Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

makron

Што знаеме за итниот состанок на Макрон со најмоќните лидери на ЕУ денес

Европските лидери се состануваат на вонреден самит во Париз за да разговараат за плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да стави крај на војната во Украина поради стравувањата дека ќе бидат исклучени од разговорите.Целта е да се договори заедничка стратегија за тоа како да се справи со Трамп, да се разгледа што може да му се понуди и да се види кои се европските ограничувања кога станува збор за инвазијата на Москва од Украина.На состанокот во Париз се очекува да присуствуваат лидерите на Германија, Велика Британија, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска, како и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, соопшти Елисејската палата.Францускиот претседател Емануел Макрон го организираше состанокот за да започне консултации за ситуацијата во Украина и предизвиците што таа ги поставува за безбедноста во Европа, се вели во соопштението, додавајќи дека процесот може да продолжи и во други форми. Состанокот беше договорен за кратко време за време на безбедносната конференција одржана во Минхен минатиот викенд.Дипломатите рекоа дека во Париз ќе разговараат и за тоа како Европа би можела да придонесе за евентуален мировен договор, откако САД ги повикаа Европејците да почнат да придонесуваат повеќе.Земјите од ЕУ и Украина се загрижени поради можноста САД и Русија да бараат билатерално мировно решение, особено откако Трамп разговараше со рускиот претседател Владимир Путин минатата недела.За да го забрза преговарачкиот процес со Москва, администрацијата на Трамп претстави план кој ќе ја исклучи Украина од НАТО, ќе и дозволи на Русија да направи територијални отстапки и ќе ја затвори вратата за американско учество во идните мировни операции. ЕУ размислува за такви услови кога Вашингтон им врти грб на сојузниците во корист на склучување договор со Путин.Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во интервју за NBC News за време на викендот, рече дека „никогаш нема да прифати какви било одлуки за Украина донесени меѓу Соединетите Држави и Русија“, повторувајќи „никогаш“, а потоа го предупреди Трамп: „Не му верувај на Путин“.Доцна во неделата, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека Украина и Европа исто така треба да бидат вклучени во преговорите со Москва.Состанокот во Париз се одржува во истата недела кога Рубио треба да се сретне со руските претставници, американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и советникот за национална безбедност Мајк Валц во Саудиска Арабија. За време на разговорите во Саудиска Арабија на преговарачка маса нема да има ниту украински ниту европски претставници.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-02-17-at-09.14.14

Акција во Скопје, по уништувањето на паркови од малолетници

„Заедничка акција низ Скопје, заедно со министерот Панче Тошковски и колегата Горан Герасимовски“, објави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и додава:Вечерва заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, спроведовме заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје на Скопје и во Кисела Вода. Претходно, одржавме и координативен состанок во полициската станица во Центар за нашите заеднички заложби.Целта на оваа иницијатива беше да се направи увид на состојбата со присуството на малолетници во доцните часови, да се разговара со нив и да се испрати јасна порака за важноста на превенцијата во борбата против малолетничката деликвенција. Од страна на МВР информираа дека ќе се разгледа и можноста во рамки на системот „Безбеден град”, кој што опфаќа камери на сообраќајници да се надогради со видео надзор на парковите. Оваа активност доаѓа непосредно по едногласното усвојување на иницијативата од страна на ЗЕЛС, а поднесена од Општина Центар, која се залага за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам.Се залагаме за воспоставување силна меѓуинституционална соработка со цел воведување на општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам. Вечерва, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, имавме можност да ја видиме состојбата на терен и директно да поразговараме со младите. Ова е одличен пример за тоа колку е важна координацијата меѓу локалната самоуправа, МВР и останатите надлежни институции во креирањето ефикасни механизми за превенција и заштита на јавниот ред и мир. Во следниот период, ќе продолжиме со активни чекори за имплементација на усвоената иницијатива, со цел создавање безбедна средина за сите граѓани, особено за младите.

Скопје | пред 1 година

market-pari

СДСМ ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот мерки за спас на животниот стандард на граѓаните

СДСМ денеска ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот мерки за спас на животниот стандард на граѓанитеДенеска во македонското Собрание СДСМ ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот економски мерки за спас на економијата и животниот стандард на граѓаните.За само 8 месеци неспособноста на власта драматично ја влоши економската состојба во државата.Животниот стандард опаѓа, цените на храната пораснаа за 20%, трошоците за живот за 4,9%, сметките за струја се зголемени за 30%, поскапе и парното за 5% а платите стагнираат. Граѓаните имаат се помалку пари во џебовите и едвај врзуваат крај со крај борејќи се огромната скапотија.И останатите економски параметри се влошени, индустриското производство е намалено за 1,4%, извозот е намален за 5,9% а странските инвестиции веќе се повлекуваат од земјава.Неспособноста на Владата на Мицкоски ја води земјата во економска криза, додека граѓаните се оставени без никаква помош. Политиките на кошнички доживеаја тотален дебакл а власта нема одговор на растечката скапотија и сирoмаштија.СДСМ има 7 мерки, пакет решенија за спас на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните кои вклучуваат: намалување на ДДВ за струја од 18% на 5%, укинување на ДДВ за храна на 0%, замрзнување на цените на основните производи, фиксирање на маржите, зголемување на платите во приватниот сектор и спроведување на законот за нефер трговски практики.Ги повикуваме сите пратеници во Собранието да ги поддржат овие мерки и да застанат во заштита на граѓаните!

Македонија | пред 1 година

dereban

Деребан: Коцевски наместо да се занимава со гонење на криминал и корупција, е занимаваше со посредување на спогодби

На синоќешното гостување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, заменик министерот за правда, Ален Деребан се осврна на минатото и кажа дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има наследено држава во која не владеат Уставот и законите.„Оваа Влада наследи држава во која не владеат Уставот и законите. Држава во која секојдневно бевме сведоци на кршење на основните човекови слободи и права. Република Македонија беше доведена до степен да се декларира како држава во која владее правна несигурност со длабоко вкоренети системски криминал и корупција, кои што го разјадуваат секое здраво ткиво од општеството’’, истакна Деребан и посочи дека крајно време е да се воведе ред и правда во Македонија.Деребан нагласи дека актуелната одлука на Влада за разрешување на ЈО Коцевски е одличен потег и е еден од чекорите за тоа како да се бориме против криминалот и корупцијата.„ Очекував и претходно да даде оставка, поради сите случувања во правосудниот систем, поради тоа што, како резултат на нивното работење ние имаме пад на индексот за перцепција за корупцијата во кој детално е нагласено дека една од основните, главните причини е не постапувањето и неажурноста на обвинителството во предметите со корупција и висок степен на криминал’’, потенцираше заменик министерот, кој додаде дека ова е една од главните причини за одлука да се разреши ЈО Коцевски.Тој појасни дека работата на државниот јавен обвинител е да гони криминал и корупција, а не тој самиот да биде вклучен во истата.„Јавниот обвинител наместо да се занимава со гонење на криминал и корупција, во претходниот период, се занимава со внатрешно пресметување со останатите обвинители и со посредување при склучување на судски спогодби, каков што беше случајот со поранешниот Врховен судија и поранешниот потпретседател на Советот за јавни обвинители’’, изјави Деребан.Деребан се осврна и на составот на Судскиот совет за кого истакна дека веќе не е кредибилен.„Овој состав на Судскиот совет целосно го има изгубено својот кредибилитет и не може да биде носител, ниту дел од реформите во правосудството. Овој Судски совет е причина за голем број на домашни и меѓународни негативни извештаи. Исто така е причина за падот на индексот за перцепција на корупцијата, каде што е нотирано дека една од причините е лошата контрола на овој Судски совет врз судиите“, заклучи Деребан.

Македонија | пред 1 година

ukraina1

Украински пратеник: Разговорите меѓу САД и Русија ќе се само увертира, ако не бидеме вклучени

Украина мора да биде на преговарачка маса, изјави утринава за Sky News украинската пратеничка Лесија Василенко, пред разговорите меѓу САД и Русија.Василенко рече дека доколку Украина не биде вклучена во планираните преговори, овие разговори би можеле да бидат „само увертира за мировниот процес“ што американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да го постигне.За предлогот на британскиот премиер Кир Стармер да испрати британски војници во Украина доколку се постигне мировен договор со Русија, Василенко рече дека тоа е „одлична вест, но и малку задоцнета“.„Ќе помогнеше ако британските, француските и германските војници беа присутни многу порано“, додаде таа.Таа истакна дека се уште има многу неодговорени прашања во врска со мировната мисија на ОК, како на пример кои граници ќе се надгледуваат и кои области.Таа нагласи дека нејзините коментари не биле критика на Британија, туку сакала да ги знае околностите околу предлогот на Стармер, додавајќи дека Британија се покажала како најсигурен сојузник на Украина.

Свет | пред 1 година

kocevski-1

Судство составено од Трпков и Кацарска, е рамно на неправда и криминал еднаков на ДУИ и СДС, потребни се промени, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Одбраните судии на СДС и ДУИ играат како „змии“, излегуваат од дупките само кога ќе им засвират Заев, Филипче и Ахмети“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Стара поговорка вели што ќе посееш, тоа ќе пожнееш. СДС и ДУИ ги посеа Кацарска, Рускоска, Трпков и Коцевски, и никнаа корупцијата и криминалот. Негативни рекорди рушиме секојдневно, буквално судството може да држи лекции за тоа како да си корумпиран, а да не одговараш.Дека во Македонија владее политичко инструирано судство и обвинителство, можеме да видиме од постапките на Рускоска која преку Кацарска и Трпков, си играше со судбините на луѓето што беа вклучени во случајот за 27 април. За добро завршената работа, Кацарска стана Уставен судија, а Трпков наместо човек од правото, стана човек на политиката.Тандемот Трпков, Кацарска пресудија над 200 години затвор за 27 април додека државата потопена во криминал од ДУИ и СДС се распаѓаше по сите основи.Да не се заборави нивната улога на џелати во водењето на судските процеси, игрите со пртиворите, стигматизацијата, осудите на луѓето без пресуда, и мивното политичко водење на случаите.Ова не проаѓа без нивниот сиамски близнак, ЈО во заминување Љупчо Коцевски, кој треба да си понесе одговорност затоа што е дел од политичката архитектура на СДС и ДУИ во судството и затоа што незаконски поставува и разрешува кадри во судството, онака како што нему му одговара.Затоа СДС се загрижени и не сакаат промена на обвинителот Коцевски.Затоа СДС не се откажува од своите политички кадри во судството.Правдата во Македонија доаѓа и реформите во судството се во тек.

Македонија | пред 1 година

volodimir-zelenski003-830x0-1

Извор на БиБиСи: „Киев не е поканет на американско-руските разговори за ставање крај на војната во Украина!“

Киев не е поканет на разговори меѓу САД и Русија за ставање крај на војната во Украина, изјави за Би-Би-Си висок извор од украинската влада.Специјалниот претставник на САД за Украина, Кит Келог изјави дека Киев ќе учествува во преговорите во Саудиска Арабија, но истиот извор за Би-Би-Си изјави дека таму нема да има украинска делегација.Ниту европските лидери не се поканети на преговорите и наместо тоа ќе се сретнат во понеделник во Париз, на самитот што набрзина го организираше францускиот претседател Макрон, во услови на зголемена загриженост дека Европа е исклучена од преговарачкиот процес.Овие одделни состаноци доаѓаат по бурната недела во која Вашингтон навести драстична промена во пристапот кон војната во Украина.Специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, во неделата навечер потврди дека патува во Саудиска Арабија на првите директни разговори меѓу САД и Русија за ставање крај на конфликтот.Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата откри дека Виткоф веќе се сретнал со Путин „во многу долг разговор, кој траеше околу три часа“.Виткоф, милијардер инвеститор во недвижнини и близок пријател на Трамп, беше во Москва оваа недела за да обезбеди ослободување на американскиот учител затворен поради поседување марихуана.Американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Валц ќе се сретнат и со руските преговарачи во Саудиска Арабија, помалку од една недела откако Трамп телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин.Разговорот, одржан во средата, стави крај на тригодишната пауза во директен контакт меѓу Москва и Вашингтон.Зеленски постојано ја отфрла можноста за прифаќање мировен договор без Украина, велејќи за американската телевизиска мрежа NBC во неделата дека „никогаш нема да прифати каков било договор меѓу САД и Русија за Украина, никогаш“.Виткоф рече дека американските власти одделно комуницираат со украинските власти и дека Украина е „дел од преговорите“, но не прецизираше дали се очекува присуство на Киев во Саудиска Арабија.Трамп во неделата во Палм Бич, Флорида, рече дека очекува Зеленски да учествува во преговорите, иако не објасни како.Тој исто така рече дека ќе им дозволи на европските земји да купат американско оружје за Украина.На прашањето на Би-Би-Си кога очекува конкретни резултати од мировните преговори и завршување на војната, Трамп само рече дека тие „работат на тоа“ и ја обвини претходната администрација за конфликтот.Во меѓувреме, Рубио го минимизираше значењето на разговорите во Саудиска Арабија, велејќи дека една средба нема да ја реши војната и дека сè уште не е воспоставен формален преговарачки процес за посредување меѓу Украина, Русија и трети страни.Сепак, тој изјави за CBS News дека наредните денови ќе покажат дали Путин е сериозен за постигнување мир.Поради забрзаното темпо на неодамнешните настани, група европски лидери, меѓу кои британскиот премиер Кир Стармер, генералниот секретар на НАТО Марк Руте, германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, ќе се состанат во понеделник во Париз.Францускиот претседател Емануел Макрон ќе одржи неформален состанок за Украина и европската безбедност.Пред самитот, Стармер рече дека Обединетото Кралство е подготвено да обезбеди безбедносни гаранции за Украина, вклучително и „испраќање војници на теренот, доколку е потребно“.Во написот за британскиот Дејли Телеграф, премиерот истакна дека обезбедувањето траен мир во Украина е „клучно ако сакаме да го одвратиме Путин од натамошна агресија во иднина“.Американскиот претставник за Украина, Келог, претходно ја отфрли загриженоста дека Европа не е поканета на разговорите во Саудиска Арабија, тврдејќи дека претходните обиди не успеале токму поради тоа што имало премногу вклучени страни.„Можеби звучи грубо, но јас ви кажувам нешто што е навистина искрено“, рече тој во саботата.Овие состаноци означуваат забрзување на напорите на Трамп за брзо ставање крај на војната.Белата куќа објави дека американскиот претседател во средата имал „долг“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, по што Трамп рекол дека веднаш ќе започнат преговорите за запирање на „смешната војна“ во Украина.Тој, исто така, рече дека не е „практично“ Украина да се приклучи на НАТО и дека е „малку веројатно“ таа да се врати на своите граници во 2014 година пред руската инвазија.Украина постојано повикуваше на членство во НАТО и отфрли каков било мировен договор што би вклучувал територијални отстапки за Русија.Ставот на Трамп го повтори и неговиот министер за одбрана, предизвикувајќи загриженост во Европа дека САД можеби веќе прават отстапки за Русија пред да започнат официјалните мировни преговори.Пит Хегсет, американскиот секретар за одбрана, исто така, изјави дека европските земји мора да одвојат „огромно мнозинство“ средства за Украина, тврдејќи дека САД повеќе нема да „толерираат неурамнотежен однос“ со сојузниците.Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција во петокот рече дека Европа мора да биде „значително поангажирана“ во сопствената одбрана, а неговиот говор беше огромно.o критички настроени кон европските демократии.Зеленски во саботата повика на создавање на европска армија, тврдејќи дека континентот повеќе не може да се потпира на Вашингтон.Во меѓувреме, војната во Украина продолжи во неделата - Зеленски рече дека рускиот напад оставил најмалку 100.000 луѓе без струја во Миколаев.Тој рече дека домовите останале без греење по нападите со беспилотни летала врз „критичната инфраструктура“ на градот.На 24 февруари 2022 година, Русија започна општа инвазија на Украина, откако веќе го окупираше Крим и дел од источниот регион Донбас во 2014 година.

Свет | пред 1 година

f_36037155_1280

Русија тврди дека спречила масовен украински ноќен напад, остатоци од дрон паднале врз голема рафинерија?

Украински напад со беспилотно летало во рускиот регион Краснодар повреди едно лице и оштети најмалку 12 куќи, изјави гувернерот на јужната руска област рано во понеделникот.Во објава на апликацијата за пораки Телеграм, гувернерот Вениамин Кондратиев го нарече нападот „масивен“, но не даде дополнителни детали.Рускиот информативен канал SHOT Telegram објави дека Украина се обидела да ја нападне рафинеријата за нафта Илски и дека остатоците од дрон предизвикале пожар таму. Ројтерс не можеше независно да го потврди извештајот. Засега нема коментар од Украина.Рафинеријата, која има капацитет од околу 138.000 барели дневно, беше цел на бројни украински напади од 2023 година, кога Киев ги засили нападите со беспилотни летала врз руската енергетска инфраструктура.Министерството за одбрана соопшти дека руските единици за воздушна одбрана пресретнале и уништиле 90 украински беспилотни летала во текот на ноќта. Триесет и осум беспилотни летала беа соборени над Азовското Море, 24 над јужниот руски регион Краснодар, а останатите над неколку други региони на југот и западот на земјата, како и над полуостровот Крим, соопшти Министерството во објава на апликацијата за пораки Телеграм. Министерството соопшти дека неговите одбранбени единици уништиле и наведувана ракета над Азовското Море.Од друга страна, руските трупи ги засилија нападите во источна Украина, соопшти во неделата војската на Киев, додека официјален претставник на НАТО предвиде дека Москва ќе го зголеми темпото и интензитетот на нападите додека се приближуваат разговорите за ставање крај на војната. Главните напади биле концентрирани во близина на загрозениот логистички центар Покровск, соопшти Киев.Во наредните денови се очекува американски и руски претставници да разговараат во Саудиска Арабија, а американскиот претседател Доналд Трамп да се заложи за мир.

Свет | пред 1 година

28112024_Miteva

Митева: Државниот јавен обвинител работел нетранспарентно, штител определени лични интереси и работел надвор од закон, затоа Владата бара негово разрешување

„Зошто досега не е направена сериозна борба против криминалот и корупцијата од човекот кој ја има првата обврска да го прави истото би кажала дека тоа е поради две работи. Прво поради поданичкиот однос кој го има кон оние коишто го избрале или поставиле на тоа место а тоа се СДС и ДУИ. Втората работа е заради тоа што наместо да се бориме за право и правда некако го злоупотребуваме тоа од страна на Државниот јавен обвинител, односно го заобиколуваме законот и се користи онака како што цениме дека е поволно за нас во определен момент“, истакна портпаролот на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Реформи во судството, чекор кон ЕУ“.Митева посочи дека Владата одлучила да преземе чекори за разрешување на Државниот јавен обвинител поради нетранспарентнотно работење.„Како Влада поради сите овие состојби и поради нетранспарентнотно работење наспроти законите, штитењето на определени лични интереси, постапувањето надвор од законите, но најважно од се поради многу ниската доверба која граѓаните ја имаат во правосудниот систем во целина, Владата одлучи да преземе вакви чекори односно да го задолжи надлежното министерство во овој случај тоа е министерството за правда, да ги покрене сите оние процедури за да се започне смена на Државниот јавен обвинител“, рече Митева.Митева продолжи и додаде:„Ние бевме сведоци во минатото навистина на многу голем број скандали кои се случуваа. Ние постојано зборувавме и во предизборната кампања дека мора да се стави ред во правосудството, мора да се постапува согласно закон, дека мора да ги напуштиме оние клики кои постојано го злоупотребуваат правосудниот систем, дека не смееме повеќе да дозволиме да штити лични, партиски бизнис интереси дека во оваа држава мора да воспоставиме ред“, вели Митева.Митева потенцираше дека постапките кои ги преземаат како Влада се оправдани и се поздравени од граѓаните.„Постапките кои ги преземе како Влада се оправдани и се поздравени од граѓаните кои несебично ни ја дадоа довербата пред само 8 месеци. Затоа што кога вие работите и го слушате гласот на народот и постапувате согласно очекувањата што се од вас тогаш мислам дека многу се мали шансите да погрешите или да ја нарушат довербата или да не доведат во ситуација да имаме извештаи како што ги имаме ние од година во година од сите меѓународни институции кои ја назадуваат Македонија и ја спуштаат на се пониско ниво“, децидна е Митева.Митева во однос на интерпелација за членовите на Судскиот совет истакна дека таа е добар показател и добар стар за никогаш повеќе да не се повторат такви дејствија.„Ваквиот чекор со Судскиот совет односно со покренувањето на интерпелација на членовите на Судскиот совет кои се избрани од страна на Собранието ќе биде добар показател и добар старт за никогаш повеќе да не ни се повторни вакво дејание и никој да не се чувствува дека е доволно комотен на позицијата која ја има затоа што комоцијата треба да ја имате само кога работите исклучиво за интересите на граѓаните, по закон и секогаш да се спремни да одговара за преземените активности. Мислам дека овој чин на покренување интерпелација треба да ги освести самите членови на Судски совет оние кои се избрани од Собранието и воопшто да не ни чекаат да заврши интерпелацијата“, заклучи Митева.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Малолетник од Косово прегази пешаци со “ауди” во Скопје

На 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ .Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

DSC_0699

Сообраќајка во Струмица, загина возач

На 15.02.2025 околу 19.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат на делницата од Струмица до с.Дабиље, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.И.(46) од Струмица, и товарно возило „даф“ со полуприколка со украински национални ознаки, управувано од С.П.П.(42) од Украина.На местото на настанот починал возачот на возилото „пежо“. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-16-at-10.23.55

(Видео) Србија се сретна на Сретење, Крагуевац испиша историја

Непрегледна маса народ, на Денот на државноста цели 15 часа го блокираа булеварот Лепенички и поширокиот центар на Крагуевац. Повод и овој пат 15-те смртни случаи при уривање на настрешница на 1 ноември минатата година, а Крагуевац беше избран бидејќи во 1835 година беше донесен токму тука првиот модерен Сретенски устав.[caption id="attachment_321853" align="alignnone" width="543"] Screenshot[/caption]Студентите пеш дојдоа од цела Србија, за да го изразат своето незадоволство. Но дојдоа и нивните родители, баби и дедовци, професори.Реки колони пристигнуваа од Белград, Ужице, Горни Милановац, Чачак, Краљево, Нови Пазар, Белград, Нови Сад, Ниш, но и од Приштина и цело Косово.Како поддршка пристигнаа луѓе со трактори, велосипеди и моторџии.На настанот во Крагуевац беше прочитано писмо од студентите:„Се среќаваме на местото каде што се роди српската државност, во Крагуевац. За студентите, Уставот на Сртење е многу повеќе од обичен историографски факт во нашиот студентски паралелен универзум, уставите постојат за да се имплементираат најважните општествени вредности. Писмо без апликација е бескорисно”, наведуваат студентите во писмото. Собраните студенти во Крагуевац во 11:52 оддадоа почит со петнаесет минутна тишина на настраданите во падот на надстрешницата на железничката станица во Нови Сад, а втор пат тоа го направија во 23:52. По петнаесет минутната тишина започнаа прошетка на учесниците на протестот „Сретни се на Сретение“ низ главните улици на Крагуевац, која ја предводеа студентите од Крагуевац. На чело на колоната беа знамињата на Србија, Универзитетот во Крагуевац.Беа поставени 15 празни столици со имињата на настраданите.На столиците биле поставени и бели рози, а граѓаните околу овие столци оставале свеќи.Студентите се децидни дека продолжуваат со протестите.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-02-16-at-10.17.05

(Видео) Оџа од Чаир: „Како Тексас станавме, срамота сме на светов! Парампанче се правите меѓу себе“

По убиството на Хебиб во Чаир, кој имаше едвај 35 години, оџата Мyарем Исмали од џамијата Иса Бег во своето обраќање по петочната молитва ги постави прашањата со кои треба да се соочи целото пошироко општество - за да се престане со насилство и дивеење, со пукање и газење луѓе; за да се вратиме на темелните човечки вредности и секој еден човечки живот да биде свет за секој од нас.

Коментари | пред 1 година

Нема фотографија

Вучиќ ќе напише книга како ја победил „највалканата шарена револуција“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е готово со шарената револуција и со протестите, за кои тврди дека се платени однадвор.Најави дека ќе издаде книга „Како ја победив шарената револуција“. Протестите на студентите по повод трагедијата на железничката станица во Нови Сад ги нарече „највалканата шарена револуција во човештвото“.Од студентите побара да се вратат во школските клупите, и да се фатат за книга намето за ѕвончиња и знамиња.„Слушајте го вашиот претседател, имам уште една и пол година, не повеќе од тоа, прогласете победа, исполнети ви се сите барања, вратете се во вашите клупи. Тогаш ќе направите најмногу за вашите родители, вашата земја, но и за себе и за вашите идни семејства. На оваа земја и треба знаење, а знаење без учење и работа не може. Книги деца, а не ѕвончиња и знамиња”, рече Вучиќ.Ги повика на разговор студентските лидери, професорите, а тие секојдневно од протестите му порачуваат на Вучиќ дека не е надлежен.„Да се обложиме дека ќе го направат тоа? Готово е. Претежно протестираат најбогатите. Основната структура на секоја револуција е да генерираат незадоволство. Ние барем кажуваме кој им ги плаќа сендвичите а тие не кажуваат кои им ги плаќа јагнињата, прасињата, автобусите. Некој од навдор, се работи за голема сума на пари. Самите се пофалија дека вложиле 3,1 милијарда за мое рушење, и веќе загубија“, рече Вучиќ.

Свет | пред 1 година

kocevski1111

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Русковска, Кацарска и Трпков

И денеска владеачката партија реагира на состојбите во правосудството и останува на ставот дека државниот обвинител Љупчо Коцевски мора да биде разрешен.,,Македонија се гуши во дивото месо посеано од СДС и ДУИ кое како канцер ја има зафатено правдата во Македонија.Основаните сомнежи и впечатоци се дека синоним за политизирана правда се постапките на екс обвинителката Рускоска која со дежурните судии за 27 април Добрила Кацарска и Илија Трпков, станаа синоним за тоа како изгледа политички инструираното судство и обвинителство. Иако тие мислат и се надеваат дека нивните злодела ќе бидат заборавени и затскриени, Македонија не заборава.Политичките партии СДС и ДУИ си најдоа кој да обвинува, кој да суди. Потоа дури Кацарска ја унапредија и за Уставен судија, а судијата Илија Трпков држи политички говори за 27 април.На сите вакви и слични неправди печат стави нивниот сиамски близнак Љупцо Коцевски кој треба да биде разрешен, не само затоа што е дел од политичката архитектура на СДС и ДУИ во судството, туку и затоа што е незаконски и поставува и разрешува кадри во својството делејки ги на подобни за неговите политички ментори и неподобни.Токму затоа СДС се толку загрижени и се против реформите во судството.Доаѓа време на правда, и на реформи на последното политичко упориште на криминализираниот дел од општеството во Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

15022025_MICKOSKI-3

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа- Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција .Премиерот Мицкоски говореше за новите предизвици кои се исправаат пред НАТО, за плановите на Македонија во областа на енергетиката, како и за идните односи во Европа.Тој посочи дека воопшто не е изненаден од говорите на Минхенската безбедносна конференција и одредени промени на „ветриштата кои дуваат".Кога зборуваме за НАТО не заборавајте дека мојата држава за да стане член на НАТО, го промени името. Кога се зборува за откажувања и за двојни стандарди не треба да заборавиме на ова.Нашата посветеност за НАТО не може да се доведе во прашање, со многу страдање и понижувања станавме членка на НАТО- рече премиерот Мицкоски и дополни дека не е изненаден од последните случувања и најави на американската администрација.Премиерот Мицкоски посочи дека кога се говори за двојни стандарди во политкиката треба да се има предвид македонското прашање, затоа што две декади кандидатскиот статус не може да се претвори во членство заради вештачките прашања кои се отвораат.Ги слушнав гласините во Минхен, за мешање во внатрешните прашања, но кога го менувавме нашето знаме, кога ја менувавме валутата или кога го менувавме нашето уставно име, што беше тоа? Не ли беше тоа мешање во внатрешните работи и зошто тогаш никој гласно не говореше. Дури и сега се соочуваме со барање за менување на уставот пак, доколку сакаме да почнеме преговори со ЕУ. Што е тоа? Зарем не е тоа мешање во внатрешните работи?- запраша Мицкоски.Ние сме дел од Европа и сакаме да ги аплицираме европските вредности. Но она што се случува е нешто што е комплетно различно. Ние сме сведоци на тн “балканизација на Европа“, наместо “европеизација на Балканот“. Некои балкански земји членки ги донесоа балканските спорови и балканските вредности во Брисел, наместо да е обратно.Вие рековте дека Русија го негира украинскиот идентитет, јазик, црква, ужасна инвазија која беше многу погрешна во 21 век, но во исто време парламентот на една од најмладите членки на ЕУ го негира македонскиот идентитет, македонскиот јазик кој е официјален јазик на ООН од 1945 и е меѓународно кодификуван од 1977, тогаш за што зборуваме? Зошто сите молчат тогаш- потенцираше Мицкоски и посочи дека Македонија мора да добие извесност на својот пат кон ЕУ.Во врска пак со енергетските планови и Македонија како крстосница додаде:„ Ова изгледа како визија за иднината на Северна Македонија која има огромен потенцијал. Да се биде копнена земја може да се смета за недостаток, но вашиот пристап- да ја искористите географската положба преку Коридорите 8 и 10 е многу стратешка.Коридорот 8, кој ги поврзува Црното Море со Јадранското Море, е критичен не само за економијата туку и за НАТО, бидејќи создава силна транспортна оска од Исток кон Запад.Истовремено, модернизацијата на Коридорот 10 може да го промени начинот на кој суровините и производите патуваат низ Европа, намалувајќи ја зависноста од далечни пристаништа како Ротердам и Хамбург. Ако пристаништето во Солун стане клучна точка за транспорт, Северна Македонија ќе добие значителна економска и геополитичка предност. “

Македонија | пред 1 година

footooo

Нов протестен марш за Фросина: Се тргнува од Универзална, се маршира за сите жртви

Росица Кулакова, сестра на усмртената Фросина, се приклучи кон ицијативата „Кој е следен“ која организира серија протести за безбедност во сообраќајот.„Да нема забуни, манипулации и политизирање! Нешто што ние од првиот ден го бараме! Ова е граѓански протест, протест на народот, протест на тагата, на револтот и на желбата да се остане тука! 16.30ч пред Универзална Сала.Симболично тргнуваме од овде. Местото каде што заврши сонот на Фосина. Местото каде што се прели чашата со крв. Местото каде што оваа иницијатива започна. Да и оддадеме почит на Фросина но и на сите жртви на корумпираниот и трул систем. 17.00ч пред Влада ( извршна власт) Ние како семејство јавно се заблагодаривме и сме благодарни на досегашната поддршка од Владата.Не протестираме против Владата, напротив, бараме да продолжи да не поддржува и нас како семејство, но исто така бараме да ја поддржи и иницијативата “Кој е следен” и да ги сослуша барањата што ќе произлезат од протестите. Истото го бараме не само од власта туку и од опозицијата! 17.45ч пред Собрание (законодавна власт) Бараме да се вклучат во промената на законите и Парламентот активно да контролира како тие закони се спроведуваат. 18.30ч пред Апелационен Суд (судска власт) Бараме да се свестат дека гнојот во општеството доаѓа од овде! Бараме да сфатат дека и тие се дел од народот! Бараме чинителите на судската власт да престанат да ги бранат нечесните меѓу нив, а веруваме дека не сите судии и обвинители се исти! Ве повикуваме сите да ни се приклучите во оваа борба за подобро утре! Сите сме Фросина!!! Секој еден може да е следен! Се гледаме утре пред Универзална во 16.30!“, напиша Кулакова.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Син и татко натепани од маж кој дошол сосе браќа пред казино во Охрид

Денеска (15.02.2025) во 02.45 часот во СВР Охрид К.М.(22) од Охрид пријавил дека на 14.02.2025 околу 23.40 часот пред влез од казино во Охрид, тој и неговиот татко Н.М. биле физички нападнати од А.И. и неговите браќа.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Охрид | пред 1 година

Habib-Bunaku-960x573-1

За убиството на Буњаку во Чаир: Две лица ги криеле пиштолите, по тројца се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта меѓу 10 и 11 февруари во скопската општина Чаир.Постапка е поведена и за уште две лица за дејствија на помагање по извршување на кривичното дело, затоа што по настанот сокриле два пиштоли, помагајќи на дел од осомничените да не бидат откриени.На критичниот ден, на паркинг на улицата „ Втора Македонска Бригада“, по претходна вербална расправија поради сообраќајно недоразбирање кај поликлиника Чаир, започнала вооружена престрелка меѓу две групи, при што првоосомничениот 28-годишник, со употреба на огнено оружје, со умисла го лишил од живот оштетениот Хебиб Буњаку и го довел во опасност животот на уште едно лице. Уште петмина осомничени исто така директно учествувале во престрелката, возвраќајки со дејствија на помагање и соизвршителство во убиство и обид за убиство. Последните двајца осомничени, по престрелката сокриле два од пиштолите користени во оружениот инцидент.Надлежниот јавен обвинител предложи мерка притвор за двајца осомничени за дејствија на убиство и обид за убиство, како и мерка куќен притвор за уште еден од осомничените. Притвор е предложен и за двајцата осомничени за кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело.По три лица полицијата се уште трага. Се преземаат и натаму дејствија за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-15-at-14.11.26

(Видео) Вучиќ подготвува сендвичи: Ние „сендвичарите“ денес имаме важна задача, да ја одбраниме Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ, во ист ден кога студентите од цела Србија на Денот на државноста се собраа во Крагуевац, најави голем собир во Сремска Митровица.Тој објави видео на кое се гледа како подготвува сендвичи:„Синиша ќе купи плескавички и ќебапи за луѓето што патуваат со воз, јас останувам доследен на традицијата и решив да спремам 20 сендвичи. Тоа ќе биде мој подарок за луѓето што патуваат за Митровица”, вели Вучиќ.Како што рече најголемиот дел од трошоците ќе биде покриен од партискиот буџет. Тој истакна дека нема никаква вмешаност од странски фондови како што се оние од USAID.„Кај нас се знае кој плаќа, кој не плаќа, нешто плаќаме ние, најголемиот дел го плаќа партијата, но она што е многу поважно, не плаќаат ни USAID, ни NED, ниту некој друг. Кај нас нема некоја голема гозба, мајонез, сирење, малку шунка, понекаде паризер, и мислам дека луѓето ќе бидат многу задоволни. Но ние сендвичарите денес имаме многу важна задача, а тоа е да ја одбраниме Србија од тие што сакаат да ја уништат“, рече Вучиќ.

Свет | пред 1 година

pozar-karpos

(Видео) Пожар пеплоса стан во „Тафталиџе 2“, станарите се спасиле

Пожар избувна доцна синоќа во „Тафталиџе 2“, каде целосно изгоре стан. Брзо било интервенирано од Противпожарната бригада, а жртви и повредени – нема. Станува збор за стан на улицата „Бриселска“. За сериозноста на пожарот говори и чадот кој вчеравечер се гледаше од сите страни на Скопје.„Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски заедно со членови од одделението за Заштита и спасување на општината, беше присутен на лице место и веднаш по гасењето на пожарот, ги задолжи службите на Општина Карпош да дојдат во текот на денешниот ден, штом завршо увидот на полицијата, за да го расчистат станот од изгорената покуќнина“, објави Општина Карпош.Јакимовски исто така кажа дека тој и Општина Карпош ќе помогнат на трочленото семејство како со човечки капацитети, така и финансиски, бидејќи станува збор за самохран родител, татко со двајца синови тинејџери.Градоначалникот Стевчо Јакимовски упатува апел и до сите други граѓани, институции и добри луѓе, да му помогнат на ова семејство, за да им се врати достоинството во нивните животи.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-12-02-at-09.03.48

Коцевски почна да коментира и статуси на „Фејсбук“

Обвинителстовото кое го предводи републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, почна да коментира и статуси на пратеници на социјални мрежи.Па така, испратија став по однос на фејсбук статусот објавен од Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Ова доаѓа откако Милошоски ја искоментира спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев и посочи дека е аргумент плус за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски.„Ова во однос на наводите на пратеникот Милошоски денеска, ниту во наведениот, ниту во кој било друг предмет Јавниот обвинител на Република Северна Македонија не бил во ситуација на судир на интерес“, вели портпаролката на Обвинителството по објавата на пратеникот на „Фејсбук“.Објавата на пратеникот:

Македонија | пред 1 година

orce-kiselavoda-4

Започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад во Кисела Вода

Започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад во Кисела Вода, вели градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски и додава:„Од денес, започнува голема акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад, која ќе трае три месеци, заклучно со 20-ти април. Истата се реализира во соработка со Министерството за животна средина, како дел од акцискиот план на Владата на Република Македонија за почист воздух. Акцијата ќе се одвива во текот на месеците февруари, март и април, во периодот од 15-ти до 20-ти во секој од овие месеци. За граѓаните ќе бидат обезбедени по две локации во секоја населба и населено место, каде што ќе можат да го изложат својот кабаст отпад, шут и електронски отпад. Жителите на општината можат да се ослободат од стариот мебел, апарати, градежен шут, неисправни електронски уреди како фрижидери, телевизори, компјутери, клими, замрзнувачи и други отпадни предмети. Електронскиот отпад ќе биде соодветно третиран од страна на социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа кое е лиценцирано за управување со неопасен отпад, што ќе овозможи негова еколошки одговорна обработка и спречување на штетни последици по животната средина. Собраниот електронски отпад безбедно ќе биде транспортиран во ,,Екоцентар97” на третман и понатаму на рециклирање“, вели Ѓорѓиевски и додава:„Ги повикувам сите граѓани да ја искористат оваа можност и бесплатно да го одложат својот кабаст и електронски отпад на соодветните локации и во предвидените денови. Со оваа акција спречуваме создавање на диви депонии и го заштитуваме здравјето на жителите, бидејќи со неа обезбедуваме и безбедно складирање и транспортирање на отпадот, без ризик за животната средина и здравјето на луѓето. Истовремено, инспекциските служби ќе вршат редовни контроли и ќе го санкционираат секој што нема да го почитува предвидениот начин на одложување отпад! Дополнително, покрај оваа акција која ќе ја спроведеме заедно со Министерството за животна средина, како дел од акцискиот план на Владата за почист воздух, ние како локална самоуправа интензивно работиме на генерално чистење од комунален отпад на сите 15 населби и населени места во општината. Досега се собрани 25 тони отпад, а акцијата ќе продолжи се додека не бидат опфатени сите местни и урбани заедници.🗺️ Локациите каде што ќе се изложува кабастиот отпад од 15-20 февруари се следните:▪️УЗ Пржино - ул. Милан Мијалковиќ (зад УЗ Пржино) и ул. Мариовска (покрај стовариштето на Треска)▪️УЗ Црниче – Ул. Наум Охридски (пред УЗ Црниче) и ул. Ениџе Вардарска (наспроти кладилница Копачка)▪️УЗ 11-ти Октомври згради – Ул. Пушкинова бр. 4 и ул. Михаил Чаков спроти УЗ 11 Окт. – згради▪️УЗ 11-ти Октомври бараки – Зад Космофон во делот покрај детско игралиште и Ул. Лазар Димитров кон Трим Патека на вториот влез▪️УЗ Кисела Вода – ул. Христо Татарчев бр.72 (кај амбулантата) и ул. 14 Декември (кај подземните контејнери)▪️УЗ Расадник – ул. 1511 (наспроти Кватро Кафе) и пред сала Расадник зад паркот за миленици▪️УЗ Цветан Димов – ул. Емил Зола бр. 7 и ул. Георги Димитров зад економското училиште▪️УЗ Бирарија – Ул. Томе Арсовски наспроти парк Бирарија и ул. Фредерик Шопен зад училиштето Кузман Ј. Питу🔹МЗ Пинтија – ул. Јабланица (на местото Славија веднаш до МЗ Пинтија) и ул. 1513 под делот на детска градинка🔹МЗ Усје – Паркингот пред МЗ Усје и на влез во УСЈЕ (десно до оградата на Цементара-Усје)🔹МЗ Припор – Ул. Христо Татарчев крак 14/159 и Под објектот на МЗ Припор🔹МЗ Подстаница – Ул. Сердарот бр.115 (кај фудбалско игралиште) и Ул. Сердарот бб (пред МЗ Подстаница)🔹МЗ село Драчево – ул. Китка (слободниот простор покрај гимназијата) и ул. Драчевска бр. 92 (пред стара пошта)▪️УЗ Бобан Трпков – нас. Драчево – ул. Бранко Заревски (зад УЗ Населба Драчево) и ул. Бранко Заревски бр. 17 (стакларска зграда)🔹МЗ Стаклара – ул. 1519 (делот кај трансформаторот спроти продавницата) и ул. 1520 (кај ширината пред почетокот на куќите).

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-14-at-08.12.00

Американскиот потпретседател: Вистинскиот проблем на ЕУ не е Русија, туку внатрешните проблеми

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс на конференцијата во Минхен рече дека е „време да се преиспита поддршката на САД за Украина“ и ја повика Европа да преземе поголема одговорност.Тој рече дека вистинскиот проблем на ЕУ не е Русија, туку внатрешните проблеми и неможноста да се дефинира заедничка безбедносна стратегија без САД.Неговиот говор предизвика остри реакции кај европските и украинските претставници, додека во Русија предизвика ентузијазам.„Се собираме на оваа конференција, се разбира, да разговараме за безбедноста. И обично размислуваме за заканите за нашата надворешна безбедност... Но, иако администрацијата на Трамп е многу загрижена за европската безбедност и верува дека можеме да постигнеме разумно решение меѓу Русија и Украина, ние исто така веруваме дека е важно Европа да обезбеди сопствена одбрана во наредните години“, започна Венс.„Заканата што најмногу ме загрижува за Европа не е Русија, не е Кина, не е некој друг надворешен фактор. Она што ме загрижува е заканата одвнатре, повлекувањето на Европа од некои нејзини основни вредности што ги споделува со САД“, рече тој.„Бев шокиран што поранешен еврокомесар неодамна беше на телевизија и ми звучеше воодушевено што романската влада штотуку ги поништи сите избори. Тој предупреди дека истото може да се случи и во Германија, ако работите не одат според планот“, продолжи тој.„Со години ни беше кажано дека сè што финансираме и поддржуваме е во име на нашите заеднички демократски вредности. Сè, од нашата политика за Украина до дигиталната цензура се најавува како одбрана на демократијата. Но, кога ќе видиме како европските судови ги поништуваат изборите и високи функционери кои се закануваат дека ќе ги поништат другите, треба да се запрашаме дали се држиме до високи стандарди“.„За жал, кога ја гледам Европа денес, понекогаш не е многу јасно што се случи со некои од победниците од Студената војна“, рече тој.„Гледам во Брисел, каде комесари на Европската комисија ги предупредуваат граѓаните дека имаат намера да ги затворат социјалните медиуми за време на граѓански немири веднаш штом ќе видат што тие го оценија како, цитирано, омраза содржина.„Или во оваа земја каде што полицијата врши рација на луѓе осомничени дека даваат антифеминистички коментари на интернет поради, цитира, борбата против мизогинијата на интернет“, продолжи тој.Венс потоа ја спомна Шведска, каде што еден човек беше осуден за палење Куран.„И можеби најзагрижувачки, гледам во Обединетото Кралство. Пред нешто повеќе од две години, државата го осуди Адам Смит Конор (51), ветеран и физиотерапевт, затоа што стоел на 50 метри од клиника за абортус и се молел во тишина три минути.„Шкотската влада почна да дистрибуира писма до граѓаните чии домови се во „безбедни зони“ предупредувајќи ги дека дури и приватната молитва во нивните домови може да резултира со прекршување на законот“, рече тој, а потоа го спомна коронавирусот:„Се плашам дека слободата на говорот е во опаѓање во Европа. Ќе признаам дека некогаш најгласните застапници за цензура дојдоа од мојата земја, каде што поранешната администрација се закануваше на социјалните мрежи дека ќе ги цензурираат таканаречените дезинформации. Дезинформации како идејата дека коронавирусот најверојатно потекнува од лабораторија во Кина. Нашата влада ги охрабри приватните компании да ги замолчат луѓето кои се осмелија да ја кажат вистината“, рече тој.

Свет | пред 1 година

Papa-2

Папата ја минува ноќта во болница

Папата Фрањо, кој боледува од респираторна инфекција, помина мирна ноќ во болница, објави во саботата италијанската новинска агенција АНСА.Папата, кој има 88 години, боледува од бронхитис повеќе од една недела и вчераутро беше однесен на лекување во римската болница Гемели.Според информациите од извори од Ватикан, пренесени од АНСА, папата имал мирна ноќ и температурата му паднала.„Постои оптимизам за новата терапија која започна вчера“, додаваат од АНСА.Ватикан вчера вечерта соопшти дека дијагностичките тестови покажале дека папата има респираторна инфекција.Папата Франциско има грип и други здравствени проблеми во последните две години.Како млад човек добил плеврит и морал да му биде отстранет дел од едното белодробно крило, а од неодамна е склон на белодробни инфекции.Тој од средината на декември има проблеми со дишните патишта.Папата од средината на декември се бори со респираторни проблеми.За време на неколку негови јавни настапи во јануари и февруари, тој побара од помошниците да ги читаат неговите подготвени говори.Болницата Гемели, најголемата болница во Рим, има посебен оддел за лекување на папата.Папата Франциско помина девет дена таму во јуни 2023 година, кога беше опериран од абдоминална хернија.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања