Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

1548790235668-0102-620x350

Тинејџер побегнал од дома бидејќи родителите му го одзеле телефонот, по неколку дена пронајден мртов

Кори Браум од Маршалтаун, Ајова во вторникот на 22 јануари избегал од дома бидејќи родителите му го одзеле мобилниот телефон. Неговото тело е пронајдено во неделата на 27 јануари на еден километр оддалеченост од неговата куќа.Полицијата изјави дека момчето на денот на исчезнувањето имал расправија со родителите, а потоа побегнал од домот. Потрагата по него била отежната поради лошите временски услови и ниските температури.https://twitter.com/KCRG/status/1088810401591160839?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1088810401591160839&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3028317-decak-13-je-pobegao-od-kuce-jer-su-mu-roditelji-oduzeli-mobilni-telefon-nekoliko-dana-kasnije-nadjen-je-mrtav-blizu-svog-doma-fotoВо Маршалтаун минатата недела падна 15 сантриметри снег.Полицијата изјави дека моментално нема докази дали криминална активност е поврзана со неговата смрт, и се чекаат резултатите од аутопсијата.https://twitter.com/DerangedRadio/status/1089639468032700416?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1089639468032700416&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3028317-decak-13-je-pobegao-od-kuce-jer-su-mu-roditelji-oduzeli-mobilni-telefon-nekoliko-dana-kasnije-nadjen-je-mrtav-blizu-svog-doma-foto

Свет | пред 7 години

zagaden-vozduh

Во Струмица повторно воведени мерки против аерозагадувањето

„Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 g/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место Струмица.Од таа причина за градот Струмица денес и утре на сила се препораките и мерките согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година“, велат од Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

struja-1

Поради технички зафати без струја ќе останат дел од Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров

Корисниците на ул. „Мариовска", дел од ул. „Милан Мијалковиќ" во населба Пржино, на ул. „Ристо Равановски" во општина Карпош и на ул. 72 во село Волково, денес ќе останат без електрична енергија, информираат од РЦУК.Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Мариовска" од 08.30 до 13.30 часот и дел од ул. „Милан Мијалковиќ".Од 09.00 до 12.00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на ул. Ристо Равановски, општина Карпош и корисниците на ул. 72 во село Волково, општина Ѓорче Петров, се наведува во соопштението од РЦУК.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Облачно со врнежи од дожд, а на планините снег

Денес времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне и во текот на ноќта пообилни врнежи ќе има во јужните и источните делови од земјава. На планините над 1200 м.н.в. ќе има врнежи од снег. Утринската температура ќе се движи од 0 до 6 степени, додека дневната од 4 до 10 степени.Во Скопје времето ќе биде облачно со температура од 0 до 5 степени.Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со локални слаби врнежи. Во петок и за време на викендот се очекува стабилно време со пораст на температурите, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. По котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Укината забраната за камиони на патот Маврово - Дебар

Од 07:15 часот укината е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар.Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи од ЈП Македонија Пат. Снег провејува на Ѓавато и БуковоНа патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Македонија | пред 7 години

ubistvo-hrvatska

(ВИДЕО) Двојно убиство и самоубиство во Дубровник, си ја убил сопругата и дедото ја ранил бабата, а потоа се самоубил

Во стан во Дубровник пронајдени три безживотни тела и ранета жена. Неофицијално мртви се двајца мажи и една жена, а ранета е 74-годишна жена.Жената имала прострелна рана и е надвор е од животна опасност.Хрватските медиуми објавуваат дека причина за убиствата и самоубиството се семејни несогласувања.Според неофицијални информации, наводно станува збор за семејството на дубровнички поморец кој, од засега неутврдени причини, ја убуил сопругата, нејзиниот татко, а потоа ја ранил и мајка и, за на крајот да изврши самоубиство.Медиумите додаваат дека извршителот на убиството бил лице претходно осудувано.Телата ги пронашла полицијата, по дојава околу 06:50 часот дека во стан има три безживотни тела.

Свет | пред 7 години

bezdomnik-123

Бездомник во Аеродром - му понудиле помош, но треба многу повеќе

Преку социјалните мрежи секојдневно се објавуваат стории и статуси за граѓани на кои им треба помош. Предмалку дечко од Скопје објави фотографија, но и апел да му се могне на лице кое случајно го затекнал во наслебата Аеродром.Еве го неговиот статус и апел во целост:Во Аеродром пред зграда 35, бездомник во многу лоша состојба седи во вода на паркингот. Неколку коли за малку ќе го згазеа бидејќи во темницата тешко се приметува. Го тргнав на страна, го седнав на една клупа и му дадов нешто пари. Човекот е во многу лоша состојба и му треба помош од институциите. Тешко комуницира, а од она што ми кажа разбрав дека е од Ѓорче. Не ми кажа како стигнал до Аеродром, но небитно, разбрав дека нема дом и дека живее на улица. Му понудив помош, но ја одби правдајќи се дека е добро.Апел до институциите, односно до Министерството за труд и социјала поревносно да ги лоцира ваквите луѓе и да ги згрижува. Барем во зимските месеци да им се обезбедува покрив над глава и по еден топол оброк ако веќе не може повеќе.Апел и до невладините кои се занимаваат со оваа проблематика да помагаат што повеќе, а не само да лапаат грантови за воркшопови, стои во статусот на ФБ.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215061929075491&set=a.2314659739797&type=3&theaterОстанува да замолиме институциите да го испитаат и овој случај и да помогнат.

Скопје | пред 7 години

pruga-veles

Товарен воз удрил во одрони од карпа кај Велес, железничкиот сообраќај во прекин

Товарен воз попладнево удрил во одрони од карпа, па излетал од шините во близината на Железничката станица „Рајко Жинзифов“ на пругата Велес – Скопје, информираа од СВР Велес.Во моментов во прекин е железничкиот сообраќај на тој дел, затоа што се острануваат одроните и се расчистува местото на несреќата, а СВР Велес и ЈП Македонски железници вршат увид.Сите патници кои вечерва од Скопје планирале да патуваат по таа пруга, односно до Велес, Кочани, Битола и Гевгелија, ќе бидат превезени со автобуси кои ќе се обезбедени како замена.

Македонија | пред 7 години

Ministerstvo-za-zdravstvo-tabla

Министерство за здравство: Лажна вест е дека починала жена од слепо црево на Клинички центар

Министерството за здравство ја известува јавноста дека информацијата пласирана од порталот „Скопјеинфо“ под наслов „Скопјанка починала од слепо црево - немало слободен кревет во клинички“ е лажна вест и новинарски апсолутно не коректно и тенденциозно пренесено, соопштуваат од Министерството за здравство.„Во текстот не е одговорено на ниту едно од петте новинарски прашања, што е базична писменост, неопходно за да се напише барем информативен текст. Не е наведено ниту место, Клинички Центар го сочинуваат повеќе од 30 Клиники, не е наведено ниту времето кога е се случил настанот. Коментарите, дека станува збор за последна жртва на здравствениот хаос се неосновани и тенденциозни“, велат од министерството.Од Министерството за здравство истакнуваат дека пред објавување на веста не се контактирани надлежните институции, ниту се побарани изјави за овие информации.

Скопје | пред 7 години

oliver-spasovski

Спасовски: Повредените полицајци биле приватно во Шутка по дојава на Фејсбук за наводно киднапирање на деца

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес конференција рече дека двајцата полициски службеници кои синоќа беа повредени во Шуто Оризари не биле на службена должност, а во населбата пристигнале по дојава на Фејсбук за наводно киднапирање.Спасовски вели дека во МВР нема пријава за киднапирање и очекува наскоро полицијата да излезе со конкретни информации во врска со нападот.„Повредени се двајца полициски службеници кои во тој момент не биле на работа, туку приватно биле во општина Шуто Оризари по претходно дадена дојава дека се случуваат наводни киднапирања на деца во општината преку Фејсбук. Апсолутно досега нема таква пријава дека се случил таков настан. Очекувам многу скоро да излеземе конкретни информации и реакција во однос на луѓето кои учествувале во овој настан“, изјави министерот Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Скопје | пред 7 години

katica-janeva

Осум истраги на СЈО под знак прашалник?

Специјалната обвинителка Катица Јанева истакна дека висат осум истраги кои биле преземени од предмети од редовните обвинителства, а за кои имаат бомби. Според Јанева, истрагите зависат од тоа како во новиот закон ќе биде решена одредбата со која се утврдува дека СЈО има рок од 18 месеци од преземање на предметите и материјалите да подигне обвинение за случаите.Според Јанева министерството за правда треба да најде начин како ќе се чуваат бомбите кои произлегоа од прислушуваните разговори, кои во иднина, според неа, треба да станат историско богатство.Врховниот суд утре треба да расправа дали СЈО смее да покренува истраги и обвиненија по јули, 2017 година откако истекоа 18 месеци од преземањето на бомбите во обвинителството.

пред 7 години

BeFunky-collage-15-800x411

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, бара одговори од МВР

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико реагира на дневниот билтен објавен од страна на Министерството за внатрешни работи по повод случувањата во Шуто Оризари.Нивната реакција, Ви ја пренесуваме во целостИмено, Министерството за внатрешни работи во својот билтен наведува дека на 28.01.2019 околу 17:20 часот е пријавено дена на улица “Индира Ганди” во Шуто Оризари малолетничка наводно видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор. Околу 19 часот на истата улица се собрала поголема група граѓани и тогаш наишло патничко моторно возило “Хјундаи галопер” во кое се наоѓале А.Р.(34) од Скопје и Ф.К.(24) од село Долно Блаце, скопско, полициски службеници кои не биле на работа и Б.К.(39) исто така од село Долно Блаце при што истите биле нападнати од насобраните граѓани.Институтот за истражување и анализи на политики – Ромалитико посочува дека во известувањето министерството не потенцира дека возилото кое наишло било без регистарски таблички и со затемнети прозорци. Опис кој во голема мера ги зголемило сомнежите на населението дека се работи за можни киднапери, имајќи во предвид дека населението е повеќе од десет дена вознемирено поради присуство на сомнителни возила и обиди за киднапирање на деца. Дополнително во патничкото моторно возило според снимки споделени во јавноста, се гледа дека во задниот дел на возилото нема патнички седишта, а има фантомки, копач, лопата и непозната регистарска табличка.Според изнесеното го повикуваме Министерството за внатрешни работи и министерот Оливер Спасовски во текот на денот да излезат во јавност и да одговорат на неколку прашања кои ја засегаат јавноста, а тоа се:Какви дејствија планира да ги преземе МВР за расветлување на случајот?Со која намера тие во 19 часот биле во општина Шуто Оризари?Дали е нешто дополнително пронајдено во возилото?Која е целта на земјоделскиот алат (копач и лопата) во возилото?Кое е потеклото на непознатата регистарска табличка внатре во задниот простор на возилото?Зошто полиските службеници кои не биле на полициска должност возеле патничко моторно возило без регистарски таблички со затемнети прозорци?Во чија сопственост е патничкото возило “Хјундаи галопер”?Зошто во возилото имало фантомки?Која е поврзаноста на третото лице со полициските службеници кое се возело заедно со нив во патничкото возило?Зашто полициските службеници не се идентификувале пред толпата народ дека се полициски службеници со полициска легитимација?Дали ќе се спроведе истрага за сведоштвата дека постојат лица кои имале обиди за киднапирање на деца?Поставените прашања го зголемија сомнежот кај локалното население но и пошироко. Министерството треба веднаш да даде одговор на овие прашања за да се расветли случајот околу вчерашните случувања. Недавањето на одговор, односно пласирањето на информации само од една страна ќе го зголеми сомнежот врз работата на министерството и ќе предизвика дополнителен револт кај населението. Воедно, Министерството за внатрешни работи преку секторот за внатрешна контрола да го испита целиот случај, како и евентуалната поврзаност на полициски службеници со одземањето на деца во Шуто Оризари. Дополнително ваквите немарни акти може да допринесат до намалување на општото чувство за безбедност кај родителите за сигурноста на нивните деца во општина Шуто Оризари.

Скопје | пред 7 години

carovska-penzii

Царовска: Започна уплатата од државата кон приватните друштва за првите 4.926 оштетени осигуреници

Денеска започна првата уплата од државата кон двете приватни пензиски друштва за оштетените осигуреници на кои со години не им биле плаќани придонеси во вториот пениски столб. Со првата уплата се опфатени 4.926 осигуреници и истата треба да заврши до крајот на месецот. Уплатите за другите осигуреници ќе се случуваат во наредните месеци и треба да завршат до средината на годината, со што сите 12 илјади осигуреници ќе бидат целосно обесштетени. За оваа намена Владата обезбеди 19 милиони евра од државниот буџет. Согласно со новата законска регулатива, исто така во тек е трансферот на 11.319 членови од вторите кон првите друштва.Обештетувањето на осигурениците и сите други мерки предвидени со пензиската реформа беа тема на работниот состанок на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорите на ПИОМ, МАПАС и приватните пензиски друштва.„Засега реформата тече според предвидената динамика, без никакви потешкотии при спроведувањето. Во измината година докажавме дека пензиите растат и тоа ќе биде случај и оваа година. Пензионерите може да бидат апсолутно спокојни. Реформата која ја правиме е избалансирана, до неа дојдовме преку темелни анализи грижејќи се да не оштетиме никого. Со неа го намалуваме дефицитот во ПИОМ за две милијарди годишно, но без радикални мерки како замрзување на пензии или покачување на старосната граница“, изјави министерката Царовска по состанокот.Министерството за труд и социјална политика вчера до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против непознат сторител за скандалот со неуплатените придонеси. Со кривичната пријава е поднесена и документација од темелната анализа на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите.

Скопје | пред 7 години

vakcina

ОЈО отвори предмет во врска со МРП-вакцините

Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет по допрен глас во врска со евентуални неправилности при увозот, дистрибуцијата и употребата на вакцината МРП, во периодот од крајот на 2018 и почетокот на 2019 година.Притоа, обвинителството ќе проверува дали постоеле неправилности при увозот на вакцините, нивниот рок на употреба, како и евентуално предизвикани штетни последици.Со таа цел надлежен јавен обвинител веќе издаде Наредба до Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи со која побара да се извршат проверки во правното лице „Македонија лек“, како увозник и дистрибутер на вакцината МРП. Од фирмата-увозник ќе треба да се обезбеди комплетната документација поврзана со увозот на вакцините и нивното етикетирање. Проверки ќе се извршат и во Агенцијата за лекови и медицински помагала – МАЛМЕД во поглед на извршените контроли на увезените вакцини и евентуално констатираните неправилности. Согласно издадената наредба од јавниот обвинител, Министерството за внатрешни работи ќе направи проверки за случајот и во Министерството за здравство како ресорно министерство.

Македонија | пред 7 години

smet-zaev

Премиерот Заев се сретна со сметководителите - ќе се разгледуваат нивните забелешки за Предлог-законот

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со претставници на независна група на сметководители, кои му ги изложија своите сугестии кои сметаат дека треба да се внесат во новото законско решение кое ја регулира оваа сфера.Премиерот Заев, кој беше придружуван од претставник на Министерството за финансии ги ислуша барањата на групата сметководители, истакнувајќи дека Владата со сериозност пристапува кон изготвувањето на новиот Предлог-закон за вршење на сметководствени работи и додаде дека ресорното Министерство ќе ги разгледа можностите за надминување на забелешките кои беа изнесени од неколку сметководители.

Скопје | пред 7 години

sasa

Рударот повреден во една од јамите на рудникот „Саса“, со лесни повреди тврдаат од компанијата

Рударот кој беше повреден изутрината во една од јамите на рудникот за олово и цинк „Саса“ во Македонска Каменица се здобил со лесна телесна повреда, и нема никакви скрешници или крвавења, соопштија од „Саса“.Оттаму велат дека, постапувајќи согласно процедурите за безбедност и здравје при работа, работникот веднаш по повредата бил прегледан од дежурното медицинско лице во амбулантата на рудникот, по што со амбулантно возило на „Саса“ бил пренесен во Клиничката болница во Штип на понатамошни испитувања.Спроведените лекарски прегледи потврдиле дека се работи за лесна телесна повреда, без никакви скршеници или крварења. Лекарите констатирале дека ваквата повреда не се очекува да остави последици врз здравјето и работоспособноста на пациентот и дека тој за неколку дена се очекува да се врати на своето работно место, соопштуваат од „Саса“.За настанот, стои во соопштението, се известени сите надлежни органи, како и раководството на рудникот „Саса“, кое согласно процедурите за безбедност и здравје при работа во компанијата, ги преземаат сите неопходни дејствија за утврдување на сите околности кои довеле до овој настан.Од СВР Штип претходно информираа дека во несреќата што се случила во 6:30 часот изутрината во рударска јама, рударот бил притиснат на градниот кош од рударска машина.Веднаш на самото место е пристигната Итната медицинска помош од Македонска Каменица, по што рударот е хоспитализиран прво во Кочанската болница, а потоа во Штипската клиничка болница.За настанот известен е јавен обвинител од Делчево и државен трудов инспектор кои треба да извршат увид на местото на настанот во рудникот „Саса“ во Македонска Каменица.

Македонија | пред 7 години

urgentencentar

Скопјанка починала од слепо црево, по неколку часовно чекање во ходник за да се ослободи кревет

50-годишна скопјанка, деновиве починала од слепо црево. Таа со болки во абдоменот била примена во Клинички центар каде и била консатирана дијагноза слепо црево. По неколку часовно чекање во ходник за да се ослободи кревет каде ќе биде сместена, скопјанката починала, пренесува порталот Скопје Инфо.Oчевидци на настанот за „Скопје Инфо“ сведочат дека скопјанката била примена во свесна и добра здравствена состојба. Но, лошиот однос и негрижата на здравствениот персонал било причина да настанат компликации кои биле причина за смртта.Од Министерството за здравство не го коментираат последниот случај.

Скопје | пред 7 години

fond-penzisko-piom

ПИОМ причина за кавга: Османи во одбарана на дирекорите од ПИОМ, а Шеќеринска ја бранеше Царовска

Откако министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, обвини за злоупотреби во ПИОМ, каде со години директори се функционери на ДУИ, денес вицепремиерот Бујар Османи излезе со остра порака до неа. Тој ја обвини дека дава несреќни изјави, а се закани и со тужба.-Околу вчерашната фама и спектакуларни наслови, за злоупотреба на пензискиот фонд од 19 милиони евра, јас морам тука да кажам дека вчера имаше несреќна изјава на министерката Царовска, која отвори можност за спектакуларни шпекулации по однос на тоа што се случувало во ПИОМ, за некаква можност за злоупотреба. Кога вчера го верификувавме и со министерството и со фондот дека апсолутно не се работи за злоупотреба на ниту еден денар од средствата на пензионерите или на Фондот, туку дел поради административни пречки, дел поради недоволен буџет заради тогашната одлука на Влада да се намалат придонесите, дека тие не биле префрлени во вториот столб. Меѓутоа, не станува збор за апсолутно никаква злоупотреба на ниту еден денар од тие средства. Побарав и од министерката и од фондот денес да излезат и да објаснат пред граѓаните, да разјаснат дека тоа е “фејк-њуз“. Најавувам дека сите политичари и медиуми кои го инволвираа ДУИ во оваа лажна вест, доколку не се извинат, ќе покренеме правна постапка со цел да ја докажеме вистината, истакна Османи.Османи најави тужби против медиумите што, како што рече, ширеле лажни вести.Во одбрана на Царовска, пак, застана вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.„Од она што го чув вчера на прес-конференцијата и во изјавите, јасно станува дека е направена злоупотреба, што не значи дека парите се завршени во приватни џебови на функционери, но обвинителството мора да ја истражи злоупотребата“, рече Шеќеринска.За потетување министерството за труд и социјална политика соопшти дека до Основното јавно обвинителство доставува кривична пријава против непознат сторител и сите документи од анализата на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите во распределувањето придонеси за дел од идните пензионери.

Македонија | пред 7 години

poligon

Започна изградбата на полигон за тренинг на електромонтери и електротехничари

Во дворот на средното училиште „Михајло Пупин“ денеска почна да се гради полигон за тренинг на електро-монтери и електро-техничари. Преку овој проект учениците ќе можат да конкурираат за паралелката во која ќе се здобијат со стручност и компетенции преку кои ќе им се отвори можност да се вработат во ЕВН откако ќе го завршат школувањето.– Денеска почнуваат градежните работи за поставување опрема на полигон во дворот на ова училиште, за потребите на учениците кои го изучуваат профилот електричар – електромонтер на електроенергетски мрежи. Полигонот ќе помогне во подигнувањето на квалитетот на практичната настава. Со изградбата на полигонот ќе се овозможи делот од практичната настава којашто досега се изведуваше во компаниите, да се изведува и на полигонот во кругот на училиштето, на начин што ќе симулира работа во реални услови. На тој начин ја зголемуваме конкурентноста на овие млади луѓе при излегувањето на пазарот на трудот во Скопје и во Македонија – рече денеска градоначалникот Шилегов.Тој се заблагодари на ЕВН – Македонија која го почна овој проект и го надградува секоја година. Град Скопје ќе продолжи да поддржува вакви проекти со кои младите жители на Скопје ќе можат успешно да работат на својот личен и професионален развој, а притоа да нема потреба заради тоа да го напуштаат својот дом.На почетокот на градежните работи на полигонот за тренинг на електро-монтери и електро-техничари присуствуваа и министерот за образование и наука, Арбер Адеми и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски.https://www.facebook.com/CityofSkopje/posts/2175131242533076

Скопје | пред 7 години

kosta-zaev

Во петок, премиерот на гости кај в.д градоначалникот Георгиевски и на трибина

Во петок на 01.02 во посета на општина Охрид ќе престојува премиерот на Р Македонија Зоран Заев, потврдуваат за Скопје1 извори од кабинетот на премиерот. Премиерот ќе оствари средба со в.д градоначалникот Константин Георгиевски, но и со раководството на фабриката Костал, која воедно и ќе ја посети.Премиерот ќе се сретне и со партиското раководство на СДСМ во Охрид, но и ќе присуствува на трибината „Силна економија – шанса за сите“ која ќе се одржи во центарот за култура Григор Прличев од 12:00 до 14:00 часот.Трибините низ земјава Владата ги започна на 26 јануари, а како што велат преку нив во отворена дебата со граѓаните ќе се дискутираат економските остварувања и политики како и предизвиците и перспективите кои се отвораат за економски развој на земјата со членството во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ

Македонија | пред 7 години

danela

ССК: Политичката неизвесност го изеде приватниот сектор, компаниите бегаат од земјава

Сојузот на стопански комори (ССК) предупредува: Политичката неизвесност го изеде приватниот сектор. Голем е бројот на компании што се заинтересирани да ги преселат своите бизниси во соседството, посебно во Бугарија и Србија, а не престанува и заминувањето на младите од земјава, во услови на кршлива економија, политичките лидери треба да ја спуштат топката и да размислат што можат заеднички да направат за национален просперитет и за доброто на граѓаните. Во оваа насока и во насока на развој на економијата е неопходно да се слушне гласот на компаниите, на оние што го полнат државниот буџет, велат од ССК.ССК на прес-конференција соопшти седум приоритети кои, како што рече претседателката Данела Арсовска, Владата и министерствата мора да ги испочитуваат ако сакаат 2019-та да биде економска година.Обезбедување политичка и правна сигурност, континуиран раст на стопанството, менување на законите исклучиво во консултација со бизнисот, јасна волја за напредок без корупција, итни реакции на институциите веднаш по какво било укажување на бизнис заедницата, минимизирање на поларизацијата во општеството и зајакнување на борбата против сивата економија, се приоритетите на ССК кои ги образложи Арсовска.-Се соочуваме со интензивна миграција која треба да се спречи сега и веднаш. Голем е бројот на фирмите што не прашуваат и бараат од нас информации за поволностите во соседството. Сакаат дел од своите деловни активности да префрлат таму, нагласи претседателката на ССК.Секој од седумте приоритети на ССК во себе содржи по неколку барања од членките кои се засега вкупно 20.000 и доаѓаат од различни регони на Македонија.

Македонија | пред 7 години

facebook

Три до четири отсто од профилите или околу 90 милиони профили на Фејсбук се лажни

Европскиот комесар за безбедносна унија, Џулијан Кинг, на денешната прес-конференција посочи дека според бројките на Фејсбук три до четири отсто од профилите на социјалната мрежа се лажни и побара од компанијата да преземе мерки против тоа, јави дописничката на МИА од Брисел.И покрај вчерашните најавие на Фејсбук дека се преземаат конкретни мерки и се воспоставуваат таргетирани алатки на социјалната мрежа за да се спречат „штетни влијанија“ врз изборите за Европски Парламент во мај, Кинг наведе дека Европската Комисија смета оти се потребни дополнителни.Тој ги поздрави досегашните напори на Фејсбук, но укажа на статистиките на самата компанија.– Тие отстранија важен број на лажни налози но, според нивните сопствени податоци, три до четири проценти од постоечките профили сѐ уште се лажни, што значи, со оглед на бројот на профили, дека околу 80 до 90 милиони профили се лажни, сакаме мерки против тоа, изјави комесарот.Фејсбук вчера најави дека се воведува нова алатка за идентификација на политички реклами на социјалната мрежа и отворање на оперативен центар во Даблин задолжен да ги мониторира изборите во мај.Гугл, Твитер, Фејсбук и други го потпишаа кодексот за самоорегулација за спречување на ширењето на лажни вести, но ЕК смета дека сѐ уште се потребни напори, според еврокомесарката за дигитална политика, Мариа Габриел.

Свет | пред 7 години

gGJvC-

Системот од безбедносните камери во Албанија ги избришал снимките од Груевски, неможел подолго да ги чува

Снимките од безбедносните камери од бегството на Никола Груевски од Албанија не се обезбедени. Оваа држава не постапила по барањето за меѓународна правна помош од безбедносните служби, вели државниот обвинител Љубомир Јовески на дебатата на Законот за СЈО во МАНУ.– Има неколку образложенија од албанската страна, но основно е дека имало голем број снимени материјали на камерите и дека тој нивни систем не можел подолго да ги чува – рече Јовески.Според него, тие снимки не биле рачно избришани, туку самиот уред функционирал така. За снимките во државата од движењето на Груевски, Јовески не кажа дали Обвинителството располага конкретно со снимка од него, туку само дека сите прибавени снимки Обвинителството ги анализира.

пред 7 години

ohrid-trail-5

(ФОТО и ВИДЕО) „Охрид Траил“ - нова спортска атракција во Охрид

Со поддршка на општина Охрид, Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – Сите за спорт“, а во соработка со Здружението за промоција на планинарското трчање „Трекс“ го организираат новиот спортски настан „Охрид Траил“.Охрид, онака како што доликува, од денес ќе биде побогат за уште еден спортски настан. Не сомневајќи се во способноста и капацитетите на организаторот, Асоцијацијата на спортови - „Спорт за сите“, можам да Ве уверам дека и овој настан ќе биде вистинска атракција како и „Охрид трчат“ и настан кој ќе прерасне во традиција. „Охрид Трејл“ е новата содржина која ќе го збогати спортското портфолио на градот, изјави в.д. градоначалникот Константин Георгиески и додаде „со големо задоволство, како човек кој што е страстен љубител на природата и планината, можам да кажам дека овој настан, овие трки, ќе бидат одлично искуство за сите учесници. Воедно настанот сам по себе ќе биде промотивен и ќе го афирмира природното богатство на нашиот Охрид“.„Охрид Траил“ претставува планинско трчање, кое што ќе се одвива низ Националниот парк „Галичица“. Предвидени се две трки во должина од 60 и 35 километри, едната почнува од Св. Наум, додека другата од кампот Елешец. И двете трки ќе поминуваа преку НП „Галичица“ и ќе финишираат на Градскиот плоштад.„Охрид Траил“ е трка во планинско трчање. Планинското трчање е спорт кој што е мешавина од планинарење и трчање на долги дистанци и најчесто се одвива во националните паркови, заштитени зони и природни резервати или низ предели кои што изобилуваат со природна убавина. Трките во планинско трчање во организирана форма се присутни веќе 15-тина години низ светот. Вообичаено се трчаат на дистанци од 15 до 300 километри. Здружението „Трекс“ е зачетник и главен промотор на организираното планинско трчање и од 2011 кога за прва пат започнавме да го организираме „Крале Марко Траилс“ во Прилеп, веќе се создава еден комплетен календар на трки, истакна Дејан Крле од Здружението „Трекс“.Целта на настанот е што е можно повеќе да се популаризира планината, а воедно и да се подигне јавната свест за да ја почитуваат и чуваат.Онака како што планината нам ни дозволува да го организираме овој настан, така и ние ќе и возвратиме со тоа што ќе овозможиме повеќе луѓе да ја посетат, да ја почитуваат и чуваат. Како што „Охрид Трчат“ го популаризира централното градско подрачје заедно со стариот дел на градот, триатлонот го популаризира езерото со крајбрежјето и овој настан кој што го организираме ја популаризира Галичица, националниот парк и цело богатство што го има таму, рече Иван Цветкоски од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите – Сите за спорт“.Трките ќе се одржат на 25. Мај, а пријавувањето започнува од 01. Февруари. Заинтересираните може да се пријават и да ги пронајдат сите потребни информации за трките на официјалната веб страна на „Охрид Траил“ – www.ohridtrail.mk .

Македонија | пред 7 години

Sport.Still032

Одрон целосно го блокира сообраќајот на патот Прилеп Македонски Брод

Одронот е на превојот „Барбарос“ на патот Прилеп - Македонски Брод.Според првите неофицијални информации се расчистува просторот и се очекува наскоро сообраќајот да почне да се одвива наизменично по една коловозна лента.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања