Најстудено утрово на Попова Шапка и во Берово, измерени 2 степени
Најстудено утрово во Македонија било на Попова Шапка и во Берово, каде се измерени само 2 степени.Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, 3 степени биле измерени во Лазарополе и Маврови Анови, додека 4 степени имало во Крушево и Претор.Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнало во Берово – 19 литри на метар квадратен. По него следуваат Маврови Анови, Струмица и Куманово со по 12 литри на метар квадратен.Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди.
Македонија | пред 5 месеци