Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Ethiopian-Airlines-Boeing-737-MAX-759x500

Никој од 149-те патници на „Етиопиан Ерлајнс“ не преживеа

Авион на компанијата „Етиопиан Ерлајнс“ се урна брзо по полетувањето од Адис Абеба. Нема никој преживеан од 149-те патници и осум члена од екипажот, соопштија од компанијата. Патниците биле од 33 различни националности. Падот се случил во 8.44 утрината, шест минути откако новиот Боинг 737 Макс-8 полетал.Не се знае причината за падот на авионот чија крајна дестинација требало да биде Најроби во Кенија.  Сведоци велат дека кога паднал авионот имало огромна експлозија, околината е изгорена, а на терен се 4 хеликоптери.

Свет | пред 7 години

gordana-siljanovska

Знае ли Силјановска кој ја кандидираше за претседателка?

„Откако конечно ја дозна големата вистина, Силјановска да каже што мисли за тоа што Мицкоски бил асистент кај сопствениот татко.Гордана Силјановска исто како и Христијан Мицкоски се однесува како да не е од тука, како да не живеела во државата последните десет години.Се лаже ако мисли дека со таква лажна реторика сака да побегне од фактот што му се поклони на груевизмот.Дали Силјановска знае воопшто кој ја кандидирал и која партија застанала зад нејзината кандидатура?Доколку не знае, точниот одговор е дека таа  беше избрана на фарсична конвенција на ВМРО-ДПМНЕ како кандидатка на Христијан Мицкоски.Да, тоа е  истиот Мицкоски кој бил асистент кај неговиот татко на Машинскиот факултет, истиот Мицкоски кој како советник на Никола Груевски добил бизниси со хидроцентрали.Сега, откако конечно ја дозна „големата вистина“ за кариерата на Мицкоски, редно е  Силјановска да каже што мисли за тоа што Мицкоски од толку асистенти на Машинскиот факултет бил асистент токму кај сопствениот татко?Обидот на Силјановска да се однесува како да не е од тука, не го менува фактот дека таа и Мицкоски се последните остатоци од Груевизмот.Граѓаните нема да дозволат нов Иванов кој ќе брани криминал и партиски интереси и затоа на изборите масовно ќе гласаат за Стево Пендаровски, идниот претседател на Република Северна Македонија“, пишува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Rangelova-wide-2000

Рангелова: Разочарувачки е да читаме дека девојчиња ги фрлаат бебињата во шахта

На расправата за предлог-законот за абортус рековте дека „ако се надминете себеси ќе го поддржите“. На кого мислевте: на сите колеги во парламентот, на одредени пратенички или на невладините организации и религиските групи кои се противат на абортусот?- Се обратив до сите пратеници, но и на дел од граѓанските организации со кои имавме спротивставени ставови. Мислам дека станува збор за погрешно толкување. Ако сме за заштита на здравјето на жената, т.е. за легален и безбеден абортус за оние жени што се одлучиле на таков зафат, тоа во никој случај не значи дека ние ги поттикнуваме жените да ја прекинат својата бременост.Напротив, јас би била среќна ако секоја девојка или жена има можност и желба да се реализира во улогата на мајка. Па, има ли поголема среќа за нас од нашите деца? Тоа за мене е најголемиот благослов. Па, сепак да ги почитуваме туѓата одлука и мислење. Можеби треба да размислуваме за континуирана едукација за спречување на несакана бременост уште од најраната училишна возраст, а и за планирано семејство, наспроти санкционирање и сложени административни постапки за прекин на несакана бременост.Разочарувачки е во 21 век да читаме дека млада девојка на 19-годишна возраст го фрлила своето бебе во шахта и слични примери. Зарем тоа треба да го дозволиме и да не ги спречиме овие појави?Целото интервју на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

Zaev-i-Pendarovski

Заев: Пендаровски е безбеден, го сликале поради колата

Премиерот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев истакна дека консензуалниот претседателски кандидат Стево Пендаровски е безбеден со оглед на тоа што тој изјави дека го следат одредени служби.„Пендаровски е безбеден. Утврдено е дека се работи за сликање за докажување каква кола всушност има и вози. Верувам дека сите граѓани во Република Северна Македонија треба да се чувствуваат безбедни“, изјави Заев.Како што информираше Пендаровски, тој вчера во попладневните часови во СВР Скопје поднел пријава на записник и чека надлежните служби во наредниот период да го одработат тоа што треба.„Ако ме прашавате што јас знам повеќе за тоа – не знам“, изјави Пендаровски и ги упати новинарите на изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој на седница за пратенички прашања при крајот на јануари зборувал за следење на јавни личности, па дури, посочи Пендаровски, на великодостојници на МПЦ од некои параструктури.„Можеби тука лежи одговорот. Меѓутоа, јас тоа не го знам“, додаде Пендаровски кој има впечаток дека е следен и, како што рече, чека официјален орган да му каже дали е тоа точно и, се разбира, дали само тој е цел на следење.

Македонија | пред 7 години

deponija-sutka-3

ФОТО: Депнијата во Шутка две недели гори, надлежните спијат, граѓаните се гушат

Депонијата меѓу населбите Шуто Оризари и Визбегово гори веќе две седмици. Еколозите секој ден апелираат, ги повикуваат надлежните на реакција, објавуваат фотографии од запалената депонија, пријавуваат, но засега ништо. И вчера огнот, чадот и смрдеата беа неподносливи во тој регион, предупредуваат од граѓанската иницијатива О2 коалиција.На реакцијата на граѓаните и на еколозите, градоначалникот на општина Шуто Оризари одговори дека на 8 Март треба да се слави, а не да се посветуваме на проблеми.„Ќе ве молам, денеска е 8 Март и верувам дека треба овој ден да празнуваме. За десет дена го исчистивме најголемиот дел од депонијата. Булдожерот е приватен и општината го плаќа“, одговори Дудуш, кој ветува дека за две седмици депонијата комплетно ќе биде исчистена.Eколозите порачуваат: „Господа од власта, да земете да си ги едуцирате вашите градоначалници и политичари. Нека земат да си ја работат работата за која бездушно ни наплатуваат од заедничкиот буџет, нека се погрижат за животот и здравјето на сите свои граѓани, нека пробаат да ни го покажат синото небо низ овие облачишта од чадојни, кои ги продуцира нивната негрижа и незнаење. Може потоа и ќе ги поканиме да празнуваат со нас“.

Скопје | пред 7 години

zena-810x540-810x540

Работела во фабрика за 16 долари месечно, а денес е најбогатата жена на светот

Ву Јаџун своевремено работела во фабрика за 16 долари месечно, а денес е најбогатата жена на светот која сама го создала своето богатство. Според најновата листа на „Форбс“, Ву располага со богатство од 9,4 милијарди долари, што доаѓа од компанијата за недвижнини „Лонгфор пропертис“, која во 2017 остварила приход од 10,7 милијарди долари. Во ноември, Ву се повлече од функцијата претседател на компанијата и ги предаде своите акции на ќерка ѝ.Ву е за три милијарди долари побогата од Дајен Хендрикс, најбогатата Американка која сама се збогатила. Севкупно, најбогатата жена на светот е Франсоаз Бетенкур-Мејерс, која вреди 49,3 милијарди долари, но таа е наследничка на козметичката империја „Л‘Ореал“.Ву (55) не потекнува од богато семејство. По дипломирањето, се вработила како техничар во една државна компанија, кадешто четири години работела за 16 долари месечно. Потоа четири години била новинар во државна новинска агенција, а кога во 1993 се соочила со низа проблеми да си купи стан, се инспирирала да го почне она што ќе стане „Лонгфор пропертис“, продавајќи го својот прв станбен проект во 1997. „Лонгфор“ е една од првите компании која почнала да гради трговски центри во Кина.Целата сторија прочитајте ја на студенти.мк.

Свет | пред 7 години

zz

ФОТО: Заев маскиран во оган, сопругата Зорица во мраз

На традиционалниот маскембал кој се одржа во 2013 во Струмица, премиерот Зоран Заев беше маскиран во оган, а неговата сопруга Зорица Заев во мраз. Тие беа учесници на манифестација, за разлика од оваа година кога само гледаа, но не се маскираа.[caption id="attachment_30426" align="alignnone" width="397"] Заев во 2013 година[/caption]Заева тогаш рече дека маската на премиерот е погодена затоа што тој има топла душа и зрачел со енергија. На Струмичкиот карневал се игра, пее и се прават шеги на сопствена, но и туѓа сметка. Во 2013 година, Заев беше градоначалник на Струмица.

Магазин | пред 7 години

ilija-dimovski

Илија Димовски: Размислувам дали да дадам поддршка на СЈО, а бегството на Груевски не е добро

Ако се направи систем којшто ќе значи гаранција на човековите права и на владеење на правото, јас би размислил да дадам поддршка на понатамошно постоење на СЈО, вели пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.На прашањето, дека членството во НАТО може да зависи и од поддршката на Законот за СЈО, па дали тој ќе го поддржи Законот за СЈО, имајќи предвид дека е обвинет во еден од случаите на СЈО, пратеникот тврди дека членството во НАТО не зависи од тоа, процесот на ратификација на протоколот за членство во НАТО на Република Македонија оди со забрзано темпо.– Мислам дека може да се успее да бидеме можеби рекордер, ако не би биле некаде во рамки на досегашниот рекорд од девет месеци и тоа е добро и треба да се поддржи и со моето учество во тој процес давам пример. Во поглед на Специјалното јавно обвинителство мислам дека е генерален услов за владеење на правото во Република Македонија виз-а-ви процесот на почнување проговори со ЕУ. Јас посебно поради тоа што сум дел од обработката на СЈО, се обидувам да диференцирам став, којшто ќе значи и поддршка, ако е потребно, на понатамошно постоење и функционирање на СЈО. Како и во Парламентот и во судството, како и во образованието, така и во СЈО, мислам дека има и квалитетни и неквалитетни луѓе има и квалитетни и неквалитетни постапки. И ние носиме и добри и лоши закони, дел од предметите на СЈО се базирани на некои сериозни докази, дел се политички – изјави Димовски.Тој вели дека и покрај тоа што како шеф на делегацијата патува по парламенти од разни земји на ратификација на договорот за членството на Северна Македонија во НАТО, не го сменил мислењето за Договорот од Преспа.– Јас мојот став неколкупати сум го соопштил од аспект на штетноста на содржината на договорот. Никогаш не сум ја спорел целта на договорот и тука сакам да направам јасна разлика. Целта на договорот, како што ја разбираме, е членство на Македонија во НАТО пактот и ЕУ, што е став на ВМРО-ДПМНЕ, како прва политичка партија со таков став, уште од самото формирање на парламентарната демократија во Република Македонија. Но, тоа не значи дека содржината на договорот е прифатлива и оправдлива од аспект на македонските национални интереси. Мене ми смета еуфоричноста која власта ја покажува со Договорот од Преспа, од аспект на тоа дека ова е најпатриотски чин, од аспект на тоа дека ова е најдоброто нешто што можело да се направи. Не. Треба да бидеме искрени со граѓаните, ова е болно и тешко постапување на државата и не треба да го криеме тоа, треба да го кажуваме, но секако треба да разбереме дека Република Македонија може да обезбеди многу подобра перспектива и многу подобра иднина како членка на НАТО и на ЕУ.На прашањето, дали има контакт со Никола Груевски, Димовски рече дека многу долго време пред да замине од Македонија, не контактирал со Груевски. Во врска со неговото бегство во Унгарија, Димовски кратко одговори: Не е добро, не е добро!

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

До петок ќе трае обврската за поседување на зимска опрема во возилата

Автомотосојузот на Македонија потсетува дека без оглед на моменталната временска состојба  законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата,, трае до 15 март, односно до петок, следната недела.Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. АМСМ апелира до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

10791158-6791109-image-a-34_1552181188446

32 патници во авион на „Туркиш ерлајнс“ се повредени

Авион на „Туркиш ерлајнс“ безбедно слета на њујоршкиот аеродром, по сериозни турбуленции во кои повќе од 32 лица завршија со повреди, соопштија официјалните лица.Авионот летал од Истанбул кон Њујорк, а турбуленциите почнале 45 минути пред слетувањето на Џон Кенеди аеродромот, пренесе новинската агенција „АП“.Десет повредени патници биле згрижени во болница, а на останатите им била пружена помош на аеродромот.Еден од патниците има скршена нога, а поголем дел се здобиле со исеченици и модринки по телото.

Македонија | пред 7 години

diskriminacija

Хелсиншки на протест пред Собрание, имаат порака до пратениците

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија за утре со почеток од 10 часот пред Собранието најави протест со барање за итно усвојување на законот за спречување и заштита од дискриминација.„Јавно ги повикуваме пратениците од најголемите политички партии од мнозинството, СДСМ и ДУИ, итно да го усвојат законот за спречување и заштита од дискриминација, на собраниската седница во понеделник и конечно да се одважат и да застанат на страната на граѓаните. Со неусвојувањето на овој Закон, пратениците и натаму покажуваат дека не им пречи што граѓаните се дискриминирани и лишени од механизми за заштита од дискриминација, особено оние кои се дел од ранливите групи и малцинства во државата“, се вели во соопштението на Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата.Законот за спречување и заштита од дискриминација повеќе од 8 месеци е заглавен во Собранието. На пленарната седница во четвртокот, беше прескокната точката за гласање на овој закон од дневниот ред.Од Хелсиншкиот ја осудија и реториката која ја користат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на парламенатарната говорница, бидејќи со неа, како што велат, не само што ги етикетираат маргинализираните заедници, туку и отворено поттикнуваат дискриминација и насилство кон нив.„Ги повикуваме сите граѓани кои имаат нула толеранција за дискриминацијата да ни се придружат за да заедно ги потсетиме народните избраници дека правата на граѓаните не смеат да бидат условени од личните ставови и партиските игри“, се додава во соопштението.Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација забранува дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло, национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа.Повеќе од 100 граѓански организации, сојузи, фондации и мрежи на граѓански организации го поддржаа овој закон и побараа негово итно донесување.

Македонија | пред 7 години

drisla

Медицински отпад кој се гори во Дрисла, донесен во огромни количини

Количината на отпад добива загрижувачки размери во Македонија. Ако во 2000 година имало 115 тона медицински отпад, во 2017 година количината достигна 900 тона, или девет пати повеќе. Овие бројки се објавени од страна на Заводот за статистика и од депонијата Дрисла, која во моментов е единствената институција која го собира и уништува овој отпад.Во печката во Дрискла секој час горат до 250 килограми медицински отпад, а  секој ден во депонијата влегуваат над три тони медицински отпад.Најголемиот дел од отпадот, како што велат од Дрисла, доаѓа од Клиничкиот центар, од болницата Св. Наум Охридски и од Клиничката болница во Тетово. Од тетовската болница велат дека ѓубрето се транспортира двапати неделно, во зависност од потребата, а може да се транспортира дури и неколку пати неделно.„Нашата болница има договор со фирми кои се лиценцирани за транспорт на отпадот и да го третираат до крај. Ги имаме сите точки на собирање на локално и централно ниво за транспорт и привремено складирање, кои се доставуваат до Скопје двапати неделно според договорот“, рече Ариф Ибрахими, Клиничка болница Тетово.Од гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир минатата година потрошиле 348.506 денари за 5.392 килограми медицински отпад. Во меѓувреме, за оваа година болницава има предвидено поголема количина на отпад.„Првично се собираат во сите одделенија, потоа од таму во посебни кутии кои се обележани со посебни ознаки и, конечно, од сите овие одделенија се депонираат на претпоследната депонија која е наместена на таков начин што таму да нема контакт ниту живиот свет на животните, ниту децата или што и да се движи во таа насока. За оваа година планирани се околу 6.200 килограми медицински отпад. Како што се зголемува бројот на раѓања, така се зголеми тежината на медицинскиот отпад”, изјави Илир Шурдани, Гинеколошка болница “Мајка Тереза”.Според инфектолозите, медицинскиот отпад претставува висок ризик доколку тој се допира на незаштитен начин и може да предизвика ширење на разни инфекции доколку се фрлат надвор од посебните места за собирање на медицински отпад.Извор: Алсат ТВ

Скопје | пред 7 години

chair-copy

Ќе се уништи зеленилото, за Чаир да има 5 паркинзи

Фадиљ Амети веќе 50 години живее во Топанско Поле. Вели дека во Чаир се гради многу, но  хигиената според него е на многу ниско ниво. Во минатото, се присетува Амети, градењето не било толку интензивно, па поради тоа ова место било почисто и позелено за разлика од сега.„Секако дека е подобро, без градби. Населбата е изградена. Парковите се посредени. Недостига хигиена. Ми се чини дека тогаш имаше повеќе чистота. Чистота околу парковите, тоа недостига“, изјави Фадиљ Амети, жител на Чаир. Еко-активистот Африм Османи вели дека надлежните институции треба да ги казнуваат граѓаните кои ги уништуваат зелените површини. Предлага да се намали изградбата на објекти и да има повеќе паркови и зеленило.„Градењето е една од главните причини за уништување на парковите, зеленилото и сечата на дрвја. Еднаш засекогаш треба да се реши прашањето за градење. Новите градби, градежништвото, претставува еден од главните фактори за уништување на зелените површини“, изјави Африм османи, еко-активист. Од друга страна, во недостиг на паркинзи, граѓаните ги паркираат нивните возила на зелени површини.Првиот човек на Чаир, Висар Ганиу вели дека од јуни ќе започне изградба на нови паркинзи во оваа општина. Паркинг ќе има во близина на улицата „Цветан Димов“, втор на популарната Пластичарска улица, потоа кај Исабеговата џамија и еден кај Албанскиот театар на Бит Пазар.

Скопје | пред 7 години

161753_jelena-karleusa_ff

Јелена Карлеуша го менува името

Српската пејачка Јелен Карлеуша ќе си го смени името. Таа реши покрај своето, да го додаде и името на нејзината мајка- Дивна, во знак на благодарност и сеќавање на неа.Пејачката одлучи за јавноста и понатаму да остане ЈК, но во личните документи покрај своето име ќе го додаде и мајчиното.Инаку, познатата поп пејачка се уште е очајна поради големата загуба.Според српските медиуми, нејзината здравствена состојба полека се враќа во нормала, но се уште постојано зборува за нејзината мајка и многу често се расплакува додека зборува со најблиските.Пејачката изјавила дека сака да го додаде името на својата мајка и на тој начин постојано да биде поврзана со неа, но и да и се оддолжи за целата поддршка што и ја давала постојано додека била жива.

Магазин | пред 7 години

sekerinska-arm-2

Само шест жени се доброволци да бидат дел од АРМ

Рамноправни, но само на зборови. Така на шега се коментираше присуството на само шест девојки во 37. генерацијана АРМ, која денеска, на 8 март, положи заклетва. Половина од нив се мајки со деца, за кои следните три месеци ќе се грижат татковците. Вкупно 86 војници кои доброволно отслужуваат воен рок дадоа заклетва во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“.„Сите машки членови во семејството имаат служено војска и тоа ми беше предизвик да ја продолжам таа традиција. Сакав да го искусам тоа што тие го искусиле. Иако е тешко, ова е ново прекрасно искуство, да се научи на ред, дисциплина. Овде сите сме исти, се поддржуваме меѓусебно и нема разлика во пол и националност“, речеАлександра Јакимова од Скопје.Меѓу припадниците на АРМ е и кајакарскиот репрезентативец Енис Небиоски.

Македонија | пред 7 години

trska-3

Гори заштитената трска во Охрид, виновници нема ниту некој реагира

Граѓанското здружение Охрид СОС објави дека вчера попладне во близина автокампот „Андон Дуков“ и Св. Еразмо горела трска и ниска вегетација, при што, како што потрдил и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, интервенирала противпожарната служба од Охрид.-Дали започнува „традиционалното“ палење на овој потег? Оваа активност е законски забранета, но и покрај тоа одредени поединци и понатаму продолжуваат со оваа пракса. Веројатно не се свесни дека со палењето тие ја загадуваат животната средина и ја намалуваат плодноста на почвата. Или толку им е гајле.Од Охрид СОС укажуваат дека со палењето на стрништата (како што ги класифицира државниот инспектор за животна средина) се уништуваат големи количини органска материја и скоро целокупната количина на азот во почвата. Исто така, палењето го забрзува намалувањето на содржината на хумус во почвата, ги уништува некои од потребните микроорганизми.-Сепак, се чини како да е најлесен начин за некого да исчисти одреден простор кој потоа се користи како земјоделско земјиште, или за други цели, велат од Охрид СОС. Казната за палење стрништа, плевели и други растителни отпадоци, потсетуваат оттаму, се движи од 6 до 8 илјади евра за правни лица и од 1,5 до 3 илјади евра за физички лица. Освен казната, сторителот ќе треба да ја надомести и штетата.– Засега, нити некој е казнет, нити има желба за превенција и укажување на негативните последици од овие активности. Се пали, противпожарната служба ќе изгаси, ќе се смират страстите и ќе се заборави, до следниот пат. Инспекторите, ако излезат, само ќе продефилираат и толку, велат од Охрид СОС.Претходно случаи на опожарување на трската беа забележани на западното крајбрежје, помеѓу градот Струга и Калишта.Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, вчера, одговарајќи на новинарско прашање за ов ие случаи, рече дека ќе се предложи преземање на ингеренциите за сите општини, а не само за Охрид и Струга.– Предлогот до Собранието може да го поднесе Министерството за транспорт и врски преку Владата или пратениците. Тоа се прави заради подобро менаџирање со  плажите. Проценка на сите е дека тоа треба да го прави државата, а не општините, рече Сугарески и додаде дека надлежностите за градежното земјите си остануваат кај општините.

Македонија | пред 7 години

pari-za-izjava

НБРМ: Граѓаните не сакаат да плаќаат со картици, туку со ќеш

Последните податоци на Народната банка за септември 2018 година покажуваат дека од вкупниот број трансакции реализирани со кредитни трансфери или приближно пет милиони, во хартиена форма се реализирани 2.896.599 трансакции, додека електронски 2.069.280. Податоците укажуваат дека електронскиот начин на плаќање е поприфатлив за правните лица, кои од вкупниот број електронски трансакции со кредитни трансфери реализирале 1.771.544, додека, пак, физичките лица иницирале 14,4 отсто од електронските трансакции со кредитни трансфери или 297.736 трансакции.Од реализираните електронски плаќања преку мобилен во септември 2018 година се остварени над 66 илјади.Објавените податоци, сепак, покажуваат дека од година во година има раст на трансакциите со кредитни трансфери иницирани преку мобилен, така што во 2017 година почнуваат од 25.597 во јануари и во последниот месец достигнувале 54.897, а во 2016 година во првиот месец се реализирале 13.085 и достигнале 29.367 во декември 2016 година.Банките континуирано инвестираат во модерни и иновативни технологии, а целта е на клиентите да им се овозможи услуга 24 часа. Во своите услуги речиси сите имаат понуда за мобилно банкарство. За да се зголеми неговата примена нудат и поволности и пониски провизии, но истакнуваат дека сè уште поголемиот број клиенти не се подготвени да ги прифатат новите технологии.

Македонија | пред 7 години

40365847133_ed7090183a_o

ГАЛЕРИЈА: Заев со сопругата, Филипче и Анѓушев беа на журка во Струмица

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев присуствуваше на годинашното издание на Струмичкиот карневал, како еден од 7-те најатрактивни зимски настани во Европа, кој го обезбеди своето место на листата на 20-те најдобри улични карневали во светот.Премиерот Заев заедно со сопругата, и со членови на Владата на Република Северна Македонија, на покана на градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, присуствуваа на централниот настан од карневалските свечености и ги проследија стотиците групни и индивидуални маски во духот на традицијата што со децении ја гради оваа манифестација.Со бројните гости од земјата и од странство како учесници или како посетители, карневалот во Струмица и оваа година потврдува дека е значајна алка во градењето мостови на соработка преку културата и традицијата со сите збратимени градови коишто и оваа година испратија свои делегации на карневалот.

Македонија | пред 7 години

maska-dimitrov-zaev-zbogar

ФОТО: Димитров од карневал со порака до Жбогар

Со маска „Обединета Европа” – амбасадоре, има тука порака, ова синоќа на Фејсбук профилот напиша шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, кој заедно со евроамбасадорот Самуел Жбогар, со премиерот Зоран Заев и со струмичкиот градоначалник Коста Јанев се фотографираа со маската „Обединета Европа“.Гости на премиерот на синоќешниот Струмички карневал му беа повеќе министри и амбасадори кои иако не носеа маски, се сплотија меѓу нив и заиграа, поведени од атмосферата на плоштадот во Струмица.

Македонија | пред 7 години

gordana-siljanovska

Силјановска до Заев: „Завидлизам“ значи да му завидиш на умот

Кандидатката за Претседателка на РСМ од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, станува сѐ пожестока во настапите кон политичкиот ривал.[embed]https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/videos/1178183379006972/[/embed]Таа преку видео порака и на вчерашните средби и настапи пред граѓани, му одговори на премиерот Зоран Заев, кој вчера критиките за наводен ,,заевизам “ што тој го спроведува низ своето владеење, рече дека тоа е ,,завидливизам“.Силјановска одговори:,,ЈАЗИЧЕН ЗАЕВИЗАМ: Да му завидуваш на „умот“! Тоа е значењето на „завидлизмот“!Откако го „зацврстија“ македонскиот јазик, сега уште и го збогатуваат со северно/народни елементи“вели таа.,,Заевизмот денес премина во нова форма јазичен дилетантизам. Зоран Заев си измисли нов збор во македонскиот јазик, завидлизам. Тој збор е придонес на заевизмот кон нивниот новоговор во Северна. Ние сме Македонија, не Северна! “- порача Силјановска од Крушево.

Македонија | пред 7 години

avion

Авион се урна во Кенија

Патнички авион на „Етиопијан ерлајнс“,  се урна на летот од Адис Абеба кон Кенија, потврдија властите.Авионот го загубил контактот набрзо по полетувањето во 08:38 часот. Во авионот имало 149 патници и 8 членови на екипажот.“Во овој момент, во тек е операција на пребарување, но немаме информации дали има преживеани и за можните причини за несреќата“ изјавија од авиокомпанијата.Етиопската Влада го изрази своето “најдлабоко сочувство до семејствата на оние што ги загубија своите најблиски во Етиопијан ерлајнс Боинг 737 кој летал до  Најроби, Кенија“.

Свет | пред 7 години

Tetovo-1

Мицкоски од Тетово: Граѓаните живеат потешко, бидејќи владата краде

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со граѓани во Општина Тетово. Мицкоски исто така го посети и оствари средба и со членовите и симпатизерите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово.Мицкоски пред граѓаните нагласи дека граѓаните во Република Македонија се потешко живеат бидејќи оваа влада единствено што знае е да краде и да ги осиромашува граѓаните и државата.Тој потенцираше дека консензуалниот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски е изгубен во своите изјави, додавајќи дека тој самиот е свесен дека ќе ги изгуби претседателските избори и измислува алиби дека го следи странска служба блиска до опозициската партија.Тој ја почна сопствената кампања на начин на кој што најмалку се надевавме. Првата изјава му беше дека го следат странски служби кои што се блиски до голема опозициона партија. Го прашавме министерот и несуден кандидат за претседател Оливер Спасовски, дали е безбеден господинот Пендаровски, денеска демант стигна од премиерот, и претседател на СДСМ кој што рече дека Стево Пендаровски е апсолутно целосно безбеден, вели Мицкоски.Мицкоски исто така рече дека Пендаровски не може да биде претседател бидејќи во минатото ги навредувал граѓаните на Република Македонија и граѓаните не можат да имаат доверба во него, односно како што рече тој е човек на Заев и го претставува заевизмот.Значи кандидатот трката покрај тоа што граѓаните порано ги навредуваше, почнува со лага и како можеме ние како луѓе да ја дадеме довербата за човек кој што го навредуваше сопствениот народ и од истиот народ бара поддршка а целокупната кампања ја почнува со лаги. Не што е дел од заевизмот, туку тој човек претставува голем и жесток апологет на деспотот заевизмот.Претседателот Мицкоски коментирајќи ја денешната изјава на Заев посочи дека има разлика помеѓи Заевизам и Завидлизам, и дека нема за што  да се има завист.-Го слушам Заев вели денес како ова не било Заевизам туку завидлизам. Или го лажат човекот или навистина верува дека ова било од завист. За да има завист, треба барем нешто од нешто да направат. А на што да му завидуваме што ја потона ли земјава, што ја дотераа до питачки стап дека Македонија според листата на Транспаренси интернешнл корупција се наоѓа на местото заедно со Руанда и Танзанија, изjави Мицкоски. Според него во Македонија нема ниту реформи во ниту еден сегмент во општеството.-Тоа што сме последни по раст во економијата во регионот и југоисточна Европа. Убиства имаме речиси секој ден или некаков човек исчезнува. Не направија никаква реформа во образованието ниту во здравството, објасни Мицкоски.Мицкоски нагласи дека Заев ја понижил и омаловажил сопствената држава и народ, потенцирајќи дека од граѓаните зависи како ќе се мобилизираат се со цел да се спречи ова што во моментот се случува.Заев не само што успеа да ја понижи и омаловажи сопствената држава и народ туку и претставува навистина големо разочарување за сите граѓани, и оние кои му ја даваа поддршката гледаме како секојдневно се оградуваат од него. Заевизмот добива епидемиолошки размери и нашата задача е тоа да го спречиме, вели тој.

Македонија | пред 7 години

DSC_0046

Силјановска: Луѓето се вредни и чесни, а животот е тежок и стандардот низок

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со граѓаните на Општина Кривогаштани.Пред присутните Силјановска Давкова истка дека како и во другите општини така и во Кривогаштани животот е се потежок, а стандардот низок, нагласувајќи дека кога ќе стане претседател ќе стори се што е во нејзина моќ да го врати достоинство и угледот како на граѓаните, така и на Република Македонија.Во Кривогаштани, како и во другите места, луѓето се вредни и чесни.  Тешко е да се гледаат нивните напатени лица и закоравени раце. Ако станам претседателка ќе сторам се што е во моја моќ да им го вратам достоинството. Но, ним им значи и Македонија, не само личниот стандард. Им ветив дека ќе си го вратиме угледот на нашата Македонија. Им реков, ве молам зборувајте со вашите пријатели, објаснете им дека само заедно ќе ги вратиме владеењето на правото и правдата за Македонија, кажа Силјановска Давкова.

Македонија | пред 7 години

DSC_2423

Вработеноста е намалена, а платите растат, тврдат од СДСМ

„За повеќе пари кај граѓаните и подобар стандард: Невработеноста намалена под 20 отсто, платите растат, отворени нови 26 600 работни места.Со успешните економски политики на Владата невработеноста е намалена под 20 проценти.Во последниот квартал од минатата година забележан е пад на невработеноста на 19.4 отсто што е најниско ниво до сега. Во исто време податоците покажаа раст на економијата, БДП е зголемен за 3.7 отсто.Сите клучни економски параметри покажуваат раст и позитивни тенденции.Расте бројот на странски инвестиции, отворени се 26 600 нови работни места, растат платите, се намалуваат трошоците, намалени се казните, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.Позитивните економски резултати се показател на посветеноста на Владата предводена од СДСМ да обезбеди поквалитетен живот и повисок животен стандард“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Беровчанец удрил во сообраќајни знаци, завршил со тешки повреди

На 09.03.2019 година во 11,15 часот било пријавено дека на автопатот во изградба Миладиновци-Штип, кај клучката за влез во Свети Николе, патничко моторно возило “Голф“ со скопски регистерски таблици, управувано од Г.М.(86) од Берово, удрило во сообраќајни знаци.Г.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од Полициската станица Свети Николе и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања