Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Беше обвинител, стана судија, судеше за притвори во „27 април“, сега правораздава за Рашковски: кој е предложениот републички обвинител Савески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library9a9loi0korc60Fq9oQI

Владата го предложи Ненад Савески за државен јавен обвинител. Тој е судија во Одделот за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд Скопје од 2016, а претходно 7 години бил јавен обвинител и работел во Основниот суд Гостивар. Познат е по предмети од висок јавен интерес, меѓу кои повтореното судење за Драги Рашковски и постапки поврзани со „27 април“. Има магистратура по казнено право, експертски ангажмани со ОБСЕ/Совет на Европа/УСАИД, предава во Академијата и е автор на стручни трудови.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Судија во Одделот за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, поранешен јавен обвинител и долгогодишен правосуден кадар – ова е професионалниот профил на Ненад Савески, кого Владата го предложи за нов државен јавен обвинител.

— реклама —

Савески судиска тога носи од 2016 година и работи во кривичниот суд во Скопје, каде постапува во предмети поврзани со организиран криминал и корупција. Пред да стане судија, седум години беше јавен обвинител во Основното јавно обвинителство, а претходно работел како стручен соработник и судски приправник во Основниот суд во Гостивар.

Во јавноста е познат по учеството во повеќе предмети со висок јавен интерес. Во моментот го води повтореното судење против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Во претходна постапка одлучуваше и во случајот познат како „27 април“, кога за дел од осомничените определи ефективен притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, додека за други беа изречени мерки куќен притвор.

— реклама —

За Савески во 2017 година се пишуваше и дека е еден од судиите во Кривичниот суд преку кои не можеле лесно да поминат мерките и барањата предложени од Специјалното јавно обвинителство против функционери осомничени за криминал.

Ненад Савески е роден на 22 јули 1976 година. По националност е Македонец, оженет е и татко на три деца, а живее во Гостивар.

Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што подоцна стекнал и магистерска титула по казнено право. Правосудниот испит го положил во 2003 година. Средното образование го завршил во гимназијата „Панче Попоски“ во Гостивар.

Професионалната кариера ја започнал како судски приправник во Основниот суд во Гостивар во периодот од 2000 до 2002 година, по што работел како стручен соработник во истиот суд до 2009 година. Во 2009 година бил избран за јавен обвинител, функција што ја извршувал седум години.

Покрај судиската работа, Савески има и меѓународни и експертски ангажмани. Бил експерт во мисијата на ОБСЕ во Македонија и учествувал во Националната конвенција за Европската Унија во рамки на Поглавје 23, кое се однесува на правосудството и фундаменталните права. Учествувал и во повеќе работни групи за судски и законски реформи.

Како експерт бил ангажиран и во проекти на Советот на Европа, ОБСЕ и УСАИД, каде работел на теми поврзани со посебните истражни мерки, притворот и кривичната постапка.

Во академската сфера, Савески е предавач во Академијата за судии и јавни обвинители, каде што учествува во обуката на идни судии и обвинители. Тој е и национален тутор и обучувач во програмата HELP на Советот на Европа, како и обучувач во областа на човековите права и кривичното право.

Автор е и коавтор на повеќе научни трудови и публикации кои се однесуваат на посебните истражни мерки, слободата на изразување, клеветата и навредата, конфискацијата на имот и правото на приватност. Во периодот од 2022 до 2024 година учествувал и како коавтор на повеќе стручни водичи и публикации.

Освен македонски, зборува англиски и германски јазик, а има познавања и од српско-хрватски и основно ниво на албански јазик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryj7aepf2s8g3s2apFxpV

Ненад Савески предложен за нов државен јавен обвинител, следи гласање во Собрание

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања