Промени тема
Контакт

Брачен пар со измама освои 680.000 евра во казино во Австралија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-librarythah1846ncrd0eqrm8G

Брачна двојка од Казахстан е уапсена во Сиднеј под обвинение дека со помош на скриени камери и тајни слушалки измамила казино и незаконски се стекнала со речиси 1,2 милиони австралиски долари (околу 680.000 евра), соопшти полицијата на Нов Јужен Велс.

— реклама —

36-годишната Дилноза Исраилова била откриена кога вработени во казиното во деловната зона Баренгару забележале мала, едвај видлива камера прицврстена на нејзината маица со ликот на Мики Маус. Нивната сомничавост прераснала во интервенција, по што полицијата ги уапсила Исраилова и нејзиниот сопруг, 44-годишниот Алишерихожа Исраилов.

При претресот, кај нив биле пронајдени „магнетизирани сонди“ и додатоци со огледало за мобилен телефон, за кои истрагата утврдила дека биле користени за манипулирање со игрите на среќа. Според полицијата, двојката во октомври пристигнала во Австралија од Казахстан и истиот ден поднела барање за членство во казиното.

— реклама —

Во текот на следните недели, тие често го посетувале казиното — наводно „Crown“ на сиднејската марина — и успеале да „освојат“ вкупно 1.179.412 австралиски долари. Овој невообичаено висок и континуиран „добитен“ биланс ги алармирал вработените, кои наводно ги фатиле на дело.

— реклама —

Истрагата покажала дека шпионската опрема била поврзана со нивните мобилни телефони, што им овозможувало во живо да ги прегледуваат снимките од масите за игра. Тие носеле и дискретни слушалки преку кои, според обвинението, добивале инструкции кога да вложуваат и како да играат.

Полицијата наведува дека не се бараат други осомничени за ова дело. При дополнителен претрес на нивниот сместувачки објект, биле пронајдени и други уреди за кockање, лuksузен накит и 2.000 евра во готовина.

— реклама —

Двојката вчера била изведена пред суд, каде што нивното барање за кауција било одбиено. Според „Guardian Australia“, мажот повторно ќе се појави пред суд на 11 декември, додека неговата сопруга е закажана за рочиште во февруари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygal299kgmbs391sF2Ow

(Видео) Австралија преплавена со молци: Она што изгледа како инвазија всушност е охрабрувачки знак

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryclm4cujh0svvdxxcqU9

Мајка во Австралија со нож ги нападнала децата во автомобил, починало петгодишно момче

Свет | пред 1 седмица

media-librarypiitdqq7ifci7cwo7aA

Трагедија во Австралија: Дете пронајдено мртво во автомобил, две деца и жена во критична состојба

Свет | пред 2 седмици

media-librarydemtnjl35n3j5M4Zl4G

(Видео) Човек во костим на Бетмен се искачи на Сиднејската опера

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања