоз на јагнешкото, а веќе течат преговори за добивање на квота за извоз на јагнешко месо на турскиот пазар.

Македонија | пред 7 години

dzamija-najnova

ИВЗ е категорична, компромис нема - градежните работи на џамијата во Охрид нема да престанат

ИВЗ е категорична, градежните работи за реставрацијата на Алипашината џамија во Охрид и изградбата минаре  се во тек и нема да престанат.  Тие додаваат дека по однос на ова прашање нема компромис. Изградбата нема да се стопира.Од Верската заедница велат дека реагирале до Владата со писмо, затоа што според нив чашата се прелеала во моментот кога реставрацијата на Алипашината џамија и изградбата на минарето биле оспорени од здружението „Совест“.На 20 март се оствари средба меѓу претставниците на здружението Совест, в.д градоначалникот Константин Георгиески, помошник раководителот на секторот за урбанизам во општина Охрид Бранко Арнаудов, директорката на завод и музеј, Елеонора Новаковска и претсставниците од здружението „Совест“, Михаил Трендафилов, Михаил Арнаудов и Томе Џамтовски.По средбата беше кажано дека премиерот Заев им ветил дека ќе биде поставена жолта лента за забранет пристап до џамијата во Охрид, но такво нешто и по шест дена сеуште нема.Два дена по ова, од ИВЗ се обратија до Владата со писмо во која ја обвинуваат дека не е добро да поддржува оспорување на чувствата на еден народ.Од ИВЗ во писмото тврдеа дека за реконструкцијата  Али Пашината џамија во Охрид, имаат соодветна важечка градежна документација, со средства обезбедени од странска донација, која отежнато се користи поради како што велат бироктарскиот однос на надлежните државни институции. Наспроти тоа МПЦ , како што велат не дека ги има овие проблеми туку напротив е фаворизирана и привилигерина во секој поглед.Инаку Основото јавно обвинителство отвори предмет за градежните работи на џамијата, а обвинителот констатирал дека правното лице опфатено во истрагата нема правосилно одобрение од Министерството за транспорт и врски. Судот по барање на Обвинителството донел решение за забрана за преземање и изведување градежни работи на објектот. Но, решението не се почитува.Во предметот на Обвинителството опфатени се 8 лица, некои се физички, а други правни субјекти. Меѓу нив се нарачателите и изведувачите на градбата. 

Македонија | пред 7 години

55932391_611884472620399_5243957620179468288_n-1

5 медали за 4 македонски репрезентативци

На турнирот „MASTER BJJ OPEN“ во Белград, Србија 4 македонски репрезентативци, членови на клубот „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ од Кисела Вода предводени од селекторот Ивица Алексовски освоија 5 медали. Во категорија на возрасни со 4 натпреварувачи освоија 4 место.-Во Белград настапивме со 4 репрезентативци, членови на нашиот клуб. Во категорија на возрасни натпреварувачи со 4 наши членови освоивме 4 место. Ева Илиевска со 5 победи успеа да освои 2 златни медали, Ненад Мрчковски кој за првпат се натпреваруваше на меѓународен турнир се закити со златен медал во катергорија на мажи – 70 кг., бел појас, додека во апсолутна категорија  освои 3 место. Михаил Поповиќ освои 3 место во категорија -70 мажи, плав појас, додека во апсолутната категорија загуби во полуфинале и во борбата за 3 место. Вања Милевски не успеа да освои медал, загуби во полуфиналниот натпревар, а потоа не се бореше за 3 место поради здравствени проблеми, изјави тренерот на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ”, Ивица Алексовски. 

Спорт | пред 7 години

tepacka1

Охриѓанец нападнал жена пред угостителски објект

На 25.03.2019 околу 15.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека пред угостителски објект на улица „Партизанска“ во Охрид Б.Р.(63) од охридското село Мешеишта физички ја нападнал Ф.Ѓ.(58) од Охрид. По целосно документирање на настанот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

"Фејсбук" се налути, бриши лажни профили од Македонија, Косово, Иран и Русија

Социјалната мрежа „Фејсбук“ денеска објави дека укинува околу 2.600 кориснички профили и страници од Македонија, Косово, Русија и Иран, заради, како што се наведува, „координирано неавтентично однесување“."Reuters" пренесува дека оваа компанија објавила дека "вкупно 2.632 страни, групи и профили биле отстранети од Фејсбук и Инстаграм поради операции поврзани со споменатите земји".Се наведува дека "513 од тие профили биле поврзани со Иран, додека 1.907 биле поврзани со Русија".Компанијата навела дека страните и профилите се "отстранети поради однесувањето, а не поради содржината".

Свет | пред 7 години

mijalkov-2

Жалбата на Мијалков “ го одложи судењето за случајот „Таргет-Тврдина“

Жалбата на Сашо Мијалков за одредениот притвор во случајот „Титаник 2“ го одложи судењето за масовното прислушување во случајот „Таргет-Тврдина“ на СЈО. Причината е што Апелацискиот суд во Скопје за во 13 часот закажа седница на која ќе се разгледува жалбата, па термините се поклопуваа бидејќи рочиштето за „Таргет-Тврдина“ беше закажано за во 12 часот.Денеска требаше да продолжи сведочењето на свиркачот од МВР Звонко Костовски кој заедно со Ѓорѓи Лазаревски го открија масовното прислушување во УБК.Следното рочиште судечкиот совет го закажа за 3 април. 

пред 7 години

Нема фотографија

Шахпаска: Со непотпишувањето на Указите за рефомските закони, Иванов се потврди како кочничар на реформите

Со непотпишувањето на Указите за рефомските закони, меѓу кои Законот за оперативно техничката агенција и за електронски комуникации, Ѓорге Иванов се потврди како кочничар на реформите и противник на професионалнилизација на безбедносните служби, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.Освен овие закони, Иванов одбива да го потпише и Указот на Законот за заштита од дискриминација. Со тоа, Иванов се потврдува како промотор на дискриминацијата и противник на професионална Државна комисија за заштита од дискриминација.Како што го започна така и го завршува мандатот. Иванов е против реформскиот процес, Иванов е против концептот фер општество кое штити од секаков облик на дискриминација.И во последните денови од мандатот, Иванов останува доследен во своето делување спротивно на интересите на граѓаните и државата.Од сето ова, добро е што мандатот на Иванов истекува за кратко. На Република Северна Македонија не и се потребни политичари кои се дел од деструктивната матрица на Никола Груевски, како што е Иванов, политичари кои сакаат државата да се враќа назад, во изолација и неизвесност.Граѓаните на претстојните претседателски избори ќе изберат претседател кој достоинствено ќе ја претставува државата и ќе работи во интерес на граѓаните, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Константин Георгиески, не ги почитува одредбите од Изборниот законик

За СДСМ и Константин Георгиески законите се мртво слово на хартија и тие не важат. Спротивно на законите кандидатот за градоначалник Георгиески продолжува со предизборни активности, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Зошто не се почитуваат одредбите од Изборниот законик коишто се однесуваат на забрана за активности пред официјалниот почеток на кампањата?Каква демократска држава е таа во која не се почитува членот 69 со што се нарушува начелото на демократски принципи на функционирање на изборниот процес?Државната изборна комисија апелираше, Георгиески и СДСМ одат спротивно на тоа. Георгиески веќе неколку денови е во придружба на партиски членови на СДСМ на јавни настани што е доказ дека Георгиески на настаните е присутен по партиска агенда. Ова е флагрантно кршење и непочитувње на законите.Државната изборна комисија не смее да го толерира ваквото однесување на Георгирски и мора да го санкционира.Ги потсетуваме претставниците на ОБСЕ да го имаат предвид кршењето на одредбите на Изборниот законик и нарушувањето на демократските процеси. Георгиески ја потценува интелигенцијата на охриѓани. Наместо да води предизборна кампања што е спротивно на законот треба да понесе одговорност за неспособноста за правилно менаџирање на Општината и Јавните претпријатија.СДСМ и Константин Георгиески се кочницата за развојот на Охрид. Ветија многу работи, а не направија. Што побрзо си заминат од власт, а брзо ќе си заминат, тоа подобро за Охрид и охриѓани, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 7 години

stop-policija

Во Скопје се возело без возачка, нерегистрирани возила, се разговара на мобилен телефон додека се вози

Во текот на изминатиот ден (25.03.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 37 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи 14 возила биле Оддел за односи со јавност и стратешки прашања Сектор за односи со јавност и протокол нерегистрирани и четири возила биле технички неисправни.Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, шестмина поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, еден поради неправилно престигнување, еден поради недавање првенство на минување на возила на крстосница, двајца возачи поради неносење заштитен шлем при управување со мотоцикл, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 18 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 98 мандатни платни налози и 66 возила се подигнати со специјално возило пајак;. Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои шест лица се здобиле со телесни повреди.

Скопје | пред 7 години

pozar-drvja

Изгореа 2.000 метри квадратни нискостеблеста шума во Групчин и 15 хектари во Македонска Каменица

На 25.03.2019 во 10.20 часот во Полициското одделение Групчин, вработен во ЕВН -Тетово пријавил дека на 24.03.2019 во село Копачин Дол настанал пожар во нива, при што горела површина од 2.000 метри квадратни сува трева и нискостеблеста шума. Во пожарот изгореле две дрвени бандери од висина од 12 метри од 10 киловатен извод Стримница- Дервент. Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Тетово.На 25.03.2019 околу 13.00 часот било пријавено дека во атарот на село Дулица, Македонска Каменица, на место викано „Јуковска маала“, настанал пожар во кој биле зафатени околу 15 хектари нискостеблеста дабова шума. Во 17.15 часот пожарот бил изгаснат од екипи од Шумското стопанство и Територијалната противпожарна единица.

Македонија | пред 7 години

pozar

До темел изгоре куќа во Беровско

На 24.03.2019 околу 02.30 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека настанал пожар во куќата сопственост на З.М.(56) во село Русиново, беровско, во моментот кога спиеле членови на неговото семејство. Повредени лица нема, а од пожарот куќата целосно изгорела.Пожарот, со помош на соседите, бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Берово и увид извршиле увидна екипа од Полициската станица Берово и инспектор за пожари од Дирекцијата за заштита и спасување – Берово.

Македонија | пред 7 години

aerodrom-skopje

Државјанин на Косово сакал да патува како французин, со фалсификувана лична карта

На 25.03.2019 во 05.30 часот на Граничен премин „Аеродром-Скопје“, при контрола и проверка било констатирано дека француската лична карта на И.П.(25) од Косово била фалсификувана. Тој бил приведен во полициска станица, по што дал други лични податоци за себе, односно дека е И.В.(24) од Косово. Подоцна бил предаден на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

„БМВ“излетало од патот и удрило во дрва, повреден возачот

На 25.03.2019 во 12.20 часот на автопатот „Мајка Тереза“ - Обиколница на Град Скопје, после клучка Стајковци, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(33) од село Страчинци, скопско, излетало од патот и удрило во дрва. Притоа, со повреди се здобил возачот на кого му била укажана лекарска помош во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

soobrakajna-nesreka

Во сообраќајни несреќи во Прилеп и Липково, повредени 44 год пешак и 6 год дете

На 25.03.2019 околу 06.50 часот на улица „Марксова“ во Прилеп, патничко возило „Фолксфаген Венто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Н.(48) од село Дреновци, прилепско, удрило во пешакот А.С.(44) од Прилеп. Од ударот А.С. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Прилеп бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Изршен бил увид на местото.На 25.03.2019 околу 15.20 часот во село Опае, општина Липково, патничко возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(24) од село Лопате, кумановско, удрило во шестгодишно дете од село Опае. Од ударот момчето се здобило со повреди и по укажаната помош во болницата во Куманово било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 7 години

2-2-1

Изгаснат пожарот во Потпелистерието

Пожарот кој вчера во попладневните часови го зафати атарот на потпелистерското село Ротино е целосно изгаснат. До доцна во вечерните часови екипите на терен пожртвувано се справуваа со огнената стихија, која, на моменти, поради силниот ветар, се закануваше да ја зафати и моликовата шума на Националниот парк „Пелистер“.Утринава, во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, дел од кризниот штаб информораше за превземените чекори во акцијата за гаснењето на пожарот. Командирот на ТППЕ Битола Костадин Поповски истакна дека во текот на вчерашниот ден, на територијата на Општина Битола биле пријавени осум пожари, случај кој не е евидентиран ниту во најжешките месеци од годината. Според него, само два се евидентирани како пожари предизвикани од запалени стрништа, додека останатите се претпоставува дека се намерно предизвикани. Општина Битола писмено ќе се обрати до СВР Битола, со цел да се превземат соодветни чекори за поголема контрола на терен, согласно законските прописи.Пожари имало во селата Жабени и Св. Тодори, во околината на селата Драгожани, Беранци, Цапари и Ротино, месноста Дебел рид и во градот кај Хотел Битола. На терен, покрај 20-те пожарникари со 5 противпожарни возила, учествуваше и едно противпожарно возило од РЕК Битола, од Општина Ресен, возила на јавните претпријатија со нивни вработени лица, како и вработените во НП „Пелистер“, кои на терен одиграле важна улога во спречувањето пожарот да се прошири кон Националниот парк. Во пожарот нема изгорени индивидуални објекти, а гореше папрат и смрека.

Македонија | пред 7 години

krazba

За разбојништва и тешка кражба обвинето едно лице

Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за извршени две кривични дела  – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик, како и за едно дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот првото дело го сторил на  04.12.2018 година, во аптека на „Зегин Фарм“ која се наоѓа на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје. Тој влегол во аптеката со црна маска на лицето и шприц со игла во раката, и се заканил на вработената и одзел 9.790 денари. Второто разбојништво го сторил на 12.12.2018 година во  ПЗУ „Моја Аптека Зегин“. Со качулка и шал преку лицето, држејќи скалпел во рацете, се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на вработените, по што одзел 1.500 денари.На 28.12.2018 година, пак, во просториите на Центарот за ментално здравје Влае при ЈЗУ Психијатриска болница Скопје – Бардовци со провалување одзел туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои. Истиот ден тој во просториите на Центарот за ментално здравје влегол два пати. Првиот пат украл четири монитори и еден рутер со вкупна вредност од 21.000 денари. Истиот ден преку прозорецот од една повторно влегол во објектот и одзел други подвижни предмети – средства за хигиена, кафе, сијалици, звучници за компјутер, компјутерски и продолжни кабли за напојување, се во вкупна вредност од 23.864 денари. Кога излегол од просториите преку скршен прозорец бил затекнат и задржан од еден сведок.Надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетиот со оглед на тоа што тој е повеќепати осудуван за ист вид кривични дела, па постои опасност тој да се даде во бегство и основан страв дека би можел да го повтори кривичното дело.

пред 7 години

trska-pozar

ОЈО Струга поведе постапка против две лица за сечење на трската од езерското крајбрежје

На 16.03.2019 година двете лица се забележани како уништуваат добро под привремена заштита, односно природна реткост. Имено, еден од осомничените во близина на плажата „Версус“ со кајче влегол во езерото и со срп ја сечел трската. Вториот осомничен го нарачал сечењето на трската со намера да се сопре природниот раст. Со ваквите дејствија осомничените постапиле спротивно на Законот за заштита на природата, во кој Охридското Езеро е класифицирано како споменик на природата и каде не се дозволени активности со кои се загрозуваат неговите обележја и вредности.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга против двајцата осомничени започна постапка заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости по член 264 од Кривичниот законик.Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка и против инспектор по природа од Министерството за животна средина за сторено кривично дело – Попречување на правдата од член 368-а од Кривичниот законик. Предметот е отворен затоа што осомничениот одбил да излезе на лице место во моментот кога се сечела трската и да преземе дејствија по барање на јавниот обвинител.Во изминатиот период Основното јавно обвинителство Струга интензивно ја следи ситуацијата со уништувањето на трската на езерското крајбрежје, за што се издадени наредби за засилен надзор. Истовремено, до полициските службеници се издадени насоки за натамошно постапување во насока на откривање на сторителите и на прибавување докази. 

Македонија | пред 7 години

masakar-nov-zeland

Припадничка на АРМ ја занеме јавноста: Вели „Браво за монструмот од Нов Зеланд

-Нобелова награда за храброст да му се даде на „напаѓачот“, човекот во Нов Зеланд. Браво, бравоо-напишала припадничката на артилериската единица на АРМ Татјана Лазаровска на својот ФБ профил и крена паника во јавноста, со остри критики и осуди и во медиумите но и од Генералштабот на војската во Скопје, објави faktor.mk.Лазаревска, ангажирана како професионален војник, во артилериската единица, поради тој предлог, како што е оценето, на социјалните мрежи шири омраза. Во делот на осуда во медиумите, конкретно се бара нејзина суспензија и „чистење на фашистичкиот шлајм од институциите“.Покрај бранот негативни реакции на социјалните мрежи, осуда за „предлогот“ на Лазаровска стигна и од Генералштабот на АРМ, со најава дека поради таа постапка после истрагата, ќе биде санкционирана.Текстот во целост на: faktor.mk

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања