Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кузеска: Цените растат, платите не - Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да води Влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarydllml4829l7v0euuYZQ

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Се потврди сѐ она што СДСМ го говореше и за што предупредуваше – за жал, на директна штета на стандардот на граѓаните. Мерката на Мицкоски не даде ефект. Само еден ден по прес-конференцијата на Мицкоски има ново покачување на цената на дизелот, кој сега изнесува 95,5 денари за литар, вели Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ.

„Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да ја води Владата. Или ова го прави намерно заради заштита на приватни бизниси. Или можеби и едното и другото.

Проблемот за граѓаните е веќе тука – активирана е спиралата на раст на цените на храната.

— реклама —

Маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм, месото е веќе покачено.

Сѐ е поскапено, цените растат, а платите не мрдаат.

Мицкоски одби да ја покачи минималната плата на 600 евра. Сега ниту 600 евра плата нема да бидат доволни за да се преживее месецот.

— реклама —

Наместо мерки – Мицкоски прави дефокус, Дубаи, Зграда 42 спрата, Харис Џиновиќ, Башановиќ, што ли не измислија.

„Началникот“ Латас е повторно во акција – дефокус наместо леб.

Граѓаните не можат да живеат од дефокус. Дефокусот не ги полни фрижидерите, не носи храна на масата, не носи пари во семејните буџети.

Дури Мицкоски зборува дека граѓаните „станале милионери“ и дека заштедиле, 200 илјади дневно, 1,5 милиони евра неделно.

— реклама —

Епа граѓаните нека ги отворат своите паричници и нека ги пронајдат тие пари. Дали се внатре.

Срамота е однесувањето на Мицкоски. Тој се однесува како уредник на жолт печат, со навреди и дефокус, наместо со решенија.

Мицкоски треба да престане да штити бизнис интереси и да ги прифати мерките на СДСМ.

— реклама —

Намалување на ДДВ на горивата на 5%. Намалување на акцизите за 4 денари. 0% ДДВ за основните прехранбени производи. Преполовување на патарините.

Законите се поднесени, мерките се реални и издржани – применете ги.

Станува збор за најважното – за лебот, за џебот на народот, за тоа дали граѓаните ќе имаат храна да го преживеат месецот“, вели Кузеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycpug2duc46o734odgoa

(Видео) „Молкот на Обвинителството за Алта банка отвора сомнеж дека се штити Мицкоски“, вели Кузеска

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library1aae93bhplcabXe5KsL

(Видео) „Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка“, вели Кузеска

Македонија | пред 6 дена

media-librarylesdi7ujs1sjcnVs9Lp

(Видео) „Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски!“ вели Кузеска

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg7v5c6aa4f7raaRYKhT

(Видео) „Записникот открива: Владата на Мицкоски нудела државни акции за Давор Мацура и неговата Алта банка!“, вели Кузеска

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања