Промени тема
Контакт

Четири недели без вода во Гостивар – Трајановски бара одговорност од власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryuos8kjm9qv3v3r6Fxcz

Потпретседателот на СДСМ, д-р Александар Трајановски, во интервју во вестите на телевизија Телма, нагласи дека катастрофата во Гостивар ја покажа целосната некапацитетност и дезорганизација на власта. Трајановски укажа дека четири недели граѓаните на Гостивар се оставени без основното човеково право, без безбедна вода за пиење, и притоа изложени на сериозни здравствени ризици. Тој посочи дека наместо брза реакција, навремени мерки и целосна транспарентност, граѓаните добија хаос, контрадикторни информации и институции кои доцнеа со секој чекор.

„За жал, четврта недела граѓаните од Гостивар се оставени без вода за пиење, што во едни вакви пеколни температури е трагично, прво за самите граѓани што живеат таму, а и второ, трагично за целата држава, како не може да се справи со тој проблем. Од медицински аспект, видовме кои се симптомите со кои се носеа граѓаните на Гостивар, тоа беа дијареја, температури. Сега знаеме која е опасноста, доколку не се одржува лична хигиена, тоа се хепатитите. Тоа се сериозни вирусни заболувања кои и тоа како може да го загрозат црниот дроб. Така што, ситуацијата, која почнала при крајот на јуни, па сѐ до сега, ја покажа целата дезорганизација на институциите во власта“, рече Трајановски.

— реклама —

Во интервјуто, Трајановски посочи дека СДСМ уште од самиот почеток укажуваше дека институциите мора брзо да реагираат, да прогласат епидемија и да излезат на терен, но наместо тоа јавноста секојдневно добива хаотични информации од надлежните и целосен институционален хаос.

— реклама —

„Тоа што СДСМ го зборуваше долго време, дека треба порано да се прогласи епидемија, дека треба порано да се излезе на терен, да се види каква е ситуацијата, се потврди. Владата во неколку наврати излезе и кажа, прво, да имаме можност за техничка вода, која може да се користи за миење, за наводнување. За после тоа да излезе директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, да каже дека има бактерија во водата и дека не смее да се користи. Во меѓувреме, најодговорните во целиот овој ланец, тоа се Центрите за јавно здравје, ги нема никаде“, рече Трајановски.

— реклама —

Тој додаде дека голготата продолжува со тоа што конечните резултати треба да се чекаат до 20 август, додека граѓаните се изложени на здравствени ризици. Трајановски порача дека мора да се утврди одговорност за секој кој со своето непостапување придонел за ваквата здравствена катастрофа во Гостивар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarytp2hnvmn1344auF63Vn

Силен мирис на запалено во Гостивар, Ангелов: Не гори Русино, ниту дивата депонија во Чегране

Македонија | пред 1 седмица

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryuos8kjm9qv3v3r6Fxcz

Во четврток ќе се знае што се случувало со водата во Гостивар: Клековски најави транспарентен епидемиолошки извештај

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања