Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Бараме навремена исплата на субвенции и редовна комуникација со земјоделците во Пелагонија“, вели Дамевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryrmnpb1f2cal3aH1YfCz

Советникот од ЛДП во Советот на Општина Могила, Илче Дамевски, преку соопштение побара навремена исплата на субвенциите за тутунопроизводителите и подобра комуникација со земјоделците, оценувајќи дека доцнењето на исплатите дополнително ја зголемува неизвесноста во секторот.

— реклама —

„Пелагонија отсекогаш важела за главна житница на Македонија, а Општина Могила е нејзиното срце и столб. Никогаш досега не се случило на средината на јуни тутунарите сѐ уште да ги немаат добиено субвенциите за тутунот. Оваа година тие се и намалени, а сè уште не се исплатени“, изјави Дамевски.

Тој посочи дека тутунопроизводителите од година во година се соочуваат со повисоки производствени трошоци, неизвесни услови и доцнење на мерките што треба да им помогнат.

— реклама —

Од ЛДП велат дека земјоделците не треба да бидат повикувани на трпение, бидејќи, како што нагласуваат, станува збор за планирани и заработени средства.

— реклама —

„Либерално-демократската партија бара само навремена исплата и редовна, навремена комуникација со земјоделците“, истакна Дамевски.

Тој порача дека грижата за земјоделците треба да се покажува преку конкретни политики и навремени мерки, а не преку, како што рече, „празни зборови и скапо платени спотови“.

— реклама —

„На земјоделците им е потребен сигурен партнер. За ЛДП, граѓаните и нивниот труд секогаш се на прво место, затоа што тие значат силна економија и подобар живот за сите“, додаде Дамевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypebqacof1jeedQ6yNLf

ЛДП до Мицкоски: Изменете го Кривичниот законик веднаш, имате можност и наша поддршка

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-librarytck1r2s80ntj6kkhEBq

ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!

Македонија | пред 20 часа

media-library2bg79bitcebr989lcH7

ЛДП: 10.000 граѓани побараа заштита, Собранието мора веднаш да реагира!

Македонија | пред 3 дена

media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања