Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

48369554_10217106394588187_3798863835616509952_o

Судар кај Момин Поток - срушен смеафор

Во сообраќајна несреќа која се случи попладнево кај Момин Поток се судрија три автомобилеи , а во инцидентот урнат е и еден семафор.Според првите неофицијални информации во сударот нема настрадани , но има полесно повредени.

Скопје | пред 7 години

8F783F1B-2BC5-4E18-935F-44CD5B5A76E3_w1023_r1_s

Извештај до Сенатот: Русија ги искористила социјалните медиуми да влијае врз изборот на Трамп

Истражувањето го направиле Универзитетот Оксфорд и фирмата „Графика“, а го објави Вашингтон постРусија ги искористила сите големи социјални платформи да влијае врз гласачите во САД преку ширење неточни информации, а со цел Доналд Трамп да биде избран за претседател, се вели во извештај на Универзитетот Оксфорд и фирмата „Графика“ испратен до Сенатот, а кој го објави Вашингтон пост.Во извештајот се вели дека Русите кои работеле за Агенцијата за истражување на интернет почнале да експериментираат со социјалните медиуми за да влијаат врз локални избори во 2009-та година, а потоа користејќи го Твитер ги продолжиле активностите во изборите во САД во 2013-та година.Постепено во нивната кампања ги вклучиле и Јутјуб, Фејсбук и Инстаграм.Извештајот нотира дека за претседателската кампања во 2016-та година Русите се обиделе да влијаат врз конзервативните гласачи да го поддржат Трамп, нагласувајќи ги прашањата како правата за користење оружје и имиграција.Истовремено, се вели во извештајот, руските оперативци испратиле пораки до Афроамериканците со неточни информации како да гласаат.И други групи, како либералните гласачи, жени, муслимани, Латиноамериканци и други биле таргет на слични пораки.„Она што е јасно е дека Републиканската партија и Доналд Трамп требале да имаат корист од овие пораки“, се вели во извештајот, што го објави весникот.САД веќе утврдија кривични обвиненија против руската Агенција за влијание врз претседателската кампања во 2016-та година.

Свет | пред 7 години

sneg-skopje-1jpg

Започна да врне снег во Скопје

Започна да врне снег во Скопје. Снегот дава допонително убава претпрзнична атмосфера.Метеоролозите подолг период најавуваа дека пред Св Никола ќе има снег во земјава. Прогнозата за денеска е претежно облачно и студено со повремени локални врнежи главно од снег. Во делови од југоистокот може да очекуваме врнежи и од дожд.Во Скопје, ниските температури ќе достигнат до – 4 Целзиусови степени во утринските часови, а максималната температура ќе биде до 2 степени во текот на денот.Повеќе врнежи ќе има во попладневните часови и тоа во западните делови од Македонија.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Судар кај Струга

Попладнево дојде до судар на два авромобили во непосредна близина на Струга кај селото Мислешево на магистралниот пат Охрид-Струга.При сударот причинета е само материјална штета.За напоменување е дека на истото место скоро по десетина судари има секој месец.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Четиридневна работа за петдневна плата! Како ви звучи?

Звучи премногу добро за да биде вистинито, но компании низ целиот свет веќе започнаа да ги намалуваат работните недели откако сфатија дека тоа води до поголема продуктивност, помотивирани работници и помал замор.„Многу е поздраво и подобро работиме кога не сме по цел ден на работа“, вели Јан Шулц-Хофен, основач на берлинската компанија за софтвер Планио, кој воведе четиридневна работна недела за своите 10 вработени на почетокот на годинава.Во Нов Зеланд, осигурителната компанија Перпетуал Гардијан забележа пад на стресот и раст на ангажманот на вработените откако беше тестирана 32-часовна работна недела.Дури и во Јапонија, владата ги охрабрува компаниите да дозволат слободно утро во понеделниците, иако слични напори во земјата да се намали работниот товар досега се покажаа неуспешни.Конгресот на британските синдикати се залага за тоа целата земја да се префрли на четиридневна работна недела до крајот на векот, а таквата заложба ја поддржува и опозициската Лабуристичка партија.Синдикатот смета дека покусата недела е начин преку кој работниците ќе учествуваат во распределбата на богатството креирано од новите технологии со помош на машини и роботи, исто како што добија право на слободен викенд за време на индустриската револуција.„Тоа ќе го намали стресот при балансирањето на работниот и семејниот живот и ќе ја зголеми половата еднаквост. Компаниите кои веќе го испробаа тврдат дека е подобро за продуктивноста и за здравјето на работниците“, вели Кејт Бел од британскиот Синдикат.ПреработениЛуси Грин, експерт во консултантската куќа Џ. Волтер Томпсон, вели дека се зголемува отпорот кон преработеноста, што го покажа и бранот критики кон сопственикот на Тесла, Елон Маск, откако тој твитна дека „никој не го сменил светот со 40-часовна работна недела“.49 проценти од испитаниците во САД велат дека работат прекувремено.„Луѓето полека се оддалечуваат од 24-часовниот дигитален живот и ги сфаќаат менталните здравствени проблеми кои се резултат на постојаната поврзаност со работата“, вели Грин.Неодамнешна анкета на 3.000 работници во 8 држави, меѓу кои и САД, Велика Британија и Германија откри дека мнозинството сметаат оти можат лесно да ја завршат својата задача и за пет часа дневно доколку немаат прекини, но повеќето работат и повеќе од 40 часа неделно - притоа на прво место се САД каде 49 проценти велат дека работат прекувремено.Шулц-Хофен, 36-годишен софтвер инжинер, ја тестирал четиридневната работна недела врз себе откако сфатил дека мора да си ги намали обврските по десетгодишна интензивна работа на својот проект.„Истата работа ја завршував и за четири дена, затоа што кога имав пет секогаш мислев дека имам повеќе време, работев побавно, си дозволував повеќе паузи“, вели Шулц-Хофен.„Сфатив дека со четири дена, морам да бидам брз, морам да бидам фокусиран доколку сакам во петок да бидам слободен“.Шулц-Хофен и неговиот тим дискутирале за различни опции пред да одлучат да работат од понеделник до четврток. Тие ја отфрлиле идејата за флексибилни работни часови затоа што тоа предизвикува административни проблеми, како и петдневна работна недела со покуси работни часови затоа што таа не гарантира ослободување од преработеноста.Клиентите кои ќе се јават во петок добиваат снимена порака која објаснува зошто никој не е на работа.„Добивме неочекувана реакција од муштериите. Повеќето од нашите клиенти не се жалеа. Само беа љубоморни“, вели Шулц-Хофен. DW.COM

Свет | пред 7 години

bandera-za-struja-960x616

Бандера за струја е адресата на илјадници Македонци со бугарски пасоши

Бандера за струја во едно село близу Благоевград е „адресата“ на илјадници Македонци со бугарски пасош, како дел од големата шема за продавање бугарски државјанства за пари, вели Катја Матева во разговор за „ЕУ Обсервер“, пренесува МЕТА.Таа е поранешен директор за државјанства во бугарското Министерство за правда. Работела таму до 2016 година, кога добила отказ бидејќи, како што вели, одбила да учествува во нелегалното доделување бугарски државјанства за пари.Матева вели дека кметот на селото близу Благоевград регистрирал адреса на бандерата за да ја запише како бугарска адреса на државјаните на Македонија кои побарале уверение за бугарско потекло.Илјадници луѓе се регистрирани на оваа бандера – објаснува поранешната директорка во министерството за правда за „ЕУ Обсервер“.Во октомври бугарската полиција уапси неколку видни имиња, меѓу кои и Петар Харалампиев, директорот на на државната Агенција за Бугарите во странство. Но Матева вели дека со неговото апсење ништо не престанало и сè уште се плаќа од 500 до 7.000 евра, и тоа не само од измамниците, туку мито се бара и од луѓе на кои им е целата документација средена.

Македонија | пред 7 години

bugarski-pasos

Адреса на илјадници македонци кои добиле бугарски пасош била бандера за струја

Бандера за струја во едно село близу Благоевград е „адресата“ на илјадници Македонци со бугарски пасош, како дел од големата шема за продавање бугарски државјанства за пари, вели Катја Матева во разговор за „ЕУ Обсервер“, пренесува МЕТА.Таа е поранешен директор за државјанства во бугарското Министерство за правда. Работела таму до 2016 година, кога добила отказ бидејќи, како што вели, одбила да учествува во нелегалното доделување бугарски државјанства за пари.Матева вели дека кметот на селото близу Благоевград регистрирал адреса на бандерата за да ја запише како бугарска адреса на државјаните на Македонија кои побарале уверение за бугарско потекло.Илјадници луѓе се регистрирани на оваа бандера – објаснува поранешната директорка во министерството за правда за „ЕУ Обсервер“.Во октомври бугарската полиција уапси неколку видни имиња, меѓу кои и Петар Харалампиев, директорот на на државната Агенција за Бугарите во странство. Но Матева вели дека со неговото апсење ништо не престанало и сè уште се плаќа од 500 до 7.000 евра, и тоа не само од измамниците, туку мито се бара и од луѓе на кои им е целата документација средена.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Штрајк на вработените во „Амазон“ во Германија, кој чека пратки од таму, ќе почека?

Вработените во два дистрибутивни центри на „Амазон“ во Германија почнаа штрајк бидејќи велат дека се незадоволни од работните услови, и тоа седум дена пред католичкиот Божиќ.Синдикатот на работниците соопшти дека вработението во „Амазон“ земаат пониски плати во однос на вработените во секторите малопродажба и испораки на пратки во Германија. „Амазон“ претходно соопшти дека нивните вработени добиваат релативно високи плати за овој сектор, пренесува АП.

Свет | пред 7 години

brza-pomos

Истражување: Ако богаташ има срцев удар, брзата помош доаѓа побрзо

Во случај на срцев удар секоја секунда е важна, што значи дека доцнењето на брзата помош може да биде фатално. Подолгото чекање на брзата помош во руралните средини е познат проблем во Америка, но и во други земји во светот, покажува едно истражување спроведено од страна на научници од Универзитетот во Сан Франциско.Студија што била спроведена минатата година покажала дека пациентите кои живеат надвор од поголемите градови чекаат подолго таква помош. Но, новата студија во целиот проблем додава уште еден факт – богатството, односно сиромаштијата.Научниците од Универзитетот ги испитале реакциите на вработените во брзата помош во 63 000 случаи на повици поради срцев удар. Поединечно мереле колку време  му требало на возилото на брзата помош од моментот на повикот да стигне до локацијата на пациентот, како и времето од пристигнувањето до заминувањето од локацијата, време кое поминало од моментот на напуштањето на локацијата до болницата, како и на крајот вкупното време потребно за дејствување на итната помош. Резултатите биле вчудовидувачки.Како што се наведува, на диспечерите им требале четири минути повеќе за реакција на повик од сиромашните населени места во однос на оние богатите, а вкупно на брзата помош ѝ требало на 10 проценти повеќе време за излегување на терен во случај на повик поради срцев удар во сиромашните населби.„Како општество можеби веруваме и се надеваме дека јавните служби, како брзата помош, се еднакво достапни, но нашите резултати покажуваат дека тоа не е случај, дури ни во потенцијално фатални ситуации како застои на срце“, изјавила докаторка во брзата помош и професорка на УЦСФ, Рене Ксиа.

Магазин | пред 7 години

dete

За да се школува секој ден оди низ водите на студената Пчиња и ја преминува македонската граница

Марко Арсовски има 12 години која за да се школува мора секој ден да оди од Србија до Македонија, пишува српскиот портал Новости.Тој е единственото дете, ученик од српското село Старец, кое се наоѓа блиску до македонската граница. Од куќата на Марко, до првото училиште во Србија има 17 километри. Па поради таквите околности, на оваа дете му е многу поблиску и полесно да патува до училиштето во Македонија. Марко денеска е ученик во шесто одделение во училиштето “Христијан Карпош” во селото Драгоманце, во општина Старо Нагоричане.-Наставата е на македонски јазик, но имам и часови на српски јазик, заедно со уште неколку ученици од српска националност кои живееат во Македонија. И покрај сите тешкотии успевам да постигнам многу добар успех, раскажува Марко, кој одлично зборува македонски.За него воопшто не е тешко тоа што учи на македонски јазик, најтешко му е секојдневното патување. Куќата каде што живее се наоѓа во близина на реката Пчиња, која ги дели Србија и Македонија. До патот кој го води во училиштето, најблиску се стигнува, ако се помине преку не толку длабоката, но студената планинска река.-Во лето и не е толку страшно, но Пчиња е секогаш студена. Сите поминуваме преку неа и на брегот ги оставаме гумените чизми. Некои соседи имаат импровизирани чамци со кои ја поминуваат реката. Но, во зима, која кај нас трае долго време, тоа ни е многу голем проблем, раскажува Горан, таткото на Марко.Тој вели дека цел живот ја гази Пчиња, за да заврши било која обврска која е надвор од неговото домаќинство. Алтернативен начин за поминување преку реката е со трактор. Но, кога реката ќе е голема, Марко мора да поминува преку козји патчиња, кои патот му го зголемуваат за два километри.-Секое утро станувам во шест часот, па поминувам преку реката, или по козјите патеки, за да стигнам до локалниот пат за Македонија. Таму ме чека комбе со кое одам до училиштето. Понекогаш, кога брзам, тато ќе ме качи на грб и ќе ме пренесе преку реката, го опишува Марко своето секојдневие.Поради тоа што Марко е единствен ученик од овој крај, нема за него организиран превоз до училиштето во Србија, па Марко секој ден е принуден да поминува граница до Македонија. Вели дека царинарниците имаат разбирање за неговата ситуација и не му прават проблеми.Поради ваквата тешка ситуација, постариот брат на Марко, Милош кој има 15 годиним го напуштил школувањето.Мештаните од селото Старец со децении чекаат да им се изгради мост кој ќе им го олесни животот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(Видео) Алармантно во БиХ, затворени училиштата поради снегот

На подрачјето на општините Коњиц и Јабланица денеска и утре поради лошите временски услови и непроодните патишта нема да има настава во основните и средните училишта, како и во детските градинки.„На подрачјето на општина Коњиц, од 110 населени места, за околу 30 места не е квалитетно решено прашањето за чистење на патиштата, така што целата механизација е распоредена на овие места, сите средства со кои се располага се достапни за да се исчистат патиштата до секое место”, велат официјални претставници од БиХ.https://www.facebook.com/CrnaHronikaBiHofficial/videos/213483039540356/Како што беше посочено, во општината Јабланица проблем е снабдувањето со електрична енергија бидејќи еден дел од граѓаните во ова населено место сè уште се без редовно снабдување со електрична енергија.Во моментов малку загрижува тоа што во текот на утрото повторно во областа Коњиц почнало да паѓа снег, додаваат властите.Во општините Коњиц и Јабланица во неделата беше прогласена состојба на природни непогоди поради обилните врнежи од снег.  

Свет | пред 7 години

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров: Се злоупотребуваат информации стари 8 годи, со обид за тенденциозна лична дискредитација за да му се наштети на заокружувањето на договорот од Преспа

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров, преку својот ФБ профил ги прокоментира последните написи за него на Организацијата Викиликс , која пак тврди дека во два наврати бил заштитен извор на амбасадата на САД.“Деновиве гледам извадиле стари информации објавени во 2010 година кои всушност потврдуваат дека конзистентно сум работел на исполнување на стратешките цели - НАТО и ЕУ членството - и сум комуницирал со САД, нашите стратешки партнери, во функција на остварување на државните интереси на Македонија. Истите партнери што во 2004 година, кога бев амбасадор во Вашингтон, го признаа уставното име на Република Македонија. Фактот што после цели осум години се злоупотребуваат истите информации, со обид за тенденциозна лична дискредитација за да му се наштети на заокружувањето на договорот од Преспа, токму во финалето на процесот, индицира дека зад овие игри се сили кои се против реализацијата на европските и евроатлантските интеграции на Република Македонија“, напиша Димитров на својот ФБ профил.Инаку според организацијата која со години објавува тајни строго доверливи дипломатски преписки украдени од американските институции Димитров бил на листата на “заштитени” во 2008 година кога беше преговарач во спорот за името со Грција.

Скопје | пред 7 години

gruevski-trajkovski

Гостинот во Будимпешта опиша што прави Груевски таму

Груевски е во одлична здравствена состојба, загрижен е, и не излегува често. Вака, ја опиша средбата со него Александар Трајковски кој беше уловен на фотографија во Будимпешта. Целта на патувањето во Унгарија на Трајковски не била да се сретне со Груевски туку да најде лек за проблемите со дишењето, пишува Телма ТВ.„Две години овде ме лекуваа со пумпица за дишење. Одлучив по препораката од матичниот лекар и заминав на преглед во „Дуна медикал“ во Будимпешта. Таму лекарите открија дека имам девијација во носот што постојано ми предизвикува инфекција на белите дробови“, изјави Трајковски.Трајковски зборуваше отворено со новинарите, ги избегна камерите бидејќи бил вознемирен и останал без сон цела недела по пишувањата во медиумите. За сите одговори што прави Груевски во Будимпешта рече да му напишеме порака на социјалните мрежи, бидејќи тој постојано е активен. Трајковски на прашање зашто одел за синусите во Будимпешта кога и таму е ладно, на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи и одовори дека тој е слободен човек. Дали ќе остане без мерки во случајот за „Шлаканиците ов општина Центар“, СЈО ќе одлучува откако ќе ги разгледа лекарските наоди на Трајковски. Во негова одбрана застана и адвокатот Боро Тасевски.Извор: Телма ТВ

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Охриѓанец нападнал сограѓанин, откако претходно одбил да му даде 2.000 евра и автомобил

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против А.Ф.(37) и Ж.Р.(28), двајцата од Охрид за сторени кривични дела ,,изнуда” и ,,насилство“. На 9-ти овој месец околу 11,30 часот во Охрид во угостителски објект на улица „Кленоец“ првопријавениот кој бил заедно со второпријавениот, физички го нападнал А.П.(54) од Охрид, при што му побарал 2.000 евра и патничко моторно возило, кое требало да биде пренесено на второпријавениот.При тоа, второпријавениот ги спречувал гостите да влезат во објектот, додека А.Ј.(46) од Охрид не сакал да го напушти објектот, по што првопријавениот физички го нападнал. Првопријавениот упатувал закани  и кон други лица. 

Македонија | пред 7 години

taksisti-tepacka

Таксисти се степале поради патник, едниот од нив завршил во Клинички центар

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против К.М.(55) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда“ и Ф.А.(56) од село Боговиње поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “тешка телесна повреда“ и “насилство“.На 27 август годинава околу 05,00 часот на Автобуската станица во Тетово, по претходна вербална расправија поради недоразбирање во врска со такси превоз на лице, помеѓу пријавените таксисти настанала физичка пресметка во која истите си нанеле тешки телесни повреди, при што Ф.А. со употреба на тврд предмет му нанел повреди на К.М. во пределот на главата, додека К.М. со употреба на нож му нанел повреда на Ф.А. во пределот на стомакот, по што бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Скопје | пред 7 години

taksi

Ограбен таксист во Скопје

На 16.12.2018 година околу 18,40 часот во Скопје В.С. (55) од Скопје пријавил дека  две лица, кои ги превезувал во своето такси  возило, кога стигнале во с. Брњарци  со закана му одзеле 1.000 денари и мобилен телефон и избегале.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

pozar

Пожар избувнал в три часот по полноќ, во скопската населба Илинден

На 17.12.2018 година околу 03,00 часот било пријавено дека на автопатот во правец од Петровец кон Скопје, во населбата Илинден, избувнал пожар во викенд куќа сопственост на К.Т.(72) од Скопје. Пожарот бил изгаснат во 05,00 часот од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Увид се врши во текот на денешниот ден.

Скопје | пред 7 години

brza-pomos

Лекар нападнат во скопско Волково

На 16.12.2018 година во 16,10 часот било пријавено дека во село Волково, во двор додека С.М.(53) лекар во Итна медицинска помош  била на интервенција и извршувала работни задачи кај пациентот Д.Т., физички била нападната од страна на М.Т.(24).Полициски службеници презеле соодветни мерки и активности и против М.Т. е поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 7 години

tepacka-1

Непознати лица натепале тројца скопјани пред ноќен клуб

На 16.12.2018 година во 09,40 часот Д.С.(19), К.С.(25), А.П.(22) и С.С.(28) сите од Скопје, пријавиле дека околу 05,00 часот во близина на ноќен клуб  на улица “Венјамин Мачуковски“ во Скопје биле физички нападнати од страна на две  лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

mvr1

Гостиварчани нападнале продавач на железарија, го мавале со производи

Надвoрешната канцеларија за криминалистички работи  Гостивар поднесе кривична пријава  против Л.Н.(52) од село Дoлна Ѓоновица и Н.Ш.(27) од село Долна Бањица,  за сторено  кривично дело „насилство“.На 24ти септември годинава во железара во Гостивар, по претходна вербална расправија помеѓу првопријавениот и вработено лице во железарата, поради недоразбирање во врска со цената за купување на предмети од железарата, пријавените физички ги нападнале вработените фрлајќи разни предмети кон истите, при што второпријавениот физички го нападнал Н.З.(54) кој во моментот се наоѓал во железарата,  додека првопријавениот го скршил изложното стакло од железарата .

Македонија | пред 7 години

krazba-kradenje

Битолчани извршени девет кражби во Охрид, пустошеле низ маркети, магацини, обложувалници и кафе бар

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Е.О.(20), О.Д.(33) и М.О.(21) сите од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела “тешка кражба“ и  кривично дело “тешка кражба во обид“.Во периодот од 07.07.2018 до 24.10.2018 година на подрачјето на Охрид, во маркети, магацин, спортска обложувалница и кафе бар, со употреба на подесен алат и физичка сила делувале на влезните врати, и одзеле парични средства, разни видови на цигари и други колонијални производи, со што се стекналe со противправна имотна корист од 805.000 денари.

Македонија | пред 7 години

marihuana2

Велешанец заработил кривична пријава поради продавање на марихуана

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против Д.И.(39) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.На 12.09.2018 година во Велес од страна на полициски службеници, при претрес на две локации каде престојувал пријавениот, биле пронајдени и одземени 210 грама марихуана.

Македонија | пред 7 години

zaev-cipras

Заев и Ципрас ќе бидат предложени за Нобелова награда за мир

Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе бидат предложени за Нобелова награда за мир за 2019 година за Договорот од Преспа, со кој се надминува дводеценискиот спор за името.Номинирањето на Заев и Ципрас утре во Скопје ќе го објави добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи.Церемонијата за номинација за Нобеловата награда за мир 2019 ќе се одржи на Универзитет ФОН, каде во март годинава Бушамауи ја доби титулата почесен професор.

Македонија | пред 7 години

smetkovoditeli-1

Панел дискусија во пресрет на периодот на изготвување на годишните извештаи на деловните субјекти

Експерти, професори, сметководители, претставници на релевантни владини и меѓународни институции и организации, како и релевантни чинители во сметководствената дејност, дискутираа на конференцијата на тема: „Функција и примена на Законот за вршење на сметководствени работи“ во организација на Комора на Сметководители на Македонија.Конференцијата со поздравно обраќање ја отвори претседателот на Комора на сметководители на Македонија, г-дин Драган Митковски кој го истакна значењето на сметководствената професија и нејзиниот развој.Г-дин Димитар Илчов, Претседател на Асоцијација Мисла, се осврна на значењето на независноста на невладиниот сектор од институциите на власта и владините тела, како и на обврската за примена на европските директиви и препораки за овозможување на независност во нивното делување и работа.Панел дискусијата се одржа со цел што поскоро деблокирање на работата на Институтот на Сметководители и Овластени Сметководители на РМ во пресрет на периодот на изготвување на годишните извештаи на деловните субјекти, како и активно учество во востановување на текстот и содржината на новиот Нацрт предлог-закон за вршење сметководствени работи, изготвен и предложен од страна на Министерството за финансии.

Скопје | пред 7 години

nikolovski

(ВИДЕО)Николовски: Со новиот оглас за давање под закуп на државно земјиште над 3 хектари создаваме услови за капитални инвестиции во земјоделството

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска објави Jавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари. Се работи за оглас чија што намена освен за подигање на насади, ќе биде и за инвестиции во земјоделството и руралниот развој.„Со објавувањето на овој инвестицискиот оглас, како Влада јасно ја акцентираме нашата заложба за интензивно зголемување на капиталните и инфраструктурните инвестиции во областа на земјоделството и руралниот развој. Ваквите типови на огласи ќе обезбедат не само раст на капиталните влогови во земјоделството, туку и производство на финални производи кои ќе бидат конкурентни на домашниот и на странскиот пазар, решавање на проблемите со откупот и вишоците што се јавуваат преку инвестиции во преработувачки капацитети, отворање на нови работни места, економски развој на регионите и задржување на луѓето во тие региони“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.Предмет на овој оглас се најатрактивните парцели во државата, а на понудените локации освен примарно производство, заинтересираните треба да понудат и бизнис план за преработувачки капацитети.Конкретно, со овој оглас се објавуваат над 1.420 хектари државно земјоделско земјиште, на кои освен долгогодишни насади со овошје, лозје, лешници и маслинарци, се отвора можност и за изградба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи како винарници, кланички капацитети, центри за преработка на овошје и зеленчук, откупни центри, млинови, оранжерии и други објекти тесно поврзани со земјоделското производство.Со огласот ќе биде опфатени 23 земјишни парцели во 13 региони, и тоа: Штип, Гостивар, Гевгелија, Куманово, Неготино, Велес, Ресен, Св.Николе, Валандово, Гази Баба, Кратово, Берово и Струга.На огласот кој што ќе биде по пат на електронско наддавање, имаат право да конкурираат имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.Во следните 30 дена сите заинтересирани можат да ги достават понудата и другата потребна документација во затворен коверт до МЗШВ. Сите детали околу критериумите, електронското јавно наддавање и потребната документација, денеска ќе бидат објавени и на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања