Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

ffm

Собранието на ФФМ е фалсификат - гласале делегати кои се избришани од Централен регистар!

Се чини навикнавме последниве неколку години Фудбалската федерација на Македонија да работи нестатутарно и спротивно на Законот, па не е изненадување ниту последниот потег на фотелјашите од Куќата на фудбалот - на денешното собрание да им дозволат да гласаат на четворица делегати од ОФС Тетово, кои се избришани од Централниот регистар, објави sport1.mk.Веќе подолго време има подвоеност во ОФС Тетово, но пред неколку месеци, Централниот регистар пресече и ги избриша дотогашното раководство на чело со Фисник Исени. Но, тоа не беше пречка актуелната власт во ФФМ повторно нив да ги покани, па денеска во Охрид беа присутни, покрај Исени, и Дритон Муслиу, Мујдин Исмаили и Јовица Илиевски - сите нелегитимни претставници на ОФС Тетово. Ова значи дека Собранието е одржано на нестатутарен начин, со фалц делегати и ниту една одлука не може да биде важечка.Но, и самиот почеток на седницата беше предзнак дека ништо не штима - па така немаше легитимен претставник од УЕФА зашто не дојде Давор Шукер, кој е член на Извршниот комитет. Се појави анонимен лик во името на Денис Баштари од Албанија, за кој не се знае каква функција има во Нион. Освен ова, на Собранието не беше присутен ниту претставник на Агенцијата за млади и спорт, која воопшто не била поканета, за првпат во историјата.Но, тоа не значеше дека ФФМ нема да се пофали дека широко го отвора процесот за кандидатура на нов претседател иако тоа во реалноста воопшто не е така. Во еден од условите за кандидатура има член со кој кандидатот не мора да е делегат на Собранието, но мора активно да учествува во работата на членката која го предлага во изминатите четири години. Што само по себе е контрадикторно и служи само за замајување на јавноста и УЕФА дека процесот се отвора.Секој заинтересиран кандидат, па меѓу нив и да има бивши фудбалери со богато странско искуство, не би можеле да се кандидираат затоа што не го исполнуваат главниот услов да работат најмалку четири години во матичниот општински сојуз или во самата федерација. Исто така општинските сојузи немаат право да поднесат кандидатура за претседател на ФФМ, ако имаат веќе член во Управниот одбор на федерацијата и тоа дури шест месеци откако на некој од тие членови на УО ќе им заврши мандатот. Оваа промена во членот 91б уште повеќе ја усложнува постапката за демократско и непречено кандидирање, што е сосема спротивно од „филмот“ на ФФМ дека – сега трката за претседател - е отворена.Исто така изгласана е и одлука во членот 43 да се стави старосна граница и тоа за претседател да не може да се кандидира лице постаро од 65 години, што не е во согласност со правилниците и статутот на УЕФА, каде старосната граница е поставена до 70 години. Оваа одлука е поставена наводно во согласност со Законот за пензиско осигурување, што е апсолутно спротивно на Статутот на ФФМ, зашто функцијата претседател е волонтерска иако Илчо Ѓорѓиоски беше дебело платен и професионално ја извршуваше таа функција.извор:sport1.mk

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

Израелските сили убиле 16-годишно девојче, кое сакало да изврши напад

Израелските сили денеска убиле 16-годишно девојче по потекло од Палестина.Девојчето било убиено кога се обидело да изврши напад со нож над контролниот пункт на Ал-Заим, кој се наоѓа меѓу Ерусалим и Западниот Брег, соопшти полицијата.Според „Ројтерс“, убиеното девојче палестинските функционери го идентификувале како жител на палестинскиот град Рамала.

Свет | пред 7 години

britanija-1

Жолт метео аларм во Британија - затворени патишта и училишта, бокирани аеродроми

Аеродромот во Манчестер е затворен, како и патиштата и училиштата ширум Британија поради снегот и ниските температури. На сила е жолт метео-аларм во поголемиот дел од земјата, а за утре се најавуваат температури од околу -10 степени.Аеродромот во Манчестер утрово е затворен додека работениците се во обид да ја исчистат пистата, а патниците се жалат поради хаосот откако останале блокирани во авионите. Некои од летовите се пренасочени на други дестинации.Најниска температура е забележана во Шкотска и Северен Јокшир. На аеродромот во Ливерпул привремено се откажани летови поради временските услови.

Свет | пред 7 години

tajvan

Силен земјотрес го погоди утрово Тајван

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени сопред Рихтер го погоди утрово Тајван.Епицентарот на земјотресот е на длабочина од 2 километри.Земјотресот го погодил и Тајпеј, но се уште нема информации за евентуални штети и жртви од истиот.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Од 15 февруари за сите сме Северна Македонија?

Официјалната употреба на новото име Република Северна Македонија Најверојатно ќе започне на 15 февруари. Според информативната агенција Еуроактив, Грција се очекува на 8 февруари да го потпише протоколот за членство на земјава во НАТО. Потоа, во рок од 7 дена државните органи и институции, јавни претпријатија, дипломатски претставништва и конзулати треба да го употребуваат новото име и да ги сменат таблите.Сите измени ќе се направат согласно Законот за употреба на јазиците, што подразбира дека измените на натписите ќе бидат на албански јазик на државно ниво.Инаку денеска бугарската влада даде зелено светло за протоколот за членство на Македонија во НАТО да влезе во собраниска процедура. Пред само неколку дена, во дописот до МНР, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг порача дека Пристапниот протокол е во подготовка, кој ќе биде испратен на сите земји членки на алијансата за ратификација во нивните парламенти.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Tрамп разговараше со лидерот на опозицијата во Венецуела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во телефонски разговор му изрази поддршка на лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо. Како што соопштија од Белата куќа, Трамп ја поддржал борбата на народот за враќање на демократијата во земјата.Гуаидо му се заблагодарил на Трамп за посветеноста на САД за одржување на слободата и напредокот на Венецуела и регионот.Двајцата се договориле да одржуваат редовна комуникација со цел да ја вратат Венецуела на патот на стабилноста и да ги обноват односите меѓу двете земји.Во Венецуела за денеска се најавени протести за да се зголеми притисокот врз претседателот Николас Мадуро да поднесе оставка.Гауидо минатата недела се прогласи за преоден претседател.

Свет | пред 7 години

grip

Грипот за една недела зеде 5 жртви во Црна Гора

Пет лица починаа за седум дена во Црна Гора како последица од грипот, а помеѓу нив е и две годишно момче. Црногорскиот институт за јавно здравје во вторникот соопшти дека 45-годишна пациентка е петтата жртва на грипот.Од грипот починаа и две годишно момче, како и три опстари лица. од Институрот соопштија дека бројот на заболени од грипот во периодот од 21 до 27 јануари е зголемен во однос на минатите седмици. Пријавени се вкупно 386 случаи во кои симптомите сеслични на оние на грипот.што е за два пати повеќе во однос на минатата недела, и три пати повече во поредба со истиот период лани.– Се наоѓаме во фаза на епидемија на грип и се очекува да кулминира во наредните недели, по што бројот на заболени ќе почне постепено да опаѓа, се наведува во соопштението.

Свет | пред 7 години

zagaden-vozduh

И Тетово се гуши, надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри

„Ве информираме дека согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 мg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, истиот е надминат на мерното место Тетово.Со тоа стапуваат на сила препораките и мерките согласно заклучоците од записникот од 40та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година“, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Македонија | пред 7 години

bolnica

Пациентка починала од сепса откако била препраќана од болница во болница

Шеесет и едногодишна жена починала на Карил, од сепса која ја добила од пукнато дебело црево, откако претходно била препраќана од клиника на клиника и шетана по болничките ходници, при што било изгубено драгоцено време, тврди за НОВА извор близок на семејството. Жената имала силни стомачни болки, но три дена лекарите не успеале да дијагностицираат за што точно се работи, ниту итно да ја оперираат објави Нова ТВ.Според извор на телевизијата семејството е се уште во шок, но во наредните денови најверојатно ќе излезат во јавноста за случајот.Голготата започнала на почетокот на минатата недела. Со силно стомачно страдање, Аница најпрво помош побарала во Градската хируршка болница„Св. Наум Охридски“, каде и дијагностицирале дека има камен во бубрегот и ја пратиле дома.Според кажување на блиска на семејството, таа ноќта ја поминала со болки, за утрината да биде однесена во Ургентен центар, но не била хоспитализирана таму бидејќи немало место. Три дена, сега починатата жена била шетана по болничките ходници за да потоа биде хоспитализирана на Клиника за нефрологија, иако не била за таму. Дури откога бил повикан абдоменален хирург кој препорачал да биде однесена на Клиника за дигестивна хирургија, таа во четвртокот минатата недела била примена на таму и попладнето оперирана. Покачените вредности на уреа и креатинин и други параметри на лекарите на Нефрологија им укажувале дека со организмот нешто се случува.По ова, таа била однесена на КАРИЛ, каде по три дена починала. Директорот на Клиниката за абдоменална хирургија за НОВА изјави дека нема зошто да објаснува на медиуми за случајот и тоа ќе го стори само на барање на Министерството за здравство, објав Нова ТВ.Текстот во целост прочитајте го на овој линк....

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Заев вели дека Британија ни ослободила место за да влеземе во ЕУ

Премиерот Зоран Заев денес на средба со  австрискиот канцелар Себастијан Курц  изјави дека Велика Британија на Македонија и го отстапила своето столче за влез во ЕУ.https://www.facebook.com/kurir/videos/361938414638042/„Ние сакаме да бидеме земја дел од ЕУ, а впрочем еве и Британија ни ослободи место за да можеме ние да заземеме место во ЕУ. Секако ние ќе работиме на тој пат и зависи од успешноста на нашите реформи“, по оваа скандалозна изјава Заев дури додаде дека ние веруваме во ЕУ до небо, повеќе и од самите земји членки на ЕУ.ШТО Е ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ДЕНЕС ВО СВЕТОТ ?Велика Британија денес претставува втора поморска и оперативна сила на планетата. ( Далеку помоќна на глобалната воена, разузнавачка и финансиска сцена од Европска Унија ) Таа е дел од Британски Комонвелт, кој се смета за политички наследник на големата Британска Империја. Комонвелтот под круната на британскиот монарх спојуваа 16 држави со највисок животен стандард на светот, ( од кои две Канада и Австралија спаѓаат во најголемите по површина ). Британските компании кои глобарно работат во енергетиката, па до банкарството, се сметаат за финансиски наследнички на големата Британска Империја и тие експлоатираат сировини, и се занимаваат со инвестиции буквално во целиот свет и на сите континенти.Во што може Македонија да се спореди со Велика Британија денес оценете сами.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Кавадарци-мотел „Дреново“ , сообраќајот во целосен прекин

Вечерва околу 18 часот и 30 минути на регионалниот пат Кавадарци-мотел „Дреново“ кон Прилеп, се случи сообраќајна несреќа, по што сообраќајот на овој патен правец е во целосен прекин.Од АМСМ соопштуваат дека се работи за превртено тешко моторно возило.

Македонија | пред 7 години

dui

ДУИ ќе оди самостојно со свој кандидат на претседателските избори

Раководството на ДУИ одлучило да настапува самостојно и со свој кандидат на Претседателските избори.Претседателството на ДУИ едногласно одлучи дека партијата на претседателските избори ќе оди со свој кандидат, изјави вечерва вицепремиерот Бујар Османи по средбата со претседателството во Мала Речица.„Претседателсвото го овласти претседателот на партијата да може да разговара и со другите албански политички партии за евентуален концепт на заедничко излегување на овие избори или пак со другите политички партии на другите етнички заедници заради концептот консензуален какдидат, но доколку се создадат такви предуслови“, рече Османи.Ова значи дека нема да се оствари желбата и најава на премиерот дека најдобра солуција е да има консезуален кандидат.Засега Пратеникот и член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев ја искажа својата желба за кандидат за претседател. Тој се пријави на партискиот оглас за претседателски кандидат. Но, дали тој ќе биде кандидат, поточно финалниот збор треба да го каже ВМРО ДПМНЕ.Покрај Ѓорчев, желба за претседателската фотеља покажа и универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова. Зад неа засега застанаа триесетина професори, кои упатија јавен повик барајќи јавноста да застане зад кандидатурата на универзитетската професорка . Тие сметаат дека таква надпартиска личност, е професорката на Правниот факултет во Скопје.Останатите партии се уште не откриваат детали за нивните планови за претседателските избори кои треба да се одржат на пролет.За потсетување, идејата за консензуален кандидат на некој начин потекна од ДУИ уште пред 5 години. Ахмети го промовираше во јавноста и пред последните претседателски избори, кога беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а кога вториот претседателски мандат го доби актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов. Но, ДУИ не успеа да се договори со партијата која тогаш ја водеше Никола Груевски, а Иванов го победи кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со околу 130 000 гласа разлика.За претседателските избори да можат да бидат успешни и на нив да биде избран нов шеф на државата, неопходно е да гласаат најмалку 40 отсто од запишаните гласачи во избирачкиот список. На последните избори во 2014 година, кога Иванов го доби вториот мандат, гласаа речиси 49 отсто од избирачите.

Македонија | пред 7 години

Dfek9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTURZN01EQV8vNzRhNTUzODg1ZjZmMzc1MTRhZGMxNTY1MzNkN2VkNDcucG5nkZMCzQLkAIGhMAE-2

Ново од ДУПЕР: „Ние сме 2“!

ДУПЕР со нова песна со наслов „Ние сме 2“.Песната е комплетно авторско дело на ДУПЕР во состав (Борис Какуринов, Мартина Баракоска и Илчо Нечоски), а се снимаше во студио „Подрумот“ кај Ангел Ќосев. Видеозаписот, пак, е во режија на Томи Акимовски. 

Магазин | пред 7 години

Dfek9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTURZN01EQV8vNzRhNTUzODg1ZjZmMzc1MTRhZGMxNTY1MzNkN2VkNDcucG5nkZMCzQLkAIGhMAE-1

ВИДЕО: Според Шилегов, новинарите ништо не разбираат

Градоначалникот на Град Скопје дрско и безобразно ги навреди новинарите. Телма објави видео од изјава на градоначалникот Петре Шилегов во која тој вели дека со гасификацијата ќе се обезбеди почиста средина, а доколку градот Скопје ја добие на управување топловодната мрежа на тој начин ќе се помогне и на посиромашните граѓани.Веднаш по изјавата, Шилегов се сврте кон министерот Спасовски и му шепна дека новинарите не разбираат.Видеото можете да го погледнете тука

Македонија | пред 7 години

carina-2

Царинската управа на Македонија ќе биде пример во соработката меѓу државите на Балканот

Во насока на интензивирање на соработката со нашите соседи, на 28ми и 29ти јануари 2019 година, Царинската управа на Република Македонија учествуваше на третиот неформален регионален Состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан, што се одржа во Подгорица, Црна Гора.На состанокот, кој е продолжение на вториот неформален регионален состанок, што се одржа во Република Албанија во јуни 2018 година, присуствуваа претставници на Царинските управи на Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и меѓународни институции и организации.„За време на состанокот презентирани и прифатени беа Заклучоците донесени на неформален регионален состанок, организиран на ниво на директори на секторите за царински контроли и истраги на Царинските управи од Западен Балкан. На овој состанок што се одржа во октомври 2018 година во Велес, Република Македонија главна тема на дискусија беа законските аспекти за дефинирање на рамка за безбедна размена на информации според усогласени стандарди и методи. Покрај прифаќањето на Заклучоците од состанокот во Велес, во Подгорица се дискутираше и за подготовка на заеднички пристап на Царинските служби од регионот со цел олеснување на трговијата, унапредување на царинските постапки и економската соработка во Западен Балкан“ , истакна директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасовски.

Македонија | пред 7 години

venko-filipce

Владата демантира дека ќе бара одговорност од министерот Филипче за набавката и употребата на МРП вакцината

Владата на Република Македонија нема да бара одговорност од министерот за здравство, Венко Филипче.Во одговорот на новинарско прашање во однос на истрагата којашто ја води Основното јавно обвинителство за набавката и употребата на МРП вакцината, портпаролот на Владата не го споменува името на министерот Филипче.

Македонија | пред 7 години

gorcev

Ѓорчев: Кога ќе ги вадите таблите со „Република Македонија", не ги фрлајте, дајте ни ги нас, можеби повторно ќе ни требаат

Влатко Ѓорчев, кој е кандидат за претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вчера на својот профил на Фејсбук остро реагираше на планот на Владата да започне со менување на името на земјата на официјалните државни табли.„Кога ќе ги вадите таблите со "Република Македонија", НЕ ги фрлајте. Дајте ни ги нас, ќе ги чуваме во нашите домови. Еден ден можеби повторно ќе ни требаат. Ќе ги чуваме на нашите покриви. Ќе ги чуваме во нашите подруми. Еден ден повторно ќе ја видат светлината на денот“, напиша пратеникот.

Македонија | пред 7 години

gordana-siljanovska

Петруш Стефанов: Гордана Сиљановска политички и како личност е три копја над Ѓорге Иванов

Поранешниот Министер за стопанство Петруш Стефанов, на Фејсбук коментираше дали Гордана Силјановска треба да биде Претседател.“Пред десет години поголема група универзитетски професори, академици и еминентни јавни личности ја поддржаа иницијативата Ѓорге Иванов да биде кандидат за престедател на Република Македонија. И, што се случи!?Дотогаш скромниот и демократски ориентиран професор се изроди во слуга на деспотот Никола Груевски и останува забележан како најлош претседател на Република Македонија.Наместо татко на нацијата имавме расипан очув. Иницијативата за кандидирање на почитуваната професорка Гордана Сиљановска Давкова ме потсети на тоа што го напишав погоре.Гордана и интелектуално и политички и сигурно и како личност е три копја над Ѓорге Иванов и во право е кога вели дека споменатата иницијатива ја поттикнала сериозно да размисли околу евентуално кандидирање за претседател на државата.Како нејзин колега во првата политичка влада на Република Македонија (нејзиниот придонес во градењето на политичкиот систем на младата самостојна држава беше голем, иако недоволно експониран), и’ предлагам, во овој галиматијас на про и контра кандидирање, да го земе предвид и искажувањето на Денко Малевски во врска со истото прашање и спомнувањето на неговото име како можен кандидат за претседател.Досега имавме очув на нацијата. Во ова крајно нервозно, дури крволочно време на нацијата и’ треба МАЈКА”, стои во објавата.

Македонија | пред 7 години

IMG_0665

Дискусија „Соработка со граѓански организации за ЕУ проекти“ се одржа во Општина Кисела Вода

Денес во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа отворена дискусија на тема „Соработка со граѓански организации за ЕУ проекти“.„Претставници од Општина Кисела Вода, членови на Советот на Општината заедно со претставниците на граѓанските организации дискутираа за можна идна реализација на проекти на територијата на локалната самоуправа. Можностите за проекти финансирани од Европската Унија, програми и фондови на присутните им ги објасни Зоран Стојковски, директор на ПРОЕФЕКТ. Присутен на настанот беше секретарот на Општина Кисела Вода Александар Алексовски“, велат од Општина Кисела Вода.

Скопје | пред 7 години

Vozac-JSP

Возач на ЈСП за пример, на скопјанец му го вратил паричникот со цела плата

За делото на возачот Мирослав Деспотовиќ, возач во ЈСП, ќе се зборува долго време. Тој пронашол паричник со многу пари и лични документи. Веднаш пријавил во во внатрешната контрола на јавното претпријатие, пишува Независен.Лено било констатирано дека сопственик на паричникот е скопјанецот Фериз Шабани, по што бил исконтактиран и бил информиран дека неговиот паричник е пронаден.„Пресреќен сум, плачев од радост. Во паричникот ми беше целата плата, имав 10.000 денари и 200 евра. Да не зборувам дека внатре беа мојата и личната карта на мојата сопруга и сите други документи. Не знам како ќе преживеев без парите, до следната плата. Премногу сум благодарен што сè уште постојат чесни луѓе“, вели Шабани.Несекојдневниот настан се случил деновиве во автобусот број „53“, кој сообраќа од Транспортниот центар до Катлановска бања.Од јавното претпријатие велат дека возачот ќе биде награден за својата чесност.

Македонија | пред 7 години

Vrhoven-sud

Врховен пресече: СЈО веќе нема основа да поведува истраги

Врховниот суд донесе одлука со која ја оспорува надлежноста на СЈО да води нови истраги. Имено , СЈО може да покрене обвинение во период не подолг од 18 месеци од преземањето на предметите и материјалите од неговата надлежност, и по истекот на тој рок не е овластен тужител за преземање на предистражни и истражни дејствија предвидени со Законот за кривична постапка.Ова е денешниот заклучок од денешната општа седница на Врховниот суд зад затворени врати за иницијативата поднесена од двајца адвокати Боро Тасевски и Еленко Миланов, кои се бранители на обвинети во повеќе случаи на СЈО. Со ваквиот став на Врховниот Суд станува проблематична надлежноста на СЈО врз предметите Империја и Талир, како и истрагите и предистражните постапки кои сега се водат во ова обвинителство. Неофицијално од 19 врховни судии присуствувале 17 а одлуката Врховен ја донел со огромно мнозинство.Со ова одлука, врховните судии сметаат дека СЈО нема надлежност да ги води предметите како „Империја“, „Актор“, „Попис“ и уште многу други кои ги превзеде од редовното обвинителство. Покрај тоа се доведува и под знак прашалник опстојувањето на обвинеието за незаконското финансирање на ВМРО ДПМНЕ и незаконската изградба на партиското седиште под име Талир за кој веќе е и определен датум за судење во кој обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска. Но и десетици отворени истраги како Попис во кој осомничени се Груевски и Али Ахмети, Моќник – во кој осомничен е Антонијо Милошоски, Актор – во кој меѓу осомничените се Груевски и Јанакиески, но и Друмарина во кој е осомничена Силвана Бонева.Од Специјалното обвинителство засега нема коментар за мислењето на Врховен.

Македонија | пред 7 години

najcevska

Најчевска: Бегството на Груевски е организирано од ДУИ

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил напиша дека бегството на Груевски било организирано од страна на неговиот соработник во криминалот - ДУИ.„Се поверојатно е дека бегството на Груевски го организирал неговиот долгогодишен партнер и соработник во криминалот - ДУИ.Отсуството на сериозна истрага и измотавањето со јавноста мора да заврши. Или дајте резултати од истрагата или поднесувајте оставка. Од министер за внатрешни работи, преку министерка за правда, преку Републички јавен обвинител, па судии и секако оние од СЈО кои не побарале притвор за Груевски.Бегтсвото е очигледно политички организирано и политичарите треба да одговараат. Заштитата на организаторите и заташкувањето на трагите кои водат кон политичкиот помагач е кривично дело“, напиша Најчевска.

Македонија | пред 7 години

apasiev

Апасиев: Комуњариве се осоколија, па крадат ко да ќе нема утре

Професорот Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил ги коментира низата криминални и коруптивни скандали поврзани со актуелната власт.„Дечки, не може бе иста рецептура за различни болештини… Не’ фаќаат на кондиција. Вмровците бар можевме да ги пратиме у скандалите. Комуњариве се осоколија, па крадат ко да ќе нема утре. Треба да смениме стратегија. Не бива више со сите учтиво! Наравоуение: Со сељаците – СЕЉАЧКИ. Со интелектуалците – ИНТЕЛЕКТУАЛНО“, пишува Апасиев.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Валандово - Удово во прекин, магла на неколку патни правци

На патниот правец Р1105 Валандово – Удово пред клучката кај Калковска Река од 16.30 часот сообраќајот е во целосен прекин поради расчистување на водата и наносите од земја на коловозот од страна на екипите на Ј.П. Македонијапат. Сообраќајот се пренасочува преку Р1401 Валандово – Брајковци – Балинци – Марвинци и обратно.Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, до 100 метри на Страцин, од 100 – 150 метри на патниот правец Неготино – Радовиш, до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато и до 50 метри на планинскиот превој Плетвар.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Македонија | пред 7 години

image00015

Општина Карпош ќе субвенционира нови велосипеди

На денешната седница на која заседаваше Советот на општина Карпош, советниците едногласно одобрија 300.000 денари финанска помош, која ќе биде наменета за карпошанката Снежана Караџоска, врз која треба да се изврши оперативен зафат во странство, кој подразбира имплантација на протези на нозете. На седницата се изгласа и повторното субвенционирање на велосипеди за Карпошани. Локалната самоуправа ќе субвенционира 20% од вредноста на купениот нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари. Акцијата ќе трае од 1. Февруари, се до исцрпување на предвидените средства од 500.000 денари.Советниците дадоа „зелено светло“ и за Предлог-одлуката со која ќе се одобрат финансиски средства за реализација на програмскиот проект „Инклузија на деца од ромска популација во ЈУОДГ „Пролет““. На оваа седница се одобри и финансиска поддршка за поддршка на спортски клубови од подрачјето на Општина Карпош за 2019 година.Со одлука на Советот ќе се финансираат и проекти од културата за правни и физички лица од подрачјето на локалната самоуправа, како и од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за физички и правни лица.Како една од позначајните точки од аспект на заштита на животната средина  беѓе усвојувањето на  Локалниот еколошки акционен план, ЛЕАП-2 за Општина Карпош за наредните шест години, односно за периодот 2019-2024, кој претходно   беше презентиран и усвоен од Локалниот комитет за изработка на овој план.Исто така се усвоија и  Извештајот за реализација на Програмата за урбанистичкото планирање, од областа на екологијата и енергетската ефикасност, од областа на развој и уредување на градежното земјиште за 2018 година. Покрај овие  Заклучоци се усвоија и извештаите за реализација на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на културата, од областа на спортот, детската , здравствената и социјалната заштита и од областа на образованието за 2018 година.Советниците ја прифатија и донацијата од Друштвото за одгледување на украсни билки и хортикултура „ ХОРТИ ДИЗАЈН ДОО“ увоз-извоз Скопје. 

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања