Промени тема
Контакт

„Бараме начин како системот 24/7 да функционира од страна на МВР и сите инволвирани институции“, Тошковски за справувањето со семејното насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
toskovski

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Ова е еден проблем кој ја тишти македонската држава, кој Македонија како проблем го има долги години и за кој ќе мора да се зборува гласно и ќе мора да се даде внимание од секој македонски граѓанин и особено од страна на институциите, се со цел да можеме да имаме подобар одговор, да ги искористиме капацитетите и да не ни се случуваат вакви несакани настани.

Ова го истакна денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прсконфренцијата пред тркалезната маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“.

— реклама —

Се надевам ќе донесеме заклучоци кои ќе бидат имплементирани со кои максимално брзо и праведно ќе се постапи во секој еден конкретен случај, при тоа жртвата да биде навремено изолирана од страна на насилникот. Прво прашање ќе биде како максимално брзо биде насилникот да биде тргнат настрана, особено децата, се со цел да немаме дополнителни несакани ефекти - нагласи Тошковски.

— реклама —

На новинарско прашање за најновиот случај на семејно насилство, министерот посочи дека се уште не е запознаен со сите детали, туку само дека насилникот е задржан, и притоа укажа дека тоа не е единствениот случај, туку е уапсено уште едно лице за семејно насилство, кое исто така е задржано во полициска станица.

Дали растот на насилствата е поврзано со ова што се случи, дали поради тоа што се дава акцент на овие вести во периодот, но брзите реакции ќе дадат ефект - нагласи Тошковски.

— реклама —

На прашањето колку пријави имала поднесена Ивана, жртвата која пред неколку дена заедно со својата ќерка сокна од балкон во Скопје, министерот не даде јасен одговор, туку само дека има повеќе пријави.

— реклама —

Имало повеќе пријави, но за жал, секој пат кога ќе дадела пријава, ја повлелкувала. Тоа е најголемиот проблем кој го имаме. Жртивите се под притисок на насилникот, не ја обвинуваме што ја повлекла, но затоа сакаме да најдеме поефикасен институционален одговор за постапување. Тука сме за да најдеме начин како системот 24/7 да фунционира, и за кратко да одговори, и тоа не само од страна на МВР, туку и од сите инволвирани институции, како од социјалните служби, така и од аспект на кривичен суд, граѓански суд, па се до граѓански организации за поддршката која треба да им биде дадена. Па дури и од аспект на обичен граѓанин, кој може да даде инфорамции за насилство, особено за жртви на семејство - нагласи Тошковски.

Потоа нагласи дека секој полицаец дека би дал максимално од себе да може да спречи насилство врз деца и врз жени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai3p7pmvmidr5pKrsB5

Тошковски: Целта не е само заплена на дрога, туку откривање на криминалните структури и парите зад трговијата

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryevg7f708k5hd3RYUvpE

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryus25a5p4lgs07YsUkI0

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC: Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryaarqdr9jmdqp3lk0GHI

Од девет на три жртви: Тошковски ги посочи резултатите од „Безбеден град“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања