Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Четиригодишно девојче од БиХ почина од струен удар во Италија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarylvook9aclh662lhKgzS
Photo by Eugene Chystiakov on Unsplash

Четиригодишно девојче почина по струен удар во семејна куќа во местото Мота де Конти, во италијанската покраина Верчели, додека престојувало кај своите баба и дедо.

— реклама —

Несреќата се случила на 19 јули, а девојчето веднаш било пренесено во болницата во Казале Монферато, каде што лекарите не успеале да му го спасат животот. Семејството потекнува од Босна и Херцеговина, а телото на девојчето ќе биде пренесено во татковината.

— реклама —

Според првичните информации од италијанската полиција, девојчето најверојатно се обидело да го вклучи светлото во една од просториите кога доживеало струен удар. Истражителите проверуваат дали несреќата била предизвикана од неизолирани електрични жици во куќата.

Обдукцијата веќе е извршена, а италијанските медиуми објавија дека на еден од прстите на девојчето била забележана повреда која упатува на струен удар. Се испитува и можноста во моментот на несреќата да било босо.

— реклама —

Обвинителството во Верчели отвори истрага за да ги утврди точните околности под кои настанала трагедијата. Во куќата се вршат дополнителни увиди и проверки на електричната инсталација, а дел од објектот е запечатен.

Според соседите, семејството се доселило во местото пред неколку месеци. Градоначалничката на Мота де Конти, Емануела Квирчи, изрази сочувство до семејството и порача дека локалната заедница е со нив во овие тешки моменти.:::

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc38i30vf38n61YPNV2c

Штрајкови низ Италија поради растот на трошоците за живот, се очекуваат прекини во сообраќајот

Свет | пред 2 дена

— реклама —
dzordza-meloni

Сајбернапад врз италијанскиот парламент, на мета и е-поштата на Мелони

Свет | пред 5 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Мелони испраќа дополнителни 500 војници во Милано по грабежите и судирите

Свет | пред 1 седмица

media-library5feal5v46boaeSimegn

Американка загина пред своето семејство на одмор во Италија, паднала од височина од 300 метри

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања