Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Цените на нафтата паднаа по сигналите за можно брзо завршување на конфликтот со Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarysqnk9n5l12v37JNvYrx
фото: unsplash

Цените на нафтата денеска паднаа на меѓународните пазари, откако инвеститорите беа охрабрени од пораките од САД за можно брзо завршување на конфликтот со Иран и од информациите дека супертанкери повторно минуваат низ Ормускиот Теснец.

— реклама —

На лондонскиот пазар цената на барел нафта падна под 107 долари, додека на американскиот пазар се движеше околу 100 долари за барел.

— реклама —

Доналд Трамп изјави дека постојат „многу добри“ шанси за договор со Иран за ограничување на нуклеарната програма и порача дека војната би можела да заврши „многу брзо“.

Во меѓувреме, иранските медиуми објавија дека Техеран бара прекин на непријателствата, укинување на санкциите, одмрзнување на иранскиот имот во странство и повлекување на американските сили од базите во регионот.

— реклама —

Според Иранската револуционерна гарда, во последните 24 часа низ Ормускиот Теснец поминале 26 бродови, меѓу кои и нафтени танкери.

Пазарите дополнително ги смири и информацијата дека два големи кинески танкери со околу четири милиони барели нафта успешно го напуштиле теснецот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп ја нападна Норвешка затоа што не ја доби Нобеловата награда за мир: „Стана ужасна земја“

Свет | пред 10 минути

— реклама —
media-librarydoeag6eilkj5d9ESzLB

Дали Трамп е способен да ја извршува претседателската функција? Експертите со поделени ставови

Свет | пред 12 часа

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп го нарече Обама „ужасно неспособен претседател“, расправијата прерасна во лични напади

Свет | пред 17 часа

media-libraryr05q2iu8g0lnaP5iM8w

Трамп: По војната ќе правиме бизнис и со Русија и со Украина

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања