Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

pozar-pariz-1

По нападите во Нов Зеланд, пожар во џамија во Калифорнија

Во џамија во јужна Калифорнија изби пожар, што брзо беше локализиран, а на паркингот е пронајдена порака поврзана со неодамнешниот терористички напад на Нов Зеланд, соопшти американската полиција.Во пожарот, за кој постои сомневање дека е подметнат, никој не е повреден, а припадниците на Исламскиот центар Ескондидо успеале да го изгаснат огнот пред да стигнат пожарникарите.Џамијата е лоцирана на 48 километри северно од Сан Диего.Истрагата испитува дали инцидентот извршен од омраза и дали е подметнат.Полицијата не ја откри содржината на пронајдената порака.Во терористичките напади врз две џамии во Крајстчрч на Нов Зеланд загинаа 50 луѓе.

Свет | пред 7 години

skopje-12

Нови паркови во Скопје

Во Скопје се обновува и заштитува постојното и се подигнува ново зеленило. За само една година екипите на Град Скопје реконструираа 129.000 квадратни метри, а засадени се над 8.000 висококвалитетни садници на повеќе локации во градот.Градските власти велат дека акцент бил ставен на засадување нови дрвореди и обновување на постојните. Од оваа година Скопје е побогат и за неколку нови паркови.Екипите на Град Скопје работат на хортикултурно уредување на зелен плоштад на булеварот „Гоце Делчев“, на просторот зад Филхармонија. Во овој дел, на површина од 7.300 квадратни метри ќе се постави хидрантска мрежа и ќе се засадат стотина висококвалитетни листопадни садници.Со зеленило ќе се уреди и дворот на Министерството за култура. Зелената површина од 300 квадрати ќе ја разубават 20 висококвалитетни листопадни садници.На просторот кај последната постојка на автобусот со број 41 во Драчево никна нов парк, на местото каде што до неодамна имаше дива депонија. На површина од околу 5.500 квадратни метри се засадени 200 висококвалитетни садници и е поставена нова хидрантска мрежа со прскалки, шахти и хидранти. Во паркот ќе се постават и нови клупи и корпи за отпадоци.Финскиот парк во населбата Ченто е реконструиран и хортикултурно уреден на површина од околу 13.000 квадратни метри. Во паркот е подигнат нов тревник и за првпат е поставена хидрантска мрежа со прскалки, шахти и хидранти.Уреден е и паркот до Градежниот факултет, на булеварот „Партизански одреди“. Реконструирана е јавна зелена површина од 2.149 квадратни метри и е поставена хидрантска мрежа со хидранти, шахти и систем за полевање со прскалки.

Скопје | пред 7 години

Emil-Dimitriev

Емил Димитриев: И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ згрешија за името

Независен весник: Сметате ли дека партијата требаше поинаку да се постави по неколку важни политички прашања, пред сè, околу договорот за името и референдумот?Емил Димитриев: Ако сите бевме свесни дека периодот на решавање на спорот со Грција, кој ни беше оставен како земја, е при крај и дека поради крупни геостратешки политики нема да се толерира ова прашање да биде сè уште отворено, мораше да бидеме помудри, да ги надминеме нашите „детски“ болести на плурализмот и демократијата. Интересот на меѓународната заедница за конечно решавање на овој спор требаше да го свртиме во наша корист, а не на наша штета. Повторно дојдоа до израз нашето неединство и отсуство на државна стратегија за решавање на националните приоритети. Во преговорите се влезе премногу несериозно, да не речам незрело и во една таква ситуација правеа грешки и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тврдам дека сè ќе беше поинаку ако се креираше широка платформа која ќе ги вклучеше најголемите политички партии во преговорите, со што и изгледите за постигнување на подобра варијанта на договор ќе беа поизвесни. Улогата што ја играше СДСМ, по секоја цена да се постигне договор и по цена на националните интереси, беше јасен сигнал за другата страна во преговорите. Позицијата, пак, на ВМРО-ДПМНЕ на проблемот да гледа како на нешто туѓо, а со тоа го остави СДСМ да прави што сака, доведе до ситуација да добиеме лоша варијанта на договор. За мене особено беше проблематичен принципот „име за севкупна употреба“, нешто што има негативен импакт на нашиот идентитет. Тоа беше причината да не ги поддржам уставните измени, ризикувајќи да бидам разбран погрешно, иако претходно во мојата кариера, како заменик министер за одбрана, како пратеник и претседател на Влада, се имам вложено во напорите за наше НАТО-интегрирање. Ако процесот се менаџираше со домашна заедничка стратегија, убеден сум дека освен што ќе имавме подобар договор, неговото вградување во политичкиот систем ќе беше достоинствено, а ќе имавме и негова полесна имплементација. Тој нов договор ќе помогнеше да ја стекнеме довербата од нашиот јужен сосед и по одреден период да ги повратиме и тие позиции што ќе бидат наш влог во договорот. Овој дел бара многу поширок простор за одговор. За жал, имам чувство дека потфрливме генерално како општество.Целото интервју тука.

Македонија | пред 7 години

zabludi-i-vistini-za-licata-so-daunov-sindrom-212293

ВИДЕО: Што е Даунов синдром?

Даунов синдром е хромозомско нарушување, предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Откриен е во 1866 година од лекарот Џон Ленгдон Даун кој работел со луѓе со интелектуални пореметувања. Тој забележал дека дел од неговите пациенти биле толку слични што лесно можело да се претпостави дека се деца од исти родители. Тој забележал дека овие лица поседуваат:– широко, сплеснато лице– дебел јазик,– мал нос– ментално ретардираниПодоцна ова генетско хромозомско пореметување е наречено Даунов синдром, а како негова причина се одредени грешки во клеточната делба пред оплодувањето. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21.Менталната ретардација кај овие луѓе може да се движи од лесна до средна (умерена). Малкумина од нив имаат тешка ментална ретардација. Застапеноста на дауновиот синдром е 1 на 800 или 1.000 раѓања. Оваа ментална ретардација може да се открие за време на бременоста на жената, преку амниоцентеза. Иако некои од физичките недостатоци не можат да[embed]https://www.facebook.com/gizapoznavameretkitebolesti/videos/229634031306082/?v=229634031306082[/embed]Интелектуалниот напредок кај децата со Даунов синдром е многу различен. При раѓањето не можат да се предвидат способностите кои ќе ги носи една индивидуа. Идентификацијата на најдобрата метода на учење започнува многу брзо после раѓањето преку програмите на рана интервенција. Бидејќи децата со овој синдром имаат многу различни таленти и способности, нивниот успех на училиште исто така, може многу да се разликува, со што се истакнува потребата за индивидуална евалуација на децата. Когнитивните проблеми кои ги имаат децата со Даунов синдром, често се сретнуваат и кај сите други деца. Токму заради тоа родителите можат да ги праќаат своите деца во институции каде се употребуваат општите образовни програми. Токму на овој начин децата со Даунов синдром доживуваат напредок. Таквиот напредок е особено забележителен доколку децата со Даунов синдром посетуваат редовни градинки и редовни училишта, бидејќи на тој начин ги восприемаат работните, социјалните, културолошките и други навики од своите соученици. Токму затоа и процесот на инклузија сè повеќе се воведува и применува во повеќето држави во светот. Комуникациските вештини се разликуваат од дете до дете.Децата со Даунов синдром најчесто имаат проблеми со говорот и токму затоа се препорачуваат различни терапии за да си го подобрат изговорот. Моториката кај овие деца е забавена и често пати го попречува интелектуалниот напредок. Повторно и тука, како и кај интелектуалниот напредок, имаме најразлични случаи.Некои деца почнуваат да одат на 2 години, додека пак други тоа го прават во четвртата година од својот живот. Физикална терапија или учество во програма која што е адаптрирана за ваквите деца, може многу да им помогне во развојот на нивната моторика. Покрај овие проблеми овие личности имаат проблеми со средното уво и токму затоа понекогаш имаат ослабен слух.Во образованието се повеќе се вклучуваат деца со Даунов синдром (за полесно надминување на пречките) и тоа во многу држави повеќе не е табу.

Магазин | пред 7 години

policiska-lenta-policija-srbija-960x639

Малолетници за 10 евра со лопата убиле старци

Двајца малолетници, 15-годишниот Е.Џ. кој е роднина на убиените и 16-годишниот Т.С. од Шуматац, на ѕверски начин убиле двајца немоќни старци, а дел од украдените работи ги сокриле во една недовршена куќа. Убијците ги убиле старците за  10 евра, малку накит, лаптоп и ТВ и неколку часа се возеле во нивниот автомобил. Таа куќа била во сопственост на полицаец од Велика Кладуша кој ги открил украдените работи и за тоа ги известил колегите. Токму тоа бил одлучувачки детаљ во решавање на овој случај.Најпрво верувале дека Фатима и Салко Џогиќ се убиени во саботата, меѓутоа истрагата утврдила дека тие се убиени ноќта во четвртокот кон петокот. Прво сомнение се појавило откако сестрата на убиената се јавила во полиција и рекла дека нејзината сестра не ѝ се јавила два дена.Мештаните велат дека брачниот пар е убиен со дршка од лопата, а и дека се избодени со шрафцигер. Според информациите мажот е пронајден целосно гол, а телото на жената е пронајдено во ходникот под скалите.Едно одо двете момчињата е уапсено во патики на кои останале траги од крвта на жрвите.

Свет | пред 7 години

Fred-Wesley

Концерт и мастер клас со тромбонистот на Џејмс Браун, легендарниот Фред Весли

Славниот музичар, тромбонистот Фред Весли, денеска пристигнува во Скопје и уште вечерва, со почеток во 19 часот, во скопското кафуле Brick Eat, кое е лоцирано покрај реката Вардар, веднаш до Парк Хотел & Спа ќе одржи двочасовен мастер клас за сите оние кои се заинтересирани. Покрај него, присутни ќе бидат и членовите на неговото трио „Fred Wesley Generation Trio“. Организаторите оваа средба повеќе ја најавуваат како „meet and greet“ со легендарниот тромбонист. Ова е единствена и неповторлива можност неговите искрени поклоници да се сретнат со оваа ѕвезда. Бројот на учесници е ограничен, а повеќе информации за овој настан има на фејсбук страницата на 3Гонга.Утревечер на 26 март, со почеток во 20 часот, во ноќниот клуб Станица 26, Весли со неговото трио ќе одржат целовечерен концерт. Настанот е во организација на 3Гонга и Funky Fresh,, локална поддршка Гоце&Чваре.Неговото трио е конекција на неколку генерации. Легендарниот Весли наполни 75 години, италијанскиот продиџи на клавијатури Леонардо Коради има само 25 години, а тапанарот од триото Тони Меч има 45 години. Тројца музичари, кои првично пред повеќе години се собраа да му оддадат почит на легендарниот џез музичар Џими Смит, но нешто „кликна“ меѓу нив и тие продолжија како трио да настапуват понатаму заедно се до денес. Нивната музика е производ на талентот и огромното искуство на Весли, звук обоен со уникатни влијанија, вклучувајќи и африкански ритми и електронски звуци.Фред Весли ја започна својата кариера како тинејџер - тромбонист на Ајк и Тина Тарнер. Подоцна, во 1968 година на легендарниот Џејмс Браун му стана музички аранжер, тромбонист и главен компизитор. Соработката со Браун го направи Весли најпознатниот тромбонист на светот, кој хируршки прецизно го дефинираше јазикот на фанкот. Тој успеа да го издигне фанкот на сосема ново ниво. Нивната соработка траеше се до 1975 година. Во годините потоа тој музицираше со многу познати артисти и бендови меѓу кои и Parliament – Funkadelic и со Bootsy's Rubber Band.Фред има снимено дузина соло албуми, култни песни, кои се дел од многу наградени документарни филмови, тој е дел од многу книги за фанкот и години наназад организира мастер клас насекаде низ светот.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Нова поетска книга од Раде Силјан

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат поетската книга „Бакнежот на судбината“ од Раде Силјан. Во своето најново издание поетот застапува осумдесет песни поделени во шест тематски блокови, кои чинат неразделна тематска целина.Во стихозбирката „Бакнежот на судбината“ Раде Силјан гради стихови од парчиња душа што се вистински антологиски бисери во ризницата од највредни прости и строги македонски песни, констатира Блаже Миневски во својата препорака на книгата.Раде Силјан е автор на осумнаесет стихозбирки, високо вреднувани од страна на литературната критика. Добитник е на наградите „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија, како и на државните награди „11 Октомври“ и „Св.Климент Охридски“ за животно дело од областа на културата. Негови дваесет и пет книги објавени се на англиски, руски, турски, полски, италијански, српски, албански, грчки, романски, украински, молдавски, и бугарски јазик.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

СДСМ: Најмалку пет показатели ја потврдуваат успешноста на економските политики

„Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и напредокот во интеграцискиот процес позитивно влијаат врз економијата.Потврда за тоа се најмалку пет клучни економски параметри.1. Бруто домашниот производ во последниот квартал од 2018 година бележи раст од 3,7 отсто.2. Вратена е довербата во економијата а доказ за тоа е рекордниот износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 година.3. Растот на индустриското производство во 2018 е највисок во последните седум години и изнесува 5,4 отсто.4. Во декември 2018 година забележан е најголем раст на просечната плата од 8.1 процент.5. За наполни две години стапката на невработеност е намалена, а само во минатата година отворени се над 26.000 нови работни места.Заклучокот е дека работите се движат во добар правец. Важно е напредокот да продолжи. Тоа значи повеќе пари кај граѓаните, поголеми инветиции, нови работни места и подобар животен стандард“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

srpska-policija

Се јави советникот во МВР чиј син избоде полицаец

По тепачката во дискотека во Марино крај Скопје се јави советникот во МВР, Ѕвонко Цветковски, чиј еден од неговите двајца синови го прободе со нож полицискиoт службеник Филип Филиповски.Поранешниот градоначалник на општина Петровец, кој се обиде да добие уште еден мандат со поддршка од СДСМ но неуспешно, за 24 Вести изјави дека и неговите синови биле повредени во тепачката. Цветковски, иако имало голем број на очевидци, негира дека тие го сториле делото, односно дека сведоците не дале точни информации и дека тој нема намера да влијае на истрагата.„Тие учествувале, но не го направиле делото што е направено. Биле нападнати, моето дете и денеска беше во болница“ изјави Цветковски.Претходно на социјалните мрежи се огласи и таткото на прободениот полицаец Филиповски, кој е сместен на КАРИЛ откако беше донесен во кричична состојба во петокот.- Мојот син Филип беше прободен со нож во дискотека во Марино, се бори за живот со тешки оштетувања. Извршителите се две деца од Петровец. Едниот син на поранешниот градоначалник на Петровец, Ѕвонко Цветковски, сегашен висок функционер во МВР. Поводот за овој мој напис е обид да се стави крај на ваквите случувања и според првите информации обид да се изменат изјавите на децата сведоци кои беа дадени во мое присуство во Државна болница и каде што директно беа посоченио сторителите. Важно е сторителите да ја добијат заслужената казна, затоа што каков човек треба да бидеш за да имаш таков нож со себе при излегување во дискотека - напиша таткото Гоце Филиповски.

Скопје | пред 7 години

trspa

ФОТО: Трската околу Охридско езеро гори, на државата и е гајле, Мерко спие

Граѓанската иницијатива Охрид СОС по којнае којпат предупредува на последиците од уништувањето на живеалиштата за животинскиот свет, на уништувањето на нивниот простор за безбеден живот и размножување. Охрид СОС, по молкот на Владата, на Министерство за животна средина и просторно планирање, на општина Охрид и на другите институции, испрати обемен  извештај за овој проблем до УНЕСКО.„Во извештајот детално се наведени сите овие „активности“ на наши сограѓани и сонародници. Меѓу другото и за палењето на трската. Нека не мислат нашите функционери дека ќе нашминкаат или козметички ќе дотераат некаков документ и со тоа ќе убедат некого дека опасноста е отстранета. Засега, кај нив отсуствува желбата и искрената волја да направат што било за да го заштитат природното наследство на охридскиот регион“, велат од Охрид СОС.Штетата е огромна, а последиците катастрофални, дотолку повеќе што постои сомневање дека една од главните причини за палењето на трската е приграбување на атрактивното земјиште за плажи и изградба на сместувачки капацитети, предупредуваат екологистите.Палењето на трската, спорни и сомнителни градежни активности на целото крајбрежје беа причина државата да покрене постапка за одземање на ингеренциите над плажите на Охридското и другите езера во земјата. Општина Охрид најави дека ќе ја почитува таквата одлука, а Струга се уште смета дека тоа е погрешен потег. Според градоначалникот Мерко, не само што не треба да се одземаат веќе стекнати надлежности, туку треба да се пренесат и други, со што ќе се зголеми  заштитата на крајбрежјето.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Ангеловски со моќна порака на Фејсбук

Селекторот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски, утринава се огласи на фејсбук, задоволен од се што се случуваше во Словенија им се заблагодари на сите.„Не постои сила што ова може да го сруши. Дечки Ви благодарам за секој поминат момент со Вас. Благодарност до сите браќа во Љубљана. Македонија. Фамилија.“ – стои во објавата на Фејсбук.

Спорт | пред 7 години

rocista

Продолжува судењето за „Титаник“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во врска со изборни нерегуларности.Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.Случајот се наоѓа во доказна постапка и се презентираат материјални докази предложени од СЈО.

Македонија | пред 7 години

vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

ВМРО-ДПМНЕ: Додека власта си го брани криминалот, граѓаните живеат се посиромашно

Криминалниот картел на СДСМ ја зароби Република Македонија и ги узурпира правдата и институциите.  Владеењето на СДСМ со државата во овие две години го одбележаа неуспеси, политички прогони, сиромаштија и неправди, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Власта се стави во коалиција со криминалот и за да ги покрие своите матни зделки и неспособноста да донесе подобар стандард за граѓаните почна да создава поделби и да ги гони неистомислениците.Правдата која ја ветуваа стана секојдневна неправда. Десетици патриоти и  припадници на безбедносните сили се осудени без докази  на 211 години од единствена причина што не мислат како Зоран Заев и беа првите кои го кренаа својот глас против заевизмот, додека пак борци на ИСИС кои убивале луѓе и претставуваат опасност за секој еден граѓанин добија минимални казни затвор.Патриотите  завршуваат во затвор, а криминалците слободно дивеат по улиците. Откако е СДСМ на власт државата е претворена во крвава арена. Сведоци сме на секојдневни престрелки и убиства по улиците и никој ништо не превзема . Виновниците и убијците шетаат на слобода, а граѓаните живеат во страв и паника грижејќи се за животите на сопствените деца.Додека власта си  го брани криминалот со прогон на политичките неистомисленици, граѓаните живеат се посиромашно.   Над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата,  економијата ни е најниска во Европа, младите забрзано се иселуваат, а власта се богати со криминални тендери во 4 очи и си ги згрижува најблиските во државните институции.Земјоделието ни е клекнато на колена, пензионерите измамени, образованието тоне, а здравството наместо да го подобрат го упропастија и го направија здравство во кое се шират епидемии и умираат луѓе.Се што видоа граѓаните од СДСМ се криминали, неправди, беда и неспособност.  Граѓаните повеќе не смеат да бидат жртви на погрешните и погубни политики на СДСМ. СДСМ мора да си замине за да може Македонија да оди напред.   Победата над СДСМ  на претседателските избори ќе донесе предвремени парламентарни избори  и тогаш граѓаните  ќе го казнат заевизмот и ќе се изборат за подобра иднина за Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

policija-6

23 сообраќајки во Скопје, 18 повредени лица

Во текот на изминатиот викенд во Скопје се санкционирани 159 возачи за брзо возење, 16 возачи поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување, двајца возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, 51 возач за не користење на заштитен шлем, 11 возачи за неносење сигурносен појас и 29 возачи за користење мобилен телефон при управување на моторно возило, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.Во текот на викендот во Скопје се случиле вкупно 23 сообраќајни незгоди, од кои во една со тешки телесни повреди се здобил пешак, во 11 со полесни повреди се здобиле 17 лица и во 11 е причинета материјална штета.Сообраќајната полиција издала 206 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 139 возила.Од сообраќај се исклучени вкупно 61 возач, од кои 50  пред да се стекнат со право на управување и 11 почетници, како и четири технички неисправни и 62 нерегистрирани возила.

Скопје | пред 7 години

MFA_8353

Димитров во Грац на дебата за Преспанскиот договор и евроинтергацијата на Македонија

Денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе оствари еднодневна работна посета на Грац, Република Австрија.На покана на Универзитетот во Грац, министерот Димитров ќе одржи предавање проследено со отворена дискусија на тема „До Европа преку Преспа: Европската интеграција на Северна Македонија.“ Посебен акцент ќе биде ставен на Договорот од Преспа, „европеизацијата“ како процес кој придонесува кон надминување на конфликтите и споровите во регионот, како и актуелните предизвици и идните перспективи на патот кон Европската унија. Притоа, Министерот ќе се сретне и со раководството на Универзитетот во Грац.За време на престојот во Грац, МНР Димитров ќе оствари работна средба со државниот советник за економија, туризам, Европа, наука и истражување во локалната Влада на Штаерска, Барбара Ајбингер, како и неформална дискусија со претставници од академската и бизнис заедницата. На средбите се очекува да се разменат мислења за европската интеграција на земјата, досегашните остварувања на планот на реформската агенда, како и можностите за продлабочување на академската и економската размена и соработка.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Без струја дел од Аеродром и Ѓорче Петров

Од 9 до 14 часот без струја ќе останат корисниците  од улицата „Алексо Демниевски„ подулици 1, 3 , 5 и 7 во Општина Ѓорче Петров и од 8:30 до 11:30 часот корисниците од булеварот „Јане Сандански“ згради бр.19 и 21 во Општина Аеродром.Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со електрична енергија е поради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во градот .

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Денеска сончево и топло време, утре пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Утринската температура ќе се спушти на два, а дневната ќе се искачи до 23 степени.Во Скопје слично време, со утринска температура од четири степени, додека дневната ќе биде 23 Целзиусови степени. ВоМаврово 14, Охрид 17, Битола 22, Кавадарци 24, Крива Паланка 20, Берово 18, Гевгелија 23 степени.Утре времето ќе биде претежно облачно, попладне со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено во северните делови.Дневните температури во Скопје ќе бидар 13 степени, Маврово 7, Охрид 15, Крива Паланка 10, Берово 12, Битола и Кавадарци 16, Гевгелија 18 степени.

Македонија | пред 7 години

b2Vk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnprN01EQV8vZTI0N2NkNDc3ZjllYTBjZDA3NTRkM2NhY2VkYWMxYjMuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Пожар во миг го проголта домот на дванаесетчленото семејство Мирчевски

Дванаесетчленото семејство Мирчевски, од беровското село Русиново, остана без покрив над главата. Рано утринава, по два часот пожар им го пеплоса домот. Нема повредени, но трите генерации на ова семејство, од денеска останаа под отворено небо.Според Александар Мирчевски пожарот започнал од подрумот. Тој раскажува дека веднаш штом забележале дека гори, веднаш ги разбудил сите, повикале противпожарна служба, и побарале помош од соседите. Во куќата биле неговиот брат, снаата, децата,а на долниот кат и нивната баба. За среќа целото семејство било веднаш извлечено од огнената стихија.Семејството Мирчовски апелираат за хуманост од страна на граѓаните.Ова семество од денеска е на улица. Денеска децата и внучињата ги згрижиле роднини, но тоа не е решение з нивниот проблем.Меѓу првите кои пристигнал на местото на несреќата бил и градоначалникот на општината. Најпрво Јавните претпријатија ќе ги рсчистат остатоците, а деновиве се очекува да се изнајдат начини да им помогне на овие луѓе.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka1-1

Во директен судир на магистралниот пат Гостивар – Кичево, повредени шест лица

Во судир на две патнички возила на магистралниот пат Гостивар – Кичево повредени се најмалку шест лица. Според првичните информации, несреќата се случила околу 13:30 часот во близина на мавровската раскрсница.Во несреќата учествуваале два автомобили, „пасат“ со тетовски и „бмв“ со гостиварски таблички, кои се движеле во спротивни правци, директно се судриле.Повредените се пренесени во Гостиварската општа болница каде се утврдува видот и карактерот на повредите.

Македонија | пред 7 години

finska

Полицијата спречила обид за напад врз фински министер

Финската полиција соопшти дека нејзини припадници спречиле обид за напад на еден „опасен и агресивен маж” врз министер во Владата на Финска за време на еден предизборен собир.Агенцијата „Ројтерс“ пренесува дека полицијата не објавила за кој министер станува збор, а фотографот на локалната агенција „Лехтикува“ изјавил дека бил нападнат министерот за надворешни работи, Тимо Соини.„На основа на првите информации, агресивен и опасен маж се обиде да му пријде на министерот на изборниот собир на локалниот маркет во Корса во Ванта“ – соопштила полицијата.Мажот, кој бил онеспособен од полицајците, бил облечен во црна кошула со натпис „Војници на Один“, но нема информации дали бил вооружен.„Војници на Один“ е десничарска организација позната по своите антимигрантски ставови.

Свет | пред 7 години

DJI_0022

Трибина на ЛК СДММ Битола: Младите се и ќе бидат мост на евроатлантските перспективи

Локалниот клуб на СДММ од Битола, денеска организираше граѓанска трибина насловена ако „Младите – мост на европските перспективи“ на која младите дебатираа на повеќе актуелни теми, младинските политики, евроинтегративниот процес и перспективите што се отвораат за младите со членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ, се вели во соопштението од СДСМ.Во своето обраќање, претседателот на СДММ Дарко Каевски истакна дека СДСМ како одговорна партија гради партнерски однос со младите, бидејќи токму младите се тие кои треба да го продолжат патот кон ЕУ и НАТО, трасиран уште од денот на независноста.Во изминатиот период покажавме дека со инкулзивност, посветенот и решителност можеме да градиме квалитетни малдински политики што во фокусот го ставаат токму младиот човек. За само една година, преку проектот Гаранција за млади само во три општини се вработија над 1.800 млади лица. Годинава, овој проект ќе се спроведува низ целата држава и очекуваме бројот на лица кои ќе добијат можност за вработување или практична работа да биде уште поголем.Обезбедени се повеќе средства за поддршка на малите претпријатија и младите претприемачи а преку низа мерки се помагаат и младите земјоделци, посочи претседателот на СДММ Каевски.Каевски ги повика младите да земат поголемо учество во процесот на создавање и спроведување квалитетни младински политики што позитивно ќе влијаат врз стандардот и ќе ги задржат младите во својата татковина.- Ајде заеднички да се бориме за нашата иднина и да влијаеме што помалку млади да ја напуштаат државата, повика Каевски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Мицкоски: Не победува ниту побројниот, ниту помоќниот, туку мотивираниот и храбриот, во вас го гледам тоа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на ораторска вечер организирана од унијата на млади сили на партијата. Пред партискиот подмладок Мицкоски истакна:Навистина е убав настанот кога гледате млади луѓе со сиот нивен жар, потенцијал и младешка непрекор како имаат волја и желба да зборуваат за работите кои се важни за нашата држава,но и за нашето општество.Во тој контекст еден од најголемите оратори Мартин Лутер Кинг има кажано: Нашите животи го почнуваат својот крај оној ден кога ќе замолчиме за значајните нешта.Денес овде го гледам токму спротивното, желба да се говори и јасна визија за работите како понатаму.Како млади луѓе многу е важно да имате став за работите, да бидете носители на промените кои сакате да ги видите, затоа што ако вие тоа не го направите, нема кој друг да го направи тоа во ваше име.Еден од најдобрите антички римски оратори Цицерон ќе каже - Да се биде задоволен со тоа што се има е најголемото и најсигурното богатство“, вие имате повеќе од тоа, го имате знаењето, целиот свет пред вас и можност да ги менувате работите.Вашата бунтовност треба да ја насочите кон делотворност, вашата енергија да ја насочите кон тоа да ги менувате работите, а вашата љубов кон нашата земја да креирате општество какво што сакате да видите.Често знам да кажам дека неправдата било каде е закана за правдата секаден, и тоа е верувале или не навистина така. Неправдата било каде е закана за правдата секаде. И целосно сум свесен за предизвиците со кој се соочува младиот човек, со неправдите на системот, со неразбирањето кое се покажува од власта, со неправдите кои сите ние ги чувствуваме, а највеќе ги чувствувате токму вие. Свесен сум за ветувањата кои ги даваше оваа власт а не ги исполни, за пропаднатите надежи и измамените чувства. Со неправдата која притиска и силно не влече надоле како општество. Затоа промените треба да почнат токму од вас, а од кој друг ако не од Унијата на млади сили на ВМРО- ДПМНЕ.Нашата држава се наоѓа пред крстосница и изборите кои следат не се само одлука за претседател на Република Македонија, тие се многу повеќе од тоа, тие се одлука за тоа каква Македонија сакаме, понижена, криминална, ограбена, без вредности и принципи, или праведна, горда, со подадена рака кон оние кои што вредат, и со концепт и визија за иднината. Јас се борам за оваа втората, за втората Македонија, онаа вистинската, онаа која што е нашиот завет, онаа која што не инспирираше да сме токму тоа што сме.Мартин Лутер Кинг имаше сон, тој можеби не, но сите идни генерации американци, кои заедно успеваа да го изградат тој сон велеа, и јас имам сон, а не само јас, туку сите заедно можеме да го оствариме тој сон, а тој се вика напредна, честита, принципиелна, искрена Република Македонија, дом за сите, дом за во кои младите треба да ги реализираат своите соништа и замисли.Интелегенција и карактер – тоа е целта на вистинското образование кон кое се стремиме и затоа ќе се бориме се додека дишеме.Првиот чекор кон тоа е јасно да ги кажувате работите, да се борите за своите принципи, но и да се борите за своите ставови. Ниту мене, ниту на било кој во ВМРО-ДПМНЕ не му треба Унија на млади сили која ќе биде апологет на сениорите. Напротив ни треба критичка мисла да ни укаже кога грешиме, затоа што ние сме тие кои што сакаме да се корегираме кога грешиме.А сите добро ме знаете и познавате, дека во мене можете да најдете искрен пријател и поддржувач на се она што сакате да го правите. И ова време што стои пред нас, не е само предизвик ниту мој или само на Извршниот комитет на партијата, ова е предизвик за сите нас, за секој млад човек, впрочем за секој еден човек, за секој еден граѓанин на Република Македонија.Затоа ние ќе се избориме, а вие ќе бидете клучната сила во таа наша борба за подобра Македонија. Се работи за нашата заедничка иднина, за иднината на сите нас.Ќе поминат години од сега, ќе се погледнеме сите едни со други во очи и тогаш ќе си го поставиме прашањето, дали направивме се кога можевме, дали тоа што го направивме беше доволно, дали можеби не требаше да направиме нешто повеќе?Јас го знам мојот одговор, знам што ќе одговорам тогаш на моите внуци. Но, тоа прашање треба секој еден од вас да си го постави. Потполно го разбирам тој младешки жар, тој младешки бунт што секој еден од вас го има, што секој еден од вас го поседува. И денеска е ин секаде во Светот да си ја сакате државата која што ве израснала, државата која што ве образувала, и државата која што треба да ви даде шанса да покажете колку вредите.За жал во ова време во кое што живееме, оваа наша држава не ни дава шанса на сите нас, ниту на сите вас, да покажете колку вредите. Голем дел од вашата генерација денес ги пакува куферите и ги полниме фабриките, ги полниме државите во Западна Европа, а можеше да биде поинаку.Но, имаме ние верба и веруваме во она што е правилно. Можеби сум малку постар од Вас, повозрасен, сум универзитетски професор во меѓувреме, голем дел од вашата генерација ми поминала низ клупите, а јас пред нив на таблата, решавајќи задачи и прашувајќи ги, и знам дека некои работи не се фер.И секој од вас ќе си го постави прашањето зошто токму мене ова ми се случува, не го заслужив ва, можеби требаше да биде поинаку, можеби требаше да биде по различно, но не смееме да се откажуваме и тогаш кога мислиме дека некои работи не се фер, не смееме да се откажуваме туку треба да застанеме цврсто на нозе и да се бориме. Затоа што борбата е она кое што ни останува, сето друго е празна демагогија, сето друго е мангуплук. Само борбата е тоа што на секој еден од нас ни преостанува. Секој ден треба да се бориме. Секој еден ден е приказна за себе.Ајде заедно да го сонуваме сонот за оваа Македонија за која што зборував. Ајде заедно да го сонуваме сонот за честита, искрена, принципиелна и праведна Македонија. Држава која што ќе нуди можност за сите.Нашата мисија драги мои браќа и сестри од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е правила, нашата мисија е за оваа вистинската Македонија и колку е таа мисија поправила да знаете толку нашиот пат ќе биде потежок, но треба да се бориме и никогаш не смееме да се откажеме и тогаш кога сите ни викаат толку е, нема повеќе од оваа точка понатаму.Ние не треба да се откажуваме и треба да се бориме. Затоа што, запаметете го ова, ова ви го кажувам како постар брат, не како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, не победува ниту побројниот, ниту помоќниот, туку обедува мотивираниот и храбриот, а јас овде во оваа просторија денеска гледам храбри и мотивирани млади луѓе да му застанат на патот на оваа зло кое што како дамаглов меч нависнало над нашата татковина и сигурен сум дека на таа битка заедно ќе победиме.Треба да победиме најпрво на 21-април а потоа да победиме и на 5-ти мај, а јас сум убеден дека потоа ќе победиме на следните предвремени парламентарни избори.Ви посакувам успешна работа, да уживате во овие ваши мигови, да го дадете максимумот и не престанувајте да се борите и престанувајте да сонувате.Ајде заедно да го сонуваме сонот за Македонија, а успехот на крај ќе дојде, да немате дилема.

Македонија | пред 7 години

IMG_20190323_220040

(ВИДЕО) На забавата и немаше крај: Лозано “Јако јако” ја здрма публиката, тие сплотени пееја со него и сакаа уште

Немаше човек кој беше во ВИП арената “Борис Трајковски” а бар за момент не стана да запее стих од хитовите на Влатко Лозаноски, кој го одржа неговиот прв солистички концерт. Тој прирдени незаборавно шоу, изнуди насмевки и ја забавуваше публиката. Салата беше преполна со деца, мајки, татковци, парови, луѓе од сите генерации, а заедничко им беше тоа што сите дојдоа да го чујат и видат Влатко.Од “Јако јако” и “Надеж” до хитот кој го лансираше Лозано на сцената, “Сонце не ме грее”. Не изостанаа и песните од неговиот прв албум, но и последната композиција “Мајко” која Лозано ја посвети на својата мајка како негова најголема поддршка.Влатко доби поддршка од неговите колеги како Тамара Тодевска, Јана Бурче, Весна Петрушевска кои во вип делот од арената пееа заедно со него.“Ова лето ќе се памти” беше композицијата која Влатко ја отпеа, а ги натера неговите фанови да кажат “Овој концерт ќе се памти исто”.На сцената заедно со Влатко беа браќата Мартин и Стефан од “Некс тајм”, со кои, ја отпеаа “Ја излези Ѓурѓо”, композицијатс која се пееше во еден глас.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/1075731359300896/Лозано призна дека има трема, но успеа да ја надмине. Насмевката и изразот на лицето говореше повеќе од неговите зборови, па можеше да се заклучи дека тој е задоволен од првиот солистички концерт.На крајот, Лозано сакаше да се повлече, но се врати на сцена оти публиката сакаше уште. По втор пат ја отпеа “Јако јако” и “Надеж”.Атмосферата на концертот остави простор, Лозано да го видиме и по втор пат со солистички концерт. Тој ја заврши неговата работа, а организаторите “Аволон продукција” допринесоа за шоуто да биде комплетно

Магазин | пред 7 години

majmun-drogiran-1

(ФОТО) Русин дрогирал орангутан и се обидел да го пренесе во куфер

Рускиот турист Андреј Жестков е приведен на аеродром на индонзискиот остров Бали зошто се обидел да ја напушти земјата со дрогиран орангутан во куферот, соопшти полицијата.Туристот (27) е приведен од страна на аеродромското обезбедување додека се качувал во авион за Русија.Обезбедувањето во неговиот куфер пронајде мажјак орангутан стар околу две години, кој беше во длабок сон поради тоа што бил дрогиран со таблети против алергија, кои исто така беа пронајдени во куферот на Русинот.Освен орангутанот, во куферот на туристот беа пронајдени и два гекони, како и пет живи гуштери.На Андреј Жестков му се заканува затворска казна од пет години и парична казна од 7.000 долари поради обидот да прошверцува животно кое припаѓа на заштитен вид.

Свет | пред 7 години

seselj

Шешељ запали знамиња на ЕУ и НАТО во центарот на Белград

На денешниот протестен марш во организација на националистичката Српска радикална партија (СРС), а по повод 20-годишнината од интервенцијата на НАТО врз поранешна СРЈ, осудениот за воени злосторства Воијислав Шешељ ги запалил знамиња на ЕУ и НАТО, објавија српските медиуми и светските новински агенции.Учесниците на маршот ги предводеше лидерот на СРС и осуден воен злосторник од страна на Хашкиот трибунал, Воислав Шешељ.Шешељ за чинот кој го направи изјави дека со палењето на знамињата „сакал да покаже што мисли за ЕУ и НАТО“. 

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања