Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Бегајќи, му испаднало ливче со име и телефонски број: уапсен крадец во Италија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarytg231nvnmkn2eOsI9RT
Magnific

Италијанската полиција уапси 35-годишен маж осомничен за две кражби во местото Ботричело, во близина на Катанцаро, откако за време на бегството од едниот објект му испаднало ливче со неговото целосно име и телефонски број.

— реклама —

Според италијанските медиуми, осомничениот, кој ѝ бил познат на полицијата и претходно, најпрво влегол во продавница за облека, претставувајќи се како купувач кој бара одело за младоженец. Додека сопственикот бил одвлечен од разговорот, тој украл чанта на една муштерика, во која имало околу 200 евра, лични документи и други предмети.

— реклама —

Набргу потоа, со насилно отворање на влезната врата, провалил и во блиска месарница, од каде што, според истрагата, одзел околу 30 евра од касата.

Клучниот доказ бил пронајден во близина на продавницата за облека – ливче со целосното име и телефонскиот број на осомничениот, кое му испаднало од џебот при паничното бегство. Видеонадзорот го потврдил моментот кога го изгубил ливчето.

— реклама —

Во близина на месарницата, полицијата пронашла и мобилен телефон, како и помала количина хашиш. Со анализа на телефонот и споредба на снимките од безбедносните камери било потврдено дека истиот човек стои зад двете кражби.

Против осомничениот е поднесена кривична пријава до Обвинителството во Катанцаро поради сомнение за сторени кражби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc38i30vf38n61YPNV2c

Штрајкови низ Италија поради растот на трошоците за живот, се очекуваат прекини во сообраќајот

Свет | пред 2 дена

— реклама —
dzordza-meloni

Сајбернапад врз италијанскиот парламент, на мета и е-поштата на Мелони

Свет | пред 5 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Мелони испраќа дополнителни 500 војници во Милано по грабежите и судирите

Свет | пред 1 седмица

media-library5feal5v46boaeSimegn

Американка загина пред своето семејство на одмор во Италија, паднала од височина од 300 метри

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања