Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

sv-zlata

Денеска се празнува Светата великомаченичка Злата Мегленска

Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка, мудра со Христовата мудрост и златна не само по име туку и по богобојазливото срце. Еднаш кога излезе по вода, ја фатија некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа. Кога еден од нив ѝ нудеше да се потурчи и да му биде жена, таа храбро му одговори: „Јас во Христа верувам, само за Него знам и Он ми е Женик. Од Него нема да се откажам никогаш, макар и на илјада маки да ме ставите и на парчиња да ме исечете.“ Тогаш дојдоа нејзините родители и ѝ рекоа: „Смилувај се на себе и на нас, откажи се привидно од Христа и ќе бидеш среќна и ти и ние, а Господ е милостив, ќе ти прости за гревот ако го правиш по цена на животот.“ И плачеа горко родителите, сестрите и роднините. Но витешката душа на Св. Злата не даде да биде победена од ѓаволските стапици. На своите родители им одговори: „Штом ми советувате да се одречам од Христа Кој е вистински Бог, не сте ми повеќе родители ни сестри; татко ми е Господ Исус Христос, мајка Богородица, а браќа и сестри - светителите и светителките.“ Тогаш Турците ја фрлија во затвор, каде што лежеше три месеци и секој ден ја биеја додека нејзината крв не ја натопи земјата. Најпосле ја обесија главечки и ја подложија на оган за да се загуши од чадот. Но Господ беше со неа и ѝ даваше сила во страдањето. На крајот ја обесија на дрво и целата ја исекоа на парчиња. Така оваа мажествена девица Му го предаде својот дух на Бога и се пресели во рајските живеалишта, во 1796 година. Парчиња од нејзините мошти христијаните разнесоа за благослов по своите домови.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Зимата сеуште не доаѓа

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и потопло. Преку денот ќе дува умерен југоистоќен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Минималната температура во земјава ќе се спушти во интервалот од минус три до пет, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.Во Скопје ќе биде сончево со умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до два степени, а дневната температура до 20 степени.За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло со умерен, повремено засилен јужен ветер. Температурата на воздухот ќе има тенденција на покачување, освен утре кога се очекуваат пониски утрински температури. Во почетокот на следната недела ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд

Македонија | пред 7 години

opozicija

Опозицијата нема да се вклучи во подготовката на нацрт уставните амандмани и во телото за помирување

Нацрт – амандманите на Уставот за кои тече рокот што произлегува од петочната одлука на Собранието, се во фаза на изготвување. Се прават обиди во консултациите за нивното изготвување да се вклучат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, но засега тоа нема да се случи. Џафери вели дека е јасно дека од ВМРО-ДПМНЕ не се заинтересирани за општо помирување кое ќе се одрази и врз граѓаните.Нацрт амандманите за промена на Уставот би можеле да се најдат во Собранието за викендот или од понеделник.Од пратеничката група на СДСМ велат дека се остава време за вклучување на пратениците од опозоцијата во консултациите, иако изразуваат песимизам дека тоа ќе се случи.Доколку тоа не се случи, во консултациите, велат од таму, ќе биде вклучена евентуално новата пратеничка група.Од ВМРО-ДПМНЕ нема конкретни информации дали навистина нивните пратеници не сакаат да се вклучат во консултациите за нацрт-уставните амандмани. Од опозициската партија нагласуваат дека допрва ќе се носи одлука како партијата ќе постапи во однос на ова прашање. Одлуката ќе ја донесат во договор со пратениците.Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера кажа дека во однос на најавата за консултации за подготовка на нацрт-амандамните на Уставот, обврска на предлагачот е да подготви Нацрт – амандмани, но неспорно е да се направат консултации претходно во однос на замислата меѓу пратениците и Владата.

Македонија | пред 7 години

traektorija

Ново рочиште за „Траекторија“

Со презентирање на СМС пораки и други доказни материјали што ги предложи СЈО, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за „Траекторија” во кој обвинети се неколку поранешни функционери дека ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид.На претходното рочиште беа прочитани неколку стотини СМС пораки меѓу пранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот државен секретар во Министерствот Елена Кузмановска, секретарот на Владата, Кирил Божиновски и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО тие ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Вешти лица со искази за предметот „Монструм“

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случајот „Монструм“ на СЈО, за петкратното убиство на Смилковско Езеро.Предметот се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште искази даваа вешти лица. Според вештачењата на крим-техниката од МВР, како што беше кажано на рочиштето на 19 октомври, кај Смилковско езеро било пукало со две пушки „калашников“ и еден пиштол.За петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Македонија | пред 7 години

zemjotres-2

Земјотресот во Грција оштети пристаниште и манастир од 15 век

Во земјотресот со јачина од 6,8 степени што утрово ја погоди јужна Грција, засега нема информации за евентуални жртви. Како што пренесуваат грчките медиуми, од силните потреси на грчкиот остров Закинтос, оштетени се пристаниште и манастир од 15 век.Портпаролот на грчката служба за цивилна заштита, изјавил дека три лица биле пренесени во болница, од кои две биле со полесни повреди, пренесе Ројтерс.Потресот беше почувствуван, во Македонија, но и во Албанија, Малта, Италија и Либија.Епицентарот е регистриран во Јонското море, околу 130 километри југозападно од Петраса на Пелопонез, на длабочина од 14 километри.

Свет | пред 7 години

kina-policija

Хорор во Кина: Жена со нож избоде 14 деца во градинка

Вкупно 14 децa од претшколска возраст се повредени во напад со нож во западниот кинески град Чонгкинг, соопшти локалната полиција.Во врска со нападот е уапсена 39-годишна жена која е осомничена дека ги прободела децата со кујнски нож пред градинката „Нов век“, соопшти полицијата.Повредените деца биле однесени во болница, а случајот се истражува.

Свет | пред 7 години

sara

Апел за помош: Потребни се 200.000 евра за лекување на Сара

Апел за помош: Потребни се 200.000 евра за лекување на СараНа петнаесетгодишната Сара Настеска од Охрид дијагностициран и е малиген тумор „Anemija Plastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот. Во најкраток рок на Сара треба да и се изврши трансплантација на коскена срж, што според нејзиното семејство е единствена можност за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето.Единствен сроден донор е нејзиниот две години помал брат. Зафатот и лекувањето чинат 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик, стои во апелот на семејството Настески за помош на малата Сара.Доколку сте во можност да помогнете уплатата може да ја извршите на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.Донациски број за донации преку мрежата на ВИП: 077 143-480Донациски број за донации преку мрежата на Телеком: 070 143-102

Македонија | пред 7 години

bacev-jonuz

Канал 5: Бачев ја злоупотреби „Само вистина“

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев, не престанува со скандалите. Овој пат го злоупотреби просторот овозможен од Канал 5 во емисијата „Само вистина“, која е најгледана и највлијателна политичка емисија во земјава, за да упати навреди кон високи странски политичари, а повторно употребуваше и навредлив говор за Албанците, реагира телевизијата.На крајот од синоќешниот телевизиски дуел со аналитичарот Агим Јонуз, Бачев упати навредливи зборови кон претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, германскиот министер за надворешни работи Михаел Рот и германската канцеларка Ангела Меркел.„Бачев го искористи моментот дека емисијата се емитува во живо и навредите ги упати практично откако емисијата беше завршена со што тоа грубо ги прекрши етичките кодекси. Ова не беше единствениот случај. Во текот на емисијата Бачев неколку пати употреби навреди и кога говореше за Албанците. Со ваквите испади, Јанко Бачев по кој знај кој пат ја помина црвена линија во јавниот дискурс и го злоупотреби времето што Канал 5 му го овозможуваше во име на плурализмот на мислењата.Линијата меѓу слободата на говорот и говорот на омразата е јасно исцртана во демократиите кон кои Македонија се стреми. Канал 5 целосно свесна за улогата што ја имаат медиумите, соопштува дека во иднина на нашата програма нема да има место ниту за Бачев, ниту за други останати поединци слични на него, кои со преку злоупотреба на јавниот простор, со помош на навреди и дисквалификации, се обидуваат да ги остварат свои цели, притоа не водејќи грижа за елементарните морални постулати.Потсетуваме дека Бачев и летово во изјава за медиумите користеше навреди за нашите сограѓани Албанци. Случајот го проверуваше и јавното обвинителство, но нема информации дали нашле елементи за говор на омраза или случајот е затворен“, се наведува во реакцијата на Канал 5.

Македонија | пред 7 години

images_todorov-21

Тодоров со извинување до жените за Законот за абортус

Тодоров со извинување до жените за Законот за абортусПоранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 упати извинување до сите жени за контраверзниот Закон за абортус кој се донесе додека тој беше министер.Законот беше донесен во 2013 година, во отсуство на пратеничката група на СДСМ. Пратениците од тогашната власт го изгласаа со 62 гласа „за“.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Никола Тодоров додека министерувал правел и операции?!

Поранешниот министер Никола Тодоров при посета на болницата во Охрид на 1 ноември 2013 година на докторите им објаснувал како тој лично пробал да оперира како што им појаснува со најмодерна опрема пациент во присуство на некој хирург.На архивскиот видео материјал објавен тогаш на порталот „Охрид 1“ се слуша:„Јас пробав лично. Значи кога ќе ги допреш тие се осеќа, се комплетно. Тоа е како видео игра. А видите јас сум нестручен, ама пробав да видам како ќе се чувствувам. Со мене беше и еден врвен хирург и тој вика идентично“ - објаснува Тодоров пред докторите во Охрид.Како оперирал Тодоров во областа на роботската хирургија внимателно слушаат и сега актуелните пратеници, докторите Љубен Арнаудов и Сашо Василески.Интересно е дека кога Тодоров вели дека е нестручен, докторите возвраќаат со:„ Не би рекол дека е така“

Македонија | пред 7 години

27-april

Нови 12 часа во судница за обвинетите за 27 април

Нова 12 часовна судска тортура се алучила на вчерашното судење за настаните од 27 април. По којзнае кој пат судењето повторно траело предолго иако предходно независни набљудувачи предупредија дека со тоа се кршат правата на обвинетите и случајот поради тортура може да падне во Стразбур.Во Кривичниот суд во Скопје со прикажување видео снимки од безбедносните камери продолжи судењето за случувањата во Парламентот на 27 април минатата година.Едната снимка од безбедносната камера од пред кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски се гледаше до околу 17 часот, а потоа беше пуштена и другата снимка од балкон-салата во Собранието.На првата снимка се гледа движење на обезбедувањето на Вељановски, како и на обвинетите Горан Ѓошевски, Елена Божиновска и Иван Цветковски, кои ја упатуваат толпата луѓе низ ходникот што води кон прес-салата во Собранието.

Македонија | пред 7 години

ZAKINTOS-1

ВИДЕО: Жителите на Закинтос, Грција во паника, асфалтот оштетен - куќите изронети

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Анализа на случаите на убиства на жени

Анализа на случаите на убиства на жени во периодот од 2008 до 2016 година, како и препораки за унапредување на заштитата на жените жртви и препораки за превенција од оваа најтешка форма на насилство ќе бидат презентирани денеска во Скопје.Презентацијата на публикацијата „ Анализа на случаи на Фемициди – убиства на жени во Република Македонија “ чиј дел се и случаите на убиства на жени во овој период ја организира Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.– Анализата е спроведувана во периодот септември – ноември 2017 година. Покрај презентација на наодите добиени од увидот во судските предмети, ќе бидат презентирани и препораки за унапредување на заштитата на жените жртви, како и препораки за превенција од оваа најтешка форма на насилство, велат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.На настанот, воведни обраќања треба да имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерка за труд и социјална политика работи Мила Царовска, и постојаната координаторка на ОН и постојана претставничка на УНДП Луиза Винтон.

Македонија | пред 7 години

avirovik

На исклучените од ВМРО им се приклучува Авировиќ

Исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени немаат намера да го вратат мандатот, како што бара матичната партија. Меѓу нив траат последните консултации по што е најавено официјално формирање нова пратеничка група, која самостојно ќе дејствува во Собранието. Засега нивната група ќе брои осум пратеници, но се остава простор за проширување со евентуално нови пратеници од актуелната опозиција.Според информациите што ги добивме од исклучените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, на нив ќе им се придружи и Слободанка Авировиќ од Социјалистичката партија која, исто така, одлучи да гласа „за“ договорот со Грција со што ја „предаде“ коалицијата „За подобра Македонија“.„Во овој момент, приоритет ни е да се договориме меѓу себе, да ги искоординираме следните настапи и да видиме како ќе функционираме во иднина. Не се приклонуваме никому, ќе бидеме самостојни. Потоа, ќе разговараме и со Панче Минов, кој најави дека нема да ги поддржува политиките на ВМРО-ДПМНЕ поради разрешувањето на Митко Јанчев од потпретседателското место. Секако дека сме отворени за соработка, но не можеме да предвидиме што ќе се случува во следните фази од процесот во парламентот“, велат нашите соговорници.Исклучените пратеници не сакаат од името на новата група да биде избришан префиксот ВМРО, па се прават комбинации како да се зачува. Потсетуваат дека во минатото имало примери каде ВМРО-ДПМНЕ имало и по десет свои пратенички групи со исто име со цел да имаат повеќе време за збор на седниците во Собранието или на комисиските расправи.Од друга страна, во ВМРО-ДПМНЕ и вчера продолжија да ги напаѓаат седумте нивни пратеници што им свртија грб: Крсте Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Нола Исмајлоска-Старова, Зекир Рамчиловиќ, Емилија Александрова и Елизабета Канческа-Милевска. Потенцираат дека само неколку дена пред да гласаат „за“, Александрова, Исмајлоска-Старова и Канческа-Милеска гласале „против“ ставањето на точката за промена на уставот на дневен ред на парламентарната седница.„Четири дена подоцна, гласаат сосема спротивно. Можете да претпоставите што се случувало во тие четири дена“, обвинуваат во ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Предупредување за цунами по земјотресот во Грција

По силниот земјотрес во Грција, кој беше почувствуван и во Македонија и Албанија, издадена е и тревога за цунами на брегот на Средоземно море.Според соопштението на Европскиот сеизмолошки центар, постои опасност од забрзано растење на висината на брановите и затоа од луѓето е побарано да останат подалеку од плажите.Јужниот дел на Грција го потресоа неколку земјотреси од кои најсилниот беше со интензитет од 6,8 степени по Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил на околу 290 километри западно од Атина и на длабочина од 10 километри.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Силен земјотрес почувствуван и во Македонија

Три силни земјотреси ја погодија Грција и истите се со епицентар во Јонското море на оддалеченост од околу 46 километри југозападно од островот Закинтос.Првиот потрес е почувствуван околу 00:22 часот со јачина од 5,1 степен според Рихтер, вториот во 00:54 со јачина од 6,8 степени, а третиот е регистриран во 1:09 со јачина од 5,6 степени. Сите три се на длабочина од 10 километри.Земјотресот беше почувствуван и во Македонија, особено во југо-западните делови.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Џибони доаѓа во Скопје

Од „Авалон продукција“ најавуваат голема предновогодишна журка. Како и досега, декември е месецот кога се одржува „All you need is love“ фестивалот.Годинашното издание е резервирано за недела, 23-ти декември во ВИП Арената „Борис Трајковски“, а главна ѕвезда на вечерта ќе биде регионалната ѕвезда Џибони.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Викендов сончево и топло време со температури до 23 степени

За време на претстојниот викенд времето ќе биде стабилно и потопло со умерен, повремено засилен јужен ветер, соопшти УХМР. Температурата на воздухот ќе има тенденција на покачување, освен утре кога се очекуваат пониски утрински температури. Во почетокот на следната недела ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд.Времето утре ќе биде претежно сончево и потопло. Преку денот ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Минималната температура во земјава ќе се спушти во интервалот од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.Во Скопје ќе биде сончево со умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 2 до 20 степени.

Македонија | пред 7 години

navivaci-sirok-sokak-4

Широк сокак обоен во црвено-жолто

Репрезентацијата на Македонија денеска го пречекува составот на Турција на почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Средбата се игра во Битола, а навивачите веќе го окупираа „Широк сокак“.Атмосферата се загрева како наближува почетокот на средината и сосема извесно е дека трибините во салата „Боро Чурлевски“ ќе бидат исполнети до последно место.

Македонија | пред 7 години

mkd-395859

Саудијците признаа: Убиството на новинарот било планирано

Си-ен-ен се повика на веста објавена од Саудиската новинска агенција, а во која, меѓу другото, се наведува дека до нови информации дошле благодарение на турските истражители.„Осомничените за убиството на новинарот Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на почетокот на октомври постапиле со предумисла“, рече денес саудискиот главен државен обвинител.Изјавата на државниот обвинител во Ријад се противречи на претходните тврдења на саудиските официјални лица за тоа дека новинарот, кој пишувал за американскиот весник Вашингтон Пост и го критикувал режимот на својата татковина, бил убиен во борба.„Информацијата добиена од турската страна вели дека осомничените во случајот Кашоги делото го извршиле со предумисла“, соопшти државниот правобранител Сауди бин Абдула, а пренесе саудиската државна новинска агенција СПА.„Државниот правобранител ја продолжува истрагата против обвинетите во светло на добиените информации и резултати од истрагата“, се наведува.Саудиска Арабија во саботата, по две недели негирање на каква било вмешаност во исчезнувањето на новинарот, призна дека бил убиен во конзулатот.Министерството за надворешни работи на оваа нафтена монархија после опиша дека смртта настапила како последица на активностите на одметнатите оперативците кои ги пречекориле овластувањата.Во средата и престолонаследникот Мохамед бин Салман го осуди убиството како „гнасно и многу болно злосторство“ и вети дека судот ќе ги казни виновниците.Убиството ги отежна односите на западните земји со богатата монархија, најголемата извозничка на нафта во светот, голем купувач на оружје од запад.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Во Ријад направени договори од 56 милијарди долари и покрај страшното убиство на новинарот

Властите на Саудиска Арабија соопштиле денес дека биле потпишани договори вредни 56 милијарди долари на овонеделната инвестициска конференција во Ријад, и дека САД ќе останат клучен партнер на Саудиска Арабија, и покрај делумниот бојкот на тој собир поради убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.Еден број водечки светски службеници и директори на компании од САД и Европа ја бојкотирале тридневната инвестициска конференција која почнала во вторникот, но, и покрај тоа, конференцијата "Идни инвестициски иницијативи" привлекла стотици бизнимени и владини службеници од земји ширум светот.Главна цел на тој настан е привлекување на странски капитал за да се поддржи спроведувањето на саудиските економски реформи."Направени се повеќе од 25 договори во вредност од 56 милијарди долари", изјавил саудискиот министер за енергетика Калид Ал Фалих на државната телевизија, додавајќи дека со американски компании биле потпишани најмногу договори."САД ќе останат клучен дел од саудиската економија бидејќи интересите кои не врзуваат се многу поголеми од интересите кои ослабеа со неуспешниот бојкот на конференцијата", изјавил тој.Убиството на Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул предизвикало критики од целиот свет, а Саудиска Арабија дури по повеќе од две недели соопштила дека Кашоги бил убиен во нејзиниот конзулат во Истанбул.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Вице Заев ја официјализираше коалицијата со Мијалков

Со интервјуто на братот на Зоран Заев, Вице Заев само се официјализираше новата коалиција Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков, реагира ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Вице Заев.Иако не е достојно нивото на комуникација потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски да му одговара на Вице Заев човек за кој постојат сериозни сомнежи за криминал би го посочиле следново: Непобитен факт е дека Вице Заев е дел од структурите кои вршеа притисок, уцени и закани врз пратеници за да гласаат „ЗА“ уставните измени, водејќи се од лични и лукративни интереси за него и неговото семејство. Тоа е единственото што знаат да го прават. Такви се тие „успешни бизнисмени“.Вистината и правдата ќе дојде на виделина и ќе дојде време за тоа. Нема никакво извинување за криминалниот картел на власта, а судството кое е целосно диригирано од Заеви каде неправдата „цвета како пупка“ истото тоа кое го ослободува братот на Вице, Зоран Заев од очигледни криминали каде постојат видеа за поткуп, во овој момент не може да испорача правда. Иако ќе дојде набргу време и тоа да се промени.И за крај во НАТО и ЕУ не поминуваат бизнис шемите на Заеви и затоа е смешно Вице да зборува за нив“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

200 вработени во администрација – живеат во странство, а земаат плата

Вработен во администрација, не живее во државата, а си добива плата. Овој профил на државен административец беше презентиран од универзитетските професори кои зборуваа на тема реформи на администрацијата. Станува збор за главно таканаречени рамковни вработувања.Министерот не верува во ова, бројката од 200 административци ја става во друга графа.Но не се само административците печалбари проблем во администрацијата. Направени се две анализи, а по резулаттаите од нив државата ќе става ред во хаосот, вака се изрази министерот Дамјан Манчевски. Има институции кај кои се преклопуваат надлежности, има органи кои имаат само по еден или по двајца вработени и тие треба да бидат елиминирани.Реформите според планот и целта не би требало да предизвикаат отпуштања, а доколку се појави вишок вработени ќе се прави договор со приватниот сектор да бидат префрлени таму.

Македонија | пред 7 години

Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: Мицкоски не може да се помири дека конечно се гради систем на социјална и детска заштита којшто ќе извлекува од сиромаштија

„Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува лицемерно се однесува кон најранливите категории граѓани, стиснати во прегратката на Никола Груевски, човекот што 11 години го уништуваше системот на социјална заштита додека парите на граѓаните ги трошеше за луксуз, барок, споменици и криминални тендери. Очигледно антинародниот Христијан Мицкоски не може да се помири со тоа што конечно се гради систем на социјална и детска заштита којшто ќе извлекува од сиромаштија“, велат од владејачката СДСМ.Оттаму додаваат дека, пионот на Никола Груевски, антизападниот Мицкоски, заглавен во криминалот на неговиот претходник, може да учи што значи вистина грижа за ранливите граѓани и како се гради систем што извлекува од сиромаштија.„Владата предводена од СДСМ во изминатиот период спроведе низ мерки што обезбедуваат повеќе пари кај семејствата, а се работи и на суштинска реформа на системот за социјална и детска заштита кој ќе има за цел трајно извлекување на граѓаните од сиромаштија. Со реформите на системот на социјална и детска заштита, на почетокот на следната година, покрај постојните 26 илјади домаќинства, кои добиваат гарантирана социјална помош, дополнителни 11 илјади домаќинства ќе имаат право на овој надоместок.Семејствата со деца и со ниски приходи ќе добиваат полесен пристап до детскиот додаток и се очекува бројот на деца кои ќе го користат ова право да биде над 70 илјади, за разлика од едвај 3 илјади деца кои сега имаат право на детски додаток. Се воведува детски и образовен додаток, надоместоци кои освен корисниците на гарантираниот минимален приход, право на негово користење ќе имаат и домаќинствата со минимални приходи.Дополнително Владата предводена од СДСМ го решава проблемот со стечајните работници. Со последните законски измени околу 8.100 стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок во висина од 7.596 денари до пензионирање. Јасно е, се спроведува сериозни и сеопфатна реформа на системот за социјална заштита што беше урнисан од носителот на криминалот, Никола Груевски“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања