Промени тема
Контакт

Четири активни пожари во Македонија, најкритично кај Македонски Брод, Чучер-Сандево, Неготино и Новаци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library4npddjapi8h6aq6SM4N
unsplash / Илустрација

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот денеска се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, седум се под контрола, а два се целосно изгаснати.

— реклама —

Активни се пожарите во општина Македонски Брод, кај селото Белица, на месноста Кајорец, од каде што пожарот се проширил кон месноста Дабова Дупка – Јасен и зафатил нискостеблеста и мешана шума; во општина Чучер-Сандево, кај селото Брест, на месноста Рамно, каде што гори мешана шума; во општина Неготино, кај селото Дуброво кон селото Војшанци, каде што гори ниска вегетација; и во општина Новаци, кај селото Бач, каде што гори ниска вегетација и стрниште.

— реклама —
— реклама —

Под контрола се пожарите во општина Македонски Брод, кај селото Бенче, каде што гори мешана листопадна шума; во општина Кичево, кај селото Тајмиште, на месноста Дарда, каде што гори ниска вегетација; во Делчево, на градската депонија, каде што гори отпад; во општина Сарај, кај селото Копаница, каде што гори ниска вегетација и мешана шума; во Охрид, кај селото Буково, каде што гори отпад; во општина Струга, на потегот Буринец – Локов – Селце – Елевци, каде што гори високостеблеста шума; и во општина Ново Село, кај селото Стиник, каде што има внатрешно горење на трупци.

— реклама —

Целосно се изгаснати два пожари – кај селото Ругинце во општина Старо Нагоричане, каде што гореле ниска вегетација и дрва, и кај селото Штавица во општина Прилеп, каде што горела ниска вегетација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6nieum4ej154cVJksVP

Нема активни пожари на отворено, ЦУК регистрира 28 пожари во 24 часа

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Еден пожар активен, еден под контрола, четири изгаснати

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfqak0nlofmne1XbCJ8g

Нема активни пожари во Македонија, во едно деноноќие регистрирани 24 пожари на отворено

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryds8qmijc563l4y2iQ0E

Три ер трактори гаснат кај Рамно, пожарите кај Белица и Селци-Локов под контрола

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања