Бројот на жртви во пожарот во Хонг Конг се искачи на 65, а 300 лица се водат за исчезнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryuappe3m6aubj8Y7fiBv

Бројот на жртви во страотниот пожар во Хонг Конг се искачи на 65, повредени се 70, а повеќе од 300 лица се водат како исчезнати.

— реклама —

Повеќе од 24 часа по избувнувањето на пожарот, пожарникарите сè уште се борат да стигнат до жителите кои најверојатно се заробени на горните катови од станбениот комплекс Ванг Фук Корт поради интензивната топлина и густиот чад.

— реклама —

Пожарникарите го ставија под контрола.

— реклама —

Во соопштението од надлежните се наведува дека се подготвува официјално барање до Пекинг за помош и поддршка, како и дека за преживеаните е обезбедено привремено сместување со парична отштета.

Кинеските компании најавија донации за жртвите од пожарот, вклучувајќи ги производителите на автомобили Xiaomi, Xpeng и Geely, добротворната фондација на основачот на Alibaba, Џек Ма, и Tencent.

Генералниот секретар на администрацијата, Ерик Чан, изјави дека ќе се спроведе сеопфатна истрага, вклучувајќи кривична истрага од страна на полицијата, како и истрага од страна на локалното Министерство за домување за тоа дали заштитниот материјал на надворешните ѕидови на зградата ги исполнува противпожарните стандарди, јавува Би-Би-Си.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7m41ngqu9hgmdfga0nm

Студент уапсен по барање одговори за пожарот што усмрти 159 лица во Хонг Конг

Свет | пред 2 месеци

media-library78on2va9cgbt1m4kdZ3

151 загинат во катастрофалниот пожар во Хонг Конг: уапсени 25 лица, сомнежи за корупција и небезбедна обнова

Свет | пред 2 месеци

media-library7m41ngqu9hgmdfga0nm

Полицијата ги пребарува изгорените облакодери во Хонг Конг: досега 146 загинати, 11 уапсени

Свет | пред 2 месеци

media-library7m41ngqu9hgmdfga0nm

Најмалку 128 загинати во најсмртоносниот пожар во последните 80 години - Хонг Конг во тридневна жалост

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања