Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Goran-Rafajlovski

Горан Рафајловски: Оваа влада има лоша економска политика од почетокот до сега

Во вчерашната емисија „Тренд анализа“ на ТВ 24 Вести, гостуваше Горан Рафајловски кој посочи дека оваа влада досега има само лоша економска политика.„Сé што вети оваа влада е многу далеку од остварување, реално е многу далеку“, истакна Рафајловски.Рафајловски појасни дека за да можете да го оптеретите бизнисот и да побарате да се издаде по 500 евра плата, што е изводлива можеше да се направи тоа на поинаков начин.„Првиот начин е ако веќе го притискате да даде поголеми плати тогаш немојте да го притискате на темата на даноци и да ги зголемувате даноците. Значи не може од двете страни да го притискате. И тоа се случи со 18% персонален, се случи со зголемување општо на даноци кои не се така мали.  Економија не познава социјални партии, економија познава добра или лоша економија. И во оваа ситуација имаме лоша економска политика од почетокот до сега“, посочи Рафајловски.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

Осум сообраќајки во Скопје, шест повредени

Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно осум сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во три била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 37 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло, шест возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување,  еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи за не носење заштитен шлем, осум возачи за не  користење сигурносен појас и 18 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.Од сообраќај биле исклучени 18 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и четири технички неисправни и 14 нерегистрирани возила.Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.Затекнати биле 98 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 66 возила.

Скопје | пред 7 години

zaev-micko

Денеска ТВ дуел Заев-Мицкоски

Денеска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 најавен е ТВ дуелот на премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев и Христијан Мицкоски.Се очекува најполемизирани теми да бидат судбината на СЈО, Преспанскиот договор, осудените од „27 април“, економските политики, доделувањето на датум за преговори со ЕУ, партиските вработувања, претседателските избори и друго.Ова ќе биде второ соочување на двајцата политички лидери, по ланското на јавниот национален сервис.

Македонија | пред 7 години

avtopat-tetovo-skopje

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

prestrelka

Напаѓачите на избоденото момче направиле сообраќајка по крвавиот инцидент

По инцидентот во дискотека во село Марино, каде беше избоден 27-годишниот полициски службеник Фили Филиповски, неговите напаѓачи доживеале сообраќајна несреќа, потврдуваат од МВР за „Фокус“. Од таму додаваат дека сообраќајката поминала без потешки повреди и само е причинета материјална штета.За нападот се осомничени браќања Александар и Јордан Цветковски, синови на поранешниот градоначалник на Петровец, Звонко Цветковски, кој истовремено е и советник во МВР.Браќата Цветковски по инцидентот беа приведени, но притвор не им беше одреден.Таткото на Филип, Гоце Филиповски, тврди дека ножот со кој бил извршен нападот се уште не е пронајден.

Македонија | пред 7 години

grubi

Груби: Како што Талат Џафери стана прв министер за одбрана, така ќе успееме да имаме и Гувернер

Принципот на консензуалност ќе ни донесе гувернер на НБРСМ да биде Албанец, изјави пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во вечерашниот дебатен магазин “Click Plus” на ТВ 21.-Како што Талат Џафери стана прв министер за одбрана, Агим Нухиу прв министер на МВР, народниот правопранител е Албанец,  така ќе успееме да имаме и Гувернер – рече Груби.Тој додаде дека во 2014 година Пендаровски бил партиски канидат на СДСМ, додека сега неговото кадидирање било концепт кој ќе го промовира ДУИ.Во дебатата гостуваше и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој рече дека во 2014 година кога Пендаровски беше канидат за претседател, во вториот круг гласал за него.Половина од членството на ДУИ ќе гласа за Блерим Река, рече вечерва Арбен Таравари

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Без вода неколку улици во Центар

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денеска заради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од од Ф-150мм на улицата „Козара“, на раскрсницата со улицата „Киро Гавриловски“, од 9 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улиците: „Козара“, „Киро Гавриловски“ и „Адам Мицкиевиќ“, како и објектите на Агенција за вработување и Заводот за физикална рехабилитација.

Скопје | пред 7 години

31901170_962297913945818_3334168813938671616_n

Едмонд Адеми во работна посета на Франција

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, на 26 и 27 март 2019 година ќе реализира работна посета на Франција.За време на посетата, министерот Адеми ќе оствари средби со претставниците на дијаспората од Република Македонија во Франција, а посебно ќе оствари посета на општината Вилжуст во Фрнација, чиј градоначалник е Игор Тричковски со кога ќе реализира и  работна средба.Покрај средбите со дијаспората, министерот Адеми ќе оствари билатерални средби Претседателот на групата за македонско-француско пријателство во Националното собрание на Франција, Бертан Сор и пратеничката Лилиан Танги која е и член на Комисијата за надворешни работи при Националното Собрание.Фокусот на средбите со соговорниците , ќе биде ставен на можностите за унапрдување на билатералната соработка во во сите области од заемен интерес, унапредувањето на положбата  на  нашата дијаспора и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во Франција како и за актуелните политички цели на влада на Република Северна Македонија со посебен акцен на ЕУ и НАТО интеграција на нашата држава

Македонија | пред 7 години

struja-2

Дел од Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош и Петровец без струја

Делови од општините Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош и Петровец, во одреден период од денот, нема да имаат струја поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.Како што соопшти РЦУК, без електрична енергија ќе бидат: од 8.30 до 10 часот корисниците на дел од улиците „Христо Узунов“, „Банско“, „Рилски конгрес“ и „Кратовска“ во Општина Кисела Вода, од 9 до 12 часот корисниците од улицата „Никола Парапунов“, зграда 3 и околните објекти во Карпош, од 9 до 13 часот корисниците од селата Сушица, Ќојлија, Долно Средно и Горно Коњари, Дивле, и Живиње во Петровец, од 9 до 14.30 часот корисниците од дел од улицата „Атанас Иљоски“ во Ѓорче, од 10.30 до 13.30 часот корисниците од улицата „Водоча“ во Аеродром и од 12 до 15 часот корисниците од улицата „Мите Богоевски“ со броевите 2, 3, 5, 6 и 7 во Аеродром.

Скопје | пред 7 години

vreme

Облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег

Денес времето ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено во северните делови. Температурата ќе се движи од 10 до 18 степени.Во Скопје облачно време со температура од 6 до 15 степени.Под влијание на значително постудена воздушна маса до четврток ќе има зголемена облачност, во западните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за околу 10 степени во однос на вчерашната. Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Македонија | пред 7 години

pozar-1

Пожар го зфати Потпелистерието

Голем пожар попладнево го зафати Потпелситерието, лоциран во атарот на селото Ротино. Екипите на Територијалната противпожарна единица од Битола веднаш се упатија на терен, но поради засилениот ветер, пожарот бргу се прошируваше и претставуваше опасност да ја зафати моликовата шума.Имајќи ги во предвид околностите дека се работи за тешко пристапен терен и покрај ангажираноста на противпожарните служби, јавните претпријатија на локално и државно ниво, надлежните служби за заштита, спасување и ЦУК, локализирањето и гаснењето на пожарот е исклучително тешко.Кризниот штаб за заштита и спасување при Општина Битола одржа состанок под раководство на градоначалничката Наташа Петровска и донесен е едногласен заклучок дека е потребно ангажирање на ДЗС со активирање на механизирани средства кои би дејствувале од воздух.Во моментов на терен пожарот го гаснат екипи на ТППЕ, едно противпожарно возило од РЕК Битола и едно од Општина Ресен, а во акцијата се вклучени и вработените во НП Пелистер, како и локалното население.Од ТППЕ Битола информираат дека во текот на денот имале шест противпожарни интервенции. Покрај големиот пожар во Ротино, екипите на терен гаснеле пожари во Ниже Поле, Драгожани, во Мариовскиот дел и во градското подрачје.

Македонија | пред 7 години

3-6-1

Заев: Создадовме модел за решавање на политички прашања, но ако продолжиме со ова темпо може да станеме и економски пример

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев учествуваше и се обрати на 6-тата трибината „Фер општество – шанса за сите“ со граѓаните и со претставници од бизнис секторот, којашто денеска се одржа во Куманово.Посочувајќи го како град на пркосот, премиерот Заев на граѓаните на Куманово и на општината, им честиташе за обезбедениот траен мир, бидејќи како што рече премиерот Заев членството во НАТО значи трајна стабилност. Таа стабилност, како што посочи премиерот Заев веќе е реалност бидејќи 8 од 29 членки на Алијансата го ратификуваа Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.Пред граѓаните на Куманово, премиерот Заев посочи дека Република Северна Македонија е пример за останатите, како преку договор и дијалог се решаваат крупни сложени проблеми. Земјата, како што рече премиерот создаде модел како се зајакнуваат добрососедските односи.„Договорот со Грција е совршен пример и неговата имплементација веќе ги носи првите резултати и сите ја чувствуваме рефлексијата. За помалку од 6 месеци од договорот, 2018-та година ја завршивме со 624, 5 милиони странски инвестиции, што е за 4 пати поголема сума во споредба со 2017-та година“, рече меѓу другото премиерот Заев.Пред граѓаните на Куманово премиерот Заев додаде дека од почетокот на работењето пред околу 21 месец, Владата е посветена на отворање на перспективите за Република Северна Македонија и за нејзините граѓани.„Невработеноста во земјата е на историско најниско ниво и изнесува 19,4 отсто, што е намалување за 3,6% за само една година. Отворени се нови 26 600 работни места. Истовремено, исполнети се очекувањата на Владата, за раст на БДП во четвртиот квартал во 2018-та и тој изнесува 3,7%“. Платите и натаму растат. Иако очекувавме до крајот на 2020-та, верувам дека до крајот на оваа година просечната плата ќе достигне до 500-тини евра“, додаде премиерот Заев.„Ако продолжиме со овој тренд“, нагласи премиерот Заев, „освен политички пример, Република Северна Македонија ќе биде и економски пример“.На денешната трибина, премиерот Заев уште еднаш ги повтори мерките коишто ги донесе Владата, а коишто придонесоа за големи заштеди кај граѓаните, како што се евтината дневна тарифа за струја и укинување на радиодифузната такса.Во своето обраќање пред присутните граѓани на трибината, премиерот Заев посочи и дел од проектите коишто се важни за Куманово и кумановскиот регион, како замена и инсталација на куќни, комбинирани, индустриски и ултразвучни водомери и нивна интеграција во систем за далечинско отчитување во системот за водоснабдување на општина Куманово, во вредност 1.6 милиони евра, потоа проектот за употреба и одржување на дел од водоснабдителен систем на град Куманово, во вредност 747 илјади евра, како и изградба на пречистителна станица за вода за пиење за регионален водоснабдителен систем Липково.Во насока на развој на тој регион, како што додаде премиерот Заев е насочувањето на 47% повеќе пари за поддршка на бизнис секторот, со крајна цел отворање на нови работни места и повисоки плати коишто ќе ги задржат младите.„Сега немаме повеќе изговори, Република Северна Македонија може да биде достојно место за живеење. Создаваме услови, поради коишто сите ќе сакаат да останат тука“, заклучи премиерот Заев во своето воведно обраќање на денешната трибина со граѓани „Фер општество – шанса за сите“, којашто се одржа во Куманово. 

Македонија | пред 7 години

1-10-1

Спасовски: Реформите и заложбите за едно општество се врвен приоритет за остварување на евроатлантските интеграции на Северна Македонија

Потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со премиерот Заев, денеска зеде учество на трибината „Фер општество - шанса за сите“ во Куманово. Во своето обраќање пред граѓаните на општината Спасовски, подвлече дека реформите и законските решенија во областа на заштитата на човековите права без разлика на верската и националната припадност на граѓаните за остварување на концептот „Фер општество – шанса за сите“, се врвен приоритет за Владата на РСМ со цел остварување на евроатлантската интеграција на државата.„За среќа, со оваа програмска определба, врз основа на храброста, на визијата  на претседателот на Владата Зоран Заев, ние имаме можност да ја живееме таа интеграција на Република Северна Македонија и во НАТО и во Европската Унија и ова ќе остане запишано во историјата за напредокот на нашата држава“, рече вицепремиерот Спасовски, потенцирајќи дека Владата на Република Северна Македонија го надградува и поддржува концептот за едно општество  со цел постигнување на помирување во државата и градење поголема доверба кај сите граѓани на државата.Вицепремиерот Спасовски го посочи Куманово како пример за соживот на заедниците и порача дека меѓусебното почитување и соработка може да придонесе за поголеми успеси за Република Северна Македонија, додавајќи дека не помалку важен сегмент во развојот на државата е борбата против криминалот и корупцијата, нешто што како што оцени беше рак-рана на земјата во изминативе години.Потпретседателот на Владата, Спасовски посочи дека суштинските реформи кои се преземени, се со цел да се воведат нови вредности со кои ќе се врати довербата во институциите и партнерскиот однос меѓу нив и граѓаните.„Ќе споменам само два настани кои се случија и кои го креираа таквото мислење на недоверба кон Министерството за внатрешни работи, а тоа е прислушувањето кога беа нарушени човековите права и настаните од 27-ми април во Собранието на Република Северна Македонија“, посочи вицепремиерот Спасовски додавајќи дека помина времето кога интересите на криминогените групи беа водени директно од власта.Вицепремиерот Спасовски во своето обраќање се задржа на реформите на безбедносните служби, вклучително формирањето на Оперативно-техничката агенција (ОТА), која, како што оцени е со цел да се надмине стравот на граѓаните дека државата нелегално следи и прислушкува, како и овозможениот систем на повеќестепена контрола од судската власт, од Парламентот и граѓанскиот сектор како придобивка за гарантирање на човековите права и слободен развој на економијата.„Ќе напоменам дека во тек е реформата на безбедносните служби и законските решенија се веќе во Собранието на РСМ, за формирање на посебна Агенција за национална безбедност која треба да почне да функционира од први јуни кога ќе се завршат сите постапки“, оцени Спасовски, кој додаде дека за прв пат е воведен принцип на надворешна контрола на полицијата и формирање на национални  тела за борба против корупцијата, тероризмот и националниот екстремизам  кој веќе даваат резултати.„Куманово беше неправедно дискриминирано во државата во сите изминати 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, градот беше заборавен, избришан од картата на државата. Ние испланиравме проекти кои ќе се реализираа оваа година, кои се исклучително важни“, рече потпретседателот Спасовски, посочувајќи дека веќе е завршена реконструкцијата на патниот правец Старо Нагоричане-Пелинце, каде остануваат уште 4 километри до граничниот премин кои ќе се завршат до крајот на март.Вицепремиерот Спасовски уште посочи дека во завршна фаза е спортската сала во село Черкези и дека веќе се започнати постапки за градба на нова спортска сала во уште едно училиште, како и уште неколку инфраструктурни проекти во општина Куманово.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Претседателот Заев нема никаква поврзаност со фирмата за која опозицијата денеска лажеше

Врти-сучи ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно лажат. ВМРО-ДПМНЕ нема план, нема програма, нема ниту идеја или предлог за граѓаните па ги продолжува измислените, лажни кампањи на Никола Груевски кои немаат врска со реалноста, се вели во реакција од СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.Посочената компанија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Канабис ОНЕ Доо Струмица нема никава поврзаност со претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, како што лажно обвинува ВМРО- ДПМНЕ.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш покажаа дека не можат да понудат ништо освен лажни вести и измислици и да конструираат непостоечки случаи.Јавноста, граѓаните веќе ја препознаваат ВМРО-ДПМНЕ како симбол на лажни вести и затоа на претстојните претседателски избори ќе го казнат нивното деструктивно и антинародно однесување, се вели во реакција од СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

IMG_4792

Во Општина Кисела Вода извлечена ждрепка за претстојниот Куп „Св. Ѓорѓи“

Општина Кисела Вода со цел за унапредување на спортот на повисок степен по повод одбележувањето на својот патронен празник Ѓурѓовден и оваа година традиционално ќе го организира Купот „Св. Ѓорѓи“. На истиот ученици од основните училишта од општините: Карпош, Кисела Вода, Центар и Гази Баба ќе играат: одбојка, кошарка и футсал.За оваа цел, денес во просториите на општината претставници од скопските општини учесници на купот одржаа работен состанок на кој беше извлечена ждрепка. Купот свечено ќе биде отворен на 07.05.2019 година во спортската сала „Независна Македонија“ и ќе се одвива по следниот распоред:Куп „Св. Ѓорѓи“Прв ден: вторник, 07.05.2019Спортска сала „Независна Македонија“ – женска одбојка12:30 часот, свечено отварање13:00 часот, прв полуфинален натпревар во одбојка: Карпош - Кисела Вода14:30 часот, втор полуфинален натпревар во одбојка: Центар – Гази БабаВтор ден: среда, 08.05.2019Спортска сала „Независна Македонија“- женска одбојка13:00 часот, одигрување за трето место во одбојка14:30 часот, одигрување за прво место во одбојка15:30 часот, доделување на дипломи и пехари.Трет ден: четврток 09.05.2019Спортска сала „Архиепископ Доситеј“Футсал13:00 часот, одигрување на првиот полуфинален натпревар во футсал: Кисела Вода - Гази Баба13:30 часот, одигрување на вториот полуфинален натпревар во футсал: Центар КарпошЧетврти ден: петок 10.05.2019Спортска сала „Архиепископ Доситеј“Футсал13:00 часот, одигрување за трето место во футсал13:30 часот, одигрувања за прво место во футсал14:15 часот, доделување на дипломи и пехари.Петти ден: понеделник 13.05.2019Спортска сала „Независна Македонија“Кошарка - момчиња13:00 часот, одигрување на првиот полуфинален натпревар во кошарка: Карпош - Центар14:30 часот, одигрување на вториот полуфинален натпревар во кошарка: Гази Баба – Кисела ВодаШести ден: вторник 14.05.2019Спортска сала „Независна Македонија“. -Кошарка13:00 часот, одигрување за трето место во кошарка14:30 часот, одигрување за прво место во кошарка16:00 часот, доделување на дипломи и пехари и затварање на Купот „Свети Ѓорѓи“Општината на најуспешните селекции ќе им додели пехари и дипломи.

Спорт | пред 7 години

K.Kostadinov-slika

Костадинов:Со непотпишувањето на реформските закони, Иванов се потврди како кочничар на напредокот

Ѓорге Иванов и во последните денови од мандатот продолжува да биде кочничар на реформите, да работи спротивно на државните интереси и интересите на граѓаните. Најновата форма на деструктивниот Иванов е да не ги потпишува указите за реформските закони кои се важни за напредокот, важни за граѓаните, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.Иванов не ги потпиша Указите за Законот за оперативно техничка агенција и Законот за електронски комуникации, донесени со консензус во Собранието. Реформските закони, за ОТА и за електронските комуникации, значат суштинска реформа во безбедносните служби и се важен чекор кон интеграцијата во ЕУ и добивањето датум за преговори.Овие закони се поддржани и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Со непотпишувањето на указите, Иванов застана против реформата на безбедносните служби, против напредокот, против интеграцијата во ЕУ.Иванов се потврди како кочничар на напредокот. На Република Северна Македонија не и се потребни политичари кои се дел од деструктивната матрица на Никола Груевски, кои сакаат државата да се враќа назад, во изолација. Добро е што мандатот на Иванов истекува за кратко. Граѓаните на претстојните претседателски избори ќе изберат претседател кој достоинствено ќе ја претставува државата и ќе работи во интерес на граѓаните, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник. 

Македонија | пред 7 години

3-4-1

Османи: Имплементацијата на законот за јазици се одвива со задоволителна динамика

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи како дел од институционалните средби поврзани со процесот на надзор во спроведувањето на реформите од Плановите 3-6-9 и Планот 18 оствари средба со членовите на надлежната Меѓуресорска работна група, директорот на агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците, Илбер Села, генералниот секретар на Владата на РСМ, Драги Рашковски и заменикот на генералниот секретар на Владата на РСМ, Тахир Хани.„Законот за јазици беше дел од Планот 3-6-9 и неговата законска имплементација е целосно реализирана, но наша обврска е да ја следиме и фактичката имплементација низ институциите, исто како и за сите останати реформи предвидено со реформските планови“, истакна Османи, изразувајќи притоа задоволство од темпото со кое се имплементира Законот.„Секако дека постојат предизвици и непредвидени состојби, но радува фактот што постои позитивен пристап во отстранувањето на сите пречки применувајќи го духот на законот онаму каде ќе се појават предизвиците“, истакна Османи. Османи посочи на повеќето одлуки кои ги донела Владата во насока на имплементацијата на Законот, како што е самото формирање на Меѓуресорската работна група, потоа задолженијата до министерствата за имплементација на законот во рамките на документацијата, формирањето на Агенцијата за спроведување на Законот, одлуката да ѝ се доделат простории на Агенцијата, како и голем број останати мерки со кои се спроведува законот.Генералниот секретар на Владата на РСМ, Драги Рашковски, истакна дека со имплементацијата на Законот за употреба на јазиците се обезбедуваат правата на граѓаните кои што природно им следуваат, а секое право треба да им служи на луѓето. Тој како носител на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците, рече дека имплементацијата на овој Закон е позитивно прифатена од сите институции и дека Владата на Република Северна Македонија дава институционална и техничка поддршка, како и преку препораки за целосна имплементација на овој Закон.Директорот на агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците, Илбер Села, изрази радост што на денешната средба со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, го презентирал досегашното функционирање на Агенцијата и истакна дека има подготвеност за истата да почне со работа со полн капацитет. Институционалните средби за надзор на имплементација на реформите од Планот 3-6-9 и Планот 18 продолжуваат и натаму, а според најавата, веќе утре Османи е на средба со членовите на Советот на Агенцијата за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги како една од важните институции во спроведувањето на реформите поврзани со медиумските слободи, во пресрет на претседателските избори. 

Македонија | пред 7 години

civil-1

ЦИВИЛ бара од Владата да преземе итни мерки за санкционирање на радикалите вработени во институциите

Секојдневно, во социјалните мрежи се појавуваат пораки со радикални содржини што ги пласираат вработени во институциите, во администрацијата и јавните претпријатија. Никој не одговара за тоа. Ако Владата и институциите не го осудуваат и санкционираат ваквото однесување, тоа значи дека го поддржуваат. Тоа мора да престане!Не можеме и не смееме да прифатиме дека меѓу нас има луѓе што возвишуваат злосторници, убијци и екстремизам, чии последици се трагични - загубени човечки животи, несигурност, страв и разорени заедници и општества. Не можеме да прифатиме состојба во која екстремизмот на едно стадо негува соживот со екстремизмот на некое друго стадо. Тоа не е соживот, нема врска со толеранција. Тоа е крвопролевање кое само што не се случило, се вели во соопштението од Цивил.ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од Владата и надлежните институции да преземат итни, неодложни чекори да воведат строги критериуми за оценување на луѓето што работат во нив и веднаш да ги санкционираат сите свои службеници и функционери доколку тие се служат со говорот на омразата и поттикнуваат радикализам, насилен екстремизам или на било кој начин придонесуваат кон возвишување на насилства, злосторства и тероризам.Одговорноста не е фраза, тоа е постојано градење и заштита на животот и достоинството на граѓанките и граѓаните, постојана одбрана на вредностите на едно цивилизирано и хумано општество. За тоа постојат буџетите на државите!„Нобелова награда за храброст да му се даде на „напаѓачот“, човекот во Нов Зеланд. Браво, бравооо“ - напиша Татјана Лазаровска на својот профил на Фејсбук. Навистина постои тој профил, навистина е вработена во Армијата на Република Северна Македонија. Носи униформа на оваа земја, има вештини што ги стекнала во нашиот образовен систем, прима плата од буџет што го полнат сите граѓанки и граѓани. Лазаровска е стационирана во воена единица во град со мнозинско албанско население, во артилериски род што е извонредно мобилен. Со оружјето до кое има пристап се ракува извонредно лесно, а последиците од него може да бидат разорни и трагични.И по неколку дена од оваа порака, ниту Владата, ниту ресорното министерство на една земја, не излезе со јасен став и изјава во јавноста во која ќе слушнеме дека тоа лице е суспендирано, одземени ѝ се дозволите за пристап до оружје и муниција и дека е под истрага да не е дел од организирана екстремистичка мрежа. Тоа е најмалку што може да го направи владата или барем Министерството за одбрана, според некои минимални НАТО стандарди. Ако веќе ништо не значат Уставот и законите на нашата земја, како и човечноста и совеста, а би морало!И тоа не е сѐ. Секојдневно, во социјалните мрежи се појавуваат пораки со радикални содржини што ги пласираат вработени во институциите, во администрацијата и јавните претпријатија. Никој не одговара за тоа. Ако Владата и институциите не го осудуваат и санкционираат ваквото однесување, тоа значи дека го поддржуваат. Тоа мора да престане!Восхитувањето од тероризмот, било да е оној на ИСИС или на терористот што уби педесетина муслимани во џамија, на расистите на Кју Клукс Клан или на неонацистите и ултра радикалите во Русија, Унгарија, Полска, Чешка, Германија, Србија, Албанија или Грција е првиот, крупен чекор до екстремното насилство. Кратко е растојанието од првиот чекор на оправдување и поттикнување до вториот чекор, реалното насилство и трагедиите што тоа ги предизвикува. Пократко е тоа растојание отколку што сакаме да веруваме.Екстремизмот во нашето општество и во системот е долгогодишна операција од која нема да се ослободиме ако се молчи и ништо не се презема. Можеби со огромно задоцнување, но мора да се започне веднаш, денеска. Според законите и стандардите што веќе ги има во нашето законодавство!Затоа, ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човековите права и слободи, бара од институциите да поведат сметка за законитоста, почитувањето на човековите права и слободи, како и за безбедноста на сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија. ЦИВИЛ ги осудува говорот на омразата и поттикнувањето на насилство во секаква форма и очекува од Владата и секое министерство и институција на локално и национално ниво, да расчистат со екстремисти во своите структури. Активистите за човекови права не се должни да ја работат работата на институциите!

Македонија | пред 7 години

54730376_798442780527825_4059363158421143552_n

Николовски: Извозот на македонските земјоделско-прехранбени производи во Русија значително расте

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Александрович Баздникин и претставници на стопанските комори присуствуваше на одбележувањето на 14 годишнината од постоењето на Македонско - Руската Стопанска комора, насловена како „Иднината на економската соработка со Руската Федерација". Министерот Николовски ја истакна важноста за економската соработка со Русија особено за трговската размена и напомена дека тоа ќе биде централната тема на следната седница на Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу двете земји, чиј ко-претседател од македонска страна е министерот Николовски, а воедно се заблагодари за признавањето на новото Уставно име од страна на Руската Федерација.- Оваа прилика ја користам, повторно да кажам, дека извозот на македонски земјоделско-прехранбени производи во Русија се одвива непречено, не постои никаков застој при влез на македонските камиони во Руската федерација. Извозот на македонски земјоделско-прехранбени производи во Русија бележи континуиран пораст во изминатите неколку години, а носечки производи се овошјето, зеленчукот и цигарите. Во првите месеци од оваа година, според податоците од Државниот завод за статистика е регистрирано зголемување на целокупниот извоз за 41%, а кај земјоделско- прехранбени производи, само во јануари има зголемување за 90% споредбено со истиот период минатата година. Зголемениот извоз од Република Северна Македонија кон Русија во делот на земјоделско- прехранбените производи се должи пред се на извозот на јаболки, во количина од 3.145 тони, а во вредност од 1,2 милиони евра, изјави Николовски.МЗШВ и во иднина ја продолжува поддршката на македонските компании за промоција на земјоделско-прехранбените производи на рускиот пазар, преку учество на најголемите саеми во Москва, како што е „Продекспо“ и „Светот на храната“. Дополнително, министерството ќе го финансира и Македонскиот дом во Москва со вкупна финансиска годишна поддршка од 150.000 евра.Македонскиот дом е важен не само за промоција на нашите производи, туку и за поврзување на македонските со руските и компаниите од другите држави. МЗШВ ќе работи и на збогатување на асортиманот на македонски производи, за кои има интерес на рускиот пазар, како што се македонските вина и млечни производи. Инаку, Владата на Република Северна Македонија ја реафирмираше работата на Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација, во која земјоделството претставува значаен сегмент во разговорите меѓу Владите на двете земји. Оваа комисија нема одржано седница од 2014 година.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Општина Охрид: Реакција на прес- конференцијата на ОК на ВМРО- ДПМНЕ -Охрид

Да се става теснопартискиот над јавниот интерес и натаму е практика на ВМРО-ДПМНЕ. Политички неуко и анахроно е да се обвинува Општина Охрид дека нелегално изведувала инфраструктурни зафати без потребнатадокументација, а тие зафати се од јавен, а не од личен интерес.Кружниот тек кај Општата болница, кој се реконструира, ќе го користат сите граѓани без разлика на нивната партиска припадност. Покриеното автобуско стојалиште од дожд и снег ќе го користат сите, без никој да им бара партиска книшка, се вели во реакцјата од локалната смоуправа.Но, за Вас од раководството на ОК на ВМРО- ДПМНЕ очигледно не Ви се важни граѓаните, туку собирањето на ефтини политички поени. На јавноста наместо Вашите инсинуации ќе им презентираме факти.-Поради катастрофалната состојба на кружниот тек кај Општата болница чија моменталната состојба е идентична со онаа во 2016 година, неминовно беше да се изврши реконструкција и подобрување на сите сообраќајни перфоманси. Согласно тоа се изготви Основен проект за реконструкција со сообраќајно решение, ревизија на истиот и изготвен е и проект за времен режим на сообраќај. За целата документација изготвени се соодветни решенија и согласности од надлежни институции. Согласно законот за јавни набавки и проектната документација избран е изведувач на работите кој ги извршува градежните активности.Од страна на надлежните служби на Општина Охрид издаден е налог на надзорниот орган, кој согласно законот извршува надзор на градежните работи. Стручните служби на Општина Охрид секојдневно ја следат динамиката и квалитетот на изведените работи.-Што се однесува до преместувањето на автобуската постојка од зградата „Печијаре“ кај пекарата „Мартина“, истата е дислоцирана согласно акт од Министерството за внатрешни работи и Програмата за урбана опрема која е изгласана од страна на Советот на Општина Охрид.-Општина Охрид не врши реконструкција на кружниот тек на булевар „ Туристичка“ со пресек со улица „ Бистрица“, туку тоа го прават надлежните државни институции кои се надлежни за оваа сообраќајница.За крај, секојдневната работа на решавањето на проблемите на охриѓани бара многу поголема сериозност и посветеност од читањето на штанцани партиски соопштенија во пресрет на избори. Граѓаните на Охрид многу добро ја знаат разликата.Општина Охрид Одделение за односи со јавност, велат во реакцијта од Општина Охрид.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Арсовски: Бизнисот со марихуана врти-сучи пак се поврзува со премиерот Заев

Со секој изминат ден на власт богатството и бизнисите на блиските на Зоран Заев односно кланот Заеви енормно се зголемуваат. Граѓаните на Република Македонија осиромашуваат, а фамилијата Заеви континуирано се богатат а тоа на сметка на граѓаните и државните бизнис интереси, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Бизнисот со марихуана врти-сучи пак се поврзува со премиерот Заев. Имено, според последните информации во јавноста и оние кои што се проширија во медиумите, фирма во која косопственик е лице со исто име и презиме како адвокатот на Зоран Заев, добила лиценца за одгледување на канабис односно марихуана. Фирмата Канабис ОНЕ Доо Струмица  добила лиценца од министерството за Здравство по претходно добиена согласност од Владата. Оттука е крајно сомнително и скандалозно како може Владата кај што е премиер Заев да даде лиценца за вносен бизнис на фирма кај што лицето Ване Андреев, со идентитет како адвокат на Зоран Заев фигурира. Дали ова лице Ване Андреев  е адвокатот на Заев кој сега ќе произведува марихуана и ќе заработува милиони? Дали Заев и во овој случај не гледа никаков судир на интереси како во случајот кога во бизнисот со марихуана влезе и семејната фирма на неговиот братучед Трајче Заев?Да биде уште поскандалозно медиумите пишуваа, а никој не демантираше дека извесна Сара Еленова, монахиња во епархијата на митрополитот Наум инаку кој важи кај граѓаните за близок пријател до Заев е еден од косопствениците и партнерите во фирмата Канабис Оне Доо Струмица. Дали и црквата влезе во бизнисот  со марихуана? Дали митрополитот Наум кој самиот Заев го нарекува свој духовен отец  влегол во одгледување на марихуана? Ако е ова точно, тогаш дали Црквата наместо со духовноста и верата ќе почне да одгледува марихуана? Дали, ако сето ова е точно, добиваме уште една потврда дека во Струмица перфектно продолжува да функционира бизнисот по моделот едно евро за Вицето, едно евро за Црквата? Во тој случај Господ нека им помогне на граѓаните кој што се борат секој ден да врзат крај со крај.Овој скандал е огромен. Тој е спротивен и на Божјите и на земните закони и со ова сериозно треба да се позанимава Обвинителството ако има барем грам интегритет и професионалност. Зарем за нив не е скандалозно адвокатот на премиерот да добие лиценца за милионски бизнис, а патем во тоа да е вмешана и Струмичката Епархија истата онаа од серијалот епизоди со едно Евро за Црквата.Јавноста и граѓаните гледаат со каква криминогена и корумпирана власт си имаат работа. Ова мора да престане час поскоро. Почетокот на крајот на овој криминален картел на власт се претстојните избори кога народот ќе ги казни за сите матни бизниси кои ги прават а кои имаат единствено за цел лично богатење на власта на Зоран Заев, фамилијата Заеви и нивните блиски луѓе односно бизнис партнери, истакн Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

2-11

„Да го поздравиш и да ми го бациш“ на репертоар во МКЦ!

Да го поздравиш и да ми го бациш е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, за соништата за себеостварувањето и за соочувањето со општествените механизми на функционирање.Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода.Каков треба да биде тетатарот денес? Кое е неговото место во опшетството? Кое е местото на младинците во општетсвото во кое живееме? Претставата зборува и за: емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфликт помеѓу интутитивното и рационалното, за слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“ итн. Севкупно, актерите на сцена поставуваат прашања и отворат дилеми барајќи начин да ги одговорат.Играат :Бојан КирковскиНаташа ПетровиќНенад МитевскиСимона Спировска КостовскаРежија: Билјана РадиноскаПретставата не е наменета за лица под 16 години!

Скопје | пред 7 години

cipras

Хеликоптерот со кој патувал Ципрас го пресретнале турски воени авиони, а тој порачува ако треба ќе пливал

Инцидентот со турските воени авиони го обелодени самиот Ципрас, кој ѝ порача на Турција дека „џабе троши бензин и керозин“ и доколку е потребно со пливање ќе стигне до најоддалеченото место во Грција.За време на патувањето на премиерот на Грција, Алексис Ципрас кон островот Агатониси, што се наоѓа во близина на Турција, по повод грчкиот национален празник, турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор и го принудиле хеликоптерот да лета ниско и да прави маневри, додека не интервенирале грчките воени авиони, јави дописничката на МИА од Атина.Инцидентот со турските воени авиони го обелодени самиот Ципрас, кој ѝ порача на Турција дека „џабе троши бензин и керозин“ и доколку е потребно со пливање ќе стигне до најоддалеченото место во Грција.– Пред малку имав чест при моето пристигнување овде на Агатониси да ме пречекаат и некои борбени авиони на турското Воено воздухопловство. Се чини поради денешниот ден, сакаа и тие да учествуваат во нашата национална прослава. Го принудија хеликоптерот во кој бев на некои ниски маневри. Се додека грчките воени авиони, како што секогаш се случува, не ги спречија силите што го нарушија нашиот воздушен простор. И која беше целта? Да го пресретнат хеликоптерот на премиерот? Треба да знаат дека овие бесмислени дејствија немаат никаква смисла. Џабе си трошат керозин и бензин, е пораката што сакам да ја пратам, прво затоа што ние ќе бидеме секогаш тука за да го одбраниме нашиот национален интегритет и второ затоа што грчкиот премиер ќе се најде и на најизолираниот остров од нашата држава, па дури и да биде потребно до таму да стигне со пливање, рече Ципрас во неговото обраќање од островот.

Свет | пред 7 години

micko-sjo-nezavisni

Катица повторно ги спои „независните“ и Мицкоски, оти Заев спрема двотретинско мнозинство за СЈО

По денешната средба помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и независната осумка во Собранието, извори за „Скопје 1“ немаше многу информации за тоа кои биле точните теми на кои се разговарало.Според извори на „Скопје 1“ блиски до независните пратеници, главниот фокус бил ставен на законот за Специјалното јавно обвинителство. Имено, Мицкоски го испитувал теренот и мислењето на пратениците, дали тие ќе дадат поддршка за овој закон, кој е нивниот став, дали се спогодиле со Заев, но и дали ќе дадат свои амандмани на законот.Главната цел на ВМРО-ДПМНЕ  е независните пратеници да ги поддржат барањата на партијата, кои пред извесно време се доставени до Владата, но Заев не ги прифаќа. Средбата ја иницирал Мицкоски, а кој ќе биде епилогот, ќе се види откако осумте пратеници ќе разговараат меѓусебно.Станува збор за осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, кои во последен момент се премислија и го прифатија договорот за името со Грција, по што веднаш беа исклучени од партијата.Новата пратеничка група е составена од 7 членови на ВМРО-ДПМНЕ и еден пратеник од Социјалистичката партија кои гласаа за потребaта од уставни измени, а ќе биде предводена од Елизабета Канческа Милевска. Освен неа во групата се и Владанка Авировиќ, Зеќир Рамчиловиќ, Емилија Александрова, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов.

Македонија | пред 7 години

sjo

Ако Мицкоски не го прифати законот за СЈО, тогаш план Б се независните пратеници?

За законот за Специјалното јавно обвинителство треба да работиме паралелно во два правци, и да се обидеме да постигнеме консензус со опозицијата и да разговараме со пратениците.Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во однос на законот за СЈО, по состанокот во Владата со претставниците на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците и со директорот на Агенцијата за спроведување на законот.– Паралелно треба да работиме на двата правца – и да се обидеме максимално да постигнеме консензус, бидејќи сепак се работи за област што бара консензус во едно општество, рече Османи.Работните групи на власта и опозицијата досега не успеаја да се усогласат околу Законот за јавното обвинителство, со кој треба да се реши и идниот статус на СЈО.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања