Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

Судот даде 12 амнестии за 27 aприл

Ја известуваме јавноста дека денеска во Јавното обвинителство пристигнаа вкупно 66 барања за амнестија доставени согласно Законот за амнестија од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје.Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пристигнаа 29 барања, од кои до овој момент е дадено позитивно мислење за 12.Во Основното јавно обвинителство Скопје пристигнати се 37 барања за амнестија. Поднесените барања се доставени до надлежните обвинители кои постапувале по предметите. По нивното разгледување, ќе биде доставено соодветно мислење до судот.

пред 7 години

safija1

16-годишна руска пливачка избодена до смрт од нејзиното момче , бидејќи му раскинала

16 годишната талентираната руска пливачка Сафија Аскарова брутално е избодена до смрт од нејзиното момче Никита Малигин откако младата девојка раскина со него.Во налет на бес, тој ѝ нанесол смртоносни рани на девојката, дури и 30 пати ја прободел со нож во вратот, градите и стомакот. Целиот настан се случи во нејзиниот роден град, кога таа му кажала дека сака да се посвети на кариерата.Тој тврди дека не се сеќава токму на тој момент.Го извадив ножот. Одвај се сеќавам каде точно избрав. Се сеќавам дека ја убив и дека наскоро падна на земја. Таа се обиде да избега, но продолжив да ја прободувам со нож. Го фрлив ножот во тоа место. Отпрвин не сфатив што направив. Сепак, сфатив кога дојдов дома”, рече тој на сослушувањето во полициската станица.Девојчето беше специјалист за пливање делфин стил, а минатата година таа беше втора на младинскиот руски шампионат. Нејзиното исчезнување на почетокот беше мистерија бидејќи таа им кажа на своите родители дека оди да пазарува, а всушност се нашла со Малигин. Таа беше пронајдена во понеделникот околу 23 часот, а на местото на злосторството (градилиште) полицијата пронајде нож.

Свет | пред 7 години

dzes-bejli12-620x336

Милошоски побара истрага за Бејли, Заев порача дека ќе се иницира истрага

Дали владата ќе покрене иницијатива во Судскиот совет за да се поведе истрага кои судии злоупотребиле авторитет на странски амбасадор? , запраша пратеникот Антонио Милошоски, на денешната собраниска седница.-Почитуван господин Заев, сакав да го знам вашето мислење дали ова писмо во кое што се цитира разочарувањето на американскиот амбасадор од злоупотребата на неговата функција или амбасада е и ваше разочарување, а поврзано со можна злоупотреба и местење на одредени судски процеси при изрекувањето на мерки притвор или при определувањето на пресудите, запраша Милошоски.Милошоски го образложи прашањето дали Заев како премиер чија што влада има претставник во Судскиот совет, а тоа е министерот за правда без право да одлучува но со право да работи во Судскиот совет и да покренува иницијативи, дали владата која што ја предводи ќе покрене иницијатива во Судскиот совет според неговата надлежност за да се поведе истрага кои судии или судови злоупотребиле авторитет на странски амбасадор на пријателска држава за местење на судски процеси или на судски одлуки, или пак пресуди.На прашањето на пртеникот Милошоски, одговор даде премиерот Зев.-Го сфаќам како порака никој да не се вади на амбасадата за судски одлуки. Ова е доволен сигнал да преземеме анализи што е причината за тоа писмо. Да, ќе дадам инструкции до министерката за правда да го отвори прашањето во Судскиот совет. Ако имало таква работа, да се посочи и да има одговорност – рече премиерот Заев.

Скопје | пред 7 години

leku

Швaјцарски Блиц открива: Ликвидиран убиецот на Дилавер Бојку

Во Рути, Швајцарија, на 25 овој месец, ноќта околу 2 часот, со неколку истрели од огнено оружје е убиен сопственикот на ресоранот „Барен“ И.Истрефи, по потекло од Струга за кој швајцарските власти сметаат дека е лицето кое наводно го убило познатиот струшку криминалец Дилавер Бојку, објави швајцарски Блиц.Според швајцарските медиуми, убиството на Леку се случило поради крвна одмазда и нетрпеливост помеѓу две непријателски македонски семејства, бидејќи се верувало дека Истрефи го убил Дилавер Бојку Леку, чиј брат и син во 2015 година го убиле едниот син на Истрефи на возраст од 23 години.

пред 7 години

Нема фотографија

Киднапиран грчки бизнисмен - грабнувачите биле во униформаа на Единицата за борба против тероризам на грчката полиција

Грчки бизнисмен рано изутринава бил киднапиран пред неговиот дом во Пиреја, јави дописничката на МИА од Атина.Како што информираа грчките медиуми, бизнисменот го киднапирале четири непознати лица, кои го ставиле во џип и побегнале во непознат правец.Според дел од медиумите, киднаперите биле маскирани во полицајци, односно носеле униформи на кои пишувало ЕКАМ. што всушност е Единицата за борба против тероризам на грчката полиција.Грчката полиција работи на расчистување на случајот и чека дали можеби киднаперите ќе го контактираат семејството на бизнисменот за да побараат откуп.Киднапираниот 50-годишен бизнисмен, кој поседува трговска фирма за увоз од странство, во минатото беше под истрага за шверц на цигара, но против него не беше покренато никакво обвинение.Во 2012 година пред домот на негов роднина, кој има исто име и презиме со него, по грешка беше активирана експлозивна направа.

Свет | пред 7 години

venko-filipce

Филипче: Имаме сериозно висок процент невакцинирани деца, три министерства разгледуваат можности како вакцинацијата на децата да биде задолжителна за уписи

Дури 50 проценти од децата родени во 2017 година не се вакцинирани со МРП вакцината. Процентот на невакцинирани деца понатаму опаѓа и во 2016 година изнесува 30 проценти. Но, тоа е сериозно висок процент невакцинирани деца, ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека сериозно високиот процент невакцинирани деца е резултат на силно изразените антивакцинални кампањи.– Во прво одделение околу 20 проценти од децата не се вакцинирани, што исто така сериозно не загрижува заради тоа што примовакцината која се прима прва на најмала возраст е таа која го создава вистинскиот имунитет. Веќе преземавме мерки и во рамки на тоа како сега е структуриран системот се упатува повик до сите родители чии деца не се вакцинирани, нагласи Филипче.Министерот Филипче додаде дека мултисекторската група со членови од министерствата за здравство, труд и социјална политика и за образование заседаваше вчера и ќе продолжи да заседава до крајот на неделата, за усогласување на сите закони и правилници во врска со тоа прашање.

Скопје | пред 7 години

tepacka-1-1

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Пуштете ме плукам крв“ - страшна тепачка во домот во Краљево

На социјлните мрежи се појави вознемирувачко видео од домот за деца во Краљево, на кое се гледа како едно момче малтретира и тепа друго со пцовки во една соба во домот.Тој го удира со нозе и на крј го фрла на подот.„Ќе те убијам како коњ, ќе те задавам. Удри го, удри го“ - се слуша на снимката.Тепаното момче успева да викне: „Немојте да ме чепкате“.„Леле, овој го уби. Дали некогаш го тепал вака? Подобро стани, ќе те убие, се слуша на снимката од трето лице на зстрашувачкото видео.Целиот настан го снима трето дете кое „ужива“ во гледката.

Свет | пред 7 години

jaseni-butel

Во дворот на градинката ,,Бутел 2” засадени јасени

Засадени 15 јасени во дворот на градинката ,,Бутел 2”. На засадувањето присуствуваше и градоначалникот Велимир Смилевски кој истакна дека со оваа активност се продолжува и во наредниот период, се додека има поволни услови за садење, како знак на придонес во зачувувањето на животната средина на граѓаните.

Скопје | пред 7 години

plazi-ezero

Владата размислува за одземање на дел од надлежностите на Охрид и Струга од крајбрежниот појас на езерото

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница истакна дека Владата на Република Македонија размислува за одделување на надлежностите на општините Охрид и Струга во врска со стопанисувањето со крајбрежниот појас на езерото.– Соочени сме со овој проблем. Ингеренциите во моментов се кај општините Охрид и Струга. Во делот со постапување со овие вредности, општинските градежни инспектори, претходно беше покрената иницијатива за вонредни надзори со цел секаде каде има пропусти на овој дел, посебно на плажите, да биде постапено. Во неколку наврати тоа е направено. Владата размислува и ги разгледува сите опции за плажите да се одделат од надлежностите и стопанисувањето со плажите за да не ни се случуваат вакви работи. Во моментов се бара законска опција за тоа. Ова сепак не значи дека ќе се одземат комплетно ингеренциите. Ги знам заклучоците од надзорната расправа на УНЕСКО и врз база на тоа ќе се разгледаат сите опции за да се овозможи државата да стопанисува со крајбрежното подрачје во Охрид и Струга, преку Министерството за транспорт и врски, истакна Сугарески.Тој додаде дека во најбрз рок ќе се поднесат измените и надополнувањата во законот со цел да со плажите да располага Министерстото за транспорт и врски и Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

silegov-3

Шилегов во посета Дневниот центар на „Здружението за заштита на правото на детето“ во Шуто Оризари

Градоначалникот Шилегов денеска го посети Дневниот центар на „Здружението за заштита на правото на детето“ во Шуто Оризари, кое ги згрижува децата од улица, и на околу 150 деца им подели новогодишни пакетчиња и билети за посета на Зоолошката градина.Шилегов им порача на децата да одат на училиште и дека нивното место не е на улица, бидејќи само со добро образование ќе можат да изградат успешен и исполнет живот.Децата кој го посетуваат Дневниот центар за присутните гости рецитираа и пееја песни.На делењето на пакетчињата присуствуваше и заменик-министерот за Труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.

Скопје | пред 7 години

rosoman-1

Со донација од ФООМ ќе се прошируваат капацитетите на градинките во Крива Паланка и Росоман

Министерството за труд и социјална политика денеска потпиша договори со Фондацијата Отворено Општество-Македонија, општините Крива Паланка и Росоман, со кои се обезбедуваат дополнителни средства за проширување на капацитетите на градинките во овие две општини.„Предучилишното образование е клучно за раст и развој на децата. Токму затоа правиме напори да вклучиме што повеќе дечиња, односно да ги прошириме капацитетите на градинките и тоа со повисоки стандарди, а истовремено и да го подобриме квалитетот на предучилишното образование и да го зајакнеме кадарот во градинките“, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.Во рамки на оваа соработка МТСП обезбедува околу еден милион денари за опремување на новиот простор на градинката „Детелинка“ во Крива Паланка и над 500 илјади денари за опремување на адаптираниот простор во општина Росоман. Буџетот на Министерството за следната година за нови градинки и подобрување на квалитетот на предучилишното образование е зголемен за 300%.„Сакаме да ги поддржиме општините во нивните напори да обезбедат што поголем број на опфат на дечињата во предучилишно образование. Свесни сме дека деца коишто посетуваат предучилишно образование има многукратно поголеми шанси за подобар развој“, изјави Фани Каранфилова Пановска извршна директорка на ФООМ.Фондацијата Отворено Општество-Македонија донира вкупно 40 илјади долари за проширување на капацитетите во двете градинки во Крива Паланка и Росоман. Со овие средства ќе се изведат градежно-занаетчиските работи за адаптирање на дополнителни простории, со што ќе се зголеми опфатот на деца.„Реално Општина Крива Паланка има проблем со капацитетите за сместување на децата со предучилишна возраст. Со средствата од овој проект ќе бидат адаптиран и приспособен објект од ЈОУГД „Детелинка“ со што делумно ќе го надминеме долгогодишниот проблем“, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.„Благодарение на финансиската поддршка што ја добиваме од МТСП и ФООМ ќе ги прошириме капацитетите и целосно ќе го опремиме новиот простор на градинката „Праскичка“, што е долгогодишно барање на жителите на Росоман“, изјави градоначалникот на Росоман, Бранко Јанев.

Македонија | пред 7 години

sekerinska-arm-2

(ВИДЕО) Шекеринска: Армијата ја подмладивме за 375 нови професионални војници

Нови 130 војници од денеска се дел од професионалниот состав на Армијата на Република Македонија. На свеченоста во касарната „Илинден“ на третата класа нови професионални војници за 2018 година им се обрати министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, а присуствуваше и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал - мајор Васко Ѓурчиновски и заменикот - министер Беким Максути.„Добредојдовте во Армијата на Република Македонија. Вие сте уште еден доказ дека за нас зборот е навистина збор, дека она што сме го најавиле, знаеме да го исполниме. Најавив дека 2018 година АРМ ќе се подмлади и ќе се засили со 375 нови професионални војници. Вие ќе бидете новата енергија, новиот мотив, новиот капацитет на Армијата на Република Македонија. Ќе бидете уште еден доказ и уште една причина за сигурноста, безбедноста и спокојството на граѓаните на нашата татковина“, рече министерката.Шекеринска истакна дека Македонија ги сруши бариерите, ја доби поканата за членство во НАТО, ги започна и заврши пристапните разговори. „Поканата за НАТО е нашиот најголем успех годинава за одбраната и државата, a за мене драг успех е решавањето на еден од долгогодишните проблеми, проблемот со елементарната и логистичка поддршка, проблемот наречен чизми и униформи“, рече министерката. Таа информираше дека испораката на 7.000 пара чизми до секој припадник на Армијата е започната, а потпишан е договорот за 14.000 нови униформи, односно по два комплета за секој војник.Осврнувајќи се на 2018 година, Шекеринска рече дека платите оваа година конечно беа зголемени за 10 проценти, и дека 5 - процентно зголемување се планира и за идната година. Буџетот, рече, беше зголемен 15 проценти за 2018, ќе порасне 33 проценти во 2019 година.„За сите наши планови, за сета модернизација, опрема, подобрување на условите за вашата работа, потребни се пари. Затоа, и за оваа и за идната година покажавме дека не отстапуваме од зголемување на одбранбениот буџет. За одбраната и армијата повеќе пари ќе има и во иднина. Ве уверувам дека наш вистински приоритет е да ја постигнеме НАТО - целта, 2 проценти од бруто-домашниот производ да се издвојуваат за потребите на одбраната, а тоа значи пред сè за потребите на АРМ. Тоа го правиме не затоа што НАТО истото го бара од земјите-членки, туку затоа што вие, затоа што армијата, затоа што одбраната на државата тоа го заслужува. Овие средства се начин како вие да бидете поуспешни во вашата работа, како Македонија да спие мирно, а вие спокојно да ја вршите вашата обврска“, рече Шекеринска.Министерката истакна дека во однос на етничката структура, Армијата ја претставува Македонија, онаква каква што е - етнички разнолика и побогата земја.„Меѓу вас и вашите колеги кои беа примени оваа година има Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци и Власи. Оваа разноликост е нашата уникатна предност и на Македонија, но и на АРМ, затоа што секој од вас носи различно искуство, традиции, но ги споделува истите вредности, истиот мотив и истата желба, да се биде дел од развиениот свет... Разноликост имаме и во однос на полот - од вкупно 375 професионални војници, 48 се припаднички на женскиот пол“, потенцираше министерката.Со приемот на оваа, 3-та класа професионални војници, во целост се реализираше планот за прием на 375 професионални војници во Армијата во 2018, со што директно се влијае на намалувањето на просечната возраст на припадниците на АРМ и тоа за цели три години, но и на нејзината поголема функционалност и нејзините капацитети за да го гарантираат она што е најважно за граѓаните на Македонија - сигурноста, безбедноста, стабилноста.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Измените на кривичниот зконик поминаа кај пратениците

Собраниската Комисија за политички систем ги усвои измените на Кривичниот законик предложени од група пратеници од владејачкото мнозиснтво, а кои се однесуваат на членот 275-в за висината на казната.Со овие измени, обвинетите за овие дела можат да минат и со условна казна.„За“ гласаа пратениците од СДСМ, ДУИ и од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ ја напуштија Комисијата.

пред 7 години

mvr

Одделенска наставничка влечела дете за раката, со цел да го изнесе надвор од училницата

Скопјанка пријавила во полиција дека нејзиниот син бил нападнат од неговата наставничка. Вчера во 12:30 часот 43-годишната М.П. од Скопје пријавила дека на 25.12.2018 година околу 08:30 часот добила телефонски повик од страна на нејзиниот малолетен син кој бил на наставен час во основно училиште во населбата Аеродром, кој и рекол дека неговата одделенска наставничка С.Д. го влечела за раката и се обидела да го изнесе надвор од училницата.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

kombe_avtobus

Судир помеѓу училишен автобус и полициско возило во Грачаница, повредени 9 деца

Возило на косовската полиција удри во автобус кој превезувал ученици од српска националност од село во близина на Грачаница, при што се повредени девет деца кои се надвор од животна опасност. Во несреќата се повредени и двајцата полицајци кои биле во полициското возило.Несреќата се случила утрово во шест часот и 30 минути, а во првичната информација која ја објавија косовските медиуми, повикувајќи се на портпаролаката на косовската полиција Флора Ахмети, беше кажано дека се повредени 21 ученик.Началникот на полициската станица во Грачаница, Братислав Трајковиќ изјави дека несреќата се случила во близина на кружен тек во Грачаница и дека возилото на косовската полиција удрило во автобусот кој превезувал деца за во училиште.

Свет | пред 7 години

ojo

ОЈО поднесе обвинение против седум македонски државјани за учество во странска војска, паравоени или параполициски формации

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по спроведена истражна постапка поднесе Обвинителен акт против седум македонски државјани. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело – Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации, предвидено и казниво по член 322-а став 3, а едно лице се терети и за сторено кривично дело Терористичка организација по член 394-а став 2 од Кривичниот законик. Петмина од обвинетите се дел од истражни постапки во рамките на претходни акции познати во јавноста како Ќелија 1 (август 2015) и Ќелија 2 (јули 2016), но беа недостапни на органите на прогонот и за нив беа активни национални и меѓународни потерници.Обвинетите како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак. Со намера да станат учесници во паравоените формации ја напуштале територијата на Република Македонија и заминувале за Сирија каде се обучувале и учествувале како борци на ИСИС. Освен што учествувале во паравоените формации надвор од Република Македонија, обвинетите обезбедувале, собирале финансиски и материјални средства за лица кои учествуваат во овие формации, користејќи ги социјалните мрежи и друг вид на комуникација повикувале, врбувале и поттикнувале други лица да учествуваат во паравоени формации надвор од Република Македонија. Обвинетиот на кој му се ставаат на товар две кривични дела – Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации и Терористичка организација бил припадник и на терористичката организација „Исламска држава“.Во август годинава обвинетите се предадени на македонските органи на прогонот откако беа лишени од слобода во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили.Ценејќи дека сѐ уште постојат законските основи поради кои на обвинетите им беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител заедно со Обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на притворот за обвинетите.

пред 7 години

ojo-1

ОЈО достави предлог за задолжително психијатриско лекување на 20-годишното момче кое ја лиши од живот неговата баба

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за изрекување мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на едно лице, обвинето дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 12 став 1 од Кривичниот законик.Лицето се товари дека на 10.12.2018 година, во состојба на непресметливост, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот оштетената, негова баба по мајка. Тој и нанел повеќе убодни рани со нож, а една засецна рана во пределот на вратот довела до брзо губење крв и била смртоносна. Извршителот потоа сам се пријави во полициска станица и призна дека ја лишил од живот неговата баба.Предлогот за изрекување мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување на сторителот во здравствена установа се темели на наодите од прибавениот вешт наод и мислење од вешто лице од областа на психијатријата. Со овој наод се констатира дека обвинетиот во моментот на извршување на делото бил во состојба на непресметливост како резултат на акутно психичко растројство поради трајна душевна болест.

Македонија | пред 7 години

dogovor

(ВИДЕО) Потпишан договор помеѓу Министерството за здравство, Изрел и Фондот за иновации и технолошки развој

Министерството за здравство, Државата Израел и Фондот за иновации и технолошки развој, денеска во Владата на Република Македонија потпишаа трипартитен договор, во областа на здравствената заштита. Договорот носи стратешки план за соработка во областа на здравствената заштита, а целта е промоција и имплементација на иновации и развој во областа на здравството.„Со овој навистина плоден договор ќе се овозможи делување во повеќе области, како што се: тренинг на здравствени работници за итна медицинска помош, едукација во областа на биоинформатика, биостатистика и клинички испитувања. Едукација и размена на експерти од сферата на трансплантација и ехо, со што веќе имаме прелиминарен договор со болницата Рабин Центар во Тел Авив за време на нашата посета, како и Универзитетот Бар Илан за размена на наши доктори и експерти, кои ќе одат и престојуваат во тие болници и ќе учат од врвни експерти од областа на трансплантацијата. Станува збор за опрема и материјали со кои ќе се подобри енергетска ефикасност на болниците. Се што му е неопходно на здравствениот систем во Македонија“, истакна министерот Филипче.Министерот Филипче, во своето обраќање додаде и дека ќе се спроведе ефективна здравствена едукација, соработка помеѓу Универзитетите на Република Македонија и државата Израел, едукација за здравствен персонал во повеќе иновативни области, како и набавка на опрема, но и помош во вид на донација од израелската страна за здравствените установи во Битола и Скопје.За овој договор се обезбедени 100 илјади долари од Фондот за иновации и технолошки развој и 104 илјади долари од Министерството за надворешни работи на Израел, а истите преку Израелска амбасада во Македонија ќе се искористат за спроведување на овој Договор и стратешки план.„Среќен сум што се наоѓаме на место од коешто ќе започнеме одлична соработка во областа на здравството. Се надевам дека побрзо ќе започнеме со активностите. За нас, во здравствениот сектор ние гледаме многу различни потенцијали. Потенцијалот за стратешко партнерство во здравствениот сектор е огромен“, рече амбасадорот Ориан и додаде дека е среќен што ќе почнат соработка со Фондот за иновации и технолошки развој.Амбасадорот Ориан истакна дека во Израел ги туркаат напред иновативните елементи на ова партнерство и се надеваат дека понатаму ќе имаат неколку заеднички проекти, вклучувајќи и проект за чист воздух, заедно со Министерството за здравство и други министерства.„Здравството е едно од најважните области во коешто можеме да соработуваме и да најдеме заеднички јазик во ова партнерство“, кажа амбасадорот Ориан.Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски информираше дека овој меморандум за соработка ќе отвори врата за влез на иновации и развој во многу значаен сегмент, а тоа е јавното здравство.„Со овој меморандум, се отвора врата за примена на иновации во јавното здравство. Клучен партнер ни е државата Израел како една од водечките нации на полето на иновации на глобално ниво. Сакаме да го искористиме потенцијалот на преку 1400 компании и организации од оваа земја кои работат на развој и примена на иновации во здравството и биотехнологијата и нивното искуство и експертиза да им го пренесат на македонските колеги. Примената на иновации во јавниот сектор ќе придонесе кон негова поголема ефикасност, но и зголемен квалитет на услугите“, потенцираше директорот Деспотовски.Првиот дел од овој проект се реализира преку донација од 48 специјални колички за деца, кои изминатиов месец беа донирани од Израелската амбасада низ јавните здравствени установи во Република Македонија. Во следниот период, односно во следните 5 години, уште поинтензивно продолжуваме со соработка со нашите пријатели од Израел.

Македонија | пред 7 години

angusev-22

(ВИДЕО) Анѓушев: Во 2019 започнуваме сериозен градежен процес на патна, железничка и енергетска инфраструктура

Во организација на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија се одржа неформална предновогодишна средба и дружба на економскиот тим министри во Владата на Република Македонија со претседателите на стопанските комори и претставници на бизнис секторот во Република Македонија.Во рамките на оваа средба заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев имаше свое обраќање пред присутните гости во кое ги сподели очекувањата и плановите на економските ресори за 2019 година и постигнатите резултати на економски план за годината што изминува.Во своето обраќање вицепремиерот Анѓушев стави акцент на плановите за четирите клучни области, индустријата, трговијата, градежништвото и земјоделството кои имаат сериозно учество во севкупниот раст на бруто домашниот производ.„Покрај автопатот Кичево - Охрид кој ќе продолжи да се гради, се градат експресните патишта, Штип - Радовиш, се гради Штип - Кочани, се гради излезот кај Куманово кон Крива Паланка, се гради излезот од Градско кон Прилеп, ќе се гради Скопје - Блаце. Ова се проекти од една груба бројка, од над една и пол милијарда евра заедно со железницата од втората фаза, којашто сега се тендерираше и сега е во фаза на евалуација, далекуводот од Република Македонија кон Албанија во вредност од 50 милиони евра кој е проектиран, а ќе се распише во јануари. Преку Законот за енергетика ќе се отвори простор за инсталација на 200 мегавати фотоволтаици кои ќе бидат распишани во две фази, првата ќе биде во првиот квартал во 2019“, соопшти вицепремиерот Анѓушев.Вицепремиерот Анѓушев посочи дека со овие активности кои што се во тек, во 2019 започнува еден сериозен градежен процес на патна, железничка и енергетска инфраструктура кој на месечно ниво се очекува да има реализација од околу 50 до 60 милиони евра што ќе го подигне градежништвото на ниво на кое заедно со приватните градби ќе генерира раст.„Градежништвото ќе го вратиме во нормален колосек имајќи во предвид дека 16 нови фабрики се градат и најавите на индустријата да го задржи континуираниот раст“, посочи вицепремиерот Анѓушев во своето обраќање пред претставниците на бизнис заедницата во Република Македонија.

Скопје | пред 7 години

6-2

Кои независни пратеници гласаа „ЗА“ измените на Крвичниот законик да се донесат по скратена постапка?

Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова и Зекир се дел од независните пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои вчера гласале измените на Крвичниот законик да се донесат по скратена постапка.Одлуката за усвојување по скратена постапка ја поддржаа вкупно 66 пратеници, а само 18 беа против. Овие 18 пратеници се од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 7 години

Нема фотографија

Германската влада сака да воведе верски данок за муслиманите

Политичарите од владејачката демохристијанска-социјалдемократска коалиција предложија воведување на верски данок за муслиманските верници, сметајќи дека така полесно ќе овозможат независно финансирање на работата на џамиите во Германија.Луѓе од ЦДУ на Меркел за Велт објаснуваат дека данокот за џамии е „важен чекор кој ќе дозволи исламот во Германија да се ослободи себе си од влијанието на странски држави.“Во Германија веќе се собира црковен данок од католиците и протестантите од кој се финансираат црковните активности. На терен данокот го наплаќа државата, а потоа го префрла на религиозните власти.Освен претставниците на владејачката коалиција, наклоност кон планот за данок за џамии има и кај дел од муслиманските верски лидери, чие очекување е дека „во иднина сите потреби на заедницата ќе можат да бидат покриени од нејзините членови.“

Свет | пред 7 години

1-16

Заев: Силно го поддржуваме спортот, спортистите се пример на сите нас

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, синоќа присуствуваше и се обрати по повод свечениот настан „Спортисти на годината 2018“ кој го организираше Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации. На овој настан беа присутни спортисти, спортски работници, претставници на спортските федерации, како и поддржувачи на спортот.„Навистина е величенствен чинот, преку ваквите спортски награди, да ја завршиме оваа 2018 година, со надеж за уште поголеми успеси во годината која што доаѓа. Мене ми е драго да бидам предводник на извршна власт, којашто има силна мотивација, да вложи сериозни пари и веќе вложува сериозни пари во поддршка на спортот, затоа што веруваме дека идоли за сите нас, сте токму вие спортистите од нашата земја. Затоа, она што до сега го правиме, со вложување сериозни и квалитетни средства во федерациите и спортските клубови и продолжуваме да растеме со буџетот.Следната година имаме дополнителни 6 милиони евра, ваучерскиот систем стартува од јануари 2019 година, што дополнително значи нови 6 милиони евра за сите спортски клубови.Во Буџетот кој што помина пред некој ден, 75 милиони денари се веќе предвидени за изградба на Домот на спортовите.Уште во јануари и февруари, сите ве поканувам да ја направиме Националната стратегија за спорт, а при крај се фазите на одлуки, кои што треба да донесат, сите спортски објекти коишто беа под Јавното претпријатие за стопанисување со спортски терени и објекти, да бидат наменети да бидат доделени на федерациите и општините за да може да ги користат сите спортисти.Ова го зборувам од срце, заради тоа што сакам навистина, да мотивирам сериозни цели и успеси. Ние се радуваме на секое наше учество, на секој наш спортист, на секој спортски клуб, национален тим.Македонија ве бодри секаде и тоа е најмалку што можеме да направиме, затоа што дефинитивно вие сте нашите најголеми амбасадори.Ви благодарам од името на граѓаните на Македонија, што ни ја претставувате нашата убава земја“, изјави Заев.За најдобар спортист за 2018 година е избран каратистот Емил Павлов, европски првак во карате-борби категоријата до 60 килограми и прв шампион од Македонија во еден олимписки спорт, додека за најдобра спортистка е прогласена ракометарката Сара Ристовска која со РК Вардар имаше настап на фајнлфор турнирот во Лигата на шампиони.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

11 сообраќајки во Скопје во изминатиот ден

Во текот на изминатиот ден (26.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои три со телесни повреди и осум со материјална штета.Во сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 27 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои: девет затоа што управувале возило под дејство на алкохол, четири возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така исклучени од сообраќај се и три возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување и двајца поради неносење пропишана зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 50 мандатни платни налози и 54 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајка на патот Струга - Дебар, едно лице со тешки телесни повреди

На 27.12.2018 година во 02,50 часот, на регионалниот пат Струга - Дебар, кај крстосницата за село Ложани, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.И.(37) од село Ново село, струшко, и патничко моторно возило „Рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Б.(24) од село Велешта.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ш.И. на кој му е укажана лекарска помош во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

petardi

Одземени 7.435 парчиња пиротехнички средства во Охрид

Вчера при извршен претрес во домот на А.С.(31) на улица „Ристо Чадо“ во Охрид, пронајдени и одземени се околу 7.435 парчиња нелегални пиротехнички средства. Меѓу нив има пиротехнички ракети, како и петарди од различни производители.По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против А.С. ќе поднесе соодветна кривична пријава. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања