Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

filkovsd-2

Филков: Нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална

Министерот за правда Игор Филков во интервју за порталот МКД.мк осврнувајќи се на предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител ,Љупчо Коцевски вели дека негова оставка би била логичен и неопходен чекор за зачувување на интегритетот на правосудниот систем доколку е нарушена довербата или ако има доволно аргументирани причини за неговата одговорност.,, Овие резови, реформи и трансформации нема да бидат лесни и секогаш ќе има страна која ќе критикува. Кај широката јавност пак, се чувствува нетрпение, сите сакаат уште побрзо ефикасни решенија кои ќе го унапредат системот, на кој ќе му веруваме сите ние како граѓани. Но ќе треба трпение, знам дека нема назад, одиме само кон вистинскиот пат, кој најчесто е најтежок и најдолг за жал.Во однос на државниот јавен обвинител, неговата одговорност е клучна за правилното функционирање на правосудниот систем и довербата на граѓаните во институциите. Секое мислење од Советот на јавни обвинители е битно за оваа постапка , но важно е да се напомене дека Министерството за правда и Владата нема да се водат исклучиво од мислењата на еден орган, ако тоа значи дека се поддржуваат лица кои не го исполнуваат својот мандат на соодветен и професионален начин. Ако Советот на јавни обвинители даде негативно мислење за предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, тоа нема да значи дека постапката е завршена. Министерството за правда и Владата имаат обврска да ги преземат сите законски мерки и да го почитуваат процесот предвиден во Законот за јавното обвинителство , вклучително и можноста за покренување на постапка пред Собранието на Република Северна Македонија” ,посочи министерот Филков.Министерот тврди дека во изминатиот период сме биле сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство. Државниот јавен обвинител на Република Северна Македонија постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање за неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе. Воедно, во јавноста беа лиферувани и информации и податоци за предмети, со што е повредена обврската за тајност во постапките.,,Одлуката за разрешување на Љупчо Коцевски како државен јавен обвинител не е донесена лесно, но е неопходна. Како Влада, но и како министер за правда, имаме обврска да осигураме дека сите институции, вклучувајќи го и обвинителството, ќе работат во согласност со законите, професионално и со највисоките морални стандарди. Коцевски, како јавен обвинител, направи сериозни грешки во вршењето на својата функција, а едната од најголемите е неговото однесување при поставувањето на в.д. виш обвинител, без да се придржува кон утврдените процедури. Ова не само што е правен пропуст, туку и удар врз принципите на транспарентност и правична распределба на должностите. Поставувањето на в.д виш обвинител, без да се постапи по законски утврдените критериуми, претставува сериозно нарушување на интегритетот и функционалноста на обвинителството. Тоа не само што ги доведува во прашање правата на вработените, туку и самата ефикасност и независност на институцијата”,вели министерот за правда Игор Филков.Дополнително, министерот Филков укажува дека во случајот со Коцевски, постоеле наводи и докази дека неговото управување со Обвинителството довело до влошување на внатрешната атмосфера, што го нарушува довербата и ефикасноста на работата на обвинителите.,,Професионалните и етичките стандарди треба да бидат на прво место, и кога тие се загрозени, мора да се интервенира. Доколку некој, а особено високи функционери во правосудството, не успеваат да создадат соработка и здрави меѓучовечки односи во институцијата, тоа директно ја поткопува нејзината ефикасност и интегритет. Затоа, нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална – потребно е да се создаде нова атмосфера на професионализам и почит во институцијата, каде што ќе се обезбеди ефикасност, независност и правда за сите граѓани”,изјави министерот за правда Игор Филков.

Македонија | пред 1 година

antonijo-antonio-milososki-milosovski

Милошоски: Спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на Државниот јавен обвинител Коцевски

“Георгиев беше судија во Врховниот суд, Мемети член и потпретседател на Советот на јавни обвинители. Дејствувале како тандем и наместо да раздаваат правда, тие продавале правда за пари. Продавале минимална затворска казна во замена за договорени 35.000€, за кривично дело недозволено производство и трговија на дрога. Парите од синот на клиентот ги земале во кеш. Ги фатија заради агилноста на новиот министер за внатрешни работи, а има индиции дека слична трговија "кеш за правда" направиле и претходно, со истиот клиент, но во друга конвертибилна валута”, вели Антонијо Милошоски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и додава:Покрај шокот кај медиумите како за овој обвинитеско-судски тандем владеел кешот, наместо да владее правото, јавноста беше фрапирана и од леснотијата со која јавното обвинителство на чело со Коцевски потпиша скандалозно лесна спогодба со овие двајца криминалци. За судијата Георгиев казна од три години затвор (а според КЗ чл. 359, за примање награда за противзаконито влијание му се запретени од 1 до 10 години затвор), а Мемети, потпретседател на Советот на јавни обвинители, доби само условна казна, иако законот запретува со затвор од 1 до 5 години.Спогодбата со Мемети и Георгиев е скандалозна од неколку причини, а одговорноста за тоа е на товар на јавниот обвинител Коцевски.Прво, пари за местење на пресуди не примиле ниту возачот во Врховниот суд, ниту портирот во Советот на јавни обвинители, туку двајца истакнати членови на овие правосудни установи, со големо влијание, со дводецениско искуство во правните работи и пред се функционери кои биле надлежни, одговорни и примале плата за совесно да го спроведуваат законот. Спогодбата која со амин на Коцевски е потпишана со овој судско-обвинителски крими тандем е лоша јавна поука за другите обвинители и судии, и го поткопува принципот на правични санкции што треба да спречат идни општествено-штетни дејствија во оваа фела.Второ, државниот обвинител Коцевски и Иџет Мемети се познаваат долги години, а во времето на истрагата за стореното кривично дело заедно беа колеги, односно и двајцата беа членови во Советот на јавни обвинители. И бидејќи секоја можна спогодба за сторен криминал во предмет од интерес за јавноста се реферира пред државниот јавен обвинител, во овој случај Коцевски како колега на Иџет Мемети, требало заради објективна пристрасност да се изземе од предметот.Трето, сериозно е прашањето зошто ЈО Коцевски не побарал Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал до судот да предложи мерка оддалечување од работа за веќе обвинетиот Иџет Мемети? И дали Коцевски знаел или можел да знае дека осомничениот Мемети токму во тој периот од човек од обвинителството добил навремена пријателска порака да го смени мобилниот апарат пред да му се изврши претрес?И на крајот, една правничка дилема. Зошто обвинетите Иџет Мемети и Наќе Геориев во настанот не се поврзани како соизвршители, иако е очигледно дека во наплатата на "кеш за правда" делувале во тандем? Во настанот Мемети ја користел својата позиција како потпретседател на Советот на јавните обвинители и интервенирал за клиентот да биде донесена одлука од јавен обвнител, за разлика од Наќе Горгиев, судија во Врховен суд, кој во делото немал такви надлежности кон обвинителството, освен што го знаел лично оштетениот и со него ја договорил паричната награда. Оштениот знаел дека целата работа ја вршат двајцата обвинети, што лично му било потврдено од Иџет Мемети, но сепак од страна на обвинителството Мемети бил привилигиран, бидејќи за него е искористен е член 359 став 3 и став 2 од КЗ (со предвидена максимална казна до 5 години затвор), а тоа што биле блиски колеги со Коцевски е единствената "логика" тој да не одговра по ставот 7 од чл.359, во кој за примена парична награда казната е до десет години затвор. Значи има голема разлика во примената на правото кога обвинетиот му е колега и пријател на обвинителот Коцевски.Сума сумарум, контроверзната спогодба и прениските санкции за крими тандемот Мемети-Георгиев, а аминувана лично од државниот обвинител, е еклатантен пример за крупна професионална грешка од страна на Коцевски. По се изгледа дека рушителите на репутацијата на ЈО не се надворешни актери, туку се внатре во самото обвинителство. Заради овој случај, но и неколку други, истиот треба да си поднесе оставка или да биде разрешен од Собранието.

Македонија | пред 1 година

vmro-dpmne-sediste1

Не се разговарало за промена на химната, а ниту ќе се разговара, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ

„Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара, граѓаните да бидат спокојни, времето на ДУИ и СДС на губење и порази помина“, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:„ДУИ матрицата на етнизирање на сите важни прашања, и СДС пинг понг политиката треба да престане. Ниту некогаш било разговарано за промена на химната, ниту пак во иднина ќе се разговара. Граѓаните може да бидат спокојни. Времето на ДУИ и СДС на губење и порази на сите теми, со цел да се затскрие криминалот, помина.азговара.Граѓаните може да бидат спокојни. Времето на ДУИ и СДС на губење и порази на сите теми, со цел да се затскрие криминалот, помина“.

Македонија | пред 1 година

Untitled-1

Палевски планирал бегство во Москва и купил карта, телефонот го користел по времето кога се убиени Вања и Панче - нови докази во судница

Љупчо Палевски-Палчо кој велеше дека не бегал и дека бил на лекување во Турција, во критичните моменти по убиството на Вања, спас барал во Москва, тврди Обвинителството. Обвинителите презентираа докази според кои, Палевски на 1 декември го известил извесен Драган (кој бил во Русија), дека стигнува на 5 декември, а извесен Хусеин го известил дека резервирал авионска карта за Минск (Белорусија).На рочиштето се анализираа сите комуникации на Палевски. Меѓу другото и на двата критични дена – 22 ноември кога е убиен Панче и 27 ноември кога е убиена Вања.Со анализата е утврдено дека на 22 ноември, Палевски имал 7 пропуштени повици. Првиот разговор го остварил во 12 часот – време кога според вештачењата, Панче е веќе убиен и фрлен во бунар.Од анализата на повиците на 27 ноември, кога е Вања убиена, призлегло дека Палевски зборувал на „Телеграм“ во 11:03 минути, кога Вања е веќе убиена и закопана на местото викано „Дупки“ (Скопска Црна Гора). Пред овој повик, имал два пропуштени. Читани беа и пораки од телефонот на Палевски, разменети на „Вибер“, денот кога Вања е убиена. Па така, околу 10:40 минути, непознато лице (потпишано како „ГГ шампион 2“) го прашало Палевски дали мoже да помине на кафе, на што добива одговор дека е уморен и неспиен.„На ‘Ватсап’ битна е комуникацијата на 27.11.2023 во 10.40 часот со едно лице кое го прашува Палевски дали може да помине со извесен Ферат на кафе, на што Палевски му вели дека е уморен, цела ноќ неспиен“, рече обвинителката презентирајќи ги доказите.Со ова, Обвинителството сака да докаже дека Палевски, пред изврување на двете убиства, не го користел мобилниот уред. Но и дека тој не патувал на лекување во Србија и Турција, туку планот бил бегство во далечната Русија, преку Белорусија.

Македонија | пред 1 година

kocevski1111

Скандали, корупција, нефикасност - „тргна возот“ за разрешувањето на Коцевски, предлогот е доставен

Министерството за правда , постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата на РСМ одржана на 11.02.2025 година презеде активности и подготви мислење за предлог разрешување на државниот јавен обвинител кое го достави до Владата за натамошно процесуирање согласно Законот за Јавното обвинителство и Уставот на Република Северна Македонија.Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство.Државниот јавен обвинител на Република Северна Македонија постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе. Воедно, во јавноста беа лиферувани и информации и податоци за предмети, со што е повредена обврската за тајност во постапките.Во Законот за Јавното обвинителство е наведено дека Јавниот обвинител на РСМ е одговорен за општите состојби во врска со организирањето и извршувањето на функциите на Јавното обвинителство и за својата работа одговара пред Собранието. Собранието пак, како највисок претставнички орган на граѓаните е уставно надлежен за именување и разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 1 година

palevski-68

(Видео) „Пристрасни се, фалсификуваа телефонска анализа“ - Палевски пак со обид да се изземат обвинителите

Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за убиствата на Вања и Панче, повторно бара изземање на обвинителите. Ги обвинува за фалсификување на докази. На стартот од денешното рочиште за предметот во кој треба да се утврди кој и што сторил при двете грабнувања и убиства, Палевски поднесе барање обвинителтие Жаклина Крстевска Јосифовска, Ана Стојковиќ Димитриевска и Гаврил Бубевски да бидат заменети со друг обвинител кој ќе го гони.„Барам изземање на тројца јавни обвинители поединечно согласно член 33, став 2 за пристрасност, но му укажувам на судот дека има друга околност, повторно злоупотреба на јавно обвинителски овластувања. Се бара изземање на Жаклина Крстевкска Јосифовска, Ана Стојковиќ Димитриевска и Гаврил Бубевски кој за минатото барање одлучуваше сам за себе дали ќе биде изземен“. Да се одлучува по закон“, рече Палевски.Тој и на ова рочиште ги обвини обвинителите дека правеле фалсификување на телефонската анализа.„Анализата е правена во мај 2024 година, но не предвиделе дека по мојата екстрадција, ќе го отклучам мојот телефон „ајфон 13“ за да биде вештачен, од Форензика, од кое вештачење ви го приложувам доказот број 5, а тоа е ‘екстрашен репорт’ комуникација со Зоран Китевски - во периодот во 12 часот кога според сведокот возам кон Бутел. Тука гледате пет пораки, линк за да се вклучи Зоран во поткаст кој се снима тоа време“, рече Палевски.Ова не е првпат, Палевски да бара иззмеање на обвинителите. Претходните барања му беа одбиени.Судењето е во тек.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-23-at-18.04.28

„Нема табу теми“ – Меџити потврди разговори за химната, грбот и јазикот, но не и договор

Првиот вицепремиер Изет Меџити во интервјуто за „24 Анализа“ потврди дека нема договор со премиерот Христијан Мицкоски за промена на државниот грб и химната, но дека постојат разговори на оваа тема.„Немаме договор. Немаме,“ кратко изјави Меџити, додавајќи дека прашањето за грбот и химната останува отворено, бидејќи, според него, тие потекнуваат од комунистичко време и не ја одразуваат реалноста.Осврнувајќи се и на статусот на албанскиот јазик во Уставот, Меџити нагласи: „Сите знаеме дека формулацијата ‘20 проценти’ е омаловажувачка за втората најголема заедница во државата, но ова се разговори што се водат.“Сепак, тој истакна дека фокусот на Владата во моментов е на имплементација на владината програма, чии главни столбови се евроинтеграциите, правната држава, економскиот развој и децентрализацијата.„Нема табу тема, за сè разговараме. Нема договор, бидејќи во моментот сме посветени на владината програма,“ потенцираше Меџити

Македонија | пред 1 година

kocevski-1

Судиите и обвинителите можат да правораздаваат до 67 години, шефот Коцевски и при разрешување ќе може да си остане на работа

Обвинителите и судиите можат да бидат дел од правосудниот систем до 67 години. Ова значи дека по исполнување на старосната граница за пензионирање, тие можат да одлучат да останат дел од правосудниот систем. Вакви измени вчера изгласаа пратениците во Собранието. Сега, со писмена изјава, судија или обвинител, може да продолжи да ја обавува функцијата.„По исклучок од член 104 од овој закон, лице кое остварува права од работен однос врз основа на одлука за избор или именување од надлежен орган, во согласност со законот што ги утврдува неговите права и обврски кои произлегуваат од вршењето на функцијата, има право да побара да продолжи со вршење на функцијата и по исполнување на условите за старосна пензија, а најмногу до 67 години возраст, со писмена изјава до органот кој го избрал или именувал. (2) Писмената изјава од ставот (1) на овој член, лицето ја дава еднаш годишно, а најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на вршењето на функцијата за наредната година“, стои во измените на Законот за работен однос.Ова значи дека и обвинителот републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, кој во август полни 64 години и треба да се пензионира, сега е „спасен“. За него во тек е постапка за разрешување од шефовското место, која дури и да заврши со успех, тој ќе остане обвинител. Коцевски ќе треба само да поднесе изјава дека сака да продолжи да ја врши функцијата, а со тоа ќе остане во Републичкото јавно обвинителство.Во образложението од 15-те пратеници, стои дека измените на Законот ги поднесуваат поради нискиот број на судии и обвинители.  Имајќи во предвид дека состојбата во правосудството од аспект на кадровската екипираност е алармантна, а последиците се на штета на граѓаните и ова претставува еден од факторите кои влијаат врз ефикасноста, квалитетот и пристапот до правда, потребно е изнаоѓање на побрзо решение за да се надмине овој горлив проблем. Начин на кој овие проблеми би можеле да се надминат во што е можно пократок рок е да се даде можност за продолжување на судската и јавно-обвинителската функција и по исполнување на утврдената старосна пензија, односно до 67 години возраст, за што постои и законски основ во посебните закони кои ја регулираат оваа област“, стои во образложението на изгласаниот закон.

Македонија | пред 1 година

04112024_Taravari

„Со грбот, да се менува и химната“, Таравари со ВЛЕН тргнаа во поход да решаваат етнички прашања

ВЛЕН се решени да разговараат за сите етнички прашања и да ги решаваат во идниот период, соопшти Арбен Таравари, дел од владината коалиција. Според него, треба да се решат химната, грбот, формулацијата „20 отсто“ и други етнички прашања.„Ние сме подготвени да разговараме за пакет мерки кои се нерешени во изминатите 20 - 30 години и во пакет да ги решиме, зошто тука да не бидат и грбот и химната и 20 отсто и други етнички прашања ако има и веќе да се фокусираме на економијата, евроинтеграција, антикорупција, подобри плати, подобар живот...“, истакна Таравари.На прашањето што треба да стои на грбот, Таравари одговори дека во ВРЕДИ се уште не ја отвориле оваа тема.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-14-at-10.32.31

(Видео) Русите ја погодија нуклеарната централа „Чернобил“ - оштетена заштитата од радијација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави  дека „руски беспилотно летало вооружено со боева глава“ го погодил заштитниот саркофаг над деактивираниот реактор во нуклеарната централа во Чернобил.Тој додаде дека е оштетена бетонската безбедносна конструкција што го покрива четвртиот реактор, а пожарот е изгаснат. Нивото на радијација не е зголемено и постојано се следи.„Според првичните проценки, штетата на прифатилиштето е значителна“, рече Зеленски.Од страна на Русија, засега нема официјален коментар за инцидентот.Чернобил е местото на најголемата цивилна нуклеарна катастрофа во светот, кога еден од четирите реактори експлодираше во 1986 година. Тој реактор сега е покриен со заштитно засолниште, познато како саркофаг, за да се спречи ширењето на преостанатото зрачење.

Свет | пред 1 година

apsenje-zagreb

Нарко шеф од Македонија уапсен во Женева: бил баран од 2022 година, обвинуван е за транспорт на хероин

30-годишен Македонец, осомничен дека е водач на нарко-мафија што дејствува низ средна Европа, бил уапсен на аеродромот во Женева на 29-ти јануари, по што бил екстрадиран во Австрија, објави швајцарскиот портал Blick.ch.Според австриските истражни органи, тој бил баран со европска потерница од 2022 година под сомнение дека организирал шверц на најмалку четири килограми хероин и 1,5 килограми кристал мет. Јавното обвинителство во Линц го смета за клучен член на регионалната мрежа за дистрибуција на дрога.Македонскиот нарко бос чиј идентитет не е објавен, долетал од Приштина и имал нови документи бидејќи во Македонија си го сменил името. Но, швајцарските гранични власти успеале да го идентификуваат како лице од потерница.„Уапсен македонец (30), кој допатувал од Приштина. Се претпоставува дека е шеф на нарко-мафија која оперира низ Европа. Јавното обвинителство во Линц, Австрија, го обвинува мажот дека, меѓу другото, стои зад шверцот на четири килограми хероин и 1,5 килограми кристал мет. Затоа 30-годишникот се бара со потерница на ЕУ од 2022 година“, пишува швајцарскиот медиум, повикувајќи се на полициски извори.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-02-03-at-22.31.48

Две недели го нема Миле од Неготино: исчезна на 30 јануари, му се губи секој траг

Ни трага ни глас од 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино. Семејството 15 дена трага по него, но, велат дека не стигнуваат до никаква информација. Познато е само каде е виден последен пат и во што бил облечен. Во потрагата е вклучена полицијата, но и неговите роднини и пријатели.„По изминати две недели сѐ уште немаме никаков траг ниту глас од нашиот брат Миле Тодоров (Скечо), кој исчезна на 30 јануари (четврток), последен пат виден во с.Марена во Кавадарци, околу 10 часот, носејќи работничка облека со бело палто и црн елек, а од тогаш до денес немаме добиено никаква информација околу неговото движење, ниту траг кој би помогнал во наоѓањето на Миле. Ве молиме за споделување со цел да јавноста да знае дека потрагата е сѐ уште во тек!“, напиша неговата сестра, Марија Атанасиевиќ.Ако го забележите лицето, контактирајте ја полицијата или на 075-691-727.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-14-at-08.12.19

Заменикот на Трамп: Ако Русија не се согласи на договор со Украина, можни се санкции

Потпретседателот на Соединетите држави Џеј-Ди Венс изјави дека САД би можеле да ја погодат Москва со санкции и потенцијална воена акција доколку рускиот претседател Владимир Путин не се согласи на мировен договор со Украина кој гарантира долгорочна независност на Киев, објави Волстрит журнал.„Постојат економски алатки за влијание, сигурно има и воени алатки на влијание кои САД би можеле да ги користат против Путин“, рече Венс во интервју за весник.„Има безброј формулации, конфигурации, но ние се грижиме Украина да има суверена независност“, рече тој.Американскиот претседател Доналд Трамп завчера разговараше за војната со рускиот претседател Владимир Путин и одделно со украинскиот претседател Володимир Зеленски и им нареди на американските власти да започнат преговори за ставање крај на речиси тригодишниот конфликт.Телефонските повици дојдоа веднаш откако американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет им кажа на украинските воени сојузници во Брисел дека враќањето на границите на Украина од пред 2014 година, пред Русија да го анектира Крим, е нереално и дека САД не го гледаат членството на Киев во НАТО како дел од решението.Украинците вчера беа загрижени дека Трамп се подготвува да ја продаде нивната земја по телефонскиот повик со Путин. Претходно денеска Трамп изјави дека Украина ќе биде вклучена во мировните преговори со Русија. Тој им рече на новинарите во Белата куќа дека Украина ќе има место на маса за време на какви било мировни преговори со Русија за ставање крај на војната.Киев рече дека би било прерано да се разговара со Москва на денешната безбедносна конференција.Претседателот е отворен за сите опции, рече Венс.„Тој ќе рече: „Сè е на маса, ајде да се договориме“.Потпретседателот Венс исто така рече дека Трамп би можел да се премисли во зависност од тоа како течат преговорите.„Претседателот Трамп може да каже, погледнете, ние не го сакаме ова, можеби не ни се допаѓа, но ние сме подготвени да го вратиме на маса ако Русите не се добри преговарачки партнери или има работи кои се многу важни за Украинците, а ние можеби сакаме да ги тргнеме од масата“, рече тој.

Свет | пред 1 година

f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Макрон: Само Зеленски може да преговара во име на својата земја

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека само украинскиот претседател Володимир Зеленски може да преговара во име на неговата земја, предупредувајќи дека дозволувањето „мир што е капитулантско“ би било „лоша вест за сите“, вклучително и за Соединетите држави, објави Фајненшл тајмс.„Единственото прашање во оваа фаза е дали претседателот Путин е искрено, одржливо и веродостојно подготвен да се согласи на прекин на огнот на оваа основа. После тоа, на Украинците им останува да преговараат со Русија“, рече Макрон во интервју за весник во Елисејската палата.Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Украина ќе биде вклучена во мировните преговори со Русија, иако Киев рече дека би било прерано да се разговара со Москва на безбедносна конференција.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-21-at-15.47.36

Трамп: Кога ситуацијата ќе се смири, сакам САД, Кина и Русија да ги намалат своите воени буџети на половина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека сака да разговара со Русија и Кина за меѓусебно намалување на воените трошоци, со можност за одржување на самит меѓу лидерите на тие земји. Изнесувајќи ја својата визија за преобликување на светскиот поредок, Трамп исто така рече дека „би сакал“ да види Русија да се врати во групата Г7, од која беше исфрлена во 2014 година откако Москва го анектираше украинскиот полуостров Крим, пишува „Москва тајмс“.„Мислам дека беше грешка што го избркавме“, рече Трамп, мислејќи на рускиот претседател Владимир Путин.Трамп - кој се гледа себеси како глобален миротворец во неговиот втор мандат - рече дека ќе размисли за самит со Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг „кога ситуацијата ќе се смири“.„Кога ќе се среди сè, сакам една од моите први средби да биде со претседателот Кси од Кина и со претседателот Путин од Русија. И сакам да им кажам: да го намалиме нашиот воен буџет на половина. Нема причина да се изгради целосно ново нуклеарно оружје“, додаде тој.Трамп ги даде забелешките во Белата куќа, откако ги потпиша плановите за воведување огромни „реципрочни тарифи“ кои би можеле да ги погодат и сојузниците и конкурентите.По анексијата на Крим во 2014 година, Русија беше суспендирана од тогашната група Г8, а на Москва беа воведени санкции. Во својот прв мандат, Трамп исто така повика Русија да биде повторно примена во Г7, но тој наиде на слаба поддршка од другите западни земји.Трамп во средата откри дека очекува одвоено да се сретне со Путин за да разговараат за мировните преговори за Украина, што означува ненадејно подобрување на односите.Во нивниот прв потврден контакт откако Трамп се врати во Белата куќа, американскиот претседател рече дека имал „многу продуктивен“ разговор со неговиот руски колега, кој наредил крвава инвазија на Украина во 2022 година.

Свет | пред 1 година

gjorcev-1

(Видео) Влатко Ѓорчев во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски?

Долгогодишниот експратеник е лицето кое во Стејт Департментот молело да не биде срушена тогашната влада на Никола Груевски во 2016.Кетрин О Нил, поранешна вработена во Стејт департментот, ова го потврди во поткастот на Тим Пул.Таа рече дека Македонец за време на поранешната администрација на Доналд Трамп молел владините агенции на чело со САД да не ја уриваат македонската влада.О Нил тогаш работела во надзорот над владините агенции, меѓу кои и УСАИД. Таа прво рече дека не може да се сети на името на човекот кој ја претставувал македонската влада, но потоа го покажа на слика од сајтот на Собранието и го прочита неговото име.Го опиша како висок човек со типичен лик на источноевропеец, кој сепак не успеал да ја наговори тогашната администрација на Трамп која ги саботирала сите обиди да се спречат ваквите активности на владините агенции.„Ве молам, ве молам, запрете ја вашата влада во обидот да ја сруши нашата“. Ова се зборовите на Ѓорчев што ги цитира поранешната вработена во Стеј департментот.

Македонија | пред 1 година

kasami896756

„Не само грбот туку и химната треба да се измени“, доаѓаат барања од партиите на Албанците дел од власта

Партијата ВРЕДИ најавува дека во претстојните разговори со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе се отвори прашањето не само за промена на државниот грб, туку и за измена на химната и вклучување на албанскиот јазик во Уставот. Ова денеска го истакна лидерот на ВРЕДИ, Биљал Касами, кој потенцираше дека тоа се европски вредности, во кои влегува и унапредувањето на албанскиот јазик.– Сакаме да го отсликаме новото време, а тоа е Македонија да биде дел од европското семејство. Ќе бевме подготвени да разговараме за пакет каде што секако ќе се разгледуваше грбот, прашањето за химната, но и прашањето за другите уставни измени поврзани со унапредувањето на албанските права или прашањето за несоодветното дефинирање на албанскиот јазик во уставот, како јазик на 20 отсто“. – Касами.

Македонија | пред 1 година

adgf

(Фото) Како да изгледа грбот на Македонија, а што со химната?

Државниот грб на Македонија, обележје кое опстојува 79 години, на пат да биде сменет. Но неговата промена, носи и нови барања. Па така, претседателот на Движењето Беса кое е дел од коалицијата „Вреди“, Билал Касами, денеска изјави дека поддржува секакви промени на Уставот, кои, како што вели, предвидуваат менување на државните симболи поврзани со минатиот општествено-политички систем. Тој порача да се смени химната, став кој го дели и Зијадин Села од Алијанса на Албанците. Од Вреди сметаат дека химната не ја одразува реалноста.Не е познато дали на маса е графичкото решение за нов грб, предложено во 2014 година, или ќе се оди на нов изглед на грбот. Не е познато ниту дали промената ќе ја зафати и државната химна или, пак, некои други одредби во Уставот.Потегот за промена на државниот грб, донесе револт, кој беше искажан и низ сатира. [caption id="attachment_321753" align="alignnone" width="677"] Screenshot[/caption]Дали лав на златна позадина ќе биде новиот грб на Македонија?Премиерот Христијан Мицкоски вчера потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ го отвориле прашање за промена на државниот грб.„Ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што се уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации“, рече тој.

Коментари | пред 1 година

policija-rekord-avtobus

Тинејџери од Скопје се обиделе да извршат убиство: пукале кон маж и го погодиле

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.П.(20) и 17 - годишник, двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.На 02.09.2024 во с.Арачиново, скопско, пријавените, по претходна расправија, физички го нападнале Б.Р. од Скопје и испукале три куршуми кон него и му нанеле тешки телесни повреди.

Скопје | пред 1 година

IMG_7454

Нова измама: Скопјанка останала 50.000 денари за ќерка и наводно да не лежи затвор

На 12.02.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 50.000 денари.Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант, кое починало, и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

DSC_0052

Седум уапсени за пет часа во Скопје: најмладиот е малолетник

Денеска (13.02.2025) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Р.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 12.02.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Кочани затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 12.02.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(26) од с.Идризово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 12.02.2025 во 12.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 12.02.2025 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Х.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 12.02.2025 во 23.20 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Н.Н.(33) и З.Т.(41), двајцата од Прилеп, затоа што при преглед кај нив, кај З.Т. биле пронајдени грутчеста и прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

mickoski-filipce-750x430-1

Филипче откри како СДСМ ќе настапи на локалните, можна ли е коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник во Кичево?

За еден месец, СДСМ ќе бира нов претседател, бидејќи на Венко Филипче му завршува мандатот.„Мојот мандат завршува на 21 март, а изборите се закажани на 16 март“, рече Филипче.Тој посочи дека се разгледуваат имиња и за кандидатите за градоначалници.„Од партиските членови се гледаат имиња, како и од нашите коалициони партнери, граѓански листи, со кои би се поддржале коалициски. Ова очекувам да заврши до крајот на март, за да ги имаме првите сознанија од теренските анкети, како и телефонските анкети“, додаде Филипче.Беше прашан и за колалициите.„Ќе го кажам ставот кој не е потврден, дека СДСМ на овие локални избори ќе прави коалиции во секоја општина посебно“, рече Филипче.Прашан дали СДСМ ќе прави коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, Филипче рече: „Тоа е интересно прашање, може да се разговара за него во следните месеци“.

Македонија | пред 1 година

kocevski-1

Филипче е против менување на републичкиот обвинител Коцевски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека не треба да се отстрани републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски од чело на Републичкото јавно обвинителство. Ова доаѓа по најавата на Владата за интерпелација.„Сметам дека тука станува збор за партизација. Не сакам да коментирам ничија експертиза и знаење, особено во судската власт. Апсолутно, се што отстапува од агендата за раст, не е реформа. Замена на едни луѓе со други - не е реформа, туку ризик за партијзација“, рече Филипче.Промената на Коцевски од челната позиција доаѓа во период кога Обвинителството има ниска доверба. Во јавен настап, тој се пофали само дека од 2%, сега 5% од граѓаните им веруваат на обвинителите. Владата пак, обвини дека Обвинителството е партизирано.

Македонија | пред 1 година

filipce

„Дали се разговара и за измена на химната?“, праша Филипче и кажа дека ќе се спротистават за промена на државниот грб

Најостро ќе се спротиставиме на промената на државниот грб, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче, запрашан за новата иницијатива која се појави во јавноста. Тој пак, јавно праша, дали ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН разговараат и за промена на химната заедно со државниот грб.„Тој е уште еден од низата на никаде испланирани, најавени предлози на ВМРО-ДПМНЕ. Тој предлог беше на маса пред повеќе години, за време на минатата Влада со ДУИ. Тоа беше еден пакет на мерки кој требаше да се донесе. Меѓутоа, конретно.. Сметам дека првата дилема која се поставува - дали внатре во коалицијата со ВЛЕН, давајќи го овој предлог, се разговара и за измена на химната? Ние сметаме дека грбот го отсликува ова поднебје, јасен е континуитетот на антифашистичката војна, нема поделба на етнички групи и ако има таква иницијатива, најостро ќе се спротиставиме на промената на државниот грб“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-11-20-at-15.28.27

„Бугарија ги асимилира Македонците во Албанија“ - Апасиев бара отворање на македонски конзулат во Корча

Барајќи отворање на македонски конзулат во Корча, Апасиев се осврна кон состојбата со македонското малцинство во Албанија.- Македонското малцинство е признато како едно од деветте малцинства во Албанија. Биле осум малцинства, но од октомври 2017 година, под влијание на бугарската агресивна надворешна политика, станале девет. Замислете, 100 години немало никакви Бугари на 11 пописи во Албанија и наеднаш на пописот во 2023 година, под надворешен притисок, има 8000 Бугари скоро и 2500 Македонци само.Според Апасиев, бугарската политика во Албанија стратешки делува за разлика од македонската.- Како работи бугарската агенда? Им нудат бесплатни екскурзии, стипендии за децата, фондации и грантови, бугарски пасоши (тоа е веќе бизнис), бесплатни медицински прегледи, реновираат училишта и центри за млади. Наспроти ова, нашите возвраќаат со еден весник што го печатат на четири старовремски листови. Ете, толку е нашата стратегија за нив. Го прашав амбасадорот, со колку буџет располагаат, тој рече дека добиваат 180 евра месечно. Со 180 евра не можете сала да изнајмите! Наспроти оваа бугарска пропаганда, ние се спротивставуваме со овие бројки што ги кажав - образложи претседателот и лидер на опозицијата во Македонија, Димитар Апасиев.Тој истакна дека во Албанија им се заглавени околу 300 барања за државјанство на Македонците, коишто се стари повеќе од 10 години и се наоѓаат во МВР.- За разлика, од Законот за државјанства каде што на Косовари, ,,ние" измисливме да им даваме државјанство со фискална сметка од ,,Сити мол", на нашинциве во Албанија, државјанствата им се заглавени со години - рече лидерот на Левица.Апасиев додаде дека во Корча има грчки конзулат, затоа што тоа Грците си го сметаат за северен Епир.- Кога при нашата работна посета на Корча, ги прашавме мештаните колку Грци живеат таму, кажаа - нула. Значи, нула Грци, а има огромен грчки конзулат и многу Македонци, коишто сè уште немаат никаков конзулат во Корча - поентираше Апасиев.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања