Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Божиновска зборува за рубини а граѓаните чекаат одговори за „Руднап“ и милионските бизниси“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ преку соопштение ја обвини министерката за енергетика Сања Божиновска дека наместо да даде одговори за прашања поврзани со „Руднап“ и други милионски зделки, во јавноста зборува за заштитата и промоцијата на македонскиот рубин.

Од опозициската партија велат дека Божиновска, како и премиерот Христијан Мицкоски, се фокусира на природните богатства на Македонија, додека, според нив, граѓаните очекуваат одговори за начинот на кој се водат енергетските и економските политики.

— реклама —

СДСМ во соопштението ја споменува „Руднап“ и наводната бизнис-мрежа поврзана со Мицкоски, како и новата зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „METER&CONTROL“.

— реклама —

Од партијата тврдат дека Божиновска има значајна поврзаност со оваа мрежа, посочувајќи дека претходно била извршен директор во компании на „Rudnap Group“ во Централна и Источна Европа.

СДСМ ја споменува и сопственичката структура на „Руднап“, како и партнерството со „Ал Дахра“, компанија која, според нивните наводи, се поврзува со проектот „Белград на вода“.

— реклама —

Во соопштението се посочува и името на Душан Адамовиќ, кој СДСМ го опишува како функционер на СНС и почесен конзул поставен од Мицкоски.

Од опозициската партија прашуваат дали овие поврзаности имаат влијание врз изборот на Божиновска за министерка и бараат одговори за прашањата што ги отвораат.

„Граѓаните чекаат одговори“, порача СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

pari-1

СДСМ: Цените растат, платите стагнираат – Мицкоски ги остава граѓаните да тонат во сиромаштија

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarynjuh72b6minu5nPsq72

Следуваат нови поскапувања, а Мицкоски ги одбива мерките за повисоки плати, тврди СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryrtoi1ff273luc32mRhI

(Видео) „Стив Наумов“ прокиснува по реконструкцијата од 10 милиони евра, тврди СДММ

Македонија | пред 1 ден

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања