Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

received_377576753089114

Состојбата со откупот на јагниња, дојде на дневен ред – се сретнаа министерот и одгледувачите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска, заедно со посебната советничка за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на РСМ, Ленче Николовска и тимот од МЗШВ, одржаа работен состанок со откупувачите, претставниците од кланиците и извозниците на јагниња. На состанокот се разговараше за актуелната состојба со откупот на јагне и за извозот.Од страна на откупувачите беше посочено дека не очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето во целост ќе биде откупено. Позитивно ја оценија иницијативата на МЗШВ што се спроведува преку Агенцијата за храна и ветеринарство за попис на бројот на овци и кози, кој што е во тек, потенцирајќи дека резултатите ќе бидат од од исклучителна важност за креирање на политиките за овчарството, врз основа на точни бројка на овци, за која што во моментов сметаат дека не е релевантна.Министерот Николовски посочи дека МЗШВ и Владата ја следат состојбата со откупот на јагнето. До крајот на јуни годинава Агенцијата за храна и ветеринарство ќе заврши со пописот и ќе излезе со точна бројка на овци и кози, што е важно за прецизно дефинирање на политиките на среден но и на долг рок како и за правилна распределба на субвенциите за овчарството.Николовски на состанокот уште еднаш потенцираше дека Владата на РСМ нема да дозволи сточарите одгледувачи на овци од нивниот производ да прават загуба.При тоа Николовски посочи дека МЗШВ континуирано работи на воспоставување на контакти со нови пазари за извоз на јагнешкото и дека веќе течат преговори за добивање на квота за извоз на јагнешко месо на турскиот пазар. Според податоците од АХВ, во декември 2018 година од Република Северна Македонија се извезени 2.897 јагниња или количина во килограми 33.509килограмиг. Оваа година се извезени 16.533 јагниња или количина во килограми 173.427 килограми.Во текот на утрешниот ден во МЗШВ ќе се одржи работна средба со претставници на здруженијата на одгледувачи на овци на која што ќе се разговара исто така за состојбата со откупот на јагнето.

Македонија | пред 7 години

pozar-kola

(ВИДЕО) Автомобил во движење се запали во близина на Облешево

Автомобил се запали претпладнево на патот во близина на Облешево кај Кочани.На местото се пристигнати пожарникарски екипи, пренесе Плусинфо. https://www.facebook.com/plusinfo.mk/videos/2370497706496966/

Македонија | пред 7 години

stevo-pendarovski-1

(ВИДЕО) Пендаровски најавуваше: Мора да му земеме мерка на тој човек што ќе го смени името на државата

На социјалните мрежи се шири видео изјава од кандидатот на СДСМ и ДУИ за Претседател на Македонија, Стево Пендаровски во кое тој, додека беше опозциоинер тврдеше дека граѓаните  мора да му „земат мерка“ на тој што ќе го смени името на државата.„Имавме 600 муабети за името. Ќе го смениш името, и никој нeма да знае и утре ќе се викаме нe знам како. Е нe може. Мораш да дојдеш во институциите. Во тој момент, јас ви тврдам, сите што беа десетици и десетици илјади луѓе, во мај, на 17 мај, и сите слободарски граѓани, колку и да звучи како фраза, душата ќе му ја извадат на тој што евентуално би го потпишал тоа. Нема да го остават во таа фотелја во која е. Јас не се сомневам, мислам дека шанси нема за такво нешто, а и ако има, во интерес на нашата заедничка иднина, ние мора да му земеме мерка на тој човек и на тие луѓе“ велеше Стево Пендаровскиhttps://www.facebook.com/skopje1mk/videos/770119490028006/

Македонија | пред 7 години

evro

Кривична пријава за перење пари

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против Н.Ш. (39) од Кичево, а поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело - “перење пари и други приноси од казниво дело”, при што во периодот од 01.01.2016 до 24.08.2017 година во промет пуштил вкупно 63.845.147 денари или 1.038.132 евра, противправно стекнати парични средства.Имено, Н.Ш., основач и управител на друштвото ШЕЈДОТРАНС ДООЕЛ Кичево, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во период од година и пол, односно од 01.01.2016 до 24.08.2017 година, во промет пуштал парични средства, противправно стекнати од деловни активности на правното лице, без притоа да ги евидентирал и уплаќал во целост во дневниот промет од деловните активности на правниот субјект. Наедно вршел и фалсификување на деловни книги и со тоа ја прикривал и намалувал даночната основица врз основа на која се пресметуваат и плаќаат даночните обврски по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка и персоналниот данок.Пријавениот, со цел противправно стекнатите парични средства да ги сокрие од државните даночни органи, од комерцијални банки подигал кредити на негово име како физичко лице, како и на име на уште две лица, вработени во правниот субјект во негова сопственост, а кредитите предвремено биле отплаќани. Исто така, Н.Ш. со намера целокупниот износ на нелегално стекнатите парични средства да ги префрли на трансакциски сметки отворени на негово име во комерцијални банки во државата, извршил и повеќе раситнети трансакции „од“ и „кон“ правното лице ШЕЈДОТРАНС, а по негов налог еден дел од овие средства во износ на 500.000 евра, по наводен основ за “вложување во акции и удели“ биле префрлени на трансакциска сметка во Австрија, отворена на име на правно лице во Австрија во кое пријавениот се јавува како сопственик.

пред 7 години

Нема фотографија

Јанко Бачев и Филип Петровски на средби со нашинците во Швајцарија

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев и Филип Петровски од ВМРО-ДПМНЕ - Демократска фракција, викендов, 23 и 24 март 2019 остварија средби со нашинците во Швајцарија, велат од Единствена Македонија.„На средбите со нашинците беа разменети мислења за актуелната состојба во Македонија како и во однос на претседателските избори а по интензивните средби и консултации со народот што ќе следат и во Македонија ќе се дефинира конечниот став на ВМРО-ДПМНЕ - Демократска фракција и Единствена Македонија за начинот на дејствувањето во кампањата за претстојните претседателски избори.Пред присутните зборуваа гостите Јанко Бачев и Филип Петровски а во име на домаќините се обратија Живко Атанасов и Војне Маневски од Заедницата на македонските друштва во Швајцарија. Во обраќањето, меѓудругото, истакнаа: -„Да и помогнеме на Македонија, да се вклучиме, заедно да расчистиме со националните предавници купени и контролирани од странските газди и кои 30 години лажат, крадат и ја растураат државата. Да ги поништиме опасните закани спрема Републиката, прво, промена на името, и второ, федерализација. На крајот, сплотени и единствени ќе успееме. Ова што го слушате марионетската власт дека се е готово, заборавете го, тоа е една голема лага оти ништо не е готово, се ќе биде поништено од новата легална власт во Македонија. Остануваме на првата линија во борбата за одбрана на националните интереси. Под закрилата на оваа идеа никогаш нема да ги изневериме Македонија и Македонците бидејќи исконски сме поврзани со традицијата на македонскиот народ и со неговата желба за суверена и унитарна Македонија на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право. Своето дејствување и понатаму ќе го темелиме на својата визија за развој на државата во чија основа е одбрана на името, унитарниот карактер на државата, неприфаќање по никоја цена двојазичност и федерализација на земјата, враќање на изворните илинденски и асномски принципи, благосостојба за народот, меѓутоа, ова ќе го оствариме само ако ги надминеме делбите и се обединиме на македонски. Македонскиот народ каде и да живее е силно вознемирен од разнебитувањето на државата од страна на марионетската власт во Скопје, меѓутоа, бидете спокојни, оти новата легална власт произлезена од народот, доаѓа, со што го обезбедуваме опстанокот и просперитетот на Татковината„ им порачаа на нашинците во Швајцарија Бачев, Петровски, Атанасов и Маневски“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Колумна - Зоран Крстевски: Односи

Пишува,  доцент доктор по филозофски науки и универзитетски професор, Зоран Крстевски - за vecer.press  Една од најтешките задачи со кои се соочува современиот човек е на кој начин да изгради стабилен и хармоничен однос во љубовта. Тоа прашање многумина ги разјадува, оптоварува и доведува во ситуација да не знаат што да очекуваат и колку треба да чекаат да се појави вистинската личност со која љубовта ќе гради рај, а на осаменоста ќе и дојде крај. Дилемите се дали треба да се биде трпелив и определен да не се губи време и енергија на површни односи или треба да се вкусат искушенијата на авантурите, зашто “еден е животот и ништо не треба да се пропушта”.Првата опција е карактеристична за разумни, емоционално стабилни и одговорни поединци, кои поседуваат висок критериум на морал и самовредност. Тие внимаваат на сопствената совест и не сакаат да ја нарушат моралната слика која ја негуваат пред јавноста.За втората опција се определуваат лица кои лесно им подлегнуваат на телесните страсти и искушенија, зашто можеби се адреналински зависници кои претпочитаат ризични животни ситуации. Таквите поединци ги привлекува се што е мистично, необично, скриено, опасно и забрането. Сето тоа буди предизвик кој ги тера импулсивно и неразумно да им се препуштат на искушенијата произлезени од импулсите на телото, нагонот и страста.Современиот човек стана толку многу гладен за вистинска љубов што ги прифаќа замените за неа. Затоа, бара брзи решенија исполнети со телесна страст, ризик, доминација и контрола на другите, трка по многу пари, моќ, слава и површни задоволства.Либералната концепција укажува дека секој човек има право да одлучува што ќе прави со својот живот и да определи како и со кого ќе ги споделува емоциите, страстите и љубовните потреби. Проблемот се случува доколку иницираме неверства и го нарушиме моралниот карактер на сопствената личност. Таквата побуда ќе предизвика константно да лажеме, манипулираме и да се поигруваме со чувствата на лицето со кое опстојуваме во љубовна врска или брак. Доблесност е прво да го прекинеме таквиот однос и потоа да правиме што сакаме со своето тело, морал, свест и совест. Нечесност и грев е да се оддадеме на блуд, прељуби и ниска страст, а притоа се уште да опстојуваме во љубовен или брачен однос со постоечкиот партнер.Со мотото “нападот е најдобра одбрана”, често се служат неморалните и себични личности кои претпочитаат намерно да манипулираат и вината за проблемите да му ја префрлат на другиот. За разлика од нив, доблесниот и одговорен поединец поаѓа од претпоставката дека можеби и самиот придонел за кризата во врската и предизвикал партнерот лошо да се однесува кон неговата личност. За недоразбирањата присутни во љубовниот однос придонесуваат многу фактори, бидејќи и за љубов и за отуѓување потребни се двајца. Секој со своето однесување го гради мозаикот наречен љубовна врска. Некој тоа го прави со игнорирање и потиснување на проблемот, друг со конфликтно, суетно и студено однесување.Некои луѓе го поттикнуваат најдоброто во нас, а други со своето негативно однесување прават да се чувствуваме неубаво, несреќно и неисполнето.Никогаш нема духовно да напредуваме доколку зависиме од туѓите постапки и постојано се штитиме од негативните влијанија на партнерот. Животот не ни e даден да се себеизмачуваме и страдаме во однос полн со недоразбирање, отуѓеност, лаги и измами. Кога вреднуваме погрешни лица, тоа води кон живот исполнет со немир и разочарување.Народната мудрост има кажано: “Без струја се живее, но без љубов не се живее”. Од современа гледна точка, тоа значи: Не гради однос со личност која не те почитува, бидејќи кој не те сака, не те ни заслужува.Клучот на среќата се наоѓа во независноста на духот и во напуштањето на лицата кои негуваат деструктивни матрици на размислување и однесување.Во односите со другите луѓе мора да внимаваме на самите себе и да не дозволиме себичните и негативни личности да не однесат кон погрешната патека на животот. Кога знаеме што сакаме, вложуваме во личниот развој и се дистанцираме од се што лошо влијае врз нашата личност, тогаш стресот, емоционалните кризи и немирот многу поретко ќе бидат дел од нашето живеење.Мудрите луѓе рекле: “Со кого си, таков си”. Кога сме во однос со неморална, егоистична и духовно неосвестена личност, ние почнуваме да ги попримаме нејзините вибрации и стануваме нервозни, вознемирени и несигурни. Откако ќе сфатиме каде тоа не води и го прекинеме односот, ќе ни треба време да се стабилизираме и вратиме на вистинскиот колосек.Прво што треба да направиме е да се опуштиме; потоа да почнеме со процесот на детоксикација; да иницираме фокус кон себеси, да го прифатиме тоа што ни се случило и пред се, да не се плашиме од осаменоста. Всушност, самотијата ни е нужно потребна за да можеме да ги средиме мислите, но не како константна изолација помеѓу четири ѕида, туку како енергетски и ментален увид во своето внатрешно битие. Сето тоа ќе ни овозможи да допреме до самите себе и да ги откриеме нештата кои во тој период ни се најпотребни.Едни од главните придобивки за духовено определениот поединец се наоѓаат во чистата совест, мирот во душата и во ослободувањето од чувството на вина, кое ако е неразрешено може да создаде голем внатрешен немир и да предизвика сериозни психосоматски и други болести.Затоа, секогаш треба да бидеме толерантни кон самите себе, бидејќи невозможно е се да биде преиспитано и воопшто не е лесно целосно да ги избегнеме негативните вибрации на другите. Но, со моќна самоконтрола, самодоверба, самосвест и со трпеливо преиспитување на лицето со кое си имаме работа, нештата можеме да ги одведеме кон позитивната патека на животот.Задоволството од прекинот на односот со неморалната и духовно неосвестена личност овозможува да ја зголемиме својата витална енергија, да го вратиме сјајот на лицето, да постигнеме спокојство во душата и постепено да се отвориме за среќата на животот. Треба да знаеме дека ништо не се подобрува преку ноќ, бидејќи се е процес, будење и вложување во позитивните вредности на сопствената личност.Промената е чин на мигот и секогаш започува со позитивната мисла, која се преточува во позитивниот збор и потоа се крунисува со позитивните дела. Мудроста се крие во разбирањето на нештата и во определбата да завршиме со тоа што е лошо и да тргнеме кон тоа што е добро.Кога опстојуваме заглавени во тунелот на животот, стравувајќи од промени – гледаме само темнина. Но, откако ќе собереме храброст и почнеме да се движиме кон крајот на тунелот – здогледуваме светлина и го чувствуваме создавањето на новото Јас.За да изградиме однос полн со љубов и разбирање, неопходно е да ги имаме на ум следите норми на позитивната мотивација: Не опстојувај каде што не си прифатен; Не гради, каде што некој постојано урива; Не се надевај на добро, каде што не постои љубов и заедничка визија; Не вложувај, каде што нема свест за искреност, верност и етика; Не прифаќај лица на темнина, зашто ќе те оддалечат од мир, хармонија и убавина; Движи се и без страв размислувај, бидејќи среќата бара волја, храброст и акција; Биди свој и верувај, зашто ќе го добиеш тоа што го поседуваш; Пробуди се и дејствувај, бидејќи на крајот од тунелот те очекува љубов, успех и светлина.   

Магазин | пред 7 години

Sansa-za-site3

Презентирани мерките за вработување „Шанса за сите“

Агенцијата за вработување денеска во просториите на Општина Аеродром го претстави оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година „Шанса за сите“.Мерките беа презентирани пред голем број заинтересирани работодавци и сопствениците на микро, мали и средни претпријатија, во присуство на градоначалникот Златко Марин.На почетокот на претставувањето на оперативниот план се обрати директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, која истакна дека во Општина Аеродром во овој момент има повеќе од 1000 активни баратели на работа.Таа посочи дека Агенцијата е подготвена на секаков можен начин да соработува со работодавците. „Идејата е убав живот, намалување на невработеноста и развој на приватниот сектор“, изјави Јовановска.Програмата е наменета за невработени млади лица до 29 години, невработени лица  со попреченост и невработени жени од ранливи категории (приматели на социјална помош, жртви на семејно насилство, долгорочно невработени жени, самохрани мајки, социјално исклучени жени врз основа на технолошки вишок и стечај).Корисници на оваа програма може да бидат и невработените лица што имаат завршено обука за претприемаштво и/или изработено бизнис-план во 2018 година.Заинтересираните работодавци и баратели на работа за сите детали околу планот „Шанса за сите“ можат да се обратат во Агенцијата за вработување.

Скопје | пред 7 години

FullSizeRender-25-03-19-11-28

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Масовно појавување на дивоградби е лошата слика за Охрид со СДСМ и Георгиески

Инфраструктурна стагнација и масовно појавување на дивоградби е лошата слика за Охрид со СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески. Објектот кружна раскрсница пред медицински центар Охрид кој е веќе постоечки 12 години не е нова градба, па дали градежните активности се извршуваат согласно одобрение за реконструкција,се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид?Дали постои одобрение за реконструкција потпишано од Општината со претходно прибавени согласности од МВР?Дали новата автобуска постојка кај пекара ,,Мартина” има одобрение, односно тоа место е предвидено во годишната програма за урбана опрема?Со која техничка документација е извршена реконструкција на кружната раскрсница на улица ,,Бистрица”?Постои ли заверен и одобрен проект со согласност од МВР изготвен од проектант согласно аналитика на МВР?Дали претставува кружна раскрсница од ризичен тип односно со незгоди од повисоко ниво, па е потребна нејзина реконструкција или желба на  поединци?Изведбата на лице место дали е согласно одобрениот проект за реконструкција или ако не е, тогаш зошто е тоа така?Во иднина ако се случат сообраќајни незгоди со одредени штети на оваа кружна раскрсница, а вие како изведувач на градба и реконструкција немате соодветна документација кој ќе ја сноси одговорноста во однос на штетата на поединци?Дали реконструираните сообраќајни острови се согласно проектот и дали островото пред Маркет „Випс“ нема да е црна точка на тој дел?На крај, дали имате ревизија на проект и кој е тој, и дали имате надзор на изведба и која фирма и овластен надзор е тоа, се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид?Тие додаваат: Оваа власт на СДСМ мора да си замине, за Охрид и охриѓани да продолжат со светла иднина.

Македонија | пред 7 години

petrovec-pozar

Пожар беснее близу Липково

На 24.03.2019 во 21.15 часот во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Белановце“ било пријавено дека североисточно од село Слупчане, општина Липково,  на околу еден километар на место викано „Мокро поле“, настанал пожар, при што била зафатена дабова шума и сува трева.Се преземаат мерки за гаснење на пожарот. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

За пет часа, полицијата фати 48 неисправни возила во Велес

На 24.03.2019 во периодот од 12.00 до 17.00 часот полициски службеници од СВР Велес контролираа 96 мопеди и моторцикли од кои 48 биле неисправни.Во Велес од контролирани  37 неисправни биле 22, во Кавадарци од контролирани 35 неисправни биле 20 и во Неготино од 24 неисправни биле шест.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Истрага за неовластено пуштање во промет на марихуана пронајдена на задно седиште во автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице кое неовластено заради продажба држело наркотична дрога – марихуана. За лицето постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 23.03.2019 година осомничениот управувал со автомобил Фоксваген Пасат кој не бил во негова сопственост и на крстосницата меѓу булеварите „Македонско-косовска бригада“ и „Босна и Херцеговина“ бил забележан од овластени службени лица на МВР дека поминал на запалено црвено светло. Притоа, му била дадена наредба да го запре возилото, но осомничениот побегнал, по што по радио врска била објавена потрага по него.Со поставена блокада на регионалниот пат Скопје-Велес кај Трубарево возилото било запрено, а полициските службеници извршиле легитимирање на осомничениот, личен преглед и преглед на возилото. На задното седиште од автомобилот била пронајдена марихуана со вкупна нето маса од 3.247,6 грама спакувана во три пакувања.Надлежниот јавен обвинител, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи пред се дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство со цел да го избегна кривичниот прогон или да го повтори кривичното дело. 

пред 7 години

Нема фотографија

За седум часа во Скоје, казнети се 53 лица оти возилата многу им бучеле

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.03.) во периодот од 16.30 до 24.00 часот спроведе акциска контрола на подрачјето на Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила со поголема бучавост од дозволената и кои ги прекршуваат сообраќајните правила.Од страна на полициските службеници преземени се вкупно 110 мерки. Привремено се задржани 35 сообраќајни дозволи и ќе бидат упатени на вонреден технички преглед, а поднесени се и 53 прекршочни платни налози за прекршоци по Законот за возила и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 20 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и одземени се два мотоцикли за бучавост и без документи.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

ОЈО поднесе обвинение против дилер на кокаин од скопско Арачиново

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против едно 20-годишно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот во својот дом во скопско Арачиново неовластено заради продажба држел вкупно 128,63 грама наркотична дрога – кокаин. Кај осомничениот при претресот од страна на службени лица е пронајдена и дигитална вага, како и парични средства во различни апоени со вкупен износ од 155.550 денари и 100 евра.Со оглед на тоа што и натаму постои оправдан страв дека обвинетиот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело што му се става на товар, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

пред 7 години

marihuana2

Две лица од Струмица продавале дрога, полицијата ги уапси

На 22.03.2019 во 13.00 часот во  Полициската станица Струмица од слобода биле лишени С.М.(23) и М.М.(30), двајцата од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

43085721_2165386183790818_2687746063745417216_o

Приведен маж оти во себе имал марихуана

На 22.03.2019 во 15.30 часот во Полициската станица Гевгелија од слобода бил лишен и задржан А.А.(36) од Гевгелија, кај кого, при преглед, полициски службеници пронашле марихуана.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

soobrakajna-nesreka

Тешка сообраќајка во Битола

На 24.03.2019 на крстосницата од патот село Лисолај-Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шевролет спарк“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.С(25) од село Белче, демирхисарско и патничко возило „Опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М(32)од Битола.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот во патничкото возило „Опел  корса“ и бил пренесен во Клиничка болница Битола.Возачот на патничкото возило Шевролет спарк“ и сопатникот од другото возило се здобиле со телесни повреди. Извршен бил увид на местото.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Граѓаните на своја кожа ги чувствуваат катастрофални економски политики

За тоа колку се живее подобро во Република Македонија говори фактот што граѓаните секојдневно живеат се посиромашно.СДСМ и Заев залудно се обидуваат да ја лажат и манипулираат јавноста, граѓаните на своја кожа ги чувствуваат нивните катастрофални економски политики, се вели во соопштение од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на соопштението на СДСМ.Заев ја донесе Македонија до питачки стап, повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, 70% од граѓаните земаат помала плата од просечната, а повеќе 140.000 млади живеат во сиромаштија.Македонската економија е на дното во Европа поради катастрофалните економски политики кои ги води владата на СДСМ. Додека економиите во Европа и регионот растат, Македонија има мизерни 2,05 проценти БДП кои се далеку од ветените 5 или 7% кои Заев толку многу ги ветуваше.За расипништвото на СДСМ говорат и секојдневните задолжувања од кои граѓаните не видоа никаков бенефит, ниту донесоа капитални инвестиции, ниту отворија нови работни места, освен оние отворени работни места за децата на функционерите на СДСМ.СДСМ покажаа дека не се способни да раководат со државната економија.СДСМ, Заев, Тевдовски и Анѓушев не се разбираат од економија и затоа треба што побрзо да си заминат, се вели во соопштение од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Автомобил удрил во 11-годишно дете кое е пренесено во болница

На 24.03.2019 околу 12.45 часот на регионалниот пат Ратае-Желино, во с.Шемшово- тетовско, патничко возило „Фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.М.(48) од Скопје, удрило во 11-годишно дете од Шемшово, кое управувало велосипед.Повреденото дете било пренесено во тетовската клиничка болница. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

Шест лица повредени во страшна сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

На 24.03.2019 околу 13.15 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу 500 метри од „Мавровска крстосница“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(41) од Гостивар  и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(68) од Тетово.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Ф. -сопатничка од возилото „БМВ“. По укажаната помош во Медицинскиот центар Гостивар таа била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Во незгодата со телесни повреди се здобиле уште шест лица  во двете возила, кои по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 7 години

brza-pomos

Таткото на прободеното дете: Меѓу личните работи на син ми нема нож, за разлика од синовите на високи функционери

Таткото нa момчето кое со нож беше прободено во саботата во дискотека од страна на две лица, синови на висок функционер вработен во МВР, се огласи денеска преку својот Фејсбук профил:„Ги земав личните предмети на син ми од болница, меѓу нив има лични документи и парфем, нема нож како што имале сторителите, така сум го воспитал да ги сака луѓето, да помогне каде што може. Правеше големи сметки на телефон донирајќи за некоја објава за помош на лица за кои се собираа парични средства потребни за лекување. За разлика од него, сторителите синови на висок функционер, излегуваат на забава со ножеви, се прашува ли некој надлежен со каква цел е излегувањето на млад човек во дискотека со нож“, стои во статусот на таткото на прободеното момче.Момчето беше пpoбодено со нoж во саботата во дискотека во Марино.https://www.facebook.com/goce.filipovski.3/posts/3117466544946045

Скопје | пред 7 години

54730565_2152890388123300_7901557016416485376_o

ВИДЕО: Чудни дупки во Куманово и Битола, семејствата во паника

Чудна дупка се појави во дворот на семејството Азировиќ од Куманово. По површина изгледа мала, но од внатре се шири од двете страни.Семејството Азировиќ живее во Германија, а сега се дојдени на одмор, исплашени се и не знаат што да прават, јавува Тв21.[embed]Дупката е на само 4 метри од куќата, тој стравува да не пропадне целата куќа, за која вели дека работел 20 години во Германија.Откако чудна дупка се појави во дворот на семејството Азировиќ од Куманово, денеска забележана е отворена дупка и во Битола. По површина изгледа мала, но од внатре се шири од двете страни. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од дупката, но засега нема информации за што точно се работи.Дупката е широка 1,5 метри, а се појави пред станбена зграда. Ставено е и известување „пази дупка“.

Македонија | пред 7 години

IMG_7134

За месец и пол ќе се одржи спортскиот спектакл во Скопје

Низ годините Виз Ер Скопскиот маратон ги урива сите рекорди во поглед на својата организација. Од 1.249 во првата до преку 10.000 тркачи во последната година, од 22 до 58 земји учеснички од цел свет и безброј иновации и идеи сѐ со цел да се подобри искуството на секој кој ќе стапне на или до патеката.За 15-то јубилејно издание тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Град Скопје, посочи дека штафетниот маратон ќе биде со име „Штафетен маратон – ЕУ за спорт“ под покровителството на ЕУ. Ќе бидат организирани бесплатни групни тренинзи кои ќе ги водат познати атлетичари Сашо Даневски, Кокан Ајановски и Весна Кираџиева. Повеќе инфо за термините и сите други детали ќе има на официјалната веб страна и социјалните мрежи.Сите заинтересирани што сакаат да добијат маица во стартниот пакет ќе мора да се пријават најдоцна до 31-ви март, после овој датум не следува маица во стартниот пакет. Истиот датум е краен рок и за оние што сакаат нивното име да им биде испишано на стартниот број.Традиционално, како и минатите години, сите учесници ќе добијат 20 ЕУР вредносен ваучер од насловниот спонзор, Виз Ер.Од Сојуз на спортови порачуваат дека изминатиот викенд патеката беше измерена од страна на стручно лице на ИААФ и АИМС со што Виз Ер Скопскиот маратон го обновува постоечкиот сертификат за точноста на патеката и истата ги исполнува сите стандарди за исполнување на норми за учество на Олимписки норми и Светски првенства.Оваа година, Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи во сабота, 4-ти мај 2019 година, и заинтересираните може да се пријават на официјалната веб страна на http://skopskimaraton.com.mk/ или кај партнерот за онлајн регистрација https://www.smartrace.club/. Виз Ер Скопски маратон е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

Скопје | пред 7 години

grobista-610x400

„Книга за гробиштата“ на македонски

Издавачката куќа „Паблишер“ ја објави една од најпопуларните книги за млади од жанрот фантастика – „Книга за гробиштата“ од прочуениот британски автор Нил Гејман, познат во светот по големите бестселери „Коралина“, „Ѕвезден прав“, „Океан на крајот од патот“, „Американски богови“, како и по многуте филмски и телевизиски адаптации на неговите дела.„Книга за гробиштата“ е најуспешното дело на Гејман, кое во иста година му ги донесе најпрестижните награди во САД и Велика Британија – „Хуго“, „Њубери“, „Локус“ и „Карнеги“ – како потврда за големото мајсторство на Гејман и неверојатната умешност како раскажувач со исклучително богата имагинација.Книгата e волшебна приказна за љубовта и пријателството. Ник Овенс е обично момче кое живее на необично место – на старите градски гробишта.Таму е воспитуван и образуван од духови, под старателство на едно суштество кое не е дел ниту  од светот на живите ниту од  светот на мртвите. Истовремено трагична, страшна, но и топла приказна чија тема за заедништвото и семејството ги обединува сите, без разлика на кој свет му припаѓаат. Со моќна порака и незаборавни ликови, ова е книга во која уживаат и помладите и повозрасните читатели кои веруваат во подобар свет и повозвишени идеали.Книгата е дел од едицијата „Калеидоскоп“ поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Магазин | пред 7 години

ubistvo-hrvatska

Малолетници убиле брачен пар: Сопругата се бранела, нејзиниот сопруг имал повеќе убоди на телото

Како што објавуваат регионалните медиуми, двајцата малолетници првин ги претепале, а потоа брутално убиле двајцата сопружници. Жената, која била на возраст од 70-години, била убиена со над 20 убоди со шрафцигер во главата и вратот. Тие имале 15 и 16 години и се од Босна и Херцеговина. Убиството се случило во уматац крај Велика Кладуша.Таа имала рани по рацете, што покажува дека се бранела, додека нејзиниот 75-годишен сопруг бил убиен со повеќе убоди по телото. Тој не можел да се брани бидејќи бил инвалид.Според првичните информации од тамошните истражни органи, децата кои живееле во истото село, ги убиле соседите заради материјална корист. Од нив украле 10 евра, лап-топ, телевизор, златен накит, а по убиството неколку часа се возеле и со автомобилот на убиените соседи.

Свет | пред 7 години

Kniga-za-grobistata

Култната „Книга за гробиштата“ од Нил Гејман пристигна на македонски

 Издавачката куќа „Паблишер“ ја објави една од најпопуларните книги за млади од жанрот фантастика – „Книга за гробиштата“ од прочуениот британски автор Нил Гејман, познат во светот по големите бестселери „Коралина“, „Ѕвезден прав“, „Океан на крајот од патот“, „Американски богови“, како и по многуте филмски и телевизиски адаптации на неговите дела.„Книга за гробиштата“ е најуспешното дело на Гејман, кое во иста година му ги донесе најпрестижните награди во САД и Велика Британија – „Хуго“, „Њубери“, „Локус“ и „Карнеги“ – како потврда за големото мајсторство на Гејман и неверојатната умешност како раскажувач со исклучително богата имагинација.Книгата e волшебна приказна за љубовта и пријателството. Ник Овенс е обично момче кое живее на необично место – на старите градски гробишта. Таму е воспитуван и образуван од духови, под старателство на едно суштество кое не е дел ниту  од светот на живите ниту од  светот на мртвите. Истовремено трагична, страшна, но и топла приказначија тема за заедништвото и семејството ги обединува сите, без разлика на кој свет му припаѓаат. Со моќна порака и незаборавни ликови, ова е книга во која уживаат и помладитеи повозрасните читатели кои веруваат во подобар свет и повозвишени идеали.Книгата е дел од едицијата „Калеидоскоп“ поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања